build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административно раководење на Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 27-May-2012 at 22:02
Како што се споменува во текстот, ваков предлог-закон ДОМ поднесе во април 2011. Најновиот сѐ уште не е поднесен до Собранието. Ова се најважните моменти од предлогот од 2011:

- Градскиот архитект ќе го избира Советот на Град Скопје по предлог на градоначалникот на градот.
- По изборот, градскиот архитект формира совет од 5 члена (по еден член делегираат Комората на овластени архитекти и овластени инжињери на Македонија, Асоцијација на архитекти на Македонија и Здружение на архитекти и инжињери на Република Македонија).
- Ако градскиот архитект нe даде позитивно мислење на деталните урбанистички планови што ги донесуваат општините од подрачјето на градот Скопје, постапката за нивно донесување не може да започне.
- Градскиот архитект се залага за промовирање на концептот на одржливост и енергетска ефикасност при планирањето, проектирањето, изградбата и одржувањето на објектите и инфраструктурата.

http://sobranie.mk/ext/exporteddocumentdownloadwindow.aspx?Id=1619faff-4ec5-4c2c-bb87-02b90bfdc329&t=pdf

Иако главните идеи се одлични, предлогот е непрофесионално изработен затоа што воопшто не се осврнува на траењето на мандатот на архитектот, условите за негов избор, неговото финансирање, престанокот на функцијата итн. Да се надеваме дека новиот предлог е изработен попрофесионално.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 27-May-2012 at 22:14
јас сум против воведување на функцијата градски архитект.ние во Кичево имавме таква функција до 2000 година и народски кажано тој човек во неврзан муабет пред многу луѓе има коментирано `дојдов во Кичево(живееше во охрид) по 1 милион марки а си заминав со 5`.и вистина после тоа си изгради многу убава и голема зграда одма спроти спорниот хотел зад рамстор
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.