build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Зеленило
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 383940
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2073
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 26-May-2020 at 22:58


Infusing Skopje / Белули

Магистерски труд

Наслов:
Infusing Skopje: Urban Regenration and Adaptive Reuse of Socialist abandoned industries in Skopje



Автор: Ермал Белули

Ментор: Паола Пучи

Ко-ментор: Бруна Вендеммиа

Надворешен ко-ментор: Горан Д. Мицковски

Година: Април 28, 2020

Академска година: 2018/2019

Универзитет: Политехнико Ди Милано, Италија

Научен дисциплински сектор: Урбанистика

Смер: Одржлива архитектура и Дизајн на пејсажи


Абстракт

Индустријата е силно поврзана со градското наследство, како важен и вреден елемент во општеството што е поврзана со неа. Во пост-социјалистичкото Скопје, де-индустриализацијата беше одлучувачки процес што го трансформираше градот кога распадна социјалистичкиот систем, што резултираше во недоволно искористен или трајно напуштени локации. Во изминатите 10-15 години, Скопје расте кон многу насоки, затоа оваа експанзија се одрази во изградбата на нови згради без урбана стратегија, што создаде последици во основата на градот. Индустриските напуштени локации кои зафаќаат голема површина во градот, се во опасност да исчезнат и да бидат заменети со станбени згради на приватни инвеститори. Оваа состојба ќе предизвика уште поголема штета во однос на инфраструктурата, еколошката и социјалната перспектива, затоа треба да се реагира и да се изнајдат нови решенија со цел да го направи градот по функционален.

(...)



(...)

marh.mk

Edited by Staro Skopje - 26-May-2020 at 23:01
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 01-Jun-2020 at 19:07
Сеча на дрва во Холандскиот парк во Охрид






Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 02-Jun-2020 at 12:44
Ново зелено катче во општина Аеродром

Зад ТЦ Бисер подигнавме нов парк на површина од 4800 м², со комплетно нов тревник и систем за полевање со прскалки. Во соработка со општината поставени се и нови клупи и детски реквизити, што ја прави оваа површина идеална за уживање.







https://www.facebook.com/ЈП-Паркови-и-зеленило-Скопје
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 05-Jun-2020 at 00:12
дај сега некој да објасни на медиуми и на политичари дека нов парк и обновување на зеленило не е иста работа... уште помалку па дека партерното зеленило помеѓу комплекс од три кули не е парк

Edited by zabegan - 05-Jun-2020 at 00:13
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 08-Jun-2020 at 11:50
Уште една депонија прерасна во голем парк

Депонијата помеѓу ул. Лазар Димитров и железничките пруги во општина Кисела Вода сега е прекрасна зелена површина, која се протега на 14400м², со систем за полевање и прскалки. А кога ќе пристигне сезоната за садење ќе биде збогатен и со разни садници.
Значењето на ваквите паркови среде растот на урбанизмот во главниот град е од големо значење, па да бидеме совесни пред себе за секое зелено катче кое го имаме.









https://www.facebook.com/ЈП-Паркови-и-зеленило-Скопје-
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 08-Jun-2020 at 12:08
Добро бе до кога градскиве власти ќе ни ја продаваат пролетта како врвно достигнување. Па месец дека ставаат слики како имало нови паркови користејќи тоа што април/мај периодов се раззелени генерално секаде. Што е ова, "Саградит чемо реке, планине!?"

Edited by user8642 - 08-Jun-2020 at 12:09
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 08-Jun-2020 at 14:54
Realno mestovo vo niedno godisno vreme ne licese na park tuku na deponija. Uabo so go sredija, samo da stavat ograda kaj prugata sepak niz parkov ke trcaat deca i ne e bezbdno prugata taka da stoi otvorena.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 08-Jun-2020 at 15:51
Originally posted by user8642

Добро бе до кога градскиве власти ќе ни ја продаваат пролетта како врвно достигнување. Па месец дека ставаат слики како имало нови паркови користејќи тоа што април/мај периодов се раззелени генерално секаде. Што е ова, "Саградит чемо реке, планине!?"
не знам зошто толку одбивност кон претворање на депонии и диви ниви во зеленило?

секако дека политиката ќе го напумпа тоа дека направиле централ парк, ама не е воопшто негативна веста
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2073
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 08-Jun-2020 at 16:43
Дрва ќе садат на есен, ама дотогаш може некоја урбана опрема да постават. И чувари за да не се уништи дента пред тоа.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 933
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 08-Jun-2020 at 21:09
Мислам дека поентата беше повеќе кон одржување на истото тоа зеленило и дали истово фотографирано зеленило во овие месеци ќе биде зелени за 2-3 месеци од сега, а не тоа дека истото не чини.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 09-Jun-2020 at 13:31
Во тек се активностите за хортикултурно уредување на јавниот простор помеѓу улиците „Васил Ѓоргов" и „Франклин Рузвелт", во близина на гостилницата Челик во населба Капиштец.
Нашите екипи на терен поставуваат нова хумус земја на површина од 400 метри квадратни, за уредување на ново јавно зеленило





https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 17-Jun-2020 at 13:18
Околината на Бит Пазар и ул. Пластичарска се новите места кои ќе зазеленат во градов.
Моментално нашите екипи уредуваат површина од околу 12 000м² со засадување на нов тревник, автоматски систем за полевање и прскалки. И секако, на есен ќе се засадат млади садници кои дополнително ќе го освежат и разубават целиот простор







https://www.facebook.com/ЈП-Паркови-и-зеленило-Скопје
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 23-Jun-2020 at 09:48
Заробено асфалтирано дрво на бул.АСНОМ



https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 21-Jul-2020 at 15:51
Офанзива за зелен главен град

Капацитетот на „белите дробови на Скопје“ се зголемува
Скопје да стане место што со гордост ќе го носи епитетот зелен град! Во таа насока динамични програми за дејствување се почнати во последниве неколку месеци. И покрај познатите тешкотии, веќе е видливо никнувањето на нови тревни површини на повеќе локации. Од јануари па досега, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, надлежно за подигање, одржување и уредување на зеленилото во градот, има подигнато вкупно 99.128 квадратни метри зелени површини.

Колку повеќе зеленило, толку подобро за жителите на градот
Унифициран европски стандард за зеленило по жител нема, туку за секој град тој е различен во зависност од географските и урбанистичките специфики и местоположбата на градот. Сепак, при пресметките се земаат предвид бројот на жителите во населеното место, површината со зеленило, пристапноста до зеленилото од страна на жителите итн. За жал, за Скопје нема некој точен податок за зеленило по жител бидејќи не е направен попис на населението и нема точна бројка на жителите во градот…

Неуредените површини да станат зелени површини

Откако минатата година беше оформен паркот „Ибни Пајко“, на просторот зад Националната филхармонија, годинава неуредениот простор меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга во Кисела Вода стана уреден нов парк. Тој е на површина од 16 илјади квадратни метри и во него се засадени над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки. Во парк се претворија и 6.000 квадратни метри кај Железничката станица. Градот Скопје интензивно уредуваше вакви неуредени локации и диви депонии во Аеродром, во Кисела Вода, во Ѓорче Петров и во Карпош 4. Места што претходно беа диви депонии прераснаа во мали зелени оази.
За нешто повеќе од половина година се изградени 13 нови паркови во општините: Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Бутел, Сарај, Ѓорче Петров и Гази Баба. Некои од скопските општини имаа и свои активности за уредување на парковското зеленило, но и за садење нови дрвја.

„Зелен Карпош“ клучна определба на Општината

Општина Карпош, во рамките на спроведувањето на својот концепт „Зелен Карпош“, само годинава засади 643 висококвалитетни и веќе развиени дрвја (со годишна старост од две до три години). Освен тоа, по парковите, плоштадите, платоата и секаде каде што има јавни зелени површини, но и каде што инфраструктурно и урбанистички постоеше можност, засадени се 11.872 украсни растенија.
– Нешто на што сме особено горди е што успеавме да создадеме нови зелени тревни површини на 1.560 квадратни метри, или сликовито кажано, колку три фудбалски игралишта. За нивното редовно одржување, но и за постојните зеленила, поставивме и нови, дополнителни седум автоматски системи за наводнување. Инаку, ориентациски, новите зелени површини се креираат низ сите делови на Карпош, од просторот кај улицата Иван Аговски во Карпош 1, оној кај Драмскиот театар во Карпош 2, на улицата Никола Русински во Карпош 3, на улицата Љубљанска во Карпош 4, на улицата Московска во Тафталиџе, кај пазарчето и во Долно Нерези, кај воените кули. Создавањето поздрава животна средина и проширувањето на зелените површини остануваат клучна определба и политика на развој на Општината – истакнуваат од Карпош.

Аеродром со голем број зелени проекти

Од Општина Аеродром информираат дека набавиле и засадиле 5.500 нови високостеблести дрвја, за кои издвоиле 22 милиони денари. Подигнати се и нови површини со зеленило преку изградба на нови паркови.
– Моментално се реконструира паркот „Бојмија“, со површина од 5.500 квадратни метри, со пешачки патеки со павер-елементи, детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-реквизити на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пивка вода и фонтана. Изградивме парк кај Железничка станица на местото на дивата депонија заедно со Град Скопје, на површина од 6.000 квадратни метри. Во Мичурин се гради парк на местото на постојното игралиште спроти ООУ „Блаже Конески“, со површина од 3.573 квадратни метри. Го обновивме паркот во населбата Лисиче на булеварот Србија. Депонијата на булеварот Трета македонска бригада прерасна во прекрасен парк, кој е хортикултурно уреден со пешачки патеки, плато, нова урбана опрема и детско игралиште – објаснуваат од Општина Аеродром.

Надлежните оттаму велат дека во наредниот период веќе имаат планирана изградба на неколку парка. Првиот е покрај улицата Методија Шаторов-Шарло, на површина од 3.200 квадратни метри. Паркот ќе има зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште. Вториот ќе биде подигнат покрај улицата Пандил Шишков и ќе се простира на површина од 4.112 квадратни метри. На овој парк се планирани и дел за седење со урбана опрема, платформа за игри, дел за одмор и релаксација, детско игралиште и зеленило. Во плановите е предвиден и паркот што ќе се простира меѓу булеварот Трета македонска бригада и касарната „Гоце Делчев“ со површина од 2.500 квадратни метри. Освен зеленило, ќе има и пешачки патеки со клупи, спортско игралиште за рекреација на младите и детско игралиште.

Општина Кисела Вода фаќа приклучок кон „зелената иницијатива за градот“

И Општина Кисела Вода изминатиов период ја зазеленуваше својата територија. Од почетокот на оваа година, досега на повеќе локации се засадени околу 400 дрвја.
– Во дел од паркот „Шопен“, лоциран во близината на Општината, засадивме нова трева, а поставивме и нов автоматски систем за наводнување на зеленилото. Покрај ова, во периодот што следува, во соработка со Град Скопје зад станбено-деловниот комплекс „Адора Флатирон“ на површина од околу 3.000 квадратни метри ќе направиме ново зелено парковско уредување. Исто така, до крајот на годинава, зелена површина на 1.250 квадратни метри ќе добијат и жителите на населбата Пинтија. И по ова ќе продолжиме да создаваме нови зелени парковски површини – најавуваат од Општина Кисела Вода.

Пандемијата да не го спречи садењето нови садници

ЈП „Паркови и зеленило“, во согласност со предвидените активности, секоја година спроведува акции за садење садници напролет и наесен на јавните површини за кои е одговорен Градот. Пролетва тоа изостана од познатите корона-причини.
– Поради настанатата состојба со пандемијата на коронавирусот, оваа пролет не извршивме садење садници на јавните површини што се под надлежност на Град Скопје. Водејќи се од настанатите препораки и мерки, се надеваме дека наесен ќе бидеме во можност да спроведеме акција за да засадиме висококвалитетни садници, разубавувајќи го и збогатувајќи го зеленилото во градот.

Според, годишната оперативна програма за работа на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје за 2020 година, зеленилото што го одржува претпријатието, а е под ингеренции на Град Скопје, е со површина од 1.844.500 квадратни метри, додека, пак, зеленило под надлежност на општините изнесува 2.710.725 квадратни метри, така што вкупната зелена површина изнесува 4.555.225 квадратни метри. Наедно, нагласуваме дека зеленилото и дрвјата во приватните дворови не се влезени во оваа бројка – велат од ЈП „Паркови и зеленило“. С.Р.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/офанзива-за-зелен-главен-град/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 29-Jul-2020 at 11:44
Тотална негрижа за зелените површини низ Карпош,џабе оформуваат нови тревни површини кога веќе постоечките се тотално запуштени...некаде вложија пари и за системи капка по капка но сега истите или нема кој да ги пушти или веќе не работат(типични примери се населба Пролет и делови од Аеродром)

од фб














Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 10-Aug-2020 at 10:28
Паднатото дрво пред МАНУ конечно дислоцирано



Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска отстрануваат едно дрво во близина на МАНУ, кое беше оштетено од невремето кое го погоди Скопје изминативе денови.
Паднатото дрво неколку дена стои паднато во близина на автобуската станица пред МАНУ.

https://skopjeinfo.mk/padnatoto-drvo-pred-manu-konechno-dislocirano


Колку се неефикасни службиве низ градов тоа е чудо едно...конкретно Паркови и зеленило во текот на летниот период треба интензивно да се на терен бидејќи градов е преполн со целосно суви дрва и тоа на доста фреквентни места на раскрсници булевари,пешачки патеки и треба да ги сечат со време а не да ги оставаат вака и при секое невреме да ги чекаме по 10 дена да ги тргнат.Многу им е сложена постапката човек да пријави дрво за сеча,треба да се оди кај нив да се пополнуваат пријави па они да утврдат дали дрвото стварно било опасност итн итн...

конкретно еве еден пример и голема опасност на раскрсницата кај Дрводекор



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 383940

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.