build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 21-Nov-2018 at 21:03
Навистина храбро. Останува уште државата да се тужи самата себе и смртна казна да си изречи за тоа што дозволува нејзините граѓани да живеат во вакви услови.

Ова сликиве од некој официјален профил на некоја државна институција?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2300
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 21-Nov-2018 at 21:52

Pa gi ima na fb portal na Inspektorat na Grad Skopje. No nedozvolivo e da se ostavat lugeto da ziveat vo vakvi uslovi vo 21 vek,nisto ne se resilo so toa sto im gi zaplenile gumite za nekolku dena pak ke bide isto. Ova e voedno i pricina za visokoto nivo na zagadenost vo predelot na Lisice i Gazi Baba. Kojznae dali nekogas ke se resi problemot so ovie improvizirani zivealista i divi deponii koi niknuvaat preku nok?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2300
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 31-Jan-2019 at 13:59
Паркингот кај главната автобуска и железничка станица во Скопје личи на депонија,незнам во чија надлежност е ама ситуацијата е ваква...



Просторот околу турскиот театар кој се претвори и во депонија и во див паркинг за коли и автобуси





Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 432
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 01-Apr-2019 at 18:22
Македонија тоне во смет и нечистотија

Ако погледнеме околу себе, ама најблиску околу себе, на улиците по кои возиме, на тротоарите по кои одиме, на автопатите и регионалните патишта по кои патуваме, на излетничките места, низ парковите и местата за одмор, на планините и езерата, буквално никогаш немало толку отпад колку што има сега. Македонија никогаш не била понечиста. Тони пластика околу нас, ѓубре кое го има насекаде, прашина, загаден воздух, загадена вода… Ова, за жал, е тажната слика за Македонија, која откако зимата заминува и снегот го снемува и на планините станува сè поочигледна и појасна. Едноставно, сите тонеме во нечистотијата околу нас. Скопје никогаш не било понечисто, големите градови низ Македонија никогаш не биле понесредени, низ Вардар, кој според договорот од Преспа само до Гевгелија може така да го нарекуваме, тони пластика се слеваат директно во Егејското Море без разлика како го нарекуваме. Тоа е тажната слика.

Не можам да избегам од впечатокот дека по локалните избори во 2017 година, по кои кадрите на СДСМ и ДУИ добија речиси стопроцентна доминација во државата, екологијата е сведена на нула, а државата е сè понечиста. Па, се прашувам, работат ли нешто градоначалниците? Работат ли нешто општинските комунални претпријатија? Работи ли нешто „Македонија пат“ и толку ли е неспособна да ги исчисти сите два автопати кои оваа држава ги има? Работат ли нешто надлежните институции, ќе соберат ли сила да ги исчистат Попова Шапка, Маврово, Пелистер, Пониква, Беровско, сега откако снегот се стопи и сметот повторно излегува на површина. Очигледна е тоталната неспособност на кадрите на СДСМ да ја средат државата, да ја исчистат за малку од малку да заличи на нормална држава. Сето ова што го пишувам нема потреба ни научно да се докажува, ни да се вадат статистики или податоци, само свртете се околу себе и видете на што личи државата.

Тука треба да се погледнеме и себеси. И да се запрашаме – дали имаме култура на живот и однос кон јавното добро. Како е возможно домовите да ни се совршено средени и чисти, а кога ќе излеземе надвор од нашите станови и куќи да е така нечисто. Како е возможно самите толку да ѝ наштетуваме на околината во која живееме и да не сме подготвени малку од своето време да посветиме да ја исчистиме. Да, точно е, постојат надлежни институции задолжени за тоа и веќе ги критикував погоре во овој текст, но факт е дека и самите треба да понесеме одговорност.

Во предвечерјето сме на почетокот на кампањата за избор на претседател на Македонија. Јас се надевам и силно верувам дека тоа ќе биде Гордана Силјановска-Давкова. Оваа тема – како живееме и колку е чиста средината во која живееме, на кое ниво е загаденоста во државата, колку и на прв поглед да не изгледа како тема од ингеренциите на претседателот на државата, таа апсолутно е. Најмногу затоа што убива! Загадениот воздух, нечистата околина и загадената вода убиваат! Во состојба во која е Македонија нормални држави прогласуваат вонредна состојба! Ги ангажираат сите институции да се справат со состојбата како и сите експерти да понудат решенија. Гордана Силјановска-Давкова веќе ја отвори оваа тема, многу од спротивниот табор побрзаа да кажат дека ова не е тема за претседател на Македонија и попродолжија да се занимаваат со „високата политика“ поврзана со апстрактни прашања. Јас логично сакам да ги прашам за од високата да се спуштиме на реалната- ја прекрстивте Македонија, ѝ го сменивте името, зборувате за светла иднина, каква е таа светла иднина во која децата ви играат во паркови полни со тони смет?

Сметам дека ова прашање следниот претседател треба да го стави на врвот на своите приоритети. Да поведе две паралелни активности – првата институционална координација за борба со загадувањето (и на воздухот, и на водата, и на животната околина), втората силна кампања која ќе допре до свеста на секој граѓанин на Македонија да се грижи и да ја чува животната средина како врвен здравствен приоритет.

Во однос на првата, сметам дека треба да формира мултиресорско тело од претставници на централната и локалната власт кое ќе носи насоки како да се справи со загаденоста, тие како заклучоци да се слеваат кон Владата и единиците на локалната самоуправа. Се надевам дека Владата ќе има доблест да застане под координативната палка на претседателот и да влезе во решавање на овој проблем, зашто очигледно е дека сами не се способни да го решат.

Во однос на втората, претседателот на државата треба да ги покани во едно координативно тело медиумите, универзитетите и врвните експерти по екологија кои оваа држава ги има за да се изработи медиумска и теренска кампања која би допрела до секој граѓанин. Во неа да се објасни колку е значајно за себе и за идните генерации да се штити животната средина, да се внимава да не се загадува воздухот, почвата и водата. Да се едуцираат и младите за нивниот однос кон животната средина и да сфатат дека тоа е однос кон себе и квалитетот на сопствениот живот. Медиумите да го сторат својот дел, а експертите и универзитетите да тргнат на терен и да ги едуцираат граѓаните.

Сметам дека со една сеопфатна стратегија уште во првиот петгодишен мандат на Гордана Силјановска-Давкова може да се исчисти Македонија и да стане попријатно место за живеење. Тоа ќе биде нов квалитет во животот на граѓаните. Ќе се намалат трошоците за здравствена грижа, а ќе се стимулира и стопанството и пред сè туризмот. Темата е голема и е силен предизвик се надевам дека цело општество ќе се обедини под идниот претседател за да ја реши.

Александар Николоски за „Независен“

https://kurir.mk/kolumni/makedonija-tone-vo-smet-i-nechistotija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2300
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 23-Apr-2019 at 12:35
Расчистување на дивата депонија кај салата Борис Трајковски,според најавите на просторот ќе никне парк поточно наречен Градски Парк 2(од фб)





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 23-Apr-2019 at 16:49


Хе-хе, меѓуизборно мачкање очи.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 24-Apr-2019 at 09:29
Скопје, 2019 година, дивите ромски населби под Кале и на Вардариште





...







на линкот има уште многу слики

https://www.porta3.mk/za-zhal-i-za-sram-i-ova-e-skopje/?fbclid=IwAR0jW345y6hAIH5m5jG8RcLMzB67UYRbEi4I4F-4VioSOpHTK4BMp3Htjic
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2300
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 26-Apr-2019 at 12:57
Вардариште-импровизирани живеалишта и купишта отпад(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2300
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 26-Apr-2019 at 16:12
Вдолж патот Скопје-Охрид слично е и по Коридор 10 нема доволно одмаралишта а на паркинзите нема контејнери
--------------------------------------------------------------
Насекаде ѓубре и диви депонии долж патот Скопје Охрид, итно казни, одговорност и разрешувања !









По должина на патот од Скопје кон Охрид, посебно делот Гостивар-Кичево и после Кичево, владее тотално безвластие, непочитување на законите, природата , но и другите луѓе кои поминуваат транзитно низ оваа делница.

Секое педа земја, секој паркинг се претворени во диви депонии.

Глетката е вознемирувачка, ужасна и опасна по здравјето.

Тука локални жители од околните села одалечеени и по неколку километри го носат своето ѓубре и отпад. Стар мебел, кревети, чевли, градежен шут, остатоци и заколени животни…

Ниту некој води контрола кој фрла овде, ниту има инспекција, ниту полиција, ништо. Ниту пак некој чисти. Најнесфатливо е како просторот меѓу двата правци на автопатот Скопје-Госстивар, каде има и дрворед на некои места, е претворен во депонија.

Но, една низа на државни и локални институции, на чело со партиски функционери, не си ја работат работата за која се платени.

https://vesti.mk/read/article/https%3A%2F%2Fako.mk%2Fнасекаде-ѓубре-и-диви-депонии-долж-пат%2F
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 26-Apr-2019 at 20:08
Метла за првата метла

Цела држава во ѓубре се дави
Министерот не би да се бави
Шут и отпад околината ја окупираат
А пием и цеодва воздухот го задушуваат

Метла за првата метла
За да се анимираат гласачите на Река
Метла за првата метла
За Северна Македонија да има чиста река

Народ се буни и апстинира
Се активира и порака дава
Во ѓубре не може да функционира
Бара Заев порака на ум да става

Метла за првата метла
За да се анимираат гласачите на Река
Метла за првата метла
За Северна Македонија да има чиста река

Садула патот под нозе го фаќа
Северна Македонија плеќи отвора
Во новиот министер наоѓа потпора
Ѓубрето почна да оди во вреќа

Метла за првата метла
За да се анимираат гласачите на Река
Метла за првата метла
За Северна Македонија да има чиста река
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.