build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Аеродроми
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 122>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 12-May-2010 at 11:23
Originally posted by lslcrew

За какво депо за запленети возила се работи. Колку што знам вакво депо има во Идризово?
41°57'2.96"N  21°37'48.71"E


Originally posted by vladegf

po se izgleda najverojatno rulna pista koja ke vodi do prodolzetokot od 500 metri
Локацијата не прави логика за рулна писта, просторот е помеѓу постоечкиот паркинг за авиони и автопатот кон исток 41°57'11.04"N  21°37'46.02"E
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 12-May-2010 at 12:59
Тоа депото ја го имам видено ,и башка сум изненаден доста олд тајмери има таму,и историски коли , кој знае од кога се ,тоа се наога од кога ке го поминеш ареодромот одма од десна страна ,некаде од почетокот на пистата.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 15-May-2010 at 12:26
Историска посета на турскиот премиер Ердоган на Атина

Е ајде веќе нека дојде овој билмез! Кој нормален бе одложува изградба на аеродром само заради сликање на државник со него. Па нема да го градат најголемиот аеродром на светот, ќе градат најлокален аеродром можен! Сигурно причината на ТАВ не е Ердоган туку веројатно финансиите и се сомневам некаков начин да се избегне/поефтини крајно инвестицијата. Многу сум разочаран и на шутеви би ги вратил цурук во Анатолија, сосе владава наша. Од тогаш кога рековме дека треба да се поништи тендерот и да се објави нов, досега има поминато време, во кое ќе можеше да се објави нов и некоја сериозна фирма ќе копаше веќе, а не само налепници да ми лепат на зградите и турски знамиња да ми веат!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 15-May-2010 at 12:54
Originally posted by Andrej_LJ

Историска посета на турскиот премиер Ердоган на Атина

Е ајде веќе нека дојде овој билмез! Кој нормален бе одложува изградба на аеродром само заради сликање на државник со него. Па нема да го градат најголемиот аеродром на светот, ќе градат најлокален аеродром можен! Сигурно причината на ТАВ не е Ердоган туку веројатно финансиите и се сомневам некаков начин да се избегне/поефтини крајно инвестицијата. Многу сум разочаран и на шутеви би ги вратил цурук во Анатолија, сосе владава наша. Од тогаш кога рековме дека треба да се поништи тендерот и да се објави нов, досега има поминато време, во кое ќе можеше да се објави нов и некоја сериозна фирма ќе копаше веќе, а не само налепници да ми лепат на зградите и турски знамиња да ми веат!
Не се криви Турците воопшто криви се нашиве т.н. политичари,а ние другите не ни знаеме што ветиле и зошто по секоја цена ги тинтраат овие од ТАВ. Јас воопшто не ни сакав да победи оваа фирма ама ете нашиве и за тоа се погрижија со наметнување на изградбата на карго аеродромот во Штип. После како случајно се предомсилија. Зборот ми е дека и Турците да не знаеја дека ова ќе се промени и дека ќе им се попушти немаше сигурно да учествуваат на тендерот а уште помалку и да победат. Се се ова матни политички игри кои ние не ги знаеме до крај и за кои само претпоставуваме. Штета е само што трпи економијата па и народот кој уште мора да патува за Белград или Софија за да се поврзе со ЗА НАС ТОЛКУ ДАЛЕЧНИТЕ ЕВРОПСКИ МЕТРОПОЛИ.
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 17-May-2010 at 22:15
турците ни се стратешки партнер, и тој аспект воопшто не е на одмет да им се дозволи по погодни услови да инвестираат тука! битно тие нека ги оправат аеродромите та дали за тоа добиле сесрдна подршка, поделиле некому провизија или пак сме ги протежирале по друга линија и не е толку битно, битно е што во земја во која секој се плаши да истури капитал, дали заради косово, грција или невлегувањето во нато, турците се единствени кои на ова се нафатија со песна, ем посекако и карго или воен аеродром ќе испорачаат!
Back to Top
Skopje View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Skopje Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 18-May-2010 at 07:35
добро луѓе дали сте информирани до кога ќе трае таа историска посета на Ердоган на Атина?? и кога веќе ке дојде во Скопје...инвестицијата само се одложува а тоа оди на наша штета....OhnoBash
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 25-May-2010 at 23:28

ТАВ најде пари за аеродромот

 

ТАВ обезбеди 77 милиони евра од Стандард банка и од Халк банка за финансирање на изградбата на македонските аеродроми. Со овие пари ТАВ ќе располага до јули годинава. Сепак, ова се само дел од предвидените 200 милиони евра, средства што ТАВ треба да ги инвестира во модернизацијата на македонските аеродроми. Претходно на ТАВ му беа одобрени 10 милиони евра од ИК банка, чиј сопственик е турската Демир Халк банка. Инаку, ТАВ Македонија се' уште само го подготвува теренот за изградба на терминалната зграда на аеродромот „Александар Велики“. Според информациите пласирани на светските бизнис-портали излегува дека турската инвестиција на ТАВ во модернизацијата на македонските аеродроми ќе тежи 110 милиони евра, а не 200 милиони, колку што беше најавено.

„Трошоците за проектот се намалени од 200 на 110 милиони евра, бидејќи за програмата за инвестиции е потребно подетаљно натамошно техничко објаснување и е планирано да се случи во тек на десет години додека ја имаат концесијата. Имајќи предвид дека ова е скромен долг Стандард и Халк банките ќе бидат единствени зајмувачи. ЕБРД и ЕИБ нема да учествуваат“, е наведено во информациите од светските портали. Со оглед на тоа што Турците во меѓувреме добија дозвола од македонските власти да ја одложат изградбата на карго-аеродромот во Штип, се претпоставува дека тоа е причината за намалувањето на вкупната инвестиција.

 
Crazy 
 
Ердоган ќе дојде во Јули (обратнопропорционално перципирање на вестиве). Овие ТАВ ептен клошари излегоа. Досега требаше да бидат готови аеродромиве, ако се исклучат сите одложувања.


Edited by SkyBoy - 25-May-2010 at 23:32
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4791
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 25-May-2010 at 23:49
Што сака нека прави TAV, само да ни донесе 6.000.000 патници годишно до 2020. Ако сакаат и да го остават да се распаѓа аеродромот, тоа што ни е најважно е бројот на патници, а не изгледот на аеродромот. Нормално со 6.000.000 патници сакале или не ќе го реновираат

Мислата ми е дека ако не се трудат со реновацијата (колку што можеме да видиме), барем според пишувањата на медиумите се трудат со привлекување на авиокомпании... Е сега дали некоја друга компанија би бил поуспешна во тоа, не знам, но иако на терен нема ништо, не значи дека се суртуци/апаши/ајвани Пак ќе речам, нека ни донесат 6.000.000 патници годишно, па ако сакаат и во колиба нека го сместат аеродромот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Korsis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote Korsis Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 27-May-2010 at 00:02
Се преполовува инвестицијата на ТАВ во Македонија?

Од 200 милиони евра, вложувањето на турската компанија ќе се сведе само на 110 милиони евра

Нина Нинеска-Фиданоска
Маја Томиќ

Се преполови ли големата турска инвестиција најавена за македонските аеродроми? Која е причината што првично ветените 200 милиони евра, колку што досега се лицитираше дека ќе тежи вложувањето на турската компанија ТАВ во Македонија, сега се сведуваат само на 110 милиони евра, барем ако се земат предвид информациите што деновиве ги објавија одредени светски бизнис-портали.

Истите извори наведуваат дека намалувањето на сумата се должи на пролонгирањето на дел од инвестицијата за по 10 години, што упатува на фактот дека причина за тоа е карго-аеродромот во Штип, кој место сега, ќе се гради дури по изминувањето на една деценија.

Значи ли ова дека изградбата на каргото била проценета дури на 90 милиони евра? Тоа изгледа како превисока сума, со оглед што целата реконструкција и модернизација на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе тежат 110 милиони евра.

Сето ова во голема мерка ја проблематизира висината на вредноста на оваа, на голема врата најавувана турска инвестиција, која уште од самиот старт пред две години ја следат контроверзи, поради одложувањата во неколку наврати, кои се правдаа со необезбедените банкарски гаранции и економската криза.

„Трошоците за проектот се намалени од 200 на 110 милиони евра, бидејќи за програмата за инвестиции е потребно подетаљно натамошно техничко објаснување и е планирано да се случи во текот на 10 години, додека ја имаат концесијата“, се вели во информациите што завчера ги презентираше „Проџект фајненс“.

Затоа, токму поради фактот што Турците во меѓувреме добија дозвола од македонските власти да ја одложат изградбата на карго-аеродромот во Штип, се претпоставува дека тоа е причината за намалување на вкупната планирана инвестиција.

Во моментов нема никаков коментар од „ТАВ Македонија“ околу тоа дали навистина се преполовува нивната инвестиција во Македонија, поради карго- аеродромот во Штип. Претставниците на оваа компанија во Македонија велат дека на секое вакво и слично прашање во врска со оваа инвестиција, одговорните од ТАВ ќе дадат официјално објаснување единствено на заеднички брифинг со новинарите. Таква била практиката на оваа компанија. Засега нема ни попрецизни информации околу тоа како на терен се одвиваат работите околу модернизацијата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, кои, според договорот меѓу нашата Влада и Турците, веќе требаше да се одвиваат со полна пареа. Според наши информации, „ТАВ Македонија“ се' уште само го подготвува теренот за изградба на терминалната зграда на скопскиот аеродром.

Она што е добра вест е дека ТАВ, сепак, ги обезбеди најголем дел од потребните пари за реконструкција и за модернизација на македонските аеродроми. Поточно, компанијата доби кредити од 77 милиони евра од Стандард банка и Халк банка, за финансирање на изградбата на македонските аеродроми. Со овие пари ТАВ ќе располага до јули годинава. „Стандард и Халк банките ќе бидат единствените зајмувачи. ЕБРД и ЕИБ нема да учествуваат“, се вели во информацијата на „Проџект фајненс“. Претходно на ТАВ му беа одобрени 10 милиони евра од ИК банка, чиј сопственик е турската Демир Халк банка.

Од Министерството за транспорт и врски вчера изјавија дека динимиката за изградба за аеродромите останува непроменета од првично утврдените услови во Договорот за концесија. „За аеродромот ’Александар Велики‘ - Скопје изнесува 20 месеци од влегување во сила на Договорот, а за аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид е 12 месеци. Рокот за изградба на карго-аеродромот во Штип, исто така, останува три години, со тоа што овој рок ќе почне да тече од моментот кога ќе се обезбедат потребните метеоролошки податоци. Изградбата на карго-аеродромот во Штип е одложена поради обезбедување на потребните метеоролошки податоци. Во Правилникот за посебните услови за планирање, проектирање, изградба и реконструкција на аеродром е дефиниран начинот, постапката и условите на кој треба да се обезбедат потребните метеоролошки податоци, а тие се во согласност со стандардите и препорачаните практики дефинирани во Анекс 14 на ИЦАО Конвенцијата за цивилна воздушна пловидба, без исполнување на овие меѓународни стандарди не може да се почне со негова изградба“, велат од Министерството за транспорт.

Оттаму повторно укажуваат дека доколу ТАВ не се придржува до обврските од Договорот за концесија и не го изгради карго-аеродромот, предвидена е веројатност за наплата на банкарска гаранција, која е во висина од 10.000.000 евра, понатаму наплата на пенали за секој ден од доцнењето на градбата и можност за еднострано раскинување на Договорот, како и наплата на штета за неисполнување на договорните обврски. (Н.Н.Ф. - М.Т.)


www.utrinski.com.mk
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 610
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 27-May-2010 at 07:57
pred nekoj den vidov nesto cepkaat okolu pocnatata terminalna zgrada na vlezot ,sto e pocnata odamna.
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 30-May-2010 at 22:38
Денеска се информирав од човек што е вработен во воениот дел на аеродромот дека на големо се копало и било оградено,е сега за повеќе детали не знам попрецизно.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 31-May-2010 at 12:52
ja vcera pominav tamu,mislam po avtopatot e-75 imase odgradeno so zeleni tarabi nz so se imase zemja raskopano i eden bager vidov
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 07-Jun-2010 at 18:06
@Sale
Imas li nekakva informacija za kopanjevo sto go spomnuvaat axel,buliwyf,vladegf?
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Skopje View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Skopje Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 07-Jun-2010 at 19:43
навистина претераа Ohno ова не ми се допаѓа.Ердоган си се врати во Турција и сега ние чекаме и само пролонгираме... Wallbash
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 11-Jun-2010 at 00:11

„Добре дојдовте во Македонија“, ама на турски

 

На скопскиот аеродром патниците прво се поздравени на англиски јазик со големи букви, па на турски, а напишаното на македонски едвај се гледа

Соња Маџовска



Кога ќе слетате на македонскиот аеродром „Александар Велики“ и кога ќе влезете во терминалната зграда може да се збуните дали сте пристигнале во Истанбул или во Скопје. Она што нема шанси да го утнете е дека се наоѓате на аеродром со кој стопанисува турската компанија ТАВ.

Насекаде е испишано името на компанијата, на сите страни стојат светлечки билборди, дури и натписот на ТАВ е повпечатлив од државниот грб на ккојшто пишува Република Македонија. Уште повеќе збунува рекламата на ИК банка, која паѓа в очи кога ги подигнувате куферите. На неа со најголеми букви прво е напишано „Welcome to Macedonia“ на англиски јазик, под него со помали букви „Makedonija ja hos geldiniz“ на турски јазик и на крај со мали букви на официјалниот јазик на државата во која доаѓате пишува „Добредојдовте во Македонија“.

Ги прашавме сите инволвирани, и ТАВ, и ИК банка, и Министерството за транспорт и врски, дали е тоа исправно и дали се согласуваат со овој начин на претставување на земјава, бидејќи сите патници доажаат на државна територија а не на приватен посед.

Од ТАВ експресно одговорија дека не би сакале да бидат погрешно разбрани. „Рекламата е целосно креирана и закупена од ИК банка. Целна група на оваа реклама се странски и турски патници, а целта е да се привлечат потенцијални инвеститори и да се промовира Македонија како земја која е погодна за инвестиции и туризам“, е кусиот одговор од „ТАВ Македонија“.

Од ИК банка, чија реклама беше провокација за овој текст, стигна речиси идентичен со оној на ТАВ. Според сооштението испратено до „Утрински“, ИК банка со рекламата сакала да ги привлече пред се' потенцијалните холандски и турски инвеститори и туристи, а и од други земји. И плус, дека ваквите најави биле насочени за делегациите кои присуствуваа на преземењето на аредромот од ТАВ и кои подоцна ќе ја следат изградбата на новата аеродромска зграда.

Што е најкуриозитетно, ова соопштение на ИК банка беше испратено на англиски јазик, со нјиту еден збор на македонски. ИК банка, чиј сопственик е холандско-турската Демир Халк банка, беше правата банка која ја поддржа оваа турска инвестиција со заем од 10 милиони евра.

Од Министерството за транспорт и врски, пак, топката ја префрлија кај Пазарната инспекција. „Ве информираме дека за спроведување на Законот за трговски друштва во кој е пропишан јазикот, односно писмото што треба да го користат фирмите, е надлежна Пазарната инспекција“, стои во одговорот од Министерството за транспорт.

Но, во Пазарната инспекција се изнервираа кога им кажавме за што ги бараме. Оттаму ни рекоа дека не се тие „девојка за се'“ и не одговараат за она што не знаат и не можат да одговорат министерствата. „Не е точно дека ние сме надлежни за тоа што е напишано на билбордите, ние сме надлежни за тоа дали името на фирмата е испишано онака како што е заведено во Централниот регистар“, изјавија вчера од Пазарната инспекција.

Инаку, „ТАВ Македонија“, покрај тоа што веднаш го означија аеродромот „Александар Велики“ за да се знае кој е газда, по четири месеци стопанисување со него, нема попрецизни информации за тоа како на терен се одвиваат работите околу модернизацијата на аеродромот. Според наши информации, се' уште само се подготвува теренот за изградба на новата терминална зграда на скопскиот аеродром. Во меѓувреме, се појавија многу информации околу висината на инвестицијата на ТАВ во земјава. Ако во договорот со Владата стоеше дека ТАВ ќе вложи 200 милиони евра, во меѓувреме оваа сума се спушти на 110 милиони евра. Овие информации „Утрински весник“ неодамна ги презеде од светскиот бизнис-портал „Проџект фајненс“, но од ТАВ се' уште нема одговор за тоа. Од маркетинг-агенцијата која ја застапува ТАВ во Македонија, вчера најавија дека многу брзо, можеби уште наредната недела, ќе биде одржан заеднички брифинг со новинарите во Скопје, на кој ќе бидат разјаснети сите прашања. Сепак, добра вест е дека ТАВ обезбедиле кредити од 77 милиони евра од Стандард банка и од Халк банка, за модернизација на аеродромите во земјава.

Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 12-Jun-2010 at 23:41
@Stari
Нема никакви новости.Се стои во место.Ако има 3 багери не значи дека нешто се работи,нели?Значи,новата касарна не се прави(условот за нов терминал),поминува Јуни,ќе помине и Јули,Август(градежната сезона)...се ќе остане исто.Немаат(ТАВ) скршен денар за касарната,а ќе прават терминал?Касарната со сите кратења од Владата не кошта повеќе од 5 мил ЕУР.До толку немаат.
ПС Би сакал да се јават сега сите "оптимисти"(malkumina se) кои тврдеа дека зборувам на памет.Каде е касарната(нова),каде е терминалот(нов),што се случува воопшто?Градежна сезона почнува во Март,а не во Декември.И да потсетам,во делот на договорот меѓу Владата на РМ и ТАВ стоеше дека "ако до 1 Март не се започне со изградба на нов Терминал,договорот пропаѓа,а банкарската гаранција(чинам 6 мил ЕУР оди кај Владата и се оди на нов тендер)".Денес е 13 Јуни,рокот е 4 пати пробиен,аеродромот во Штип веќе не се ни спомнува.А каде е модернизацијата на аеродромот во Охрид?И тоа не се спомнува.Како тоа да не е дел од договорот.Многу убаво.Кој е овде луд,а кој збунет?Ќе го чекаме Ердоган да фрли лопата?Ај ќе го чекаме...Во меѓувреме сите ќе размислуваме зошто воопшто чекаме 2,5 години?До сега Германците,Австријанците или Французите ќе го направеа новиот Терминал и ќе имавме аеродром како што доликува на Скопје.И ќе функционираше како европски аеродром.Можеби и вака ќе профункционира,ама кога?Кога ќе дојдат двокатни авиони...
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 12-Jun-2010 at 23:50
Originally posted by Sale SK

@Clover
Да бидеме живи и здрави,ќе го причекаме 1 Јуни.Ама што ќе правиме ако повторно измислат причина за одложување на работите?А мораат да измислат,зошто не смеат да влегуваат во касарни на АРМ и НАТО.


Глупаво е некој да се цитира сам себеси,ама ова сум го напишал на 12 Април.Нека стои чисто ради документација...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3897
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 17-Jun-2010 at 20:37
dobro sale sk Big%20smile
Si znaeme, prvo so likot na aerodromot go smenile, vtoroto namaluvanje od 200,000 mil. evra vo 11o.ooo evra treto docnenje........sto sega??? barem officialno nisto nemame.
mozno e da si letam kon mkd pa kje vidam ako mozam da slikam, verojatno kje bide vo ohrid(barem za ohrd. aerodrom da si doznavame nesto)
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 18-Jun-2010 at 06:53

TAV bese edinstveniot na tender drugite site se otkazaa kolku sto znam jas. Za kargo aerodromot vo Stip se pravele nekoj si vremenski ispituvanja i rekoa deka za 10 godini ke go napravele.

TAV neka pravi sto saka ali do prvi Mart 2013 godina mora da bidat celosno gotovi aerodromite vo Skopje i Ohrid inace sve ke im propadne.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 18-Jun-2010 at 17:25
ne vazat zakoni za niv kje odlozat 2015 16..

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 122>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.