build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Телекомунациска кула на Водно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 09-Jun-2013 at 20:23
Изградбата требало да започне на 1 Април ама има каснење ! Информација од прва рака !
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 09-Jun-2013 at 20:59
Како бе немало да смета не сме од марс паднати... А кој ќе го гради ова Бетон ли? Зашто нема податоци за тендерот на нет...
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Pyotr I. Tchaikovsky View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Jun-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Pyotr I. Tchaikovsky Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 10-Jun-2013 at 07:47
.

Edited by Pyotr I. Tchaikovsky - 12-Jul-2013 at 07:50
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 10-Jun-2013 at 09:12
а кога се планира да се гради(започне и заврши)?патем благодарност за информациите и сликата
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 10-Jun-2013 at 10:27

а зошто панорамскава кула,ајде та и телекомуникациска била,не ја паркираат на Рамно на Скопска Црна Гора,тој врв т.е. плато е 1600 метри и токму уште ваква кула му фали,иако поавтентично би било Крстот да биде таму а тука кулава,но и така се ни е обратнопропорционално та и од ова нема да му куца на магарето!

во случај да се предомислат и да ја дислоцираат на СЦГ потенцијално власта би го пренела тежиштето на ширење на градот кон север и урбанизирање на тој дел,иако сега се бара начин како поефeктивно да се искористи жичарата,но сепак жртва на ваквата амбиција е Крстот и неговата симболика и над Скопје но и како симбол воопшто,слично ко што го сотреа брутализмот со Ск'14 така тоа го прават и тука! истоварена на Крстовар оваа работа (ако може да се каже предетерминиран упад) единствено отвора простор и за други футуристички садници наоколу во иднина!?  

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 10-Jun-2013 at 12:42
Tnx Tchaikovsky за сликата и информациите.
Инаку се има случено од тука да земаат слики и информации некои медиуми,
така да ако лично си загрижен за сликата, подобро извадија
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 10-Jun-2013 at 14:40
Originally posted by Pyotr I. Tchaikovsky

Crveno e specijalna mreza, beton e kulata vo sredina, platformite se od celik, na vrv e emiter antena, a rogovite koi idat stranicno se kombinacija celik-beton. Za informacija od prva raka "Z|evzek" taka trebase ama "as always" problem so dokumentacija. Sliki vo mediumi nema zatoa sto ne smeat da se objavuvat, ali bidejki forumot e extra i site ovde ste "cool dudes" resiv da ve pocastam official fotka. Pozdrav
Те искодошив дека ја стави сликата ама ми рекоа дека ништо не е страшно хахаха
Back to Top
Pyotr I. Tchaikovsky View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Jun-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Pyotr I. Tchaikovsky Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 10-Jun-2013 at 16:13
.

Edited by Pyotr I. Tchaikovsky - 12-Jul-2013 at 07:50
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 10-Jun-2013 at 20:57
Дали се знае за колку би требало да заврши градбата од почетокот на градење?
Инаку колку што можам да забележам "чиниите" во кои се планира да се смести ресторантот се фиксни и нема да ротираат, ако добро забележувам.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 12-Jun-2013 at 20:03
Originally posted by kultuzin

Дали се знае за колку би требало да заврши градбата од почетокот на градење?
Инаку колку што можам да забележам "чиниите" во кои се планира да се смести ресторантот се фиксни и нема да ротираат, ако добро забележувам.

не ротира целата „чинија“ туку најверојатно само внатрешна плоча во чинијата на која е поставен ресторанот

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 05-Jul-2013 at 19:59

„Гранит“ потпиша договор со АЕК вреден 17,6 милиони евра

Градежната компанија ќе гради антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции

„Гранит“ потпиша нов договор со Агенцијата за електронски комуникации за изградба на антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територијата на Македонија, информираат од градежната компанија.

Станува збор за договор вреден 17,6 милиони евра, или над една милијарда денари, без пресметан данок на додадена вредност (ДДВ). Рокот за изведување на системот е пет години.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/9547-granit-potpisa-dogovor-so-aek-vreden-176-milioni-evra

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3361
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 05-Jul-2013 at 23:46
„Гранит“ ќе ја гради телекомуникациската кула на Водно

Футуристичка телекомуникациска кула во која ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори и антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите ќе се гради во близина на врвот на Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст. Покрај современата телекомуникациска опрема, во рамките на објектот со вкупна висина од 155 метри ќе се изгради ротирачки ресторан со панорамски поглед на главниот град, но и административни простории на помала површина на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и на Министерството за внатрешни работи (МВР). АЕК деновиве потпиша договор со градежната компанија „Гранит“ од Скопје за реализација на зданието кое ќе се гради во наредните 60 месеци. Вредноста на договорот изнесува 1.084.706.000 денари или над 17,6 милиони евра.

За овој објект со истата градежна компанија е потпишан уште еден договор во висина од 24,6 милиони денари во декември минатата година. Проектната документација за телекомуникациската кула ја изработи друштвото за производство, услуги и промет „Билд“, додека ревизијата на проектот ја изведе „Балкан консалтинг“. Заедно со основниот договор, финансиската конструкција на ова здание ќе изнесува околу 18,1 милиони евра. Проектот предвидува и инсталирање на високо софистицирана опрема за контрола и мониторинг на радиофрекфенциите и современа антенска опрема.

http://www.build.mk/?p=26765
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 10-Jul-2013 at 17:02
Честитки до администраторите, модераторите и сите членови на форумот на build.mk
 
Иако и досега телевизија Алфа директно или индиректно го има спомнато форумов и ги има прикажувано неговите содржини, сепак ова е прв пат да видам на Алфа да емитуваат вест во која го спомнуваат форумот на build.mk како конкретен извор на информацијата која ја објавуваат.
 
Како член на форумот на build.mk благодарен сум и на информативната редакција на телевизија Алфа за ваквиот бесплатен маркетинг на форумот. Applause
 
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=59694
 

Крстот на Водно „добива друштво“

 
10.07.2013 17:49:13
 
Скопската телекомуникациска кула нема да биде само голем антенски столб. Објектот висок 150 метри, ќе има канцеларии и ресторан, во четирите затворени простории налик дискови. Идејното решение денеска го објавиja неколку портали, но истото може да се најде и на форумот за градба и архитектура „Билд“. Корисникот кој уште пред еден месец ја објавил фотографијата, пренесува и други детаљи за градбата. 
 
Скопската телекомуникациска кула нема да биде само голем антенски столб. Објектот висок 150 метри, ќе има канцеларии и ресторан, во четирите затворени простории налик дискови. Идејното решение денеска го објавиja неколку портали, но истото може да се најде и на форумот за градба и архитектура „Билд“. Корисникот кој уште пред еден месец ја објавил фотографијата, пренесува и други детаљи за градбата.
 
- „Црвеното е специјална мрежа, бетон е кулата во средина, платформите се од челик, на врв е емитер антена а роговите кои одат странично се комбинација челик- бетон. “- се вели во еден од одговорите на анонимниот корисник на форумот на „Билд“.
 
Телекомуникациската кула на Водно е проект кој го реализира Агенцијата за електронски комуникации. Ќе чини барем 17,5 милион, ќе го гради „Гранит“ а објектот треба да биде готов за 5 години.
 
Маркичката за негова изградба е на околу 500- тини метри до Милениумскиот крст. Или гледано од Скопје, ќе биде од лево на досега највисокиот објект на планината.
 
Александар Димитриевски

Back to Top
Pyotr I. Tchaikovsky View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Jun-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Pyotr I. Tchaikovsky Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 12-Jul-2013 at 08:02
Dragi prijateli bidejki se sluci da ja prevzme alfa slikata i objasnuvanjeto za kulata, istata morase da ja odstranam poradi... pricini.

Pozdrav

Edited by Pyotr I. Tchaikovsky - 12-Jul-2013 at 08:02
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 13-Jul-2013 at 04:27
ти ја отстрани , али затоа јас ја зачував ))



Edited by blejdsk - 18-Oct-2015 at 15:56



Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 13-Jul-2013 at 09:54
доста почесто телевизиите го цитираат форумов и тоа го кажуваат со голема почит

Блејд,ако му прави проблем на работа тргнија сликата,види разговарај по ПП
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 13-Jul-2013 at 15:35
Веке циркулира сликата и на други места по интернетов ,, нешто што излегло на виделина не може да се сопре. А и не е нешто кој знае што проектот е избран , Гранит го доби тендерот , кулата ке се гради. Не гледам ништо спорно/



Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1603
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 13-Jul-2013 at 18:26
Да, нема зошто да се цензурира нешто што е веќе објавено.
Што има лошо во тоа, ова е време на интернет, секој може да објави што сака.

Друга работа, сликата е произволен цртеж на некој или веродостоен призказ?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 13-Jul-2013 at 20:40
Originally posted by blejdsk

Веке циркулира сликата и на други места по интернетов ,, нешто што излегло на виделина не може да се сопре. А и не е нешто кој знае што проектот е избран , Гранит го доби тендерот , кулата ке се гради. Не гледам ништо спорно/

Се согласувам, но нашево општество очигледно има допирни точки со Северна Кореа, па мислам би било коректно сепак да постапиш како што предлага gjoko и да го исконтактираш Tchaikovsky по приватна порака.

Она што би им го препорачал на сите кои сакаат да споделат некои вакви материјали, а поради разни тапоглавци тоа може да им предизвика проблем, едноставно нека постираат целосно анонимно, без никакви коментари кои можат да ги идентификуваат, ниту да се доверуваат на било кого во своето работно опкружување за постот. Доколку се работи за веќе зачленет форумаш, слободно нека отвори нов акаунт што ќе го искористи во таква цел, а во таков случај ние модераторите едноставно ќе се направиме на три и пол...

Исто така доколку некој сака може некој од модераторите да ги постира таквите материјали, само нека не исконтактира по приватна порака па ќе се договориме. А тапоглавците од првиот параграф нека се сликаат тогаш.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11623
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 29-Sep-2013 at 17:29
Телекомуникациската кула ќе чини 18,1 милиони евра




Tелекомуникацискатa кула на Водно во која ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори и антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите ќе се гради во близина на врвот на Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст. Овој објект ќе го гради градежната компанија „Гранит“, јавува Скопје инфо.

Заедно со основниот договор, финансиската конструкција на ова здание ќе изнесува околу 18,1 милиони евра.

Гранит преку Македонската берза извести дека кулата ќе биде готова за 5 години и ќе чини 17,6 милиони евра.

За овој објект со истата градежна компанија е потпишан уште еден договор во висина од 24,6 милиони денари во декември минатата година, објави порталот Билд во јули.

Проектната документација за телекомуникациската кула ја изработи друштвото за производство, услуги и промет „Билд“, додека ревизијата на проектот ја изведе „Балкан консалтинг“. Оттука, целата финансиска конструкција на ова здание ќе изнесува околу 18,1 милиони евра.

Проектот предвидува и инсталирање на високо софистицирана опрема за контрола и мониторинг на радиофрекфенциите и современа антенска опрема.

Во рамките на овој објект ќе има и ротирачки ресторан од кој ќе се гледа панорама на Скопје. Кулата ќе биде висока 155 метри, а во неа ќе има и административни простории за Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и за Министерството за внатрешни работи (МВР). Кулата ќе биде повисока и од зградата на МТВ (70 метри) и од висококатниците на Џеваир Холдинг во Аеродром (135 метри).

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=7979
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.