build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Привремени и напуштени објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 19-Sep-2022 at 14:17
Јас би рекол не сакаат да рушат и да расчистуваат градежен шут па полесно им е да се запали сѐ.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 19-Sep-2022 at 16:59
Во градов има многу објекти кои се со години напуштени и се мета на бездомни лица а кои од икс причини не се уриваат и затоа има често вакви случки.Не е секој пат само интерес за градба.
Треба градот/општините да завземат некој став,да искористат некој закон ако има со кој би се наложило на сите сопственици на такви имоти да си ги доведат во ред(срушат,оградат со тараби) додека не решат да градат било што зависно од планот.
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 28-Oct-2022 at 16:50
И Стефковски не се нафаќа да ја деактивира „темпираната бомба“ во Ченто





Зелените од Гази Баба го прозиваат градоначалникот Бобан Стефковски дека ветуваше, а сè уште не го има реализирано проектот за Домот на културата, попознат како Домче. Објектот беше во ветувањата и на ексградоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски. Но, и тој не најде чаре за напуштената и руинирана зграда, која е дувло на наркомани и бездомници, кои предизвикуваат страв кај населението.

Последниот случај во август годинава кога 7-годишно дете играјќи си со свој врсник во близина на руинираниот објект падна и се набоде на користена игла на шприц од зависник од дрога, го вклучи алармот конечно да се најде чаре за него. Жителите реагираа и до Стефковски да го реши чирот, кој со години зјае и е како темпирана бомба, а, згора на тоа, и е грда слика за околината.

Ниту муралот „Солидарноста е темел на иднината“, кој во рамки на годинашното отворање на АКТО – Фестивалот на современа уметност во 2020 година беше нацртан на објектот од Владимир Милиќ, не успеа да ги избрише стравувањата и лошата слика што ја оставаат остатоците од некогашниот Дом на културата. Ниту заложбите на „Културно ехо“ со организирање екоакција и дружба на локалната заедница да се обнови зградата, не вродија со плод.

Ветувања за обновување имаше, и сега ги има, но колку ќе се исполнат – останува да се види. Стефковски вели дека техничката документација е во завршна фаза и оти веќе сериозно се разгледуваат опции за изнаоѓање извори на финансирање со цел реализација на проектот. Тоа го потврди тоа и за весникот ВЕЧЕР.

– За Домот на културата во Ченто правиме проектна документација за реконструкција. Штом биде комплетна, заедно со финансиската конструкција ќе се пристапи кон изнаоѓање извори на финансирање за реализација на овој значаен проект – изјави Стефковски.

Што се однесува до реконструкцијата, тој не наведе што конкретно ќе опфати таа, туку истакна дека со проектната задача е предвидено објектот да ја има истата намена и не кажа колку ќе ја чини Општината овој зафат.

– Откако ќе биде готов проектот, ќе знаеме и колку ќе чини. Не можеме однапред да предвидиме – дециден е Стефковски.

https://www.vecer.press/и-стефковски-не-се-нафаќа-да-ја-деакти/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 12-Dec-2022 at 18:30
Ранка Милановиќ” спроти Бриколаж.(од фб)

Објективе служат како собиралиште на отпад и бездомници,на почетокот беше во солидна состојба и можеше да се пренамени во нешто но сега веќе е во многу лоша состојба





Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 01-Jan-2023 at 16:03
Не знам дали има предвидено нешто да се гради на местово но долго време е ваква огромна депонија и извор на зарази и загадување.
Доколку е државна сопственост тогаш требало да се спречи ваквото руинирање кое настана откако штитениците согласно политиките на МТСП беа сместени во мали групни домови.

“РАНКА МИЛАНОВИЌ”







https://www.facebook.com/photo?fbid=736652204484513&set=pcb.736655114484222

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 11-Jan-2023 at 18:04
09.01.2023
Денес претставници од Министерството за труд и социјална политика во состав на шефицата на кабинет, Наташа Димеска, директорката на домот „25 мај“, Виолета Масевска Палиќ и советниците од кабинетот го посетија домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје после настанатиот пожар на 30 декември.
На посетата беше направен увид на објектот. Претставниците се вклучија и во непосреден разговор со корисниците кои се сместени во објектот.



https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 22-Feb-2023 at 18:40
Поглед што имаат дел од станарите од новиот комплекс згради што се градат кај Мерцедес во Маџари особено оние чии станови гледаат на север-северо западна страна















https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 05-Mar-2023 at 18:27
Ќе се отстрануваат дивите гаражи и киосци – граѓаните имаат рок од 7 дена сами да ги отстранат



Општина Тетово преку општинскиот инспекторат ќе ги отстрани сите гаражи и киосци кои се наоѓаат на јавни места. Според првиот човек на општинскиот градежен инспекторат, Абдиљгани Алији, целта е да се ослободат јавните површини. Тој рече дека граѓаните имаат рок од 7 дена сами да ги отстранат.

На ова место порано имало гаражи, но сега со години се користи како станбен паркинг. Во повеќето случаи, иако граѓаните имаат гаражи, тие сè уште ги паркираат своите автомобили надвор додека гаражите ги користат како место за чување на работна опрема. Според неофицијални податоци, со отстранувањето на овие гаражи ќе се ослободат над 3.200 паркинг места.

https://mk.tv21.tv/ke-se-otstranuvaat-divite-garazhi-i-kiostsi-graganite-imaat-rok-od-7-dena-sami-da-gi-otstranat/
Carpe diem
Back to Top
BrownMade View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote BrownMade Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 06-Mar-2023 at 19:20
Ова треба да стане практика низ цела држава.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 12-Mar-2023 at 18:59
(Фотогалерија)„Сивиот дом“ стана „Дом за бесење“

Децата со социјални проблеми од „Ранка Милановиќ“, кои секојдневно бегаа од домовите, просеа и беа злоставувани, ги нема веќе во големиот темен дом. Заминаа во мали групни домови, но таму пак има деца што живеат со своите родители како во депонија, во ѓубре, мизерија, смрдеа и зараза меѓу руинираните ѕидини. Сликата што ја затекнавме беше грда и стравична, а се чини дека во догледна иднина нема да се поправи, со оглед дека институциите играат пинг-понг со одговорноста околу овој дивонаселен објект

















https://fokus.mk/fotogalerija-siviot-dom-stana-dom-za-besene/

Edited by stef4o - 12-Mar-2023 at 19:01
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 13-Apr-2023 at 11:41
Каде е поточно овој објект??

ДЕПОНИЈА СРЕДЕ ЦЕНТАР: Капиштец затрупан во ѓубре



Во населбата Капиштец, веднаш до монтажното паркиралиште и отспротива на Католичката црква со месеци стои огромна депонија со градежен шут и ѓубре. Во објектот што еден период беше кафуле со хостел и каде имаше детски реквизити, сега и од предната и од задната страна е расфрлан испокршен мебел, даски, метални конструкции, а кабли висат од сите страни. Овој дел ниту е затворен, ниту безбеден за сите минувачи, а особено за децата.

Нашата редакција ги испрати фотографиите до Општина Центар, од каде очекуваме брза реакција и расчистување или наредба до сопствениците на објектот да ја средат депонијата среде Центар.

https://091info.mk/2023/04/13/депонија-среде-центар-капиштец-затру/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15129
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 13-Apr-2023 at 11:59


Веројатно се мисли на баракава:

https://www.google.com/maps/@41.9946196,21.4175722,3a,75y,204.8h,86.25t/data=!3m6!1e1!3m4!1szySkchupUFX7q2r3yxtvjQ!2e0!7i13312!8i6656?authuser=0
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 23-Apr-2023 at 16:52
РУИНА СЕ ПРАЗНИТЕ ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ВЕЛЕС, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ НАЈАВИ РЕШЕНИЕ



Дел од времените објекти во Велес со години не се во функција и се руинирани. Ги има во различни делови од градот. На последната седница на општинскиот Совет за реагираа и советниците и од власта и од опозицијата. Градоначалникот Марко Колев најави дека се работи на решение за овој проблем.

„Започнавме постапка за избор на фирма која ќе направи програма за времените објекти. Со неа ќе се одредат времените објекти кои му се потребни на градот. Архитектите ќе предложат две-три решенија како да изгледаат, за да бидат унифицирани, типизирани и прилагодени на времето во кое живееме. Таа програма ќе дојде пред Советот, каде што ќе се дефинира кои времени објекти се потребни, а кои не. По ова, ќе започнеме со отстранувањето на оние што нема да влезат во програмата“, кажа Колев.

Општината уште во 2013 најави дека ќе започне со отстранувањето на дивопоставените времени објекти, но и напуштените. Тогаш се тврдеше дека по повеќегодишна пауза е склучен договор со фирма од Скопје, која требаше да ги дислоцира времените објекти. Но, ниеден не се дислоцираше.

Во 2015, Советот донесе план за урбана опрема со кој се стандардизира нивниот изглед и се регулираат локациите и начинот на издавање. Тој пропишуваше дека времени објекти можат да бидат само киосци за весници и цвеќарници. Но, овој план не беше применет.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ruina-se-praznite-vremeni-objekti-vo-veles-gradonachalnikot-kolev-najavi-reshenie/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 28-Aug-2023 at 15:55
Во поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ 60-тина семејства со години живеат како во хорор филм



Кога во 2019 година, штитениците на домовите за деца и младинци со проблематично поведение беа префрлени во мали групни домови, немаше човек кој не почувствува олеснување – било од емпатија поради условите во кои живееја штитениците, било од безбедносни причини, бидејќи некои од нив често беа обвинувани за кражби и за тепачки. Но, никој тогаш не размислуваше што ќе се случува со објектите, кои и во тоа време беа под стандардите за живеење. Очигледно дека и четири години потоа, сè уште никој не си го поставува ова прашање. Освен оние кои или живејат во нивна близина или често поминуваат тука. Таков е случајот со Домот кого скопјани го знаат како „Ранка Милановиќ“ во населбата Триангла во општина Гази Баба.

Таму, опишано со наједноставни зборови, се случува катастрофа – и човечка и еколошка. Во полураспаднатите три згради живеат десетици луѓе, чија мизерија не се опишува со зборови – во смет, пластика, отпадоци, без основни услови таму го одгледуваат и поколението, дечиња од бебиња до тинејџери.

И ниту една институција нема точна евиденција за тоа колку луѓе живеат во објектот на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“. За Министерството за труд и социјална политика и за Меѓуопштинскиот центар за социјални работи - Скопје, луѓето кои живеат таму се диво вселени.

Од двете институции објаснуваат дека тие во еден период имале решенија за престој со одлука на Владата, но тие решенија се истечени заклучно со мај 2021 година и сега престојуваат таму по своја волја, одбивајќи да бидат преместени на локации кои Министерството ги нуди како опција за сместување на лица кои немаат сопствен дом.

„Согледувајќи ја состојбата во објектите на Јавната установа за згрижување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение Скопје- Маџари дека во текот на сместувањето корисниците целосно ги руинирале објектите при што истите не се безбедени по живот и нема основни и безбедни услови за живеење, од страна на Министерството за труд и социјална политика и ЈУ ‘Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје’ направени беа обиди за дислокација на семејствата, со изнаоѓање на индивидуални решенија за секое од нив, меѓутоа безуспешно, имајќи предвид дека дислокацијата не беше прифатена од страна на корисниците и во моментов во објектот се диво населени семејства“, ни одговорија од Министерството за труд и социјална работа на прашањето за жителите на „Ранка Милановиќ“.

Замена за хоророт под Кале
Во разговор со дел од жителите на објектот дознаваме дека се работи за шеесетина семејства, речиси сите се со деца. Приказната на овие семејства и објектот „Ранка Милановиќ“ почнува во 2017 година кога со расчистувањето на импровизираниот камп на Кале била донесена одлука во зимскиот период на луѓето од таму да им се обезбеди сместување. Службите направиле мапирање и со оглед дека во голем дел во импровизираниот камп живеат семејства со малолетни деца, бремени жени, лица со посебни потреби како и стари луѓе, Владата носи одлука во зимскиот период, поради исклучително лошите временски услови, овие луѓе да бидат сместени во објектот кој претходно се користеше за деца со проблеми во поведението, а кој во меѓувреме беше испразнет поради реформата и сместувањето на овие деца во мали групни домови.

„Ние живеевме под Кале, дојдоа таму, ни рекоа ова не е добро за вас. Живеемe од контејнери, собираме пластика, хартија, ламарини, што ќе најдеме, некогаш и железо. Собираме за нас и за децата. Од социјално, некое време беа тука, речиси година и повеќе, се грижеа за нас. Но, сега моментално, социјално не се грижи за нас, ниту доаѓаат да прашаат како живеете“, вели Мина Назифи.

Првично во објектот биле сместени 120 семејства, а 15 од нив потоа се дислоцирани во контејнерската населба за баратели на азил во Визбегово. Владата, по првичната одлука да ги пресели луѓето од кампот на Кале во објектот „Ранка Милановиќ“, носи уште неколку одлуки за продолжување на нивниот престој сè до мај 2021 година.



Меѓутоа истите во најголем број случаи остваруваат приходи од нерегистрирана дејност (собирање на секундарен отпад) и од различни причини не беа мотивирани за соработка. Исто така, дел од корисниците кои беа сместени покажуваат голема недисциплина, не учествуваат во одржување на хигиената, често го оштетуваат самиот инвентар и опрема во објектите и надвор од нив“, велат од МТСП.

Но, жителите велат дека се принудени да го работат тоа, бидејќи се потценети и поради тоа што немаат образование, не можат да најдат ниту пристојна работа.

„Ништо не понудил никој, дека сме Роми, никој не не гледа, дека не сме писмени не ни даваат работа. Нашите Роми само за да собираат по контејнери и ги ставаат со метли во општина, тоа да работат. Друга работа не може да работат. Еве како што гледате, ние како живееме тука, тоа е катастрофа, ова е беден живот за нас. Ромите кога ги ставаат заедно да живеат тие прават хаос, Ромите не треба заедно да живеат. Треба секој посебно да живее. Не знам како ќе бидам разбран. Но, Ромите кога се заедно прават хаос“, објаснува Судахан Ракип.



целата сторија и видеа на линкот долу

https://samoprasaj.mk/ziveacka/vo-poranesniot-dom-ranka-milanovik-60-tina-semejstva-so-godini-ziveat-kako-vo-horor-film/
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 29-Aug-2023 at 12:50

ја би рекол хардкор попрво отколку хорор!, мислам кој е поголем хорор да живееш во вреќа или картонски штек на улица, да си се штекнал во распадната куќа или пред распаѓање, илити да си се шириш во онаков руиниран објект од цврста грабда налик хоумлес хотел в централно грдско подрачје, плус пунктои за картонски и железен отпад да ти се прирака, значи паметно си се аклиматизирале Луѓе в градската џунгла иако отпишани од сите сограѓани дека тие се Лица со Посебни Потреби!

некое мое разбирање на ваквиот проблем (на кој кумуваат властите) е купување социјален мир т.е. се толерира погрешен тип на Сквотинг наместо регулиран или пак супституиран со поздрава опција [1] капак ко сквотинг ниту законски регулиран [1] та бар ето тоа да се испегла (za бездомни сограѓани си добијат привремен престој со адреса) а заради недостаток на идеи средства проекти волја како општЕство да бараме чаре за невработеноста на неквалификуваните сограѓани но и масовната наезда на зависности кај Сиромашните Сограѓани кои дури и да се вдомени повторно живејaт во мизерни услови!, оние пак кои веќе се бездомни ним мизеријата им е невидлива доколку се аздисале а нејчесто ним им тргнува тоа од рака бидејќи кога се хај или стоун особено в зима им е топло, иако тоа топло е краткотрајно додека трае ефектот од доупот а потем укочајла дали од промаја или прокиснување!, си имате ли претстава во каква агонија живејат тие!?, вас малку и да ве врти колено офкате, а што да кажат тие цели што се укочени!?, сетне оди не се товари и понатака со хемии дури и имале волја да се скинети од некоја зависност просто тоа ет невозможно!, на страна што бидејќи им треба филингот да трае што подолго та миксаат што ќе стигнат или им сервираат!, незнам дали кај нас веќе миксои на хорс со фентанил и/или ксилазин стингале [1][1] но ќе стигнат посекако директно или индиректно а дури потоа ќе се чудите што да им праите на бездомни сограѓани!

јас и тогаш ко и сега ќе ви речам Рурални Комуни мора да постојат како избор, понуден што е можно побрзо за сите оние кои би сакале Рајат Рихаб Рурално, колку и тоа вам да ви изгледа смешно!, нали кој би ошол Планина кога тука му е се'!?, хм низ константна јавна дебата чунки на ефорум на Социјално или пак министерството им, ето дедикејтед само за бездомништвото како тренд и приоритет за решање, мислам дека ваква идеја ќе наиде на моментум и евентуално нејзино пеглање до траен проект ... тук таму веќе имам спомнато дека ова ет чарето [2][2][3][3] но нали бидејќи не е ноухау од нивнио кичен, ем никогаш нема да допуштат (такви ко штo се) стандардизација на Балирана Слама како градежен материјал [4][4]~[4][4]~[4][4] та со лезет нема ни да се истера ваква идеја до реализација!, во најдобар случај ќе ја допуштат Балирана Слама но ќе зафураат тренд на греење со Биомаса (а на кој ни јас не би му одoлеал) [5][5]~[5][5] и ето така пак поефтино ќе делует цигла стајл [6] нали се' од спин ќе видиме (како и другде [7]) само да се осигура скотскио градежен сектор!, иако за волја на вистината и сега Балирана Слама нема нешто на претек, но ако се сака цела Пелагонија можат да ја посеjат Јачмен и Жито, конечно тоа и ќе си дојде при првиот светски мега депрешн, но нали ако Изградба со Балирана Слама бидне тренд така бројлерите им може да се осоколат лесно да инвестираат рурално наместо да купвет квадрати од нивни партиски урбани зграфијаши (најчесто по то скотските пост'транзициони'комиблокои!), та ето дури и да се воочи ваквата идеја за Рурални Комуни ко сигурно чаре, на истата фрлајќи тежок камен (бидејќи слама ќе си остане вишок) ќе ја удaват во првиот селски кладенец и то онака на суво отстрана ко заглаен армиран бетон у пајажина!

та бар да дозволат со тро помош надзор ем импрегнирана со Боракс Балирана Слама Сами да си креваат скромна барака, пр. во Скопско Поле да има таква населба за која ко за социјални случаи би требало и бесплатен јавен превоз до Градо каде се социјализираат или си бркаат работно денот!, хм поарно на некое Брдо со оглед дека Скопско Поле лежи на вода па и незнам колку паметно ет таму балирана куќичка!?, повторно за зависници ќе бидат неопходни Рурални Комуни, дефакто неопходен ет систем на ресоцијализација и подобност за стигнување от Комуна во сопствена Барака ... но што со сите кои не се од Скопје, та логично истиот модел треба да е норма и по другите Градои бидејќи немал број бездомни се дефакто придојдени ...

Originally posted by Zelenikovo

ех камо да имаше некој да ги поучеше бездомните дека можат со лесно да кренат штала блиску до Скопје врз земјоделско земјиште кое ете некој добар домакин би им го изрентал на подолго, до првата продажба на парцелата, а така со тро помош од некоја невладина да си истерат скромен дом од дрвена конструкција ем исполна од балирана слама како би имале пола метар ѕидои кои и со миниум греење ќе им го направат Животот далеку поподнослив, ем прилика за бавчичка итн.




Edited by beTon - 29-Aug-2023 at 12:52
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 29-Aug-2023 at 14:58

навистина идеално решение би било такви населби (не комуни тие би оделе низ цела Македонија баш рурал) значи за нормал бездомни Семејства да се стокмуваат Скопско Поле а за да не им е склет таквата местоположба да имаат брз прстап до Градот со бесплатен превоз додека не застанат на нозе!
  • идеален брз транспортен мод за вакво нешто би бил ЛРТ по постојната траса се до Нова Железничка а зошто не и северниот ринг да се стаи у погон та и Драчево и орук кон ТИРЗ бидејќи посекако ЛРТ за ТИРЗ и Аеродромот ќе бидне реалност порано или подоцна, нормално доколку Урбанизам кај нас стане експертска а не партиска спона за подобро утре!

    http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=212&PID=272837#272837

  • хм, треба да се дума дека тирзовите работници не би преферирале да се возат до работа и назад во иста ЛРТ Кочија со бездомници, та паметно би било башка композиција три пати дневно да врви занив (но и за секој беспари) кон Скопско Поле ... само вака би можело со веќе понудено решение брза интервенција на Полиција и расчистуење ризични сквотери или картон населби, ем ТИРЗ блиску ќе им биде па можеби лесно ќе се снаоѓаат со привремена работа!, особено доколку таквите населби имаат и Социјална Спона налик Работнички Универзитети каде локалците би стекнале некаква преквалификација од рецклиратори во мајстори подобни за тамошните фабрики!, единствен гајрет би бил како и таму да се стори арарна самоодржливост и опуштена социјализација а тоа да е помогнато како од социјални служби така и од Волонтери (како нивни бонус за утрешно административно учипуење) з'ш ако таму на Луѓе им е досадно ил се изгладнети пак в Град ќе хараат по сендвич дневница!, и нормал ако вака е димензионирано нивното збринување, тогај ќе останат у ендек само зависници а нив нормал Рурални Комуни ќе им се најдат како чек енд баланс додека не застанат на нозе и сами не биднат подобни за Балирана Барака в таква населба ... само гледајте сетне да не ја затерате како Лима та да почнете ѕидои да кревате меѓу населби [1][1][1] значи не е идејата да ги сегрегирате и гетоизирате вашите бездомни сограѓани туку како да им осигурате основен нормален живот што доколку се оди со скапи цврсти градби како во Момин Поток ќе биде скапо и споро ко на ниво со Социјални Згради [2] туку треба нешто ефтино и брзо за репарација бидејќи таквите Бараки би биле привремен објект и привремено место за живеење та поисплатлива опција од балирана слама како исполна ем изолација здравје!, реално истава опција може да се искористи и за Фриленс Мигранти но наместо по градои пр. Мариово [3] но ето зајкоАлајк удбалитичари а заради европски цуцли дури и во Ново Лисиче сакаа/ат да ви ги дотоварат!, да епоиронично ние за свои бездомни сограѓани не се заараме да подадеме рака а не пак за мигранти!, ела некој нека посочи за наш џеб долгорочно поефектевно а природно решение!

    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3887
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 29-Aug-2023 at 15:25

    1. последниот прв фус во последниот пасус е за да се замислите за скорешните светски економски промени та и со време да стандардизирате балирана слама за изградба!

    2. исто уба кост~бенифит фора за такви ЛРТ Кочии би била истите да се ползуваат и од Велоипедисти со станици до урбани вело автопати кои би конектирале пр. места ко Катланово итн. а зошто не би одело и локално карго така ...

    3. a заборавив ко онтопик да додадам треба веројатно и закон за конфискување на одредено време запуштени објекти низ Скопје особено во метро урбаниот реон како не би се чудел цел свет како е можно руини да стојат запуштени и сред центар!, мислам ако сакате осигуран туризам во метрополава!, доволно е истите да се спакуваат и во рекламни церади а тоа ќе им биде кураж и за сопствениците соодветно да интервенираат доколку не сакаат градот или општините тоа а во своја полза да го чинат на одредено време т.е. додека сопственикот не си спастри објектот ко што личи за урбана средина!, и би можел на темава да верглам во недоглед, но се додека Град Скопје не отвори свој ефорум и видиме континуирана експертска јавна дебата сето ова тука на Народен еФорум ќе бидне на ниво на сеир или пак фрустреишн наместо идеа бин, а така потака од понадвор мотивација нигде другде не може да се дотера!
    Back to Top
    stef4o View Drop Down
    Moderator Group
    Moderator Group
    Avatar

    Joined: 20-Oct-2015
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 20168
      Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 10-Sep-2023 at 11:09
    РУИНИРАНИ И НАПУШТЕНИ КУЌИ, ОПАСНОСТ ПО ОКОЛИНАТА ВО ВЕЛЕС



    Во повеќе случаи, соседи реагираат на стари куќи во Велес, кои се опасност и по нив, но и по минувачите. Реакциите се дека стари куќите се заборавени од нивните сопственици, наследници, кои не се грижат па тие се руинирани и во фаза на паѓање. Така постои можност да паднат во дворот на соседите, на улица, и да предизвикаат штета, но и повреди по луѓето.

    „Куќата на соседите е во толку лоша состојба,. што секој момент може да падне во дворот кај нас. Се обидувавме преку општина да го решиме проблемот, оти наследниците никаде ги нема, но безуспешно. А опасност е присутна“, вели велешанец кој повеќе од две години се судрува со овој проблем.



    Од локалната власт на поставено прашање велат дека тие постапуваат во согласност со законските прописи.

    „Локалната власт ги пронаоѓа сопствениците на старата куќа и ги известува дека се одговорни за отстранување на стариот објект инаку сите штети направени од таа постапка треба да се на товар на сопствениците на објектот“, велат од Општина Велес.

    Идентична е постапката и кога парчиња од фасади паѓаат од станбени згради на тротоарот, што се случува во централното градско подрачја, па сопствениците се задолжени да ја санираат фасадата, оти во спротивно тие ги сносат последиците од евентуалните штети во следен таков случај.

    Останува примерот од пред осум години кога локалната власт ја купи куќата која беше во фаза на паѓање, лоцирана на свиокот од улицата каде е лоцирана спомен куќата на Кочо Рацин. Тука сега има мурали на Тоше Проевски и Кочо Рацин.

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ruinirani-i-napushteni-kuki-opasnost-po-okolinata-vo-veles/
    Carpe diem
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3887
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 10-Sep-2023 at 15:56
    супер, алајк известувањава придонесуваат до што!?, мислам кој аир од верглање во место?, бар да ја гураше некој работа па и да завозиме до некое чаре!, вака само може да провергламе од апатија и ништо друго!, рипит рипит рипинг рипинг репете репете и нормално рамнодушност посетне стрефуе безидејноста и на новинарите ко јавен мегафон и на одговорните ко итервјуирани!, уште понормал бидејќи забораиле да ги мотивираат на константна експертска јавна дебата надлежните дали по невладини илити институционални еФоруми (да се надеваме не во другио век) нека ми каже некој како поинаку да стигнеме до целисходни а ефективни ем брзи решенија кои капак систем за Аир на Сите ќе може да ги спроведе, синкир агитпроповски ко до сега по телевизии или собраниски говорници аир видовте!?, хм може и така нешто ќе биднеше, но ксмет да се плашат удбалитичари и саглам аграрна земјiшна реформа да пуштат а не пак антиризична урбано сопственичка регулација бидејќи најнормал така рискираат рејтинг кој може следен мандат да ги чини та си ја тераат турни ме да кинисам со клај приклај решенија дури и жива кал сите заглаиле з'ш кога праи некој удбалитичарски експерт копи пасте и ви товари европејски шеми заборава дека кај нас истите заради икс причини се неспроведливи, преди се' бидејќи Народ е и' сиромашен (освен фејкбуковски очајно безидеен) та логично и неможеш да го дресираш преку арач пенологија заради импровизирање аљкавост или запуштеност!, камо да се сетеа дека се' се може но ако и само ако на Ачик ((а Во Од) значи на некој тематски експертски еФорум) ко за во овој век) такви шеми се пеглани и пред да станат ефективно општонародно чаре за се' што ни ет од архитектура и урбанизам касапана за некој по грешка и да не бидне искасапен ако се решил да сквотира во руинирани објекти!, кај кој да тужат ближните ако и понадвор в таков објект некој биднал сардисан!?, имаше Бездомник порано падна во лифтовско окно на то карабината на Лотарија и в сред Центар (се лизнал на спиење) та дали некого од ближните бидејќи заради државна небрежност беше утешен со некаква обештета што и заминале две раце екстра од нивната микроекономска средина!?, можеби дегутантна споредба но според постојниве аршини ќе ти одбрусат што мајка барал да се пика в туѓи дворои!, и ќе згрешат бидејќи Народ ќе си се вади на иста фора, нормал тужи ме ако и кога ќе бидне штета!, мислам на оној комшијата кој стравуе да не му се слизне наглаа комшиски некоја камена циста!

    чаре хм не сун експер но ко полупсимен ќе речам ако копи пасте им ет и на други слични нанас пр. ко јапонци та убо е да видиме како тие излегуваат накрај со препишувачка математика!, иако ја би рекол ние имаме и поголем гајрет ко аморе мио сиромаштво та треба да извадиме свој ноухау (или да си копираме афрички та бар така да олабаиме стравоите ем метросекуалните помодарштини бидејќи многу што е само грдо а нам ни одма до хилта решение) а доколку сакаме долгорочно чаре за ваков гајрет!, пр. додека сопствениците не се стокмат да реинвестираат та бар на некое време да им се плени објекто и потстегне за на сиромашни привремено даде или на туристи издава, било тоа за рурални реемигранти или рурални туристи илити слични градски категории, е тоа веќе има логика да бидне ко некаква повратна народна интервенција збрчено турбо!, бар на Млади да им се препуштаат ако се може ко локални гајби од привремени културни домои (наместо и тие ко нас порано по тревници и тротоари) да тераат уметничко-занаетчиски работилници!, бар со ќеиф ќе ги шараат ем инсталации тераат та додека си дојде стопано на место бар да не им грди Маало а некаде и епицентар на Град!, но ајт ние револуционерно ноухау вадиме само за на улица но не и по закони, та бар да се поучуваме и од туѓи искуства ко воа јапонско-францускиве!
    ...
    "Japan's Real Property Registration Law was modeled after France," Yoshihara said in an email, further explaining that the basic intent is to protect ownership from illegitimate third-party claims.

    But while France has stringent inheritance procedures, "in Japan there has been no strict system to foster inheritance registration which led to the current problem of land registrations remaining in the name of the deceased for a long period of time," Yoshihara said.

    Japan's lax property laws have created more problems than just empty houses. Until recently, local municipalities that wanted to tear down an unregistered building, either because it had become a hazard or for a public works project, were not able to take action until all living heirs had been contacted. Depending on how long the property had been left empty, living heirs could mean grandchildren or great grandchildren, who could be living elsewhere in the country or even abroad.

    Lacking the resources to go on expensive wild goose chases, most municipalities ended up leaving the abandoned properties to the elements, often tying up redevelopment projects for years.
    ...
    https://asia.nikkei.com/Life-Arts/Life/As-Japan-s-empty-homes-multiply-its-laws-are-slowly-catching-up

    The number of vacant houses not serving a residential purpose has almost doubled during the past two decades, to nearly 3.5 million in 2018, according to an official housing survey, with the figure expected to reach 4.7 million in 2030. The government says these akiya, disused houses, could cause security and sanitary problems as they decay. [...] The proposed bill to amend the law -- approved by the cabinet in March and currently under Diet deliberation -- is expected to give authorities stronger control. Vacant houses usually gain a property tax reduction because they are still considered housing lots. But the amendment would eliminate the reduction for unkempt akiya, even if they are not specified as risky buildings. As a consequence, an owner's taxes on such properties could jump sixfold, according to the Ministry of Land, Infrastructure, Transport and Tourism.
    ...
    https://jref.com/threads/japan-to-tighten-laws-against-abandoned-houses.538852/
    овие и за хигиена ќе ги таманеле, но за сега и до сега ни од блиску тоа од рака не им пошло [1] мислиш ќе им пројде сега!?, тнка работа освен ако суд не им даде статус на жив организам та заради небрежност да им ги конфискуваат откако им стокмат дури и дворо (нели јапонци биле па на се' гледале) а бидејќи немале одма да подмират системската стандардизација нели бар привремено додека си дојдат на себе да им конфискуваат имото и (ко што велам) дадат или рентаат на друг!, логично доколку таквите друг дом имаат или се понадвор илити камата на камата заради аљкавост си изгубиле правото ... а сетне ако сакаат и тие нека застанат во редо за урбана или рурална државна гајба! (ова од спунт а во костец абериве дополна на мојана досетка од пасусо погоре) и ајт некому ет дедоина да и немал ама бар се трудел некако да ја очува ама ја забораил запустил та кои чифтијани да не сака ни да ја изрента макар и беспари та на сиромашни да им потпомогне бидејќи си имал сто куќи а ја чувал локација за некој иден градежен бум или бонус цени за лицитирање плацои!?, бар да покаже и малку осет за своите поранешни комшии та ако не го руши објект бар во рекламни или пејсажни платна да мора да го смота, а ако веќе и такво нешто не сака да одржува да му ја подземе општина на некое време пр. една деценија ... хм да не рече некој ова е добра идеја ура!, никако!, барајте широка јавна тематска експертска дебата 24/7 а не копипасте експерти зад затворени врати да ви запржуваат недоносеност илити ко мене полуписмени нивната аљкавост низ оштроумни заушки да ви ја товари како инстант чаре без компромис!
    The plan is for the tax change to spur owners to fix the properties or tear them down.

    Under the law, a house deemed a “specified vacant home” has the potential to collapse and is hazardous in terms of hygiene. These homes can be excluded from the tax credit system under the vacant houses special measures law if owners fail to manage them adequately, despite warnings by local authorities.

    Tokyo’s Setagaya Ward, which is known to contain toney neighborhoods, has 50,000 unoccupied dwellings, the most in the nation.

    Setagaya officials have been trying to locate the owners to ask them to dismantle or sell the homes.
    ...
    https://www.asahi.com/ajw/articles/14815634

    плус и тие си имаат гајрет ко нас да на урбани визури не им се замараат но бар имаат осет каква фракталност каде помиуне, а дури и комшијата да нема кабает или од немукает забораил сложно маалџиски му китат параспуро со саксии жардињери графити или пак реклами!, претпоставувам закон за то немаат а оди чуди се колку и најневозможните визури убаи им се!, саде и за това закон да дојсат не се акмаци ко воа нашве удбалитичари за се' закон да ни приклаат а да немет механизам кој ќе го спроведе!?, нек не се лутат кога ги кудам знам не им ет лесно да глумат посинети вонаби европеи но морам да ги потапшам за да сконтаат дека вака веќе неоит!, оти от премногу товарвање на Дорчо калеш дончо на крај ќе си остани и без дисаѓи освен Коњо!
    ...
    Also, most buyers get only one shot, because a home purchase is typically a once-in-a-lifetime event—usually facilitated via an extremely low-interest mortgage, thanks to a deflationary economy—so owners throw everything at it.

    Gifted this incentivized clientele, Japanese architects are the envy of their global peers. “There are no design review boards,” says Tossani, and “no requirement to have architecture judged by the community. The creative freedom is tremendous.” Neighbors never object to designs for “very unusual homes,” says Dana Buntrock, professor of architecture at UC Berkeley, because they are considered temporary structures. “The value of the adjacent houses is not affected because of built-in obsolescence,” she says. “They do not last.”
    ...
    https://robbreport.com/shelter/home-design/japanese-homes-are-ephemeral-facing-demolition-just-22-years-in-heres-why-1234608438/



    Edited by beTon - 10-Sep-2023 at 16:01
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3887
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 12-Sep-2023 at 18:06

    Мотивација Плус за вакво думање околу напуштените објекти е и ПогрешнатаСоцијалнаПолитика за вдомување сомлени во дадена центрифуга [1] Скопје дури и екстра привлечна заради икс'зорт'ксмет [2] а каде геотизирање дури и на некомпатибл слоеви по дифолт вади дури и' килаво гето!, а особено во денешни околности каде ни на комшија нема д му чукнеш на варата за грст шекер или сол бидејќи нормал в гето тоа денес значи ризик да отвориш врата и некој да ти заседне по дома на некој период ако не цела година!, почекајте да збрчат тро рестрикции за струја или вода та видите здушуење на стероиди меѓу Луѓе кои претходно не сакале ни да се навидат, а колку и како ќе треба посетне да се изрегулираат односно кој како ќе ги регулира!, та бар во една вертикала од онакви ко на првио фус соц.згради да населуваат во МВР учипени!, зато треба ако ништо друго бар етничка гетоизација та малу од малу геотизираните на соживот да се натерани!, него ко сега на погрешна ниЗдравоКомшо стандардизација!, не дека ет уба работа сегрегација ама дефинитивно погрешна гетоизација ет уште побетер!, реално треба да постои систем на привремено домување за социјални случаи т.е. се почне од едно ниво а како кој успева да се осамостои да шалта на повисоко ниво!, дефакто Комуна за грото треба да е почетно ниво како поактивно ко Комшии би се помагале, дали во урбани или рурални станарски единици баш ко што било некогаш пр. Егејци в Мичурин ем со заеднички Перални (пази капак удбашка оштроумност одма донив цел ред џандарски комиблокои - редот одма на ул. Македонска некогаш денес ул. Симеон Кавракиров, нали тогај сигинт пратња одела пазачки од балкони и прозори!, таман за да си знаат дали то егејците оро играат или пак спремаат преврат на то титоистите кои им секнале болшевичките пратки оружје в грчката граѓанска војна!)

    ... но (бекТУонтопик) поубо ќе биде државата да инвестира во вакви полураспаднати објекти та и на некое време локални сомлени да здоми ем ден потоа (пр. една деценија) на стопано кој неможел дедоина да си опраи да му врати распаднатото ко стегнато!, на страна што на многу Фамилии пред и да завршат на улица може и треба да им се помага да си потстегнат куќата ако сами неможат а заради што и беспари си распродаваат дедоина пред скроз да пропадне што логичне секаде низ свет само што кај нас нема кој ни тоа да им го купи [3] но доколку има во секое наСелбе ДомНаМлади со пристојни столарски ил браварски работилници во општинско/градска копродукција каде би се подучувале локални гето херои да станат занатски виртуози, така дефакто Многу од оние кои од немукает стасале до лабава градба да им се посреќит и со минимум максимум комшиски да им се помогне да не завршат на улица!, ем идеален момент за секој урбан реемигрант од понадвор кого таму го сомлела некоја печалбарлук центрифуга та и да му се испустила тука дедоина да си се прибере пак в својта околија во некој од државата опраен полураспаднат објект!, бидејќи пологично е дури и неможат прво колено локалпатриоти да му поможат на таквио бар бидејќи меѓу свои би се социјализирал та од досада да не му блика погрешна гето инвентивност!

    Some cities have pursued strategies to promote reuse of vacant property. In Cleveland and Youngstown, Ohio, collaborative public-private efforts have combined strategic demolition with rehabilitation to make refurbished homes available to new buyers at affordable prices. Baltimore uses receivership to place vacant properties in the hands of for-profit and nonprofit developers in targeted areas with market potential, putting 1,300 units back to use since 2010. [1]

    ето дури и америте контаат дека може да се обновува, само што не си дозволуваат такви социјални пакети бидејќи од цена на недвижности ем градежна индустрија им зависи озбилно центрифуга!, кај нас пак от таквата шема аир имаат само грст безидејни инвеститори кои наместо да думаат за производствен погон ем извосз најлесно им ет да спотераат безидејноста и на стероиди во петпарачки комиблокои а кои ко нови се дамбетер понебезбедни или изолирани и од она титоистичките комиблокои во '80-ти каде бар не се штедело на бетон та ако не друго немораш да да си ги евидентираш комшии кога им ет стандард за посета понадвор!, а ако не друго ваква реформа ќе им ги урниса вештачки нампупаните цени за квадрати или ренти, та Народ бар малку од малку да подздивни!, и ќе разберев цена за рентање некакви 30 квадрати да ет 50 евра ама 200 бидејќи им се може е тоа небива!, само за втор стан што не им ет на оглас даден да мора дупло комуналии ем дупло паркинг да плаќа ИЛИ да го извади на берза за рентање недвижности Tа цени ќе се нормализираат, по што јасно во сета оваа бетонска џунгла ќе има токму место за сите!, ама вака како што е сега дури и оние кои можат под кирија некаде да се приберат не им се исплати та импровизираат и така ризикуваат Здравје а како би им останало нешто повеќе за социјализација а неретко и само за нормал количина гардероба од бувљак да освежуваат илити во фрижидер и мевце да подзамрзнат за в зима!


    Edited by beTon - 12-Sep-2023 at 18:07
    Back to Top
     Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>

    Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



    This page was generated in 0.227 seconds.

    Copyright ©2007 - 2024  build.mk

    Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.