build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска чаршија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 11-Oct-2010 at 17:08


Uploaded with ImageShack.us
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 11-Oct-2010 at 17:25

Sekoj pat koga ke go vidam Bit pazar crevata mi se prevrtuvaat ahhhhhhh Puke

...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 11-Oct-2010 at 17:30
Da i kaj mene, ovaj del e GRDOTIJA!Pominav tamu vo cair od starata carsija do klucka bit pazar!
LELE LAVIRINT!!! ulicite odea do pola posle doagase neja kukja, ili nekade nekoj pravec nema kraj!!!!!CUDNO!!
PS:Ako moze nekoj neka ja slika aresta dzamija, do pola izgradena bese, no mi snema bateria da ja slikam!!
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 14-Oct-2010 at 03:02

Imase otvoren forum za starata skopska charshija, i gradonachalnikot na Skopje Koce Trajanovski rece deka ke se pravelo celosna iluminacija na Skopskata Charshija, isto taka rekoa deka ke ima i informativen centar vo pocetokot na Charshijata kako sto spomna Ministerkata za Kultura Elizabeta Kancheska Milevska.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12400
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 19-Oct-2010 at 19:18
Еве да ја регистрираме и 8495274523041745-та најава за контролиран влез на возила во чаршијата

СЕ ЧЕКА НА ЗАШТИТНИ СТОЛБОВИ
Низ Старата чаршија и натаму со автомобили

Се уште ги нема долгонајавуваните заштитни столпчиња, кои надлежните требаше да ги постават на сите влезови во Старата чаршија. И покрај сите напори да се спречи сообраќајот низ Чаршијата, состојбата е и понатаму иста, односно низ уличките се возат автомобили. Од Општина Чаир, пак, велат дека многу скоро ќе се постават рампи, со кои ќе се спречи движењето на возилата. - Освен за специјални возила, како што се од полиција, Итна медицинска помош или, пак, противпожарно возило, за други возила сообраќајот ќе биде забранет - изјави Авни Кавала, портпарол на Општина Чаир. Според него, финансирањето на овие „рампи“ на сите влезови во Чаршијата, ќе биде од општинската каса. Меѓутоа, точна информација за тоа кога конечно столпчињата ќе се постават, не добивме. Од секторот за сообраќај на Град Скопје велат дека насекаде во Чаршијата има поставено сообраќајна сигнализација, според која треба да се водат сите возачи. - Насекаде има поставено знаци дека сообраќајот е забранет во Чаршијата, и не знам зошто се вози по тие улички - изјави Јован Христовски од секторот за сообраќај. 

Д.Т.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2148&ArticleID=150340
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12400
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 02-Nov-2010 at 18:46
Посебен ДУП за Старата чаршија
 
Поради специфичноста на локацијата каде што се наоѓа Старата чаршија, како и поради фактот дека таа е лоцирана на границата меѓу општините Центар и Чаир, ќе се менува Законот за Старата чаршија. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска смета дека е најдобро за овој локалитет да се направи посебен детален урбанистички план  

 
%20  
- Со донесувањето на еден ДУП за целата чаршија интегрално ќе се разработат сите аспекти поврзани со заштитата на ова културно наследство - смета министерката Канческа-Милевска.

За прецизно утврдување на заштитните мерки што ќе се применуваат за секој поединечен објект, блоковите и отворените површини во Старата чаршија се предлага во заштитно конзерваторските основи да бидат сите дозволени и рестриктивни мерки за недвижното културно наследство. Според Милевска, ваквиот пристап ќе им овозможи на сите заинтересирани во секој момент да добијат релевантни податоци за објектите во чаршијата.

 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112101018126&id=14&prilog=0&setIzdanie=22122


Edited by Cloverstack - 02-Nov-2010 at 18:46
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 18-May-2011 at 14:28
Mnogu ubavi stolbovi, avtomatski se CheersCheers
http://sitel.com.mk/video/makedonija/skopskata-charshija-zatvorena-za-vozila
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 20-May-2011 at 16:59

Keep on running

Фотограф: Марио Давчевски
Прва награда на натпреварот за фотографија во организација на фондацијата „Претприемачки сервис за млади“.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 02-Jun-2011 at 00:52
Се гради мини-плоштад пред Старата чаршија



За еден месец ќе заврши изградбата на мини-плоштадот на влезот на Скопската стара чаршија, најавија општинарите од Чаир откако вчера ги почнаа градежните работи. Се работи за локацијата кај аптеката „Зегин“, каде што се наоѓаат и некои од тезгите на Бит-пазар.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека тој ќе се протега на површина од 600 квадратни метри, а ќе бидат поставени клупи, канделабри, канти за отпадоци, чешми за вода, жардиниери и столпчиња за негово оградување. Проектот, како што објасни, е во соработка со здруженијата „Еснаф“ и „Просперитети“. Ќе биде именуван како Порта или Пеливан, најави Меџити.

За подлога на плоштадот ќе биде искористена старата калдрма, а претходно ќе бидат пополнети нерамнините. Додека траат градежните активности, мал број од тезгите на пазарот ќе бидат дислоцирани. Цената на зафатот, според општинарите, е 1,5 милион денари.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AF8673438D36EE40900954B00CC95001
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 02-Jun-2011 at 13:12
Kade e tocnata lokacija, nikako da se snajdam...
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 02-Jun-2011 at 13:22
Каде што е баш пеливан слаткарницата, тука има еден мал паркинг, и неколку луге што продаваат цигари, мислам дека ова локација е добра, али погрешна бидејки ке се претвори во хаос плоштадот, иако се чисти секој ден сепак тоа место е прљаво кога и да поминеш, прво треба да се воспостави ред помегу поминувачите,купувачите, и продавачите, потоа да се забрани влез на тој простор, па потоа плоштад, и да се огради и да има посебен влез пазарот ,од плоштадот.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 02-Jun-2011 at 15:06
Sega na toj mini plostad odma ke dojdat so kartonski kutii ili masicki za prodavanje,i od plostad ke si naravat pazarce
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 02-Jun-2011 at 17:38
Па тоа и јас го кажав хехе.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 03-Jun-2011 at 10:14
Render od maliot Plostad vo starata carsija



Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 13-Jul-2011 at 10:39
Заглави изградбата на мини-плоштадот на Бит-пазар



Од Општина Чаир уверуваат дека градежните работи ќе завршат за две-три недели

Рокот за изградба помина, а од плоштадот што се гради пред влезот на Старата чаршија с` уште нема ништо. На терен се гледаат само купишта земја и раскопани дупки, кои така стојат цел месец и ја нагрдуваат околината. Работите почнаа на почетокот на јуни, но Општина Чаир с` уште не успеа да ја совлада површината од 600 квадрати, колку што треба да се поплочат за да се оформи плоштадот.

Надлежните велат дека рокот за изградба се пролонгирал поради поставување електрична инсталација.

- Копаме дупки за инсталирање на електричната мрежа и за спроведување водовод. Очекуваме во наредниве денови тоа да се заврши, а потоа ќе почнеме со редење на коцките од калдрмата и со поставување на останатите реквизити на плоштадот - изјави портпаролот на Општина Чаир, Авни Калаба.

Според него, целиот зафат треба да се заврши за две-три недели. Плоштадот се гради на просторот пред и околу портата што Општината ја изгради како влез во Чаршијата. Ќе биде опремен со клупи, канделабри, канти за отпадоци, чешми за вода, жардиниери и столпчиња што ќе го чуваат од автомобили. Ќе се вика „Порта“ или „Пеливан“.

Уредувањето на овој плоштад може значително да ја подобри сликата пред влезот во Чаршијата, каде што сега владее вистински хаос од паркирани автомобили и продавачи кои на картонски кутии продаваат секаков вид стока. Од Општина Чаир засега нема најави дали ќе преземат некакви мерки да не се нарушува изгледот на мини-плоштадот откако ќе биде уреден.

Инаку, Општина Чаир во минатата година го уреди платото пред стоковната куќа „Мост“, од другата страна на Чаршијата, каде што ги замени старите плочки. И таму градежните работи заглавија подолго време оти Општината имаше проблеми со набавката на материјалите, па со изведувачите ~ требаше цела година додека заврши уредувањето.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A823C382E1EEF344BB8EA647842D02FF
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 15-Sep-2011 at 22:34
Чаршијата го напушта средниот век, ќе добие осветлување

Градската управа и општината Чаир веќе се во преговори за заедничко улично осветлување. Потребната цена за проектот изнесува 30 милиони денари, од кои половина ќе ги даде градот, а половина општината



Осветлени ќе бидат Битпазарска и споредните улички

По многу години поминати во мрак, уште од „мрачниот среден век“ (кога е изградена), Старата скопска чаршија конечно ќе има виделина и среде ноќ. Градската управа и општината Чаир веќе се во преговори за заедничко улично осветлување.

Потребната цена за изградба на осветлувањето изнесува 30 милиони денари, од кои половина ќе ги даде градот, а половина општината.

- Старата скопска чаршија претставува значајно обележје на Скопје. Во неа се испреплетени обичаите на голем број народи, разни периоди од минатото, начинот на живеење на повеќе различни религии. Заради тоа, чаршијата претставува задолжителна дестинација на речиси сите туристи и посетители на главниот град, со што се отвора можност за остварување на неопходните приходи за живот на големиот број дуќанџии што работат на нејзината територија. Од друга страна, во неа успеале да опстојат некои ретки занаети, кои во последно време се во изумирање, но заради специфичноста на чаршијата сé уште егзистираат - стои во образложението на градската управа.

Оттаму велат дека токму слабото осветлување на сокаците е една од главните причини поради што чаршијата е слабо посетена во вечерните часови.

- Голем дел од осветлувањето, кое е поставено пред петнаесетина години, воопшто не функционира. Поради тоа, туристите ја избегнуваат чаршијата во вечерните часови, дуќанџиите затвораат пред стемнување, младите не ја користат како место за забава, се организираат сé помалку културни манифестации - додаваат од градската управа.

Со години Старата чаршија во ноќните часови е во мрак поради тоа што нема никакво улично осветлување. И покрај тоа што речиси од пред две години таму се отворија голем број кафулиња и што чаршијата стана едно од најпосакуваните места за ноќни излегувања, единствено осветлување што го имаше досега беше од тамошните дуќанчиња. И дуќанџиите се жалеа дека сакаат осветлување поради тоа што има многу мрачни улички, па поради тоа граѓаните избегнувале да ги посетуваат.

Проектот за осветлување, во согласност со Законот за Старата скопска чаршија, е одобрен од Конзерваторскиот центар–Скопје, а добиена е и позитивна ревизија од аспект на електротехничките и светлотехничките стандарди и нормативи.

Од општината Чаир, пак, велат дека нема да биде осветлена само главната улица Битпазарска, туку ќе се обидат да ги осветлат и споредните улички.

- Ние се бориме да ја осветлиме целата чаршија - вели портпаролот Авни Калаба.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=915111039413&id=14&setIzdanie=22381
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 12-Mar-2012 at 22:57

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити и претседателот на Здружението на граѓани „Еснаф“, Мухедин Брава, денеска /12.03.2012 година/ присуствуваа на почетокот на градежните работи за  реконструкција и адаптација на уличното осветлување во Старата скопка  чаршија.

- Реконструкцијата и адаптацијата на осветлувањето на Стара скопска чаршија ќе  се изведува  согласно со проект изработен од „Блаком“ Скопје, за што се предвидени 24.799.789,50 денари, а согласно  со Одлуката за Советот на Град Скопје за воспоставување соработка меѓу Град Скопје и општина Чаир, трошоците за реализацијата во висина од 50% ги презема Град Скопје, а 50% општина Чаир. Со реализацијата на овој проект,  во којшто ќе се постават 250 столбови со  472 нови алуминиумски декоративни фенери со флуоресцентни штедливи светилки од 60W, чаршијата ќе биде целосно осветлена што ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните и за нејзино заживување- истакна градоначалникот Трајановски.

Овој проект предвидува фенерите да се постават  на 57 декоративни лиени железни тросегментни столбови со висина 3,4 метри, со по 3 фенери, 67 декоративни лиени железни тросегментни столбови со висина 3,4 метри со по 2 фенери, 19 декоративни лиени железни тросегментни столбови со висина 3,4 метри со по 1 фенер, 26 декоративни лиени железни тросегментни столбови со висина 2,95 метри со по 1 фенер и 49 декоративни лиени железни едносегментни столбови со висина 4,5 метри со по 2 фенери. Дел од фенерите, односно 77 ќе бидат поставени на фасадите на декоративни ѕидни конзоли.

Со реконструкцијата ќе бидат опфатени улиците Битпазарска, Дрварска, Покриена чаршија, Градиште, Лазар Танев, Подграѓе, Јорганџиска, Макарија Фрчковски, Казанџиска, 694, Ќурчиска, Евлија Челебија, 412, папуџиска, Петар Михов, Теодосиј Гологанов, Ковачка и Самарџиска.

Изведувач на работите, согласно со потпишаниот договор по спроведена законска постапка согласно со Законот за јавни набавки, е групата на понудувачи  „Инженеринг ДАСС“, „Гранит електрика“, „Макпримат“, и „АДРА“, а рокот предвиден за изведба на работите изнесува 90 работни дена.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4876&mid=482&tabId=&tabindex=0
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 30-Mar-2012 at 05:06
Look how clean and neat Sarajevo's charshija is. Why can't the same happen in Skopje?



Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 26-Aug-2012 at 01:19
ФОТО: Блесна Старата скопска чаршија
Сабота, 25 Август 2012 13:47

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска, министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, вчеравечер го промовираа новото улично осветлување во Старата скопска чаршија.

- Со проектот за реконструкција и адаптацијата на осветлувањето во Чаршијата се опфатени 19 улици, на коишто се поставени вкупно 462 алуминиумски декоративни фенери со четири пескарени стакла со флуоресцентна штедлива светилка од 60W. Канделабрите се поставени на 158 декоративни лиени тросегментни столбови и на 84 ѕидни конзоли на коишто е поставен по 1 фенер. За поврзување на столбовите поставен е електричен кабел во должина од 4.200 метри, а за напојување со електрична енергија на новите светилки   поставени се и 5 нови разводни ормари. Работите за реконструкција на осветлувањето во Стара чаршија беа изведени од групата изведувачи „Макпримат“ Скопје „Инженеринг Дасс“ Охрид, „Гранит електрика“ Скопје и „Адра“ Скопје. За реализација на овој проект се вложени околу 30 милиони денари, а трошоците во висина од 50 насто ги обезбеди Градот Скопје, а 50 насто општината Чаир. Со реализацијата на овој проект се целосно осветлени сите улици што ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните и за заживување на Чаршијата, а Градот Скопје со таа цел и дел од своите проекти ги реализира во Чаршијата, како Ликовна колонија, Звуците на чаршијата, дел од програмата на Бела ноќ, како и други манифестации коишто придонесуваат за нејзина ревитализација - истакна градоначалникот Трајановски.

Со овој проект се осветлени улиците Битпазарска, Дрварска, Покриена чаршија, Градиште, Лазар Танев, Подграѓе, Јорганџиска, Макарија Фрчковски, Казанџиска, 694, Ќурчиска, Евлија Челебија, 412, Папуџиска, Петар Михов, Теодосиј Гологанов, Ковачка и Самарџиска.

Низ улиците на чаршијата се поставени вкупно 158 декоративни лиени тросегментни столбови, од коишто 57 со висина од 3,4 метри со 3 конзоли, 67 со висина од 3,4 метри и 2 конзоли, 16 со висина од 3,4 метри и 1 конзола, 22 со висина од 2,95 метри за поставување на 1 фенер и 45 столба со висина од 4,5 метри за поставување на челични сајли, односно вкупно 207 столбови. Поставени се и 84 ѕидни конзоли на коишто е поставен по 1 фенер.

Старото градско јадро сега е целосно осветлено што ќе придонесе за враќање на нејзиниот автентичен сјај, за поголема безбедност на граѓаните и за заживување на Чаршијата.
http://kurir.mk/republika/skopje/82394-FOTO-Blesna-Starata-skopska-carsija
Back to Top
TIM View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Aug-2012
Location: Debar
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote TIM Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 26-Aug-2012 at 17:15
Originally posted by lupo

Sekoj pat koga ke go vidam Bit pazar crevata mi se prevrtuvaat ahhhhhhh Puke



Pa ne treba da ti se prevrtuvaat crevata posto Bit pazar e avtenticna po svojata funksija, ne moze da bide high tech i mene bas mi se dopagja guzvata tamu i proizvodite, a i samata carsija e pogolema poste taa vo Istanbul, a se soglasuvam deka treba renoviranje i odrzuvanje no ne da se menuvaa ili dodava nesto sto ne bilo porano.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.215 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.