build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Проблем со запрежни коли
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со запрежни коли

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 07-Jul-2011 at 00:37
Единствено ме радува фактот дека ова доаѓа од Вечер, кој има голем импакт кај владејачката опција. Друго што ме напиња е што тој што се смее старецот, заработува сасвим доволно да купи еден мотор за да собира хартија. Ја не сум против собирањето, мора и тоа некој да го прави, но не со коњ, а и не во Центар. Аеродромец сум, ама Центар е репрезент, Центар е место каде сите од врвот се лупаат у гради да донесат туристи, за што, за да видат измет и мочање на коњ на фамозно реновираните улици. Изгледа ја сум ретка будала у ова општество што смета дека средени тротоари и без запрежни коли низ цел град се првите чекори кон потенцијално станување метропола. А и изгледа едини се напињам за ова. Битно иаме нешто друго, "поприоритетно."
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 07-Jul-2011 at 00:44
Како на пример кошни со (исушено) цвеќе по бандерите во Центар
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 07-Jul-2011 at 08:02

Во метрополата уште возат запрежни коли

Коњските коли го кочат сообраќајот, предизвикуваат несреќи и расфрлаат многу ѓубре на градските улици

Бојан Шашевски



Летниот период и високите температури повторно донесоа едно чудо запрежни коли на градските улици. Граѓаните секојдневно налетуваат на кочии со дрвени или лимени запреги поставени на нефункционални и искршени тркала, кои, главно, се влечени од разјарени и измачувани коњи. Ваквите „градски каубои“ упорно ја закочуваат циркулацијата на автомобили, неретко предизвикуваат сообраќајни несреќи, а многу често по уличниот асфалт пренесуваат, но и безрезервно расфрлаат ѓубре, пластика, хартии, железарија, па и апарати за домаќинство.

Граѓаните се револтирани и бараат целосна забрана за нивно движење на коловозите и на тротоарите. Освен што не ја почитуваат сообраќајната сигнализација и се „паркираат“ на недозволиви локации, многу од граѓаните сметаат дека запрежните коли даваат грда слика за животот во централното градско подрачје.

„За жал, за нас е вообичаено да гледаме добиток и коњски коли во урбаните средини. Но, странците се вџашени кога ќе забележат претепан или осакатен коњ како влече полураспадната запрега натоварена со малолетници и купишта смет на неа. Срамота се таквите белези за една метропола. Секако, не зборувам за функционални кочии што би биле направени од соодветен материјал, со естетски изглед, опрема и коџијаш на кои со мерак ќе можеме да се возиме и да правиме тури низ градот. Наместо тоа, константно гледаме демолирани запреги, кои се опасни за сообраќајот и единствено им се од полза на препродавачите на старо железо и пластични амбалажи“, рече Марија Јордановска од населбата Центар. Од друга страна, пак, Јордановска смета дека градските власти мора што поскоро да изнајдат решение околу ваквите продавачи, кои, иако прават збрки во сообраќајот, всушност, се едни од најкорисните собирачи и транспортери на непотребен и отпаден материјал.

Од МВР велат дека сообраќајната полиција постојано врши надзор и ги казнува управувачите на запрежните коли што создаваат метеж на фреквентните улици и булевари низ централното градско подрачје. Оттаму потенцираат дека согласно со Законот за сообраќај, следуваат казни од 25 евра за постапување спротивно на сообраќајната сигнализација.

„Доколку ги затечеме на самото место, на пример, на некој прометен коловоз, може веднаш да им пишеме казни на управувачите на запрежните коли. Ваквите запреги обично се појавуваат во летните месеци. Но, иако постојано ги опоменуваме и ги казнуваме, тие пак си тераат по свое“, вели Лиза Бендевска, портпаролка во СВР. Бендевска посочува дека не постојат официјални, стриктно определени места каде е дозволено движење на запрежните коли.

„Иако е забрането поминување на ваквите транспортни средства низ урбаните сообраќајници и полицијата ги санкционира доколку пречат во одвивањето на сообраќајот, сепак, нема пишани правила каде точно би требало да се движат тие“, вели Бендевска.

Во многу наврати полицијата наидува и на напуштени запрежни коли и оставени коњи. За ваквите случаи има прекршочна пријава за пуштање животно без надзор.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E5F2FC7B7054024B967119217A7CB2C9
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 07-Jul-2011 at 12:46
И дечково изгледа не читал кога ја пишувал статијата.
Абе како може да каже дека следува казна за возење низ Центар. Абе малоумни ли се таму горе бе вакви тешки глупости зборат????? цццццц Каде јас тоа живеам? Абе купете им асални колички за собирање смет, ликвидација на запрегите и одземање на коњите.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 03-Jan-2012 at 16:10

"Урбана" метропола.  

Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 03-Jan-2012 at 16:22
абе нели е ова веќе ИЛЕГАЛНО во Македонија?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 03-Jan-2012 at 17:54
`фијакер стари улицама лута`
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 04-Jan-2012 at 04:24
Originally posted by N23

"Урбана" метропола.  



Да не е Скопје и да не го знаеме такво какво што е некој ќе си помисли дека ова намерно режирана фотографијава за да се претстави одреден контраст.


Edited by mirakuliks - 04-Jan-2012 at 04:25
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 17-Mar-2012 at 13:51

Село.

ФОТО: БМВ удри во запрежна кола и повреди четворица

Тешка сообраќајна несреќа се случи на раскрсницата на булеварите Октомвриска револуцијаа и Трета МУББ во Куманово, кога бмве урди во запрежна кола и повреди 4 лица. Во несреќата најтешко е повредни Душко Томиќ, познат арабаџија во Куманово, кој во критична состојба е прнесен во Ургентниот центар во Скопје. Останатите повредни Исмет Далиповски, Јовица Спасовски и Живно Младеновски се задржани на лекување во кумановската болница.

Несреќата се случила околу 13.10 часот кога бемве со кое управувал Л.Љ.(18) со голема брзина налетал на запрегата која стоела на семафорот. На колата што ја влечел коњ се наоѓале 3 лица и пренесувале стар мебел, а на тротоарот Живко Младеновски возел велосипед. Најверојатно поради неприлагодена брзина, возачот не успејал да ја фати кривината и се поткачил на тротоарот, го удрил велосипедистот и ја подбрал запрежната кола и коњот.

Од силината на ударот повредените биле расфрлани на сите страни, а колата и мебелот целосно искршен. Повредените со две возила на Итна помош беа пренесени во кумановската болница. Полицијата изврши увид и ги испирува причините за сообраќајката.
Додека траеше увидот коњот повреден, со скршне нога стоеше врзан за семафорот и чекаше да дојде ветеринар да му помогне.

Текст и фото: С.Н.

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=2ECC821629D06240A20939C0D155ADBA



Edited by N23 - 17-Mar-2012 at 13:52
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 17-Mar-2012 at 14:25
Originally posted by N23



"Урбана" метропола.  








NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
LAV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LAV Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 17-Mar-2012 at 14:39
old timer
Back to Top
LAV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LAV Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 17-Mar-2012 at 15:03
Ova e mojot prv komentar i ne sakam da bide samo kritika kako mnogu drugi komentari na forumov, zasto imam dosta idei koi sakam da vi gi predlozam kako na primer slednava: Dokolku e mozno grad Skopje da gi otkupi konjite i da kupi pajtoni koj podocna ke se vozat samo po kejot na Vardar kako atrakcija ili dokolku ne se vovede prevoz so pajtoni po kejot mozno e konjite sto ke bidat otkupeni da bidat evidentirani i markirani, a potoa da bidat pusteni so drugite na sloboda po planinite. Dobro bi bilo i da bidat zastiteni so zakon, a so toa ke se zabrani i nivnoto koristenje vo soobrakajot.     
Back to Top
LAV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LAV Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 22-Mar-2012 at 01:30
Edna od pricinite za moeto zaclenuvanje na forumov e deka primetiv kako nekoj vasi idei ili resenija duri i sliki se koristat od strana na nekoj vesnici. Mozebi e slucajnost no eve videte na sto od prilika mislev vo gorniot post, samo sto jas mislev da se iskoristat konjite koj veke se setaat po skopskite ulici odnosno da im gi otkupat konjite na romite i da se iskoristat na toj nacin. Ne mislev da kupuvaat konji so pedigre sto bi bilo neproduktivno trosenje pari za podocna konjite da gi stegne srcev udar po Skopskite ulici ili da gi stavi nekoj kreten pod trkala! Ako ne drugo barem konjive sto sega setaat niz Skopje imaat veke iskustvo taka da nema da im treba dopolnitelna obuka samo sto ke se moderniziraat odnosno namesto zaprezni koli ke vlecat pajtoni.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=86D578FA9D91624689810FA9B72C0D64
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 22-Mar-2012 at 01:39
Епа LAV, значи треба да бидеш многу внимателен какви идеи ќе даваш
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 22-Mar-2012 at 13:19
Originally posted by LAV

Ova e mojot prv komentar i ne sakam da bide samo kritika kako mnogu drugi komentari na forumov, zasto imam dosta idei koi sakam da vi gi predlozam kako na primer slednava: Dokolku e mozno grad Skopje da gi otkupi konjite i da kupi pajtoni koj podocna ke se vozat samo po kejot na Vardar kako atrakcija ili dokolku ne se vovede prevoz so pajtoni po kejot mozno e konjite sto ke bidat otkupeni da bidat evidentirani i markirani, a potoa da bidat pusteni so drugite na sloboda po planinite. Dobro bi bilo i da bidat zastiteni so zakon, a so toa ke se zabrani i nivnoto koristenje vo soobrakajot.     


Јас сум за втората идеја, коњите да бидат евидентирани и пуштени на слобода.

Инаку користењето на коњи во сообраќајот (барем во град Скопје) е со закон забрането уште во далечната 1984 ако не се лажам (или некаде во тој период). Во имплементацијата како и секогаш каскаме а проблемот е само влошен во последниве 10на години.

Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 22-Mar-2012 at 14:17
Нажалост тие коњи не се во соодветна здравствена состојба и нега (како и физички изглед и психолошка состојба) за да можат да влечат пајтони за разгледување Тоа би морало да се спроведе со нови коњи, или барем полициски, доколку се набавуваат „половни“.

Edited by Граѓанин - 22-Mar-2012 at 14:18
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 22-Mar-2012 at 16:01
Originally posted by Cloverstack

Епа LAV, значи треба да бидеш многу внимателен какви идеи ќе даваш



И идеата на Лав оди во реалност

Коце купува пајтон!


Наскоро по скопските улици ќе каскаат липицанери кои ќе влечат модерна верзија на пајтон-кабриолет со помошна купола за да може да се користи и при дождливо време

Романтичната прошетка со пајтон низ метрополата нема да биде само сеќавање на старите времиња. Како што дознава ВЕЧЕР, наскоро по скопските улици ќе каскаат расни липицанери кои ќе влечат модерна верзија на пајтон-кабриолет со помошна купола за да може да се користи и при дождливо време.

Извори за ВЕЧЕР информираат дека за оваа нарачка Град Скопје ќе потроши околу 32.500 евра, или поточно двата липицанери со педигре ќе чинат 20768 евра, а пајтонот 9794 евра. На оваа сум се додава и задолжителната опрема за коњи која чини 1880 евра. Нарачката чека оваа одлука да се изгласа на Управниот одбор на ЈП "Паркови и зеленило", претпријатие кое ќе стопанисува со возилото, на седницата закажана за денеска.

Ова јавно претпријатие ќе мора да ја смени инвестиционата програма и да ги подмирува месечните, тековни трошоци за храна кои отприлика би чинеле 350 евра, 30 пати годишно да се носат на потковување и двапати годишно да се носат на анализа на крв со ветеринарен инспектор.

Фијакерот и липицанерите ќе ги набавува скопска фирма која се обврзува да ги испорача во рок од 20 дена, по што во липицанерите ќе мора да бидат под карантин 30-45 дена. Коњите ќе бидат машки кастрати стари околу пет години кои со нормално чување и одгледување ќе можат да се користат 20 години.

Оваа информација, за жал не ни беше потврдена од Град Скопје. Од одделението за односи со јавност ни одговорија дека прв пат слушаат за вакво нешто.


Во старо Скопје, од 1918 до 1941 година пајтонот бил најраспространето превозно средство. Според хроничарите, во 1930 година по скопските улици возеле 153 пајтони. Пајтони се увезувале од Виена, но биле правени и во Скопје и Битола. Обично ги влечеле пар коњи, но имало и такви со еден коњ, а биле отворени или затворени во зависност од временските услови. Пајтонџиите работеле во дневна и ноќна смена, а цените на возење биле во зависност од дестинацијата. Со пајтон се возеле скопските боеми кои по бурните вечери дома се враќале со музика.

Во градот функционирало дури и здружение на пајтонџии кое броело околу 500 членови кои вршеле превоз на патници во градот и надвор од него.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9E8558BEE3315748B3CB2C9949DABF9A

Делот од текстот што е болдиран е ветувачки И да немаат чуено, еве им добра идеа, со разработен бизнис план
Back to Top
LAV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LAV Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 22-Mar-2012 at 22:24
Se razbira deka i za mene vtorata idea e podobra odnosno da bidat evidentirani i pusteni na sloboda. Pred se ideata e da ne gi gledame so zaprezni koli po ulicite, a dokolku kupat pajtoni jas licno mislam deka najdobro resenie e da se otkupat konjite koi veke se po skopskite ulici i siguren sum deka ne treba nekoja posebna vrsta konji, a za izgledot na konjite ne e problem koga ke se zgrizat i ke pominat veterinarski pregled. Ideata za kupuvanje na ,,polovni" policiski konji i nivnata psihicka sostojba mislam deka ne drzi bas voda od edna ednostavna pricina odnosno ako se policiski konjite moze ke sakaat i policajci da gi vozat pa posle pokraj konjite ke treba i policajcite da odat na psiholoski pregled sto voopsto ne bi bilo dobra ideja
Back to Top
LAV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LAV Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 22-Mar-2012 at 22:27
Dokolku navistina ima zakon za zabrana na konji vo soobrakajot togas e uste podobro i treba da se pocituva odnosno da se prezemat merki.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 31-Mar-2012 at 20:19

И во Београд оваа аномалија е чест случај. Ohno Денес најмалце 5 вакви "превозни средства" пред зграда ми поминаа.

23ka.wordpress.com
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.108 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.