build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2834
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 29-Jul-2019 at 10:37
Pumptrack-пред Олимписки базен(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2834
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 31-Jul-2019 at 10:50
Првата урбана градина во Скопје ќе биде во Аеродром

раѓанската организација „Зелената арка“ во август ќе почне со изведба на општествена (заедничка) градина на површина од околу 3.000 квадратни метри во паркот Лисиче, крај брегот на реката Вардар во Општина Аеродром.

Станува збор за прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок.

Сите заинтересирани граѓани од главниот град што имаат желба за здружено градинарство, може да ја пополнат пријавата за учество во општествената градина преку овој линк: http://tiny.cc/prijava_gradina.

Заедничката градина се изведува во рамките на проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со средства обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром.

https://skopjeinfo.mk/prvata-urbana-gradina-vo-skopje-kje-bide-vo-aerodrom
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2834
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 16-Aug-2019 at 12:13
Pumptrack-от кај Олимписки базен.Денешни фотки





Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 531
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 17-Aug-2019 at 01:42
Со тек на време зеленото ќе стане жолто и кал, никој нема да седи на клупите пошто пука сонце и така ќесе заврши приказната за тоа како се упропасти уште едно пространство со потенцијал.

Добро бе на кого му текнуваат вакви работи??

Edited by kiriOK - 17-Aug-2019 at 01:43
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Online
Posts: 202
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 17-Aug-2019 at 04:18
Зошто да се упропасти?
Проблемот е што тие што се надлежни најверојатно ќе го упропастат. Еве на пример, во Аеродром првпат после 6-7 години да има исушена трева...
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 531
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 18-Aug-2019 at 05:38
Овде дури нема сврха да се одржува, во Скопје тие што практикуваат екстремни спортови се бројат на прсти од една рака...затоа и ме интересира чија идеа е ова,градов има дефицит на паркови они стази за BMX прават
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2834
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 29-Aug-2019 at 12:02
Отворањето на pumptrack-от е денес во 18h(од фб)







Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 543
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 29-Aug-2019 at 15:49
Каква колосална глупост. Ова треба некоја следна администрација како прв зафат да го отстрани. Во меѓувреме, патеката покрај Олимписки е во црна темница навечер...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2834
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 29-Aug-2019 at 16:15
Градот има многу поприоритетни проблеми за кои воопшто не се ни труди да ги реши,овој парк можеше да никне на било која друга локација на местото на некоја дива депонија или див паркинг а такви неуредени места ги има еден куп низ градот.А друга работа е колку ќе биде користен и колку оваа трева ќе се одржува...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3838
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 29-Aug-2019 at 17:00
Ако ја видат аусландерите што работат во бауштелл ауу скандалл. Без никаков заштитен слој/ линија меѓу тревата и асвалтот. После 1 месец се калл а асфалтот ќе пропадне. Шиле, понекогаш имаш добри идееи ама ова е скандал

Edited by my Macedonia - 29-Aug-2019 at 17:02
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 30-Aug-2019 at 07:08
Кога на градот очајно му треба зеленило, ние по секоја цена лупаме асфалт и каде што не треба. За се ке ни биде вратено.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4475
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 30-Aug-2019 at 07:15
За 20 години ако има пари, пола од овие паркинзи може да станат подземни, а над земја да има мал и фино уреден парк.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2834
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 06-Sep-2019 at 12:27
Еве го Pumptrack-от ни две недели не поминаа а веќе може да се забележи оштетување на зеленилото посеано на косините,а честопати и кантите за отпадоци се преполни







Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2834
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 10-Oct-2019 at 12:54
ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ПРВИОТ ДИНО ПАРК ВО СКОПЈЕ

Во скопската Зоолошка градина денеска почна да се гради првиот Дино парк - тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни. Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци. 🦖

- Ова ќе биде првиот Дино парк на Балканот во кој ќе има толкав број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Токму поради тоа, очекуваме овој парк да прерасне во туристичка атракција која ќе ја збогати туристичката понуда во Скопје. За изградбата на овој парк предвидени се околу 20 милиони денари распоредени во 2 буџетски години. Веќе во првата половина од следната година планираме паркот да биде завршен и отворен за посетителите. Како што ветивме, Скопје чекор по чекор го менува својот лик во секоја смисла на зборот. Ќе продолжиме и понатаму да го збогатуваме градот со секаков вид содржини кои во минатото му недостигаа, пред се со содржини за најмладите, но и со содржини кои ќе го подигнат квалитетот на туристичката понуда што секако ќе даде позитивни ефекти и во економијата – рече денеска градоначалникот Шилегов, на презентацијата на проектот за новиот Дино парк.

Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза, еден влез од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат распоредени сите придружни елементи - патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. Патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се надополни со ново









https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2834
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 10-Oct-2019 at 16:36
Изведба на адреналински парк во Карпош...
---------------------------------------------------------------------------
Започна изведбата
на спортско – адреналинскиот парк
во Карпош

Денеска започнаа активностите за изведба на спортско – адреналинскиот парк долж Кејот на реката Вардар, со почетна точка кај алпинистичката карпа, во Општина Карпош. Станува збор за нова, уредена зелена површина, спортско – рекреативна зона која ќе се простира на површина од 10.000 м2.
Општина Карпош за овој парк, преку Секторот за развој, аплицираше со проект во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), при што добиен е грант во висина од 38.100.000 денари. Оваа финансиска поддршка ја обезбеди Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија преку Кабинетот на заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев. Учеството на локалната самоуправа изнесува околу 5 милиони денари.
Во денешната изјава за медиуми, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се осврна на содржините кои ќе ги содржи паркот, како и за трајната придобивка што ќе се добие со неговата реализација.
- Во рамки на паркот ќе има ново, уредено зеленило на површина од 4.000 м2, 120 нови дрвја, како и: детско игралиште, фудбалско игралиште на песок со трибини, одбојкарско игралиште на песок со трибини, скејт парк, адреналински содржини, а оваа целина ќе биде заокружена со сквер што ќе се простира на површина од 140 м2.
Оваа зелена, спортско – рекреативна зона ќе се надоврзува на големиот парк, до бунарите на реката Лепенец.

Имено, по завршувањето на спортско –адреналинскиот парк, се фокусираме на уредување на јавниот простор до бунарите на р. Лепенец. Како трајна придобивка е целосното разубавување на овој потег, конечното решавање на деценискиот проблем со создавање на диви депонии и палење огнови на отворено, рече Богоев.
Тој напомена дека овој парк е едно од главните ветувања во неговата изборна програма, и истиот се очекува да биде завршен до крајот на месец јуни, 2020 година.
После долги години се создаваат нови „бели дробови“ на Карпош и на нашето Скопје. Во изминатите години, Карпош се соочи со сериозно узурпирање на јавните површини, но локалната самоуправа спроведува континуирани мерки за надоместување на изгубеното зеленило и хуманизација на јавниот простор.
Во оваа пригода, градоначалникот Богоев изрази благодарност до партнерите, Европската Унија, кабинетот на Вицепремиер Анѓушев, Единицата за спроведување на Проектот за локална и регионална конкурентност и Светска Банка, за придонесот и ангажманот во целиот процес и за фактот што финансираат потпроект од областа на заштита на животната средина.









https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/?eid=ARBkcb2Zznrb55OipFJBVOXlv-_doRl-HvUCNN_fy-Jg5EPjyAotYp9QPAqoEkK1Dpwc0kU4YI5gMaI1
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.