build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коритото и кејот на Вардар низ Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 19>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Коритото и кејот на Вардар низ Скопје
    Posted: 23-Aug-2022 at 18:00
Од лева страна на Вардар, под железничкиот мост. Супер е новиот тревник и има систем за наводнување со прскалки кои излегуваат од под земја.

Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Aug-2022 at 02:43
Неверојатно како може да е толку мизерно извршено...срамота
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7808
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Aug-2022 at 22:56

не е толку проблем што е асфалт, колку што е проблем дека е крпеница... стварно е срамота вака да се извршуваат зафати од страна на Град Скопје
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 01-Aug-2022 at 13:38
НА КЕЈОТ СТАВИВМЕ АСФАЛТ МЕСТО КОЦКА ОТИ САМО НА ТАКОВ МАТЕРИЈАЛ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗАТ ТОЧАЦИ, ВЕЛАТ ОД „УЛИЦИ И ПАТИШТА“



Асфалт ист како во Градскиот парк поставија Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ и на пешачката патека на кејот на Вардар кај мостот Обединети нации. Овој потег уште од изградбата на кејот беше поплочен со коцка. Низ годините коцките беа оштетени, извадени и патеката беше полна со дупки. Град Скопје сега во рамките на акцијата за уредување на кејот на местото на искршените коцки постави црн асфалт кој освен што е несоодветен за овој потег, го грди шеталиштето и поставен е колку да се рече дека се закрпени дупките.

Од „Улици и патишта“, на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто на кејот е поставен асфалт место коцки или друг материјал соодветен за шеталиште покрај река, ни рекоа дека само на таков материјал можеле граѓаните да возат велосипеди и ролери.

„Ги демантираме наводите во јавноста дека врз травертин плочи е извршена санацијата. На потегот имаше дупка од извршување на градежни работи на фирма во минативе години. Сега тој дел е саниран со асфалтна маса од причина што само на таков материјал би можеле граѓаните што возат ролери и велосипеди непречено да се движат и е моментално решение”, велат од „Улици и патишта“.

Од претпријатието додаваат дека во моментов екипите работат за да го уредат целосно тој дел од кејот.

„За целиот потег во постапка е изработка на проект за поврзување на ролерската и велопатеката до улица Васил Чакаларов. Проектот е во изработка на ЈП ‘Улици и патишта’ во консултација со стручни лица од Град Скопје и кога ќе биде готов ќе знаеме со каков материјал ќе се работи целиот потег и на кој начин ќе биде извршено поврзувањето на велопатеката патека“, велат од „Улици и патишта“.

По налог на градоначалничката Данела Арсовска, градското претпријатие минатата недела почна да ги асфалтира земјените патеки во парк. По реакциите на јавноста активностите беа стопирани.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-kejot-stavivme-asfalt-mesto-kotska-oti-samo-na-takov-materijal-ke-mozhe-da-se-vozat-tochatsi-velat-od-ulitsi-i-patishta/
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 846
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Jul-2022 at 14:02
Конечно! Сепак, не треба да заборават да ја асфалтираат и уличката што е горе бидејќи моментално е крш, а богами и да стават некоја заштитна ограда од двете страни зашто поминуваат/се паркираат возила и се движат пешаци и велосипедисти.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 971
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Jul-2022 at 10:49
Детално влегле. Што би рекол Шилегов, првпат после 70 години
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Jul-2022 at 09:12
Денешна, се работи на кејот околу мостот Обединети Нации:

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7808
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Jul-2022 at 23:37
расчистување на кејот е нешто што треба да се прави редовно на неколку месеци барем
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 846
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Jul-2022 at 14:27
Кучињата-скитници ги има и од другата страна, понекогаш се и агресивни. Јас не знам во кој град живеат овие што инвестираат во вакви реконструкции. Истите пари треба да се дадат за да се среди проблемот со кучињата-скитници. Се оди чекор по чекор со решавање на проблемите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Jul-2022 at 11:27
Од средувањето на левата страна,сепак дивата населба спроти ПИОМ останува лоша глетка и помалку безбеден дел поради многуте кучиња скитници

Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 846
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Jul-2022 at 14:05
Ок е реконструкција, ама да не направат грешка да левата од десната страна биде со различно уредување (плочки и сл.). Треба да постои симетрија, нешто што во кејот во мал ринг не беше направено со најновата реконструкција на делот од кејот „13 ноември“.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7808
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Jul-2022 at 23:03
Originally posted by my Macedonia

За кејот треба еднаш добро да се инвестира за темелна реконструкција, нов концепт со идеален проект. Ова овде не знам, не верувам дека ќе биде on point ама ајде..
не треба да се инвестира, туку редовно да се одржува, без бомнбастични вести за тоа како бил расчисуван кејот на секои 10 години
со оглед на тоа дека постои минимална шанса некогаш Вардар да го пополни мајор коритото, може единствено да се инвестира во повеќе зеленило и дрвја, што не е ништо посебно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4033
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Jun-2022 at 14:09
За кејот треба еднаш добро да се инвестира за темелна реконструкција, нов концепт со идеален проект. Ова овде не знам, не верувам дека ќе биде on point ама ајде..
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Jun-2022 at 11:20
Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар

На денешната прес конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов и директорот на ЈП Паркови и зеленило Ангеле Сотировски, го најавија проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар, која ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани.
- Со овој проект планираме првично обнова на овој дел од кејот на реката Вардар од над 3 километри должина, нова велопатека во површина од 2.500 м2 и нова пешачка патека во површина од 2.500 м2, формирање на нова зелена површина во која се предвидени над 71.330 садници сезонско цвеќе и 1360 зимзелени и листопадни садници ниска вегетација, нова хидрантска мрежа, урбана опрема, садови за отпадоци, ново осветлување и партерно уредување од над 26.363 метри квадратни, истакна градоначалничката Арсовска.
Арсовска посочи дека остварувањето на оваа инвестиција ќе се одвива во три етапи. Првата се однесува на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до ПИОМ, втората до паркот на езерата во Аеродром и третата, до мостот „Тодор Александров“ во општина Аеродром.
-Овој проект е дел од најавената летна градежна офанзива, која се одвива според предвидениот интензитет, за разлика од импровизациите и ветувањата за реализација во минатото кои за жал резултирале само со делумно чистење само во некои делови на кејот. Пристапот на новиот тим на градското раководство е поинаков, мораме да имаме сериозна анализа, стабилен и оддржлив проект, ревносна подготовка, обезбедени финансиски средства и јасен план за брза и ефикасна имплементација, вели Арсовска.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Jan-2022 at 18:25
Originally posted by MKDSTRUGA

user8642 jasno i use ednas se izvinuvam so etikata partiska ti zalepiv bi sakal da doprinesam za da go postedime forumov od recnikot na partiskite botovi. That is all.
Абе не ме дира толку, не сум член јас на партија, нема гајле. Јас незнам зашто па толку да се тргаме од контра-партиската дебата, и таа е за луѓе, и можда најбитниот аспект што треба да се дискутира.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Jan-2022 at 09:29
Valda ne mislis na site 500.000 simpatizeri na glavnite partii. A ako mislis na onie so se vdomeni po institucii i partii, cicaat ko krlezi i vregaat za honorarce od narodni pari, e tie se sosema drug muabet. Za niv i jas vikam neka se davat kaj sakaat i uspesno neka se ispoudavat samo da ne ne opteretuvaat nas tuka na forumov. 

user8642 jasno i use ednas se izvinuvam so etikata partiska ti zalepiv bi sakal da doprinesam za da go postedime forumov od recnikot na partiskite botovi. That is all.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 766
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Jan-2022 at 01:03
Originally posted by MKDSTRUGA

Партиски препукувања и политизирање со изразито вулгарен и тенденциозно навредлив речник...
Мене ми е криво ако некој на форумов е припадник на една или друга партија и се осетил погоден од мојот коментар за партиските ботови. За мене се додека не се меша така вулгарно политика на форумот...


Ич да не ти е криво. Јас би бил среќен до сржта да се увредат сите такви ликови. Ако воопшто навистина и постојат такви 'симпатизери' на главните неколку партии, затоа што според мене се' се тоа голи, криминални опортунисти, што всушност и е единствената 'идеологија' на криминалните структури кои наизменично владеат последниве 30 години.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 20-Jan-2022 at 18:23
Вмро со своето понашање успеало од мене да направи поддржувач на Шилегов. Овакво бахато понашање од симпатизерите на вмро, кај што го оправдувате како легитимна политика стопирањето на све добро што се случува во Скопје, само за да се дојде до гола власт, едноставно човек треба да е глуп а да не ја поддржи противничката страна.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 475
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-Jan-2022 at 12:07
user8642 за две години успеја пропагандата на сдсм да ја пренесе во 1633 коментари, што повеќе да кажам
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-Jan-2022 at 09:47
Партиски препукувања и политизирање со изразито вулгарен и тенденциозно навредлив речник...
Мене ми е криво ако некој на форумов е припадник на една или друга партија и се осетил погоден од мојот коментар за партиските ботови. За мене се додека не се меша така вулгарно политика на форумот се е ок. Ама ова ептен ме изнервира. Мене ми се прифатливи припадници и симптизери и на вмро и на сдсм и немам проблем со нив, ама со ботови што се препукуваат на форумов со tweeter речник од типот жморони и слично стварно немам толеранција. Јас од моја страна се извинувам за речникот (комуњарски штабови), ама никогаш не толерирам навредлив речник на партиска основа независно од која кујна излегува.

Edited by MKDSTRUGA - 20-Jan-2022 at 09:48
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.