build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Света Троица (Руска црква) - Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 15-Jul-2017 at 09:19
А има ли видлив напредок во градежните работи на црквата? Некако премногу се одолговлече целава работа.

Една фотка од мај годинава:

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 15-Jul-2017 at 09:43
Нема никаква промена скоро две години ја влечкаат изградбава освен овој помалиот објект на фотката погоре кој го довршија пред неколку месеци.Меѓутоа сега приметувам стагнација кај црквата во Мичурин каде од почетокот на јуни нема речиси никакви активности.Незнам до која фаза им се другите цркви кои ги гради Жикол во Ѓорче и Гази Баба но овие две изгледа уште долго ќе се градат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 29-Oct-2017 at 19:27
Deneska minuvajki pored crkvava za prvpat zabelezav deka nesto se rabotelo poslednive meseci. Na eden del e postaveno e skele i pocnato e postavuvanje crveni tuli,no nemozev da slikam. Dokolku e vo moznost nekoj denovive neka napravi nekoja fotka.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 26-Nov-2017 at 21:09
Сепак, се работи на црквава, иако бавно. Веројатно фасадата ќе биде од црвена тула. Еден човек работеше и на малото црквиче (или што и да е), на третата фотка.





За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 08-Dec-2017 at 11:10

За многу години чествувањето на Свети Климент Охридски ... би ја поздравил изградбата на овој Црковен Храм особено бидејќи со РПЦ сме поврзани и канонски освен словенски, бидејќи Московската Архиепископија добила Благослов и подршка за автокефалност токму од Охридската Архиепескопија [1] сепак и тука супер'партиски е направена урбанистичка грешка, да Црквава наместо да е зацртана во продожение на МЗТ Салата, сега е прилог од страна, што не е само естетска и суштинска грешка [2] туку и функционална, бидејќи тука требаше да има поголем паркинг, а и паркот убаво ќе дојдеше во продолжение на Црквата, него ко што е сега на спортската сала ... во секој случај драго ми е да и ние на билд тука некако сме кумувале на идејава за руски стил овдека [3] сега уште фали и ние да возвратиме кога тогаш ...


Edited by Zelenikovo - 08-Dec-2017 at 11:33
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 05-Mar-2018 at 19:48
Стопирана изградбата на руската црква во Аеродром

Општината Аеродром ја стопираа изградбата на руската црква.Архитектонско-урбанистичкиот проект на инвеститорот Сергеј Самсоненко упорно не се усвојува за да не може да се продолжи со изградбата на црквата. Важно е драги аеродромци дека на албанските бизнисмени широко им се отвораат вратите за инвестиции во Аеродеом, пишува на ФБ групата „Аеродром во моето срце“.

http://skopjeinfo.mk/stopirana-izgradbata-na-ruskata-crkva-vo-aerodrom
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 05-Mar-2018 at 23:50
политика, политика, и само политика... урбанизам, архитектура и уметност никаде... ај ако не џамија нека ја направат за да привлечат некакви албански квази инвеститори
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 06-Mar-2018 at 00:44
Ова некоја жботовска група е...
За какви албански инвеститори станува збор? Што ќе инвестираат?

Edited by Staro Skopje - 06-Mar-2018 at 00:44
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 06-Mar-2018 at 07:20

Najverojatno stanuva zbor za parcelata kaj majcin dom za koja se zbori deka e prodadena na ZSF KOM e sega kolku e tocno toa e druga rabota.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 08-Mar-2018 at 14:41
Не знам зошто воопшто се земаат предвид информаци од такви “тврдокорни“ фб групи како релевантни. Објектот е во многу одмината фаза па за некој да се осмели да го руши или нешто слично. После сите политички рогови покажани кон Русија во последно време (иако не сум фан на Русија, сепак не треба многу курчење кон таков глобален играч) може да се направи некој гест на добра волја па да се довшри објектот.

Самсоненко го нема, ама Единствена Македонија е тука за да ја замени неговата функција, па ете може од таму фондови на пример...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 10-Apr-2018 at 12:04
Еве една фотка од фб(направена кон крајот на март) нема некое придвижување во градежните активности

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 01-Oct-2019 at 17:47
http://fitcolumns.com/2019/03/18/abandoned-church-construction-site-bears-testimony-to-waning-russian-influence-in-north-macedonia/
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 20-Jun-2020 at 13:53
One of our dear projects but sadly unfinished.





https://www.facebook.com/RADO-Engineering-

Edited by stef4o - 20-Jun-2020 at 13:55
Back to Top
ByzantineHoe View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jun-2020
Location: Constantinople
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote ByzantineHoe Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 21-Jun-2020 at 16:04
Грозна архитектура.
Back to Top
ByzantineHoe View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jun-2020
Location: Constantinople
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote ByzantineHoe Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 21-Jun-2020 at 16:27
Originally posted by hcitrS

После сите политички рогови покажани кон Русија во последно време (иако не сум фан на Русија, сепак не треба многу курчење кон таков глобален играч) може да се направи некој гест на добра волја па да се довшри објектот.


Треба ли да им се плашиме затоа што биле глобален играч? Што, украинско сценарио ли ќе ни приредат? Ќе не изгладнуваат еден век, па потоа ќе ни одземат териоторија (како Крим) во која ние сме однеле вода и струја затоа што тие биле до толку многу небрежни да го направат тоа?

Балканскиот полуостров како целина е дел од Европа како континент, и не, не мислам географски, туку стриктно политички. Што не е јасно тука? За какви рогови зборуваш? Нашата желба да сме дел од НАТО и ЕУ? Стварно ли мислите дека Западен Балкан (гледај крупна слика и одговори ми на следното прашање: регионов директен сосед е на земји како Италија, Австрија, Швајцарија, или пак земји како Русија, Казахстан, Монголија?) како целина ќе продолжи ли да биди кукла на играчи кои предоминанто припаѓаат во Северна Азија, или конечно ќе сфати дека од географијата не се бега?

Наполеон исцрта дебела граница со Полска, и постави темели за Европа обединета и независна од други големи играчи. Не сме ние - Европјаните оние кои треба да се плашат од влијанието на големи играчи од страна. Тие се оние што би требало да внимаваат каде пробуваат да влијаат и повеќе да се грижат за средување на она што веќе го имаат на располагање.

Слушам и читам дека колонијата со табли на Руски Јазик на секој агол од Црна Гора, се струполува. Тоа е она што се случува кога некој од таму далеку меша раце на Југот од Европа, заборавајќи дека регионите во кои се меша се опколени од суптилни но можеби многу поголеми играчи.

Македонија, Монтенегро и Албанија, знаат каде припаѓаат. Ако Србија незнае, тоа е нејзин проблем. Да можевме да подигнеме и со левитација да преселиме една цела земја на друг континент, Србија можеби ќе се преместеше до Казахстан.

Но Хрватска, Монтенегро, Албанија и Македонија ќе си останеа во Европа. Поздрав.

Edited by ByzantineHoe - 21-Jun-2020 at 16:29
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 21-Jun-2020 at 17:41
Оваа епизода со руска црковна архитектура што се појави во Македонија има врска со политика, ама не со оваа што си ја изнапишал, со геостратегија и идење толку далеку. Има врска ама со црковна политика. Имаше обид да се изградат некакви црквони односи меѓу МПЦ и Руската црквата заради канонското приклучување на МПЦ кон екуменската заедница и затоа се појавија оивие паркалиси во Бигорски, па тука, па руски бизнисмени ќе донираа црква во ваков стил, па онаа што веќе се доврши во Железара и слично. Обид на МПЦ да намигне према руската црква, а и политичките услови световни во Македонија беа поволни. Јасното завземање против-став на руската црква по однос на уркаинското црквоно прашање лани, јасно ги остави "на суво" сите овакви руски прокети во Македонија и затоа заглавија. Македонија во црквовна смисла е дел од византискиот колач и добро е што е така, така да завршување на овие проекти не очекувам дека може да се случи во скоро време. Освен ако не претрпат некоја поголема измена на проектите.

Edited by user8642 - 21-Jun-2020 at 17:42
Back to Top
ByzantineHoe View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jun-2020
Location: Constantinople
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote ByzantineHoe Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 22-Jun-2020 at 07:36
А зошто ние би и намигнале на руската црква? Од кого тоа ние чекаме признание и зошто?
Малку самопочит нема да ни дојди на лошо.
Ние имаме преубава Византиска архитектура, типична само за регионот.
Ги следиш ли случувањата во Црна Гора, токму на оваа тема, токму оваа година? Се чини барем некој во регионот го научи значењето на зборот самопочит, и мене ми е особено мило што е тоа токму Црна Гора, за мене една од најдрагите соседни држави.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 22-Jun-2020 at 20:48
Намигаме зашто руската и грчката црква во правослвието е исто што се 5те членки во совет за безбеднопст во оон. Мора од сите дфа се обебеди признание, ане парцијално, зашто ете така на криво е затерано православието и сеуште тера криво. Оваа руска архитектура во православието е исто што и арабски новокомпановани чиреви во исламската архиткетура во МК и нема потреба да ја има. Всушност ниту навивам да ја има, ниту да ја нема. Византиската е поубава и наша навикната, но не е на одмет да има и по некој примерок од други. Овие неколку примера беа со исклучиво политички мотиви, не естетски.

Edited by user8642 - 22-Jun-2020 at 20:49
Back to Top
ByzantineHoe View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jun-2020
Location: Constantinople
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote ByzantineHoe Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 24-Jun-2020 at 09:54
Originally posted by user8642

Намигаме зашто руската и грчката црква во правослвието е исто што се 5те членки во совет за безбеднопст во оон. Мора од сите дфа се обебеди признание, ане парцијално,

Не. Ова не е средниот век во кој Англија и Швајцарија треба да и полагаат сметка на Италија затоа што таа била главна во религијата.
Популарна Англиска од 16ти век - closer to us, closer to God.
Единствениот ентитет пред кој МПЦ треба да полага сметка се државата и граѓаните кои ги претставува. Единствениот ентитет кој може да даде и одземе имот на МПЦ како институција е повторно државата. Нели Монтенегро донесе закон за Религиска слобода во Декември, закон во кој што тврди дека секоја црква и манастир на територијата на Црна Гора и припаѓа или е во сопственост на државата Монтенегро, а не СПЦ. Епа така некако.
Originally posted by user8642

зашто ете така на криво е затерано православието и сеуште тера криво.

Ете баш заради тоа што си успеал да го увидиш ова, треба да разбериш зошто се случи тоа што се случи во соседно Монтенегро, и зошто МПЦ не треба да полага сметка или да чека признание од ниту една друга институција.
Originally posted by user8642

Оваа руска архитектура во православието е исто што и арабски новокомпановани чиреви во исламската архиткетура во МК и нема потреба да ја има.

Овде се согласувам во целост, ни сам немаше подобро да се изразам.
Originally posted by user8642

Византиската е поубава и наша навикната.

се согласувам и оставам фото-прилог на доцно Византиско стилизирани градби кај нас, регионот треба како целина да е заштитен од УНЕСКО, значи цела територија, не само Охрид, затоа што луѓето конечно треба да научат како изгледала оригиналната Византиска архитектура, и дека истата немала допирна точка со златни кромиди за покриви, или шаренило од бои на фасадата. Ја има само овде, на јужниот Европски полуостров, и нигде на друго место. Затоа што нели Византија беше на Југот од Европа, е не над Азиските степи.


Church of St. Panteleimon, Gorno Nerezi, near Skopje by David Lewis, on Flickr


Sv.Kliment - Ohrid,Macedonia by vvv.kos, on Flickr


Lesnovo monastery by Martin Dimitrievski, on Flickr



Edited by ByzantineHoe - 24-Jun-2020 at 10:21
Back to Top
ByzantineHoe View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jun-2020
Location: Constantinople
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote ByzantineHoe Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 24-Jun-2020 at 10:14
Овие градби се важни за архитектонската генеза или развојот на архитектурата на регионот пред Средниот Век, исто толку колку што Готиката (francigenum opus) е важна за Французите во Средниот Век.
Византиската архитектура потекнува од овој полуостров, и оригиналите се тука.
Така и Готиката, почнала во Франција, се раширила низ цела Европа. Оригиналите се сеуште од и во Франција.

Природниот тек на развојот на Европската архитектура пред Ренесансата е следниот: Византиска, Романескна, Готска. Вторите два вида ги има во огромен број низ Франција, Германија и Англија. А првата е поретка затоа што нашиот полуостров останал долго време под Турско владеење, па не многу од тоа ни останало. Токму реткоста е она што ја прави Византиската архитектура уште повредна. Дијамантите се скапи карпи само затоа што се ретки карпи.

Edited by ByzantineHoe - 24-Jun-2020 at 10:19
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.074 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.