build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 242526
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 683
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 19-Sep-2021 at 12:52
Што е челичниот скелет околу кружниот дел? Ќе се прошири за толку или привремено прицрвстување дури траат работите?

Инаку, и јас апсолутно поддржувам рушење. Грд објект, лоша локација без никаков паркинг, си го отслужија своето и објектот и локацијата. Евентуално може некоја помала, убава, репрезрнтативна сцена, за до кај 350 гости, со парк околу неа.

Башка од Бугарија е подарок (данајски ).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 19-Sep-2021 at 13:08
Уште по некоја фотка







https://www.facebook.com/photo?fbid=414275123400219&set=pcb.414275973400134
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 19-Sep-2021 at 13:11
СЕ УРИВА СТАРАТА КОНСТРУКЦИЈА НА СКОПСКА УНИВЕРЗАЛНА САЛА И СЕ ПОСТАВУВА НОВА

Почна уривањето на старата конструкција на Универзална сала во Скопје и се поставува нова, во рамките на проектот за реконструкција на концертата сала. Во предниот дел од објектот веќе е поставена новата конструкција и таму во моментов се врши уривањето на старите делови .

Од Град Скопје велат дека за дваесетина дена целиот објект ќе добие нова конструкција, по што ќе почне изведбата на надворешноста и куполата, кои треба да бидат готови до крајот на годинава. Потоа ќе почне втората фаза, односно реконструкцијата на внатрешноста.

Со проектот за надворешноста ќе се задржи постојната форма и габарит, односно ќе се зачувува духот на Универзална. Куполата ќе биде зголемeна и навечер осветлена. Ќе се употребат нови материјали на фасадата за таа да биде енергетски ефикасна, а истовремено се зголемува и противпожарната заштита.

Изведбата на првата фаза, односно на фасадата и покривот, чини 1,8 милиони евра, а градежните работи ќе ги изведува фирмата „Универзал Балкан“.

Универзална сала е затворена шест и пол години, односно од 10 март 2015, кога на партиската трибина лидерот на СДСМ Зоран Заев ја пушти бомбата број 8 за изборни измами. По завршување на трибината на Заев, парче од таванот се откорна и падна врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална, а одговорните тогаш одлучија место да го санираат само таванот, да се почека целосната обнова на салата.

Универзална сала е изградена после скопскиот земјотрес како донација на Бугарија и е копија на софискиот циркус.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-uriva-starata-konstruktsija-na-skopska-univerzalna-sala-i-se-postavuva-nova/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 20-Sep-2021 at 16:38
Originally posted by hcitrS

Што е челичниот скелет околу кружниот дел? Ќе се прошири за толку или привремено прицрвстување дури траат работите?



Се поставува новиот метален костур на Универзална сала



Се урива старата конструкција на Универзална сала и околу неа се поставуваат носечките столбови на новиот метален костур кој за дваесетина дена треба да го исцрта новиот габарит на овој култен објект. Во моментов работниците на скопската фирма „Универзал-Балкан“, го уриваат влезот во салата и некогашната мала сцена, на која се одигруваа претстави и други културно-уметнички активности од помал обем.

Според проектот за реконструкција што го направи архитектот Бујар Муча и неговото архитектонско биро „Мегарон“ и на Градот Скопје им го отстапи како донација, се задржува надворешниот изглед и форма, со тоа што ќе биде зголемена куполата и навечер ќе биде осветлена. Овие интервенции ќе чинат 1,8 милиони евра.

По изработката на надворешноста, ќе се започне со втората фаза, односно уредување на идниот ентериер на Универзална сала. Реконструкцијата на внатрешноста опфаќа обнова на сцената, делот за публика, фоајето, влезниот дел и машинскиот дел, како и техниката. Ќе бидат вградени најсовремени материјали.

Се задржува постоечката форма, се прави внатрешна реорганизација на просторот. Се поставуваат нови материјали во фасадата, поради енергетската ефикасност. Со мали корекции во постоечката конструкција ќе се зголеми и противпожарната заштита. Целата конструкција надолу е челик, тој е дотраен, ќе направиме некои корекции и во конструкцијата, не нарушувајќи го обликот на објектот, но мора да се внимава и на противпожарна заштита – изјави архитектот Бујар Муча.

Универзална сала со години беше во распаѓање и само немо се набљудуваше без да се покрене иницијатива што со овој објект изграден после скопскиот земјотрес како донација на Бугарија.

Последниве година-две се појавија неколку предлози од градските власти – уривање на Универзална и на нејзино место подигнување на јавна површина, потоа уривање на салата и изградба на нов објект, но на крај, под притисок на јавноста беше прифатен третиот предлог за адаптирање и реконструкција на објектот со задржување на неговиот автентичен облик и изградба на концертна сала на друга локација.

https://www.vecer.press/се-поставува-новиот-метален-костур-на/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 20-Sep-2021 at 16:55
Металниот костур нека остане како спомен на универзална. Уклопен како павиљон на отворена летна сцена во новоофрмен парк. И волкот сит и офците на број.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 683
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 20-Sep-2021 at 20:46
И шо у ствари испадна оригиналниот објект ама х1.3?
Од сите глупи решенија, толку глупо не можеше ни во 4 димензија да се замисли.

Не добиваш плус седишта, го кратиш и онака малиот простор околу, не добиваш современ објект, не добиваш парк, ти останува единствената во Европа концертна сала-барака. Генијално.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2047
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 21-Sep-2021 at 15:15
https://de.wikipedia.org/wiki/Kosmos_(Berlin)#/media/Datei:Kino_Kosmos_Berlin.jpg

https://de.wikipedia.org/wiki/Kosmos_(Berlin)#/media/Datei:Ehemaliges_Gro%C3%9Fraumkino_Kosmos_in_Berlin-Friedrichshain.jpg

Eve vi slicna sala vo Berlin so kapacitet od 1000 sedista. Nikoj ne ni pomislin na rusenje nitu pak ima nekakvo nezadovolstvo od nejzinoto postoenje. Naprotiv, salata celosno si go zasluzuva svoeto postoenje i e domakin na mnogu priredbi i nastani. "Univerzalna" mu e potrebana na Skopje bas so takov kapacitet i nemate pojma kolku veke nedostasuva! Ako ima potreba neka se izgradi uste edna pogolema, no toa veke nema da bide koncertna sala od tipot na "Univerzalna", tuku poveke vo stilot na "Boris Trajkovski", hangar za pop-koncerti so poveke iljadna publika.

Edited by Denko - 21-Sep-2021 at 20:24
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 856
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 21-Sep-2021 at 18:26
Веќе издебатирано е тоа

Треба Универзална со тој капацитет, ама место овие крпеници, можеа да направат доле подземен на 2 нивоа и да ја изградат пак како што треба.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 683
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 22-Sep-2021 at 22:52
Примерот погоре од ДДР е цврста и репрезентативна градба, со плоштадиште пред неа. Универзална е постземјотресна барака, сега плус напумпана. Решението кое се спроведува е дефинитивно најлошото замисливо.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2047
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 23-Sep-2021 at 14:26
Originally posted by hcitrS

Примерот погоре од ДДР е цврста и репрезентативна градба, со плоштадиште пред неа. Универзална е постземјотресна барака, сега плус напумпана. Решението кое се спроведува е дефинитивно најлошото замисливо.
Pa neka ja naprvat i "Univerzalna" cvrsta. Dosega glavnite zamerki bea kapacitetot, parkingot i voopsto postoenjeto na vakva sala.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 304
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 23-Sep-2021 at 15:36
Jas kako sto gledam oni gradat nova sala vrz postoeckata. Od populisticki pricine ne ja rusat prvo pa da izgradat skroz nova, nego odat na poskapa varijanta, paralelno gradat nova so demontaza na starata.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2047
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 23-Sep-2021 at 16:23
Originally posted by MKDSTRUGA

Jas kako sto gledam oni gradat nova sala vrz postoeckata. Od populisticki pricine ne ja rusat prvo pa da izgradat skroz nova, nego odat na poskapa varijanta, paralelno gradat nova so demontaza na starata.
Isto kako "Gradski", vo sustina se izgrani nov stadion. Da ne bese Juzna "Prodadena" i nea ke ja gradea od temel!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 22-Oct-2021 at 12:32






https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
Urbanista View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 22-Oct-2021 at 16:43
Жал ми е што поради популизам само ќе се обложи рѓосаниот лим. Требаше да де вложи повеќе средства и љубов да заличи на тоа што заслужува, а не да биде налик на лимен индустриски објект. А и секако можеше да се направи паркинг на неколку нивоа подземен и да се реши паркирањето во овој дел..
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7675
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 22-Oct-2021 at 19:36
од сите објекти што се изрушија и упропастија, јавноста се фати за монтажниот... жалосно... сега имаме лим на лим без паркинг и то треба да го викаме концерна сала
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 25-Oct-2021 at 22:21

Originally posted by Urbanista

секако можеше да се направи паркинг на неколку нивоа подземен и да се реши паркирањето во овој дел..
Ех што било лесно вака...

А каде поточно ќе биде влез/излез од тој подземен паркинг на неколку нивоа?

И за колкава сала треба да биде адекватен?
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 856
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 25-Oct-2021 at 22:27
Влез од Петар Поп Арсов, излез кај НЛБ. Уште еден влез/излез и интеграција со Импексел. Секако подобро од ништо.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 25-Oct-2021 at 22:55



Ако бараме добро решение, а не „подобро од ништо“, треба да почнеме со самата локација.


Ама еве нека каже и @Urbanista како ја замислува салата и сообраќајното решение.

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 26-Oct-2021 at 00:08
Подземна гаража со парк на местото на Универзална

Влез и излез на ул. „Петар Поп Арсов“, а оваа улица би се проширила, со оглед на тоа што постои можност за таков зафат.
Со ова, нема да се создаваат гужви на таа улица која излегува на „Партизанска“.

На ваков начин, со цел да не се создаваат гужви од улицата на која ќе биде влезот/излезот на подземниот паркинг, може и да се направи еден кружен тек (види фото, грубо нацртано/извор Google Maps):




Edited by skopskodete - 26-Oct-2021 at 00:14
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 856
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 26-Oct-2021 at 19:04
Originally posted by Cloverstack




Ако бараме добро решение, а не „подобро од ништо“, треба да почнеме со самата локација.

Ја поддржувам оваа локација за мултинаменска мала сала што е корисна за градов, секако и задржување на изгледот кој сакале или не е веќе скопски симбол. Но, тоа не значи и игнорирање на прашањето на паркинг и плукни залепи реконструкција како што гледаме во моментов.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 242526

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.