build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15037
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 17-Dec-2021 at 13:50
И во студијата на сообраќајните инженери од Битола има многу резерви за проектот БРТ за Скопје

Во рецензијата на проектот за брз автобуски систем (автобуско метро) во Скопје за трасата Ѓорче Петров – Ново Лисиче (запад-исток) на фирмата 24 ИНГ од Битола назначени се бројни слабости на сообраќајните решенија за кои се неопходни дополнителни сообраќајни проекти и изградба на нов мост на реката Вардар кои ќе имаат нови финансиски импликации, а не се предвидени во прифатениот проект од 70 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој.

Вчера градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска реши да ја прекине тендерската постапка за изградба на проектот БРТ, брз автобуски систем.

„БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното“, соопштија вчера во Град Скопје.

Во документот на компанијата 24 ИНГ од Битола изработен во декември 2020 година има бројни замерки на замислениот проект. Сообраќајните инженери од оваа компанија на одговорните на Град Скопје пред една година им ја презентирале оваа студија во која има навистина бројни недоследности за оправданоста на еден ваков проект.

Од нашиот увид во оваа студија, за реализација на автобуското метро неопходна ќе биде изградба на нов мост на реката Вардар на местото на постоечкиот мост „Обединети нации“ што ги спојува населбите Карпош 4 и Влае. „Мостот ‘Обединети нации’ е основната врска запад – исток. Овој мост не може да обезбеди доволен попречен профил кој би ги задоволил сообраќајните потреби и резервирана траса за БАС. Треба да се гради нов мост што е сериозна задача и од финансиска и од гледна точка на попречување на нормалниот живот во текот на изградбата“, пишува во студијата.

Бројни се проблемите што би произлегле од спроведувањето на овој проект: дополнителни возачки вештини на шоферите заради променети околности на функционирање, проблеми со пристапот, застанувањето на БАС станиците, со експлоатацијата на 16 и 24 метарските возила, нема бекап систем за напојување на сигнализираните крстосници, на се предвидени ситуации во случај на вонредни околности (сообраќајки, протести, временски неприлики, потребно е зајакнување на ресурсите на превозниците – инженери, квалификувани мајстори, менаџери за квалитетно одржување на БАС возниот парк..., пишува во студијата.

Поставено е и прашањето на заштитата на скапата софистицирана опрема што треба да биде инсталирана по станиците - влезни излезни капии, вендор машини за издавање/надополнување билети, информативни дисплеи, осветлување, клупи... „чие оштетување би довело до сериозни проблеми во самото функционирање на системот и до значајни дополнителни трошоци“. Поставено е и прашањето за одржување на возилата како проблем – резервни делови, навремени тендери...

Што ако се затвори дел од трасата заради вонредни околности?

Во случај на протести или други манифестации пред Собранието не се обезбедени можностите за алтернативна рута, а и тие се многу лимитирани, забележале сообраќајните инженери од Битола.

„Овој проект бара старт на два други независни проекти за оптимизација на мрежата за отстранување на ризиците... Докомплетирање на сообраќајната мрежа низ центарот на градот, булеварот ‘Македонија’, меѓу булеварот ‘Свети Климент Охридски’ и Тутунски комбинат (Лимак)... Во Аеродром, пред почетокот на функционирањето на БАС, неопходно ќе биде продолжување на булеварот ‘АСНОМ’, конекција со булеварот ‘Гоце Делчев’ пред почетокот на функционирање на БАС.

…За целосна реализација на предностите на БАС недостасува сообраќајна врска на депото/терминусот во Ново Лисиче со источниот влез во градот Скопје, односно булеварот ‘Александар Македонски’. Ова е сериозна пречка за примена на концептот ‘парк анд рајд’. …Поврзувањето со меѓуградски патен и железнички сообраќај е доведен во прашање заради градежни проблеми пoврзани со постоење на подземни тунели и прашања за носивост на коловозот…

Постојната состојба со сообраќајната мрежа во Скопје не дозволува обезбедување на заштитени две БАС сообраќајни ленти по насока што би овозможило обиколување во случај на дефект и препрека на БАС лентите.

...Поставувањето на трасата на БАС на главниот коридор исток-запад повеќе ќе ги истакне недостатоците на постојната сообраќајна мрежа бидејќи се одзема по една сообраќајна лента во секоја насока.

Од булеварот ‘Партизански одреди’ се одзема по една сообраќајна лента за секоја насока. …Неопходно е продолжување на булеварот ‘Илинден’ со нов мост на Вардар и негово поврзување со западниот дел од сообраќајната мрежа“.

Освен ова, регистрирани се и бројни пречки во Законот за јавни патишта, како на пример забрана за поставување и градење на какви било објекти освен сигнализација и сообраќајна опрема на разделните острови и разделното зеленило на улиците, патиштата и крстосниците... Ова подразбира и неопходни законски измени и дополнувања“, пишува во студијата.

Освен сите овие забелешки, од Град Скопје главните забелешки се однесуваат на уништувањето на средишното зеленило на булеварите „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандаски“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“. Патниците треба да поминуваат три ленти за да стигнат до автобускта постојка или при излегување од автобусот да го поминат булеварот, а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона. Главната водоводна цевка со дијаметар од Ф 1.600 мм од која со вода се снабдуваат општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром , Гази Баба, Кисела Вода, Драчево, Зелениково и Студеничани се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на булеварот „Партизански одреди“ така што и најмали осцилации може да имаат фатални последици, а средишната зелена површина претставува заштитна зона на вододната цевка, велат од новата администрација на Град Скопје.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/i-vo-studijata-na-soobrakjajnite-inzheneri-od-bitola-ima-mnogu-rezervi-za-proektot
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 17-Dec-2021 at 20:38
Од сето ова, а многу работи има, и мене најмногу внимание ми е за Обединети нации, кој и што да се прави, навистина ќе го наруши коридорот запад-исток. Во моментов има само по 3 ленти со двата моста (ОН и Хром), а што и да прави само би значело намалување на бројот на ленти. Да се имаше вијадуктот од Илинденска многу би помогнало, бидејќи освен двата моста друга опција за да го поминеш Вардар е преку Ромското Маало кај Канал 5, а таму е улица со две ленти, што исто е премалку за пренасочување на сообраќајот.

Друго што ми привлече внимание е моментот на вонредни ситуации, кои навистина во градот се премногу, минимум 20-тина пати во годината има нешто, а да не зборуваме за моментите дека нашите политичари мора да патуваат со полициски придружби и сите семафори да се гасат.

Преминувањето на улиците (трите ленти до и од станиците) можеби е бениген проблем, но со оглед на сообраќајната култура кај возачите, но и кај пешаците, е исто сериозен проблем според мене.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15037
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 20-Dec-2021 at 13:44
БАС РАПИД ТРАНЗИТ СИСТЕМОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ МУ ДОНЕСЕ ПРОГРЕС И ГЛАВОБОЛКИ Скапа играчка или модерен проект?

Една година и 13 месеци би бил раскопан главниот град на Македонија за по оската на неколку улици да можат да врват 24-метарски автобуси-хармоники одделени од автомобилите и со тоа да се намали сообраќајниот хаос. Вака предвидува проектот за Бас Рапид Транзит системот кој го стопираше новата градоначалничка Данела Арсовска и ги подели скопјани, а во меѓувреме стигнаа вестите за можен референдум: дали сте за 70-милионското метро на Шилегов или за едноставна набавка на 250 еко-автобуси, секој од нив по 300.000 евра?

Додека се кршат копјата околу одлуките на Град Скопје, првите критики од експертите стигнале уште лани. Сообраќајните инженери од битолската компанија „24 ИНГ“ во сопствен документ изнесоа бројни замерки за самата организација на трасите, за големото стеснување на веќе тесните улици, за скапата електроника на новите семафори која тешко ќе се одржува и за 21 нова станица кои наместо по тротоарите сега ќе бидат насред улица и за да дојдете до нив ќе морате да поминете низ три ленти.

БРТ предвидува Малиот ринг во центарот да стане пешачка зона почнувајќи од Триумфалната капија, но не е предвидено пренасочување на автомобилите. Дополнителни проблеми се и мостот кај Обединети Нации за чие проширување требаат уште средства и вкрстувањето на трасите на БРТ со меѓуградските автобуси, а уште се води дебатата за главната водоводна цевка широка 1,6 метри која може потенцијално да биде оштетена.

– Никој не треба да се грижи во оваа смисла. И водата, и водоснабдувањето, и главната цевка ќе биде заштитена и лесно достапна за евентуални дефекти. Досега не се случило на оваа цевка да има дефект – рече градоначалникот Петре Шилегов пред неколку месеци на Канал 5 во емисијата „Жешко политичко лето“.

Партизанска“ ќе има по две наместо три ленти, ќе се закрчи и „Илинденска“
Тоа што е сигурно е дека, БРТ системот значително ќе ги стесни лентите за автомобили. Не само што се предвидени две автобуски ленти за две хармоники, туку лево и десно од нив ќе има дрворед и пешачки патеки. Да се потсетиме, единствената улица во Скопје која има по три ленти е булеварот „Партизански одреди“, а сега ќе има по две.

„Од булеварот „Партизански одреди“ се одзема по една сообраќајна лента за секоја насока. … Неопходно е продолжување на булеварот „Илинден“ со нов мост на Вардар и негово поврзување со западниот дел од сообраќајната мрежа“, сметаат од „24 ИНГ“ и се додава:

„Поставувањето на трасата на БАС на главниот коридор исток-запад повеќе ќе ги истакне недостатоците на постојната сообраќајна мрежа бидејќи се одзема по една сообраќајна лента во секоја насока“

Од 18 км/час сега на 25 км/час за две години
Патувањето од скопската населба Ново Лисиче до Ѓорче Петров со БРТ би се скратило од сегашните 70 на 35 минути. Тоа значи дека до центарот на градот би стигнувале за 15-тина минути. Ќе биде ли ова доволно да ги натера луѓето кои го имаат комфорот да патуваат со автомобил да влезат во хармониката?

Истражување спроведено од фондацијата Метаморфозис покажува дека од 150 милиони граѓани годишно во 1989 година, во 2018 само една петтина, односно 44,7 милиони скопјани користеле автобус. Тоа значи дека бројката е во опаѓање. За споредба, БРТ би превезувал 65 илјади луѓе дневно.

Што се однесува до брзината, ова истражување вели дека во 2019 година била 18,39 км/час, додека просечната брзина на БРТ, според најавите, би била околу 25 км/час.

Ако протести го закрчат градот, нема споредна рута
БРТ не предвидува што би се случило во случај на протести, манифестации, вонредни состојби или други закрчувања на сообраќајот. Нема споредни рути, забележале битолските инженери, а еве што тие предлагаат:

„Овој проект бара старт на два други независни проекти за оптимизација на мрежата за отстранување на ризиците … Докомплетирање на сообраќајната мрежа низ центарот на градот, булеварот „Македонија“, меѓу булеварот „Свети Климент Охридски“ и Тутунски комбинат (Лимак) … Во Аеродром, пред почетокот на функционирањето на БАС, неопходно ќе биде продолжување на булеварот „АСНОМ“, конекција со булеварот „Гоце Делчев“ пред почетокот на функционирање на БАС“, се вели во соопштението.

Што кога ќе снема струја за новите семафори?
БРТ ќе биде управуван дигитално од систем на синхронизирани семафори кои ќе им даваат предност на хармониките пред возилата. Но, што кога ќе снема струја, или при сообраќајка? Битолските инженери гледаат проблем и во одржувањето на автобусите, а за електронските системи можеби ќе треба да има и дополнителни вработувања. На удар се дисплеј-екраните, вендор-машините за издавање билети и влезните капии во попатните станици, клучни делови од системот.

За да стигнете до станица треба да преминете три ленти?
Штом постојките се изградени насред улиците, за што во моментов инаку не постојат можности во Законот за јавни патишта, Град Скопје има замерки околу тоа колку ќе бие безбедно да поминуваме низ три ленти, две од улица и една од метрото за да стигнеме до станицата. Ако земеме предвид дека за разлика од сегашните постојки, новите ќе бидат проретчени и ќе стојат на секои 500 метри, пешачењето ќе биде зачестено.

Ќе треба да го преместиме целото зеленило од жардињерите
Град Скопје под новото водство на Данела Арсовска реагираше и на уништувањето на сегашното зеленило кое треба допрва да се заменува со нови два дрвореди околу трасата на БРТ. Би биле уништени или преместени жардињерите на булеварите „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“.

Со своја реакција излезе и здружението Зелен Хуман Град:

„Улицата Цветан Димов во Чаир ќе стане булевар со шест коловозни ленти. Колку здрави дрвја има на потегот кои ќе бидат исечени за потенцијалното пробивање на БРТ трасата? Колкугодишни се тие дрвја?“, напишаа уште летово на Фејсбук од ЗХГ.

Мостот Обединети Нации ќе треба дупло да се прошири
Најтешко можеби ќе биде кај мостот на Обединети Нации, којшто има само две ленти, кои сега ќе бидат резервирани за БРТ системот, па ќе треба да се додадат барем уште две ленти. Toa значи нов мост, нови потпори и веројатно посебен проект за таа точка.

„Мостот „Обединети нации“ е основната врска запад – исток. Овој мост не може да обезбеди доволен попречен профил кој би ги задоволил сообраќајните потреби и резервирана траса за БАС. Треба да се гради нов мост што е сериозна задача и од финансиска и од гледна точка на попречување на нормалниот живот во текот на изградбата“, пишува во студијата на „24 ИНГ“.

Како БРТ ќе се спои со меѓуградскиот сообраќај?
Нема да ѝ биде лесно ни на Железничката станица во Скопје. Таа ќе треба да биде спојна точка на БРТ со трасите на меѓуградските автобуси и идниот брз железнички транспорт, кој е во најава. Но, голем дел од автобусите доаѓаат од источниот влез на градот и преку булеварот „Александар Македонски“ во Гази Баба:

„За целосна реализација на предностите на БАС недостасува сообраќајна врска на депото/терминусот во Ново Лисиче со источниот влез во градот Скопје, односно булеварот „Александар Македонски“. Ова е сериозна пречка за примена на концептот „парк енд рајд“. … Поврзувањето со меѓуградски патен и железнички сообраќај е доведено во прашање заради градежни проблеми поврзани со постоење на подземни тунели и прашања за носивост на коловозот …“, се додава во нивното соопштение.

https://plusinfo.mk/bas-rapid-tranzit-sistemot-na-skop-e-e-mu-donese-progres-i-glavobolki-skapa-igrachka-ili-moderen-proekt/
Back to Top
Aowek View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 37
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 20-Dec-2021 at 14:13
Нит ќе има брт нит ќе се подобри нешто во Градот Скопје.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15037
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 25-Dec-2021 at 17:57
АРСОВКА: „БРТ“ ЌЕ НАШТЕТИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА



За развој на транспортен систем потребни се стандарди кои ќе ги запазат потребите на граѓаните а не на политичарите брифираат дел од познавачите на сообраќајната инфраструктура. Градот Скопје се уште нема алтернативен сообраќај кој ќе го олесни сообраќајниот хаос - единствена опција се автобусите на ЈСП.

Како алтернатива се постави прашањето за БРТ системот но тој наиде на оспорување од страна на новата градска администрација за што од СДСМ остро реагираа. Денеска од СДСМ со став дека проектот Бас рапид транзит е разгледан од Европската банка за обнова и развој а оценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој е на граница помеѓу добри и силни проекти оценети од Банката.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавите на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, тврдa дека БРТ на поранешниот градоначалник на Скопје,Петре Шилегов ќе го загрози водоснабдувањето на Скопје и може да предизвика сериозна хаварија.

Но, пред неколку денови, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека нема да се спроведува БРТ системот оти постоеле бројни недостатоци и ризици врз животната средина.

Сегашниот јавен транспорт е концепт стар повеќе од 40 години и е правен за потребите на тогашно Скопје за да ги задоволува потреби на Скопје до 1984 година.

Кон крајот на 1980-тите години, во Скопје се организирал референдум околу изградба на шински јавен превоз во градот. На референдумот сепак граѓаните на Скопје се изјасниле против.

Околу сегашниот БРТ систем, градоначалничката Данела Арсовска појасни дека нема потреба од референдум бидејќи проектот бил неспроведлив.

https://www.24.mk/details/arsovka-brt-kje-nashteti-na-zhivotnata-sredina
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2122
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 25-Dec-2021 at 21:05

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2460
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 26-Dec-2021 at 16:16
Добро и лошо планирани БРТ системи:

https://www.fareast.mobi/en/brt/risks/BRT-Project-Risks-What-Could-Go-Wrong?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2460
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 26-Dec-2021 at 17:45
БРТ Стандард:

http://mexico.itdp.org/wp-content/uploads/BRT_Standard_ENGLISH.pdf

Edited by phenomenon - 26-Dec-2021 at 17:46
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 27-Dec-2021 at 08:38
Убо шо го прекинала,исто така безцелно е да се држи референдум за:чиј автобуси ги сакате,нашите или нивните....

Во најмала рака требит скопје за трамвај модерен да размисли,ако и то воопшто можи да поможи,според мене само Метро е решение за сообраќаен метеж а со самото то и загадувањто.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 29-Dec-2021 at 00:51
Не гледам што е толку проблем мостот ОН.
Поголем проблем на кој би требало СкУпјани да се навикнат е тоа што на 2 главни булевари ќе имаат една лента помалку за возење на своите префинети задници.
На мостот секако има сега стеснување од 3 на 2 ленти, и најчесто нема никакво затнување ради тоа. Со БРТ на него би било од 2 на една.
Со мостот на Љубљанска исто би се олеснил протокот до негде.
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 148
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 29-Dec-2021 at 07:50
Originally posted by fichot

Не гледам што е толку проблем мостот ОН.
... Со БРТ на него би било од 2 на една.
Со мостот на Љубљанска исто би се олеснил протокот до негде.


Може не поминуваш тука редовно, па затоа, ама целиот западен дел од градот, и сите што доаѓаат во Скопје од Запад, за спој со остатокот на градот моментално имаат само 4 ленти, 2 на мостот, 1 на мостот во хром и една низ Злокуќани.

Мостот на Љубљанска (кој нема да е готов со години, не е ни почнат) нема да смени апсолутно ништо, посто пак има само една лента низ Злокукјани кој запад.


Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 29-Dec-2021 at 09:55
Originally posted by Phiko

Originally posted by fichot

Не гледам што е толку проблем мостот ОН.
... Со БРТ на него би било од 2 на една.
Со мостот на Љубљанска исто би се олеснил протокот до негде.


Може не поминуваш тука редовно, па затоа, ама целиот западен дел од градот, и сите што доаѓаат во Скопје од Запад, за спој со остатокот на градот моментално имаат само 4 ленти, 2 на мостот, 1 на мостот во хром и една низ Злокуќани.

Мостот на Љубљанска (кој нема да е готов со години, не е ни почнат) нема да смени апсолутно ништо, посто пак има само една лента низ Злокукјани кој запад.




Добро, вака ќе имаат една лента помалку. И баш во близина живеам и секидневно го проаѓам мостот. Сум приметил кога одам со кола дека има гужва ако излезам во 7:30-8:00 но веќе во 8:15 гужвата ја нема. Веројатно ќе има гужва како на времето што имаше пред да се пробие улицата/мостот низ Влае/Нерези до Гоце, али ако се земе да се сработи Словенија-Илинденска-новата Ацо Шопов и + мостот таа би можела да се ублажи.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.