build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 501
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 03-Aug-2020 at 02:48
Нема ништо од ова да биде! Се збори 20 години за трамјвај јас како памтам, претходно сигурно уште 100 години. Едноставно немаат Скопските/државните инститцуии капацитет за вакво нешто. Културата е друго и не се прилагодуваат прокетите према културата и не треба да с еприлагодиуваат. Ама институциите нема шанси.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 03-Aug-2020 at 02:55

U... каде со таков Сатар, сакаш да се кладиш!? Фено ваквата квака сред Скопје само ќе допринесе до поголем застој, убо се гледа дека Скутери и Мотори ќе ја користат сегашната Вело Лента, доколку репер е фоткава, а ако ова им бил (спинот со столпците) и како истата ја пуштиле за Велосипедисти а подоцна да ја пренаменат за Моторџии ова ќе излезе најпреварантската sds екипа која и на локално освен на државно ниво се користи со превари на Народ , мислам не дека порано не било тоа случај, но во време на банковци немаше буџет ни за сервисирање семафори, а не пак купување нешто ново, Но да не избрзувам времето ќе каже, сепак не гледам како во вакви збиени околности ќе им се угоди на сите, Освен ако се оди Еднонасочно в среде меѓу булевари (место за ЛРТ истиов предлог за БРТ) а од страна на таквата Единечна БРТ Лента да има по Една Брза Велосипедска, во која BRT-кочиите можеби за време шпицоите би оделе Контра > наутро кон Центар а послепладне од Центар кон Периферија, мислам поентата е како да извлечеме максимум со минимум и да добиеме што повеќе БРТ Траси уште одма за исти пари, капак и сега ЈСП има капацитет да амортизира лесно мањакот контра правци, а кога Градо ќе има одвишок средства или државата притекне напомош зошто да не се шират и Булевари та да се добие уште една лената за Двосмерно БРТ натака ...
е сега, вака како што предвиделе градските очуви брт-трасата, има големи ризици и недоумици како тоа ќе функционира во реалност односно колку ќе мотивира Народ да шалта од Кола на Бус, а пред се’ ќе се подобри само услугата на ЈСП за постојните Патници кои и вака и така ќе си се клацкаат во Бус, но тоа ќе значи помала заработка за ЈСП, ]b]евентуално ако е Бесплатен Јавниот Превоз та дури тогаш да видиме аир од сето ова! но такво нешто сега не им се исплати т.е. немаат волја од Градо да спружат Жолта Лента и пуштат зглобни автобуси еден зад друг за да постигнат наплив при Џабалак Превоз (бар по Булевари), а не пак да фрлат +70 милиони евра и да пуштат срце, АЛО ПетреШ кој ти е Урбанизам кој ут Сообраќај таму, дај замоли ги да свратат тука на пинг-понг!
Ојдоа Овие Изгледа Во Паралел Јуниврз!? значи сакаме ли сигурно шалтање од Кола на Бус да видиме, прво мора да се осигура атрактивноста со ХИГИЕНА не онаква еднаш неделно дезинфекција а секојдневно само зачистување, туку после секоја тура да оди автобус на 30 минути ув-ц зрачење и Кирби чистење седишта [1] потоа Закачување Двоспратни Вело Приколки на постојните Автобуси за да се стимулира Смиксан-Мод на ангро а така и попривлечна опција да биднуе Бус, а тука ет и Потребата ЈСП преку загарантирана Жолта Лента да има непречен проток, појава која никогаш не заживеа Здраво туку постојано има упади и ден денес, не ми е јасно зошто не наметнат да Автомобили може само од Втора Лента да вртат во Десно!? e така има логика странично и Велосипедисти да се на Прва Лента, та и Мотори да ја користат централно! сепак треба и БТР, но строго Средишно Булеварски во сегашните Жардињери дали Двосмерно или Едносмерно т.е. едносмерната траса е логична доколку се гледа што повеќе Булевари одеднаш да се покријат, а потоа може да се оди на таквата засебна БРТ Траса со Две Ленти но повторно во Еден Правец за едната да биде за постојниот HOV предлог на Линија [1] додека Втората БРТ Лента би била Артерискa [2] односно Приградска, еве ко за урнек со слична големина во Филаделфија бул.Ризвелт кој има 14миљи значи слично на нашава предложена прва траса, има вакви две можеби и Шеред Трак линии, едната со 14 станици втората со 5 [3][3] ќе речам во однос Нас веќе се на Чисто дека таквата рута во Шпицои глави озбилно па им биднала неопходнана и Сртериска Линија на страна што и самите веќе контаат дека им треба мултимодален пристап во однос Велосипедисти [3] а и таму еве да речеме Раскрсници еден куп, но тоа не е Централна Оска в сред Град па можат да си дозволат Семафор Со Предност т.н. Queue Jump додека кај Нас за да се избегнат несреќи од невнимание скапи пенали за оправки на мЕтро-бусоиве, воопшто застој заради кубојци индијанци и марсовци сред Раскрсници, Мора да се оди со Подвозници онака како е на секој чекор истопорен семафор, дотогаш особено сред Шпиц сигурен сум дека нешто поозбилно нема брзината да се крене а со тоа и времетраењето на превозот да се намали, сигурно побрзо но дефакто пак тргни-застани, еве со Кло сме се убедувале пред 10-тина години во однос истово но за LRT-то, според мене дека без Подвозници ова ќе биде пак спор муабет т.е. не доволно брз во однос можностите кои ги нуди еден ваков систем, и тоа ова говорам од аспект на засебна Траса, во трета лента сред Град бреј па тоа раткапна некому да летне та ето ти кочајла непотребно, тргни застани какви, турни ја со некоја роботизирана метла шефе побрзо со двокатен ќе стигнев! та дури ова и да е некако физички одвоено од каде гаранции дека нема да се саботира од небрежност!?

пак ќе кажам Ако се размислува трезно, ќе се увиди дека ваквиот постоен градски предлог е недоносен, иако посекако ветува озбилна промена, но чуму да се дозапуши Колскио Сообраќај кога сето тоа (како БРТ бонус) може да се испегла и постојно со Отпојќе Зглобни Автобуси на Строга Прва Жолта Лента а да се добие истиот ефект со Queue Jump за постојната флота на ЈСП, а со тие милиони кои би ги фрлиле на ова би имале поголем ефект ако се пренаменат за дуплирање зглобна флота на ЈСП ~ ем Бесплатен Јавен Превоз ~ капак со ХИГИЕНА на Завидно Ниво, но нели бидејќи ние сме помодари со тапија, па дај копи-пасте на прва! мислам така беше и со ЛРТ моментумот и не само кај властите ами и тука на форумов, сетне улетав со анализа дека кај нас само БРТ ќе пројде и сите пак се правеа тука мутави, иако конечно Градо ова го сконта БРАВО ЗА ПетреШ, но еве гледаме дека пак без осет си тераат истите тие Сообраќајни Инжињери во Градо , ајт бар сега заради новио Ага се поарни и не фантазираат со ширум затворени очи, сега им се отворени и ѕенѕаат визии ко од фатаморгана, но да не излезе дека сакам сеир да фрлам, Не, сето ова е резултат на немање простор каде меѓусебно Експерти во дрѓавава да се Соочат пр. на некој Институционален еФорум, туку се’ си тера по старо па дури и во Народ надежна си е токму, а единствено што се сменило е само бојата на книшките кои врват по раководните функции, чиниш ко да не саботираат намерно административци!?

мора да се гледа долгорочно, Не Ми Е Јасно Ко Да Си Експериментира Со Нас и за ова прашање ИнВиво, размилувајте што доколку карта е 1 евро, кому тоа ќе биде исплатливо, таа цена ја проектираа за ЛРТ, а ова бидејќи е дупло па и тродупло поефтин Урбан Транспортен Систем значи треба да е 30 денари, дури и поефтино од постојните билети на ЈСП, а тоа нема да бидне случај ко што ми мириса, па после ќе биде повуци потегни, освен ако енормно не порасно цената на нафтата, точно во тој случај ова ќе биде Благодат, но повторно сметам дека со Бесплатен Постоен ЈСП ќе имаме поголем ефект, невелам не треба БРТ, но Едносмерно и со Подвозници ем дупло помалку Станици т.е. да бидне Артериско БРТ кое ќе ги поврзе со Ѓорче и Драчево ТИРЗ виа Центар, но како им драго така ќе си прават, дали!?

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 03-Aug-2020 at 18:43
Originally posted by user8642

Нема ништо од ова да биде! Се збори 20 години за трамјвај јас како памтам, претходно сигурно уште 100 години. Едноставно немаат Скопските/државните инститцуии капацитет за вакво нешто. Културата е друго и не се прилагодуваат прокетите према културата и не треба да с еприлагодиуваат. Ама институциите нема шанси.
не збориме за трамвај, туку за BRT, зошто би било вакво нешто невозможно кај нас, кога веќе имаме автобуски превоз, вака само ќе има посебни ленти за него, минимална инвестиција е
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 03-Aug-2020 at 20:48
Штета што не се оди на класично метро или трамвај ова е нешто што може да се реализира за помали пари ама ќе треба паралелно многу работи да се решат за да добие ефикасност,вдолж планираната траса да се укине автобускиот превоз бидејќи ако од десно отстапиме лента за Јсп и од лево за БРТ тогаш ќе остане една лента за коли,патем не гледам некоја брзина и ефикасност во превозот чисто од временски аспект бидејќи во најголемите гужви (8 и 16h) ќе чека на истите семафори и непроточни раскрсници како и сите други,ќе треба да ги кршат средишните жардињери за да прават постојки па згора на тоа некои булевари ќе станат претесни бидејќи бул.Кочо Рацин е веќе стеснет за вело патеката. Сепак ќе видиме што ќе биде и дали ќе го видиме во реалноста бидејќи веќе со децении се говорат некои проекти па оттука секој има право да биде помалку или повеќе скептичен при нивната реализација. Добро би било да има и конекција север-југ бидејќи градот има тенденција на ширење во тој дел.
Незнам колку би чинела изведба на метро кое би понудило многу побрз транспорт на патници без гужви,семафори,затворени улици и слично но изгледа им се чини доста скапа варијанта па затоа се решаваат за БРТ.

Edited by stef4o - 03-Aug-2020 at 20:49
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 03-Aug-2020 at 20:56
Метро би чинело минимум 40 милиони по километар, а веројатно цената би била и троцифрена. Првата БРТ линија е предвидено да чини 70 милиони евра (сосе возила мислам), а метро би било 500м+, можеби и над милијарда. Немаме пари за тоа. Евентуално градот паметно да се развива, економијата да се подобри, па за 20-тина години со европски фондови да градиме метро ако Скопје има доста повеќе жители од сега.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 03-Aug-2020 at 21:29
Originally posted by Staro Skopje

Метро би чинело минимум 40 милиони по километар, а веројатно цената би била и троцифрена. Првата БРТ линија е предвидено да чини 70 милиони евра (сосе возила мислам), а метро би било 500м+, можеби и над милијарда. Немаме пари за тоа. Евентуално градот паметно да се развива, економијата да се подобри, па за 20-тина години со европски фондови да градиме метро ако Скопје има доста повеќе жители од сега.
Gledajte gradskite vlasti da kupat uste nekoj od novite MAN-ovi, ona drugoto e samo pravenje bajram na mozokot, sekako za politicki poeni.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 03-Aug-2020 at 22:54
Originally posted by Staro Skopje

Метро би чинело минимум 40 милиони по километар, а веројатно цената би била и троцифрена. Првата БРТ линија е предвидено да чини 70 милиони евра (сосе возила мислам), а метро би било 500м+, можеби и над милијарда. Немаме пари за тоа. Евентуално градот паметно да се развива, економијата да се подобри, па за 20-тина години со европски фондови да градиме метро ако Скопје има доста повеќе жители од сега.

Колку километри нови булевари би можеле да се изведат со тие 70 милиона евра? Можеби би било попаметно со нив да се отпочне со реализација на некои сегменти од примарната сообраќајна градска мрежа, покрај проектите што се веќе започнати и се наоѓаат во некоја фаза. Тука мислам на некои булевари и клучки што би го растеретиле сообраќајот, а со тоа и јавниот превоз. Затоа што и реализацијата на метробусот несомнено ќе повлече многу модификации на сегашната инфраструктура по трасата на која ќе се изведува. Не е лошо да се направи ваква проценка, можеби и нема да има некоја голема разлика во крајниот ефект.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 04-Aug-2020 at 17:28
Не вредат парите за нешто што ќе се меша со останат сообраќај на секоја раскрсница. Моментот со снегот во тендерот, ми кажува дека одвојувањето на лентата ќе биде со столпчиња како овие за велосипедски ленти што ги ставаат. Со други зборови, ми изгледа дека ќе добиеме оградена лента за јавен превоз, но поставена во средина. Ама ај, да го видиме проектот прво.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 04-Aug-2020 at 17:36
Со 70 милиони евра ќе се комплетира речиси целата сообраќајна инфраструктура во Скопје.
Мостови, надвозници, пробивање на нови булевари...
Со тоа ќе се скрати километража и ќе се подели гужвата, ќе се воведат нови автобуски линии и ќе се патува многу побрзо.

Вакво експериментирање е само маркетинг...замена на еден со друг тип јавен транспорт без ширење на мрежата.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 04-Aug-2020 at 18:03

доста концизни коментари, но последниов е ВоЦентароСметнат, токму маркетинг но кој ко што тргнало ќе види бел ден, и не бидејќи Шилегов го сака, туку веќе и на урбанистите им е јасно дека за ЛРТ немаме по линија НЛО~Ѓорче ни потреба ни можности, а веќе зацртале стручно дека БРТ како нзс меѓу ЛРТ и Трам е најисплатлива варијанта, проблемот е што ќе се чека на предлози допрва како да се реши оваа траса онака тендерски, намето таквиот моментум да е испеглан од Цела Фела Собраќајни Инжињери и Урбанисти пак и пак ќе речам на еФорум при Поратло на Градо, а дури потоа откако се пресече конечно какво решение ет најнеопходно да се премине на бркање Проекти ... ех груевци да го беа рестартирале ФАС со Двокатните сега муабето ќе беше и поисплатлив бар ќе се влеваа пари и за Наши Работници, но не е касно да се размислува и во овој правец пак, особено доколку знаеме дека и за другите Градои почнуе да е неопходно ем Јавен Превоз ем негово сервисирање!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 12-Sep-2020 at 12:02
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 05-Oct-2020 at 16:20
Град Скопје ја избра фирмата што ќе го изработи идејниот проект за „трамвајот на тркала“

Скопската градска власт ги избра проектантите што ќе го изработат идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем – БАС (Bus Rapid Transit) во Скопје. Станува збор за група од двајца понудувачи, Друштвото за трговија и проектантски услуги 24 ИНГ ДООЕЛ од Битола и Трговското друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ од Скопје. Првата линија од „трамвајот на тркала“ ќе се гради на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, ќе биде со приближна должина од 12,81 километри и ќе има 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминала.

„Согласно договорот и проектната задача, носителот на набавката по добивање на налог за започнување на услугата, ќе има на располагање 100 работни дена за да ја заврши проектната документација. Во тој период не се сметаат деновите кои му се потребни на градот да ја разгледа документацијата и да даде забелешки за истата, како и деновите кои ги има на располагање носителот на набавката за да постапи по забелешките“, велат за „Мета.мк“ од Град Скопје.

Од проектантот се очекува да ги изработи идејниот сообраќаен проект, архитектонскиот идеен проект, градежниот идеен проект, како и идејните проекти за сообраќајниците, за машинска инсталација и опрема, за хидротехника, термотехничка инсталација и анализа за ризиците на проектот. Во оваа фаза ќе се анализира и капацитетот на постојното депо на ЈСП во Ѓорче Петров и ќе се направи проектирање на нови содржини за идното депо во Ново Лисиче.

За изработка на целокупната проектна документација се издвоени околу 95.000 евра. Инаку, на тендерот што беше распишан од Градот Скопје кон крајот на јули годинава биле доставени понуди од две компании. Градските власти засега не можат да кажат кога би се распишал огласот за изработка на изведбениот проект за брзиот автобуски систем, но во секој случај, најпрво ќе мора да се заврши изготвувањето на идејниот проект.

Идниот „трамвај на тркала“ би сообраќал од последната станица на автобуските линии 5 и 15 во Ново Лисиче до кружниот тек на булевар „Партизански одреди“, „Борис Сарафов“ и „Лука Геров“ во Ѓорче Петров. Со првата БАС линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и обратно би се патувало за 35 минути, со комерцијална брзина на автобусите од околу 19,2 километри на час. Ова ново средство за масовен превоз ќе биде физички одвоено од постојниот коловоз, а би се движело по средината на булеварите и улиците низ кои ќе поминува.

Инаку, македонската влада за првата линија од брзиот автобуски систем во Скопје веќе побара средства во висина од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

https://meta.mk/grad-skopje-ja-izbra-firmata-shto-kje-go-izraboti-idejniot-proekt-za-tramvajot-na-trkala
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 13-Oct-2020 at 09:48
ДО ФЕВРУАРИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ИДЕЈНИОТ ПРОЕКТ ЗА ТРАМВАЈОТ НА ТРКАЛА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

До февруари ќе биде готов проектот за воведување брз автобуски систем или т. н. трамвај на тркала за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Град Скопје избра фирма која во рок од три месеци треба го изработи идејниот сообраќаен проект.

„Една фирма ги исполнуваше услови на тендерот. Станува збор за конзорциум од домашна и странска фирма. Чекаме да завршат законските процедури, периодот на жалби, за да се склучи договорот и да го објавиме името на фирмата која ќе го прави проектот што е основа за воведување на новиот концепт на јавен превоз во Скопје“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Шилегов вели дека при крај се преговорите со Европската банка за обнова и развој и до крајот на годинава треба да биде одобрен заем за воведување на „Бас рапид транзит“ системот. По изработката на проектот ќе се распише тендерот за набавка на возилата и изведба на трасата за движење и депото, по што кон крајот на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на трамвајот во јавниот превоз.

Според тендерската документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица.

Во тендарската документација се бара возилата да се движат по крајната лева лента и таа да биде одвоена од другите ленти, за да не може по неа да возат други возила или да се паркираат.

„Проектантот треба да предвиди дека сообраќајната лента за движење на возилата на ‘Бас рапид транзит‘ (БРТ) во однос на останатиот моторизиран сообраќај треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. Доколку не може да се постави на крајната лева лента, да се достави предлог на која лента е тоа најизводливо“, стои во тендерската документација.

Ако возилата се движат по крајната лева лента, тогаш автобуските станици ќе се постават во средишното зеленило и истите да се користат за двете насоки на движење.

Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути.

Улицата Димитрие Чуповски по воведувањето на трамвајот ќе треба да се пренамени во пешачка зона, со дозволено движење само на возилата од јавниот превоз, кои би се движење со брзина на пешак.

Воведување на новиот концепт на јавен превоз ќе чини 70 милиони евра.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/do-fevruari-ke-bide-gotov-idejniot-proekt-za-tramvajot-na-trkala-veli-shilegov/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 13-Oct-2020 at 10:27

Многу е важно по воведувањето на БРТ да се пренасочат сите други линии кои застануваат на рутата на БРТ. Сите тие приватни 22ки, 23ки, по Партизанска и низ Аеродром треба да бидат елиминирани, и да се воведат маалски линии низ помалите улички.

Сепак, многу е важно како ќе се интегрираат постојките на БРТ со линиите кои ќе минуваат низ тие напоредни локални улици. Промена на две линии ќе биде pain in the ass. На пример ако БРТ-то застанува под транспортен центар, како ќе се префрли човек од и до приградските линии? Или пак некој кој сака да оди за Тафталиџе, од каде би се префрлил за да фати петка?

Со самото тоа што постојките ќе бидат во средишното зеленило, значи дека ќе треба да се изградат некои нови и безбедни пешачки премини (по можност подземни), и да се отстранат постојките кои веќе постојат (бидејќи ќе треба да се укинат сите веќепостоечки линии на главните улици).

Исто така, дали автобусите би имале вакви врати со цел да се користат подигнати платформи на станиците (нема да бидат постојки туку цели станици), а станиците влезови со физички бариери како овие?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 13-Oct-2020 at 22:31
Се надевам дека депото во Ново Лисиче ќе биде колку да го има, оставајќи простор во иднина да се изгради нов мост и линијата да продолжи кон Хиподром.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.187 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.