build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана мафија - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбана мафија - Охрид
    Posted: Yesterday at 10:14
09.10.2020(od fb)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Nov-2020 at 18:04
ОПШТИНА ОХРИД ГИ ЧЕКА ПАРИТЕ ОД ВЛАДАТА ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СО РУШЕЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ

Општина Охрид ќе продолжи со уривање на дивоградбите по добивањето на средствата кои Владата со ребалансот ги предвиде за имплементација на препораките на УНЕСКО, како помош за справување со нелегално изградените објекти. Општината нема доволно средства сама да се справи со отстранувањето, па токму затоа овој процес запре по рушење на само неколку дивоизградени објекти.

„Средствата кои се останати по последната тендерска постапка се многу мали. Треба да обезбедиме дополнителни средства за да продолжи акцијата за уривање. Ги чекаме средствата од ребалансот кој го изгласа Парламентот да ни бидат префрлени на посебна сметка на Општината, по што ќе распишеме брза постапка и кога ќе имаме нов договор со фирма за отстранување веднаш ќе продолжиме со процесот за отстранување на дивоградбите. Процесот е скап. Цените коишто ги добиваме на тендер се високи и тешко се наоѓа фирма за отстранување“, изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Акцијата ќе продолжи со бесправно изградените објекти вдолж Охридското Езеро. Во тек е тендерска постапка за изработка на урбанистичка документација за плажите која, според најавите на градоначалникот, ќе заврши до јануари наредната година, по што ќе следи нов оглас за давање на плажите под концесија.

„Најпрво ќе се урива сè она што е во и покрај вода. Знам дека тие објекти се репрезентативни и навистина е штета што треба да се отстранат, но земјиштето мора да се врати во првобитна состојба. Не постои правна рамка како ние да ги легализираме тие објекти па потоа да го издаваме земјиштето на друг сопственик, кога објектот не е наш. Нема законска можност објектот да стане сопственост на Општината и да се издава таа плажа со објект“, вели Георгиески.

Георгиески смета дека стратешката евалуација согласно Планот за управување ќе одреди кои објекти ќе бидат предмет на отстранување, односно кои објекти можат, а кои не да се се вклопат во наредни урбанистички планови.

„Не гледам причина и понатака да ги стопираме легализациите или издавањето одобренија за градба на тие објекти кои се усогласени со планот за управување“, вели охридскиот градоначалник.

Георгиески по денешната седница на Советот на Општина Охрид на која беше усвоен ребалансот на буџетот кажа дека Општината го намалила и долгот со што повеќе не е на првото место на листата задолжени општини.

„Најголем успех на оваа локална власт е раздолжувањето на Општината. Долгот од 1.600.000.000 денари кој го наследивме во 2017 година, го сведовме на ниво 470 милиони денари по сите основи, па така по скоро две децении, Општина Охрид повеќе не е на првото место на листата на најголеми должници како локална самоуправа“, рече Георгиески.

Тој кажа и дека во програмата Градоначалник патните и дневните расходи со новиот ребаланс се скратени за 355.000 денари.

„Сите средства што ми се исплатени на име патни и дневни расходи во 2020 година на крајот на годината ќе ги уплатам на сметката на Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост ‘Зраци’“, кажа Георгиески.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-ohrid-gi-cheka-parite-od-vladata-za-da-prodolzhi-so-rushene-na-divogradbite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Oct-2020 at 16:42
Охрид, уривањето дивоградби замрзнато



https://alsat.mk/mk/охрид-уривањето-дивоградби-замрзнат/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Sep-2020 at 17:05
Запре уривањето на дивоградбите во Охрид



https://sitel.com.mk/zapre-urivanjeto-na-divogradbite-vo-ohrid
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 645
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Jul-2020 at 12:21
First, we take Ohrid, and then we take Struga
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Jul-2020 at 15:48
Во Охрид „се мава“ по дивоградбите, Струга никој не ја чепка – на секое слободно местенце се гради



Во ек на сезона додека механизацијата пустоши на охридското крајбрежје, од акцијата за уривање на дивоградби на струшките плажи, нема ништо.Напротив,последниве два месеци забрзано се врши урбанизација на крајбрежјето,се приграбува секоја слободна површина, а надлежните не вршат никаква контрола ниту надзор на градбите кои никнуваат,на плажите.Угостителските објекти и шанкови цел ден работат ,а плажите се послани со лежалки. Невладините организации бараат одговорност од надлежните за ваквата селективност -каде е велат Националната комисија на Унеско, ќе го санкционира ли некој ваквото безумно однесување на Мерко? Тој е обврзан велат невладините, да ги спроведува сите препораки од реакривната мониторинг мисија.

Според тоа,тој е обврзан да изработи регистар на дивоградби во рамки на неговота општина и понатаму да изработи план за нивно соодветно отстранување.Непочитањето на овие препораки повлекува регионот да биде неповратно уништен. Користењето на одлуката на Уставниот суд како оправдување за неспроведувањето на законите, е всушност целосно во служба на урбаната мафија и претставува бесмислен изговор вели Драгана Велкоска-Охрид СОС.
Изговори за уништувањето на Унеско регионот повеќе не смее да има,вели Велкоска и потсетува на заедничката препорака на најголемата меѓународна мрежа за заштита на природата IUCN и меѓународниот совет за културно наследство ИКОНОМОС, кои бараа охридскиот регион да се премести на Листата на светско наследство во опасност.

Градоначалникот Мерко,кој денес не беше достапен за коментар уште во месец мај најави дека не само што нема да дозволел државата да руши, туку без око да му трепне, кажа дека ќе продолжел со градежната експанзија.

Ние сакаме да градиме, не да рушиме.Ние ќе му кажиме да доградиме уште, не да рушат.Владата ќе реагира како ние ќе кажеме ,сигурно има така да каже, затоа ние знаеме, ние сме локална власт.Што сме ние,не може преку сила некој да дојде и да каже.Значи треба да е подобрат условите, овие работи Вас и на овие многу невладини кои ги имате во Охрид и ја напаѓаат Струга,нас за тоа баш не брига изјави Рамиз Мерко-градоначалник на Струга од 20.05.
Комитетот за светско наследство даде уште една шанса Охрид и Струга да покажат вистински напредок во исполнување на забелешките на УНЕСКО,а тоа е справувањето со нелегалната градба,неконтролираниот урбан развој,експлоатацијата на крајбрежјето,уништувањето и загадувањето на животната средина. Поради корона кризата,новата сесија на Комитетот за светско наследство е одложена за идната 2021-ва година.

Росица Голабоска

https://alfa.mk/vo-ohrid-se-mava-po-divogradbite-struga-nikoj-ne-ja-chepka-na-sekoe-slobodno-mestence-se-gradi/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2275
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Jul-2020 at 16:50
#ПИА

СЕ УРИВА БЕТОНСКАТА БАЗА НА СОВЕТНИКОТ ОД ДУИ НЕФИ УСЕИНИ ВО ОХРИДСКАТА НАСЕЛБА ДАЛЈАН

Општина Охрид денеска почна да ја урива бетонска база на советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини. Градежна механизација ангажирана од Општината со кранови почна да ги отстранува дивоизградените објекти од брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан.

„Акцијата на оваа локација почна денеска и ќе продолжи во наредните денови. Станува збор за објект кој е изграден без каква било дозвола“, велат од Општина Охрид.

Општина Охрид пред две недели почна со акција за отстранување на дивиозградени објекти, шанкови и платформи долж Езерото.

А. АНТЕВСКА

sdk.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Jul-2020 at 12:35
ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГИ УРИВА ДИВИТЕ ПЛАЖИ, ТОА НЕМА ВРСКА СО ВЛАДИНАТА УРЕДБА ШТО ЈА ОСПОРИ УСТАВНИОТ СУД, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ

Општина Охрид има донесено правосилни решенија за уривање на плажите неколку години пред уредбата на Владата и затоа ќе продолжиме да уриваме сѐ додека не ги отстраниме сите дивоградби долж крајбрежјето, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по одлуката за Уставен суд да се запре уривањето на плажите во Охрид. Георгиески за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не му е потребна уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби бидејќи тоа е надлежност на Општината.

„Ние почнавме со уривање на дивоградбите врз основа на решенија издадени од 2017 и 2016 година за нелегално изградени објекти и за објекти со истечени договори за закуп, со што тие всушност се дивоградба. Не треба Владата да донесе уредба за Општината да урива. Во уредбата на Владата не се споменува дека Општина Охрид треба да урива туку дека Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи треба да го затворат објектот кој откако му истекол договорот за закуп продолжил да работи. Ние како Општина си имаме друго решение со кое го уриваме објектот, односно го враќаме просторот во првобитна состојба бидејќи тоа не го сторил концесионерот“, вели градоначалникот Георгиески.

Со уредбата на Владата за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба на закупците на кои им е истечен договорот им се наложува да го вратат во првобитна состојба земјиштето и им се забранува да вршат дејност. Се предвидува надзорот да го вршат Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција кои треба да го затворат објектот доколку не се почитува одредбата.

„И во самиот договор кој го имаат концесионерите стои дека земјиштето треба да се врати во првобитна состојба откако ќе помине договорот за закупот. Ние постапуваме по тие договори, бидејќи закупците не ѝ плаќаат кирија на Општината, а не по уредба на Влада. Затоа, уште лани распишавме тендер за уривање на дивоградбите, тогаш немаше никаква уредба. Уставниот суд нема да ме спречи да продолжиме да си ја вршиме работата и да го исчистиме крајбрежјето од дивоградби“, додава Георгиески.

Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга. Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни. Забраната за уривање на плажите-дивоградби според одлуката на Уставен суд ќе трае до денот кога ќе донесе одлука за поведената постапка.
САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/makedonija/opshtina-ohrid-ke-prodolzhi-da-gi-uriva-divite-plazhi-ustaven-sud-ne-mozhe-da-sprechi-veli-gradonachalnikot-georgieski/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Jul-2020 at 15:48
УСТАВНИОТ СУД ГО ЗАПРЕ УРИВАЊЕТО НА ДИВИТЕ ПЛАЖИ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, КАФЕАНИТЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ИСТЕРААТ И ОВАА СЕЗОНА ВО ВОДА

Само што почна уривањето на дивите плажи на Охридското крајбрежје, Уставниот суд го запре. На денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга.

Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни, откога почнаа подготовките, но и првите уривања на плажите во Охрид на чии сопственици им истекол договорот за закуп и се сметаат за дивоградби. Во Струга, додуша, не ни почна оваа акција.

Забраната за уривање на плажите-дивоградби ќе трае до денот кога Уставниот суд ќе донесе одлука за поведената постапка.

Според владината уредба која се стопира, земјиштето за плажа кое било предмет на краткорочен закуп, а договорот за закуп е истечен или предвремено раскинат, потребно е да се врати во првобитната состојба од страна на закупецот. Се забранува понатамошно вршење на дејност од страна на закупецот.

Уривањето и расчистувањето требаше да го спроведуваат Државниот пазарен инспекторат и УЈП. На 22 јуни, Општина Охрид почна со градежни работи за уредување на крајбрежјето на Езерото каде што беа урнати шанкови, платформи и монтажни објекти.

„Овој вид на Уредба нема врска со вонредна состојба. Тоа Владата може да си го спроведе со закон, а не со уредба со законска сила за време на вонредна состојба. Вакви уредби се дозволени само за оправдани цели, за нешто што има врска со сузбивањето и со борбата со коронавирусот, поради кој е прогласена вонредната состојба. Што има врска со ковид-19 обврската на закупецот на плажа на кого му истекол договорот за закуп? Уредбата треба да има врска со ковид-19, а не со градежно земјиште“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Уставниот суд.

САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба.

Во Охрид срамежливо, но полека почна акцијата на уривање на дивите шанкови и објекти на плажите, а невладината „Охрид СОС“ дури и јавно го праша градоначалникот Рамиз Мерко дали за Струга важат посебни закони или воопшто не важат законите.

„Навистина е крајно време државата да застане на патот на ДУИ. Бараме санкции за функционерите на ДУИ, бараме затворски казни за тие што ги заслужиле, бараме да се оневозможи една криминална група да оперира непречено на штета на јавниот интерес“, рекоа од „Охрид СОС“.

Побараа од Владата дури и да им достави план и динамика за уривањето, како и редослед.

Несрушените шанкови на чии газди им истекле договорите за закуп, може слободно да си ја истераат и оваа сезона, зашто Уставниот суд ќе решава за ова дури по одморите, најрано во септември.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/ustavniot-sud-go-zapre-urivaneto-na-divite-plazhi-na-ohridskoto-krajbrezhje-kafeanite-mozhe-da-si-ja-isteraat-i-ovaa-sezona-vo-voda/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Jul-2020 at 08:30
Нема да се чепкаат објектите што узурпираат злелен појас во Охрид, а во меѓу време се легализирале



https://alfa.mk/nema-da-se-chepkaat-objektite-shto-uzurpiraat-zlelen-pojas-vo-ohrid-a-vo-megju-vreme-se-legalizirale/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Jul-2020 at 12:53
Се урива бесправно изграден хотел во близина на Охридското Езеро

Акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти, што ја спроведува Општина Охрид, денеска продолжи со уривање на хотелот „Грин спејс“ во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга.

Уривањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид, информира локалната самоуправа.

Претходно од Охридското крајбрежје беа отстранети повеќе објекти, конструкции и платформи на брегот и во вода од повеќе плажи.

Акцијата има за цел зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, кој поради негрижата во изминатите децении може да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност, што е чекор кон целосно губење на статусот на заштитено светско природно и културно наследство. Општината најави дека акцијата ќе се одвива континуирано и неселективно и дека во иднина повеќе нема да се дозволат било какви градби на крајбрежјето и во градот кои ќе отстапуваат од Планот за управување со Охридскиот регион и актите кои треба да произлезат од него.

Градот Охрид за преземените активности доби отворена поддршка од Европската унија и нејзиниот претставник во земјата, како и од амбасадорите на САД и Република Франција.









https://www.ohridnews.com/se-uriva-bespravno-izgraden-hotel-vo-blizina-na-ohridskoto-ezero/


Edited by ironm - 06-Jul-2020 at 12:53
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Jun-2020 at 12:22
СЕ ОТСТРАНУВААТ ШАНКОВИ И ОБЈЕКТИ КАЈ НАСЕЛБАТА КАНЕО НА ОХРИДСКИОТ БРЕГ

Утринава продолжи остранувањето на шанкови и објекти на делот од брегот кај Канео на Охридското Езеро. Акцијата се спроведува со асистенција на полицијата и нема селективност во уривањето на дивите градби.

Ова е втoра фаза во отстранувањето на нелегално поставени шанкови и објекти на охридското крајбрежје, бидејќи предходно се уриваше на источниот дел од брегот.

„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, соопштија од Општина Охрид на почетокот од акцијата.

Д. ЧУБРИЌ

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-otstranuvaat-shankovi-i-objekti-kaj-naselbata-kaneo-na-ohridskiot-breg/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Jun-2020 at 11:24
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Jun-2020 at 22:22
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7489
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Jun-2020 at 16:38
По срушените дивоградби кај Славија и Застава, општина Охрид најавува рушење и на други плажи

Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата недела се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема, информираат од охридската локална самоуправа.

Оваа седмица ќе се врши расчистување на теренот, подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал (тампон), со кој било вршено насипување на крајбрежјето. До сега се подигнати преку 1.000 кубни метри градежен шут. Во текот на наредните денови ќе се врши насипување и уредување на плажата со речен песок, што е дозволен и е во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Општинските власти најавија дека ќе продолжат со рушење на дивоградбите на плажите што се наоѓаат на други локации долж езерото.

„Упатуваме апел до сите сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата „Свети Стефан“ до потегот на крајбрежјето кај „Градиште“, како и потегот на крајбрежјето во делот на населбите „Канео“ и „Далјан“, кои нелегално поставиле урбана опрема и платформи, а на кои им беше даден рок самите да ги отстранат градбите, оваа седмица да пристапат кон отстранување на истите“, соопштуваат од општина Охрид.

Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното, ќе продолжи по завршување на активностите на уредување, во понеделник на 29 јуни годинава, и ќе трае сè до конечно расчистување на крајбрежјето.

https://meta.mk/po-srushenite-divogradbi-kaj-slavija-i-zastava-opshtina-ohrid-najavuva-rushenje-i-na-drugi-plazhi/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Jun-2020 at 11:53

Се е тоа така, и не ми паѓа на памет да ги бранам закупците кои во најголем дел ги имаат упропастено плажите. Само ме нервира немањето визија за тоа како ќе изгледаат плажите и како и под кои услови (и кога!) ќе се даваат концесиите. Секоја плажа треба да има некоја приказна, да биде во склад со природата и сето тоа добро да се промовира за туристи. И сето ова треба да се мисли и прави во текот на целата година, како турист најмалку ме интересира дали има избори или не.

А рушењето треба да е континуирана работа. Па еден инспектор е доволно да шета секој ден до Свети Наум и во старт да превенира било какви прекршувања.

Edited by <Fresno> - 18-Jun-2020 at 11:59
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Jun-2020 at 23:24
Originally posted by ironm

Читав вакви коментари деновиве и на други места откако почнаа со рушењево, мислам дека најмногу се должат на недоволно информации, а тоа е редовна пракса во МК па затоа и ретко некогаш правиме нешто исправно.
Ако се решаваат концесиите само ќе се продолжи со истата пракса - проблемот лежи на друго место, а тоа е во кршење на законот. Концесијата што ја имаат добиено сите тие "инвеститори", ја имаат прекршено по милион основи и не требало да ја имаат подолго од две недели, ама ја имале неколку години. Најголемиот проблем е тоа дека според концесијата закупецот има право само на монтажни објекти. На сликата е само еден пример, погоре има и други примери дека почнувајќи од Горица, па Славија, Лагадин, Градиште итн. нема ниту една плажа без потпорен ѕид што дефинитивно не е монтажна градба. Истото важи за подлогата на скоро сите шанкови која е бетонска. Има случаи каде терасата на еден ресторан е крената на бетонска платформа и за да ја заштитат неа од бранови изградиле дополнителен ѕид директно во вода (таканаречено парапетче според минатиот премиер), има бетонски базен на 2 метри од водата и ред други примери. Што мислите како се држат платформите во вода? Со бетонски буриња. Да не зборуваме за прекршување на концесијата од типот на број на лежалки и такви глупости (за кои исто така скоро сите требаше да ја изгубат концесијата), бидејќи не се споредливи со влијанието врз езерото и Галичица од бетонскиве градби.Сите овие градби се дивоградби! Со коментари од типот "барем сезонава да поминеше", а имаше и партии кои излегоа со такви соопштенија само го оправдуваме криминалот. Градење без дозвола е криминал....


Restecpa! Хронолошки прво го читав Fresno и си викам „да бе, во право е пријатело“ ама после ко стигнав до ова шо го пишиш се фатив на грешно резонирање.
Единствен начин да се победи ова е Блицкриг безогледен, ама ваљда на крајо пак ќе излези само шминка... Во секој случај, барем од то шо ќе го рушат се надевам нема шутот да го остават на лице место, шо за жал не би било изненадувачки.



Edited by hcitrS - 17-Jun-2020 at 23:25
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Jun-2020 at 23:05
Читав вакви коментари деновиве и на други места откако почнаа со рушењево, мислам дека најмногу се должат на недоволно информации, а тоа е редовна пракса во МК па затоа и ретко некогаш правиме нешто исправно.

Ако се решаваат концесиите само ќе се продолжи со истата пракса - проблемот лежи на друго место, а тоа е во кршење на законот. Концесијата што ја имаат добиено сите тие "инвеститори", ја имаат прекршено по милион основи и не требало да ја имаат подолго од две недели, ама ја имале неколку години.

Најголемиот проблем е тоа дека според концесијата закупецот има право само на монтажни објекти. На сликата е само еден пример, погоре има и други примери дека почнувајќи од Горица, па Славија, Лагадин, Градиште итн. нема ниту една плажа без потпорен ѕид што дефинитивно не е монтажна градба. Истото важи за подлогата на скоро сите шанкови која е бетонска. Има случаи каде терасата на еден ресторан е крената на бетонска платформа и за да ја заштитат неа од бранови изградиле дополнителен ѕид директно во вода (таканаречено парапетче според минатиот премиер), има бетонски базен на 2 метри од водата и ред други примери. Што мислите како се држат платформите во вода? Со бетонски буриња. Да не зборуваме за прекршување на концесијата од типот на број на лежалки и такви глупости (за кои исто така скоро сите требаше да ја изгубат концесијата), бидејќи не се споредливи со влијанието врз езерото и Галичица од бетонскиве градби.

Сите овие градби се дивоградби! Со коментари од типот "барем сезонава да поминеше", а имаше и партии кои излегоа со такви соопштенија само го оправдуваме криминалот. Градење без дозвола е криминал. На тие закупци не само што не треба да им се дозволи да одработат каква било сезона туку треба и тужби да добијат. Оправдување на дивоградби на државен имот и дозвола за работа за криминалци само ќе доведе до тоа еден ден некој да изгради бетонски ѕид на вашиот приватен имот и ќе ви рече од денес ова мое е. Верувајте се движиме брзо по тој пат кон таа дестинација.

Случајот со хотелот во Лагадин покажа дека не само што не се почитуваат законите туку и умешно се користат дупките во истите. Инвеститорот упорно поднесува жалби до разни судови за да ја одолговлекува постапката, се разбира во соработка со нашите политичари. Замислете, некој што изградил без дозвола има право да се жали во оваа држава.

Како што реков во претходниот пост, мислам дека целава работа е само шминка и ништо сериозно нема да се промени, но апологетскиот однос на народот ќе предизвика засекогаш и да остане шминка. Кој сака да прави нешто во оваа држава без да знае дека ќе собере гласови од тоа? Наместо седење на две столчиња (рушење, ама не сега) треба да бараме почитување на законите. Ако на туристите им се оди на плажа, таа уште ќе е тука. Кафето не е предуслов за плажа, а ако некогаш сте биле на плажа во нормална држава (не зборувам за Балкан), тогаш веројатно сте забележале дека на ниедна нема шанк на 1 метар од водата, а уште помалку потпорни бетонски ѕидови. Плажите во Охрид се премали за такво силување, мнозинството концесии никогаш не требаше да се дадат.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-Jun-2020 at 22:08
Не се заебавам уопште. Од понеделник се отвараат хотели, угостителски објекти веќе работат. А ако останеме црна точка со полузатворени граници ќе има и поголем притисок од домашни туристи, странски секако нула. Дека ќе биде катастрофална сезоната е јасно, но со кој памет ова сега се прави? И тоа не го решаваат прашањето со концесиите прво, не прават конкурси за изглед на плажи, туку само ги рушат постоечките. И тоа во јуни. Ако е тоа за тебе нормално, нема што да дообјаснувам.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1019
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Jun-2020 at 22:02

Се заебаваш, така? Која сезона се очекува годинава во време на 200 дневно новозаболени.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.