build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 06-Jul-2020 at 12:53
Се урива бесправно изграден хотел во близина на Охридското Езеро

Акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти, што ја спроведува Општина Охрид, денеска продолжи со уривање на хотелот „Грин спејс“ во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга.

Уривањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид, информира локалната самоуправа.

Претходно од Охридското крајбрежје беа отстранети повеќе објекти, конструкции и платформи на брегот и во вода од повеќе плажи.

Акцијата има за цел зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, кој поради негрижата во изминатите децении може да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност, што е чекор кон целосно губење на статусот на заштитено светско природно и културно наследство. Општината најави дека акцијата ќе се одвива континуирано и неселективно и дека во иднина повеќе нема да се дозволат било какви градби на крајбрежјето и во градот кои ќе отстапуваат од Планот за управување со Охридскиот регион и актите кои треба да произлезат од него.

Градот Охрид за преземените активности доби отворена поддршка од Европската унија и нејзиниот претставник во земјата, како и од амбасадорите на САД и Република Франција.









https://www.ohridnews.com/se-uriva-bespravno-izgraden-hotel-vo-blizina-na-ohridskoto-ezero/


Edited by ironm - 06-Jul-2020 at 12:53
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7424
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 08-Jul-2020 at 08:30
Нема да се чепкаат објектите што узурпираат злелен појас во Охрид, а во меѓу време се легализирале



https://alfa.mk/nema-da-se-chepkaat-objektite-shto-uzurpiraat-zlelen-pojas-vo-ohrid-a-vo-megju-vreme-se-legalizirale/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7424
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 08-Jul-2020 at 15:48
УСТАВНИОТ СУД ГО ЗАПРЕ УРИВАЊЕТО НА ДИВИТЕ ПЛАЖИ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, КАФЕАНИТЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ИСТЕРААТ И ОВАА СЕЗОНА ВО ВОДА

Само што почна уривањето на дивите плажи на Охридското крајбрежје, Уставниот суд го запре. На денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга.

Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни, откога почнаа подготовките, но и првите уривања на плажите во Охрид на чии сопственици им истекол договорот за закуп и се сметаат за дивоградби. Во Струга, додуша, не ни почна оваа акција.

Забраната за уривање на плажите-дивоградби ќе трае до денот кога Уставниот суд ќе донесе одлука за поведената постапка.

Според владината уредба која се стопира, земјиштето за плажа кое било предмет на краткорочен закуп, а договорот за закуп е истечен или предвремено раскинат, потребно е да се врати во првобитната состојба од страна на закупецот. Се забранува понатамошно вршење на дејност од страна на закупецот.

Уривањето и расчистувањето требаше да го спроведуваат Државниот пазарен инспекторат и УЈП. На 22 јуни, Општина Охрид почна со градежни работи за уредување на крајбрежјето на Езерото каде што беа урнати шанкови, платформи и монтажни објекти.

„Овој вид на Уредба нема врска со вонредна состојба. Тоа Владата може да си го спроведе со закон, а не со уредба со законска сила за време на вонредна состојба. Вакви уредби се дозволени само за оправдани цели, за нешто што има врска со сузбивањето и со борбата со коронавирусот, поради кој е прогласена вонредната состојба. Што има врска со ковид-19 обврската на закупецот на плажа на кого му истекол договорот за закуп? Уредбата треба да има врска со ковид-19, а не со градежно земјиште“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Уставниот суд.

САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба.

Во Охрид срамежливо, но полека почна акцијата на уривање на дивите шанкови и објекти на плажите, а невладината „Охрид СОС“ дури и јавно го праша градоначалникот Рамиз Мерко дали за Струга важат посебни закони или воопшто не важат законите.

„Навистина е крајно време државата да застане на патот на ДУИ. Бараме санкции за функционерите на ДУИ, бараме затворски казни за тие што ги заслужиле, бараме да се оневозможи една криминална група да оперира непречено на штета на јавниот интерес“, рекоа од „Охрид СОС“.

Побараа од Владата дури и да им достави план и динамика за уривањето, како и редослед.

Несрушените шанкови на чии газди им истекле договорите за закуп, може слободно да си ја истераат и оваа сезона, зашто Уставниот суд ќе решава за ова дури по одморите, најрано во септември.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/ustavniot-sud-go-zapre-urivaneto-na-divite-plazhi-na-ohridskoto-krajbrezhje-kafeanite-mozhe-da-si-ja-isteraat-i-ovaa-sezona-vo-voda/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7424
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 09-Jul-2020 at 12:35
ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГИ УРИВА ДИВИТЕ ПЛАЖИ, ТОА НЕМА ВРСКА СО ВЛАДИНАТА УРЕДБА ШТО ЈА ОСПОРИ УСТАВНИОТ СУД, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ

Општина Охрид има донесено правосилни решенија за уривање на плажите неколку години пред уредбата на Владата и затоа ќе продолжиме да уриваме сѐ додека не ги отстраниме сите дивоградби долж крајбрежјето, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по одлуката за Уставен суд да се запре уривањето на плажите во Охрид. Георгиески за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не му е потребна уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби бидејќи тоа е надлежност на Општината.

„Ние почнавме со уривање на дивоградбите врз основа на решенија издадени од 2017 и 2016 година за нелегално изградени објекти и за објекти со истечени договори за закуп, со што тие всушност се дивоградба. Не треба Владата да донесе уредба за Општината да урива. Во уредбата на Владата не се споменува дека Општина Охрид треба да урива туку дека Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи треба да го затворат објектот кој откако му истекол договорот за закуп продолжил да работи. Ние како Општина си имаме друго решение со кое го уриваме објектот, односно го враќаме просторот во првобитна состојба бидејќи тоа не го сторил концесионерот“, вели градоначалникот Георгиески.

Со уредбата на Владата за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба на закупците на кои им е истечен договорот им се наложува да го вратат во првобитна состојба земјиштето и им се забранува да вршат дејност. Се предвидува надзорот да го вршат Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција кои треба да го затворат објектот доколку не се почитува одредбата.

„И во самиот договор кој го имаат концесионерите стои дека земјиштето треба да се врати во првобитна состојба откако ќе помине договорот за закупот. Ние постапуваме по тие договори, бидејќи закупците не ѝ плаќаат кирија на Општината, а не по уредба на Влада. Затоа, уште лани распишавме тендер за уривање на дивоградбите, тогаш немаше никаква уредба. Уставниот суд нема да ме спречи да продолжиме да си ја вршиме работата и да го исчистиме крајбрежјето од дивоградби“, додава Георгиески.

Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга. Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни. Забраната за уривање на плажите-дивоградби според одлуката на Уставен суд ќе трае до денот кога ќе донесе одлука за поведената постапка.
САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/makedonija/opshtina-ohrid-ke-prodolzhi-da-gi-uriva-divite-plazhi-ustaven-sud-ne-mozhe-da-sprechi-veli-gradonachalnikot-georgieski/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2270
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 10-Jul-2020 at 16:50
#ПИА

СЕ УРИВА БЕТОНСКАТА БАЗА НА СОВЕТНИКОТ ОД ДУИ НЕФИ УСЕИНИ ВО ОХРИДСКАТА НАСЕЛБА ДАЛЈАН

Општина Охрид денеска почна да ја урива бетонска база на советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини. Градежна механизација ангажирана од Општината со кранови почна да ги отстранува дивоизградените објекти од брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан.

„Акцијата на оваа локација почна денеска и ќе продолжи во наредните денови. Станува збор за објект кој е изграден без каква било дозвола“, велат од Општина Охрид.

Општина Охрид пред две недели почна со акција за отстранување на дивиозградени објекти, шанкови и платформи долж Езерото.

А. АНТЕВСКА

sdk.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7424
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 21-Jul-2020 at 15:48
Во Охрид „се мава“ по дивоградбите, Струга никој не ја чепка – на секое слободно местенце се гради



Во ек на сезона додека механизацијата пустоши на охридското крајбрежје, од акцијата за уривање на дивоградби на струшките плажи, нема ништо.Напротив,последниве два месеци забрзано се врши урбанизација на крајбрежјето,се приграбува секоја слободна површина, а надлежните не вршат никаква контрола ниту надзор на градбите кои никнуваат,на плажите.Угостителските објекти и шанкови цел ден работат ,а плажите се послани со лежалки. Невладините организации бараат одговорност од надлежните за ваквата селективност -каде е велат Националната комисија на Унеско, ќе го санкционира ли некој ваквото безумно однесување на Мерко? Тој е обврзан велат невладините, да ги спроведува сите препораки од реакривната мониторинг мисија.

Според тоа,тој е обврзан да изработи регистар на дивоградби во рамки на неговота општина и понатаму да изработи план за нивно соодветно отстранување.Непочитањето на овие препораки повлекува регионот да биде неповратно уништен. Користењето на одлуката на Уставниот суд како оправдување за неспроведувањето на законите, е всушност целосно во служба на урбаната мафија и претставува бесмислен изговор вели Драгана Велкоска-Охрид СОС.
Изговори за уништувањето на Унеско регионот повеќе не смее да има,вели Велкоска и потсетува на заедничката препорака на најголемата меѓународна мрежа за заштита на природата IUCN и меѓународниот совет за културно наследство ИКОНОМОС, кои бараа охридскиот регион да се премести на Листата на светско наследство во опасност.

Градоначалникот Мерко,кој денес не беше достапен за коментар уште во месец мај најави дека не само што нема да дозволел државата да руши, туку без око да му трепне, кажа дека ќе продолжел со градежната експанзија.

Ние сакаме да градиме, не да рушиме.Ние ќе му кажиме да доградиме уште, не да рушат.Владата ќе реагира како ние ќе кажеме ,сигурно има така да каже, затоа ние знаеме, ние сме локална власт.Што сме ние,не може преку сила некој да дојде и да каже.Значи треба да е подобрат условите, овие работи Вас и на овие многу невладини кои ги имате во Охрид и ја напаѓаат Струга,нас за тоа баш не брига изјави Рамиз Мерко-градоначалник на Струга од 20.05.
Комитетот за светско наследство даде уште една шанса Охрид и Струга да покажат вистински напредок во исполнување на забелешките на УНЕСКО,а тоа е справувањето со нелегалната градба,неконтролираниот урбан развој,експлоатацијата на крајбрежјето,уништувањето и загадувањето на животната средина. Поради корона кризата,новата сесија на Комитетот за светско наследство е одложена за идната 2021-ва година.

Росица Голабоска

https://alfa.mk/vo-ohrid-se-mava-po-divogradbite-struga-nikoj-ne-ja-chepka-na-sekoe-slobodno-mestence-se-gradi/
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 645
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 22-Jul-2020 at 12:21
First, we take Ohrid, and then we take Struga
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7424
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 05-Sep-2020 at 17:05
Запре уривањето на дивоградбите во Охрид



https://sitel.com.mk/zapre-urivanjeto-na-divogradbite-vo-ohrid
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7424
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 10-Oct-2020 at 16:42
Охрид, уривањето дивоградби замрзнато



https://alsat.mk/mk/охрид-уривањето-дивоградби-замрзнат/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7424
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 09-Nov-2020 at 18:04
ОПШТИНА ОХРИД ГИ ЧЕКА ПАРИТЕ ОД ВЛАДАТА ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СО РУШЕЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ

Општина Охрид ќе продолжи со уривање на дивоградбите по добивањето на средствата кои Владата со ребалансот ги предвиде за имплементација на препораките на УНЕСКО, како помош за справување со нелегално изградените објекти. Општината нема доволно средства сама да се справи со отстранувањето, па токму затоа овој процес запре по рушење на само неколку дивоизградени објекти.

„Средствата кои се останати по последната тендерска постапка се многу мали. Треба да обезбедиме дополнителни средства за да продолжи акцијата за уривање. Ги чекаме средствата од ребалансот кој го изгласа Парламентот да ни бидат префрлени на посебна сметка на Општината, по што ќе распишеме брза постапка и кога ќе имаме нов договор со фирма за отстранување веднаш ќе продолжиме со процесот за отстранување на дивоградбите. Процесот е скап. Цените коишто ги добиваме на тендер се високи и тешко се наоѓа фирма за отстранување“, изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Акцијата ќе продолжи со бесправно изградените објекти вдолж Охридското Езеро. Во тек е тендерска постапка за изработка на урбанистичка документација за плажите која, според најавите на градоначалникот, ќе заврши до јануари наредната година, по што ќе следи нов оглас за давање на плажите под концесија.

„Најпрво ќе се урива сè она што е во и покрај вода. Знам дека тие објекти се репрезентативни и навистина е штета што треба да се отстранат, но земјиштето мора да се врати во првобитна состојба. Не постои правна рамка како ние да ги легализираме тие објекти па потоа да го издаваме земјиштето на друг сопственик, кога објектот не е наш. Нема законска можност објектот да стане сопственост на Општината и да се издава таа плажа со објект“, вели Георгиески.

Георгиески смета дека стратешката евалуација согласно Планот за управување ќе одреди кои објекти ќе бидат предмет на отстранување, односно кои објекти можат, а кои не да се се вклопат во наредни урбанистички планови.

„Не гледам причина и понатака да ги стопираме легализациите или издавањето одобренија за градба на тие објекти кои се усогласени со планот за управување“, вели охридскиот градоначалник.

Георгиески по денешната седница на Советот на Општина Охрид на која беше усвоен ребалансот на буџетот кажа дека Општината го намалила и долгот со што повеќе не е на првото место на листата задолжени општини.

„Најголем успех на оваа локална власт е раздолжувањето на Општината. Долгот од 1.600.000.000 денари кој го наследивме во 2017 година, го сведовме на ниво 470 милиони денари по сите основи, па така по скоро две децении, Општина Охрид повеќе не е на првото место на листата на најголеми должници како локална самоуправа“, рече Георгиески.

Тој кажа и дека во програмата Градоначалник патните и дневните расходи со новиот ребаланс се скратени за 355.000 денари.

„Сите средства што ми се исплатени на име патни и дневни расходи во 2020 година на крајот на годината ќе ги уплатам на сметката на Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост ‘Зраци’“, кажа Георгиески.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-ohrid-gi-cheka-parite-od-vladata-za-da-prodolzhi-so-rushene-na-divogradbite/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.