build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Именување на улици и објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Именување на улици и објекти
    Posted: 13-Jan-2018 at 16:54
Во Автокоманда? Имајќи предвид дека е речиси извесно дека ќе се преименува булеварот Александар Македонски, претпоставувам дека токму овој булевар ќе го именуваат по Есма Реџепова. Јас мислам дека подобро би било улицата Шуто Оризари да ја именуваат по неа. Или некој нов мост, заедно со булеварот над него.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Jan-2018 at 15:25
Заслужено, ако ме прашувате мене...
_____________________________

Булевар во Скопје ќе се именува по Есма Реџепова

Кралицата на ромската песна, славната скопјанка Есма Реџепова-Теодосиевска, наскоро во Скопје ќе добие булевар кој ќе го носи нејзиното име.

Деновиве во Министерството за култура од министерот Роберт Алаѓозовски беа примени претседателката на хуманираното здружение „Есма и Стево Теодисевски“, Зорана Костовска, и активистката Мирјана Марковска.

- Воодушевена сум од реакцијата на министерот кој вети дека преименувањето на еден од скопските булевари со името на нашата музичка кралица ќе оди релативно брзо, но сепак дека мора да влезе во законска процедура. Сите ние сме стрпливи, а најважно од сè е тоа дека Скопје, како наш главен град, заслужува да има и ќе има булевар со нејзиното име. Впрочем, насекаде низ светот познато е дека улиците и булеварите се именуваат по имињата на познати пејачи, уметници, спортисти, новинари, глумци (како на пример: Тома Здравковиќ, Иво Робиќ, Елвис Присли, Грејс Кели, Мерилин Монро, Марлон Брандо, Џон Ленон….) па, така, и ние можеме, а пред сè и сакаме да имаме булевар по името на Есма. Булеварот ќе биде, веројатно, некаде на потегот од Автокоманда, најмногу поради странците кога влегуваат во Скопје, а кои одлично знаат која е Есма, но и да им се објасни и на тој начин зошто ја почитуваме Реџепова. Сепак, локацијата на булеварот уште не е дефинирана, сега-засега е само предлог - вели Костовска.

http://plusinfo.mk/vest/140085/bulevar-vo-skopje-kje-se-imenuva-po-esma-redjepova
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Nov-2015 at 19:23
Monty Pyton, Flying Circus

Ѓорѓи Мисалјовски

Македонското МНР сместено на улицата Филип Втори Македонски од неодамна е прекрстено (Докон поп и јариќе крсти, српска поговорка) во „Палата Сарафов“. Име што на оваа институција, со оглед на сегашниот рејтинг, најмногу би ѝ одговарало би било „Монти Пајтон летечкиот циркус“. За такво тврдење се потребни аргументи. Следат. Прво, гипсената зграда на брегот на Вардар, чии подруми (сместена најверојатно архивата, ако ја имаат) се под вода, по ниту една дефиниција не е палата, односно Palace или Palais. Второ, ниту едно министерство за надворешни работи не носи лично име, макар што имало безброј заслужни дипломати, па министерствата би можеле да бидат наречени по нивните имиња. Можна е замена на имињата, како што е случај со француското МНР, кое од 1853 се нарекува Quai D’Orsay, според истоимената улица. Тоа не е единствен случај на метонимија за сегашните официјални називи на значајни институции (Белата куќа, Даунинг стрит 10 и др). Но, тоа е нешто друго, комплетно различно, како што впрочем е вообичаена практика дел од судската власт да биде сместена во зграда која ја нарекуваат „Палата на правдата“.

За една ваква институција, Министерство за надворешни работи, да биде нареченa со лично име, мора да постојат многу аргументи. Оние наведени на бронзената табла на споредниот влез во нашето МНР не се доволни. За една ваква институција, Министерство за надворешни работи, да биде нареченa со лично име, мора да постојат многу аргументи. Оние наведени на бронзената табла на споредниот влез во нашето МНР не се доволни. На главниот, пак, влез е паметникот на носителот на името на палатата во која моментно гостува Летечкиот циркус, на коњ, со пушка во рака и опинци на нозете, што не одговара на богатиот Б. Сарафов, кој низ светот шетал во костимите по последната европска мода. Во сегашната „Палата Сарафов“, за жал, сè уште шетаат сурати во дипломатски опинци. Се разбира, не е на вашиот дипломатски хроничар да суди каков дипломат бил Б. Сарафов, контрoверзната личност во уште поконтрoверзните времиња пред Илинденското востание и непосредно после, посебно што неговите патешествија по европските метрополи биле повеќе од сопствена политичка и лукративна промоција, отколку конзистентна дипломатија, што со оглед на етимолошкото потекло на неговото презиме сосема се вклопува со методите на неговите активности.

Зградата е квазибарокна. Улицата на која е лоцирано МНР го носи името на таткото на најголемиот антички војсководец и освојувач, Филип Втори Македонски, а палатата на МНР го носи името на Славјанин од Пиринска Македонија, инаку образован офицер во Софија.Посебно се забележува архитектонско-идентитетската какофонија поврзана за наведената локација. Зградата е квазибарокна. Улицата на која е лоцирано МНР го носи името на таткото на најголемиот антички војсководец и освојувач, Филип Втори Македонски, а палатата на МНР го носи името на Славјанин од Пиринска Македонија, инаку образован офицер во Софија. Не е лесно на странските дипломати кога влегуваат во палатата да им се објасни тоа, посебно делот што се однесува на нашиот идентитет. Се разбира дека Бугарите немаат ништо против нашето МНР да го носи името на Б. Сарафов. Причините им се познати на историчарите.

Но, ова не прв случај со лични имиња да се обележуваат објекти што се поврзани со објекти во функција на надворешната политика. Така и ден-денес во Берлин на ул. Кенигсалее 2 на зградата на амбасадата на РМ стои мермерна табла со напомена дека таа е изградена и пуштена во работа во време на амбасадорувањето на сегашниот главен менаџер во фирмата „МПМ“ и воедно и вонреден или редовен професор на еден од скопските универзитети. И ова е единствен случај на зградите на амбасади да има слични обележја со кои се влегува не само во историјата, туку и во археологијата.

Летечкиот циркус има секогаш нови нумери. Последната е вклучувањето на македонската амбасадорка во Токио за избор на некаква си убавица.Како што веќе постојано најавувам, Летечкиот циркус има секогаш нови нумери. Последната е вклучувањето на македонската амбасадорка во Токио за избор на некаква си убавица. Се разбира дека една режисерка мора да има истенчено чувство за естетика и оттука е во жирито. Големо признание за оваа влада, а и за традиционално пријателските односи меѓу кралството Јапонија и Република Македонија.

Насмеаниот ни министер за надворешни продолжува да се шетка по светот, оставајќи ги кловновите во својот циркус да ја забавуваат публиката. Не е загрижен поради пораките од Србија од највисоко ниво за гласањето за прием на Косово во УНЕСКО. СПЦ не се огласила директно, но пораката од патријархот Иринеј (од која децидно не се огради и политичкиот врв на Србија), би требало посебно да се анализира во заспаниот Синод на МПЦ. По гласањето во Париз, не може да се очекува наскоро нов дијалог меѓу месните цркви.

По условната препорака (уште еден последен испитен рок) за преговори сите понатамошни лобирања и мапет (се извинувам роуд-шоуа) се фарса. Јасно ни е кажано до кај сме и што треба да направиме. Министерот што убаво ни објасни што е пуч, бадијала оди по безбедносни форуми и лобира за прием на РМ во НАТО. Извештајот на Комисијата на ЕУ е круцијален за приемот на РМ во НАТО. Воените стандарди и така не ги исполнуваме. Каква Варшава (идниот самит), какви бакрачи. Работите се решаваат тука. Флоксулите од типот „Приемот на РМ позитивно ќе се одрази врз НАТО, но и врз безбедноста и стабилноста во регионот на ЈИЕ“ не поминуваат. Последна опомена беа настаните во Куманово. Се виде колку обезбедуваме стабилност.

Можеби со време зградата на МНР ќе ја нарекуваа „Кеј на палмите“, метонимија што никому немаше да му пречи. Напротив, ќе останеше белег на период на еден ботаничко-архитектонски фалсификат.Да се вратам пак на „Палатата Сарафов“, за која кумот уште не ни е познат. Мора да имало стручна анализа на сите овдешни компетентни институции, истакнати историчари, филозофи па и дипломати, врз база на што е донесена одлуката. Кое било име да го добиеше зградата на МНР ќе беше непотребна, неизнудена грешка кажано со тениски речник. Именување на институција каква што е Министерството за надворешни работи со име на една личност значи однапред прејудуцирање на неговата политичка опција или ориентација, што секако не е дипломатски ниту, пак, политички дозволено. Можеби со време зградата на МНР ќе ја нарекуваа „Кеј на палмите“, метонимија што никому немаше да му пречи. Напротив, ќе останеше белег на период на еден ботаничко-архитектонски фалсификат. Вака се заплеткавме во патриотско-предавничка жабокречина на радост на сеирџиите. На Меморандумот на МНР ќе стои „Палата Б. Сарафов“ ул. Филип Втори Македонски. Доволно идентитетски.

http://okno.mk/node/51333
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Nov-2015 at 08:28
Originally posted by Staro Skopje

Кој е придонесот на св. Лидија во сферата на електронските комуникации?


Лидија од Македонија.

Поголем придонес од горепосоченото, амин.
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Nov-2015 at 22:55
Originally posted by Staro Skopje

Кој е придонесот на св. Лидија во сферата на електронските комуникации?
тоа ти се психичките коплекси за кој би се подразмислил и Фројд, каде што најбитно нешто во цел живот е да имаш палата, па макар и само во име, и таа палата да ти е античка, па макар и само во име...
ќе си ја прележиме ли некогаш оваа болест? не знам

Edited by zabegan - 05-Nov-2015 at 16:53
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Nov-2015 at 20:16
Кој е придонесот на св. Лидија во сферата на електронските комуникации?

Edited by Staro Skopje - 04-Nov-2015 at 20:22
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Nov-2015 at 19:30
АЕК стана палата „Света Лидија“ (ГАЛЕРИЈА)

Црква ли е, државна институција ли е и дали тие двете се одвоени една од друга? Вака некако можеби ќе се прашуват граѓаните и туристите кога ќе застануваат пред новиот објект на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) кој деновиве е наречен палата „Света Лидија“.

Претходно, објавивме дека зградата на Министерството за надворешни работи е наречена палата „Борис Сарафов“, зградата на јавното обвинителство стана палата „Петре Пирузе - Мајски“, а зградата на Археолошкиот музеј стана палата „Александар Македонски“.

Уште колку нови плочи и на кои згради ќе не изненадат деновиве?









http://plusinfo.mk/vest/46011/aek-stana-palata-sveta-lidija-galerija
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Jan-2015 at 16:45
Црквата треба „Св. Александар Македонски“.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Jan-2015 at 20:43
Грујо бе имењак,Љубчо е против букефализацијата
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Jan-2015 at 11:46
Од твитер:

„Каде си? - Во конгресен центар Александар Македонски, концертна сала Мајка Тереза, ред Панко Брашнаров, столче Љубчо Георгиевски.“

За сè има вторпат
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Jan-2015 at 11:35
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Jan-2015 at 18:11
„Воин на коњ“ е најголема трагикомедија во приказнава... за жалење сме

инаку, убаво би било и секое седиште во главната сала да има име
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-Jan-2015 at 16:58
Мала шега што набрзо може да стане вистина...

За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1878
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-Jan-2015 at 14:12
ne, nema kraj ova. ama za razlika od sk 2014, ova ke se vrati po staro koga ke dojdat normalni luge bez mnogu pretrpena finansiska steta.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 14-Jan-2015 at 12:52
... А има ли некој јунак да стави крај на сето ова?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11755
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Jan-2015 at 09:37
Лудилото продолжува...

Секоја сала во Конгресниот центар „Александар Македонски“ со различно име

Секоја сала во Конгресниот центар „Александар Македонски“ со различно име
Од 8 јануари годинава и официјално, како што вчера објави еМагазин, „Универзална сала“ во Скопје доби ново име- Конгресен центар „Александар Македонски“.

Одлуката за промена на името град Скопје ја донел на седница уште во јули минатата година.

Тоа не е единствената промена во познатата концертна сала во главниот град на земјава.

Иако најавеното реновирање на сега веќе бивша Универзална сала не е започнато, со што овој објект треба да добие неколку нови сали, тие веќе добија свои имиња.

Големата сала за концерти ќе го носи името на Тоше Проески, помалата на Мајка Тереза, а конгресната на ВМРО.

Во комплексот кој допрва треба да се гради, ќе има и помали мултимедијални и сали за билатерални средби.

Четирите мултимедијални се насловени Гоце Делчев, Тодор Александров, Методија Андонов Ченто и Борис Сарафов.

Салите за состаноци се именуваат со Панко Брашнаров, Кочо Рацин, Григор Прличев, Димитрие Чуповски, Крсте Петков Мисирков и Браќа Миладиновци.

Новата концертна сала е дизајнирана од архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн“.

Информацијата која ја објави еМагазин вчера предизвика низа реакции на соцјалните мрежи, а за тоа пишуваа и голем број на други медиуми.

Поголем дел од граѓаните изразија незадоволство од новото име на Универзална сала.

http://emagazin.mk/%D1%81%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%B0%D0%BB/
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Jan-2015 at 01:04
како и да ја крстат пак ќе ја викаме универзална, исто како градски... ако сакаат нека ја крстат и Џингис Кан, најбитно е ние како ќе си ја викаме
а некој треба очигледно убаво да им објасни што е тоа конгресен центар... гледам бојан горе ја доловил поентата

само немојте да постирате слики од комуњарски сивила како комплексон на Сава ќе ве молам Wink

инаку ние имаме прекрасна шанса да изградиме солиден конгресен центар во склоп на сајмиште и Континентал, со сите пропратни објекти, некој хотел плус, па може и трговски центар да ставеа таму, со оглед на тоа дека не е ни блиску, ни далеку од центарот

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Jan-2015 at 18:24
Подеднакво ми се повраќа и од форсирање на античкиот јунак и од зборот "футуристичка".

Тоа е, барок и футуристички, црно и бело, сдс и вмро...
Од чаламот си патиме!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 13-Jan-2015 at 17:57
Леле мајко мила... Ми се повраќа...
Па има ли ова лудило крај!? Па подобро Есма или Тоше да беше! Каква врска има футуристичка универзална сала со антички јунак! Мора ли се име да има!?
Ајд у .... >>>>
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Jan-2015 at 17:45
Previous
 
Те молам да не го навредуваме Сава Центар, ниту денешната Универзална Сала, ниту идниот Ташак на Аце не можат да се споредуваат со него.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.121 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.