build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Проблем со диви депонии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со диви депонии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Проблем со диви депонии
    Posted: 29-Jul-2020 at 06:41
Би издвоил и една посебна нишка за проблемот со диви депонии кој е доста присутен и околу Скопје и во останатите градови

------------------------------------------------------
Депонијата Русино сѐ уште гори – Таравари бара решение, но не е надлежен да преземе нешто



https://tv21.tv/mk/deponijata-rusino-se-ushte-gori-taravari-bara-reshenie-no-ne-e-nadlezhen-da-prezeme-neshto/


...
Јавна дебата: Од понеделник нема носење отпад на Русино, иднината ќе се одредува на референдум

Општината ќе ја спушти рампата за камионите на комуналните претпријатие од другите општини кои носат отпад на регионалната депонија Русино. Оваа одлука ја соопшти градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на јавната дебата која вечерва се одржа во летниот амфитеатар. На дебатата беше напоменато дека решението треба да биде по волја на народот, а за тоа може да се распише и референдум.
Дебатата ја организираше локалната самоуправа по неколкуте пожари кои се случија изминативе два месеци и по протестот на Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“. Покрај граѓани, еко активисти, во расправата учествуваа и претставници на повеќе државни и локални институции.
Повеќето од граѓаните во дискусиите ги критикуваа властите дека недоволно се грижат за здравјето на луѓето и дека наметнуваат решенија кои се штетни и неодржливи на подолг рок. Повеќето беа недвосмислени во барањето, депонијата да се затвори.
– Ова е многу значајно, бидејќи за работите кои се однесуваат на граѓаните јавно се дебатира. Тоа досега не се правело. Поканивме компетентни луѓе за да дадат одговори. Вечерва расчистивме и многу дилеми. По дебатата дојдовме до заклучок дека Русино ќе биде отворено само за отпадот од општина Гостивар. За ваквиот исход им најавив и на колегите од Врапчиште и Маврово Ростуше да не праќаат камиони со отпад, рече Таравари.

Тој напомена дека во наредниве денови ќе се разгледаат можностите за да се организира и референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Русино и натаму ќе опстои како регионална депонија.

Еко активистите и поддржувачите на Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ најавија од недела ќе го блокираат патот кон депонијата, а од локалната самоуправа побараа да преземат мерки да се изгасне огнот кој гори на депонијата и да се спречи повотрно палење.

https://tv21.tv/mk/javna-debata-od-ponedelnik-nema-nosene-otpad-na-rusino-idninata-ke-se-odreduva-na-referendum/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jul-2020 at 06:43
Повторно потпалена градската депонија во ДебарАлсат

Повторно е потпалена градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа од раните утрински часови се протегаат по целиот град.

– До 20:00 часот синоќа немаше ништо, пожарот го забележавме денеска во утринските часови. Во гаснењето се вклученија Територијалната противпожарна единица и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ со сопствена механизација. Вклучени се и неколку фирми со багери,како и со камиони кои вршат дотур на земја, изјави за МИА Омер Цами, раководител на секорот за комунална хигиена во „Стандард“.

На самото место пристигна и градоначалникот Хекуран Дука, кој не го криеше нездоволството кон несовесните граѓани.

– До сега сме имале вакви случаи на потпалување на депонијата, но овој е до сега најголем по обем. Не можам да ги сватам оние кои не му посакуваат добро на градот и на неговите жители. Со максимални напори пожарот е ставен под контрола, вели револтирано Дука.

https://alsat-m.tv/mk/повторно-потпалена-градската-депони/
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 408
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Jul-2020 at 07:51
Одлична нишка. Дивите депонии се крајно сериозен проблем во цела држава. Од она што приметувам и намерно ги палат за да се ослободи место за ново ѓубре. Подолу линк од дивата депонија во Визбегово која го труе цело Скопје.

https://tv21.tv/mk/vo-zhivo-gori-deponijata-vo-shutka/?fbclid=IwAR2fyD-u_YJ1kWuVD1QWVs2bgEu_V3O6oy0_ieBzOJwOcIZCtVYGyR-S2fs
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Jul-2020 at 11:25
На нелегалната депонија во Тетово веќе четврти ден ноќе се фрла ѓубре и потоа се гори



Големи количини отпад вчера беа изгорени во близина на железничката станица во Тетово. Од страна на општинските власти ни беше кажано дека овој дел бил исчистен порано, но последните 3-4 дена повторно биле фрлени отпадоци. Од противпожарната единица на Тетово рекоа дека во текот на денот интервенирале два пати на тоа место и се сомневаат дека некој во текот на ноќта фрла и потоа го пали отпадокот, известува „Порталб.мк“.

Иако пред еден месец општинските власти за „Порталб.мк“ рекоа дека ќе интервенираат со полиција и отпадот ќе го дислоцираат, сепак на истото место повторно се најдоа отпадоци, овој пат и изгорени.

„Местото беше исчистено, меѓутоа во последните 3 или 4 дена некој фрлил отпадоци како што се гуми и друго и потоа ги запалил“, рекоа од Општина Тетово.

Од Противпожарната единица на Тетово информираа дека тој ден, на тоа место интервенирале два пати.

„Во текот на денот интервениравме два пати и го изгасивме пожарот, се креваше црн чад и се испушташе многу јака реа, ова не е праведно бидејќи ја загадуваат средината. Не се знае со сигурност кој ги фрла овие отпадоци, дали ги носат од надвор или не, но најверојатно се фрлаат во текот на ноќта бидејќи никој не може да ги види. Постои сомнеж за тоа дека неколку ромски семејства изградиле монтирани куќички и таму престојуваат, затоа има шанси и дека тие ги горат“ истакна Ука Алити, командир на противпожарната единица на Тетово.

Алити исто така истакна дека се преземаат мерки ова место да биде под постојан надзор за проблемот да не се повтори.

„Денес разговаравме и со директорот на ОЈП Тетово и се трудиме да координираме неколку работи за да дознаеме од каде доаѓаат и кој ги фрла овие отпадоци. Сега сме и во период кога температурите се многу високи и постои опасност пожарот да ја опфати и изгори тревата бидејќи таа е сува, а од друга страна во близина се наоѓа и една компанија. Што се однесува до чистењето, тоа место беше исчистено, но повторно се фрлени отпадоци и сега општината ќе преземе мерки и ќе го исчисти повторно местото, а и така добивме наредба од градоначалничката ова место да биде 24 часа под надзор“ рече Алити.

Инаку, вакви случаи имало и порано како што се горењето на депонијата во Тетово, горењето на отпадоците во населбата „Блок 70“ и „Дарданија“, горењето на отпадоците во „Ромската населба“, како и многу други.

https://meta.mk/na-nelegalnata-deponija-vo-tetovo-vekje-chetvrti-den-nokje-se-frla-gjubre-i-potoa-se-gori/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Jul-2020 at 11:28
Многу честа појава во Аеродром...поточно Вардариште и некои други поситни депонии го држат во чад голем дел од Лисиче,џабе толку згради кога неможеш прозор да отвориш.

од фб



Edited by stef4o - 29-Jul-2020 at 11:28
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Jul-2020 at 11:49
(ВИДЕО) Пожар кај депонијата во Арачиново

Рано изутринава избувна пожар на депонијата лоцирана во близина на гробиштата кај скопското село Арачиново.Во моментов нема информации кој го предизвикал пожарот. Сепак, ова го загрижи локалното население заради големото ширење чад што предизвикува, меѓу другото и загадување на воздухот.





https://alsat-m.tv/mk/видео-пожар-кај-депонијата-во-арачино/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jul-2020 at 11:52
Вардариште(26.07.2020)



https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Jul-2020 at 12:17
od fb

1.На ул.Џон Кенеди



2.Спроти Вип Хотел во Центар,ова е веќе критично мора да се реши некако,се повеќе се трупа со ѓубре кое на секои 2 недели се спалува и за првпат оваа година и во Мичурин а верувам во Острово уште повеќе се чувствува смрдеата



Back to Top
T1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Jul-2020
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote T1 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Jul-2020 at 15:36
Стефчо за секој проблем има и решение. Проблемот со дивите депонии се рашава на многу ефикасен и едноставен начин кој западниот свет го решил пред едно 30тина години. Решението се вика Термоелектрана на сув отпад (читај ѓубре) која согорува апсолутно се освен градежен шут, и која прзведува електрична и топлинска енергија за околните градчиња или поголеми градови.
Ваквите проекти во моментов се финсирани и од ИПА програмите и од средства од самата ЕУ до 90% учество и само 10% наши пари.
У превод 1 тава централа треба за Скопје, 1 за Штип, Радовиш, Струмица и Куманово. 1 ТЕ за Гостивар и Тетово и 1 за Охрид Стуга и Битола. Значи со 4 до 5 вакви централи ние нема да можеме да произведеме толку ѓубре колку што на нив ќе им биде потребно за изгорат за да произведат струја. И пази ќе си наплаќаат за подигање и согорување на смет, за производсто на топлинска енергија и за струја. У превод 3 пати ќе го наплатат подигнатиот смет и ќе си ја вратат инвестицијата за не повеќе од 8 години. А ќе работат 30+ год. Значи жив ќар за сите. АМАААААААААААААААА треба некој ова негде да го предложи и напише од нашиве надлежни. За што очигледно немаат време и нерви да го направат.

Поздрав
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Jul-2020 at 16:08
Originally posted by T1

Стефчо за секој проблем има и решение. Проблемот со дивите депонии се рашава на многу ефикасен и едноставен начин кој западниот свет го решил пред едно 30тина години. Решението се вика Термоелектрана на сув отпад (читај ѓубре) која согорува апсолутно се освен градежен шут, и која прзведува електрична и топлинска енергија за околните градчиња или поголеми градови.
Ваквите проекти во моментов се финсирани и од ИПА програмите и од средства од самата ЕУ до 90% учество и само 10% наши пари.
У превод 1 тава централа треба за Скопје, 1 за Штип, Радовиш, Струмица и Куманово. 1 ТЕ за Гостивар и Тетово и 1 за Охрид Стуга и Битола. Значи со 4 до 5 вакви централи ние нема да можеме да произведеме толку ѓубре колку што на нив ќе им биде потребно за изгорат за да произведат струја. И пази ќе си наплаќаат за подигање и согорување на смет, за производсто на топлинска енергија и за струја. У превод 3 пати ќе го наплатат подигнатиот смет и ќе си ја вратат инвестицијата за не повеќе од 8 години. А ќе работат 30+ год. Значи жив ќар за сите. АМАААААААААААААААА треба некој ова негде да го предложи и напише од нашиве надлежни. За што очигледно немаат време и нерви да го направат.

Поздрав


Знам дека постои решение за секој проблем ама институциите и инспекторатите не сакаат ниту да интервенираат да ги расчистат депониите а камо ли да се зафатат со некој поголем зафат па да прават фабрика.Лошо е што се дозволи среде центар да стојат ругла стари по 60-70 години и кои заради разноразни правни лавиринти никако неможат да бидат урнати и расчистени(постојано се чека некој инвеститор да ги земе и да направи зграда) само на тој начин до сега се работи.Конкретно Скопје има неколку критични точки од кои не се дише ни лете ни зиме(дивата населба спроти ПИОМ,делови под Кале спроти стадионот,под мостот кај Транспортен,Вардариште и сега во поново време Волково,Ново Село и Визбегово станаа критични точки каде се спалува отпад).Проблемиве се децениски и досега освен по некоја фб група и некое текстче по порталиве никој не се ангажирал да оди чекор понапред и да најде конкретно(по можност долгорочно) решение на проблемот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Jul-2020 at 11:06
До конечното решавање „Русино“ ќе ја користи само Гостивар



„Ние сме тука мала група граѓани и ние како општина можеме заедно да организираме референдум, да одлучиме дали Русино треба да постои, да функционира или не. Ќе почекаме уште еден месец додека не се формира новата влада и ќе гласаме како Гостиварци да одлучиме дали Русино треба да работи или не“, рече Арбен Таравари – Градоначалник на Гостивар.

Невладините организации што учествуваа во оваа дебата се децидни дека депонијата Русино треба да биде преместена. Тие бараат истрага за тоа кој и зошто го пали отпадот во оваа депонија.

„Нашите точки се многу јасни. Престанете со горење на отпадот во Русино каде се складира отпад затоа што не е депонија и второ, да се затвори депонијата Русино. Не можеме да правиме компромис со здравјето, затоа што компромис со здравјето не се прави. Барањата се децидни, стоиме зад овие точки“, изјави Бујар Креци – иницијалниот совет СТОП Русино.

Иако претставници на Министерството за животна средина и претставници на Полошкиот регион учествуваа на јавната расправа, но не дадоа изјави за медиумите.

https://alsat-m.tv/mk/до-конечното-решавање-русино-ќе-ја/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 31-Jul-2020 at 15:56
од 26.02.2019

Депониите крај Вардар за некои ќар, за сите загадување: „Гориме отпад да преживееме





Густ сив чад се назира во далечина, од правецот на дивата населба под Кале, каде се упатуваме со екипата на Градскиот инспекторат. Тоа е локацијата од каде зимава во повеќе наврати се гледаше како нешто гори, а смрдеата на изгорена гума и пластика потоа се ширеше по течението на Вардар. Во студени денови и во услови на магла, миризбата на изгорен отпад стана дел од амбиентот на мачното секојдневие на скопјани.

Додека се трускаме по нерамниот пат во лада нивата на тимот на градската инспекција, составен од комунален инспектор и комунален редар, тие ни објаснуваат како постапуваат на терен кога ги вршат редовните обиколки на бројните црни точки по градската периферија, во потрага по запалени огнови. „Одиме на терен и по пријави на граѓани на телефонот 193, а ова е едно од местата за кое почесто се пријавува дека нешто чади“, вели инспекторот Ацо Петрушев, кој додава дека честопати чадот потекнува од огништата во прикрпените трошни куќарки на Ромите, кои со години живеат во оваа дива населба, но инспекторите немаат право да интервенираат во таков случај иако се свесни дека во импровизираните печки се гори разновиден отпад, пластика, гума.
Затекнати на дело

Забележани сме оддалеку, нè пречекуваат и веднаш нè опкружуваат повеќемина жители на дивата населба, главно мажи. Има и деца од школска возраст, но ниту едно не оди на училиште, велат. „Еве, предмалку си заминаа тие што палат, како не дојдовте порано за да видите дека горат кабли за бакар и тоа веднаш до нашите куќи, децата ни ги отруја!“, им се обраќа на инспекторите Ќамуран, млад маж со негувана брадичка, светкава обетка и со смартфон кој ѕирка од џебот на тренерката. „Ние селектираме хартија и од тоа живееме, заработувачката е мала, по еден денар од килограм ама мора од нешто да се живее“, вели тој. На местото каде до пред десетина минути нешто гореше, сега се гледа свежо изгаснато огниште.

Палењето кабли за да се дојде до бакарната жица, која е прекриена со пластика е еден од највносните бизниси во дивото селектирање на отпадот кое се одвива во градот. Кога ќе се запалат, овие кабли бргу горат, но произведуваат густ, темносив и тежок чад, исклучително токсичен и животнозагрозувачки доколку директно се вдишува. Еден килограм така добиен бакар на црниот пазар чини помеѓу 200 и 300 денари, а една тајфа диви „рециклатори“ на каблите можат на тој начин да заработат и до 2-3000 денари на ден. Се разбира, до каблите најчесто се доаѓа по нелегален пат, преку кражби, што е работа за полицијата.

„Аа, ма каква полиција, па биле тука стопати полицајци, и ќе ги фатат на дело и само ќе им кажат-зимај бакарот и да те нема“, одмавнува со раката еден од младите на моето прашање зошто не викнат полиција ако навистина некој друг доаѓа и го пали отпадот кај нив. „Ги знаеме ние, тоа се тие од „Ранка Милановиќ“ (еден од објектите за сместување на ромски семејства од дивите населби, н.з.), доаѓаат со шипки, сакаат да се тепаат, ни прават проблеми“…
Додека трае муабетот, зад нас, на 50тина метри се паркира едно комбе со гостиварски таблички. „Еве ги, сега ќе пробаме да ги изненадиме, влезете во кола“, дискретно ни се обрати инспектор Аце. Се поздравуваме набрзинка со соговорниците и продолжуваме по патот што води покрај Вардар, во насока на Момин Поток. Забрзуваме за да го свртиме кругот по булевар Никола Карев и да му дојдеме на комбето од зад грб. Од височинката под Амбасадата на САД веќе може да се види карактеристичниот сив чад долу покрај реката. Палачите на кабли ги изненадуваме среде „бизнисот“. Купот се уште не изгорел, но бакарот, усвитен, убаво се гледа. Смрдеата од палењето е леплива, а дишењето речиси невозможно. Истовремено, од спротивната страна на Вардар, на кејот, се гледаат луѓе како вежбаат на справите за рекреација, се разминуваат велосипедисти.

Посебен круг на пеколот

Најизненаден, се чини е токму Ќамуран, дечкото со обетката, кој нè убедуваше дека некој друг му пали отпад пред куќа и му ги труе децата. Посрамено се трга настрана и молчи. Жената која ја затекнавме крај запалените кабли, тргнува во офанзива. Вика по инспекторот и му се заканува, обидувајќи да ги зграпчи полуизгорените кабли, за да го спаси бакарот. „Тргни ми се, ќе те удрам!“, се заканува. „Што си мислиш, кој си ти?“. Пропаѓа обидот да биде легитимирана и таа и човекот со брада, кој и е, очигледно, соучесник. „Немаме лични карти, бегај од тука!“. „Во вакви случаи ја повикуваме полицијата да интервенира“, вели инспекторот. „Алфите“ ги сретнавме на враќање. Нè застануваат за да им објасниме што се случило. Им довикнуваме да побрзаат оти ќе ги затекнат сторителите, а ние се упатуваме кон некогашната градска депонија Вардариште.

Ромската населба на работ на Вардариште се чини дека е неколку круга од пеколот подолу од очајната состојба во која живеат луѓето под Кале. Трошни, прикрпени куќарки и многу кал, помешан со отпад, не дочекуваат уште веднаш. Облеката на луѓето е изветвена, децата полуголи, со искинати обувки. Во населбата, сместена во близина на некогашна А1 ТВ има диво приклучени на струја, а пред неколку куќи се гледаат цевки од кои тече вода. Сепак, доминираат трошни импровизации од живеалишта, за кои зборот субстандард е грдо потценување на реалноста. Буричкањето по отпадот среде кој живеат понекогаш резултира со пластика или метал кој можат да го продадат. Остатокот што не им треба се гори. Доминира миризбата на изгорена пластика, но и друг отпад. Знаат ли дека тој чад ги труе и нив и децата, ги прашувам. Знаеме ама на што да се грееме? Треба да преживееме!, велат.

„Ма, какво одење на училиште, ние немаме леб да се прехраниме“, гневно ми одговара еден средовечен маж кој се претставува како Зенун Чаколи и ми бара помош за своите пет деца, од кои едното е многу болно. Немоќно прашувам зошто не го однесат на лекар или да викнат Брза помош штом е толку лошо. Во накривената куќарка, на подот седат три дечиња на возраст од околу 5-6 години и гледаат телевизија. Во голема тава има остатоци од леб. Им оставам неколку чоколатца и кекс и посрамено заминувам.

Темната зона на градот

Некогашната депонија најпрвин била оградена со жица, но од оградата сега нема ниту трага, па буквално секој може да влезе и да се движи низ огромниот простор на никогаш неревитализираното и непокриено градско ѓубриште. Тоа и денес се користи за диво депонирање на секаков отпад, но, впечаток е дека државата нема речиси никаков увид во тоа што всушност се случува таму, и покрај редовните патроли на инспекциите. Едноставно, просторот е темната зона на предградието на Скопје.

Инспекторите се поздравуваат со жителите на оваа населба, се познаваат со години. „Ја знам секоја педа од Вардариште и луѓето таму, бидејќи и самиот живеам во негова близина“, вели Аце. Неодамна, во соработка со општина Гази Баба, токму на Вардариште беше запленето поголемо количество на отпадни гуми, кои се горат, исто така за бакарни жици, но, вели, во нив го има малку, не им се исплаќа трудот. Често се работи за зависници, кои на секаков начин се обидуваат да дојдат до некој денар. Тогаш отпадот се гори и под железничкиот мост, подалеку од можни сведоци.

Гумите, но и другиот отпад, кој не можат да го продадат, главно ги горат за да се згреат. „Еве, тука, на оној рид од чакал имавме ноќна заседа“, ни покажува инспекторот, но ризикот дека ќе ни биде искршено возилото е голем, додава. Патролирањето го заокружуваме покрај Вардар, чијшто брег, се чини, релативно скоро бил исчистен од смет и сега е, главно без диви депонии, со исклучок на еден поголем куп отпадна пластика, за кој инспекторите ни кажаа дека веќе, очигледно, поминала низ преса за преработка, но од некои причини непознат сторител ја истоварил токму на тоа место. Речиси на дофат се чинат зградите од Ново Лисиче во кои се палат првите светла, раздалечени едвај 400-500 метри, но како од сосема поинаков свет.

https://meta.mk/deponiite-kraj-vardar-za-nekoi-kar-za-site-zagaduvane-gorime-otpad-da-prezhiveeme/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Aug-2020 at 15:32
Дебар со години без решение за проблемот со дивата депонија



https://alsat-m.tv/mk/дебар-со-години-без-решение-за-проблем/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Aug-2020 at 13:29
Остатоците од курбаните фрлени по улица - се шири лоша миризба, опасност од ширење болести



https://tv21.tv/mk/ostatotsite-od-kurbanite-frleni-po-ulitsa-se-shiri-losha-mirizba-opasnost-od-shirene-bolesti/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Aug-2020 at 10:22
Депонијата Русино и понатаму блокирана – Таравари: Рационално и долготрајно решение



https://tv21.tv/mk/deponijata-rusino-i-ponatamu-blokirana-taravari-ratsionalno-i-dolgotrajno-reshenie/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.