build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Маџир Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Маџир Маало
    Posted: 30-Oct-2008 at 00:05

мислам дека ова заслужува да се евидентра и да се поздрави, оваа информација за Маџир маало ја немав до сега чуено!

Маџир Маало - „урбан феномен“

(Повод: „Маџирмаалци ќе ги блокираат главните крстосници“, „Време“ 27 јануари 2007)

Се до 26.7.1963 година, кога се случи скопскиот земјотрес, животот во Маџир Маало функционираше според планот од 1890 година. Тоа е, ни помалку ни повеќе, период од 73 години. За сите што се сеќаваат, а особено за оние што изумиле, Скопје во тоа време се градеше, односно беше изградено на левата страна од реката Вардар.
Планот за Маџир Маало од 1890 год. проектира нова населба на левата страна од реката Вардар, со модерни сообраќајници за колска запрега, велосипеди и пешаци, станбени површини за домување, продавници, дуќани за разни занаети, маалски фурни и чешми, со други зборови урбано живеење за тогашните услови и потреби.
Распишаниот меѓународен конкурс за идејно решение за градското јадро на Скопје 1964 година и усвоениот предлог практично го запреа развојот на Маџир Маало. Се присетувам дека усвоеното решение предвидуваше колективно домување и булеварска улица среде маалото. Оттогаш до сегашно време вистина е дека за Маџир Маало во неколку обиди се изработувале ДУП, но никогаш не биле усвоени. Оттука, во право се маџирмаалци кога велат дека се уште живеат во 19 век. Судбината сакала Маџир Маало во изминативе стотина години да нема ажуриран документ за развој, да нема канализација, а поради тоа изградените објекти достоинствено и тивко да пропаѓаат…
Се поставува прашањето: зошто е тоа така, мора ли да се толерира таков однос спрема првото маало во Скопје со урбанистички план или до кога судбината ќе се поигрува со животот на маџирмаалци, а луѓето со објектите нападнати од забот на времето во очекување дека нешто ќе се случи, запаѓаат во очај. Одговорот треба да се бара во градската администрација, во ингеренциите на градоначалникот на општината Центар во согласност со Законот за децентрализација.
Долгот и обврската, според мене, кон маџирмаалци и Маџир Маало се големи ако се земат предвид ветувањата при средбите во предизборието. Долгот, исто така, е голем и спрема планот од 1890 год., бидејќи претставува прв плански документ - „урбан феномен“. Јас би рекол, маџирмаалци и Маџир Маало со поставките за планот 1890 год. заслужуваат да имаат ДУП, Маџир Маало да се прогласи за стар град со традиционалните вредности и потреби за новиот милениум - 21 век.
Со други зборови, ако скопјани имаат Стара чаршија, зошто маџирмаалци да немаат стар град со осмислено маалско живеење, без сосед над глава, со трговски и угостителски продавници, со занаети сместени во подрумските простории, за да не се загадува околината и да не се создава бучава, со инфраструктура за вода, гас, струја, греење, канализација и…
За крај, зар не треба да се прифатат залагањата и повиците на маџирмаалци?

Време - Душан Стојковски, архитект - 06.02.2007

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Oct-2008 at 00:16
За крај, зар не треба да се прифатат залагањата и повиците на маџирмаалци?
НЕ! Не треба да се прифатат.

Преку таквото ми е од маџирмаалци и стари скопјани, кои прикажувајќи се себе како ариевска раса со плава староскопска крв, инсистираат на ексклузивитет над градот во секој поглед. На нив им сметаат сите "дошљаци" кои се навредувани на секој можен начин. Тоа што некогаш било маџирмаало сега е драчево или лисиче. Ако не сакаат да имаат комшија над глава нека идат у приградска населба. Се слагам дека маџирмаало заслужува ДУП, но ДУП кој ќе соодветсвува со реалноста и нема да предвидува маало со куќи у сред центар на неполн километар од плоштад. Тука се знае што прилега. Деловни згради, чатпат станбена, театри трговски. Но пред се хилта да свири, а багер да пее! Тој змијарник у сред Скопје повеќе неможам да го гледам, макар сакал и нека потекнувал од неолит, а за турско најмала работа. Ако некогаш тој историски ДУП бил дел од Скопје, слободно нека го изложат у музеј на град Скопје. Реализација на ДУП од турско не ни треба два века подоцна.


Edited by lslcrew - 30-Oct-2008 at 00:19
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Oct-2008 at 00:54
абе како појава ова кажува дека СК било урбанизирано уште во 19 век, интересно е што кензо како за местоположба на центарот на градот т.е. градска порта го зел баш тој дел од СК, па добива и некако урбанистички пиедестал ова место, навистина заслужува да му дадат некаква нагласеност на ова место, можеби возобновување на идејата на кензо или пак некој вид деловен простор со плоштад за Новото Модерно Скопје, па му прилега од секој аспект значи било во минатото потенцирана неговата положба, можеби е и подобро досега што не почнало да се гради се и сешто, па сега натенане нешто уникатно да се испланира на тој потег, незнам можеби и крушевска да се пушти и еден плоштад со нов македониум и некои спектакуларни градби! 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Oct-2008 at 23:20
За прв пат граѓаните со став како што треба. Нека не ви влева оваа реченица надеж, текстот е поразителен WallbashWallbashWallbashWallbashWallbashWallbash

МАЏИРМААЛЦИ СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПРЕДЛОЖЕНИОТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН


Од атрактивна четврт направивте спална соба


Граѓаните велат дека ова не е план којшто е направен по нивна мерка. Не се сигурни дека нивната приказна која трае цели 50 години, период во којшто поради немање план не можеа легално ниту да ги санираат ни да ги доградат или надградат своите домови ќе заврши со хепи енд


Маџир маало како едно од најстарите скопски маала ќе остане амбиентална целина со куќи на два ката, а девет објекти ќе бидат заштитени споменици на културата. Ова е предвидено со Предлог Деталниот урбанистички план за оваа градска четврт којшто деновиве беше јавно презентиран и изложен во просториите на УЗ Раде Јовчевски Корчагин. Во следните денови граѓаните имаат можност детално да се информираат за секоја парцела, а своите забелешки и мислења да ги испишат на анкетните ливчиња.

На презентацијата, изработувачот на Планот Лидија Андреевска истакна дека трасата на булеварот Крушевска република којшто населбата ја дели на два дела останува на претходно предвидената локација, се до донесувањето на новиот Генерален урбанистички план во којшто се очекува оваа сообраќајница да се дислоцира лево и десно од Транспортниот центар.
Маџирмаалци не се задоволни од предвидените решенија. Не се сигурни дека нивната приказна која трае цели 50 години, период во којшто поради немање план не можеа легално ниту да ги санираат ни да ги доградат или надградат своите домови ќе заврши со хепи енд.

- Со планот, овој дел од центарот на Скопје е претворен во спална соба. Атрактивното земјиште сега чини пет банки. Наместо да се унапреди, да се развие, цела четврт се деградира. Сите знаеме колку инвеститори чекаат да градат - реагираа дел од присутните на презентацијата. Андреевска им појасни дека висината на објектите е мала бидејќи при проектирањето имале обврска да ја задржат автентичноста на сообраќајната мрежа и биле ограничени со тесните улици, но им посочи дека согласно новиот правилник семејното домување има можност за пренамена на просторот од станбен во деловен.

Незадоволни се и сопствениците на заштитените објекти. Живееме во куќа која е изградена во 1902 година, но низ годините е доградувана, адаптирана и нема врска со првичниот автентичен архитектонски изглед. Значи нема основ за заштита. Кои параметри се почитувани при изборот никој не знае, велат тие.

Поради немање на план, Маџирмаалци во 21 век живеат во субстандарни услови без водовод, канализациона и атмосферска мрежа.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AC884F3B5CC4CA4EA2F71CBCDB7F2DC7


Edited by pbanks - 30-Oct-2008 at 23:20
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 31-Oct-2008 at 00:25
Џуро не си ми јасен?! Question

Кај е изложен овој проект да го сликнеме?!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 31-Oct-2008 at 00:29
Originally posted by lslcrew

Џуро не си ми јасен?! Question

Кај е изложен овој проект да го сликнеме?!


Што не е јасно? Граѓаните се бунат со право. Колку што јас разбирам тие се против тоа Маџир маало да биде некаква амбиетална населба со куќарки на 2 ката тука сакаат културно да профитираат од своите локации а маалото да си добие урбанизација како што му доликува.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 31-Oct-2008 at 00:31
Изложен е во УЗ„Кочо Рацин“ или УЗ„Корчагин“ беше... како и да е, се наоѓа некаде кај новиот мост над Вардар,во Маџир маало..и таму е изложено. Ова ми го кажа жената што работи во „Роберт Гајдиќ“. Искрено не ја разбрав ништо кога ми објаснуваше, само ми текнува дека спомна некоја стара уличка што била тука... и толку, се друго е блур.

Сега уште еднаш прочитав - значи било УЗ „Корчагин“. За локацијата уште не знам со точност каде е, но ако некој знае нека каже утре можам да поминам.


Edited by La Linea - 31-Oct-2008 at 00:33
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 31-Oct-2008 at 00:32
Еее вака ОК. Јас сум остро против сегашната состојба на маџирмаало и билокакво задржување на макар една од тие куќи како споменици. Еве може само една но доколку таа биде оградена и околу нејзе има парк и стварно да изгледа на споменик. Добро е тоа што се работи на урбанизација на маџирмаало, само не го сватив делот кајшто се вика дека многу инвеститори чекале. Ова ваљда се мисли на привани станбени објекти каде што постојните жители би добиле стан во замена за локацијата, или...?!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 31-Oct-2008 at 00:35

Врз основа на член 24 и член 26 став 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (пречистен текст) /“Службен весник на РМ” бр.24/08/, Градоначалникот на Општината Центар, го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од Урбаната заедница Раде Јовчевски Корчагин дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за организирање

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог на Детален урбанистички план за градска четврт Маџир Маало Општина Центар – Скопје.

 Границите на опфатот се :

  • Северозапад: трасата на булеварот Кочо Рацин се до мостот на реката Вардар;
  • Север: од мостот на реката Вардар кон запад по кејот на реката Вардар се до Транспортниот центар;
  • Североисток: трасата на улица Никола Карев;
  • Југоисточно: следејќи ја трасата на ул. Никола Карев.

Јавната презентација на Предлог на Детален урбанистички план за градска четврт Маџир Маало Општина Центар – Скопје ќе се одржи во просториите на УЗ Раде Јовчевски Корчагин на ден 29.10.2008 година (среда) во 10,00 часот.

Предлог на Детален урбанистички план за градска четврт Маџир Маало Општина Центар – Скопје ќе биде изложен во просториите на УЗ Раде Јовчевски Корчагин 10 работни дена, сметано од денот на објавувањето на Соопштението, секој работен ден од 10-17 часот.

Контакт телефон 3203 605

Во определениот рок заинтерисираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

                                                                             ОПШТИНА ЦЕНТАР

Кој може нека оди да сликне! Ла Линеа.....?!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-Oct-2008 at 00:39
Runaway
Big%20smile
Ако не успеам да го завршам тоа утре, тогаш сабота.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-Oct-2008 at 00:40
Suicide Suicide Suicide

Од каде да почнам... Дали од најавата за изместување на Крушевска Република, дали од дебилната идеја за некаква си „амбиентална населба“, дали од игрите на маџирмаалци кои никако да престанат да сеат магла и конечно да кажат што сакаат - дебело да профитираат.

За Крушевска веќе пена ми има фатено устата, кого го интересира нека чита во нишките за урбаните автопати во Скопје и скопски сообраќај.

Во идиотската заложбата да се зачувува некакво си „амбиентално Маџир-маало“, воопшто не ни верувам - екипата на Аларова и урбаната мафија која све живо распердаши играат на некоја сосема друга карта. Мислам дека е некоја финта и има доста простор за анализа на нивните чекори и мотиви. Веројатно целта е привремена - да се отарасат од Крушевска, а во меѓувреме да се позиционираат за ефтин продор во Маџир-маало. После тоа не е проблем да се смени планот за да ги задоволи интересите на урбаните криминални групации, особено кога ќе се земе во предвид апсурдноста на наводната идеја за амбиентална населба, која тогаш ќе биде аргумент на нивна страна за носење на нов план.

Желбата на маџирмаалци да профитираат од својот имот ја разбирам, ама тоа не смее да биде на штета на стратешките интереси на градот. И тие цело време пласираат најразноразни глупости и сеат магла. И нив очигледно им треба некаков привремен план - вртоглаво да ги набилдаат вредностите на своите имоти и после такви да ги продаваат. Иронично е ова што им се случува, ама со нивното однесување го заслужија тоа. Само за жал нема да бидат единствената оштетена страна, туку ако на овие игри со ГУП-от и конкретниов ДУП не им биде ставен крај, цел град ќе биде буквално осакатен.


BTW, од кај е оваа Лидија Андреевска толку сигурна во изместувањето на Крушевска? Тоа договорено ли било уште одамна, во којзнае какви кругови? Или ако не се случи ќе имаме „амбиентална населба“ поделена на два дела со урбан автопат? Crazy

За овие игри има цел еден контингент луѓе што треба да се пратат на службен пат до Идризово. Ваљда ќе созрее државата и ќе дојде и тој ден... Нема да е голема утеха за осакатен град, ама каква таква сатисфакција...


Edited by Cloverstack - 16-Dec-2008 at 02:51
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 31-Oct-2008 at 00:41
Originally posted by lslcrew

Еее вака ОК. Јас сум остро против сегашната состојба на маџирмаало и билокакво задржување на макар една од тие куќи како споменици. Еве може само една но доколку таа биде оградена и околу нејзе има парк и стварно да изгледа на споменик. Добро е тоа што се работи на урбанизација на маџирмаало, само не го сватив делот кајшто се вика дека многу инвеститори чекале. Ова ваљда се мисли на привани станбени објекти каде што постојните жители би добиле стан во замена за локацијата, или...?!


Тоа би било друго погубно сценарио. Мислам дека на граѓаните би им било главно некој да ги обесштети т.е. да профитираат од локацијата која ја поседуваат. Дали тоа ќе биде стан во компензација, пари или суво злато и не е толкав проблем.

Затоа добитна комбинација е Општина Центар да прекине да се заебава и да црта глупости по ДУПовите, него да направи еден достоен план за деловен центар (перфектна локација за таа намена) така да ем граѓаните ем градот ем инвеститорите профитираат. Дури и да има објекти за домување не би било страшно но само доколку тие се од полуксузен карактер.

На пример верувам дека никој не би се побунил доколку би никнале вакви кондоминиуми покрај Вардар (Проект Марина Дорќол на Дунав во Белград).


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 31-Oct-2008 at 00:54
Целата градска и општинските администрации се соочуваат со недостиг од иницијативи за вакви поголеми проекти како што ги посочуваш. Све се сведува во профитирање на краток рок. Дај да направиме франге-франге додека сме на власт и после, кој му е гајле. Маџир маало е бришан простор со можност да се направи квалитетен дел од центарот на Скопје, а не да се загрозува со станови кои ионака ќе бидат повторно пренаменети во деловен просор, нешто што денеска е случај со рекорд. Тамо веќе и да не живее некој него се само фирми. Па тогаш зашто да не оставиве можност да се изгради квалитетен деловен простор кој ќе биде каде каде со подобри услови него пренаменети станови.

Инаку маџирмаалоската лакомост која ја посочи Кловер ја гледаме на секој чош и не само во маџирмаало, впрочем тоа е менатлен склоп на секој човек да се стреми кон профит во вакво време. Затоа се тука законите и плановите да ги спречат сите задни намери на поединци дали биле поедини граќани или па дел од администрацијата.

Просто криво ми паќа кога ќе видам околните големи градови од регионот што проектираат, а кај е ситуацијата таква каква што е во градското планирање.

За крушевска нема што да коментирам, го имаме тоа зборувано сто пати. Крушевска како булеваре му треба на Скопје исто како и другите два големи градски автопати кои треба да бидат главните три вени на Скопје, но на кого да му докажеш. Јас се надевам дека следната администрација која треба да седне во фотењите од април ќе биде далеку подобра од оваа. Тој нов ГУП за Скопје од ден на ден се повеќе ми е помистериозен пошто знам дека ќе биде многу поразличен од овој и секој ден имаме најави за драстични промени од овој сегашниов, а тоа се повеќе ме плаши дека ќе биде документ кои ќе задоволи ситнопартиски интереси. Секој ќе сака да изгради понекое зградиче у центар и да лапне кеш. Само повеќе ќе го загушиме центарот, на сметка на што повеќе избришани улици од ГУП-от. Срамота!


Edited by lslcrew - 31-Oct-2008 at 00:56
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 31-Oct-2008 at 10:29
Багер за дваесетина куќи во Маџир Маало



Автор:  Радмила Заревска

Околу дваесет куќи ќе се рушат за да се изгради црква во Маџир Маало, според нацрт-деталниот урбанистички план за Маџир Маало што е изложен на јавна анкета во просториите на месната заедница „Раде Јовчевски-Корчагин“. Жителите на маалото не се согласуваат со предложените решенија, затоа што покрај православниот храм сè уште се предвидува изградбата на булеварот Крушевска република, со кој една четвртина од куќите треба да се срамнат со земја. Нови уривања се планираат и со корекцијата на улицата Никола Карев кај мостот кај Транспортниот центар, со која треба да се исправи кривината што сега се наоѓа на тоа место. Маџирмаалци во наредниве неколку дена ќе можат да пополнуваат анкетни листови со забелешки, а многумина од нив веќе го сториле тоа.

ЗАГРОЗЕН ОПСТАНОКОТ НА МААЛОТО

Меѓу жителите кружи приказна дека општината Центар решила да предвиди маркичка за црква врз куќи затоа што тоа место наводно имало исцелителни моќи. Сепак тие оваа идеја ја нарекуваат голема глупост, затоа што во околината на маалото има голем број цркви.

- На местото каде што е предвидено да се изгради црквата пред десетина години беа пронајдени мошти и затоа сега се смета дека тоа место има исцелителна моќ. Тоа е и причината за таму да се постави верски објект. Но сепак тоа би значело дека многу наши соседи ќе останат без своите домови. А што ќе ни е уште еден храм кога црквата „Света Богородица“ се наоѓа веднаш од спротивната страна на реката Вардар, а таа е една од најголемите во градот? Задоволни сме од тоа што според планот може да се изградат објекти за домување кои ќе бидат високи до 10 метри. Со тоа ќе се задржат амбиентот и автентичноста на маалото, кое е препознатливо во целиот град - објасни еден од жителите на Маџир маало.

Булеварот Крушевска република е предвиден и со генералниот урбанистички план, а тој треба да биде широк од 80 до 100 метри и да поминува низ средината на маалото, а потоа преку подземен тунел да излегува од другата страна на Вардар. Со години маџирмаалци се борат да се укине оваа идеја, а велат дека и градоначалникот Трифун Костовски упатил писмо до градоначалничката на Центар Виолета Аларова, со кое побарал да се избрише таа сообраќајница.

- Се наближува 25-годишнината од традиционалните маџирмаалски средби, но со толку предвидени рушења се прашуваме дали ќе го дочекаме јубилејот - додаваат граѓаните.

ЌЕ СЕ ИСПРАВА КРИВИНАТА НА ПЕНОВ

Мостот кај Транспортниот центар го градеше поранешниот градоначалник Ристо Пенов во 2004 година, а го доврши Костовски. Бидејќи не можеше да ги убеди жителите да ги продадат своите куќи, Пенов одлучи на улицата Никола Карев, која се протега кон Железничката станица, веднаш до мостот да се направи остра кривина за да се избегнат тие имотноправни проблеми.

Со овој план се предвидува да се исправи таа кривина, што би предизвикало дополнителни уривања.

- На тој начин многу наши соседи би ги загубиле домовите во кои живеат со генерации, некои и по 150 години. Што ќе остане од маалото ако се урне една четвртина од куќите и тоа се подели на неколку ситни парчиња? Ние сакаме Маџир Маало да ги задржи стариот дух и амбиентот, што би можело да привлекува туристи - додаваат маџирмаалци.

За сите куќи се предвидува да бидат високи најмногу десет метри, освен четири згради, кои треба да се направат на празниот простор до раскрсницата меѓу улицата Никола Карев и булеварот Кузман Јосифовски Питу. Според жителите, тоа би било многу подобро место за да се направи црква отколку да се уриваат куќи.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=219&ArticleID=10226


BananaBananaBanana ПУКНЕТЕ МАЏИРМААЛЦИ  BananaBananaBanana


Edited by lslcrew - 31-Oct-2008 at 10:29
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 31-Oct-2008 at 13:16

Previous види и не е баш така, стави се на нивно место, што е греота греота е, да дојдат тебе да те рушат ќе те прашам Sleepy ќе занемеш за миг.

верувам има начини како да се изведе Крушевска, нека ги компензираат пример со новата населба кај касарна илинден или навистина нека направат план со кој и тие ќе се офајдат, па доколку се обнови идејата на кензо тука ќе биде навистина центар, но ништо не е случајно на овој свет, па ни воздухот што го дишеме Thumbs%20Up најверојатно ко што кажа кловер се крчка во лончето нешто помрсно, а може и навистина на некого му дошло до старо СК од кое во ММ нема ни абер од старо СК, има две три куќи кои нема ни да стигнат да ги реставрираат и се друго е шпанско село, лепенки, гаражи, бетон...


courtesy of Cloverstack

ми текнува кога се правеше бул. Кузман Јо. Питу, имаше одма пред нова железничка кај пошта 5 спратна зграда и тоа цела блокови сендвич-систем, која ја фаќаше цела денешна лента кон центар, незнам колку и како беа обештетени овие луѓе и дали тие биле општествени или приватни станови, но зградата во ’94 ја пеплосаа, мислам двапати ја минираа. се влечеше и ова едно година дена минимум ако не и повеќе па дури им се вселуваа и станарите повторно, агонии, драми итн. , колку што помнам '93 кога го трасираа бул.КЈПиту прво од другата страна го срушија оџакот од фабриката мичурин, иако тој можеби немаше потреба да се руши бидејќи не му пречеше никому а се наоѓаше кај што треба да се гради Црквата денес во мичурин(сега има тумба со борчиња на негово место), за тие што не се сеќаваат до тогаш за аеродром се вртеше кон денешен Симеон Кавракиров- тогашна улица Македонска која имаше само две ленти, една угоре една удоле, одтука одеа и 5ка и 15ка за аеродром, тесно грло но се до '93 значи немале потреба од КЈпиту што кажува колку возила имало во Аеродром. тоа со пробивањето на КЈПиту беше единствен поголем урбанистички зафат во СК за време на посткомунистичката транзиција, се до обновувањата и проширувањата на бул.Србија и Водњанска мислам немаше некој сличен зафат...

а за кривината на Пенов мислам дека не треба веќе тука да се гиба, па местото(кривината) е сега споменик на културата, ваков уникатен мост нема ни во индија да најдете, ова е баш историски момент кој така треба и да остане, мислам дека веќе и сме препознатливи по него, таман е како за болиди кривината, мислиш во токио си со тоа плексигласот Ohno но незнам само како не успеале да го дислоцираат човеков, дали и по кој закон точно ги надмудрил, почнал судска постапка, нашол грешка во дупот, смее ли некој да помине врз приватна куќа(знам дека смее врз земја но за градба не сум сигурен)... Маџирите мислам на крајот ќе си ја свртат водата во свој двор, сепак не ми се верува дека ќе заврши на ваков дуп, моеби и да се спроведе вакво нешто за 15 год пак ќе никнат тука висококатници, е тука да насадеја облакодер!

________________________________________________________________________________

Originally posted by pbanks

Сигурен си дека К.Ј. Питу го доправаа дури во 90те? Мене ова се некако ми се врзува со раното детство, основно школо. Ми текнува кога ја рушеа зградата го гледав и минирањето но воопшто не ми текнува дека работата се влечкала долго време.

од прва рака информација, но сум додал една година плус, оџакот го срушија во 1992 а зградата во 1993 - проверив во рудпроект, се сеќавам кога го рушеја оџакот снимаа и од МТВ екипа, инаку се гледа стариот оџак на сликата горе, беше од тули ѕидан, и мислам дека го решија само заради наводна нестабилност(тоа беше само оправдување) а вистината е дека го рушеја заради овие зградите спроти скопјанка т.е. поточно спроти космофон кои ги завршија во ’95 па сега колку што можам да видам тоа тумбата што остана одоџакот е доволно далеку од цел тој проект т.е. сега од гаражите кај што е сега сместена теретаната атлета, штета тој оџак беше од пред WWII ќе беше атракција да го оставеа како спомен за некогашната конзервна фабрика ’Мичурин’ каде од цела Македонија се носело зеленчук и овошје за конзервирање и наголемо се правело ајвар Cheers...

1990.- Работниците од тогаш државното претпријатие „Рудпроект“ од Скопје го минираа првиот фабрички оџак во Скопје, кој беше симбол на првата фабрика за преработка на зеленчук, „Мичурин“, изграден уште во триесеттите години на 20 век - во фирмата имаат и фотосесија и филм од рушењето

Мичурин била фабрика за конзервирање овошје и зеленчук - Вест - 5/21/2007

Фабрика за конзерви „Вардар” - Кинотека на Македонија



Edited by beTon - 31-Oct-2008 at 14:44
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 31-Oct-2008 at 13:30


Сигурен си дека К.Ј. Питу до доправаа дури во 90те? Мене ова се некако ми се врзува со раното детство, основно школо. Ми текнува кога ја рушеа зградата го гледав и минирањето но воопшто не ми текнува дека работата се влечкала долго време.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 31-Oct-2008 at 13:55
Со тоа ќе се задржат амбиентот и автентичноста на маалото, кое е препознатливо во целиот град - објасни еден од жителите на Маџир маало.

Ние сакаме Маџир Маало да ги задржи стариот дух и амбиентот, што би можело да привлекува туристи - додаваат маџирмаалци.

Crazy Crazy Crazy Crazy Crazy
Crazy Crazy Crazy Crazy Crazy
Crazy Crazy Crazy Crazy Crazy
Crazy Crazy Crazy Crazy Crazy
Crazy Crazy Crazy Crazy Crazy




Булеварот Крушевска република е предвиден и со генералниот урбанистички план, а тој треба да биде широк од 80 до 100 метри и да поминува низ средината на маалото, а потоа преку подземен тунел да излегува од другата страна на Вардар.
Кој ли ја фарбал новинаркава со вакви глупости... Булеварот си е планиран да биде издигнат на столбови. Тунел (по целата должина) беше единствено спомнат од Зоран Томиќ пред неколку години, но тоа не прави никаква логика и којзнае каква мотивација се криела зад таквата „идеја“ на тогашниот градски архитект.

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 31-Oct-2008 at 14:01
Previous Можеби ќе треба да го повлечеш зборот, бидејќи денеска се видов со ЛСЛ, кој утрово го видел планот(ама не носел апарат Bash). Рече дека булеварот треба да биде под земја и низ тунел под Вардар ќе излегува на другата страна. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-Oct-2008 at 14:18


Можеби во ДУП-от на Аларова & Co.
Во ГУП-от а и на терен ситуацијата е сосема поинаква.

Но ако е точно тоа за ДУП-от, само ми ги зголемува сомнежите дека се работи на понатамошно сеење на магла
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Oct-2008 at 15:00

Маџирмаалци меѓу сокаци и булевари
...
Во општина Центар велат дека планот за овој дел од градот е враќан околу 50 пати, делумно поради незадоволството на граѓаните, делумно поради политиката во Градот.

Според ДУП-от, Маџир Маало се протега од булеварот Кочо Рацин до мостот на реката Вардар, по кејот, до Транспортниот центар и до улицата Никола Карев.Граѓаните бараа од Градот и од општината Центар трасата на новата улица да се избрише од ГУП-от. Градските власти го одбија нивното барање, бидејќи булеварот Крушевска Република е предвиден во ГУП-от, кој всушност е Устав во урбанизмот, а деталните планови што го следат се закони.

Булеварот Крушевска Република треба да се изгради подигнат на столбови, треба да тргне од клучката со Јужниот булевар и да поминува низ населбите Пролет и Маџир Маало. Преку Вардар треба да се спои со булеварот Александар Македонски кај Скопското сајмиште. Маџирмаалци негодуваат дека булеварот Крушевска Република ќе го подели маалото на два дела и дека ќе го изгубат убавиот маалски живот.

- Сакаме да се задржи препознатливиот начин на живеење и архитектурата во маалото, со што и новите куќи би се граделе во тој стил - бараат маџирмаалци, иако има и такви што нагласуваат дека треба да им се дозволи на инвеститорите да прават згради.

Според ДУП-от, десетина куќи и уличната инфраструктура ќе се заштитат како културно наследство. Од Заводот за заштита на културното наследство велат дека заштитените објекти во маалото се од втора категорија, а тоа значи дека во иднина за секоја интервенција ќе треба да се бара соодветна дозвола од управата.

ИНФО-Што предвидува ДУП

Според планот, се предвидува изградба на булеварот Крушевска Република, измена на трасата на новоизградениот булевар Никола Карев, трамвајска линија, црква и деловно-станбени објекти. На голем дел од локацијата, општината предвидува сопствениците, ако сакаат, куќите да ги надградат и обноват со два ката и потпокрив. Предвидена е изградба на 4 станбени згради со подземен паркинг.

Дневник - Марија Тасев - 31.10.2008

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.