build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Маџир Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4692
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 26-Nov-2019 at 20:38
Може не ме знаете бидејќи доста време не сум се уклучил да пишам нешто.

Па еве се уклучив да му објаснам на стеф4о што е булеварот Крушевска Република.

Бул. Крушевска Република е една од главните сообраќајни елементи на Скопје на Кензо Танге, кое понатаму се пресликува во секој ГУП до денес. Крушевска Република е всушност замислен како урбан автопат кој ги врзува Јужниот и Северниот булевар во Скопје кои исто така се замислени како урбани автопати. Од Јужен булевар сеуште нема ништо, но Северниот до некаде е функционален, иако не е урбан автопат.

Крушевска Република is a must за Скопје. Тоа е главната алка на целиот сообраќаен план за Скопје.

Во оригиналниот план е замислена како друмски еквивален на Железничката станица... влезот на градот.

Така да... Маџирмаалци ако сакаат можат и во кокошарници да живеат од околу, ама Крушевска Република не смеаат да помислат да ја избришат... Зашто може сеуште не е изградена а сигурно и во блиска иднина нема да биде... но ако сакаме да си извршиме урбано самоубиство во годините што следат слободно може да дозволиме да ја избришат.

Побогу... Од којзнае кај дојдени...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 26-Nov-2019 at 21:55

Ti blagodaram na objasnuvanjeto znam deka e od golemo znacenje bulevarot no zosto nikoj dosega ne se nafatil da go realizira nema nisto poloso od toa so godini da se vlecka nacrtan vo razni GUP-ovi bez pritoa da bide realiziran. Isto taka i Juzen Bulevar i ul Eseninova ostanuvaat samo vo vecna najava deka nekogas ke se izgradat no kako odminuvaat godinite se pomalku sum ubeden deka nekoj vakov potfat ke se realizira sudejki po toa deka kruzni tekovi i novi bulevari se prosiruvaat i gradat so godini.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1890
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 27-Nov-2019 at 08:17
Страшно е колку се сите Влади досега неоговорни спрема сообраќајот и урбаното живеење во Скопје. Кога пола држава живее во Скопје обврска е и на Владата да инвестира во капитални проекти. Ако чекаме само на Градоначалниците и нивните млитави буџети ќе поминат децении за да се реализираат клучни делови од ГУП.

Ако можеше Влада да финансира Скопје2014 за фасади и декор за туристи може и да испланираат и Скопје2022 за инфраструктура од витално значење за 50%+ жители од државава!!! Влада, опрај се.

Edited by alexsend - 27-Nov-2019 at 08:18
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12603
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 27-Nov-2019 at 18:06
На линкот има повеќе фотографии од „маалото“, еве една само да се илустрира колку ништо не се губи со правилно урбанизирање на местово:



https://www.slobodenpecat.mk/noviot-dup-gi-podeli-madhirmaalczi-ke-niknat-li-hoteli-i-zgradi-na-mestoto-od-ovoj-chir-vo-gradot/
За сè има вторпат
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4692
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 27-Nov-2019 at 18:24
Правилно урбанизирање на Маџир Маало може само ако градот/општината/државата откупат половина од земјиштето, направат ДУП кој ќе ја разретчи денешната блоковска поставеност и ќе овозможи градба на неколку станбени и деловни целини, па дури и со поголема висина од вообичената.

Така треба да биде со секоја стара населба која треба да се урбанизира во Скопје.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 14-Jan-2020 at 14:34


https://360stepeni.mk/video-revizijata-na-dup-ovite-nema-da-gi-spasi-tsentartsi-od-visokokatnitsi/?fbclid=IwAR3zIiP0AikbahHls-pPeTvtPqYQ1AYirxo9Zp9HuzJVVe_z-tWNNI3iqz8
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1576
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 14-Jan-2020 at 23:24
„Ревизијата на ДУП-овите нема да ги спаси центарци од висококатници“. LOL. Центарот на градот е главното место во секој град, неговото срце; таму се вршат голем број деловни и трговски активности, секогаш се присутни голем број луѓе, неретко густо се населени голем број луѓе. Центарот на градот треба да биде неговиот најурбанизиран дел и да изобилува со деловни, трговски и станбени објекти, како и зеленило и урбани површини како би се овозможил хуман престој, проток и живот на луѓето во центарот. Центарци не треба да се „спасат“ од висококатниците сами по себе, туку од глупаво и криминално расфрлани зградурии, како што, за жал, е случајот со Скопје. Во центарот на град кој сака да биде развиен не смее да има ливади и трошни куќарки стари двеста години, освен доколку истите не се реставрирани и вклопени во историска целина, како што, за жал, не е случајот со Скопје.

Тажно и вознемирувачки е тоа што урбаната мафија создаде аверзија кон самата помисла на урбанизација, згуснување и развој на градот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 01-Feb-2020 at 18:39
Овој дел околу новоизградената зграда на ЗСФ и речиси цела улица Петричка веќе 4-5 месеци се дават во кал поради изведба на канализација или што и да е веќе предолго трае а оваа ширинка до зградава е преполна со земја.Незнам како е предвидено со деталниот дали ќе има уште една зграда на овој празен простор,многу пологично би било да има некаков парк,зеленило или пак градинка...?

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 01-Feb-2020 at 19:52
Според ДУП-от треба да се изгради хотел, колку што знам, со тоа што меѓу хотелот и ЗСФ би имало како едно плоштадче со фонтана, но пред година и нешто мислам дека градоначалникот на Центар кажа дека најдобро би било на ова место да има градинка. Е сега, што ќе одлучат, тоа е навистина под знак прашалник.

Мое лично мислење е дека најдобро би било да има градинка на ул. Петричка, а помеѓу градинката и булеварот да има едно паркче, убаво уредено.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 01-Feb-2020 at 23:54
Според новиот предложен ДУП на ова место треба да има градинка и некое метро зеленило.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 11-Feb-2020 at 16:04
Денес направив една прошетка низ маалово па ќе споделам некои фотки

Најпрво би почнал со инфраструктурата околу новоизградените згради,уличките се повеќе од тесни но уште поголем проблем е тоа што истите буквално се распаѓаат,некаде се прават прекопи заради атмосферска канализација или што и да е незнам но голем дел од ул.Петричка и останатите краци се хаос повеќе од 5-6 месеци денес среќа немаше дожд па се поминуваше кога врне не сакам да знам како е...фотки во продолжение

















Сега преминувам на дел од веќе изградените згради(маалото е под мораториум па со самото тоа е забрането да се отвараат нови градилишта)освен оние кои добиле дозвола за градба пред да почне процесот...















...
ова градилиште нема ниту табла ниту било какво инфо,којзнае дали имаат и дозвола се гради преспоро на секои 2 недели има по некој работник,денес се работеше







...
на ул.Ѓуро Ѓоновиќ











Можам да кажам дека мораториумот воопшто нема позитивно да се одрази врз маалото,може ќе беше подобро да си продолжат со вакви зградички како што почнаа да прават бидејќи и откако ќе заврши процесот според мене нема да има драстична промена(само може да додадат маркици за хотели и деловни објекти...)
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 05-Mar-2020 at 07:51
Еве поглед од зградата која моментално се гради,ќе има доста за рушење кога ќе го тргнат мораториумот...требаше тоа да биде до крај на 2019 ама сеуште нема ништо







https://www.facebook.com/domdizajn.agencijazanedviznosti
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 13-Mar-2020 at 08:31
Една од новоградбите во маалово,излезе многу полошо од она што го имаше како рендер и чинам 1150 евра за квадрат е премногу,можеби најмногу ја ценат локацијата дека е во Центар и вградените инвертори како начин на затоплување и ладење на објектот инаку моментално зградава од една страна има поглед кон руина(мислам на онаа напуштена зграда која со децении стои таква спроти Вип Хотел плус редовно добиваат чад и мирис на изгорени гуми и пластика од соседните куќи како и од дивите ромски населби направени под Транспортен...







https://propertyone.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.