build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Земјоделие и рурален живот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 16-Oct-2011 at 22:44
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 28-Dec-2011 at 21:55
и ова бидна, камен на нива иако по багателна цена, а најавата е од зкп ќе правиме агрокор, што е посреди несакам да наѓам но прилично ефтино е купен комбинатот односно препуштен...



сега најверојатно ќе се увезуваат искуства од израелците, а потоа не е чудо зкп да бидне нешто како катализатор за останатите комбинати и коперативи преку кој ќе учат и ќе се усовршуваат...

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 28-Dec-2011 at 23:24
ништо чудно ваквиот излет да е само инвестициски пинг-понг, им ги собраа (во небрано) акциите на старата гарда, словенците ги испратија во пензија(по нивно барање) и сега останува да се реструктуира комбинатот и да му се наштима односно да се испегла реалната вредност(која е прилично потценета) како потоа би се продал солено, ова е пазарна логика, но може станува збор за индиректен државен интервенционизам како би се кренало на нозе земјоделието во земјава... сега уште сведмилк да ја купат и на коњ се!

нема да биде лошо ЗИКот да го преструктурираат на масовно органско производство!!! но можеби тоа и не е изводливо заради РЕКот!? но ако не во полето може органски да затераат околу ПЕЛИСТЕРот... доколку затераат органски(паралелно однапред), дефинитивно само со органски сертификат може да стане збор за конкуретност во европа, ем цела Пелагонија е слободна и чиста, а воедно ќе бидат инспирација за останатите...

органското производство со себе повлекува и инвестиции во финални производи наместо само суровина како што е сега за разлика од некогаш, сепак такво преструктуирање ќе бара доста време, а и средства, па дури и под итна постапка да работата на тоа, дури за пет до десет години може да се надеваме на некаков сопствено произведен органски бренд!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 28-Dec-2011 at 23:32



http://www.birkeonthefarm.com/



...
Many people who support chemical (conventional) agriculture say organic farming can’t feed the world. What do you think?
We’ve had GMOs for 14 years and farm chemicals for much longer and we still haven’t fed the world. If more people would grow their own seasonal and native foods and put that food away for the off season, we would be getting back to our roots. It is silly to eat strawberries in Minnesota in the middle of winter.

Just take a look at what Will Allen is doing with Grow Power. That kind of stuff is pretty inspiring. Why aren’t we doing more of that?
...
http://www.rodaleinstitute.org/20101005_birke-baehr-food-fighter-and-future-farmer


Edited by Max - 18-Feb-2012 at 19:04
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 30-Dec-2011 at 00:50


http://www.organicportal.info/index.php/home-mainmenu-1/news-mainmenu-2/1-latest/2425-news-macedonia-organic-food-festival-in-skopje.html



Од Природата За Мене - Фестивал на органска храна

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Град Скопје, во соработка со Федерацијата на производители на органски производи на Македонија, по прв пат организираат Фестивал на органска храна во Скопје. Фестивалот ќе се одржи на 29-ти октомври, на плоштадот Македонија, со почеток во 10:00 часот.
На настанот ќе се претстават македонските производители на органска храна. Покрај тоа, атмосферата ќе биде надополнета и со бројни забавни содржини, со посебен акцент на значењето од консумацијата на органски производи.
Инаку, програмата ќе започне со музички содржини, по што ќе следи говор на министерот за земјоделство. Во текот на фестивалот посетителите ќе можат да купат и да дегустираат производи од триесетина македонски, српски и бугарски производители на органска храна.

http://gurman.mk/vesti/festival-na-organska-hrana/




меѓу братучедите касниме но бар не сме кренале раце

Ekopraznik Lubljana - http://www.itr.si/en/areas_of_activity/ecofest

EkoEtno Zagreb - http://www.ekoetno-sajam.com/
Ekofest Zagreb - http://www.ecologica.hr/novosti/odrzan-drugi-ekofest-u-zagrebu--.aspx

OLF Belgrad-e - http://www.organiclivefest.com/





Biofest Subotica - http://www.terras.org.rs/organskiproizvodi/biofest.htm

NOF Sofia - http://www.agrolink.org
Green Days Sofia -
http://www.predizvikatelstva.com/zeleni/green.php

ќе беше и поинформативно и повесело братучедите да живеаја во иста куќа, но без да си завидуваат на табиетот и нивите... додека тоа да пак да бидне ако бидне, секој ќе си вее по свое...

http://www.zemljani.com/forum/index.php

http://www.sirovahrana.com/forum/index.php



Edited by Max - 30-Dec-2011 at 02:40
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 31-Dec-2011 at 07:45
купувајте локално да би се осигурале за квалитетот...

Lažna organska hrana širi se Europom

Objavivši rezultate istrage koja je dovela do uhićenja sedam osoba i zapljene 2.500 tona hrane, talijanska policija potvrdila je da se lažni organski proizvodi iz Italije prodaju širom Europe.



Potvrđeno je da je u nekoliko godina u Italiji, ali i preko talijanskih poduzeća u Belgiji, Francuskoj, Njemačkoj, Mađarskoj, Nizozemskoj i Švicarskoj, prodano 700.000 tona lažnih organskih proizvoda u vrijednosti 220 milijuna eura.

Uhićeni su izvršni direktori poljoprivrednih poduzeća Sunny Land, Sona i Bioecoitalia te direktor podružnice uprave za izdavanje certifikata u regiji Marche u središnjoj Italiji.

Najveće talijansko udruženje organskih proizvođača AIAB objavilo je da istraga rasvjetljava slabosti u tom sektoru, konkretno u mehanizmu kontrole uvoza sirovina, te ističu potrebne pojačane provjere kako bi se izbjegla infiltracija mafije u sektor koji doživljava procvat, za razliku od poljoprivrede u cjelini.

Italija je zemlja s najviše organskih proizvođača i najvećom organski obrađivanom poljoprivrednom površinom u Europi.

08.12.2011 - http://kvantas.rs/organska-proizvodnja/3430-lazna-organska-hrana-siri-se-europom


- Fake Italian organic food sold around Europe





Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 03-Jan-2012 at 21:55


http://www.gmo-free-regions.org/gmo-free-regions/macedonia.html

Што значи Зона слободна од генетски модифицирани организми (ГМО)?

Зона слободна од ГМО е област каде што фармерите не одгледуваат ГМ култури, ниту ги хранат животните со ГМ храна; област, каде што не се произведува ниту продава ГМ храна.
Една зона без ГМОи обезбедува независност на фармерите, обезбедува здрава храна на потрошувачите и на месните жители и воедно ја заштитува природата.

Што претставува генетското инженерство во земјоделието?

Генетското инженерство претставува нов начин на производство на земјоделски култури, при што се земаат гени од еден организам и се вметнува во друг организам, при што се менуваат нивните природни својства. На пример може да се вметне ген од животински во растителен вид. Тоа е сосема различно од природните случувања или законите на класичната генетика. Генетското инженерство се употребува при манипулирање на растенијата со цел истите да бидат имуни на определени хербициди или други штетници.

Каква е придобивката и за кого од зоните слободни од ГМО?

Една зона, која е ослободена од ГМО, е корисна за земјоделците, околната средина, консументите како и економијата на одредена област.

Каква е придобивката за земјоделците?

- Економска предност преку производство на висококвалитетна храна; Според едно испитување во Бугарија се покажало дека повеке од 70% од интервјуираните луѓе не сакаат да се хранат со ГМ производи освен во случај истите да се сигурни за нивната безбедност. Според официјалните податоци во земјите во Европа 70% од корисниците не сакаат да купуваат ГМ храна. Производство на храна без ГМОи претставува пазарна придобивка.
- Пониски трошоци: Семињата добиени по пат на Генетското инженерство се поскапи. Производителите на ГМ култури треба да прифатат мерки против загадување на средината кои скапо чинат, како и да плаќаат годишна такса за ново патентираните семиња. Поевтино е да се произведуваат не-ГМ култури.
- Независност: Генетски модифицираните семиња се заштитени со патенти. Земјоделците не можат да произведуваат сопствени семиња и треба да купуваат од корпоративните компании. Пазарот на ГМ семиња се регулира од мал број на големи интернационални компании. Зоните кои се ослободени од ГМОи обезбедуваат независност на производителите.
- Безопасност: Научно сеуште не е докажан ефектот кој ќе се појави во иднината од употребата на ГМ производи. Една опасност претставува развојна хербицидно толерантни "супер плевели" спрема кои треба да се борат скапите и токсични хемикалии. Затоа порентабилно е да се одгледуваат не-ГМ култури.
- Создавање на услови за развој на не-ГМ земјоделие и органско земјоделие; Во еден регион ако се одгледуваат ГМ култури тоа носи ризик при кој може да дојде до загадување на соседните полиња во кои има конвенционални и органски култури.Земјоделските производители можат да имаат загуби но и да бидат во судски спор со корпорациите на ГМ семиња. Само ако на целиот регион не се одгледува ГМО, тогаш ќе има со сигурност храна без ГМО.

Какви се придобивките на Зоната слободна од ГМО за животната средина?

- Зачувување на биодиверзитетот; Зоната ослободена од ГМО не дозволува опрашување на поленот од ГМ култури со дивите растенија и другите култури. Земјоделието без ГМО претставува добар начин за да се зачува биодиверзитетот.
- Избегнување на непредвидени еколошки штети; Одгледувањето на ГМ култури има непредвидени последици за природата и екосистемите. Зоната ослободена од ГМО го избеегнува тој ризик.
- Зачувана природа за нашите деца; Единствено земјоделието без ГМО гарантира зачувување на уникатната природа за нашите деца.

Кои се придобивките за потрошувачите?

- Здрава храна; Возможните ризици од ГМ храна претставуваат зголемување на отпорноста кон антибиотици, нови алергиски реакции и зголемено ниво на токсини во храната.
- Слободен избор; Една зона, слободна од ГМО гарантира слободен избор на сите кои сакаат да купуваат здрава и природна храна.
- Трошоците не се зголемуваат; Повисоките трошоци на производството ќе ја зголемат и цената на крајниот произод. Дополнително, не-ГМ храна ќе станува се поретка и поради тоа со повисоки цени. А земјоделието без ГМО ќе осигура храна за сите.

Какви се економските придобивки?

- Добар пазар за не-ГМ производи; Не само што потрошувачите ја одбегнуваат ГМ храната, но и големите корпорации. Зоните ослободени од ГМО ја осигуруваат сигурноста на потрошувачите на големо.
- Атрактивно за туризмот; Туристите бараат природна средина и само регионот без ГМО е атрактивен за туризам.
- Економски развој без ризик од ГМО; Евентуални еколошки или проблеми поврзани со здравјето поради одгледувањето на ГМО култури ќе бидат одговорни за средината во целост, додека една зона без ГМО може да ги намали тие ризици.

Гласајте за зони ослободени од ГМО

„Јас не гледам решение на нашите проблеми со користење на ГМО, како и тоа да е причината за подобри приноси. Не верувам во ветувањата на индустријата, и никој не верува во индустрија која ги намалува придобивките или ползата на производителите. Високотехнолошки добиените семиња ќе бидат истите или со повисоки цени од хербицидите. Освен тоа исклучително високата зависност е најголемиот проблем со кој се соочуваме, многу поголем од малиот број на евра кој ќе ги заштедиме за контрола на штетниците. Позади „зелениот генетски инженеринг“ стојат економски интереси. Слободата на избор за нас земјоделците е прашање кое се поставува. Корпорациите со нивната пазарна сила ќе диктираат за сите семиња, кои се неопходни за нас земјоделците. Мои колеги во регионот го делат моето мислење, независно од видот на производство или размер на стопанство. Ние сакаме зона ослободена од ГМО, ние немаме потреба од генетски инженеринг, тоа не е неопходно и затоа ние не го сакаме.“

Кристијан Ројтер, , Претседател на регионалниот сојуз, Тубинген, Германија.
Bund fur Umwelt und Naturschutz Deutschland
http://www.ekosvest.com.mk/gmo/dokumenti/gmo_slobodni_zoni_mac.html


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 11-Jan-2012 at 00:31








да е полошо доколку не може да ја сервираат гм храната милом тогаш тераат силом, дебакл, прво ќе си создадат болест а сетне ќе и најдат чаре, но освен намерна случајност апропо гм трпеза посреди е и намерна корпоративна борба со конкуренцијата... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=762&PID=120650#120650
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 22-Jan-2012 at 19:22
Италијанската мафија ја презела контролата врз земјоделието

Организираниот криминал во Италија го контролира земјоделството и прометот со прехранбени производи, вредни вкупно 12,5 милијарди евра годишно, што е 5,6 проценти од вкупниот обрт на организираниот криминал во Италија, покажуваат резултатите од парламентарната истрага, објавени во четвртокот.

Парламентот ја покрена истрагата врз база на пријавата доставена од италијанското здружение на фармери „Колдирети".

Според главниот италијански антимафијашки обвинител Пиетро Гросо, организираниот криминал го проширил своето делување на целата прехранбена индустрија, од откуп на земјиштето за производство на храна, преку одгледување на култури, до превозот до потрошувачите.

Овие криминални дружини честопати им ги одредуваат откупните цени на земјоделците, како и малопродажните цени и сето тоа во своја корист, така што им плаќаат помалку на производителите, а истовремено ги качуваат цените во малопродажбата, вели Гросо.

Се проценува дека вкупната вредност на италијанската земјоделска и прехранбена индустрија е околу 300 милијарди евра годишно. Од „Колдирети" истакнуваат и дека италјанското земјоделие и прехранбената индустрија трпат и заради продажбата на робата вредна околу 60 милијарди долари, која се продава како првокласна италијанска роба, а всушност е неквалитетна странска роба.

Гросо препорачува дека со закони треба да се оневозможи производството на лажна италијанска храна, како и учеството на организираниот криминал во овие дејности.
http://www.makfax.com.mk/275531/italijanskata_mafija_ja_prezela_kontrolata_vrz_zemjodelieto


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 24-Jan-2012 at 03:12
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 25-Jan-2012 at 20:12
ни кај нас не е розево, лесно може да му преседне пазарењето, готвење или јадењето на човек, на толку протната храна која не ни може целосно да се провери и анализира при влезот, освен по случен избор или пријава, сето ова и кај нас треба и мора да биде фактор за претпазливост...

How to avoid GMO's

...Unlike many other countries, GMO containing foods are still unlabeled here in America. However, according to a recent survey, if they were labeled, 53% of participants said they would not eat them. Currently 60-70% of our food in the US is genetically modified. Children`s foods are the number one GMO containing products.

Many processed foods contain 90-100% GM ingredients. Most all non-organic breads and other baked goods contain GM ingredients. Most non-organic chocolate, sweets, candy, gum, etc. contain GM ingredients. Most non-organically raised animal (meat, dairy, eggs) products contain GM ingredients. These animals are typically fed a diet that is 90+ percent GMO. Most non-organic beverages (beer, wine, soft drinks, juices) contain GM ingredients.

In May of 2009, The American Academy of Environmental Medicine (AAEM) sent out a press release that called for an immediate moratorium on GM foods. They asked physicians to educate their patients and provide educational material about the health risks associated with GM foods. They proposed that physicians consider the role of GM foods in their patients` disease processes.

In their position paper, the AAEM sites several animal studies that indicate extreme health risks associated with GM foods. Some of the health risks include infertility, immune dysfunction, allergic reactions, accelerated aging, insulin dysregulation, organ malfunction and digestive dysfunction.

The AAEM quoted in their paper: `There is more than a casual association between GM foods and adverse health effects. There is causation, as defined by recognized scientific criteria. The strength of association and consistency between GM foods and disease is confirmed in several animal studies.`

How To Avoid Purchasing GMO Foods:
1.Buy organic as much as possible
2.Buy foods labeled `Non-GMO`
3.Avoid non-organic products containing corn, soy, canola, cottonseed, peanut, alfalfa, safflower, tomatoes, zucchini, crookneck squash, sugar cane, beats, peppers & papayas.
4.Avoid GMO offspring products such as high fructose corn syrup, maltodextrin, soy lecithin, soy protein, etc.
5.Avoid non-organic dairy products and all other commercialized animal products.
6.Grow your own food products or purchase them from local farmers, who do not use GM seeds and products in their farms.
7.Use a non-GMO shopping guide.

http://www.naturalnews.com/033321_GMOs_avoid.html


http://naturalnews.tv/v.asp?v=ABEEEFBE8A9427CBAA654EFAF02F6052
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 03-Feb-2012 at 03:43


едно време се радував на помисли од типот колку сум среќен што живеам во време на технолошки бумои, но се повеќе и повеќе почнувам да зажалувам, та ај за себе него повеќе за дечињата околу себе, иако тв-третманите знаат поприлично да ми ги прегорат ваквите био-етички осигурачи...

покрај гмо-то, голема беља е и озрачената храна, но и дехидрираната храна...
- http://edigestive.com/nutrition/genetically-modified-foods-irradiation-microwaves-are-you-kidding/
- http://en.wikipedia.org/wiki/Food_irradiation#Criticism_and_concerns_about_food_irradiation






слобода за самоодржливите вегетаријанци и вегани http://sirovahrana.com/forum/viewforum.php?f=42



Edited by Max - 18-Feb-2012 at 19:07
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 19-Feb-2012 at 11:55
Македонија почнува со производство на ново органско ѓубриво

По пет години лабораториско испитување и четири години пробни тестирања врз различни растенија, од оваа година Македонија официјално почнува со производство на ѓубривото „Биофлор“ кое значително ги зголемува приносите и е поевтино во споредба со хемиските препарати што се употребуваат за прехрана во земјоделството.


Ѓубривото е произведено од органски суровини што се преработуваат во легла на калифорниски глисти и ќе овозможи значителен пораст на производството во органскиот сектор на земјоделството во Македонија. Докажано е дека приносите со употреба на „Бифлор“ се зголемуваат до 60 проценти кај житариците и три пати кај градинарските култури.
Според Слободан Вуксановиќ, кој е најголем производител и координатор на производството на неколку десетици фарми кои со легла на калифорниска глиста произведуваат биохумус, Биофлорот само во Македонија се произведува во течна состојба.

Сегашниот капацитет на фармата што се наоѓа во близина на Скопје може да задоволи потреба за прехрана до 5.000 хектари месечно. Можностите за зголемување на „Биофлор“ се поголеми, но дел од производство ќе се продава надвор од Македонија, а досега сериозен интерес за ова ѓубриво пројавиле големи органски производители од Русија, Кина и Египет.

На странските пазари ѓубривото ќе се пласира како македонски производ со постојан квалитет за што веќе во Здружението за производство на биоѓубрива привршуваат подготовките за унифицирање на производството и пакувањето.

Значајно е и тоа што со употреба на „Биофлор“ се намалуваат и болестите кај растенијата со што земјоделците ќе остваруваат и заштеди во процесот на заштитата. Уште една докажана предност на ѓубривото е зголемувањето на количеството на Це витаминот кај плодовите. До пет пати поголемото количество на овој витамин ги прави растенијата поотпорни на болести, мраз и суша, а досегашните испитувања покажуваат дека родот при вакви третмани стасува најмалку две недели побрзо во однос на зреењето на растенијата третирани со конвенционалните ѓубрива.

Со „Биофлор“ се намалуваат и трошоците и употребата на хемиски средства за заштита од болести, најмногу во овоштарството и лозарството што пак ќе придонесе македонските овошја и вина полесно да се пробиваат на странските пазари.

Употребата на Бифлорот и хумусите произведени во фармите со калифорниски црви ќе ја намали и деградацијата на земјоделските површини. Со употребата на Биофлор забележано е освежување на плодната почва, а за речиси милион пати се зголемува присуството на корисни бактерии и микроорганизми. Враќањето на природните услови на плодната почва во оваа деценија има приоритет во стратегиите за развој на земјоделството во целиот свет, бидејќи како последица на интензивни хемиски третмани во последниве две децении годишно се губат околу 30 милиони хектари обработливо земјиште. Поради употребата на класичните хемиски средства за прехрана, годишно се губат и до 2,5 сантиметри од плодната почва.

http://www.time.mk/read/90edb24956/778224a83e/index.html
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 22-Feb-2012 at 14:45

http://www.foodnews.co.nz/25103/wine-gets-organic-stamp-from-eu/

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=D4AD8E6F6F977345821239DEB14C757C [1][2]

Нови прописи за органско вино во ЕУ

Скопје, 20 февруари 2012 (МИА) - Европската унија во следните неколку недели официјално ќе ги објави најновите прописи за органско вино според кои, покрај ознаката „органско вино’’ на етикетата ќе мора да бидат поставени и логото на ЕУ за органски производи, како и бројот на компанијата која го издала сертификатот. Новиот пропис се однесува на бербата 2012 година.

Досегашната регулатива дозволуваше винарите на етикетите да истакнат дека „виното е произведено од органско грозје’’ со што се исклучуваше потврдата дека органските правила се застапени и во процесот на обработката на грозјето во вино. Легислативата, донесена во 2007 година, според Комитетот за земјоделство и органско производство, овозможуваше и измами на потрошувачите, а новата тоа ќе го спречи.

Винарските визби што имаат намера да продаваат органско вино не ќе смеат да употребуваат аскорбинска киселина и десулфурикатори при производството, а нивото на сулфити во органското вино, зависно од процентот на шеќер, ќе мора да биде од 30 до 50 милиграми пониско од она во обичните вина.

Во Комисијата за агрикултура и рурален развој истакнуваат дека со донесувањето на најновите прописи ЕУ дефинитивно го заврши и комплетира процесот на регулацијата на органското производство во Европа.

Другите големи производители на органско вино, меѓу кои најголеми се САД, Чиле, Австралија и Јужна Африка, пред три години ги донесоа прописите за тоа кое вино може да се декларира и продава како органско. Ова е направено зашто поттрошувачката на органско вино, поради научно потврдените сознанија дека делува превентивно, па дури и лекува повеќе болести и алергии, стана актуелно, а на пазарот, поради недоволно прeцизните прописи во рамките на ЕУ, често се појавуваа и вина со лажна етикета за нивното органско потекло. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=91449752&lId=1


http://www.wine-searcher.com/organic-wine.lml [1]




Edited by Max - 22-Feb-2012 at 14:54
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 23-Feb-2012 at 15:15
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 04-Mar-2012 at 21:51
дебакл и деволуција, има и полоши примери, но нека одат овие неколку повоочливи

    


    

    

    


    


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 04-Mar-2012 at 22:04

разбирлива е потребата за упростување на процесите но не и нивна целосна автоматизација, донекаде корисно е да постои иновација но и човекот да не биде исклучен заради неа



     






Edited by Max - 06-Mar-2012 at 00:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 06-Mar-2012 at 00:21
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 06-Mar-2012 at 01:05

за сите кои постат сега а некако се на искушение заради последните неколку клипа еве и троа компензација http://stocarstvo.com/aps/sir/tofu.htm



    






Edited by Max - 03-Sep-2014 at 13:08
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 06-Mar-2012 at 23:00






http://ruralnet.mk/wp-content/uploads/2011/02/Jance.pdf


...Општествените промени во Република Македонија кои се случија во
последниве 50 години, значително ја променија структурата на сточарството. Негативните трендови во овчарството и козарството се супституираат во развој на говедарството, a со тоа и производството на кравјо млеко.   Меѓутоа, како од овчо така и од кравјо млеко, кај нас во голема мера се произведуваат млечни производи, манифактурно, мандраџиски, со неконтролирани технолошки параметри и во несоодветни хигиенски услови.
Вака добиените млечни производи се со нестандарден квалитет и мал ранд-
ман. Затоа последниве години повеќе млекарски капацитети почнаа со про-
изводство на млечни производи во индустриски услови и по пропишана
технологија.

Како резултат на ваквите промени, како и намалувањето на бројот на ба-
чила и полуномадското традционално овчарство, како и изменетите услови и
текови на пазарот, ширењето на примената на технологијата на некои нови
производи, доведоа до исчезнување на некои автохтони млечни производи од
македонската трпеза, како на пример Кефалотирот и Фетата кои се произведувале на бачилата во јужните делови на Република Македонија до Втората Светска војна, Манурот како една автентична технологија на албуминско сирење, како и соленото кисело млеко изработено од овчо млеко.

Денес веќе е инцидентно производството на традиционален кашкавал, во услови на бачило, со намалувањето на бројот на овци и одгледувањето на
полуномадски начин, што традиционално претставувал еден од битните
предуслови за развој...

http://www.agrojugozapadmak.com/files/promocija%20na%20mlecni%20i%20zemjodelski%20proizvodi.pdf




ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ЌЕ ПРАВИ БРЕНД ОД ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН
Овците во Овче Поле даваат солено млеко а сирењето мештаните го зреаат на сонце... (уникатно а достапно)

Уште пред 120 милиони години, односно во времето на јура и креда, кога Вардарскиот Океан се повлекувал од овие простори, се задржале седименти и остатоци од натриумски и калиумски соли кои, најверојатно, биле заштитени со таложници од тиња,



Во регионот на Овче Поле има околу 15.000 хектари пасишта. Тајната на високиот бренд на овчеполското сирење е во тоа што поголем дел од пасиштата се со солена почва и трева. Токму ваквите герени или соленчаци, како што светиниколци ги викаат солените пасишта, го прават и млекото и сирењето ароматично, природно солено и со висок квалитет. Фондот за развој на Општина Свети Николе подготвува посебна студија за светски бренд на сирењето од полето на овците, како што патописците и трговците од дамнешно време го викале Овче Поле, познато во историјата и како Пробатон центар на тогашната пеонска држава, 217 година пр.н.е..
Турскиот патописец Челебија и бугарскиот Кнчов, патувајќи низ Балканот, кога дошле на пазарот во Солун забележале и запишале: "Сите го бараат сирењето од полето на овците. Има посебна арома и вкус. Ќе го почувствувате од далеку".
Сирењето од Овче Поле и денес се бара и во Солун и во Истанбул. Трговците од дамнина, ако случајно не успееле да набават од ова сирење, дури потоа барале сирење од други места.Чуле сладокусците дека сирењето од Светиниколско од памтивек има посебен квалитет со природна соленост, оти овците пасат на солени пасишта.
"Трговци од сите страни на светот доаѓале во Овчеполеието и во Свети Николе каде што имало повеќе добиточни пазари и посебни пазари за сирење. Свети Николе или порано познато како Пробатон, уште во времето на Пеоните во 217 години пр.н.е.бил главен град на просторот меѓу реките Вардар (Аксиј) и Струма ( Стирион). Низ него минувале главните патишта кон Цариград и Солун. Овчеполскиот регион секогаш имал околу 15.000 хектари пасишта, од кои поголемиот дел се на природно солена подлога. Таквите солени почви и пасишта се единствени во светот. Таму тревата најмногу им одговара на овците. Млекото што го даваат е природно солено, а со таква природна соленост е и сирењето", е запишано во најновата студија за развој на Општината Свети Николе.
Главниот координатор на студијата магистер Никола Шалев има посебна визија да го осовремени овој историски бренд. "Планираме брендот кој природата ни го дала, да го прошириме низ светот. Трговците од странство повторно почнаа да го бараат уникатното овчеполско сирење", вели Шалев, претставник на Фондацијата за обнова и развој на Овче Поле, и додава: "Пред извесно не посети младиот германски магистер за производство на сирење Ханс Лифтер. Случајно ја посетивме баба Стојка во селото Немањици, која целиот свој живот произведува биено, природно солено сирење на сонце печено. Странскиот експерт за производство на сирење беше вчудовиден од квалитетот на сирењето и од неговите природни својства. Но Германецот се изненади кога баба Стојка му кажа дека веќе нема кој да ја замени. Синот станал поп, а ќерката се определила за фризерка", раскажува Шалев.
Кога ги посетивме пасиштата соленчаци, кои се просторираат покрај магистралниот пат Штип - Велес, односно кон Свети Николе и Куманово, неколку стада овци пасеа токму на солените ливади. "Јас сум од Амзебегово, оддалечено од овде околу 5 километри. Кај овие герени ги напасувам моите, но и овците на соседите од селото. Пасиштата се солени, можеби од некогашното море кое било овде", вели овчарот Зоран Трајков кој, откако станал стечаец, се преориентирал на овчарството.
Уште пред 120 милиони години, односно во времето на јура и креда, кога Вардарскиот Океан се повлекувал од овие простори, се задржале седименти и остатоци од натриумски и калиумски соли кои, најверојатно, биле заштитени со таложници од тиња, па со годините почнале да се раствораат и да доаѓаат до горните слоеви на почвата. Оттаму и влијанието врз растителниот свет", објаснуваат експертите од Рударско- геолошкиот факултет во Штип.
Порано во овој регион имало над 120 илјади овци. Само некогашниот ЗИК "Овче Поле" на времето располагал со 60 илјади овци. За неколку години, основните стада овци се преполовиле, и денес регионот располага само со неполни 30 илјади глави овци.
"Мораме да го зголемуваме бројот на стадото. Се подготвуваат нови проекти за обновување на овчарството. Ќе има посебна работилница за едукација на сточарите. Мораме да го искористиме нашиот ексклузивитет на солените пасишта и на овчеполското сирење кое се бара на светските пазари. Но затоа ќе мора да се задржи и автохтоната раса праменка. За специфичниот овчеполски сој ќе се формираат нови репродуктивни центри кои ќе овозможат интензивно сточарство. Мора природните услови да се спојат со современиот начин на одгледување на овцата и на производството на млеко и негови преработки. Ќе настојуваме на пазарите низ светот оддалеку да се намирисува овчеполската мисковина и уште повеќе да се бара сирењето од полето на овците", најавува Никола Шалев.
Текст и фото Тодор Јовановски


Да се брендира уникатното овчеполско солено млеко - 03.02.2008
Млеко со солен вкус на Балканот го молзат самоовчеполските сточари. Тоа е стожерот на 150 годишнататрадиција во производство на биено сирење печено на сонце. Главна причина за уникатноста на вкусот и квалитетот на овчеполското сирење се светиниколските соленикави пасишта.
Овчеполското млеко и сирење, е магнет за странците. Најбарано е на германскиот пазар. Затоа земјоделците решија да го заштитат, бидејќи и покрај интересот на Европа, се помалку се сточари кои го произведуваат. Велат трошоците биле преголеми.
Во времето на креда и јура, пред 120 милиони години Овчеполието било дно на тогашното Вардарско море. Вака од катедрата за инженерство, геологија и хидрогеологија при штипскиот Рударско геолошки факултет го објаснуваат соленитетот на светиниколската земја.

Елаборатот за брендирање на македонското солено млеко е готов. Се чека реализација.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=30676&egId=13


Edited by Max - 06-Mar-2012 at 23:02
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.