build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Земјоделие и рурален живот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 19-Jul-2012 at 18:47
иако има малку политика во текстов,не е лошо да стои заради бројките

Ставрески: Двојно зголемено производството и извозот на земјоделски производи
     
19.07.2012 | 17:06
Извор: Нетпрес
Прочитано: 137 пати
     Испрати на пријател
     Зголеми го фонтот
     Намали го фонтот

Доколку производството и извозот на земјоделски производи во 2006 година бил на ниво од 240 милиони евра, оваа година се очекува тој износ да изнесува над 500 милиони евра, што е двојно зголемување, истакна денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Саврески.
“Во 2006 година производството и извозот на земјоделски производи беше 240 милиони евра, во 2010 година 424 милиони евра, додека во 2011 година 469 милиони евра. Во 2012 година очекуваме тој износ да биде над 500 милиони евра, два пати повисоко производство и извоз од 2006“, рече Ставрески.

Тој истакна дека и покрај големата економска криза во Европа, Владата за само еден месец исплатила 63 милиони евра субвенции за земјоделците.

“Од почетокот на годината има исплати за сите видови на земјоделско производство со тоа што вкупните средства што се исплатени за растително производство се 33 милиони евра од кои 12 милиони евра се исплатени на лозарството, 9,7 милиони се исплатени за житни и други полјоделски култури , за овоштарството се наменети 5,2 милиони евра“, рече вицепремиерот, додавјќи дека на сметките на тутунарите легнале 20 милиони евра субвенции.

За сточарското производство се исплатени 25,5 милиони евра од кои за поддршка на говедарството 8,3 милиони, за производство на млеко 3,5 милиони евра, за подрршка на свињарството два милиони евра субвенции и исто толку и за живинарството, додека 1,6 милиони евра за пчеларите.

“Еден милиони евра се исплатени за поддршка на органското произовство и половина милиони евра како помош за премии за осигурување на земјодеслтвото“, рече Ставрески.

Во сите градови биле исплатени субенции за земјоделството, а најмногу во Кавадарци и Неготино-5,6 милиони евра, 4,9 милиони во Битола, 4,1 милиони во Велес, четири милиони во Струмица, по три во Штип и Тетово...

http://tocka.com.mk/1/70989/stavreski-dvojno-zgolemeno-proizvodstvoto-i-izvozot-na-zemjodelski-proizvodi
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 19-Jul-2012 at 23:12

сеуште слабо ако се земе предвид дека ваквиот исфорсиран извоз е резултат на субвенциите, и повторно бадијала кога извезуваме претежно суровина, ајде за европа немаме абер заради хасап, но да се нема асолна конзервна индустрија на волку потенцијал е греота, па ако по нешто е познат овој народ тоа е по зимници, а ние освен ајверо и тук таму по некоја капка компот скоро и да немаме никаков извоз на преработено овошје и зеленчук! 

може зик сега со скопјани на чело да ја врати битолската конзервна во живот, но која банка и кои технолози ќе поткрепат нов домашен бренд тоа незнам, за неготинци не ми се ни зборува, а и свети николчани ко да ја скубнаја, нејсе добро би било да чујам за македонско доматно пире, ајде кечап имет но салца само по роднини...

може удел во цел овој извоз има и изградбата на ладилници ширум земјата, но и агрокор дополнително ќе го осигура извозот, единствено прашање е што ќе направи државата за да ги потикнемладите да се вратат на село!? интернет има, двбт исто, моб максимално озрачени, и толку кренаа раце доста се тија услови, токму се што е вишок за на село!


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 19-Jul-2012 at 23:20
кај нас конзервната индустрија е буквално конзервна,полупроизводите ги спакуваат во метални конзерви од по 5 кг како да треба да ги користат градежни фирми во Либија сместени во бараки.

треба да се огледаат на грците,италијанците и другите,како во тегла од 1/4 кг со добар дизајн и убав полопец,нормално и со квалитетно изработена етикета,се продава во супермаркет колку нашата 5 кг конзерва
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 19-Jul-2012 at 23:53

секаде брендот се плаќа петпати поскапо, и тиквеш и бовин прават добро вино но награда плус минус и ето ти цена, капак ние ни вино за извоз сеуште немаме ко што треба а не па карфиол да рекламираме, ова брендирањето кај нас се подразбира само ко процес до лепење етикета!

но да не ги клеветиме сегашните или идните производители, просто кај нас не може да се крене глава бидејќи за големите зборот диверсификација е мисловна именка, ако некој треба да повлече нога тоа се тие, но освен камчеви немам чуено друг наголемо да влегол во земјоделие од нашиве, настрана винариите, и по некое бачило од ќејф што си тераат "менаџериве", ајде пополека сфаќаат дека се поисплатлив бизнис е храната особено ако има каде и како да се преработи и складира истата, може ако микросам пуштат во погон една лента за земјоделски машини работите да му ја летнат LOL арно ама на прилепчани патриотизмот им е сеуште резервиран за по светски саеми!

бар домашните потреби да ги задоволат, но не се ни тие криви колку што се кусогледи, а може е и обратно работата ќе да чекаат да свртиме масовно на органско производство за да не се запусти почвата и водата со отрови, та ето некои следни генерации да имаат фајде од нашава мрзливост! 


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 29-Jul-2012 at 22:00

смешно или трагично незнам, но со усаид-книжулиња дека ќе преструктурираат земјоделци тоа тешко, таман за ложење следнава зима одбро да дојдат ако ништо друго!

ако се паметни ќе отворат еден земјоделски тв канал во мртв, или бар да имаат цел ден за земјоделие каде две три емисии ќе ги вртат наизменично, како што е случај на дискавери та белки некој нешто ќе фати и разбере ко што треба, под услов да излезат од калапот на балканско-социјалистичка тв продукција! но ето до тогаш со флаери, буклети и плакати ќе едуцираат полјари!

тука е потребата од општ абер и за почетници кои немаат појма ни од општи информации за кои би се склепале така речи учебници за секоја култура оделно или пак превод на општи книги со подобни информации пр. Povrtnjak u Proljece] - Optimalne temperature za rast i razvoj rajčice tijekom dana su 20 - 25oC, a tijekom noći 15 - 18oC. Na temperaturi nižoj od 0oC rajčica trajno stradava - пластеник и се е можно

не дека не требаат и флаери, но и тие па и агресивна тв агитација се' бадијала додека не се обезбеди неделно советување на земјоделците, кое сега го има во стихијна форма, може најдобро ветеринарите да ги обучуваат и за агро-конслатинг за што нормално и би добивале бонус од државата, така бар сточарите полесно и поредовно би се информирале за сите опции, плус потака овие би го проследувале аберот и по останатите!                     

Промовирани прирачници за полесно преструктуирање на македонското земјоделство кон европскиот пазар

Четири прирачници, за пазарни стандарди за свежи домат и пиперка, за стандарди за квалитет при откуп на зеленчук за преработка, за агроеколошки мерки и за форми на здружување на земјоделците, се промовирани денеска пред производителите и останатите субјекти вклучени во секторот производство и преработка на зеленчук.
Прирачниците имаат за цел да ги прошират основните информации и барања за воведување на агроеколошките мерки и поддршката за нивна имплементација, минималните пазарни стандарди за зеленчук, како и поддршката за формирање земјоделски задруги и други групи организации на производители.

- Дефинираните стандарди во овие четири брошури за производителите се одличен совет и насока како да го прилагодат производството кон потребите на пазарот, првенствено преку презентираната платформа за промовирање на здружувањето во задруги, групи или огранизации на производители за многу побрзо и полесно да го променат производството и комплетно пазарно да го ориентираат кон она што го бара пазарот за свежа консумација, но и индустријата, рече ресорниот министер Љупчо Димовски на промоцијата.
Според него, особено ќе биде корисно секој земјоделец да ги добие овие мали книшки со многу совети и да ги користи во своите секојдневни активности со цел поуспешно воведување на одржливите и поконкурентните производни практики.
Прирачникот за агроеколошките мерки, додаде министерот, ќе даде нов импулс во процесот на приближување на македонскиот агро комплекс кон барањата и стандардите на Зедничката земјоделска политика на ЕУ која се однесува на заштитата на животната средина и биодиверзитетот.

- Овие принципи се однесуваат на подигнувањето на свеста на производителите за потребата од избегнување производни мерки кои можат да имаат негативен ефект врз околината. Веруваме дека за кусо време нашите земјоделци ќе ги совладаат техниките за производство и ќе ги имплементираат високите стандарди за квалитет кои ги диктира Европа бидејќи тоа се условите за развој на целокупниот земјоделски сектор, нагласи Димовски.
За земјоделците издавањето литература од ваков тип, која обработува пазарни стандарди, агроеколошки мерки и форми на здружување, е секогаш добредојдена. Во иднина, како што рекоа, треба уште повеќе да се работи на ова поле. Многу е важно информацијата за потребното приспособување кон законската земјоделска регулатива на ЕУ да стигне до македонскиот фармер, како и да се работи на оние земјоделски производи што се стратегиски и препознатливи.

- Првпат аграрот во државата добива нов изглед и стана интересна гранка за инвестирање. Се хармонизираат многу закони, се ажурира катастарот, но најголема предност е што се препозна вредноста на македонскиот земјоделец и неговите компаративни предности. Со инвестирањето преку субвенциите, Програмата за рурален развој и ИПАРД се додаде вредност на македонскиот аграр која ќе биде уште поголема со натамошна едукација и публикување нова стручна литература, посочи претседателот на Федерацијата на фармери Андрија Секуловски.
Пиперот и доматите опфаќаат 28 отсто од вкупните градинарски површини во Македонија, 51.000 хектари. Во последните три години со пипер се засеани 8.459 хектари од кои се добиваат 159.000 тони или 19.000 килограми по единица површина, додека со домати се засеани 6.000 хектари од кои се добиваат 160.000 тони или 28.000 килограми по единица површина.
Брошурите ги изготвија консултантската компанија МЦГ и секторите во Министерството за земјоделство во соработка со АгБиз проектот, финансиран од УСАИД. На прирачниците им претходеа обуки за фармерите кои производството на зеленчук треба да го приспособат кон ЕУ барањата.
http://mzsv.gov.mk/?q=node/1046


Од Федерацијата на фармери пак бараат и поголема едукација на фармерите, за да се подобри производството, пласманот, атрактивноста на производите, и полесно да се исполнат барањата на европскиот пазар.

- Кај нас недостасува дофинализација на производот да биде поатрактивен на меѓународните пазари, но и подобар маркетинг и промоција. Треба да се воспостават пазарни стандарди во однос на кавлитетот, вели Наташа Љубецкиј Анѓелиќ од консултантската куќа МЦГ.
- За развој на аграрот важно е корпосративното здружување, само така може да се направи конкурентен производ. Потребна е едукација и постојано следење на пазарните побарувања, вели претседателот на федерацијата на фармери, Андрија Секуловски.

Со финансиска поддршка на УСАИД денеска беа промовирани четири нови прирачници.

- Главни цели на програмата се зголемување на приходите на сите учесници и зголемување на продажбата и продуктивноста, вели Мери Цуцулоска од УСАИД.
- Дефинираните страндарди во овие прирачници за поризводителите се одличен совет и насока како да го прилагодат производството, вели министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=52880



Edited by Max - 03-Oct-2015 at 08:40
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 11-Sep-2012 at 16:47

во контекст на пост #61 ето сме имале форум арно ама сеуште се разработува, де додека народ да чуе или додек да добие интернет, сепак аирлија нека е, битно бар малку од малку фаќаме чекор! http://zemjodelie.macedonianforum.net/

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 26-Sep-2012 at 19:24


Совети за ѓубрење

Согласно генералните препораки за одржување на почвената плодност според принципите на органското земјоделско производство, пред да се пристапи кон ѓубрење, задолжително да се изврши педолошкаанализа за присуство на макро и микро елементи.

Анализата на почвата мора да се врши на секои 5 години на следниве параметри:
• механички состав;
• органска материја;
• рН;
• електроспроводливост;
• микро и макро елементи;
• натриум.

Понатамошната шема за ѓубрење да се изврши во соработка со стручни лица преку примена на органски ѓубрива, придржувајќи се на одредбите од Прилогот 1 од Правилникот за органско растително производство. Употребата на ѓубривата треба да биде во координација со сертификациското тело, откако претходно биле применети другите мерки за подобрување плодноста на почвата (плодоред, зелено ѓубрење,
компостирање...).
Арското ѓубре, осоката и урината од домашните животни (од говеда, компост од растителни отпадоци, заедно со природните органско биолошки додатоци и ѓубрива) ја сочинуваат основата на ѓубрењето во органското производство.

Генерални насоки за употреба на ѓубривата:
• Употребата на органските ѓубрива (посебно некомпостираните), треба да се изведе со нивно внесување во почвата (заорување, да не се остават расфрлани по површината) за да се избегне загубата на азотот. Подобро е вршење плитко заорување, за да не се оштетат корењата од растенијата, како и да се намали опасноста од појава на ерозија. Ѓубривата би требало да се внесат во почвата најмалку 3-4 месеци пред бербата;
• Растворливите форми на органски ѓубрива (рибна емулзија, пепел
од морски алги, пепел од морски треви, деривати од соја) се погодни
за примена преку системи “капка по капка”, при што овозможуваат
брзо надополнување на потребните материи;
• Најголемиот број програми и шеми за ѓубрење се фокусираат на надополнувањето на азотот како главен елемент, со оглед на тоа што тој количински е најпотребен на растенијата. Вообичаените калкулации за определување на потребните количини азот кои треба да се додадат обично се однесуваат на вештачките ѓубрива.
Органските системи дејстуваат на друг начин. Генерално, органските ѓубрива поспоро го ослободуваат азотот и се потпираат врз биолошката активност на микрофлората во почвата, која го разложува во форма соодветна за растенијата;
• Кога се прават калкулациите за количините азот кои ќе бидат внесени, задолжително да се земат предвид количините кои во почвата ќе бидат внесени од меѓуредните култури (легуминози или мулч). На пр., ако во меѓуредот има посеано детелина (правилно прихранета и инокулирана), истата може да изврши фиксирање на
50-100 кg/ha годишно;
• Да се води сметка за анализа на ѓубривото кое ќе биде внесено. Ако определените количини ѓубре се однесуваат само на количините од азот, може да предизвикаат проблеми при употреба на т.н. неизбалансирани ѓубрива (честата употреба на живинско ѓубре, кое е богато и со фосфор, може да предизвика проблеми со загадување на околината, како и недостаток на цинк во почвата). Овие проблеми се избегнуваат преку вршење редовни анализи и приспособување на количините врз база на резултатите од анализите.

Јаболката, како и останатите овошни видови најмногу содржат вода и шеќери и одземаат многу помалку хранливи материи, споредено со другите култури. Оттука, пред подигање на насадот, најголемиот дел од потребите на овошките можат да бидат задоволени преку воведување соодветни меѓуредови посеви и органски мулч, како и со додавање вар и камено брашно.

Ориентациони вредности за задоволување на потребите на растенијата 1:
I. Ѓубрење на млад насад:
a. Максимални дози: 40 kg/ha во I и 60 kg/ha во II година.

II. Ѓубрење на насад во род:
a. Азот:
- 1. Годишните дози не смеат да надминат 140 kg/ha
- 2. Количествата над 60 kg/ha, се додаваат во повеќе наврати
b. Фосфор и калиум. Не смеат да се пречекорат следниве количини:
- 1. Почви со ниска содржина: 250 kg/ha P2O5 и 300 kg/ha К2О
- 2. Почви со нормална содржина: 50 kg/ha P2O5 и 150 kg/ha К2О
- 3. Почви со висока содржина: 30 kg/ha P2O5 и 75 kg/ha К2О.

Вкупно внесените количини на ѓубре на имотот не смеат
да содржат повеќе од 170 kg N годишно/ha.
http://prespanews.com/index.php?option=com_content&view=article&id=176:2010-03-03-17-41-46&catid=66:2010-03-03-17-15-52&Itemid=149


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 03-Oct-2012 at 22:45


Key policy question: Are fertilizers being used in a more efficient/sustainable way? - http://www.eea.europa.eu/data-and-maps/indicators/total-fertiliser-consumption-outlook-from-fao/total-fertiliser-consumption-outlook-from

http://www.eea.europa.eu/data-and-maps/figures/fertiliser-consumption-in-1997-1999-and-projections-for-2030/agri-outlook-map-graph.eps/image_original.jpg 

...At one extreme, overuse of fertilizer has led, in the European Union, to nitrogen (N) deposition that threatens the sustainability of an estimated 70 percent of nature1. At the other extreme, in most parts of sub-Saharan Africa, the under-use of fertilizer means that soil nutrients exported with crops are not being replenished, leading to soil degradation and declining yields. 

How did the current situation arise? The main driver was the quadrupling of world population over the past 100 years, which demanded a fundamental change in soil and crop management in order to produce more food. That was achieved thanks partly to the development and massive use of mineral fertilizers, especially of nitrogen, since N availability is the most important determinant of yield in all major crops2-5.

 Before the discovery of mineral N fertilizers, it took centuries to build up nitrogen stocks in the soil6. By contrast, the explosion in food production in Asia during the Green Revolution was due largely to the intensive use of mineral fertilization, along with improved germplasm and irrigation. World production of mineral fertilizers increased almost 350 percent between 1961 and 2002, from 33 million tonnes to 146 million tonnes7. Over the past 40 years, mineral fertilizers accounted for an estimated 40 percent of the increase in food production8...

http://www.fao.org/ag/save-and-grow/en/3/index.html


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 04-Oct-2012 at 15:01
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 04-Oct-2012 at 15:10





Edited by Max - 24-Sep-2015 at 19:44
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 07-Oct-2012 at 15:10


бидејќи тогаш ми загина инспирација, во контекст на пост #138, еве нека одат сега ко интермецо швајцарциве




http://fxcuisine.com/default.asp?Display=201

http://www.coolinarika.com/magazin/clanak/mala-zemlja-velikih-sireva/

http://www.cheesemaking.com/Beaufort-AlpineStyle.html



Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 08-Oct-2012 at 12:01
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 13-Oct-2012 at 16:51


после французиве тро и берлински англичанец кој на G аудиториумот им е омилен GW презентер, и иако сите шоуа му се забележителни, почетокот на кариерата ко тв-презентер му е најинспиративна, особено ако се има предвид дека е самоук градинар, единствен од таков калибар што се наметнал долго на GW, јасно кој друг ако не монти дон, последно што гледав од него е fork2fork, а за сега го има цело шоу и на тјуб, кон емисијава со салативе единствено би го дополнил со чарето на џон колер за полжавите - видеото од пост #142 бакар ил бакарна лента, кое јасно веќе го тимарат и англичаните ко бакарно чаре [1] но монти е шкот та ги треби со органско прскање   



http://books.google.com/books/about/Fork_to_Fork.html?id=dn-fPwAACAAJ&redir_esc=y



Edited by Max - 24-Sep-2015 at 19:43
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 14-Oct-2012 at 19:24

после f2f на монти, од GW тајфата би ја препорачал за сега единствената сезона од edible garden со хипи биљарката алис фаулер најверојатно наследник на карол клаин, која во истата се обидува да ги поучи англичаните дека и во град и со мал двор можат да тераат градинарство, а во ова епизода и како да прават туршија, што веќе и кај нас пополека станува неопходно...  и сето тоа е ок, доколку не им се градоите толку загадени, билките испрашени, теглите конзервирани!

исто ко f2f цела сезона EG засега ја има на тјубот или дејлимоушн, па симнувајте додека се може, во спротивно ако  ја скинат од тјуб барајте на uknova.com каде ќе ја најдете и цела архива на GW и сличните градинарски шоуа на bbc пр. Victorian Kitchen Garden





Edited by Max - 24-Sep-2015 at 19:35
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 16-Oct-2012 at 13:48
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 13-Nov-2012 at 13:54


знае некој нешто за ова или остана само на хартија иницијативава

01.04.2012 - Со земјоделски производи ќе се тргува преку СМС пораки - http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=4532

13.10.2011 - Потпишување на меморандум за разбирање Овој документ го утврдува заемното разбирање помеѓу Владата и Ericcson во врска со Пилот-фазата на проектот „Е-агро берза преку СМС“ - http://www.mio.gov.mk/?q=node/2629

~

веројатно повторно ако ги вратат во живот афионот и конопот ко култури смс-ситемов и те како има да проработи 



Edited by +Protagorist - 20-May-2016 at 21:00
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 18-Nov-2012 at 14:25
Originally posted by Max

http://blogs.worldwatch.org/nourishingtheplanet/wp-content/uploads/2012/09/Soil-to-Sky.png


Феномен веќе го постира ова во интересни мапи,но корисно е и за тука http://eusoils.jrc.ec.europa.eu/awareness/Documents/SoilTypes/JRC_europe_sheet_v5.jpg

inspire-soil - http://eusoils.jrc.ec.europa.eu/ - [1]
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 18-Nov-2012 at 20:47

една од покорисните нови рурални направии


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 18-Nov-2012 at 22:28
што ќе ти струја кога имаш педала и нозе
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 24-Nov-2012 at 19:06

освен рурални средини,корисно и за кампување,патувања,планини итн. можеби најреволуционерно механичко решение после точакот,иако закаснето едно 30 год.,но и сега и те како во третиот свет ќе биде голема благодат за секој сиромашен,упростувајќи им доста од обврските!

слична појава се,односно би требало да имаат во догледно време се поголема употреба соларните фурни http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=41&PID=13400#13400

   
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.189 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.