build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Земјоделие и рурален живот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 30-Nov-2009 at 23:24

Земјоделците бараат промена на условите за ИПАРД - http://www.time.mk/cluster/aa164741cb/index.html 

Земјоделците тешко до ЕУ-пари

Околу 60 милиони евра од ИПАРД-програмата нема да бидат искористени целосно бидејќи земјоделците не се доволно информирани и не ќе може да најдат пари за инвестиции, оти банките не прифаќаат селски имот како хипотека
Земјоделците не ќе може да ги искористат целосно парите од ИПАРД-програмата во износ од 60,7 милиони евра поради проблеми со обезбедувањето на потребната документација за аплицирање, со оглед дека се' уште не се добро информирани, предупредија членови на Агросоветот.

Според нив, тешко ќе биде и да се најдат пари за инвестиции зашто банките не дозволуваат селскиот имот да се заложува како хипотека.

Реализацијата на Програмата дополнително ја комплицираат, беше речено, и критериумите што го ограничуваат конкурирањето на големите стопанства поради нивниот капацитет. Тие не можат да бараат суми што се предвидени за малите и средните фирми.

- На овој начин големите компании се дискредитираат, за сметка на тоа, средствата ќе останат неискористени. Затоа сметаме дека условите треба да се коригираат. Немаме намера да им ги земеме парите на индивидуалните земјоделци и на помалите стопанства туку, напротив, сакаме реализацијата на ИПАРД да биде максимална - рече Зоран Даневски од Агробизнис-комората при Сојузот на стопанските комори.

Тој нагласи и дека многу од помалите фирми немаат воведено ХАЦЦП, што е услов за добивање европска поддршка.

Неинформираноста на земјоделците за ИПАРД, посебно во руралните средини, ја акцентираше и претседателот на Федерацијата на фармерите, Ѓоко Данаилов.

- Токму од неразвиените подрачја се очекуваат најмногу проекти за изградба на инфраструктурата. Оттука сметаме дека треба многу повеќе да се работи на информирањето, на земјоделците да им се објасни што точно значи ИПАРД, да разберат дека тоа не е грант, туку поврат на инвестиција што претходно мора сами да ја обезбедат - истакна Данаилов.

Претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров, укажа на алармантната состојба во македонските села каде што, како што рече, е евидентно масовно иселување. Старите лица што се останати, пак, физички се немоќни за какви било земјоделски активности, ниту знаат што воопшто значи ИПАРД.

- ИПАРД-програмата треба да се сфати не само како инвестициска туку и како програма за развој на селата - рече Тантаров.

Претставниците на Стопанската комора генерално немаа забелешки, само сугерираа индустријата за пакување на земјоделските производи да биде дел од ИПАРД.

За успешно искористување на европските претпристапни фондови неопходна е соработка меѓу непосредните производители, нивните здруженија, асоцијации, коморите и науката, рече деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски.

- Длабока анализа на македонското земјоделство, сериозни проучувања на потсекторите и консултации со странски експерти беа направени при подготвувањето на ИПАРД-програмата. Целта беше да го отвориме процесот за што повеќе апликации, треба да се искористат сите капацитети - потенцира Димитриевски.

Според него, крупните земјоделски стопанства треба да ги повлечат малите за постигнување на потребните ЕУ-стандарди.

Повторувајќи ги уште еднаш мерките предвидени со ИПАРД-програмата, министерот за земјоделство Љупчо Димовски апелира дека идејата е на земјоделците на едноставен, јасен начин да им се објасни која е полезноста од европските пари.

Македонија, согласно ИПАРД-програмата, за периодот 2007- 2011 година има на располагање 60,7 милиони евра. На првиот оглас во идниот месец ќе се аплицира за вкупно 23 милиони, а до крајот на 2010 година за 41 милион евра.

Од вкупните ЕУ-средства, 45,5 милиони евра се од европските фондови, а 15,2 милиона се буџетски пари.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=84D234BF25120743A1364A7B392CB624&arc=1

Состанок на Агросовет ,,Можности што ги нудат ИПАРД фондовите,, - http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/117

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 22-Dec-2009 at 13:13

ИПАРД фондовите недостапни за повеќето фармери

Само регистрираните земјоделци од денеска ќе можат да аплицираат за ИПАРД фондови, односно за да добијат пари кои не треба да ги вратат. Земјоделецот Зоран Ангеловски вели дека заитересираноста кај земјоделците е многу мала затоа што и тука политиката е вмешана.

„Јас пред некој ден бев, и сега не сакам човекот да го именувам, но ми рече дека прво гледаат да им удоволат на партиски обоените па после на другите. А кравите или земјата не гледа партиски војници. Кравата си сака да јаде - не познава ни ВМРО, ни СДСМ, ни ДУИ, ни било кој“

Претседателот на асоцијацијата на земјоделци , Ефтим Шаклев има понакво мислење.Тој вели дека нема да има политичко влијание во одлуките кој ќе ги добие парите . Но Шаклев укажува и на еден друг проблем кој може да се појави во делењето на парите од ИПАРД фондовите. Според критериумите само сточарите кои имаат легално изградени фарми имаат право да побараат пари.
По нашите сознанија, над 95 отсто од фармите немаат градежна дозвола, што значи дека никој нема да може да ги користи овие средства од малите и средни сточари во Македонија

Шаклев вели дека побарале од министертвото за земјоделие да изготват програма за легализирање на фармите за да можат и сточарите да ги користат овие пари.
Според податоците на асоцијацијата право на користење на ИПАРД фондовите имаат околу 2 и пол илјади земјоделци кои се регистрирани.

Земјоделецот Ангеловски не е регистриран и вели дека не сака да се регистриа затоа што трошоците се неисплатливи.
„Не можма, да опстанам. Уште да се регистрирам и секој месец да одвојувам по пет-десет илјадарки, тешка работа. Да ви кажам, вистина сме заплашени. Не сум се плашел никогаш, ама оваа година мислам дека е катастрофална“

Дваесет и четирите милиони евра кои се нараполагање во ИПАРД програмата можат да се користат само во неколку сектори од земјоделството како овоштарството, градинарството лозарството и производството на млеко и месо. Но овие пари не треба да се користат за подигнување на пример за нови лозови насади туку за обновување на старите. Истото важи и за сточарството, парите можат да се користат за реновирање на веќе постоечките објекти за одгледување на стока не и за градење на нови вели Шаклев. Тој додава дека не може со овие пари сточарите да си докупуват стока. Огласот за европските пари ќе трае шеесетина дена. Во министертвото за земјоделство велат дека интересот е голем и се надеваат дека парите ќе се искористат.

Макденес - Зорана Гаџовскаv - 23.12.2009




Edited by Max - 23-Dec-2009 at 13:37
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 23-Dec-2009 at 13:59

Околу 24 милиони евра од ИПАРД за земјоделците

Платежната агенција доби европска акредитација и право самостојно да управува со парите од европските претпристапни фондови. 
Ова беше последната работа која се чекаше за да почне поднесувањето на проектите за парите до ИПАРД програмата.


„Веќе утре во медиумите ќе биде објавен јавен повик со потребните детали за аплицирање за овие средства од ЕУ. Со ова официјално во македонското земјоделство покрај парите односно финансиската поддршка од националниот буџет отпочнуваат да се слеваат и пари од претпристапната помош, односно од буџетот на ЕУ“, изјави Тони Димовски, директор на платежна агенција.

Со овој оглас се опфатени 24 од вкупно 60,7 милиони евра наменети за модернизација и осовременување на македонскиот аграр и приближување кон стандардите на Европската Унија.

„Проектите кои ќе бидат финансирани со ИПАРД програмата се однесуваат на инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба, преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и диверзификација и развој на рурални економски активности во согласност со стандардите на ЕУ“, вели Љупчо Димовски, министер за земјоделство.

Огласот ќе би де отворен во следните два месеца. По ова се очекува во мај или во јуни да се потпишат првите договори, а од тоа кога ќе бидат завршени проектите ќе зависи кога ќе почне и повлекувањето на првите пари кои за земјоделците се 50% неповратни од вкупната инвестиција.

а1 - Игор Манасиевски -  22.12.2009

Почнува користењето на ИПАРД фондовите во земјоделството

дата на објава: 22.12.2009

По добивањето на европската Акредитација на Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Националниот координатор за авторизација и Националниот фонд при Министерството за финансии, како и Ревизорското тело при Државниот завод за ревизија,околу 24 милиони евра им стојат на располагање на земјоделците и на преработувачите од ИПАРД програмата за рурален развој за 2010 година.

„Сакам да упатам порака до крајните корисници да ги користат советите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, да се советуваат со Агенцијата за поттикнување на развојот и да се консултираат со агенцијата за финансиска поддршка. Искуството што го имаме со националната програма за рурален развој ни дава за право да веруваме дека многу бргу можеме да ги добиеме првите проекти со кои ќе искористување на средствата од ИПАРД фондовите“, изјави на денешната прес-конференција во Владата на Република Mакедонија Љупчо Димовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Годинава Македонија за прв пат самостојно ќе ги користи и управува средствата од компонентата 5 од програмата.

„Ова е значајно бидејки ќе се надоврзе на силните владини напори за поддршка на земјоделскиот сектор преку континуирани и историски највисоки нивоа на субвенции во земјоделството“, рече Васко Наумовски, заменик претседател на Владата и национален координатор за ИПА програмата.

„Користењето на ИПАРД фондовите ќе значи зголемување на конкурентноста на македонските компании на регионално и на европско ниво, зајакнување на капацитетите на фармите, земјоделските фирми и фирмите од преработувачката индустрија“, изјави Владимир Пешевски, заменик претседател на Владата задолжен за економски систем.

,,Во среда ќе биде објавен јавен повик, на кој земјоделците ќе можат да конкурираат со свои проекти за искористување на средствата. Очекуваме првите договори за искористување на средствата да бидат склучени во текот на мај - јуни 2010 година кои што се однесуваат за три мерки: за инвестиции на земјоделски стопанства, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи, како и мерката диверзификација и развој на руралните активности, а со цел достигнување на европските стандарди, изјави Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/158

ех за маркетинг ќе се истроши се малку камен за промовирање на домашниот производ, малку за амбалажа, нешто за репрезентативен материјал, и се на се како алва ќе отидат париве! ајде многу народ ќе крене глава и околу модернизирањето на процесот за производство или преструктуирањето во однос на финално производство, а не само на суровина... дали и колку сето ова ќе донесе некое особено раздвижување со оглед дека многу земјоделци не се пријавени, а повеќе  немаат легални фарми, тоа е прашање, но како поука а воедно и за сите кои се активни ова ќе биде идеален почеток од првава транша! 

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 23-Dec-2009 at 20:51
мах не е така, овие пари се од Еу фондови за земјоделе.Со нив ќе располага Агенцијата за Рурален развој контролирана од европската агенција за ЕУ интеграции.Тие ќе се доделуваат по строги критериуми.Прашање е дали 2-3% од нашите земјоделци се спремни да конкурираат затоа што не лиќат на никакви фирми со никакво пазарно искуство ,а пазарот коси секаква инвестиција па и оваа која помага со50% ама отпосле откако ќе потонеш на неЕВРОПСКИ (наш) домашен мал и затворен пазар.Дури откако ќе нема доволен број на добри кандидати од 24-те милиони повеќе од половината ќе висат ,па мозеби тогаш со амин на Европејците заедно со некој наши ќе има некоја лапаќка,ама тоа ништо чудно нее така работи Европа
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 23-Dec-2009 at 21:48

па ете во последниот маркиран параграф имаш напоменато и маркетинг! значи тоа е информација односно објава од министерството! е сега доколку имаш ти производ со кој излегуваш во мало-продажба или во големо-продажба без разлика односно кој не го продаваш како суровина туку тоа е брендирано производство, ете значи можеш преку проекција (проект) за промоција да извлечеш пари од агенцијата, проект кој доколку неможеш сам секогаш стои на располагање помош од министерството за изработка или разработка на истиот! за жал земјоделците и оваа можност квалитетно не ја користат! а тоа дека ќе останеле пари тешко не ми се верува, ќе ги организираат земјоделците како што ми изгледа и секој кој ќе се нафати да земе учество во системот тој и ќе може да повлече средства! патем ова се средства со кои не треба да почнуваш бизнис од нула, туку веќе почнатиот бизнис да го издигнеш на едно постандардизирано ниво како би бил конкурентен на европскиот пазар! абе само квалитетна промоција да истераш, веб страна, брошури, амбалажа итн. треба и средства и време да изабиш и не баш во мали количини доколку сакаш тоа да биде квалитетно стокмено, а не па што станува збор да го осовремениш производството пример ти со калибратор, или пак со опремување и стандардизирање како би заслужил еугап сертификат... ова дефинитивно е на арно, прашање е колку ќе успеме земјоделецот да го увериме во тоа! обично колективно тешко се преорентираме кон непознати и нови стандарди и начини на производство, што е многу нормално, но тоа не смееме да оставиме да прејде и во трајна навика, затоа е многу битно да се поработи повеќе и на самата едукација по селата односно земјоделците кои доволно не се запознаени со сите услови но и предности од легализацијата на аграрот!

а кажи ми кај го има тоа да сакаш за диво производство некој да те стимулира, тоа во нормални услови ниедна банка не би те подржала, а не па кога станува збор за европски пари и тоа кои ги спроведува државата! легализирањето на дејноста во никој случај не смее да биде спорно, што досега се ескивираше како земјоделците би влечеле социјална помош односно би добивале сини картони, што сега со ова либерализираново здраство каде за сите подеднакво се достапни сините картони без разлика на статусот, мислам веќе нема ни потреба од ескивирање, а тоа дека давачките биле големимислам дека не е точно, кај легализираните земјоделци со субвенциите се покрива и останува повеќе него што се дава, но како велат човек од она што не го познава и се плаши, си мислат сеуште е феудализмот од транзицијата... 

патем не се само 24 милиони туку ова е првата трашна од 45 милиони евра од 5 дел од ипард фондовите кој е за рурален развој, но доколку земјоделците се регистрираат оваа година ќе имаат и можност да аплицираат за дупло средства за субвенционирање, односно оваа година влада издвојува за тие намени 70 милиони евра, значи се на се годинава тоа ќе бидат 115 милиона евра директни стимулации за земјоделието,  а ова мислам воопшто не е шала!!! за натака проекциите дополнително се зголемуваат како проекција од година во година има поназад во нишкава #23, абе аирлија нека им е на оние кои ќе го фатат возот со време а за другите треба кураж да се ослободат и бизнисот да си го легализираат, од тоа дефинитивно нема зијан, сетне да видиш како паѓа бројка на невработеност  




Edited by Max - 23-Dec-2009 at 22:14
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 24-Dec-2009 at 00:18
Пази мах. сега да размениме малку информации. Ми се чини дека некој работи ги мешаш. Еу-пари кој сега се нудат се на така наречено 2 ниво а тоа значи дека во нашата држава веќе е воспоставен законодавен систем и дека нашите фирми(земјоделски) се подигнале на повисоко организациско ниво (дали) и се смета дека е можна хоризонтална соработка со фирмите од  Еу (а ние се уште не сме членка) затоа овие фондови се викаат пред пристапни  тие се даваат на нашата држава затоа што таа сега има законодавно тело - Агенција за рурален развој, која мора да работи по закони и подзаконски акти а контролирана од инспекции како што се на пр. контролирани банките или било која фирма од УЈП, значи дека сме направиле агенција (тело) на кое ЕУ има доверба дека ќе работи по закони.
Веќе реков дека нашиот земјоделец во овој момент не е споспбен за инвестиција поголема од 100.000 евра бидејќи таа во земјоделието со било кој производ и со било која интерна добивка не може да се поврати најмалку од 5-7 години. Во Словенија пре да влезе во Еу одбраните регистрирани земјоделци се подигнаа економски со така наречен КЕШ неповратни пари што државата им ги даде на некој земјоделци мислам дека бројката е околу 200 милиони евра . Каде Словенија ги најде тие пари тоа е прашање ( некој викаат дека тоа е награда за нејзиното рушењ на Југославија а кој и ги дал ....... ) Како ние КЕШ ќе ги подигнеме добрите земјоделци- ТЕШКО. Но мислам дека има способни и како што велиш ќе влезат во бизнисот тие што ќе изнајдат сретства и знаење. А ако некој од ЕУ сака со некој од МКД да прави  перење тоаа може веќе реков горе.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 24-Dec-2009 at 00:38

Драган види не е до толку апансас работата, најголем момент е што ваквата земјоделска политика заедно со нешто помош од европа (не дека е нешто голема, но и тоа не е малку за наши услови) ќе го придвижи руралниот сектор пред се! значи потенцијално помалку стечајци и безработица, а повеќе шанси и поголема атмосфера за аграризација, што ни е потребна како  на жеден вода!

патем ова нема да влијае за сега особено на раздвижување на економијата бидејќи не станува збор за можност за проширување на бизнисот, туку преадаптирање на истиот кај оние фармери кои веќе до некое ниво си ја имаат завозено дејноста... а  за особено влијание на економијата она што најмногу ни треба  е големи комбинати кои плански ќе ја полнат економијата, пример ЗИК Пелагонија да ја затера цела Пелагонија со ораженрии (од РЕК Битола топла вода во изобилство), а преку Жито Полог која му е фирма ќерка односно има најголем удел во неа истото да го стори и во Полог, јасно потоа да ја сврти и во Овчеполиието итн, значи да се крене на ниво како тоа што стана Агрокор прво во Хрватска а потоа и на балканот! не е тешко и не е страшно,  но само големите комбинати можат нешто на овој план да сторат односно економијата преку земјоделскиот сектор да ја придвижат! 

а малите  односно индивидуалните земјоделци треба да кренат глава колку за да живеат поубаво и да имаат посигурен пласман во иднина, но доколку сакаат истите да се наметнат како силни и озбилни субјекти во своите кластери треба да се здружуваат и што повеќе да се групираат во земјоделски задруги и околу машински кругови, појава која ние ја напуштивме во транзицијата за да сконтаме дека цела европа и ден денес така функционира! кога за банкарскиот сектор е потребно групирање и соединување по која логика во земјоделието тоа да изостанува, како прво пласманот не е  возможен доколку не се излезе на светскиот пазар со загарантирани и големи количини, што дефинитивно не е возможно доколку сите и понатака ја тераат самостојно или за жал им оставаат на неколку прекупци преку нивниот грб и мака да си прават богатсва... како беше онаа волкот е дебел во вратот оти сам си ги брка работите! додека ова нашиве земјоделци се ќе средат и на крај трудот и маката за бадијала на друг ќе му ја препуштат!   

исто планирањето ни е слаба страна, а во голем дел тоа се должи на непријавените дејности па и државата нема јасна претстава кој сектор во даден момент треба повеќе а кој помалку субвенции и форсирање, или како да ги советува регионите кои земјоделски култури во одредена годени за нив се најидеални за форсирање... во основа дури сега почнува,ме малку од малку да го враќаме планското производство, но не е само тоа бељата, слабо стоиме со преработувачката индустрија,  но и земјоделците не се одлучуваат на свој производ како што напомнав понапред, јасно дека ова не е лесно на дело колку на хартија, но преку здружување и тоа е песна, бар вреди за човек да се обиде, јасно со помош на агенцијата која би им помогнала во разработката на проектите!   

во принцип најголемиот удар за Македонија освен сите погоре наведени  слабости е депопулацијата на руралните места и  воедно намалената заинтересираност на младите за земјодлие,  ако воопшто иста и постои, освен кај оние кои имаат наследено фамилијарен бизнис! тука мора дополнително да се работи на обезбедување услови за привлекување на народот кон аграрот, а тоа е возможно само доколку се одржи во живот ваквата про-земјоделска политиката на државата во иднина и јасно доколку се омасоват машинските кругови, опсекако и банките треба да бидат нешто повеќе флексибилни околу кредитирањето, но и државата мора да се пушти во масовна едукација и подршка на сите заинтересирани! колку само идеални услови имаме за одржлив развој преку органското земјоделие а ние што правиме сеуште глава кршиме по тоа пестицидите! 



Edited by Max - 24-Dec-2009 at 11:39
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 24-Dec-2009 at 16:29

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 23 декември 2009 година објавува Јавен повик бр. 01/2009 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007 - 2013  македонска верзија и албанска верзија. [1]


ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развoj

Ул. Скупи 3-а, 1 ООО Скопје

Врз основа на член 14 став 2 (а) од Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република  Македонија и Комисијата на Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според компонента V (ИПАРД) од  инструментот за претпристапна помош "Сл. весник на РМ" бр. 165/2008) и врз основа на Дел V став (5) од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2007-2013 "Сл. весник на РМ" бр. 83/2009), 

АФПЗРР
на 23 декември 2009 година објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2009 
за доставување на барања за користење на средства од
ИПАРД Програмата 2007-2013


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-
2013 за следните мерки:
Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија 
Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија 
Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности

1. Вкупниот износ на финансиските средства за спроведување на овој Јавен повик изнесува во евра 24.320.000 или во
денари 1.494.150.272, од кои 75% од средствата се обезбедени од Европската Унија и 25% од средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија. 
2.Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на прифатливите трошоци, односно 55% за барање поднесено од носител на земјоделско стопанство не постар од 40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101. 
3. Крајниот рок за поднесување на барањата е 23.02.2010 година, до 16:30 часот по локално време.
4. Подигнување на обрасци и упатсва:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013" како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013"во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за 
изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gpv.mk 
Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ул. Скупи бр. 3-а, (зграда Фонко) 1000 Скопје
и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
5. Начин на поднесување на барањето:
Барателите треба да поднесат Барања за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-201 Зза поединечни мерки, деловен план со кој ги опишуваат планираните типови на инвестиции и придружна документација наведена во Барањето за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013. Подетални информации за специфичните барања за прифатливост се наведени во Упатствоза корисници на средства по ИПАРД Програмата 2007-2013.

Пополнетите барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 на македонски јазик заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол "НЕ ОТВАРАЈ" за Јавен оглас ИПАРД број 01/2009 и назначување на шифрата на мерката за која се 
поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата. 
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-450 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gpv.mk  и на веб-страната: www.ipardpa.gpv.mk

целосното упатство кое е на 16 страни може да го превземете од http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/_vesti1/javen_povik.pdf 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 26-Dec-2009 at 14:09

Многу малку фармери ќе успеат да дојдат до европските пари
Поголемиот дел од македонските земјоделци не ги исполнуваат основните услови за да конкурираат со средства од ИПАРД програмата, велат експертите. Многу малку земјоделци се регистрирани земјоделци што е основен предуслов а кристење на европската помош. Ескпертите советуваат домашните фармери и земјоделски компании навреме да се подготват. Да се едуцираат како да водат матични книговодства и да почнат да ги плаќаат сите даноци кон државата. Само ако ИПАРД програмата ја сфатат како можност за развој на бизнисот, а не како субвенции, ќе имаат шанси проектите да им бидат кофинансирани
http://kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=121&EditionID=596&ArticleID=13657

...

До 2011 година на Македонските земјоделци им се на располагање 45 милиони евра, средства од европските фондови.

Средствата кои ги одвојува Европската Унија ќе бидат достапни до лицата кои примарно се занимаваат со земјоделство, производството и преработка на земјоделски производи.

ИПАРД фодовите се можност за приближување на македонското земјоделство до стандардите на Европската Унија преку модернизирање на постоечките земјоделски капацитети.

Програмата ИПАРД нуди кофинансирање на инвестиции за:

  • инвестиции во земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија,
  • за преработка и маркетинг на земјоделските производи,
  • како и за развој на руралните земјоделски региони.

ИПАРД фондовите се подготовка за земјоделието за ефикасно имплементирање на понатамошните програми на Европскиот земјоделски фонд за рурален развој и придонесување кон одржлив развој на подолго време запоставените рурални подрачја. 

Со тоа на македонските земјоделци им се отвораат можностите за искористување на средства кои ќе помогнат во производството на квалитетни земјоделски производи.

Почитувани,

Достапноста на Ипард фондовите преставува надополнување на поддршката за развој на земјоделието.

Владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка и развој на земјоделското производство, само во оваа година на својот мандат, обезбеди 70 милиони евра субвенции како директна поддршка за земјоделците.

Од годинашните 70 милиони евра финансиска поддршка за земјоделството, во најголемиот дел се исплатени.

Идната година вкупната сума на средства која ќе се одвои за субвенционирање на земјоделието е 100 милиони евра, а 115 мил. евра во 2011 год.односно 130 мил. евра во 2012 година.
http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=5547

ИПАРД ФОРМУЛАРИ - http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/formulari_ipard_mak.asp
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 26-Dec-2009 at 14:21
  
да те запитам Драган, Полог кеде си, кажуј како излегуете накрај со мразоиве и јаболкниците!?! ал е доволно да се замотат со јутени платна или правете и друге работе мислим ако ниет тајна, а ако не, дај троа ишарет шо да сепраи!

~

најдов интересен текст упатство за тоа кои се начини постојат за борба со мразоите но мене ми треба некоја природна комбинација, значи освен покривките за стеблото и мулчирање над коренот, дали помага некоја друга работа за дрвата, она како да поминеш најефтино а да не премрзнат дрвата или пак во последен момент како да интервенираш најпрактично па макар и се расфлал пари по опрема како би сочувал овоштарникот! и патем дали и колку истите такви комбинации кои се надевам ќе ги споделиш ќе имаат ефект и на други дрва!?!

http://viticulture.hort.iastate.edu/info/06iawgmtg/frostprotectionhandout.pdf

е сега имам чуено дека порано и со слама ги завиткувале дрвата до под крошна наместо со јутени платна, со оглед дека сламата и лесно се суши преку ден, а и насобира воздух во себе што ја прави идеален изолатор за ваква намена! ех што уникатни изворни начини на заштита имало порано, додека сега саде без калорифер не почнуваат насади да креваат по европа...

~

претпоставувам вие го терате овоштарството поинтензивно како култура па затоа сигурно и ја вртите на хемија, во таков случај за овие прилики најчеста пракса колку што се сеќавам е прскање со син-камен! со што во ова вртикапа време дрвата се зашитуваат од паразити и рано вегетирање

ајде фрли некој абер да чуеме како со непогоди се справуете! ова чоек мора да те влече за нос за нешто да поткажеш како доволно инволвиран не е лошо да отвориш и блог на билд за овоштарство односно јаболкарство


Edited by Max - 26-Dec-2009 at 14:22
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 26-Dec-2009 at 22:13
мах. за јабуките (растенијата во фаза на продукција) најважен услов за да не дојде до мрзнење во зимскиот (јануарски) период е правилната заштита од болести и штетници.
Имено ако имамо јак напад на болест тогаш листовите одпаднуваат уште во јуни а од папките кои се носители на род во идната година потеруваат нови лисја, тогаш во цитоплазмата на клетките има заради променета  физиологија поголема количина на слободна вода (нема киселини и хранливи материи) која на температура од -20 до -25 ја разорува структурата на клетката и настанува мрзнење на родни гранки и паки. Ова што го викаш со слама тоа е стара метода но за мрзнење во месец април при цутење и кога температурате е -2 до -4 .
Да ние се занимаваме со овоштарстово имамо 500 овошки јаболка и 1500 вишни но имаме и поледелски култури.
За заштита неколку збора, ние ја изведуваме со наша опрема и годишно јаболката ги третираме од 7-9 пати најчесто тоа се модерни фунгициди и инсектицити, на пример за фузкладиум(краставост) одиме со блок прскања 3х3 ( 3 пати со еден добар фунгицид па потоа уште 3 пати со друг фунгицид) татко ми гледа тиа да бидат од листата на регистрираните активни матери на ЕУ кој ги има кај нас, потоа употребувамо инсектициди и акарициди и едно прскање за складирање (гниење). да не биде фалење Ресен прскаат 12-14 пати а ние гарантирно успеваме со 7-9 пати зависно од годината.


Edited by Dragan - 26-Dec-2009 at 22:15
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 26-Dec-2009 at 22:42

ова со волку малку прскање чим минувате тогаш на арно е, но и до сортата е колку што знам исто зависи колку и како е разретчен и осончен овоштарникот и јасно колку е во завет, незнам како одеше математиката но милам дека за она топ јаболка овоштарниците ги прскаат и до 15 пати! абе нензма дали некој тоа употребата на препарати ја контролира во државава но по се изгледа станува збор за импровизирана работа, може сме една од ретките земји каде за оваа за повеќето овоштари неопходна појава немаме никаква статистика ниту контрола, се надевам дека со хасапот и еугапот ќе се воведе некаков ред но мислам дека уште долго ќе има безвластие на овој план! пред некое време им вратија на преспани една тура мислам од полска, а пред десет години и од холандија им вратија една тура, значи она преку дозволената граница на третирање со хемија, н не дека ние сме единствени ова секаде е појава: Граничната инспекција тврди дека увозното овошје и зеленчук се подложни на ригорозни контроли но сепак можеме да бидеме поеколошки ориентирани како би избегнале и труење на земјата но и подобар пласман!

а ова со син камен немате прскано досега!? обично како најбезбедно, наједноставно и наефтино решение а воедно квалитетно е синиот камен http://aba.ugd.edu.mk/show_listapreparati.asp?ID=159&WhPreparat=SIN%20_KAMEN

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 27-Dec-2009 at 00:20
Мах контрола на зашитата кај овошјето е должна да врши фитосанитарна инспекција, е сега дали таа е дел од земјоделскиот инспекторат или е посебна инспекција тоа кај нас се уште не е организациски средено. Иначе ако се извезува на преимер вишна треба да добиеш сертификат дека твоето произвоство е еколошки здраво (махсимално ниво на резидуи)  таков сертификат треба да издаде овластена институција која со закон ги има исполнето исловите за вршење на таква а дејност.Граничната инспекција е само еден мал сегмент на контрола на исправноста на храната (растителна) и семиња но најчесто кога увезуваат и таа не е доволна,тоа е само еден од око преглет. Граничните инспектори скоро да немаат ни орпема за брзи испитувања.
По ригорозна конторола врши РЗЗ (републички завод за заштита на здравјето ) но тој е дел од менистерството за медицина  врши конторли од тој аспект ако граничните инспектори и инспекторите во внатрешоста нешти испратат таму што многу ретко се прави затоа што е многу скапо. Главнота заштита на храна од растително произвотстов се врши на нива во самото одгледување тука треба да има инспекциа на примена на пестицидите и ѓубриваата во пропишани колични (дози)затоа што после веќе касно во лабараторија може да се утврди само голема количина МНР (махсимално ниво на резидуи - остатоци од пестициди) и затоа на Ресенчани тоа им е најдено и е вратено назад затоа што во на пример Германија има акредитирани лаборатории кои тоа лесно го отврдуваат.Во Холандија за 2-3 култури постои еден фитосанитарен инспектор така таму колку што знам има 15-на вида на фитосанитарни инспектори. Еколошки производ често пати се заменува со органски производ. Органски производ во права смисла на зборот не постои.
Син камен- е бакарен елемнт каде бакарниот јон има главно дејство врз протоплазмата на габите и така ги уништува но тој се применува само до појавата на првите поголеми листови во концентрација од 0,5 до 1% има ефикасни својства но бидејќи е елементарен препарат нема транс локаторно својство ( не влегува во сокодвижението ) и помал дожд едноставно го измива од поворшината на листот исто така тој може да направи и ожеготини но сепак кај лозата има поголема примена. Ако сакаш за пестицидите повеќе може еден по еден да ги објаснуваме понатака.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 27-Dec-2009 at 01:01

види инспекциите на сите ни е јасно дека дури и да сакаат можат само по случаен избор или по пријава да делуваат, тоа дека имаат капацитет се да поминат тоа тешко, инаку по правило земаат мостра од овоштарникот и ја испраќаат во http://www.unet.com.mk/rzzz/m27.htm како што и напомена, но има и повеќе лабаратории мислам една на ветеринарен друга на шумарски итн http://mzsv.10less.com/index.php?option=com_contact&Itemid=3 во зависност од потребата! но сега имаме сертифицирана лабараторија и за органско производство и да истото е возможно! http://krr.ugd.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=12&Itemid=20&lang=mk само кај нас тешко ја вртиме кон нешто што е непознато односно во случајов изворно треба само старите сорти и методи да се вратат! 

е сега синиот камен како полезет чаре ако може така да се каже (сепак е отров) се користи сега ова време кога се мразовите за да се спречи појавување на паразити и како што напоменав за да се оневозможи прерано вегетирање односно предвремено цветање...

а за тоа отровите еве ти линкот од погоре http://aba.ugd.edu.mk/default.asp?mnuId=1&subMnu=3&PgID=3 сите се на долго и широко разглобени, абе за арно за лошо за нив лесно се разбира, тешко луѓе стигаат до инфо и изнаоѓаат волја за органска комбинација, абе бар тоа продавниците да упатуваа колку се се' третирани продуктите и арно ќе беше но тие мчат и гледат како со бадијала прекуп да наполнат каса! за тоа ГМОто генетски модификуваните организми односно овоштија и зеленчуци и да не отворам уста, ајде но тоа е тоа за инстант живот и инстант храна нормално што сетне преоѓа и во инстант навика, која лекарите посетне пак ја третираат со чиста хемија, то ти е еден затворен комерцијален круг кој квалитетно се одржува во живот! а зошто тоа времето ќе покаже... абе отрове комшо, незнам само тебе како производител не ти е шубе да јадеш тоа вишната и јаболката свежи бар им лупиш кора или ги отстојуваш во алкализирана вода, како и да е ретко кој има трпение па најчесто (и јас до скоро) со се' лушпа ја тераме!

а за цариниците стој тие допрва треба да ги усогласиме со европа, за нив треба лабараторија на лице место односно по терминалите за мострите одма да се проконтролираат но повторно тоа оди по случаен избор на пакет од цел шлепер па со сигурност и неможе човек да знае дали нешто му се протнало, а може исто и заради еден пакет цел камион или цел контејнер да вратат во зависност од прецозот...

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 28-Dec-2009 at 00:57
еве тазе заебанција
ЦРНА ГОРА РЕАГИРА
Отров во компир

Надлежните инспекциски служби во Црна Гора вратиле во Србија 35 тони компир поради зголемено количество кадмиум, потврдила директорката на Фитосанитарната управа, Зорка Пејовиќ, пишува белградскиот весник „Блиц“. Пејовиќ на медиумите им рекла дека зголемената количина кадмиум во компирот е утврдена на 11 декември, за време на редовна контрола на безбедноста на храната што се увезува во Црна Гора. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=129963&EditionID=1902

мостри и кај нас се препраќаат до лабораторија редовно, но кој гарантира дека нема пропусти, тоа во западниот свет работата постојано им бега од контрола а не па кај нас

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 04-Jan-2010 at 16:16

НОВИОТ СИСТЕМ СО САКСИИ ВНОСЕН БИЗНИС

Бери јагоди и полни паричник

Се поголема е заинтересираноста на земјоделците за новиот модел на одгледување јагоди во пластеник, во саксии од стиропор - вертикално наредени. Засега единствената производителка на јагоди во пластеникот во Кочанско, Дивна Иванова, тврди дека луѓето се интересираат за новиот модел и секојдневно доаѓаат за да се уверат како функционира во практика. - Дневно по десетина семејства од сите страни на земјава доаѓаат да се консултираат како да почнат сопствен бизнис. Голема е заинтересираноста на оние што имаат пластеници и одгледуваат домати и пиперки, па сакаат да почнат со јагоди, бидејќи слушнале дека нема толку работа како кај зеленчукот. Нема што да кријам. Јас мислам дека треба што повеќе луѓе да да произведуваат вакви квалитетни јагоди, бидејќи трговците молат за количества за извоз - Иванова. Она што ги интересира сите што доаѓаат е колку чини целата инвестиција и дали се враќаат парите, тврди производителката на јагоди. - Ако имаат пластеник пренамената за 320 квадратни метри чини околу 5.000 евра, но парите се враќаат по првата година. Втората година веќе нема никаква инвестиција. Само берба и ќар - вели Иванова. Во пластеникот на меѓуредово растојание од метар и дваесет собира 6 реда со 40 столба во должина - или 240 столба со саксии. Секој столб има по осум саксии, за што се потребни 1.920 стиропорни саксии, за чија набавка според моменталните цени се потребни околу 1.500 евра. За да се наполнат со земја, односно со тресет, се потребни 700 евра. Држачите се обични цевки од 2 метра, за чија набавка треба да се одвојат 1.350 евра. Следна исто така значајна инвестиција е набавката на садниот материјал. За квалитетен расад се трошат 1.100 евра. Останува уште 80 евра за системот за наводнување капка по капка и 200 евра за филц-фолијата која се поставува на земјата за да нема плевели во пластеникот. - Можеби изгледаат многу 5.000 евра за пластеник од 320 квадратни метри, но математиката на приходите кои веќе ги имав оваа година покажуваат дека е исплатливо. Затоа што еден корен во првата година дава најмалку 400 грама, што значи дека од еден столб би требало да се наберат 12,8 килограми јагоди, што се околу три тона од пластеник. Иако цената на стартот на бербите достигнува и по 180 денари, со просек по 100 денари од еден столб се добиваат 1.280 денари. Ова значи дека од целиот пластеник приходот првата година е околу 5.000 евра, колку и целата инвестиција. Но натаму веќе нема толку големи инвестиции. Втората година родот се зголемува на 600 грама од корен, односно 4,6 тона од пластеник, што се чисти 7.500 евра заработка - вели Иванова. Едно семејство со ангажираност само на двајца члена можат да сработат два пластеници од 320 квадратни метри. Работа во пластениците со јагоди има околу 10 месеци во просек по 4 часа на ден. Ова сведено на месечна плата во просек изнесува 440 евра вклучувајќи ги и двата неработни месеци од годината како платен одмор, иако работниот ден е со скратено работно време.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=94282&EditionID=1450

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ГЛАДНИ ЗА НОВИ ИДЕИ

Експанзија на производство на јагоди во саксии

Експресно се шири производството на јагоди под пластеници во земјава. За само четири месеци, 35 семејства почнаа со производство, а уште стотина најавуваат почнување на овој бизнис од следната сезона. По појавувањето на Дивна Иванова, првиот производител на јагоди во саксии, во емисијата „Фармер“ на телевизија А1, повеќе од 300 семејства се заинтересираа да почнат со ваков начин на одгледување јагоди и формирано е здружението „Македонска јагода“ за чиј претседател е избрана Иванова. - Планираме новоформираното здружение на производители на јагоди да се шири и да има и регионални здруженија и сите организирано да настапуваме и да можеме да понудиме количества за извоз бидејќи трговците веќе се интересираат, но, главно, бараат поголеми количества за да ги наполнат шлеперите за извоз - вели Иванова. Многумина во одгледувањето јагоди под пластеници препознаа добар семеен агробизнис. Првите берби се за неколку месеци од инвестирањето, а вложените пари се враќаат уште во првата година. - Сметам дека не треба да имаме страв за пласманот бидејќи ако имаме квалитет, јагодите сами ќе се продаваат. За продажбата многу ќе помогне и ваквиот начин на здружување, а преку здружението понатаму ќе вршиме и групна набавка на сите репроматеријали и со тоа уште повеќе ќе си ги зголемиме приходите - вели Милојко Ангеловски, производител на јагоди од Крива Паланка. Досега се засадени 300.000 садници од кои се очекува годишно производство на 100 до 120 тони јагоди под пластениците. За поголем развој и за помасовно ширење на производството, земјоделците очекуваат од следната година да бидат вклучени во програмата за поделба на субвенциите, што на државата ќе и се врати преку зголемен извоз на македонските јагоди.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=102457&EditionID=1554

Кризата и економските турбуленции во нашата земја создадоа огромен број работници што се технолошки вишок. Па, тие што имаат и мала површина земја егзистенцијата ја пронајдоа во производство на јагоди. Ако се земе предвид фактот дека во Македонија доминираат парцели со површина од 1.000, 2.000 до 5.000 квадратни метри, ретко 10.000 квадратни метри, јагодата како овошка со скромни биолошки барања, високи приноси од единица површина, со добра цена на пазарот, е идеална за овие површини, вели, доц. д-р Бојан Попов-ски, од Факултетот за земјо-делски култури и храна
Производството на јагоди може да биде исплатлив агробизнис. Искуствата од терен покажуваат дека вло-жените пари брзо враќаат.
- Јагодата е единствена овошна култура што веднаш дава плодови, уште во првата година по садењето, притоа е многу важен периодот на садење. Задолжително треба да се сади во втората декада на август. На тој начин во тековната година се формираат цветни пупки и се добиваат високи и квалитетни приноси во пролетта наредната година. Ако површината е добро подготвена и ако објектите се навреме подигнати, и ако се употреби квалитетен саден материЈал, инвестицијата ке се врати уште во првата година и ќе се оствари соодветна заработка - вели Поповски.
Последниве две години интересот за производство на јагоди уште повеќе се зго-леми, со новиот тренд на производство на јагоди во саксии, под пластеници. Со овој начин на производство јагодите созреваат порано, поради што постигнуваат   
 повисока цена на пазарите. Но, овој начин на производство на јагоди со себе носи и низа специфичности на кои треба да внимаваат земјоделците. Важно е да се заварди рокот за садење, да се внимава при изборот на саден материјал, од што зависи квалитетот на родот. Кон средината на јуни треба да се почне со подготовка за садење на јагодите во саксии. Во овој период треба да се набави садниот материјал, тресетот и саксиите од стиропор и веќе на почетокот на август да се почне со садење за да може да се стигне есенската берба во октомври.
- Потребно е добро да се познава ова производство на јагоди, како и карактери-стиките на сортите. Во спро-тивно, може да настанат големи штети и уништување на насадите. Јагодата како овошка нуди многу начини на производство и овој начин под пластеници може да биде во саксии, вертикално, хоризонтално, со или без за-топлување и други комбинации. Важно е да се обезбеди висококвалитетен саден ма-теријал со сертификат, навреме да се подготват површините и да се спроведат сите агротехнички мерки. Технологијата на производство може за неколку години успешно да се совлада. А, новите производители не се сами, имаат поддршка од науката и од практиката. Секако, би го споменал тука и здружението на производители на јагоди „Македонска јагода", како и катедрата на Факултетот за земјоделски науки и храна. Секој производител може да побара совет како да ја усоврши тех-нологијата на производство на јагоди под пластеници објаснува, Поповски.
Многумина во производството на јагоди под пла-стеници препознаа добар семеен агробизнис. Податоците покажуваат дека досега повеќе од 50 семејства се самовработија, засадени се околу 600.000 садници, а интересот не запира.
Македонија има услови за производство на јагоди, дури и странските експерти советуваа да се искористат позитивните климатски ус-лови и да се прошири произ-водството на јагоди бидејќи станува збор за исплатлив семеен агробизнис.
ДИВНА ИВАНОВА ПРВИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ЈАГОДИ ВО САКСИИ

Дивна Иванова од Кочанско е првиот сериозен производител на јагоди во саксии од стиропор, наредени вертикално. Со овој семеен бизнис почнала во 2007 година, а претходно се занимавала исклучително со градинарство.
- Почнав со производство на јагоди бидејќи, реално, работата е полесна, за разлика од градинарството. Јас почнав со 24 илјади садници во саксии сместени на површина од еден и пол декар. За сите што сакаат да се занимаваат со ова, од искуство препорачувам да почнат со помалку корења, околу четири илјади, а тоа значи со околу илјада саксии, бидејќи во една саксија успеваат четири корења - вели Иванова.
За квалитетно производство на јагоди е потребна голема едукација, посочува Дивна. Таа се едуцирала преку списанија, во соработка со Министерството за земјоделство и со проф. Бојан Пoповски од Факултетот за земјоделски науки и храна. Исто така, искуствата од соседството, особено од српските производители на јагоди, кои се лидери на балканот за вертикално производство на јагоди под пластеници.
- Ова зборува за фактот дека нашето поднебје одговара за овој семеен агробизнис и токму затоа сето мое ангажирање не е само за лично усовршување, туку имам желба производството на јагоди во саксии да стане препознатливо производство и во Македонија За само една година откако го промовиравме производството, тоа стана вистински хит мегу земјоделците - додава Дивна.
Засега таа е задоволна од овој бизнис, па затоа годинава го проширила производството и инвестирала во уште во три илјади саксии, со вкупно 12 илјади корења. Што значи дека нејзиниот производство оди во нагорна линија и сега во нејзините пластеници има 36 илјади садници.

Време -  Марија Кимовска - 28.12.2009

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 04-Jan-2010 at 20:31
Во програмата за инвестиција или како сега популарно се вика бизнис план се објаснуваат во детали два дела а третиот и најважниот само  се прелетува.Првиот дел е технологијата на работењето,вториот се занимава со економските категории рентабилност,продуктивност и економичност.Овие категории исто така се разработуваат во детали и со нив се укажува на оправданоста на инвестицијата.Есега третиот дел е ПАЗАРОТ .
Пазарот е широк поим и има повече видови на пазар од локален ,регионални,берзи,затворен тип отворен ,сезонски идр.Флуктацијата на побарувачката е многу непредвидлива во земјоделието особено ако не се произведува по стандарди и за определени познзти купувачи.Обртот на производството е помало од единица(се произведува во една а се реализира во друга година)За да земјоделецот инвистира навистина мора да биде многу сигурен пред се за пласманот,затоа што тех.на работенето се совладува ,правењето објекти исто така ,но на пазарот нашите земјоделци се слабо организирани или никако организирани.Генерално кажано нашиот пазар може да се рече е ЛОКАЛЕН,слаб да апсорбира се што ние произведуваме.Но за тоа другпад.Како и да е мора да се ризикува и нвестира за дасе оформат нови работни места,борбата на пазарот ше ги издигне најупорните.подобро така иначе следи фамилијарен банкрот ,но оние кои че успеат че имаат добар буѓет
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 06-Jan-2010 at 13:49

јагодата никогаш не се фрла во најмала рака вишокот завршува во конзервна индустрија за слатко или компот! 

сепак мора квалитетно истемпиран пласман, а тоа со компјутериве денес и не е некој особен проблем, битно е да имаш воспостаео комуникација а другото само ќе си дојде!

она што е речиси најтурбо фактор кај саксискиве јагоди особено тие вертикално поставените е тоа што болестите поретко ги напаѓаат, што не е случај и со нивското производство! најидеално за борба со болестите и штетниците е да се оди на саксиско но висечко одгледување односно воопшто да немаат допира саксиите со земја, во тој случај и така големиот принос кај саксиските јагоди се  осигурува целосно од болести, ова е особено погодно за органското одгледување на јагоди http://www.agrokonsalting-pro.com.mk/index.php?option=com_rokdownloads&view=file&task=download&id=6%3A--&Itemid=12&lang=mk

кај нивските насади мора редовно јагодите да се штитат од коров, односно да се плеват, да се чистат трапоите од треви кои ги гушат и допринесуваат за болести кај насадите, освен ако ова не е решено со систем капка по капка! како и да е и во која и комбинација да оди ова производство нема зијан! Од еден корен пола кило италијански сорти на јагоди http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=4517 

~

еве и нешто дополнително инфо

http://scindeks.nb.rs/SearchResults.aspx?query=ARTAK%26and%26jagode&page=0&sort=1&stype=0

http://www.ffrm.org.mk/index.php?searchword=%D1%98%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8&option=com_search&Itemid=5

http://www.gardenaction.co.uk/fruit_veg_diary/fruit_veg_mini_project_february_2_strawberry.asp

http://www.biostim.com.au/pdf/Green-house.pdf

http://smallfruits.psu.edu/?q=node/2

http://www.omafra.gov.on.ca/english/crops/facts/straw_fert.htm

http://www.ces.uga.edu/Agriculture/agecon/budgets/printed/strawpub.pdf

http://smallfarms.ifas.ufl.edu/crops/vegetables/strawberry.html

http://arec.oregonstate.edu/oaeb/files/pdf/EM8462.pdf




Edited by pbanks - 24-Jan-2013 at 10:16
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 10-Apr-2010 at 14:10
РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Отворен деловен центар

Во Струмица е отворен деловен центар за развој на аграрот, проект што го спроведува локалниот деловен инкубатор со финансиска поддршка на Холандската агенција за развој. Целта на деловниот центарот е да им помага на индивидуалните земјоделски производители, трговците, преработувачите на зеленчук и на овошје и на другите субјекти од земјоделскиот сектор за полесно да ги решаваат секојдневните проблеми.
- Во понудата на центарот се разновидни услуги и обуки од областа на земјоделството и се што е директно или индиректно поврзано со оваа стопанска област, информации од програмите на ИПАРД, отворање веб-портал за цените на одредени земјоделски производи. Идејата за неговото отворање потекна од деловниот инкубатор во Струмица - истакнаа од Холандската агенција за развој.
Центарот ќе се фокусира врз развојот на услужните дејности во земјоделството. За таа цел е изработена програма наменета за индивидуалните земјоделци. Се очекува подобрување на квалитетот, квантитетот и на асортиманот на земјоделското производството, како и зголемување на отвореноста на информациите наменети за партнерите.
Деловниот центар за развој на земјоделството во Струмица е прв од ваков вид во Македонија и ќе биде отворен за соработка со сите учесници од регионот

 
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 06-Jul-2011 at 20:17








...


Edited by Max - 26-Sep-2015 at 17:35
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.