build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Базни станици и електромагнетно "загадување"

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Базни станици и електромагнетно "загадување"
    Posted: 10-Dec-2008 at 13:15
Ќе ја почнам нишкава со еден неодамнешен тект околу овој, наводно, проблем со кои се соочуваат некои наши сограѓани. Накратко ќе пренесам само неколку вестти од ндневниот печат во последнава година и плус уште некој напис од релеватни исктитуции. Ќе се обидам да го доловам проблемот без многу да ве малтретирам во вести од пред повеќе години. Повелете......

Влијанието на мобилните телефони врз здравјето



Автор:  Проф. д-р Нада Поп-Јорданова

Во последниве децении комуникацијата речиси не е можна без користење на мобилните телефони. Оваа алатка стана толку модерна што дури и децата од основните училишта не се без неа. Досега се проценува дека над 1,5 милијарда луѓе во светот се корисници на мобилни телефони. Нивното користење е толку раширено што стана објект на истражување за можните штетни последици по човековото здравје, особено тргнувајќи од фактот што ова технолошко достигнување го има за основа користењето на електромагнетните бранови.

Имено, ефектите на артефициелните (man-made) електромагнетни бранови врз живите организми може најшироко да се поделат во две категории:

- термални ефекти (деструктивни ефекти на топлината).

- нетермални ефекти што предизвикуваат покачување на температурата под границата на нормалните флуктуации на организмот (некои ги нарекуваат меки полиња).

Нема никакво сомневање за штетните ефекти на термалните дејствувања, зашто постојат јасни докази за дејствувањето на микробрановите на хромозомски материјал кај животните. Од друга страна, нетермалните ефекти предизвикуваат многу контроверзии и претставуваат голем научен предизвик. Во таа смисла е добиениот проект во ФП6 на Европската програма за развој во кој Педијатрискиот психофизиолошки оддел им е соработник на Електротехничкиот факултет и други странски институции што ќе работат на ова поле. Од досега познатите резултати за влијанието на електромагнетните бранови се знае следното:

1) Нискофреквентното магнетно поле има влијание на хуманата ЕЕГ-активност (во траење на изложеноста од само 20 минути).

2) Бритиш медикал журнал (2005) објавува резултати од истражување на универзитетот „Оксфорд“ дека 9.700 случаи на леукемија кај децата под 15 години во Велика Британија се поврзуваат со близината на живеење со високоволтажни водови. Овој тим смета дека ризикот за појавување на леукемија е над 70 проценти ако живеалиштата се под 200 метри далечина од далноводите. Иако леукемијата може да биде поврзана со ДНК-промени уште пред раѓањето, оваа студија укажува на можните ризици за малигна болест во зависност од околинските фактори.

3) Во октомври 2004-та Институтот за Енвиронментал Медицине од Стокхолм на Каролинскаја болница објавува 150 случаи на неврином (бениген тумор на акустичниот нерв), кои ги поврзуваат со интензивното користење мобилни телефони во последните десет години. Инаку овој вид тумор е извонредно редок (1: 1.000.000 луѓе) и вака зачестеното јавување било невообичаено.

4) Во моментов тим составен од научници од 13 земји под раководство на Светската здравствена организација работи на студија што треба да одговори на прашањето за влијанието на мобилните телефони врз појавувањето на многу специфични видови тумори како кранијални глиоми и менингеоми, тумори на акустичните нерви (невриноми), на паротидите и саливарните жлезди и лимфното ткиво (лимфоми).

5) Студија на Националниот институт за работа, Улме, Шведска (2003), објавува резултати од интервјуа на луѓе што живеат близу базните станици за мобилната телефонија, ТВ и електронски надгледни системи во кои најмногу рапортирани симптоми биле тешкотии во концентрирањето, главоболки и замор.

Врз база на собраните податоци во 2005 година, СЗО на својата веб-страница објавува статија под наслов: Електромагнетното поле и здравјето: мобилните телефони и базните станици.

Во студијата се укажува на масовното користење на мобилните телефони во светот (над 1.6 милијарда во 2005-та), што наложило поставување базни станици (над 20.000 во Велика Британија, 82.000 во САД итн.). Фреквенциите на современите мобилни телефони се помеѓу 800-1800 Хз, значи спаѓаат на нејонизантните зраци. Базните станици што овозможуваат користење на мобилните телефони се поставуваат 15-20 метри над земјата и емитираат моќност од 100 вати и повеќе, што се протега хоризонтално на поставените антени.

Електромагнетните зраци пенетрираат во експонираното ткиво во зависност од фреквенцијата, а за мобилните телефони тоа изнесува околу 1 см. Енергијата апсорбирана од телото се претвора во топлина. Досега не се покажани штетни ефекти од оваа топлина. Меѓутоа, СЗО врз основа на објавените сознанија укажува на следното:

- Мобилните телефони предизвикуваат промени во мозочната активност, реакционото време и ритамот на спиење.

- Постои зголемен ризик од сообраќајни несреќи кога се користат мобилни телефони.

- Кога мобилните телефони се блиску до медицински направи (пејсмејкер, дефибрилатори, слушни помагала) тие предизвикуваат интерференција. Постои интерференција на мобилните телефони со електрониката во авионите.

- Нема сигурни докази дека мобилните телефони предизвикуваат канцер; нејасни се и објавените студии во 1997 година за поврзаноста со лимфоми

За понатамошни сознанија, заклучува извештајот, неопходни се студии, кои се во тек.

Нашиот тим како примарна ја има задачата да го испита влијанието на електромагнетните бранови емитирани од разните видови мобилни телефони, како и од преносните станици врз работата на мозокот на децата; поточно, влијанието на промените на ЕЕГ-спектарот, а со тоа на когнитивните функции. Се надеваме дека во скоро време ќе ? ги соопштиме на научната јавност нашите наоди.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=228&ArticleID=10832



Edited by lslcrew - 10-Dec-2008 at 13:57
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Dec-2008 at 13:17
28.01.2008
Мобилните оператори без 309 базни станици

Градежната инспекција донела одлука да отстрани 309 базни станици на мобилните оператори во земјава. Се работи за 114 базни станици на Т-мобиле, 138 на Космофон и 57 на ВИП, за кои мобилните оператори немале одобрение за поставување. Ова, според градежната инспекција било одлучено за да се направи ред.
Бројката на базни станици кои ќе бидат отстранети преставува една третина од вкупниот број станици на секоја од компаниите. Компаниите веќе доставиле жалби на оваа долука до второстепената комисија. Според информациите Т-мобиле бил во постапка за добивање дозвола за поставување на базните станици.

http://www.novamakedonija.com.mk/star/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=922&ArticleID=48441

25.01.2008

309 антенски столбови на Т-мобајл, Космофон и Вип ќе бидат урнати. Градежната инспекција донела решение за нивно отстранување оти не поседувале одобрение. Инспекцијата наложила да се отстранат 114 базни станици на Т-мобајл, 138 на Космофон и 57 на Вип. Ова е речиси повеќе од една третина од антените на секоја од компаниите. Последниот оператор Вип досега успеал да обезбеди дозвола само за една станица, велат од инспекторатот.

 

“Не е тенденција да се направи молк во Македонија, туку да се направи ред, да се престане со незаконското поставување на мрежи“, вели директорката на градежен инспекторат, Жаклина Ангеловска.

 

Операторите до второстепената комисија веќе доставиле жалби на решенијата. Речиси сите делат заеднички став. Велат, сите активности и интереси ги остваруваме според применливите законски и подзаконски прописи. Од Т-мобајл потенцираат и дека компанијата е во постапка за добивање дозволи.

Градежната инспекција два месеци ја скенираше состојбата на терен со базните станици. Досега е покриена 80 отсто од територијата, без Скопје поради што се очекува  бројот на решенијата за уривање на антените да биде многу поголем.

www.kanal5.com.mk

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Dec-2008 at 13:18
18.02.2008
И Wimax операторите имаа проблем со базните станици


Не само во Македонија, мобилните оператори поставуваат базни станици уште пред да ја обезбедат потребната документација. На таков проблем се пожалија и Бугарите, според кои, големи се бирократски пречки при обезбедување на потребната документација за поставување на инфраструктура. Овој проблем кај нас веќе неколку години го посочуваат мобилните оператори, а неодамна со уривање на нелегалните базни станици им се заканија и од Државниот инспекторат за градежништво.

Слична пречка очекуваат да имаат и носителите на Wimax лиценците што допрва почнуваат со работа. Компаниите Некском и Америком кои ги добија двете национални Wimax лиценци, посочуваат дека засега не се соочени со проблеми од таков обем за да можат да изнесат слични критики бидејќи се уште се во фаза на договарање и преговарање за формирање на локациите за мрежата што треба да ја постават на целата територија на земјава.

Од двете компании нагласиле дека реакциите во јавноста околу проблемот со штетноста на јонизирачкото зрачење што го емитуваат базните станици им прави мали проблеми во Скопје околу обезбедување на согласности од куќните совети. Но, не ја исклучуваат можноста, како и мобилните оператори, тешко да добиваат одобренија за базните станици во руралните средини.

Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека Некском веќе има поставено неколку базни станици во скопската населба Јане Сандански, а во центарот на Скопје има ставено три-четири и компанијата Америком. Од Некском најавуваат амбициозен план според кој сакаат за неколку месеци да станат втор вистински фиксен оператор во Македонија, кој освен фиксна телефонија ќе нуди широк спектар и на други услуги. Својот оптимизам го базираат на тоа дека зад нив стои голема компанија која има сериозни намери во старт да вложи 10 милиони евра, да вработи висококвалитетент кадар и да отпочне со агресивен и атрактивен маркетинг.

Од регулаторното тело очекуваат воведувањето на Wimax во Македонија да биде успешен од кој придобивка би имале сите корисници на телекомуникациски услуги затоа што би плаќале многу помалку.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9DA4DAE999A2F04893C08A1A1F4BC5E6


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Dec-2008 at 13:19
22.2.2008
Уривање им се заканува на нови 100 диви базни станици на мобилните оператори
Државниот%20инспекторат%20ја%20“прочешла“%20состојбата%20со%20антените%20во%20Скопје
Официјалната бројка на нелегални базни станици на трите мобилни оператори во Македонија, на кои им се заканува дека ќе бидат урнати, се искачи на 400, откако Државниот инспекторт за градежништво ја “прочешла“ и состојбата со антените на територијата на Скопје. Градежната инспекција на територија на главниот град регистрирала уште 100 станици без соодветна документација. Постапката од пред еден месец кога градежниот инспекторат покрена решение за уривање на 309 антенски столбови, се уште е во тек, поради жалбите од Т-мобиле, Космофон и Вип до второстепената комисија, велат од градежниот инспекторат. Од таму додаваат дека во меѓувреме операторите превземале чекори во однос на вадење документи за базните станици, но се уште станува збор за легализирање на мал дел од нив. Разрешницата на состојбата со базните станици на мобилните оператори се очекува во наредните два месеци, кога треба да заврши целата жалбена процедура и да се утврди постапка за распишување тендер за уривање.
Минатиот месец градежната инспекција наложи да се отстранат 114 базни станици на Т-мобиле, 138 на Космофон и 57 на операторот Вип. Тогаш не беше истражено колку мобилните оператори имаат градежни дозволи за антенските столбови на подрачјето на Скопје.

http://www.novamakedonija.com.mk/star/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=942&ArticleID=49915

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Dec-2008 at 13:20

Базните станици се нисконапонски радио примо-предаватели со антени кои ги примаат и пренесуваат сигналите од мобилните телефони.

Антените кои се користат во мобилната телефонија се насочени – зрачат во точно одредена насока. Веќе на неколку метри оддалеченост од антената вредностите на електромагнетоното поле се многу мали, дури и во главната насока на зрачењето (во сите останати насоки, посебно надолу, зрачењето е занемарливо)

Базните станици на T-Mobile заедно со целокупната придружна опрема се тестира и пушта во работа во согласност со сите позитивни законски прописи важечки во Република Македонија како и согласно меѓународните стандарди и барања за овој тип на технологија. T-Mobile од прозиводителите на опрема добива сертификати кои покажуваат дека базните станици ги исполнуваат сигурносните барања на ICNIRP (одговараат на цела низа стандарди за сигурност  на производот и електромагнетна компатибилност) како и употребни дозволи кои се издаваат од Министерството за транспорт и врски.

За воспоставување на квалитетна мобилна комуникациаја потребно е базните станици да бидат поставени доволно блиску една од друга и во доволен број за да можат да ги прифатат сите повици. Тоа подразбира поставување на базни станици онаму каде што луѓето живеат и работат т.е. онаму каде што ним им се потребни. Доколку базните станици се во поголем број и погусто распоредени, тогаш зрачат со помала моќност бидејќи покриваат помал простор што значи и помало електромагнетно зрачење. Исто така и моќноста со која зрачи мобилниот телефон се менува со покриеноста на одредено подрачје, подобра покриеност значи дека мобилниот телефон емитува помала моќност и помало електромагнетното зрачење.

Од досегашните мерења извршени од Институтот за превентивна медицина при Воената болница во Скопје кој е овластено за таков тип на мерења, на 52 мерни точки во близина на базни станици на T-Mobile во Македонија, е утврдено дека базните станици на T-Mobile ги задоволуваат сите законски прописи за заштита од електромагнетни полиња кои се на сила во Р. Македнонија.

www.t-mobile.com.mk

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Dec-2008 at 13:25
Еден македонски еколошки портал, EKO-net, еднаш веќе упати едно барање....

БАРАЊЕ за привремена забрана за поставување на базни станици за GSM

За влијанието на базните станици врз човековото здравје може подетално да се запознаете од приложената Збирка на научни истражувања и извештаи, направени од независни институции и тела. Од нив може да се заклучи постоење на сериозни индикации дека кај луѓето во непосредна близина на базните станици се зголемуваат здравствените пореметувања (главоболка, несоница, краткотрајно губење на меморијата и сл.). Посебно, кај помладата генерација се забележани пречки во невролошкиот и образовниот развој, а во последно време и зголемен број на канцерогени болести. Поради тоа, веќе се покренати и бројни судски постапки за материјален надомест поради нарушеното здравје на поединци и групи.

ДО ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ за привремена забрана за поставување на базни станици за мобилна телефонија ( GSM) над или до образовни и станбени објекти
Почитувани,
 Како што знаете, со с# поголемата експанзија на мобилната теле¬фо¬нија, во последниве години се зголемува и притисокот за поставување на баз¬ни станици над или до образовните, станбените и работните објекти во кои подолго време престојуваат голем број луѓе. Паралелно со тоа се водат и науч¬ни расправи и се прават стручно-научни истражувања за влијанието на базните станици врз здравјето на луѓето, особено на помладите.
Дефинитивни резултати од тие истражувања сe уште нема, но тие глав¬но можат да се сместат во две групи:
•    резултати добиени од истражувањата направени по нарачка на мобил¬ните оператори, и
•    резултати добиени од истражувањата на независни стручно-научни институции и компетентни поединци.
За влијанието на базните станици врз човековото здравје може по¬де¬тал¬но да се запознаете од приложената Збирка на научни истражувања и из¬вештаи, направени од независни институции и тела. Од нив може да се за¬клу¬чи постоење на сериозни индикации дека кај луѓето во непосредна бли¬зи¬на на базните станици се зголемуваат здравствените пореметувања (главо¬бо묬ка, несоница, краткотрајно губење на меморијата и сл.). Посебно, кај по¬млବ¬дата генерација се забележани пречки во невролошкиот и образовниот раз¬вој, а во последно време и зголемен број на канцерогени болести. Поради тоа, веќе се покренати и бројни судски постапки за материјален надомест поради нарушеното здравје на поединци и групи.
Врз основа на направените истражувања, независните институции и ек¬сперти препорачуваат: Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачки зра¬чења да ги преиспита своите стан¬дарди во врска со максимално дозво¬ле¬ни¬те зрачења, особено за образовните, станбените и работните квартови и објекти.
Бидејќи проблемот со базните станици е од понов датум, за донесување на дефинитивен заклучок за обемот на нивното влијание врз човекото здрав¬је е пот¬реб¬но долгогодишно систематско истражување. Во таа смисла, треба да се пот¬се¬ти¬ме дека, пред неколку години, врз основа на соодветни истра¬жу¬ва¬ња беа донесени забрана за употреба и одлука за отстранување на радио¬ак¬тивните громобрани.
Земајќи го во предвед сето напред изнесено, како и резултатите од стручно-научните истражувања презентирани во приложената Збирка,

предлагаме да се донесе привремена забрана
за поставување на базни станици за мобилна телефонија ( GSM) над или до образовни и станбени објекти, а таму каде се веќе поставени, под итно да се испита можноста за нивна дислокација, како и да се превземат строги мерки за заштита на човековото здравје од нејонизирачко зрачење.
Е.Д. ЕКОМИСИЈА - СКОПЈЕ
П р е т с е д а т е л , Петар Бошевски
Скопје, 12.01.2006 г.
ПРИЛОЗИ:
- Збирка на научни истражувања и из¬вештаи за влијанијата на базните станици, направени од независни институции и тела
-Ова Барање е поддржано со печат и потпис на Движењето на екологистите на Македонија
-Мислење од Македонската академија на науките и уметностите бр. 02-1299/2 oд 15.12.2005 г. -Мислење од ЈЗО Републички завод за здравствена заштита бр. 09-4922/2 од 10.01.2006 г.




Edited by lslcrew - 10-Dec-2008 at 13:25
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Sep-2009 at 17:17

Електромагнетно загадување

Постојат бројни дебати околу влијанието на електричните апарати врз нашето здравје и животната средина. Додека едни научници велат дека нема цврсти докази дека мобилниот телефон може да Ви наштети, други тврдат дека ваквите апарати го разградуваат Вашето здравје и се одговорни за најразлични состојби, како заморот и агресијата.

Силното електромагнетно поле (EMF) од 50 до 60 Hz (херци) и поврзаната електромагнетна радијација (EMR) се особено штетни за нас. Долготo изложување ги зголемува веќе постоечките здраствени проблеми и предизвикува чувство на замор, раздразливост, агресија, хиперактивност, пореметување на сонот и емоционална нестабилност. Сѐ повеќе поединецот станува чувствителен на ова зрачење и тврди дека го чувствува присуство на EMR полето. 
EMR постои околу електричните инсталации, апарати, секако кај некои апарати тоа е посилно. Особено се опасни мобилните телефони, телевизорите, CRT мониторите... Избегнете го тоа поле бидејќи неговиот распон е од неколку метри. Особено внимавајте во текот на ноќта бидејќи тогаш пиналната жлезда е особено активна. Спијте во темница, не пред телевизор, затоа што така го стимулирате имунитетниот систем да произведува мелатонин.
Исклучете ги сите апарати додека спиете. Оддалечете го вашиот кревет од електричните инсталации поставени во ѕидовите. Кај телевизорите постојат и штетни Х зраци кој се лоцирани пред телевизорот, на две до три должини од дијагоналата на екранот, мониторот создава повеќе EMR бочно, затоа користете трослојни филтери за мониторот.

Електричните апарати ги користиме од Втората светска војна и на секои четири години електромагнетното поле (EMF) кое нѐ опкружува се зголемува за четири пати. До денес EMF е зголемено за околу 100 пати.
Значајно е да ги заземјите сите метални делови од станот, креветот, прозорците и друго. Опасно е и не е здраво да го прикачите електричното заземјување на водоводната инсталација.
За жал, сѐ почесто околу нас се емитираат микробранови. Колку е пократка должината, толку е поголемо зрачењето на енергија.
Микробрановите ги уништуваат клетките и влијаат на менувањето на процесите во нив. Денес сме ја контаминирале природата со неколку милијарди пати поголемо микробраново зрачење одколку природното . Законите го ограничуваат само загревачкиот ефект над човечкото тело, додека останатото озрачување не е дефинирано.

Ајде да видиме како биолошкиот систем функционира, првенствено клетките во телото. Сите индивидуални животни функции се заклучени во ДНК. Основната градба на ДНК е иста кај сите видови организми, со исклучок на некои вируси. Молекулот на ДНК е изграден од две полинуклеотидни низи, специфично извиени во двојна спирала. Секоја низа е полимер од мономерни единици-нуклеотиди. Основна структурна единица на ДНК претставува нуклеотидот. ДНК е материјален носител на информацијата. Животот на клетките не би можел да се одржува доколку информацијата биде изгубена или неможе да се копира или испрати. 
Копирањето на ДНК во телото не е случајна работа, потребен е надворешен двигател. Обично како двигател се јавува некое хемиско соединение или електромагнетно поле. Вo процесот на копирање на келиите ДНК молекулот ротира на секои 1/1000 секунди и тогаш електричното празнење се одвива помеѓу опфатените делови на молекулот. Тие процеси се проследени со електромагнетно празнење.
Сите живи суштества користат електромагнетно поле и бранови со фрекфенција од 0 Hz до 25 Hz кај мозокот кој спие и гигахерци кај произведувањето светло во организмот. Организмите не користат штетни ниски бранови бидејќи ги уништуваат клетките.
Во Универзитетот Heidelberg University откриле дека растенијата имаат едноставни – прости емоции и едноставен – прост нервен систем. Хемиското соединение кое е нестабилно, кај растенијата е слично на неуротрансмитерот на нашиот мозок! Оваа хемикалија издава наредби за мирување, фотосинтеза, отфрлање на лисја и сл.
Многу научници сѐ уште тврдат дека микробрановите не се опасни, но и има и сѐ повеќе такви кои го тврдат и чувствуваат спротивното. Нашата планета, односно природа, има своја Шуманова фрекфенција од 7,8 Hz и секоја клетка во секој жив организам ја употребува како референтен систем. Човекот емитува од 7 до 9 Hz. Кога сме здрави и ментално стабилни емитираме 7,9 Hz. Замислете го човекот во средина каде што реферетниот систем, односно системот за поредување е загаден. Тоа значи труење и токму на тоа се изложуваме. 

Светската здравствена организација (World Health Organization) објави податоци дека многу ниските фрекфенции се опасни по животната средина и еднакви на труење со жива и кадмиум.
Покрај природните електромагнетни бранови, брановите кои ги произведува човекот се милијарда пати посилни со една правилна фрекфенција, поларизирани и модулирани. Сето тоа наведува на попречување на билошките системи.
Спред тврдењата на поборниците за зачувување на животната средина има повеќе случаи на уништени биосредини од EMR, како што се шумски подрачја во северна Канада, од радарите поставени да ги набљудуваат советските авиони, дабовата шума во северна Виена, шумата кај франкфуртскиот аеродром... За овие случаи, според нив, владее молк затоа што ќе треба да се плаќаат големи отштети. На 30–ти март, 1987, во Германија е испратен допис до министерствата за телекомуникации, живтна средина и нуклеарна безбедност за разгледување на ова прашање. Постојат и тврдења дека руските радари уништувале растенија на одалечени на соседни острови, а токму тие фрекфенции ги презела и војската на САД како најефикасни за радарите.
Особено чувајте се од високонапонските водови, предавателите на мобилната телефонија и мобилните телефони, радарите, сателитски антени, телевизори, фрижидери, музички системи или радиочасовници. Не спијте близу до нив.
ШТО ДА СТОРАМ?

Направи здрав простор во станот. Престојувај што повеќе во природа.


www.energetika.com.mk/evesnik/e-vesnik9.pdf




Edited by Max - 27-Sep-2009 at 17:21
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Oct-2009 at 02:14


Originally posted by Vladimir P

Max, зборуваме за наука или за нешто практично, евтино, брзо. Иначе ако сакаш да се заштитиш од ел.маг. зрачење одма прво фрли го твоето PC, мобилен, ТВ, радио ..... и сите можни апарати што ди се на дофат на на рака Ohno

конечно да ми се обрати некој како Мах сите мислат дека сум макс види проблем се повеќе да речеме далноводите, исто извори на ниски фреквенции или антенски столбови, а и компјутерите не се за опуштање, во секој случај најдобро е човек да си земе мерка со гаусметар па да биде на сигурно што и како ќе превземе!

сепак надворешно ваквиот алуминиумски или бакарен кров и премногу нема да ги спречи UV или EM брановите да продрат во куќата со оглед дека истите не паѓаат само вертикално, тие се шират во сите правци, па може да навлезат преку ѕидовите, евентуално ваквите покриви би можело да има поефикасен ефект доколку над самата куќа поминуваат кабли од далновод !?! (упатените ако може нека фрлат одговор, но да не ја развлекуваме оваа тема тука, најдобро е во нишката што ја посочив!)  

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Oct-2009 at 02:23
Па брановите не се некоја материјална честица, иако од неупатени такак некако се замислува. Ширењето е во сите правци но многу специфично. Ваквите покриви се некоја голема еквипотенцијална површина и не е некој голем браник за вакви зрачења освен што врши некое разбивање на брановите. Може би добра финта би било да се заземји па да има функција на делумен фарадеев кафез, само што во тој случај може да го маргинализира громобранот во својата функција во некоја мера. Односно не да го маргинализира туку да го замени во некои подрачја од кровот. Во секој случај магнетното зрачење опаќа квадратно со зголемувањето на далечината од изворите на зрачење па така всушност базните станици и другите околни антени се минорни во зрачењето во споредба со еден мобилен телефон кој е на едноцифрен број метри од нас или па цел ден во џеб или па целата опрема по домовите, а да не праиме муабет за микробрановите печки или некои слични уреди извори на зрачење што ни се буквално кревет како компјутер или вифи-антени.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Oct-2009 at 02:31
А инаку да објаснам за базните станици и финтата на кучќните совети што млатат пари од мобилните оператори наводно под закрила на идејата дека трпат по нивното здравје. Најголема штета имаат тие од околните згради, а немаат никаков надомест за тоа и покрај тоа што се буквално изложени на диретно зраччење, небаре си ги ставил во микробраова да се печат.

Дома по ѕидовите уште малку им треба да обесат рентгенски снимки место уметнички слики.

Базните станици се т.н. Дипол антени и нивното зрачење е најголемо во хоризнотален правец. Додека вертикално (нагоре и надолу) нема воопшто никакво зрачење.

Еве како изгледа јачината во Вати...


А еве го во децибели [dB]


Така да тој што е диретно под антената всушност не трпи ниаква штета, но комшијата на истиот кат од каршија е во срцето на зрачењето!


Edited by lslcrew - 22-Oct-2009 at 02:36
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Oct-2009 at 03:09

Originally posted by lslcrew

всушност базните станици и другите околни антени се минорни во зрачењето во споредба со еден мобилен телефон кој е на едноцифрен број метри од нас или па цел ден во џеб или па целата опрема по домовите, а да не праиме муабет за микробрановите печки или некои слични уреди извори на зрачење што ни се буквално кревет како компјутер или вифи-антени.

затоа користам дома само жичани уреди, со исклучок на мобилните а и нив избегнувам да ги шетам, дури и компјутерите ми се на свич а не на рутер, единствено што не проветрувам секојдневно, што мислам дека е маст-ду денес по домовите, како би се прочистиле јоните во просторот! а ако направиш фарадеев кафез е тек тогаш е проблем доколку изворот на зрачењето е во самиот дом, тоа би било логично за во подрум, туршијата да ти остане неозрачена шала на страна но доколку некако го изведеш тој експеримент во одреден простор од домот со се' кровот, можеш дополнително да залепиш повисока шипка од куќата, пример на која ќе имаш ветерница, и неа да ја заземјиш дополнително...  

а тоа дека базните станици немаат сила не сум баш сигурен, во зависност од фреквенцијата на брановите, потоа интеракцијата со други извори на зрачење... како и да е, не е мајтап користење на EM опрама во домовите, потребно е бар општо познавање на појавата www.emf-health.com/articles-10tips.htm

Originally posted by lslcrew

Така да тој што е диретно под антената всушност не трпи ниаква штета, но комшијата на истиот кат од каршија е во срцето на зрачењето!

добро ако е така како ловат мобилните сигнал доколк несе шират брановите во сите правци!? а и да е така само првито комшија од карши ќе биде озрачен или и тој по комшија, што би ги запрело брановите да продрат и преку ѕидови?

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Oct-2009 at 03:29
Законите на физиката не ги амнестираат жичаните уреди од штетата по здравјето што ја прават. Немој да мислиш дека си заштитен и дека само антените се извори на зрачење. А фарадеевиот кафез не значи дека ќе го заробиш дома зрачењето и нема да излезе надвор. Зрачењето од жичаните уреди е всушност најголемо во самите уреди пошто во инсталацијата всушност електромагнетното поле од фазата и нулата се анулираат меѓу.

А за базните станици нензнам како поубедливо да звучам. Зрачењето е еако на сликата и нема пореба од "не сум сигурен". Башка незнам зашто ги уфрли фреквенциите во муабетов кога ионак базнит станици зрачат на некои тесни фреквентни опсези некаде на високи фреквенции и кога ќе се погледне од дистанца спектарот исто како да зрачат на иста фреквенција така да воопшто не игра улога фреквенцијата. Па макар и ФМ раио да пуштиме преку базната станица пак исто ќе биде подрачјето на зраччење, однонсо како на сликата. Уште еднаш, зрачењето е во хоризнотала од антената, надоле и нагоре е 0!Нормално евбентуалното зрачење штоо може да се јави под антената е доколку од каршија од спротивната зграда се рефлектира нешто!

Мобилниот лови сигнал од таа базна станица од која добива најдобар прием, односно од таа со која најдобро комуницира. Ако сакаш имај и десет базни станици над глава пак мобилниот ќе си искомуницира со таа на неколку километри со која има најдобра примопредавателна комуникација. Мрежата не инсистира да тоа биде географско најблиската базна станица.


Edited by lslcrew - 22-Oct-2009 at 03:31
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Oct-2009 at 03:53

ок но лсл ништо не е совршено! а особено кога станува збор за нашиов пазар сепак телефон кој има слаб сигнал далеку е поопасен него самите бранови од базнта станица, затоа на планина најдобро е планинарење so исклучен мобилен http://www.rtv.rs/sr/vesti/drustvo/ekologijae/2009_10_07/vest_155480.jsp чујте го интервјуто...

сепак не е да немаат ефект и надоле!?

>>Sektorski - bazna stanica ne "zraci" na dole - pa cak i u pravcu prostiranja talasa vec posle nekoliko metara ne predstavlja bitan hazard za zdravlje.<<

Ovo nije tacno - zavisi od opreme antena koje se upotrebe. Znas i sam da cak i sektorke nemaju savrsen dijagram zracenja, pa neke ipak malo zrace i na dole/gore.

U svakom slucaju - bolje iznad tebe, nego kod komsije, ako je komsija jako blizu, a ako nije, mani se ti toga. Znamo kako se postuju propisi sa EIRP-om kod wireless-a, sumnjam da je kod mobilne telefonije drugacije... http://arhiva.elitesecurity.org/t299501-bazna-stanica-mobilne-telefonije-nad-glavom

Antene koje koriste BSMT mogu zračiti (paralelno sa zemljinom površinom) jednako u svim smerovima ili dominantno u jednom uskom sektoru (npr. širine oko 300)... Antene nisu idealne, pa postoji izvesno zračenje iza i ispod antene... www.foti.co.rs/index.php?option=com_content&view=article&id=90&Itemid=92

инаку и жичаните имаат зрачење нормално, но тие не ми се во џеб или пак пред нос... 


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Oct-2009 at 04:20
Види Макс можеме сега да пуштаме цитати и извадени од контекст изјави на некои форумаши од разни сајтови. Јас се обидувам да пласирам научна вистина и измерени величини, така да не е ова филозофија па да дебатираме субјективно.

За пазарот нема многу битни разлики. Во Македонија е главно иснталирана опрема на Ericsoon базни станици, нешто од Alcatel и има уште нешто ситно од една марка на H почнуваше името не знам точно како е. Од афганистанска опрема нема ништо за разлика како што е случај со мобилните апарати. Тука нема сомнеж и нема простор за слободно толкување. За зрачењето надоле незнам што повеќе да објаснувам, а за изворот ќе ти кажам дека не е релевантен и има една грешка кога кажува дека антена може да зрачи во сите правци подеднакво. Ако типот кој го напишал ова најде или конструира таква антена слободно нека се пријави ќе му дадат нобелова награда. Таква антена се вика хомогена и се користи само на хартија за теоретска споредба и пресметување на перформанси за други антени! А за доминанти правци постојат антени но никогаш неможе да се постигне една антена да зрачи надоле. Може да речеме со некои диск антени, ама сега збориме за базни станици конретно и антени што тука се употребуваат.

А за ова за мобилните со слаб сигнал дека зрачат повеќе немам ништо читано така да неможам да потврдам или демантирам. Ми изгледа логично дека е така и дека мобичлниот апарат се труди да ја усогласи својата јачина со онаа што ја прима без притоа да потроши многу енергија, па одтука да се штелува според приемниот сигнал.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Oct-2009 at 04:40

так нормално опуштено бе лсл, за антените ако примети секаде имам прашалници баш бидејќи нешто сум чул а не сум дочул ништо нема полошо од полуписмен човек кој става само извичници наоколу!   

инаку мислам пишав за првиот линк чујте го интервјуто, има на сајтот аудио запис каде професо баш за зрачењето на базните станици пред се зборува и укажува на тоа дека поголемо зрачење емитуваат мобилнити кога сигналот им е слаб, затоа и го посочив тој линк како прв, а ова цитатите ги фрлив колку доолнително да ја расчитиме евентуално секоја утрешна недореченост, без навреда не ти го оспорувам твојот еснаф, а уште помалку па да ти делам мозок, само гласно расфрлам прашалници, како дополнително би извлекол некоја информација од фиока  

најпојќе ми беше поентата дека човек доколку херметички не се изолира, неможе и ад го избегне зрачењето општо, пример она ако стави бакарен или алуминиумски кров, може во извесен степен да го намали доколку има некој директен извор, но да го спречи целосно не, со оглед дека ѕидовите му се отворени, евентуално да ја покрие цела куќа со алуминиумска или бакарна фолија!, но повторно тука се прозорите кај кои евентуално може да се запре само UV зрачењето а да останат прозирни (бар за сега )

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 07-Feb-2010 at 22:19

туку лсл ајде фрли некој абер во канцеларија имам бум телевизија, бежична фикса линија , бежичен фиксен и јасно мобилен телефон, колку може да стане збор за големо електро загадување, колку зрачење се зголему бидејќи има различни сигнали, и колку е опасно доколку истите имаат слаб сигнал, со оглед дека и баш не ми се поставени модемите и ресиверите на прозор туку се вовлечени внатре ајде на еден метар од мене!?!

http://www.emfnews.org/

лично и физички не се осеќам најдобро откако ги закачив сите овие апаратчиња, но може да е тоас психосоматски ефект, но глава не стега од мислење, туку од зрачење, и јасно недовлно количество на внесен кислород!

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8487
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 07-Feb-2010 at 22:22
Мах, кај работиш што имаш телевизор во канцеларија?
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 07-Feb-2010 at 22:33



http://www.upkh.hr/pages/pkiz/pkiz-ez.html

http://www.compnetworking.about.com/cs/wireless/f/healthhazards.htm

http://www.icnirp.de/documents/RFReview.pdf




Edited by Max - 15-Nov-2011 at 21:35
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Feb-2010 at 23:00
Боом ТВ работи на исти фреквенции како и аналогна и скоро целиот тракт од опрема се корсити истиот со тоа што наместо аналогает доаќа дигител компресиран сигнал од 4 тв дигтални наместо една аналогна. Тоа белото уредче е само декодерот. Безжична фиксна, е мобилен телефон во друго паковање. Бежичен фиксен нема некое големо зрачење и специфично е за овие телефони што користат frequency hopping односно менуваат на неколку милисекундио разни фреквенции во некој опсег мислам беше некаде ~ 900 Мхз. Нема некоја голема моќност при зрачење. Мобилен телефон и фиксиот мобилен уствари се специјално направени да не бидат штетни, имаат и CE ознака. Они уствари најголемо зрачење имаат кога имаат слаб сигнал. А кога се при јак сигнал не зрачат јако. Ова се користи зашто користат CDMA поделба на опсег што значи дека сигналите од сите корисници мораат во базната станица да бидат примени со ~иста моќност, па зато аима систем за контрола на зрачена можност. Секако дека и големите моќности тука се всушност толерантни за човековото здравје. Но слаб сигнал значи големо зрачење за мобилниот и за оној фиксниот мобилен. Во урбана средина тешко дека ќе се најдеш во подрачје на слаб сигнал, ептен во подрум ако се симнеш.

Секако доколку немаш пејсмејкер или вештачки бубрег па да треба воопшто да не користиш ништо со електрично зрачење. Инаку навлезе во доменот на медицинска радиологија и не би можел многу да ти помогнам да ти кажам што е најштетно и колку е штетно затоа ти кажувам што и кога зрачи најмногу. А колкави количини зрачење веќе стануваат штетни тоа ќе ти каже радиолог. Само знам дека апарат во Македонија тешко дека воопшто има без CE што значи дека е во утврдени нормални количини зрачењето.

Јас мислам дека можам да прочитам некој страв кај тебе од ова загадување, јас па на пример воопшто не се секирам не ни мислам на последици од ова. Секако дека има голема улога но електричните уреди се најмалку нешто што може да влијае лошо на здравјето покрај сите толку многу загадувачи што ги имаме околу нас.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 06-Dec-2011 at 06:06
АЕК ќе ги гасне предавателите-рендгени


АЕК набавува опрема за мерење на нејонизирачкото зрачење, област која никој во државава не ја контролирал изминативе 15 години, односно откако почна користењето на мобилните телефони. - Ако измериме дека некоја базна станица зрачи над дозволените параметри, веднаш ќе ја изгаснеме и ќе му дадеме можност на операторот да и ја намали јачината, односно да го коригира антенскиот систем, вели Роберт Орданоски, директор на АЕК


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) без пардон ќе ги исклучува базните станици на мобилните оператори кои зрачат над дозволените граници и го загрозуваат здравјето на луѓето. За таа цел, АЕК набавува опрема за мерење на нејонизирачкото зрачење, област која никој во државава не ја контролирал изминативе 15 години, односно откако почна користењето на мобилните телефони.
- Ќе им даваме корективни мерки на операторите во фазата на поставување на базните станици. Мобилните оператори ќе мораат да направат заштитен коридор и да ги насочат антените да не зрачат директно кон објектите. Ако измериме дека некоја базна станица зрачи над дозволените параметри, веднаш ќе ја изгаснеме и ќе му дадеме можност на операторот да и ја намали јачината, односно да го коригира антенскиот систем - вели Роберт Орданоски, директор на АЕК.

Максималната сила на зрачење во Република Македонија што човековото тело може да ја прими преку базните станици изнесува 0,45 миливати на сантиметар површина човечка кожа.

Во Македонија нема закон за нејонизирачко зрачење, иако секојдневно сме изложени на зрачења од базните станици поставени врз нашите глави, а никој не презема ништо во врска со тоа. Граѓаните велат дека телекомуникациските компании, водени од профитот како примарна цел, нудат се поголеми суми на месечни исплати на сопствениците на објектите каде што се поставени истите. Најнов тренд по градов, е базни станици поставени на индивидуални куќи во дворови. А најтрагично од се е што сопствениците на истите имаат по неколку бизниси во исто време, а ова им е за џепарлак.

Но граѓаните треба да бидат информирани за користењето на мобилниот телефон. Во Германија, на пример, сите мобилни телефони мора да имаат видна ознака за количеството зрачење на кое корисникот е изложен.

Од Агенцијата за електронски комуникации потврдуваат дека цели пет години нема закон за нејонизирачки зрачења, кој се уште се подготвува, па во оваа сфера владее хаос.
Од мобилните оператори во земјава истакнуваат дека во Македонија дозволените вредности на електромагнетно зрачење се построги од повеќето други земји, вклучително и од оние во ЕУ и дека базните станици се со ниво на зрачење помало од дозволените вредности. Во сила е Правилникот за максимално дозволени нивоа на радиофреквентни зрачења кои се однесуваат на луѓе ЈУС Н.НО.205 од 1990 година.

Во опсегот на фреквенции (30 МHz до 300 GHz) во кој се наоѓа и фреквенцијата на која ГСМ-мрежата емитува (935 MHz), законски утврдената граница на густината на моќност е 2W/m2, која е повеќе од двапати помала од граничната вредноста на земјите од ЕУ и онаа пропишана од Светската здравствена организација, која изнесува 4,68 W/m2.

Постојат низа научни истражувања во Велика Британија, Франција, Холандија, Данска во кои се заклучува дека нема опасност за здравјето на луѓето изложени на зрачење од електромагнетни бранови кои се под препорачаните вредности. Сепак, секојдневно се иницираат и се спроведуваат нови истражувања, кои даваат нови аспекти и релевантни информации за електромагнетните зрачења. Од досегашните сознанија се наметнува заклучокот дека досега не се пронајдени конкретни докази за потенцијалната штетност од електромагнетните бранови користени во уредите за мобилна комуникација.

Инаку, во земјава само 5 проценти од постојните над 300 базни станици се испитани дали зрачат над дозволените граници.

http://vecer.com.mk/?ItemID=ACFC72A8C9A5FD45A77A64556CFD6F75
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.064 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.