build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Клинички центар Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1576
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 21-Mar-2020 at 00:03
Ги исекле и дрвјата кај Тинексот; на Твитер некој прашал за машината за пресадување... ќе му текне на некој новинар да се распраша за неа? Ако не ја користат властите нека ја изнајмуваат на приватни граѓани и компании.

Инаку, новата улица е црвената линија од Белградска преку студентскиот Медицинар?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 21-Mar-2020 at 12:55






https://www.facebook.com/p.shilegov/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 21-Mar-2020 at 13:17
Originally posted by Staro Skopje

Инаку, новата улица е црвената линија од Белградска преку студентскиот Медицинар?



На новите фотки се гледаат и срушени бараки, мислам дека е баш директно преку Медицинар до Инфективна клиника, без кружење како на скицата.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 22-Mar-2020 at 10:10
ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ - СЕ ЧИСТИ ПРОСТОРОТ КАЈ БАРАКИТЕ „МЕДИЦИНАР“







Како дел од активностите за борба против коронавирусот, на барање на Министерството за здравство и клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје помогна во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“.

Покрај тоа, во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје деновиве асистираше и во проширувањето и изградбата на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 22-Mar-2020 at 12:39
Од фб...





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 22-Mar-2020 at 18:34
Привршуваме во Клинички центар кај Инфективна клиника. Реализирано за помалку од 24 часа.

Просторот е уреден по барање на Министерството за здравство.

Благодарност до Улици и патишта - Скопје....









https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 26-Mar-2020 at 14:27




https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1576
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 27-Mar-2020 at 23:42
Тука ќе биде мобилната болница?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 28-Mar-2020 at 08:37
Originally posted by Staro Skopje

Тука ќе биде мобилната болница?


Da,včera najavija deka tuka ke bide postavena.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 28-Mar-2020 at 10:02
МОБИЛНА БОЛНИЦА СО 130 КРЕВЕТИ ЌЕ СЕ ПОСТАВИ ДО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА, ДО ВЧЕРА ТЕСТИРАНИ 1.800 ГРАЃАНИ

На просторот до Инфективната клиника ќе се постави мобилна болница со капацитет за 130 пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека болницата ќе почне да се поставува наредната недела, ќе биде комплетно опрема, со тоалети, ходници и лекарски тимови. Таа ќе се наоѓа на просторот каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“.

„Во овој момент имаме линеарно зголемување на бројот на заразени пацинети, што е добро, но во секој случај ние сме подготвени доколку дојде до зголемување на бројот на лица со КОВИД-19. За да обезбедиме дополнителни капацитети од наредната недела ќе почне поставувањето на мобилната болница, која ќе биде веднаш до Инфективната клиника бидејќи тука е експертизата“, рече Филипче.

До вчера, во земјава како што кажа Филипче се тестирани 1.800 граѓани. Оние граѓани кои се вратени од странство и се наоѓаат две недели во карантин, нема да се тестираат доколку немаат симптоми, туку уште 14 дена треба да бидат во самоизолација.

Филипче кажа дека добиле 6.000 маски од Град Скопје кои ќе бидат распределени на матичните лекари.


https://sdk.mk/index.php/makedonija/mobilna-bolnitsa-so-130-kreveti-ke-se-postavi-do-infektivnata-klinika-do-vchera-testirani-1-800-gragani/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 28-Mar-2020 at 13:41
Денеска заедно со Министерот за здравство, Венко Филипче и Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, извршивме увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Претходно, овој простор со одлична меѓуинституционална соработка беше расчистен во рекорден рок од страна на екипите на Град Скопје, Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство.

Со ослободување на просторот од околу 4000 м2 создадена е можност за интервентен развој и дополнување на капацитетот на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Ослободената локација до инфективна клиника во моментов има огромна предност заради близината на сите капацитети на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, клучните Институти и самата Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Со оглед на состојбата со коронавирусот, Град Скопје го помага Министерството за здравство, со реализација на низа градежни и инфраструктруни активности во кругот на Клинички центар Мајка Тереза. Покрај активностите за расчистување и уредување на просторот до Инфективната клиника, се прошири влезот во клиничкиот центар и се отвори траса за интервенти возила до ургентниот центар, како и посебен влез кон Инфективната клиника.







https://www.facebook.com/p.shilegov/


Edited by stef4o - 28-Mar-2020 at 13:42
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 30-Mar-2020 at 16:28
АДИНГ СО ДОНАЦИЈА НА МАТЕРИЈАЛИ И ИЗВЕДБА УЧЕСТВУВА ВО ИЗГРАДБАТА НА МОБИЛНА ВОЕНА БОЛНИЦА „РОЛ-2“ ВО БЛИЗИНА НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА-СКОПЈЕ

Заради итноста на ситуацијата, на вонредна седница на УО на АДИНГ одржана на 27.Март, донесена е одлука за донација за комплетна изведба на хидроизолациона заштита за објектот „Мобилна воена болница“ на Министерството за Здравство во вредност од 15.000 евра.











https://www.facebook.com/ADINGmk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 31-Mar-2020 at 08:06
За неполни 7 дена, меѓуинституционалната соработка вроди со плод. Град Скопје, Министерство за здравство, Министерство за одбрана, институции со светски стандарди на исполнителност.

На крај сме со поставувањето на полската болница во кругот на Клинички центар.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.