build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменик Филип II - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Споменик Филип II - Битола
    Posted: 07-Oct-2008 at 23:02

ПЕЛАГОНИЈА

Споменик на Филип Втори во Битола

БИТОЛА - Битола наскоро ќе добие споменик на Филип Втори Македонски, основачот на Хераклеја Линкестис, кој како коњаник со прстот вперен кон народот ќе биде поставен на малиот плоштад „Магнолија“. Локацијата е избрана помеѓу паркот на Градскиот часовник и плоштадот, така што споменикот ќе биде видлив преку целата должина на Широк Сокак.

Автор на споменикот е велешкиот скулптор Ангел Коруновски. Споменикот пристигна во Битола од леарницата во Нови Сад.

„Сега се чека на дозвола од Управата за културно наследство во Скопје“, изјави Љупчо Стојчев, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Битола.

Споменикот е излеан во бронза и заедно со постаментот ќе биде висок околу седум метри. Целата локација ќе се уреди партерно. На предниот дел ќе биде поставен грбот на општината, а на задната страна ќе има фонтана која ќе го содржи штитот со 16-кракото сонце на Македонија. (А.Б.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=829262F7791D8343BE4936977AED223B

Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Oct-2008 at 15:15
Nitu eden spomenik da nemavne, ovoj trebase da go imame oddamna.. posto filip vtori vsusnost vladeel so herakleja linkestis -anticki Bitola da kazeme.
Ovoj spemenik ke ima pridones za regionot od aspekt na turizmot, bidejki turistite sakaat istorija, spomenici, arheologija..    dobar poteg.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Oct-2008 at 18:51
Туристите сакаат кај да јадат и да пијат за ефтина пара., нормално и да видат нешто инетресно. Не верувам дека овој споменик нешто значително ќе придоснесе кон бројот на туристи. единствено може да придонесен во внатрешниот тризам, но и тоа малку. Но тоа е друга тема. Да те поправам за филип втори. Он не ја владеел хераклеа, него ја подигнал, а со тоа се и првите корени на Битола како град.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Oct-2008 at 22:48
можеби не привлекува баш туристи толку, но барем задоволен сум што одговара на тоа место бидејќи Филип втори е дел од историјата на пелагонија односно Битола, не е без никаква врска таму ставен
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Oct-2008 at 22:57
lslcrew:Он не ја владеел хераклеа, него ја подигнал, а со тоа се и првите корени на Битола како град.

Kako mislel da podigne grad koj nemal namera da go vladee?


Edited by evolutionary - 08-Oct-2008 at 22:58
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Oct-2008 at 02:48
Гитардемон, ај обележи или дај координати која локација е ова точно. Или било кој друг ако знае...
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Oct-2008 at 14:12
Originally posted by lslcrew

Туристите сакаат кај да јадат и да пијат за ефтина пара., нормално и да видат нешто инетресно. Не верувам дека овој споменик нешто значително ќе придоснесе кон бројот на туристи. единствено може да придонесен во внатрешниот тризам, но и тоа малку. Но тоа е друга тема. Да те поправам за филип втори. Он не ја владеел хераклеа, него ја подигнал, а со тоа се и првите корени на Битола како град.


Veruvam deka vo dogledna idnina ke pridonese vo odnos na turisti od drugi kontinenti. Eden primer se japoncite... citav pred nekoja godina kako japonci koj se interesirale za nosenje na grupi turisti od japonija se rasprasuvale za simboli na aleksandar makedonski bidejki vo japonija ucele za aleksandar treti makedonski. Znaci koga ke dojdat tie turisti tuka treba da se ima spomenik ili obelezje na taa dinastija od vremeto na filip i aleksandar posto veruvam vo dogledno vreme bi pridonesilo za privlekuvanje turisti od drugi kontinenti.

Pred 4 godini bev vo herakleja i arheologot (vodicot) tamu mi rece deka babamu na filip vtori imala poteklo od herakleja linkestis i deka do vremeto na filip toa bilo centar na nekoe domorodno pleme (ne mi teknuva na imeto) koe filip go prisvoil pod makedonija.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 11-Oct-2008 at 10:22
Originally posted by Cloverstack

Гитардемон, ај обележи или дај координати која локација е ова точно. Или било кој друг ако знае...


веќе имавме разговарано мислам за ова, нели ви кажував дека сакаа во паркот да ја ставаат статуата баш да биди прво нешто шо се гледа на влезот од грција во битола, ама се премислија и решија тука да ја стават на магнолија... од постот не разбрав точно на кој дел од плоштадот. ако знаете каде е космофон и рускиот конзулат, епа таму ќе биди, на тој плоштад. ама точно каде не знам
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Nov-2008 at 10:22
  • Битола, 7 ноември (МИА) - На плоштадот „Магнолија“ во Битола почнаа градежните работи за подготовка на теренот за поставување споменик на македонскиот крал Филип Втори. Споменик е дело на скулпторот од Велес, Ангел Коруновски ...bulletПОВЕЌЕ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Nov-2008 at 13:00

бара да се логираш, а никако не можам да видам како се прај акаунт!?

а инаку веќе подолго време се средваше тој простор, ете сега скоро бев битола веќе беше почнато то, ама за жал немав време да сликнам ништо а има многу нови работи.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Nov-2008 at 13:19
Гитардемон, МИА бара да се логираш само додека е нова веста. Кога ќе отстои 8 саата нема да бара лог. Вечер ќе можеш да ја прочиташ.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Nov-2008 at 02:29
БИТОЛА - Започнаа подготвителните работи околу подготвување на теренот за поставување на споменикот Филип Втори. Екипите на ЈП Нискоградба, најнапред започнаа со дислоциррање на дел од плочките на Широк Сокок. На поставувањето на споменикот ќе работат и други фирми кои својата вклученост во проектот ја добија преку тендерот, кој пак го распиша Општината Битола. ЈП Водовод ќе работи на поставување на водоводна мрежа и канализација. ЕЛМА ќе се погрижи за осветлувањето покрај споменикот, каде ќе има фонтана, куќичка и други културни содржини. Просторот ќе биде партерно уреден со плочки, а самиот споменик ќе биде поставен на висок постамент. Планирани се и други содржини освен споменикот на Филип Втори, кој ќе го зазема централното место на локацијата. Општината Битола ќе се погрижи и за постоечкото зеленило, велат од секторот за паркови и зеленила при Општината.http://vecer.com.mk/?ItemID=7C34F83E2C6D1C4DB3C166E036582A78
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Nov-2008 at 19:06


еве една стара слика од битола (многу многу стара), ама на неа се гледа кај ќе биди споменикот (за тие шо немавте претстава) а за жал јас немам програм за уредување на слики никаков ни најпрост (имам сега mac лаптоп и не знам да си најдам програмче) па еве за демонстрација скоро најлево во сликата во средна височина кај шо е жолтата кола и има како собрани луѓе, едно како киоск на ќошот на тревата, сега веќе тоа го нема и цело зелено ќе биди поплочено а филип ќе биде негде таму


Edited by гитардемон - 08-Nov-2008 at 19:10
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Jan-2009 at 19:59
Велешанецот Ангел Коруновски изработи споменик на Филип Втори

Првиот монументален споменик на Филип Втори, таткото на Големиот Александар Македонски, за прв пат во земјава ќе биде поставен во Битола.

 

Споменикот е дело на велешкиот скулптор Ангел Коруновски.

Моментално се лие во бронза во Нови Сад и за десетина дена ќе биде донесен во Македонија.

Изградбата на споменикот на македонскиот крал Филип Втори е по порачка на општина Битола.

 

„ Минатата година учествував на распишаниот конкурс. Добро го простудирав животот, ликот и делото на македонскиот крал. Нешто од длабочината на мојата душа како да ми кажуваше дека ќе го освојам првото место и дека јас ќе ја имам честа да го извајам ликот на Филип Втори. Мојата идеја беше Тој да биде на коњ, достоинствен, смирен, како што му доликува на еден државник кој успеал да ги обедини сите народи и да ја создаде македонската држава. Токму затоа направив Тој со прстот да покажува кон својот народ. Кралот е облечен во посвечена одора, зашто мислам дека таква одора и му доликува на еден голем крал“, вели скулпторот Анѓел Коруновски.

 

Споменикот заедно со коњот и постаментот е висок 8,5 метри. Постаментот е изработен во вид на саркофаг и е збогатен со фигури на неговата фаланга.

 

„Верувајте, за да се изваја ликот на Филип не беше лесно. Тоа беше макотрпна работа, но јас со големо зсдоволство го направив и мислам дека Филип Втори, после толку векови, повторно го донесов во Македонија. Го правев со голема љубов, зошто како и секој македонец Филип и неговиот син Александар ги носам во својата душа“, вели Коруновски.

 

Споменикот моментално се лие во бронза кај металургот Александар Станишиќ во Нови Сад.

 

Како млад скулптор, Коруновски досега има извајано неколку импозантни дела од нашата подалечна историја.

Покрај скулптурата во ресторантот „Идадија“ во Скопје, тој е автор и на првиот коњаник, поставен во центарот на Велес пред три години, на денот на 100 годишнината од Илинденското востание, а е посветен на велешките војводи, учесници во борбите во Крушево.


Преземено од: http://www.lisica.mk/?statija=792

Малку стара статијата, и прв пат го гледам мрежното место, иако е доста солидно и има многу информации за Велес, нешто што го немаме на форумот. Сликата е со солиден квалитет на која се гледа статуата, а и ја најдов на повеќе места но со доста послаб квалитет, па така мислам дека е таа статуаТА, а не некоја рандом статуа вметната во статијата. Како и да е, требаше пред нова година да биде готово ова нешто, но снеговите го одложија комплетирањето. Бетонскиот дел од постаментот беше готов, а требало да има и интерактивна фонтана Името е смешно, но ќе имало светла и музика цело време... Грандиозно! Crazy Сепак би требало да биде наскоро готово (до изборите), иако е градоначалникот супер не е имун на вакви намерни предизборни активности.


Edited by гитардемон - 16-Jan-2009 at 20:02
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Feb-2009 at 21:56


Дали ова само е нашминкано за да изгледа шармантно или навистина ќе биде толку шармантно не знам, но ова е рендерот за споменикот на Филип II Мацедониан (Stern%20Smile) Може да сум грешка, но колку што се сеќавам постаментот е ист ваков и скалите се исти како овие-само што сликата што протече од статуата на интернет не ја памтам како ваква. Мене искрено ми се допаѓа, ама со распеаната фонтана колку ќе се сложува и со шарените светла нејзини, тоа е мистерија. А тоа изненадувањето, кога ќе дојдат изборите ќе го видиме, баш ме интересира што е

Како и да е, еве го Филип како испадна, па споредете ги (мислам го имав постирано и порано)



Мене ми наликува, но како да не е целосно ист. Не може сепак скулпторот ист како на рендерот да го направи. Сепак постаментот е целата шминка ми се чини мене на ова нешто.


Edited by гитардемон - 26-Feb-2009 at 22:09
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-Feb-2009 at 22:54
Чекај сега, ова се два различни споменици.

А оној горе ми е малку тешко да го поврзам со Филип поради птицата - никогаш не сум чул за било каква птица што би ја симболизирала античка Македонија. Веројатно е римскиот орел...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Feb-2009 at 23:06
Мене повеќе ми личи на Цезар и spqr орел во раката, но тој е рендерот кој го ископав, од едно дете со родител во општината ми е. Е сега најдобар заклучок ми е дека многу личат и постаментот (во формата и скалите) и споменикот (раката, главата на коњот свртена обратно од главата на коњаникот), па веројатно таа слика од цезар им била само role-model сепак ако постаментот биде нешто блиску до она ќе биде супер. Џабе се израдвав во право си, не е тој споменикот, но имаат многу допирни точки.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 03-Mar-2009 at 12:13




Еве го местото каде што се гради споменикот, вака стои веќе 4 месеци, се чекале подобри временски услови (наводно). Има огромен шатор во позадина, а има и голема ископина под сево ова, изгледа поврзуваат некоја инсталација.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-Mar-2009 at 12:04
Еве нешто што успеав да сликам од споменикот/мини-музејот/плоштадот во изградба во Битола. Не знам дали знаете, но освен споменикот ќе има и мултимедијална фонтана, а сите тие подземни ископувања биле за една подземна спомен соба или мини-музеј или како се вика, на Филип II. Мора да се напомене дека сонцето беше инцијално планирано со 16 краци (како што се гледа на планот), но го променаа и сега е со 12 (дали поради Грција, или поради тие пронајдоците во Источна Македонија за 12-кракото сонце, не знам, но не ми е ни важно).
Инаку мислам дека има доволно постови за да добие своја нишка, таман за кратко време ќе биде готово сето, па би можело да се гласа:


Ова е планот/скицата (ја сликав од општинскиот информатор, во кој морам да пофалам ги има сите проекти и настани на територијата на општината во последните 4 години, заедно со многу слики и илустрации)


1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Mar-2009 at 12:22
ова е значи буквално на самиот влез на широксокак, мислам дека  обратна композиција на фонтанава и споменикот би било покреативно решение, вака е мислам затворен момент, незнам можеби имам лоша претстава за просторот, но сепак мислам дека споменикот добро ќе дојдеше зад фонтаната према саат кулата гледано од шеталиштето... 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.