build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Жолта лента

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 27-Apr-2009 at 19:48
пречките служат за обележување, а не за спречување, како што кажа кловер казните се оние кои спречуваат, исто мора да им некаков систем за набљудување
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 27-Apr-2009 at 21:23
Изгледа има некој тренд во Македонија,кој го започна владата,а го прифатија и сите други,да се прават работи без добро осмислување,без да се земат мислењата на експерти,обични граѓани...и што е најстрашното и после направената глупост никој не превзема некаква одговорност,нема никави казни за одговорните.

Така и со жолтиве линии!
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 06-May-2009 at 19:26
Дали ова ќе успее


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 20-May-2009 at 13:41
ГРАДОТ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА НЕУСПЕШНИОТ ПРОЕКТ
Жолтите пречки се уште се сопка на Партизанска

Жолтите пречки што се поставени на булеварот Партизански одреди, во делот кај пазарот „Буњаковец“, се уште нема да се отстрануваат и покрај тоа што претставуваат потенцијална опасност за сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот. Пречките се уништени и буквално расфрлани насекаде низ коловозни ленти, а во некои делови на коловозот, каде што се искорнати, се останати само шрафовите со кои биле прицврстени. За скорашно решавање на овој проблем, надлежните од ЈСП „Скопје“ и Градот се уште немаат донесено конечна одлука во врска со тоа дали поставените пречки ќе треба да се отстранат поради тоа што овој проект очигледно не заживеа и се покажа како неуспешен. - Во моментот проектот за поставување на жолтите пречки на најфреквентните улици низ градот е ставен во мирување. Но дали веќе поставените надолжни физички одделувачи на едната коловозна лента во целост ќе бидат отстранети, се уште не е прецизирано “ велат од ЈСП „Скопје“. Од Град Скопје, пак, велат дека не само овој проект, туку и сите други кои новиот градоначалник Коце Трајановски ги наследи од неговиот претходник повторно ќе бидат ставени на разгледување и на дополнителна анализа. - Предвидено е повторно да се разгледа проектот за поставување на жолтите пречки по најфреквентните улици низ градот, како и тоа дали ќе се отстрануваат постојните “ објаснуваат од Градот. Уште од самиот почеток на поставувањето на пречките по Партизанска, надлежните институции се согласија дека примената на жолтите ленти не функционира најдобро во практика поради дополнителниот сообраќаен метеж што се создал по нивното поставување. Проблем е, како што велат, несовесното возење и паркирање на приватните автомобили по лентата издвоена за движење на автобусите, но и одбивањето на полицијата за 24-часовно надгледување на сообраќајот во тој дел од градот. За набавка на жолтите ленти, коишто најверојатно нема да продолжат да се поставуваат низ скопските улици, Градот има издвоено 50.000 евра, а набавена е 1.200 метри жолта пластифицирана гума од фирмата „Бојта-инг“ од Скопје. Секоја од пречките е висока 11 сантиметри, широка 25, а долга еден метар. За да може возачите да ги забележуваат и ноќе, во својата средишна линија тие имаат флуоресцентна лента. Се работи за скап финансиски проект бидејќи само една пречка чини 3.000 денари. Беше предвидено пречките да бидат поставени на најфреквентните улици во градот.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1710&ArticleID=114231
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 20-May-2009 at 16:49
Додека не го решат паркирањето околу буњаковец, никогаш нема да им профункционираат жолтиве ленти...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4666
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 20-May-2009 at 17:42
Ако нема полиција возачите си тераат слободно по лентата за автобуси и немаат страв. Меѓутоа да има полиција никој не би возел по десната лента бидејќи при таа брзина да сака некој да промени лента ќе летни како каскадер, а кога ќе ја здогледа полицијата и ќе почне да кочи ќе биди веќе касно ќе го видат и ќе го казнат. Е сега не дека тоа е нешто оправдување за глупавиот проект, меѓутоа мислам дека таа логиката на пречкиве (штом ги користат низ светот мора да има нешто добро). Меѓутоа интересно е кај нас што си ја користат лентата за паркирање повеќе отколку за возење. Не знам што да кажам, меѓутоа ако има полициска контрола мислам дека пречките навистина ќе помогнат (бидејќи како што реков ако се решиле да возат по таа лента ем ќе бидат под стрес да не ги виде полиција, и што да прават ако ја забележат полицијата кога да се престројат без да скокнат 1 метар во воздух со таква брзина)
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 20-May-2009 at 18:12
Во буњаковец(трговскиот) има банки, продавници, има Службен весник! и уште мал миљон работи кои привлекуваат (приморуваат) луѓе да застанат со кола. За пазарот такоџе. Колку и да ме иритира паркирањето на тротоар во околината на буњаковец, сепак неможам целосно да ги обвинам само луѓето. Каде треба да паркираат? Легалните места се бројат на прст и од далеку не можат да го опслужат тој дел. Катната гаража кај универзална бог знае кога ќе биде готова.... И ја би се паркирал на троторар, и би влегол во жолтата лента ако треба да бирам помеѓу можна казна за сообраќаен прекршок и паркирање во катната гража во капиштец.

Дури и со оклопни возила да го расчистуваат тој дел, на некое друго место ќе им се прелее паркирањето и ќе направи проблем.... како што беше пишано и претходно, све се праи на јуриш и не се обмислува до крај. Затоа и не заживеа иницијативава...
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 20-May-2009 at 21:54
Научени сме да се ни е на два метра од нашето височество автомобилот.

Дајте, највероватно сте биле во некоја метрополи по светот каде тражејќи паркинг го оставаш автомобилот и до два три блока подалеку.

Мора да се помириме дека тоа е цената која ја плаќат секаде во светот живеењето во метропола, за разлика од некое мало и мирно грдче. Па народе бирајте
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 21-May-2009 at 13:25
едно е да ја оставиш колата на пет минути, друго е да си ја паркираш таму цело време и тоа да ти стане навика
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 21-May-2009 at 15:33


Во некои случаи да, но сепак генерално е погрешно да се оди по таа логика. Треба да е јасно регулирано и означено каде што смее и тоа да се спроведува меѓудругото и со непрекината казнена политика. Жолта лента се знае за што е и нема тука никаков простор за застанување од 5 минути. И за на тротоар е сосема друга приказна - на класичен тротоар се разбира дека воопшто не треба да згазне гума од возило!



       No parking
Prohibits stopping on the roadway for more than 3 minutes except for passenger boarding/discharging and loading/unloading





      No stopping
Stopping or standing on the roadway is prohibited




Или вториов знак во америчка интерпретација:


LOL  LOL  LOL
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 21-May-2009 at 18:09
епа како што кажавте претходно не е решен проблемот со паркингот, а доколку не е контролирано од полиција, народот ќе прави престап и да постои сид, а не лента, мислам дека тука стапува организацијата и законите, а просторот каде не треба да се движат одредени возила доволно е да биде обележан со боја

некои сообраќајни хаоси се нерешени со години, и сега сите сакаат да се решат за пет минути
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 21-May-2009 at 19:04
еве како тоа се прави во истамбул, но колку што знам местото за автобуси е обезбедено уште од почеток, а не е импровизација како кај нас Roll%20eyes

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 26-May-2009 at 19:02
Еве како наш „голем граганин“ не само на жолта линија, него и на сама кривина, и секако што ке ги троши скапите трепкачи.


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 26-May-2009 at 19:14
Zabegan, ова не е лента за класичен автобус, туку за т.н. Метробус Истанбул. Поминува на средината на ново-изградените градски магистрали и разбирливо има место за вакво нешто. Кај нас нели нема, така што заборави на оваа опција, иако е поефтина а минимум еднакво ефикасна од ЛРТ (под услов да нема комфликтни зони со семафорите и други сообраќајници).


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 30-May-2009 at 03:41

Жолтите пречки - промашена инвестиција

Проектот не успеа поради сообраќајната некултура и слабото казнување на несовесните возачи од страна на полицијата


Градските власти најавија дека ќе постават пречки уште на шест булевари, но проектот го ставија во мирување

Жолтите пречки, што градските власти ги поставија на крајната коловозна лента на булеварот Партизански одреди со цел таа да се користи исклучиво за возилата на јавниот превоз, се промашена инвестиција. За еден километар вакви пречки градските власти платија по 50.000 евра, но тие не го растоварија сообраќајот и не им го олеснија движењето на автобусите.

Напротив, создадоа уште поголем метеж и опасност и за возачите и за пешаците. Наместо итно даги отстранат, оти беа поставени нестручно, како што предупреди директорот на ЈСП, градските власти одлучија проектот да го стават во мирување.Во меѓувреме пречките продолжуваат да создаваат хаос на булеварот, затоа што возачите на автомобилите не ги почитуваат. Многумина возат преку нив, па поради тоа пречките се оштетуваат и се расфрлаат по целиот коловоз. Автобусите застануваат на втората коловозна лента и ги истовараат патниците на третата, доведувајќи ги во опасност да бидат прегазени.

- Се гледа колку се ефикасни пречките. Тие пречат во сообраќајот и треба веднаш да се тргнат. За да функционира ова, полицијата треба да казнува, оти ред се воведува само кога државата ќе ги удри граѓаните по џебот - вели скопјанецот Февзи Саит. Според директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Александар Бошковиќ, проектот не ги даде очекуваните ефекти, бидејќи пречките беа поставени на нерасчистен терен.

- Крајната лента на „Партизански одреди“ требаше да биде слободна само за автобусите и такси-возилата, а не да биде зафатена со незаконски паркирани автомобили. Поради тоа, нашите автобуси се принудени да возат по втората лента. Од друга страна, тротоарите каде што треба да се симнуваат патниците, исто така, се узурпирани од возила. Како да се спроведе овој проект на ваков терен - вели Бошковиќ.Тој додава дека не постои координираност на Градот со полицијата за да се казнуваат оние што нема да ги почитуваат пречките, односно хоризонталната и вертикалната сигнализација.

- Полицијата не сака да дежура 24 часа, а сообраќајната инспекција треба да биде ажурна и ригорозна и постојано да биде на терен - потенцира Бошковиќ.Од Градот Скопје се правдаат со тоа дека проектот почнал со евалвација и дека треба подолг период за да се донесат вистински заклучоци за ефектите од пречките.

- Непочитувањето ќе го санкционира сообраќајната полиција, според Законот за безбедност во сообраќајот. За таа намена, Градот постави соодветна вертикална сообраќајна сигнализација - велат од одделението за односи со јавноста во Градот.Од СВР Скопје велат дека постои соработка меѓу сообраќајната полиција и градските власти.

- Се прават планови и се преземаат сите мерки што се неопходни за да се надмине овој проблем. Веќе се изрекуваат казни за прекршок непочитување на сообраќаен знак кои изнесуваат 25 евра или 15 казнени поени во возачката книшка - вели Лиза Бендевска, портпарол во СВР Скопје.Од предвидените 1.200 метри жолти пречки за годинава, досега се поставени околу 700 метри.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=78FCCE47012BE047B5812CB093730988

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 06-Jul-2009 at 11:18

Градот размислува да ги тргне гумените препреки од Партизанска

Од градската управа велат дека допрва ќе одлучат дали да продолжат на овој начин да ги одвојуваат лентите наменети за јавниот сообраќај или да ги отстранат и веќе поставените препреки

%20
Гумените препреки што веќе пет месеци се поставени на булеварот Партизански одреди можно е да се отстранат, велат од градската управа. Откако се поставија, тие воопшто не ја исполнија својата намена, да ги одделат сообраќајните ленти за јавниот сообраќај од остатокот од коловозот и да го отежнат нивното узурпирање од други возила. Напротив, граѓаните сé уште не ја почитуваат нивната намена и одвоените ленти сé почесто ги користат како слободен паркинг-простор, а автобуси полни со патници преминуваат преку нерамнините високи 12 сантиметри.

Возачите велат дека препреките направиле многу поголем хаос отколку што имало корист од нив. Тие додаваат дека по булеварот Партизански одреди, во делот кај Архитектонскиот факултет, мора да возат со поголема претпазливост, бидејќи некои парчиња гума ги нема, други стојат на своите места како нерамнини, а трети се расфрлани по целата сообраќајница.

Граѓаните сé уште не ја почитуваат нивната намена, односно одвојување на јавниот сообраќај и сметаат дека пречките повеќе им го отежнуваат движењето во сообраќајот отколку што им овозможуваат непречено движење. Тие додаваат дека по булеварот Партизански одреди, во делот кај Архитектонскиот факултет, мора да возат со поголема претпазливост, бидејќи дел од жолтите пречки нема, некои се на своето место во вид на нерамнини на патот, а трети биле расфрлани по целата сообраќајница.

- Не можеме да возиме со дозволената брзина бидејќи дел препреки кај Архитектонскиот факултет се расфрлани по целиот коловоз. Од други, пак, останале само шрафовите што ги држеле, па од нив може да се оштетат гумите на автомобилите. Безбедноста ни е загрозена, а очигледно е дека со нив не е постигната целта, односно одвојување на јавниот сообраќај, бидејќи автобусите и такси-возилата се движат по лентите што не се предвидени за нив. Треба или целосно да се отстранат или да се постават некои поквалитетни, кои нема да се оштетат во толкава мера за толку кратко време, а полицијата да почне да казнува за да се исполни намената - вели скопјанецот Александар Николовски.

Од градската управа велат дека одлуката сé уште не била донесена и затоа не се знаело дали ќе продолжат да ги поставуваат препреките или ќе ги отстранат.

- Предметот се разгледува, потребен е временски период за да се донесе одлуката. Постојат два избора, но што ќе се избере не знаеме - изјавија градските власти.

Поставувањето на гумените препреки, кои требаше да го одвојуваат јавниот сообраќај, градот го чинеше три милиони денари. Тие почнаа да се поставуваат на булеварот Партизански одреди, на 8 март оваа година, на потегот од булеварот Климент Охридски до улицата 29 Ноември, а потоа се најави и нивно поставување на сите булевари во Скопје.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7691035182&id=14&setIzdanie=21730
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 06-Jul-2009 at 18:34
Предметот се разгледува, потребен е временски период за да се донесе одлуката.


Подразмислете уште година-две.  По можност онака темелно како што се размислуваше за нивно поставување  Roll%20eyes

А каква е ситуацијата на терен не е важно. Дали е нарушена безбедноста со вашето дремење исто така не е важно. Важно е вие мирно и спокојно да го разгледате овој „комплициран“ случај. Ех бирократија...  Wallbash

Баш едвај чекам со каква мудрост ќе не просветлите на крај


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 10-Aug-2009 at 23:40
 

Градот се мисли дали да поставува уште гумени пречки

Кај „Буњаковец“ повторно се извадени и расфрлани дел од гумените пречки

Градот Скопје се' уште го преиспитува проектот за поставување гумени пречки на булеварот „Партизански одреди“. Градските власти не одлучиле дали ќе продолжат со реализација и на другите планирани локации, откако стартот на првата сообраќајница се покажа како неуспешен.

Откако пред неколку месеци голем дел од пречките беа откорнати од коловозот, потоа повторно монтирани, деновиве на делови кај трговскиот центар и зелениот пазар „Буњаковец“ некои повторно се извадени и расфрлани. И тие што се' уште се останати, всушност, се уништени од тоа што постојано се минува преку нив, најмногу од страна на автомобилите кои сакаат да се паркираат на тротоарите.

Возачите, пак, на автомобилите, но и оние од ЈСП или од приватните превозници, воопшто не ги почитуваат, а сообраќајната полиција не ги санкционира ниту нив ниту паркираните возила.

„Жолти ленти се поставени само на булеварот ’Партизански одреди’ и во тек е евалуација на сите позитивни и негативни страни од нивното поставување. За пречките што се изместени треба да ги сервисира фирмата која ги постави, да ги поправи или да стави нови“, велат во Градот Скопје.

Иако проектот целосно не е реализиран, учесниците во сообраќајот мора да се придржуваат кон воспоставениот режим за нивно користење и сигнализацијата која е поставена, информираат градските власти, но не прецизираат дали и кога проектот ќе продолжи и на другите булевари, како што беше планирано. (С.Н.)

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 11-Aug-2009 at 13:33
Sleepy
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 11-Aug-2009 at 14:33
Како што често завршуваат скопските журки и концерти - WE WANT MORE, WE WANT MORE....
Suicide

...што се мислат, сите ги сакаме...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.