build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Православна сакрална архитектура

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 02-Jun-2015 at 16:55


покрај овој Православен Универзум никнал и паралелен кај арапските племиња во очите на Исламот а кој нормално ко понов насбрал доста од ѕвездената прашина на својот претходник ако може така да се каже

еве паралела меѓу двата извадoк од книгата "Богомислие"  на О.Санџаковски, Метафорум, Скопје, 1993 https://drive.google.com/file/d/0BxHK4Q0MsY8Uc0dxdmIyell2SzA/view?usp=sharing

а од истиот документарец горе ова е покриено во 5тата епизода


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3612
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 31-May-2015 at 19:18

За Многу Години Спасовден и Духовден...

но Заедничко минато имаме сите преку сет Христијански Универзум на Балканов доколку Епископските Центри се подразбираат како галаксии, Манастирите како Супернови, а Црквите како рој Ѕвезди преку кои духовно извира Благодатта во овој свет,  неретко знам да ги споредам Христијаните како космонаути а Свештениците како капетани на брод, во спротивно и симболично а не па реално ако вака не си го претставиме спасувањето на душите просто многу лесно може да се предадеме на млитавост односно млакост макар и ги зауздале озбилно страстите 

Во овој Универзум еден Млечен Пат била Охридската Патријаршија потем Архиепископија која обединувала поприлично Галаксии во своето опкружување, јасно привлечени од традицијата на која се потпрела истата односно нејзиниот локален зародиш преку Јустинијана Прима

 

еве доста интересен епизоден документарец за неа од trice films, а изненадува дека го има и на нет, ко што и заслужува една Изворна Појава ко што е ОА

https://www.youtube.com/watch?v=gBYOLlDR_0A&list=PL8EC4A90F79789C1D&index=28

      

 

 



Edited by Max - 01-Jun-2015 at 01:06
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 18-May-2015 at 21:32

за разлика од Марков Манастир кој се смета дека го кренал Крали Марко за кого се смета дека не е роден во Македонија туку во Захумље (Ливно), грото манастири биле стари македонски или византиски Цркви а кои биле возобновени со освојувањето на Македонија од српските деспоти, кнезови и кралеви, заради што често е уверувањето во Србија дека тоа се српски светилишта [1] што по Хиландарската логика и може да се гледа така,но таму континуитетот бил задржан додека тоа не било случај ширум Македонија каде по доаѓањето на турците Охридската Архиепископија вратила во своја власт доста Епархии кои претходно од неа ги зела Печката Патријаршија

по овој аршин попрво излегува дека имаме заедничко минато со србите отколку што не им припаѓаат овие свети места на македонците, сличен е примерот со Лесновскиот Манастир кој иако е возобновен постар манастир, сепак кај србите се доживува како српско светиште бидејки 1. го дарувал и доградувал деспотот Јован Оливер 2. и бил седиште на Злетовската Епископија во времето на Цар Душан   

http://mk.wikipedia.org/wiki/Лесновски_манастир#Историја

http://www.mn.mk/kultura/4464-Manastir-Sveti-Gavril-Lesnovski





Edited by beTon - 29-Aug-2017 at 11:46
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 28-Apr-2015 at 01:35

налетав на инфо дека и кнез Волкашин (подоцна и крал (татко му на Крали Марко) покрај ктиторството на неколку манастири во Македонија ко што е пример Марков Манастир в Скопје го дарувал веројатно и Хиландар [1][2">] иако на српската википедија ова за Хиландар не се спомнува [3] интересно е дека Волкашин како совладар на последниот српски владетел од лозата на Немањичи веројатно бил и обврзан да го дарува Хиландар прашање е само кој дел од манастирот е негово завештание или во што е неговото ктиторство...

сепак и Марков Манастир не го завршил, а таквиот звет го исполнил ко ктитор Крали Марко
Всушност, кра-лот Марко е вториот ктиторна манастирот, затоа што ус-тројувањето на манастирот "Го молам Бога да им помогне на христијаните, ајас прв да загинам во таа борба", биле пос лед-ните зборови на кралот Марко пред почетокотна битката кај Ровине.Југоисточно од Скопје, во подножјето на пла ни-ната Караџица, во непосредна близина на се-лото Сушица или Маркова Сушица, се наоѓаМарковиот манастир. Покрај манастирот те-че Маркова Река. Сè е во знакот на Крали Мар-ко, легендарна епска фигура, но и историскаличност, човек кој владеел со поголемиот делод Македонија во втората половина на XIX век. почнало во времето на вла-деењето на неговиот татко -кралот Волкашин, во 1345 го-дина. Но, кралот Волкашинне успеал да го заврши поч-натото завештание, загиналво пресудната битка со ос-манлиските војски, кај мес-носта Черномен на рекатаМа рица, во 1371 година, пошто Османлиите навлегле вовнатрешноста на Бал кан ски-от Полуостров. Започнатотого завршил синот, кралотМар ко. Манастирот е за вр-шен неколку години по доц-на, за што сведочи и натписотнад вратата во манастирскатацрква, а оттогаш, 1376/1377година, датира и живо пи са-нието на црквата.

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2005/sonce558.pdf/50_51_atanas.pdf


исто и на страната за Хиландар нема абер за некои ктиторски случувања во врска Волкашин во овој период ко што е наведено на англиската википедија
Druga polovina XIV veka broji mnogo više igumana, koji se dosta brzo smenjuju. Za Dušanova vremena su Kalinik, Teodul (starac Karejske kelije), Sava (kasnije patrijarh srpski kao Sava IV , 1354-1375), a zatim Jovan, Dorotej i u kratkim razmacima Teodosije, Kalist, Jovan, Jevtimije, Neofit i drugi. Od svih je najznačajniji Dorotej (1355-1361), koji se naročito borio za odbranu prava i obnovu starih povlastica hilandarskih. U toku sedme decenije XIV veka, Dorotej postaje svetogorski prot. Na tom položaju čini velike usluge srpskom monaštvu u Svetoj Gori, uprkos crkvenog raskola do koga je došlo kada je carigradski patrijarh Kalist ekskomunicirao Srbe 1350. zbog samovlasnog Dušanovog uzdizanja srpske crkve na rang patrijaršije. Hilandarac i Srbin, starac Isaija posreduje 1375. sa svojim učenicima Nikandrom i Silvestrom, i s bivšim protom Teofanom i Nikodimom Grkom, između srpske crkve i Carigradske patrijaršije radi ukidanja ekskomunikacije, uspostavljanja crkvenog jedinstva i priznanja srpske autokefalne patrijaršije. To je poslednja izuzetno važna i uspešna diplomatska misija hilandarskih i svetogorskih Srba između Srbije i Vizantije pred propast slobodne države i pad pod Turke.
http://www.hilandar.info/strana_sr.php?strana_id=64


друг интересен факт за овој влдетел е дека веројатно исто како и Цар Душан воедно, се прогласувале за “Цар на Србија и Македонија“ а не ко што наведуваат доста извори како цар на србите и грците [1][2]


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Apr-2015 at 21:11

Христос Воскресе !!!

http://www.hilandar.info/strana_sr.php?strana_id=62



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 15-Feb-2015 at 07:30
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 06-Feb-2015 at 23:55





http://sveta-gora-zograph.com/manastira/slova.php?id=1


Од голема национална и културна вредност за македонскиот народ е манастирот Зограф. Тој е изграден од тројцата браќа и подвижници на Атон: Мојсеј, Арон и Јоан од Охрид. Тие најпрво се подвизувале во одделни келии, а потоа го изградиле општиот храм Св. Ѓорѓи.
Името Зограф, „животописец“, доаѓа од преданието за чудото на светецот, кој сам се нацртал врз иконата приготвена за него. Порфирије Успенски, пак, тврди, дека иконата е донесена од двајца сириски калуѓери. Во секој случај, станува збор за чудотворна икона која сведочи за силата на светецот низ вековите.
Зограф е огниште на живи светии, како Козма и Пимен Зографски, но и на истакнати црковни великодостојници и монаси од македонско потекло. Тие се истакнуваат како црковни композитори, автори и преведувачи. Ќе ги спомнеме: владиката Партениј Зографски од Галичник, епископот Натанаил од Скопско Кучевиште, митрополитот Мелетиј од Струмица, епископот Доситеј од Прилепско Дабница; архимандритите Лазар од Прилеп, Анатолиј од Лазарополе, Калистрат Зографски од Струга по чиј благослов и денес, родот и потомството негово ја гради свештената историја на Струга.

http://preminportal.com.mk/duhovnost-2/manastiri-i-crkvi/8402--gj-vasko-golaboski-kratka-istorija-na-monashtvoto-na-sveta-gora-atonska


Еден од ретките манастири што не ги држат грчки монаси е манастирот Зограф (денес бугарски) посветен на Свети Ѓорѓи одалечен на еден час одење од морето. Во 13 век го превзеле бугарските монаси благодарејки на помошта на нивните цареви. Инаку манастирот Зограф е основан во 11 век, а неговата изградба се поврзува со тројцата браќа Мојсеј, Арон и Јован, родени во Охрид. Легендата вели дека, по изградбата на Црквата, браќата не можеле да се договорат на кого да му ја посветат, така што со денови стоеле и му се молеле на Бога да им помогне во нивната нерешителност. По долги молитви, еден ден во Црквата нашле Икона насликана на штица, посветена на Свети Великомаченик Георги Победоносец на кого и му го посветиле овој манастир.

Токму по таа Икона, настаната на необјаснив начин, манастирот бил наречен Зограф или во превод иконописец. Името на манастирот Зограф првпат се среќава во типикот на Цимиски од 972 г. во еден од патеписите како „Георгиос Зографос“ што упатува на тоа дека односниот Георги бил основач на манастирскиот Храм, при што неговото име, според грчката традиција се поврзува со посветувањето на Храмот на Свети Георги. Влијанието на Бугарите најмногу е изразено кон крајот на 13 век, кога овој Храм се споменува како „манастир на бугарите“ при што најголем допринос дава монахот Пајсиј инаку автор на историјата на бугарскиот народ.

Освен Соборната Црква, посветена на Свети Горѓи, во манастирот се наоѓаат осум параклиса, од кои еден играден во 1900 е посветен на словенските просветители Свети Кирил и Методија.
Во дворот на манастирот е изграден споменик во знак на сеќавање на папските прогони од 1276 г. кога биле изгорени 26 монаси од овој манастир.

Денес над десетина монаси живеат и секојдневно се молат во манастиор Зограф, чија библиотека брои десетина илјади печатени книги, 60 ракописни кодекси на грчки и близу 400тини на словенски јазици.

...

ивадок од книгата Света Гора Светилник на Православието од Драган Бошковиќ - издание на Огледало Скопје




Edited by Џоле - 07-Feb-2015 at 09:20
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 04-Feb-2015 at 08:30



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 20-Jan-2015 at 23:51

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 19-Jan-2015 at 17:00



За Многу Години Светото Богојавление


о.Ивица вели денес ко православни правилно би требало да отпоздравиме со Бог се Објави а не со Бог се Јави а веројатно оправдано во овој век и заради дистинкција односно исклучивост од телефонирање, сепак лично сметам дека ние и буквално преку молитвата телефонираме кон Бога а за возврат според чистотата на срцата и според неопходноста (иако постојано чуени) биваме услишени, поздравени, разбрани и пофалени, но настрана моите мислења, едно е јасно дека Богојавление е најнапред настан преку кој нам луѓето ни е Посочено и Посведочено дека Исус Христос е Месијата преку кого луѓето се повикани на Спасение а заради што веројатно поправилен отпоздрав при празнувањето на овој настан би бил Бог се Пројави бидејќи јавување е налик на појавување што за нас исто е суптествена работа во овој контекст но пројавување е суперлатив кој го нагласува денешниов настан кој го чествуваме во Црквата како еден од најсветлите моменти за време земното овоплотување на Бога

веројатно значајно е да се потсети дека во ранохристијанската Црква најнапред се чествувал споменот на Крштевањето Исусово а дури потем Рождество Христово со оглед дека главното обраќање на иноверните кон Христа е преку доброволно Крстење па од таму и церемонијално Славословие за да ова и се потенцира како битна основа за помирување со Бога а потем и примање Негов печат преку крштевката од кога и се обврзуваат воцрквовените да го пазат Заветот на Љубовта... веројатно подоцна Црквата ставилаи особен акцент на Рождеството земено церемонијално а многу веројатно кога истата станала сеприсутна чествувањето на Рождеството Христово како настан го поместила на 25 декември за да ги засени паганските обичаи во народот за славење на зимската рамнодневница, а во чиј рецидив за бадникарските огнови пр. им дала нова симболика како пастирски оган на исчекување и сл. - компромис кој имал за цел воедно и да се воцркови народот а потем и неговите обичаи да не му се сотрат насилно него така речи со Љубов да се испеглаат подобно оставајки им ја на мирјаните да ја задржат формата ете со бадниковите огнови пример а на истата да и се даде друга суштина Како акцентот би отпаднал на Христијанско Славословие

...


по оваа аналогија некој ќе рече истото важи и за Иконата односно подоцна Живописот та како наративно сликарство дека истото било пред се за неписмените а го разберат поусрдно Евангелието, но иако ова не е спорно дека таков момент носеле в себе како појави, сепак Иконата има и подлабоки мистични аспекти а кои се разбирливи само доколку истата се перцепира како Симбол а не симулакрум [1] до душа традицијата во многу што го надограува ова па така модернизирање на Иконата која достигнала своја класичност во смисла на оние кои истата ја соѕерцувале а потем и предавале ко таква просто не остава простор за нејзино редефинирање макар што ренесансни варијации се јавувале како во 12 век кај костурските фрескописци [1][3][4][5] а потем и во 18 век ко кај горе предочените Икони во Врање од папрадишките мајстори кои дефакто со стилот се блиску до рускиот во тоа време а веројатно бидејки било време на пансловенско освестување но и јака руска православна мисла та многу веројатно ваквото влијание е и очекувано и разбирливо!?


Богојавление фреска од Црквата П.Богородица Перивлепта


Можеби ќе претерам ако кажам дека преку Иконите и воопшто живописите Бог на сите наме постојано ни се јавува, но тоа е токму така бидејќи како луѓе нам и ни треба патоказ за да полесно се ориентираме а тоа посекако во православието се и Крстот и Иконата без разлика колку некој успешно или прецизно ги користи, Битно истите ни се дадени за наше Спасение симболично суштински... дали тоа ние го препознаваме и разбираме тоа е сосем друга работа врзана за нашиот духовен капацитет и умно расудување!



еве извадок апропо Иконите како појава од писанието на арх. Рафаил (Карелин) со наслов За Јазикот на Православната Икона, превод на Небесни Цветови од ман. Журче

http://www.slideshare.net/krugoi-okoliski/za-jazikot-na-pravoslavnata-ikona-arh-rafail-karelin

Православните апологети иконата ја изедначувале со Светото Писмо. Библијата носи во себе не само важни информации но и животворна сила, која што непосредно дејствува во душата на човекот и проникнува како зрк во самата длабочина на неговото срце. Светото Писмо тоа е откровение и благодат Божја содржана во човечкиот разум.

Иконата тоа е Црковно Предание и благодат Божја пројавена низ линии и бои, како низ букви во боја

На Светото Писмо се внимава во безмолвие, кон Иконата се обраќаме со молитва

Светото Писмо и го открива духовниот свет човечката душа, преку Иконата човечката душа општи со тој свет...




Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 09-Jan-2015 at 20:55



најблиску до руските влијанија се македонските зографи во романтизмот кога во сличен стил е фрескописана наново Црквата в Слепче, а кој е присутен пример и во Црквата Света Тројца во Врање, еве свежи фотки од денес каде ме изненади исто и самата акустика на Црквата ем што и ко во Русија речиси сета Црква во цел глас да Славослови што е ретка слика на балканов, плус и самата резба а и самите бои потсеќаат на руско влијание пример Тронот е обоен Златно и Зелено итн.

инаку Црквта е навистина екстра акустична ем крената од папрадишките мијаци браќата Дамјанови и поењето денес таму ми беше една од најмелоѕвучните литургии на која сум присуствувал јасно воедно и заради соборноста

http://sr.wikipedia.org/wiki/Саборна_црква_у_Врању

http://www.eparhijavranjska.org/eparhija/Sematizam/ObjektiQview.asp?ID=53

Црквата е изградена 1840-та година. Се одликува со одлична акустика и ретките концерти кои тука се одржуваат се   одлично примени.   Познавачите тврдат дека ова се должи на користењето на стомни при градбата на црквата како и на лушпи од јајца во малтерот.

Родот на Дамјан и неговите синови Андреја како градител, Ѓорги како зограф, Никола како резбар, Коста кој помагал во се, сите тие со своето творештво оставиле вредно, непроценливо богатство, културно наследство. Во овој храм Св. Пантелејмон е вградено сето знаење на Андреја и неговите браќа. Тие се родени во Папрадиште, но потекнуваат од   Мала Река, до Тресонче, но поради лошите услови за живот ги донел во велешко. Оваа црква има национален и духовен карактер - рече проф. д-р Димитар Ќорнаков, историчар на уметноста.

Тој потсетува дека таткото на Андреја, Дамјан градел цркви низ Грција, во Кавала, Серез, Воден, Солун и додава ,,факт е дека денес нема ништо од овие градби... [1]
















Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 08-Jan-2015 at 16:41




Originally posted by beTon

7 ~ 10

Стварноста на Бога кој постана човек и на светот кој постана Црква, односно, литургијата на Логосот во православната архитектура е изразена со помош на една величествена и генијална техничка замисла.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 07-Jan-2015 at 16:08

во манастирската Црква во Слепче постојниот Живопис е од 19 век а со тоа и нешто поренесансен, иако повторно во голем ел византиски но со некои наивни моменти посреди, но плаветнилото го прави навистина уникатен како целина, штета што и иконостасот не остнал нечепнат, претходниот Живопис впрочем е покриен со овој веројатно после опожарување на манастирот, но одма над манастирот има помала веројатно аскетска Црква порано посветена на Свети Јован Богослов, иако в Слепче редот бил таков да некогаш општожителните монаси биле стационирани тука додека аскетите оделе во метохот од каршија во село Журче в манастирот на Свети Атанасие Велики воочливо едноставно и по изобилството на вода во Слепче а сушните ридои во Журче



    

На околу 300 метри над Слепчанскиот манастир, во 1617 година била подигната црква посветена на Свети Јован Богослов, денес меѓу народот позната како црква „Св. Никола“.

Таа претставува еднокорабна градба со скромни димензии и живопис, настанат десет години по нејзиното градење, односно во 1627 година. Зографот е непознат, но се претпоставува дека бил еден од монасите од слепченскиот манастир кои се занимавале со иконопис и живопис. Во внатрешноста на црквата се забележува дрвен иконопис на кој е поставен големиот крст со претстава на распнат Исус Христос, крст за кој науката претпоставува дека потекнува од XVI век.

По својата уметничка вредност, од оваа црква можат да се издвојат насликаните композиции „Деизис“ „Успение Богородично“, „Свети Лука го слика ликот на света Богородица со Христа“, како и иконата од 1627 година на која е претставена Св. Богородица Троерачица.

http://www.demirhisar.gov.mk/kultura-i-kulturno-nasledstvo/manastiri-i-crkvi.html

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 07-Jan-2015 at 13:36



Олтарската Апсида ...



Edited by beTon - 06-Sep-2023 at 19:02
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 07-Jan-2015 at 13:21



+ + + Христос Се Роди + + +


Ако некаде Свети Јован Крстител е чествуван како светител на Балканов тоа дефинитивно е во Македонија каде нема околија да нема еден манастирска Црква која е под негов патронат, а поука за ова се и двата наши манастири предводници на локалните резбарски школи Слепчанскиот и Бигорскиот манастир [1] и двата манастира дополнително поѕнати и по своите фрескописи и икони [1][1]

она што го прави дополнително посебен Слепчанскиот манастир е неговата историска нишка врзана за ослепените самоилови војници а кои тука наше засолниште после суровата византиска опомена до Самоил [1]   

+ За Многу Години Нека Се Сите Божиќни Празници +



патем има претпоставки дека првата Црква на ова место е од 7 век иако неофицијално тоа се смета ѕа 11 век односно официјално од 14 век

инаку во овој манастир имав прилика да научам молзење крави за време Велигденски Пост а за време Светлата Недела и Славословие со битолчани севкупно прилика да сетам што е тоа Православна Среќа на Свето Место а во сеќавање ми се и шарпланинците со кои првата средба ми беше молтвена а сепак на работ на гладијаторска борба, среќа баба Софче се појави од никаде па останав целосен, иако потем и Белка и Роки ми станаа побратими, се сеќавам истата среќа ја немаше еден друг Лав      

Манастирот во Слепче ги крие тајните на ослепената Самуилова војска

Освен што со векови бил духовен центар, манастирот во Слепче е нераздвоен дел од македонската историја. Се споменува како место во кое редовно престојувале Никола Kарев и Јордан Пиперката, а дека местото имало бурна историја сведочат и тајните тунели, тесните вртени скали, ходниците и собите што се кријат во старото запалено здание до манастирската Црква чиишто ѕидови се подебели и од еден и пол метар и чиишто куполи воопшто не се гледаат од надвор

...
Тај­ни­те ход­ни­ци ја кри­јат исто­ри­ја­та

Освен што со ве­ко­ви бил ду­хо­вен цен­тар, ма­на­сти­рот во Слеп­че е не­разд­во­ен дел од ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја. Се спо­ме­ну­ва ка­ко ме­сто во кое ре­дов­но пре­сто­ју­ва­ле Ни­ко­ла Kарев и Јор­дан Пи­пер­ка­та, а та­му му би­ло пре­су­де­но и на ко­до­шот од При­бил­ци, кој ја пре­дал сво­ја­та че­та со 17 ко­ми­ти. Во еден пер­и­од ко­га не­мал мо­на­си, ма­на­сти­рот имал ле­ар­ни­ца за оруж­је. Де­ка ова ме­сто има­ло бур­на исто­ри­ја све­до­чат и тај­ни­те ту­не­ли, тес­ни­те вр­те­ни ска­ли, ход­ни­ци­те и со­би­те што се кри­јат во ста­ро­то за­па­ле­но зда­ние до ма­на­стир­ска­та цр­ква чи­и­што ѕи­до­ви се по­де­бе­ли и од еден и пол ме­тар и чии ку­по­ли во­оп­што и не се гле­да­ат од­над­вор. Тај­ни­те пре­ми­ни и про­сто­рии ги про­наш­ле се­гаш­ни­те мо­на­си кои ко­га ја рас­чи­сту­ва­ле фур­на­та, ко­ја ве­ќе не­ма да се ко­ри­сти, са­ка­ле да ви­дат што се крие зад мно­гу­број­ни­те ин­тер­вен­ции на ѕи­до­ви­те пра­ве­ни во раз­лич­ни вре­ми­ња. Вна­тре е вле­зот во скрив­ни­ца­та во виз­ба­та од ка­де што има­ло и та­ен из­лез од ма­на­сти­рот пре­ку кој без­бед­но мо­же­ло да се из­ле­зе во бли­ска­та шу­ма. По не­кол­ку ве­ка, овој пат е пре­ки­нат по­ра­ди нев­ни­ма­ние ко­га се про­би­вал се­гаш­ни­от асфал­ти­ран пат до ма­на­сти­рот

Слеп­чен­ски­от ма­на­стир, ка­ко еден од ду­хов­но нај­раз­ви­е­ни­те цен­три, бил че­сто огра­бу­ван, па­лен и уни­шту­ван. Два­па­ти, во 13 и во 17 век, бил комп­лет­но за­па­лен од Ар­на­у­ти­те и од Тур­ци­те, кои то­гаш ги уби­ле и си­те мо­на­си. А, и се­га се гле­да ште­та­та од пос­лед­ни­от по­жар во 1970 го­ди­на ко­га, по­ра­ди нев­ни­ма­ние од за­па­ле­ни­те све­ќи, на­стра­дал дел од ол­та­рот. По­ра­ди се­то тоа, ов­де мал­ку е оста­на­то од ста­ри­от автен­ти­чен фре­ско­жи­во­пис и од на­да­ле­ку поз­на­та­та пли­тка слеп­чен­ска рез­ба, за ко­ја се ве­ли де­ла е мно­гу по­те­шка и по­де­ли­кат­на за изра­бо­тка откол­ку дла­бо­ка­та рез­ба. Во ма­на­сти­рот мо­же да се ви­ди пев­ни­ца на­пра­ве­на во пли­тка рез­ба и реп­ли­ка од ико­на­та „Св. Бо­го­ро­ди­ца Па­те­во­ди­тел­ка“, ко­ја се сме­та за ед­на од нај­вред­ни­те и е ра­мо до ра­мо со уште не­кол­ку во це­ли­от ре­ги­он. Освен фре­ски­те над вле­зот во ма­на­стир­ски­от комп­лекс кои се од по­стар да­тум, жи­во­пи­сот во ма­на­стир­ска­та цр­ква е од 19 век, во ли­ков­но мно­гу по­си­ро­ма­шен стил кој ги на­пу­штил ста­ри­те ка­но­ни на пра­вос­ла­ви­е­то. По­го­ле­ми­от дел од автен­тич­ни­те вред­но­сти одам­на не се во ма­на­сти­рот – ста­ри­те две­ри се во Со­фи­ја и во Бел­град, а вред­ни­те ико­ни во Скоп­је.

По­ра­ди тоа, мо­на­си­те по­ми­на­ле обу­ка за да изра­бо­ту­ва­ат ико­ни во автен­ти­чен стил и ве­ќе има­ат не­кол­ку го­то­ви, а сла­ва­та на не­ко­гаш­ни­от кни­же­вен и пре­ве­ду­вач­ки цен­тар во Слеп­че, чи­и­што ра­ко­пи­си со ма­на­стир­ски­от пе­чат и де­нес се чу­ва­ат во ла­ври­те во Ру­си­ја, по­ле­ка се вра­ќа со 21 из­да­де­на кни­га и 170 ака­ти­сти што ги под­го­тви се­стринс­тво­то од со­сед­ни­от ма­на­стир во Жур­че, за кој над­ле­жен ду­хов­ник, исто та­ка, е отец Се­ра­фим.

http://republika.mk/?p=286060


во контекст датирањето на манастирот од мештаните уште пред самоилово време имав прилика еднаш да чујам за сонот на Баба Софче која долги години го прислужува манастирот при кујната, вели синко немој да му кажеш на Отецототи нејќе празни муабети но јас сонив кко по манастирската црква има столбови ко од врата која води кон постара Црква, се смеевме велев баба Софче ти си сонила нешто од онојсвет та пази да не заминеш такаод овој т.е. не им верувј на соништта за да не ти земат мирот и те прелжат макар биле и вистинити со оглед дека ретко кој е достоен за да разбере што каде како има а тоа да не го испрелести, што вели Свети Јован Злтоуст оној кој верува на соништата е како оној кој сака ја фати својата сенка, што пак незначи дека неможе да распознае колку е сат преку истата односно кој дел од денот го разденило од таа страна...



инаку севкупната книжевно-духовна историја на слепчанскиот манастир за жал е сотрена прво од ромејците во антиката, потем арнаутите во средниот век, а на крај и титоистите го досардисале она што претходниве немале прилика, капак и самиот манастир и самата Црква се повеќратно опожарувани, сето тоа сега обновено и одржувано од Отец Серафим кој со своето необично смирение се носи прилично инветивно со пелагониските стихии со оглед дека слепчанскиот манастир со метохот во Журче се единстевните светилници за сега во цела битолско-смилевска околија, веројатно добар дел од снисходливоста на о.Серафим е потпрена и на неговото претходно искуство ко балкански шампион во кунг-фу мислам беше, дефинитивно за да чоек излезе на крај со битолци му треба познавање и на вакви боречки вештини таман за да ја релативизира добро познатата битолскиот презир од комунизмот кон монасите и монаштвото, чудно та и смешно речиси да не сум чул за монах од битолско освен ето од ресенско, но тоа незначи дека вака ќе биде во недоглед имајки предвид дека Битола и битолско низ вековите биле монашки расадници... она што им фали веројатно на битолци е пристап ко на есените со оглед дека не се навикнати на системска хиерархија ето можеби скитови посреди мариово, и по некој заскитан по пелистерот ко што беше случај со Диме Илиевски некогаш!

симболично Слепче и денес е лечилиште за сите и физички и душевно а особено духовно ослепени браќа и сестри, кој ошол ова и го сетил ако веќе и не го разбрал, а сигурно затоаи самоиловите војници отседнале баш таму, следната 1015 прва пат и чествувајки го денот на Претечата Свети Јован Крстител, ова 2015 година впрочем прилика да се одбелижи 1000 години од ваквата чест кон Претечата од сите сродници на овие некогашни македонски предци... чествувањето иако читири пати повторено секоја година сепак основно е на 20 јануари по нов стил веднаш после Богојавление, та после Божиќ, Свети Стефан, Василица и Водици, зимскиот циклус празници симболично се завршува со Претечата кој го навестува Христовото доаѓање а со тоа и припремата за Великиот Пост и нашиот стремеж за Богопознание преку усрдна молитва и литургиско заедничарење кое кулминира символично напролет на Велигден...

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3612
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 19-Dec-2014 at 17:00



денешен Свети Никола да ни биде пример за ревност и кон Милоста и кон Жртвата но од првиот Севселеснки Собор каде присуствувал милостивиот застапник за сиромисите и пожртвуваниот архиепископ за Мирската Црква па се до денес има светлосни години разлика како во Славословието така и во Спасението, Солта денес е размлачена што може да се види преку осигураните отстапувања од традицијата како церемонијално така и архитектонски, а во многу што и духовно!

искрено доста народ ако не и мнозинството не знае како да се постави општо кон различните, а не па да проникне потака во Верата и се што е околу неа, настрана што и оние ко мене кои се трудат нешто да разберат мораат вака да калемат абери за да воопшто и нешто си насадат во меморија, за срце и да не помислувам а не да говорам!

на оваа тема добро четиво е Тајната на Спасението од архимандрит Рафаил Карелин, еве и мал извадок во контекст различните http://www.slideshare.net/krugoi-okoliski/ss-42869925 и препис во однос млакоста

Кога мислам на минатото

КОга мислам на минатото, тоа ми се претставува каконекаков список на штети и збир на загуби. Тоа е одговор за проживеаниот живот пред самиот себе си. А што ќе открие во вечноста кога ќе се разголат темните длабочини на душата, - кој знае?

Ако се прашувам себе си за што најповеќе жалам, ќе одговорам: не жалам толку за своите гревопадови, кои се неизбежни за гордиот дух, колку за нешто друго. Господ ми даде можност, која веќе не може да се повтори: средби и општење со луѓе кои го имаа стекнато она што го изгубил нашиот праотец - Благодатта. Во тие луѓе се чувствуваше неземска сила, тие зрачеа некоја недостижна духовна топлина. Со самиот овој живот тие сведочеа за Бога, како зраците - за постоењето на сонцето, во срцата свои носејќи светлина, запалена од Таворската светлина. Тие го имаа она што го заборавил светот, она што толку трагичного изгуби човештвото, - светост. Бев покрај тие луѓе, ги видов, разговарав со нив, ја чувствував Благодатта што исходеше од нив, онаа особена мудрост, која не само што знае туку и гледа.
Ја чувствував силата на нивната молитва, проникливоста на на нивните зборови и, и во исто време, колку и тоа да е чудно, не ги ценев тие скапоцени средби со нив, средби, кои до ден денес остануваат најголем настан во мојот живот. Мислев дека тие ќе бидат засекогаш, дека општењето со нив не е дар Божји, туку нешто обично и секојдневно. Не ги ценев доволно, и тоа е една од најголемите грешки на мојот живот. Не го зедов од нив она што ми го даваа. И повеќе од тоа - какво слепило! - мислев дека ги знам творбите на аскетитеи патерицитеподобро од нив, и често го заменив општењето со нив со книга, која ја читав низ призмата на своите страсти.

Сакаа да ми го предадат она што тие го стекнале со голем труд, борба со гревовите и со послушание на своите Старци. Но јасништо не можев да стекнам од нивното богатство, зошто мојата гордост како ѕид стоеше меѓу нас.
Старец што стекнал Благодат, сака да ја сподели, тој се радува ако најде душа способна да го прими тоа богатство, се радува така како самиот да стекнува. Другите беа попослушни од мене, по својата простота, тие успејаа во голем степен да го пренесат Духот на Старците. Но, макар што воопшто не ги осудувам, ми се чини,дека и тоа беше само еден матен одраз. Тие пренесоа повеќе отколку јас, но и тоа "повеќе" се шпкажа на малку.

Преподобен Макариј Велики веле: "Јас не сум монах, само сум видел монаси", иако и самиот беше ѕвезда на небото на Тиваида. Што да кажеме ние? На наши очи си заминаа последните духоносни Старци. Тоа веќе не е оскудност, туку катастрофа. Старците личеа на земни ангели. Својство на ангелите е - смирение. Ангелот е невидлив за овој свет. Само оној кој имал духовни очи можел да ја види вистински нивната величина и убавина. Само после нивното заминување во вечноста разбрав што можев да имам и што сум изгубил.
Трагизмот на положбата на современото монаштво е во тоа дека тоа практично нема наставници, кои во текот на својот живот би се занимавале со извршување на Исусовата молитва и очистување на срцето. Но имаше и момент на трагизам и во животот на последните Старци: тие не наоѓаа искрени ученици и послушници, такви кои ќе можат да ги заменат, да го примат нивниот опит ида станат наследници на нивниот Благослов. И тие Старци се чувствуваа сами - не во смисла на сфаќање на тој збор: нивната душа секогаш беше со Бога, - но се чувствуваа сами, како престарен цар кој не може да си најде преемник и не гледа рака, способна да го држи неговиот скиптар. Околу Старците имаше народ. Но тие мораа да разговараат со луѓето низ нивниот детски јазик, а најскриеното не можеа да го предадат.

Древните Отци како да продолжуваат да живеат во своите ученици, а тие Старци го носеа богатството, кое го стекнаа, со себе в гроб, давајќи им на луѓето само еден мал дел, зашто тие не можеа повеќе да носат. Да можев тогаш да ја прозрам во тие Старци таа духовна сила, способна да му даде сила на моето срце и да ме преобрази, тогаш, веројатно, би гледал на нив како бедник на богат, би се трудел да ги слушам, како пратеници Божји, да им служам, како на свои господари; би го фаќал во лет секој нивни збор, како што во древни времиња луѓето фаќале златнимонети, кои во толпата ги фрлал царот. Нивните зборови ми се чинеа многу прости. И тие заминаа од овој свет, оставајќи во мојата душа само жал за моето слепило. Но не; ниги оставија, и мене и на светот, тие луѓе своите имиња и гробови. Можеби, преку молитва кон нив или молитва за нив јас невидливо ќе се сретнам со нив, и тие без збор ќе ми го кажат она што не ги прашав при сребрата. Или ќе ме потсетат за тоа што сум го слушнал, но не сум му обрнал, кутриот, внимание и сум го заборавил.

Како што вели Ездра, самата земја се умори од времето и нашите гревови, и децата ќе се раѓаат послаби и покржлави од своите татковци (види Езд. 5, 52-53). Символички тоа значи дека луѓето не ќе можат да ја достигнат таа духовна височина која ја достигнаа претходните подвижници, ќе оскудне Духот на благочестието, тие ќе раѓаат и ќе растат во атмосфера отруена од грев. И навистина: сега веќе нема такви Старци како порано; тие заминаа, оставајќи зад себе неисполнива празнина, што зјапи.
Завршија времињата на прогони, манастирите почнаа да се обновуваат, се појави ново поколение монаси, среде нив многумина кои искрено веруваат, добри и предадени на Црквата луѓе. Но кога при Зоровавел, жителите на Ерусалим, што се вратија од ропство, изградиле нов храм, и народот ликувал, неколкумина старци, кои го имале во детството видено Храмот Соломонов, плачеле и од радост - дека се подига светилиште, и од тага - дека убавината на претходниот храм веќе нема да се повтори.

Светот брзо се менува. Две поколенија поминаа пред мои очи, и повторно сакам да ги повторам зборовите на Св.Макариј Велики: "Јас не сум монах, но видов монаси" И за тоа му благодарам на Бога. Во споредба со Старците што не напуштија, дури и најдобрите од монасите на нашето време се како јаглен, што тлее во пепелта. Сепак, тие јаглења се уште зрачат топлина, и ако не се оган што силно гори, околу нив сеуште може да не се умре од духовно студенило. Во споредба со поранешните Старци, сегашните отци се слични на матна светлина, но и при нејзиното треперење можат да се разликуваат контурите на предметите, може да се разликува патот од зараснатите џбунови и ровови. Затоа современите монаси што тагуваат дека веќе нема Старци, треба да знаат: како и ние, тие не би можеле да го примат духот на поранешните отци; но дека ги почитуваат оние што се наоѓаат близу нив.
Денешните наставници ја немаат силата на оние кои заминаа. Духот на светот во голем степен тежи над нив, но и во нивна близина може да има спасение. Кога ќе заминат и тие, во светот ќе стане уште потемно и постудено, и многумина со тага ќе речат по нив: "Зошто, зошто не зедовме макар и од тие трошки што ги имаа!.."

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3612
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 11-Dec-2014 at 07:10

За Многу Години Искреноста на 15те Тивериополски Маченици одбележена во овој ден


Средниот Пат, царскиот пат, умерениот колосек, како и да е свртен исто ко горната слика в среде (пост #74 погоре) значи токму Пат со Душа, а дали човек (или живот) со душа е тоа доколку е заробен од материјализам и страв по земното, дали ропството е вредно на крајот од краиштата како би биле во тренд и по духот од овој свет наситувајки се само со минливи страсти наместо со вечни емоции, дали смртта значи само музејска витрина в земја или само чекпоинт односно граничен премин за душата...

И сам се прашувам често дали средниот пат значи буквално умереност и златна средина ИЛИ средниот пат е Трпение (кое раѓа Смирение а ова Спасение)
некој ќе рече тогаш по тој аршин средниот пат е автогол за Гордоста, алчноста и ненаситноста, а за жал понив нели сите денес слиниме искрено, бидејки реално и со по некој кредит можеме сето тоа и да си го дозволиме бар на вересија итн. но дури и кога ќе се наситиме повторно чувствуваме празнина, налик вкус во устата кој не одминува брзо но бидејки не сме уживале искрено додека траел не сме се ни израдувале ко што треба а потем пак сакаме нестрпливо повторно да ни биде ко тогаш заради што сме спремни да не трпиме ем бараме скратен пат како повторно до насладите, бар да беа природни и изворни истите, бар да беа искрени та и ради нив да трпиме и се смируваме, или излудиме и изгинеме, за жал денес тоа го правиме жртвуваји се за и поради тешки лаги ко шминка и конзервански спакирани во добра амбалажа и намакани во бомбастични етикети за случајно да не би имало простор да се поколебаме во сопствената самоизмама!

но и да е така, и контра од ова макар некој искрено одлучил да живее Живот Со Душа наместо добро етаблираниот живот по тело, тој или таа просто незначи дека со самиот почеток на утакмицата ја однеле победата, настрана што мора постојано преку автоголови да победува се до последната секунда!!!

...


земено како Архитектура може да се каже старите камени градби се токму Градби со Душа, истото важи и за Традиционалното Славословие кое е иако церемонијално сепак Искри од Срце, додека ова современиве трендови на бетон и пластика а на тоа донакалемени и театарските клупи за церемонијата да бидне ко кино претстава наместо Служба пред Бога ја сведува духвноста на инстант уметничка закрпа за побожни носталгичари, ДОБРО претерувам но дефинитивно не е исто плетени чорапи и неопренски сред зима иако доколку нема добри обувки стапалото сигурно ќе накисне макар чоек ги комбинирал и двата вида чорапи а ТИЕ обувки идеално би требало да се направени од Милост и Скромност...

да поедноставам Царски Пат во православната духоносна архитектура би било да се држи до традицијата Милозвучно во формите на византискиот стил, додека Скромно со модернизирањето околу материјалите не дека треба само со камен и цигла да се гради напротив тоа денес е екстралуксуз, но да се избегнува од Црковните Храмови да правиме трендовски модни салони И на првоместо акцентот да биде кон Молитва макар истата се излевала во параклис од ламарина!

вака видено некој ќерече византискиот стил тогаш би бил раскош, и тоа дури може и било така доколку се посматра од средновековен агол, но прво тогаш на Луѓето центар во својот живот не им бил телевизорот и компјутерот туку Црквата и Спасението па народ богат или сиромав и последниот алтандоброволно го двоел за да во селото, градот или државата се подигат Цркви та макар тоа го правел и нахоризонтално ниво за да се знае дека тоа можел да си го дозволи и сите преку тоа индиректно да му одадат признание, иако длабоко сум уверен дека нашите предци не граделе за да фрлаат чалам ами за да ко ктитори измолат милостиња пред Бога преку молитвите на сите оние кои ќе служат утре во тој Храм со оглед дека на секоја литургија во секоја Црква се молиме во континуитет со векови за сите оние кои го дарувале и граделе тој Црковен Храм

денес пак некој повторно ќе приговори дека византискиот стил е непотребен луксуз, но знаејќи дека се крева истиот со калапи и вештачки, сепак ко таков не потсеќа на Славната Духоносна Традиција од минатите два милениума со што бар формално би допреле до онаа СИЛА која ја имале верниците и верските војводи претходно а чив подвиг денес може да ни биде само мисловна именка макар што живееме во далеку поголемо материјално изобилство и технолошки напредок но Сиромаштијата на Духот го компензира екстра лесно сето тоа!



струмичката базилика Свети 15 Тивериополски Маченици





Edited by Max - 11-Dec-2014 at 07:11
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3612
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 08-Dec-2014 at 12:08






нека е Честит духовниот и националниот празник Свети Климент Охридски
и по неговите Молитви да им подаде Господ трпение и смирение во овој краток живот на оние кои бараат застапништво од Светителот пред Христа

...


дали некој знае каде може да се најдат реплики од охридската резба на Светиот Словенски Архиепископ чинам прв е кај Словените бидејќи Свети Кирил и Методиј се Рамноапостоли Словенски без царски указ за епископи, иако и Седмочислениците како нивни ученици и наследници меѓу кои Свети Климент е поставен како прв меѓу еднаквите се воедно и самите Словенски Рамноапостоли




http://ortos.wordpress.com/2008/12/07/свети-климент-охридски/
Се искажуваат претпоставки дека Климент ги придружувал Кирил и Методиј во нивната мисија во Хазарија



Свети Климет Охридски е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.

Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. На Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.

Во младоста отпатувал на Исток, каде што се запознава со верата во Христос. Учители му се самите апостоли.

Не се знае каде е точно роден, нема податоци за семејството и потеклото, освен дека бил закопан на 27 јули 916 година во манастирот на Плаошник во Охрид, што тој сам го изградил и го посветил на св. Пантелејмон.

Кога манастирот бил претворен во џамија, моштите му биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, која оттогаш е нарекувана со неговото име.

Моштите му се повторно вратени во август 2002 година по обновата и осветувањето на неговиот манастир. Се претпоставува дека починал на 70-80 години и дека е роден околу 30-40 години на 9 век.

Според професорот Ратомир Гроздановски, неговото значење е големо за цела Европа.

-Свети Климент Охридски е не само просветител, туку и голем духовник, голем книжевник, голем црковен пастир. Неговото учење, неговата просвета, неговиот книжевен опус е распространет не само во Македонија, туку и низ цела Европа. И навистина, личности од таков карактер и од такво величие, ги заслужува целиот свет, ги заслужуваат повеќе народи, а не само еден народ“, вели универзитетскиот професор Гроздановски.

Свети Климент Охридски, меѓудругото, е основач на првиот универзиет во Европа и коректор на првата македонска азбука – Глаголицата, која ја нарекол Кирилица.

http://denesen.mk/web/?p=315634





Edited by Max - 08-Dec-2014 at 12:10
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3612
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 07-Dec-2014 at 19:08

денес бев Сведок на две убави работи, првата е Блажена Мајка а другата е Радосна Невеста, и на Двете Господ Да Им Подари Спасение, а кое како Православни Христијанки ќе го заслужуваат живеејки во подвиг, што може на мирјаните им делува дека е норма само за отшелниците, но дефакто сите сме повикани на Целомудреност од кој аспект оние кои живеат во манастир или потака в пештера ил пустина ко аскети ним иако искушенијата им се претежно од духовна природа, сепак се во подобра положба од оние кои се Спасуваат во светот односно сред цивилизација, и не бидејки на монасите им е полесен патот од мирјаните ТУКУ бидејки мирјаните имаат одговорност во Бракот далеку поголема него што тоа е случај со монасите кои пред Бога одговараат сами за себе, но и во двата случаи доколку Православните не се стремат кон подвиг во Љубов тогаш и делата и плодовите им се млаки ко што вели Апостолот ко кимвал што ѕвечи...
е сега ако Љубовта се' простува и не се противи, ако Љубовта трпи и сострадува, ем ако Љубовта значи милост а не жртва, тогаш лесно се пребродуваат сите искушенија, а уште полесно се надминуваат сите разлики, но дали денес се наоѓа искрена Љубов - е тоа е друга работа за која потребно е хируршка прецизност во животот

сето ова би било лесно применливо доколку се држиме до поуките на Светите Отци кои својот опит и традицијата ги преточиле во Канони а кои денес како поуки ни се предадени на Црквата доколку сакаме Живот со лесно бреме и осигурано спасение, во спротивно Црквата повторно има простор за покајание и за оние кои отпаѓаат но само доколку тоа го прават скрушено а не од разонода колку да исполнат одредена форма, ОД овој аспект уште поголем престап е да се живее вон Црковните закони а да се очекува дека ко такви можеме редовно да им пристапуваме на Светите Тајни... дури денес од овој аспект ми е навистина шубе да размислувам и за работи како флерт со жена за време пост а не па вонбрачен живот со неа капак ко таков да барам да се Причестам... ех, If being a Christian is not easy being an Orthodox Christian is even harder

еве неколку страни извадок од книгата Беседи Под Крстот издание на Небески Цветови Св.Атанасие ман.с.Журче а каде едноставно се укажува дека добро е да се живее во Чистота и Страв пред Бога доколку сакаме животот да го минеме во Слобода на што никој не е присилен но на крај посекако ќе сконта дека така би било полесно за него да се спасува, другиот аршин е падни стани бранувања се додека не се почне да се игра по правила а кои не се за нас да не ограничат туку да ни помогнат ограничувањата на овој свет лесно да се надминат... последната е за оние кои стапуваат во Брак, а средната е за се потоа, односно дека Љубовта е како таписерија та кога ткаеш доколку конците ти се врзани за небесата (осигурани од Христа преку венчање и светотаински живот) резултатот секогаш ќе биде Благ макар живееле во горчливи околности или времиња, Спасувајте се Изворно... бар одвреме навреме ако не можете постојано сепак најдобро преку духовно раководство та и старателство кај избран Духовник, живејте како достојни Христијани доколку веќе се декларирате ко такви, бар бидете искрени доколку не можете ни да се разбудите со три чисти...

 








Edited by Max - 18-May-2021 at 18:56
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3612
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 06-Dec-2014 at 21:51


прв пат во манастиров в Зрзе имав отидено со екипа апла туристички летото '97 чинам, но и манастирот немаше монаси, а единствено дедо Иљо беше ко доманикин таму, но повеќе ко чувар на традицијата кој потем доведе еден чоек мислам од Ниш изгледа се викаше Мино ил така нешто, нејсе, имавме прилика тогаш и коритото од кладенецот да го зашалуваме, а тек годиње подоцна го направија ко што е сега иако и тогаш беше тоа камената одаја, битно од таа година ето ко архи-турист месец дена имав прилика да видам што е тоа манастир и поднаучам по нешто и за градителската и за црковната традиција, иако поминаа приличнo години од тогаш додека и да се приучам, но сега е нај'склет бидејки нема ништо полошо на овој свет од полуписмен чоек кој мисли дека со својта просечност може да префрли умно и тро потака... туку тогаш пред да стигнеме до манастирот барајки го патот наидовме на едно девојче и ни вели 'само следете го патот со белите камчиња' за жал истиот денес е асфалтиран за што повеќе туристи да можат да се прошетаат иако ко што може да видите по мене туристите далеку знаат да стигнат и без никаква особена подготовка единствено што треба е ЉУБОВ - Љиљаков Убав Бран Од Виножито ( онака ко за почеток или мисија прва






Edited by Max - 18-May-2021 at 18:50
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.221 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.