Пазари (општо) |
Post Reply | Page <1 78910> |
Author | |
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #161 Posted: 15-Oct-2022 at 13:23 |
Уште еден Старт-Ап инкубатор за сива економија! Браво Македонијо
|
|
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 573 |
Quote Reply #162 Posted: 15-Oct-2022 at 22:46 |
A зошто само не се регулира овој "старт ап"? Пазарите се интересна работа и ги има насекаде низ светот. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #163 Posted: 19-Oct-2022 at 17:35 |
Кисела Вода за прв пат ќе добие модерен затворен пазар
Поставен е камен темелник, со што започна изградбата на новиот затворен пазар во Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред присутните го истакна задоволството што после три декади, оваа општина за првпат добива современ простор со целосна инфраструктура кој за жителите ќе биде пристојно место за набавка на свежо овошје и зеленчук, а за пазарџиите, квалитетен простор за пласман на нивните производи. Воедно, потенцираше дека ова е еден од ветените проекти во неговата програма, чија реализација за само една година изнесува околу 70 проценти од предвиденото. Денес за прв пат во триесет години, отпочнуваме еден ваков капитален проект. За прв пат во историјата на Кисела Вода, моите сограѓани ќе добијат современи услови за пазарење односно еден нов, модерен, ултрасовремен, затворен пазар, нешто што во мојата општина недостасуваше повеќе од 30 години. Тука од една страна го постигнуваме ефектот моите сограѓани, мојот народ овде, во Кисела Вода да пазари во современи услови, услови какви што им доликуваат, а од друга страна и оние кои што се пазарџии, коишто го опслужуваат нашиот народ и го пласираат својот производ да имаат современи услови за пласман на своите производи, овде во Кисела Вода – истакна Ѓорѓиевски кој рече дека пазарот ќе биде готов за два месеца. Тој најави дека многу скоро во Драчево ќе почне изградбата на уште еден ваков ултра модерен, современ, затворен пазар. Новиот затворен пазар е лоциран на местото од некогашниот див пазар кој функционираше во субстандардни услови, без водоводна и санитарна инфраструктура. Покрај функционалноста, новото современо здание ќе претставува и квалитетно естетско решение за овој дел од Кисела Вода, каде во непосредна близина се лоцирани паркот “Македонија” и Домот на култура “Билјана Беличанец”. https://www.vecer.press/ѓорѓиевски-кисела-вода-за-прв-пат-ќе-до/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #164 Posted: 04-Dec-2022 at 18:11 |
Со возило на пазар – овошјето и зеленчукот зачинети со олово, сулфур и прашина
Скопјанка која често пазари на ова пазарче додава дека возила се паркираат во два реда, а поради непрописно паркирани не можат да се разминат ниту пешаците. – Паркираат автомобили буквално пред тезгите. А за да излезеш од паркингот до пазарчето мора да свртиш кружно и да го поминеш пазарот, вели таа. И од Град Скопје и од Општина Карпош, на чија територија се наоѓа пазарчето, се прогласуваат за ненадлежни префрлајќи ја одговорноста на АД „Скопски пазар“. Оттаму, пак, велат дека единствено решение е да профункционира рампата на влезот од паркингот Нерешениот пристап до пазарчето во Тафталиџе претставува опасност не само за купувачите, туку за продавачите. Врвулицата од возила, реагираат жителите, предизвикува сообраќаен хаос при што ги доведува во опасност нивните животи. Ангел Зафировски вели дека треба да се забрани кружењето со возила на ова пазарче и тој простор да служи само за тезги со продукти. Ленче Даниловска на фејсбук групата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ коментира дека е крајно безобразно тоа што му е направено на пазарчето во Тафталиџе. – Реално е да се преименува во паркинг „Тафталиџе“ или кружен тек „Тафталиџе“. Има невиден сообраќаен метеж како во Центар, а овошјето и зеленчукот пие олово, сулфур и прашина – реагира таа и додава дека и сопствениците на тезгите раскажуваат и за сопствени повреди, како тркало од автомобил кое им поминало врз ногата, поради постојаниот тек на возила на само неколку сантиметри од тезгите – вели Даниловска. За Мирјана Глигорова, пак, постојниот пазар е еден од најлошо организираните пазари во Скопје. – Постојано си на штрек поради возилата зад тебе. Особено е тешко за повозрасните луѓе, кои се побавни, им треба поширок и побезбеден простор за пазарење – коментира Глигорова. Скопјанка која често пазари на ова пазарче додава дека возила се паркираат во два реда, а поради непрописно паркирани не можат да се разминат ниту пешаците. – Паркираат автомобили буквално пред тезгите. А за да излезеш од паркингот до пазарчето мора да свртиш кружно и да го поминеш пазарот – вели таа. Маја Масри, пак, смета доколку тезгите се свртени кон внатрешниот дел на пазарот, наместо кон улицата, нема да има повреди. Некои од жителите за ваквата состојба испратиле забелешка до градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, повикувајќи и другите да испратат за да се реши проблемот. – Овие прашања треба некој да ги покрене на Совет на Карпош. Независните советници треба да изградат канал за комуникација со граѓаните или во спротивно се ќе се сведе на фејсбук апели, кои можеби и никој нема да ги прочита – смета Даниел Аврамов. И од Град Скопје и од Општина Карпош се прогласуваат за ненадлежни, префрлајќи ја одговорноста на АД „Скопски пазар“. -Град Скопје не е надлежен за пазарот во Тафталиџе. Во согласност со катастарски документ, истиот е во сопственост на приватна компанија АД „Скопски пазар”. Во однос на уредувањето и стопанисувањето во внатрешниот дел обврската е исклучиво на компанијата – одговорија градските власти. И од Општина Карпош со идентичен одговор дека немаат никаква надлежност на таа локација и дека за тоа треба да се обратиме до „Скопски пазар“. Оттаму, пак, вината за ваквата состојба со пазарот во Тафталиџе ја префрлаат на несовесните станари од блиските згради кои ги оставаат своите возила. – Ги паркираат автомобилите на паркингот кој е наменет за потребите на „Скопски пазар“. Паркираат и непрописно, па дури не може да помине и возило на „Комунална хигиена“ за да го собере ѓубрето. Некој има потреба да паркира на паркингот до пазарот, но е спречен. Нема разбирање. Се обративме и до Општина Карпош за да преземе мерки и до МВР и до Пазарна инспекција, состојбата повторно е иста – велат од „Скопски пазар“. Оттаму велат дека единствено останува да профункционира рампата на влезот од паркингот, за што се во преговори. https://www.vecer.press/со-возило-на-пазар-овошјето-и-зеленчук/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #165 Posted: 09-Dec-2022 at 18:16 |
ВИДЕО: Протест на Кванташки пазар во Скопје – закупците велат дека нема елементарни услови за работа
Закупците на тезги на Кванташки пазар во Скопје, утринава од 6 до 9 часот, протестираа пред влезот на пазарот. https://mk.tv21.tv/video-protest-na-kvantashki-pazar-vo-skopje-zakuptsite-velat-deka-nema-elementarni-uslovi-za-rabota/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #166 Posted: 27-Dec-2022 at 15:17 |
Кисела Вода доби модерен пазар од затворен тип
https://www.facebook.com/photo?fbid=701529611600331&set=pcb.701530578266901 |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #167 Posted: 27-Dec-2022 at 15:34 |
Ау, браво, пријатно изненадување. Единствен минус се видливите клима-уреди, но тоа лесно се средува. |
|
За сè има вторпат
|
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 879 |
Quote Reply #168 Posted: 28-Dec-2022 at 01:30 |
Значи се можело да се изгради објект залепен за дрва без да се исечат. Ако има желба има и начин, браво
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #169 Posted: 28-Dec-2022 at 08:12 |
https://www.facebook.com/photo?fbid=488291036792863&set=pcb.488291153459518 |
|
Carpe diem
|
|
Vire
Senior Member Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 395 |
Quote Reply #170 Posted: 28-Dec-2022 at 17:05 |
Значи можело ако се сакат а ? ....браво,ретко пристојно нешто изградено во главнио град.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #171 Posted: 03-May-2023 at 16:54 |
Драчевскиот затворен пазар ќе се гради слично како оној на Бит-пазар, со паркинг на покривот
Во Општина Кисела Вода ќе се гради вториот модерен затворен пазар. Овој пазар ќе биде на местото на постојниот пазар во населбата Драчево, каде што во моментов се врши расчистување на тезгите, како и на дуќаните околу пазарот. Се работи за долгогодишно барање не само на жителите на оваа многуилјадна населба туку и на закупците на тезгите и на дуќаните. Од 1965 година, кога е изграден пазарот на кој се продаваат земјоделски производи и слично, не е инвестирано во него. Долгогодишни тезгаџии велат дека тезгите се без никакви услови за работа, а дуќаните се без енергетска ефикасност. Од Општина Кисела Вода потврдуваат дека ќе се гради затворен пазар, но повеќе детали најавуваат за кога и официјално ќе почнат градежните работи. Сопственик на просторот на пазарот и на објектите е „Скопски пазар“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се договорил со оваа компанија таа да инвестира со цел драчевци да добијат пазар со современи услови на пазарење. Планирано е над пазарот да има паркинг по примерот на Бит-пазар. Општината ќе најде привремено решение за работа на досегашните тезгаџии додека траат градежните активности. Камен-темелникот на првиот модерен пазар на територијата на Општина Кисела Вода беше поставен лани на 19 октомври, а профункционира во јануари годинава, со што жителите на Општината добија пристојно место за набавка на свежи овошје и зеленчук. – Во мојата програма се обврзав дека ќе изградиме два вакви пазара, па, еве, на истекот од првата година од мојот мандат, веќе го почнуваме овој пазар, кој треба да биде готов приближно за два месеца, а многу скоро, како медиуми, ќе бидете повикани и во Драчево, каде што ќе започнеме со изградба на уште еден ваков ултрамодерен, современ, затворен пазар како што прилега за нашата современа општина – изјави тогаш Ѓорѓиевски. https://www.vecer.press/драчевскиот-затворен-пазар-ќе-се-град/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #172 Posted: 11-May-2023 at 12:26 |
ДРАЧЕВО ЗА ПРВПАТ ДОБИВА НОВ, ЗАТВОРЕН, МОДЕРЕН И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ПАЗАР!
https://www.facebook.com/1OrceGj |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #173 Posted: 19-May-2023 at 17:13 |
https://www.facebook.com/photo/?fbid=573001138281501&set=pcb.573001271614821 |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #174 Posted: 24-Jun-2023 at 19:26 |
Премиерот Ковачевски во посета на Општина Делчево по повод отвoрањето на новиот градски пазар [24.06.2023"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr
Премиерот Ковачевски во посета на Општина Делчево по повод отвoрањето на новиот градски пазар [24.06.2023"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #175 Posted: 25-Jun-2023 at 15:14 |
Делчево денеска има објект со кој се гордее, освен што ќе оди во прилог на сите продавачи и купувачи и ќе им обезбеди современи услови на тргување, со своите 18 дуќани и 192 продажни пунктови
https://www.facebook.com/GoranTrajkovskiZaDelcevo |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #176 Posted: 14-Sep-2023 at 09:47 |
Во горниот десен агол може да се види изградбата на пазарот во Драчево:
https://www.facebook.com/photo/?fbid=844117334008224&set=pcb.844119420674682 |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #177 Posted: 08-Dec-2023 at 15:50 |
Кванташкиот пазар заминува во историја?
Кванташкиот пазар во Скопје долги години беше место на кое што се вршеше откуп на свежо овошје и зеленчук. Таму на едно место се состанувааа откупувачите, трговците, земјоделците, сопственици на пилјари, ресторани, маркети, сопственици на тезги по зелените пазари . На кванташкиот пазар овошјето и зеленчукот се продава од камиони, комбиња, импровизирани тезги, монтажни магацини со комори. Дали овој начин на трговија со овошје и зеленчук ќе биде заменет со нов и посовремен начин и што тоа ќе значи за трговците и земјоделците останува времето да покаже. Започнат е процесот за изградба на првата логистичко-дистрибутивна платформа во Република Македонија. Оваа платформа, како стратешка инвестиција, предвидено е да се простира на околу 30.000 метри квадратни и да процесира околу 46.000 тони овошје и зеленчук. Овој логистички центар во Скопје ќе биде во населбата Гази Баба. Логистичко-дистрибутивната платформа ќе овозможи организирање и унапредување во снабдувањето со безбедни и свежи прехранбени производи, ќе овозможи поедноставен пристап до пазарот за локална свежа храна и ќе обезбеди логистички и други услуги за земјоделско-прехранбениот сектор, за домашниот и меѓународниот пазар. Средствата за изградбата на платформата се обезбедени преку Проектот за модернизација на земјоделството, кој се финансира со поддршка од Светска Банка во износ од 46 милиони евра и 4 милиони евра грант од Европската Унија преку ИПА фондовите. Вакви центри за откуп на земјоделски производи ќе има и во Струмица и Ресен. https://zemjodelie.mk/2023/12/06/%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80-%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/ |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #178 Posted: 07-Jun-2024 at 17:33 |
ШТИП ДОБИ НОВ ПОЛУЗАТВОРЕН ПАЗАР СО 50 ТЕЗГИ И ПАРКИНГ ПРОСТОР
Од денеска, Штип има нов полузатворен пазар, кој се простира на 1.200 квадратни метри како продолжение на веќе постојниот пазар, кој е со исти површина и капацитет. Новиот пазар е со проѕирен покрив, современа подлога, 50 тезги и паркинг простор за најмалку 100 возила, каде што ќе можат да се паркираат земјоделските производители од Источна Македонија. „За новиот пазар потрошивме над 12 милиони денари, но сметаме дека создадовме модерни услови за продавачите, од кои поголемиот дел се од регионот и нудат исклучиво домашно производство, но и за самите купувачи, кои во петок, кога е традиционалниот пазарен ден во Штип, масовно го посетуваат и пазаруваат“, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Со нов асфалт се реконструирани сите улици околу пазарот, со што продавачите и граѓаните ќе имаат многу подобри пристапни услови до градскиот пазар. Пазарот ќе работи преку цел ден и секој ден, а во саботите и неделите ќе има скратено работно време. Т. ЈОВАНОВСКИ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-dobi-nov-poluzatvoren-pazar-so-50-tezgi-i-parking-prostor/ |
|
За сè има вторпат
|
|
Marcello
Groupie Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 49 |
Quote Reply #179 Posted: 12-Jun-2024 at 13:43 |
Убаво е пазар во затворено ама не знам колку таквите во Македонија се добро средени и внатре самите тезги. Јас како некој кој не толку ги познава на работите како се мислам би требало секоја тезга со закон да биде иста,одредено до колку смеат продавачите да изложат храна, да не смее да биде во распаднати картонски кутии, храна расфрлано на под, ѓубрето да мора да биде по пропис селектирано.. Но сепак ние сме чудна сорта луѓе и држава па ништо од ова и да го реализираат нема до толку да е така до најситен детал средено.
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1149 |
Quote Reply #180 Posted: 12-Jun-2024 at 14:09 |
|
|
Post Reply | Page <1 78910> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |