build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Објекти од културата (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 31>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Објекти од културата (општо)
    Posted: 12-Jan-2021 at 11:08


извор: фб (Bitola in my heart)

Фото: Гордана Аџиева-Михајловска
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Dec-2020 at 13:52
Почна реновирањето на Саат кулата и турската бања во Дојран





Со пари од ЕУ фондовите за прекугранична соработка, општина Дојран почна со реновирањето на Саат кулата и турската бања (амамот), препознатливите објекти кои по 130 години ќе го вратат духот на старото маало во Дојран, велат од локалната самоуправа.

Двата културно историски објекти, кои по реновирањето ќе бидат тавени во функција на развојот на туризмот во Дојран,биле разурнати за време на Првата светска војна како и во балканските војни.

Според проектот, за кој се одобрени над 250 000 евра, предвидено е да се изврши расчистување и уредување на теренот и реставраторски и конзерваторски работи на сочуваните делови заради зачувување на автентичноста на објектите од 19 век кои предизвикуваат интерес кај туристите.

Покрај ова, постојните патеки што ги поврзуваат објектите, во должина од околу 500 метри,ќе бидат поплочени и поврзани со блиските улици.

Враќањето на стариот сјај на Саат кулата ќе придонесе многу за развојот на туризмот во Дојран и за привлекување на нови туристи. Своевремено со 10 метри височина доминирала и сега со новата височина од 18 метри повторно ќе доминира во околината. Саатот ја имал улогата на узвестител за времето по кој се ориентирале занаетчиите и трговците за отворање на дуќаните,а рибарите за одење на мандрите, рече дојранскиот градоначалник Анго Ангов.

https://mk.tv21.tv/pochna-renoviraneto-na-saat-kulata-i-turskata-bana-vo-dojran/
https://www.facebook.com/angovango
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1078
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Dec-2020 at 17:09

А зашто ја смениле бојата на фасадата?
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 328
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Dec-2020 at 16:50
Конечно пристојна реконструкција, уште да заживее објектот и градот ќе има едно големо богатствo! Се надевам дека ова ќе продолжи и во останатите градови низ Македонија.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Dec-2020 at 14:00
РУСКИОТ ИНЖЕНЕР ВАЛЕРИЈ ГУСЕВ ЈА СОЗДАЛ ФАСАДАТА НА ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА ВО 1920-ТЕ







Префинетите делови од фасадата со која воодушевува Офицерскиот дом во Битола, поради што и се нарекува битолски Версај, се дело на натурализираниот битолчанец, инженерот од Русија Валериј Гусев, открива хроничарот на Битола, професорот во пензија Александар Стерјовски во неговата најнова книга „Градби“, која деновиве излезе од печат. Во неа тој објаснува дека градбата на објектот почнала во 1909 година според планот на двајца архитекти Италијанци, но потоа претрпела две несреќи.

Имено, објектот бил гранатиран на 13 март 1917 за време на Првата светска војна, кога биле оштетени и 31 друг објект во градот. Тоа не била единствената несреќа на оваа градба, зашто во 1922 при експлозијата на Џепането претрпел материјлана штета.
По овие настани, офицери во тоа време покренале акција за негова обнова. Се обратиле и до тогашните државни институции, но не ја собрале очекуваната сума. Одлучиле да донираат лични средства, а кон донацијата се приклучиле и граѓани на Битола.

„Во обновата со свои архитектонски решенија го вклучиле и натурализираниот битолчанец, рускиот инженер Валериј Гусев, кој посебен прилог дал врз изведбата на фасадата и ако објектов денес воодушевува со неа, заслугата најмногу е негова. За жал, нацртите не можевме да ги пронајдеме, макар што информациите говореа дека биле одземени од наследниците на имотот на Гусев, од лица порано вработени во битолската Општина со образложение дека се потребни за некаква градежна интервенција“, пишува Стерјовски.

Во 1923 година, за првпат била искористена и концерната сала за музички настапи, рецитали, а учениците од училиштата извеле и драмски текст. Дури во 1933 била оспособена и терасата и отстапена за потребите на граѓанството за културни настани и другарски вечери.

Според минатото на Офицерскиот дом, неговото руинирање во 21 век всушност беше третата опасност по неговиот опстанок. Долгогодишната негрижа на локалните и државните власти го имаа доведено на работ на распаѓање.

Реставрацијата ја започна Општина Битола пред година и половина преку проектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот Регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом со партерно уредување“. За проектот Општината доби средства од европските ИПА фондови. Вкупната вредност е 58.792.610 денари (околу 950.000 евра), од кои Општината обезбеди над 5,8 милиони (околу 90.000 евра). Дополнително, од локалната самоуправа се вложени два милиона денари (околу 32.000 евра) во атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Веќе е реставрирана фасадата во оригинален стил и боја, обновен ентериерот, витражот, дограмата, интарзивниот паркет, светлечките тела, а деновиве беше прикачен и нов лустер од Турција во концертната сала, налик на стариот кој беше оштетен пред четири години, а ќе биде репариран и поставен во изложбен салон во битолскиот Завод и музеј.


https://sdk.mk/index.php/magazin/ruskiot-inzhener-valerij-gusev-ja-sozdal-fasadata-na-ofitserskiot-dom-vo-bitola-vo-1920-te/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Dec-2020 at 12:02
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 660
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-Dec-2020 at 14:20
Originally posted by гитардемон

Ottoman heritage


        Функција, ottoman heritage, баш!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4882
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Dec-2020 at 11:26
Originally posted by Galileo

Каква функция има офицерският дом? Учудва ме че е класивициран като обект на културата.


Ottoman heritage

https://bg.wikipedia.org/wiki/Офицерски_дом_(Битоля)
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Dec-2020 at 09:16
Ова ќе биде дом на уметноста, во него ќе има низа културни настани, отворен за настани на невладини организации, на бизнис заедницата, но и за музејски поставки кои ќе бидат флексибилни зашто градот изобилува со археолошки наоди кои ни се наоѓаат во подрумските простории на нашиот Музеј, артефакти кои ни битолчани ги немаат видено“, рече градоначалничката Наташа Петровска.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/privrshuva-rekonstruktsijata-na-bitolskiot-ofitserski-dom/
За сè има вторпат
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 651
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Dec-2020 at 23:42
Каква функция има офицерският дом? Учудва ме че е класивициран като обект на културата.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Dec-2020 at 20:23
Офицерскиот дом во Битола



За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1078
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Dec-2020 at 21:22
Прелошо
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 11-Dec-2020 at 18:37
Јас сум запрепастен. А толку убаво можеше да се реконструира.
Најлошо е што моите сограѓани ракоплескаат и мислат дека ова е нешто уау.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Dec-2020 at 18:04


Не се гледаат фотографиите, па ќе ги објавам тука:

ПРЕД



ПОТОА



Па, добро бе, мајку му стара, има ли некој во државава со грам осет за естетика, за убавина, за нешто добро? На што личи реновираното кочанско МКЦ? Дури ни град како Кочани не заслужува некаква најевтина импровизација за мачкање очи.

Истово се случува во провинциските градови на Русија, каде на стари згради со некаква архитектонска вредност им лепат т.н. вент-фасада и рефлектирачко стакло и ги претвораат во турбо-фолк архитектура.

Еве неколку примери со ПРЕД и ПОТОА:

















итн.итн.

Edited by Џоле - 11-Dec-2020 at 18:04
За сè има вторпат
Back to Top
zorant View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 17
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Dec-2020 at 12:36
Мултикултурниот центар во Кочани добива нов, современ лик.
Реконструкцијата на МКЦ е на завршеток. Се работи на уредување на внатрешноста.
Проектот почна да се реализира пред една година преку Програмата за прекугранична соработка, со финансиско учество на Министерството за локална самоуправа и Општина Кочани.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=820899011792038&id=174501533098459




Edited by zorant - 11-Dec-2020 at 12:38
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Dec-2020 at 14:23
Домот на култура во Кисела Вода четири години по реконструкцијата, уште не е пуштен во употреба

Старото Кино во Кисела Вода, изградено во 1959 година, пред четири години беше комплетно реконструирано, но „светлината на денот“ се уште не ја доживеа.

За реконструкцијата на објектот досега од државниот буџет се потрошени повеќе од 20 милиони денари на градежната фирма Карпош која е изведувач на градежните работи.

Зошто овој објект кој се уште не е ставен во функција на граѓаните прашавме во Општина Кислеа Вода, од каде што добиме краток одговор дека во прашање е судска постапка со изведувачот поради која што објектот формално е во сопственост на фирмата Карпош.

-Реновираниот Дом на културата, лоциран во урбаната заедница „Кисела Вода“, во 2016 година официјално беше пуштен во употреба, но оттогаш поради судска постапка со изведувачот, истиот не проработи. Судската пресуда е во корист на Општина Кисела Вода. Следната година објектот ќе биде ставен во употреба, ни одговорија од Општината.

Домот на културата е на површина од околу 900 м2, на приземјето се сместени мултимедијална сала со 169 седишта, музичко-уметнички клуб, библиотека, канцеларија на урбаната заедница, гардероби, билетарница, пацио. Просторот има и дополнителни содржини како кафетерија, додека во подрумскиот дел е сместен делот за релаксација. Во дел од контролната кула е сместена контролна техничка просторија. Сцената е во должина од 10 метри, на ширина 8 метри и длабочина од 8 метри.

https://www.slobodenpecat.mk/domot-na-kultura-vo-kisela-voda-chetiri-godini-po-rekonstrukczijata-ushte-ne-e-pushten-vo-upotreba/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Dec-2020 at 09:33
Вински Музеј за регион Тиквеш во Кавадарци

























https://www.facebook.com/%D0%92%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%9C%D1%83%D0%B7%D0%B5%D1%98-%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%BE%D0%BD-%D0%A2%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B5%D1%88-%D0%9A%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%86%D0%B8-105185967996519/?ref=page_internal
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 660
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 06-Nov-2020 at 17:00
Originally posted by гитардемон

Белата ПВЦ дограма мириса на евтин турски производ. Најжалосно од сè, ни во Турција не се употребува. До толку да се немало визија...
Дури ни на влезните врати (вклучително и таа на главниот влез) не употребиле цело стакло од горе до доле, него долниот дел е од пластифицирана иверица наместо стакло. Таа истата што употребната вредност и е да се користи како прегради за тоалети на бензинска.

Edited by user8642 - 06-Nov-2020 at 17:01
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2387
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 06-Nov-2020 at 17:00
Ова е идентична копија на киното и месната заедница кои ги срушија; веројатно најдобра реставрација во историјата на светот.




Edited by Staro Skopje - 06-Nov-2020 at 17:01
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4882
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 06-Nov-2020 at 15:22
Белата ПВЦ дограма мириса на евтин турски производ. Најжалосно од сè, ни во Турција не се употребува. До толку да се немало визија...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.