build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Објекти од културата (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 21-Mar-2021 at 11:56
САРАЈОТ НА НИЈАЗИ БЕГ ВО РЕСЕН СТАР ЕДЕН ВЕК, ПО 39 ГОДИНИ ДОБИ ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА ЦЕЛОСНА САНАЦИЈА





На хорор филм наликува поткровјето на Сарајот на Нијази бег, нарекуван и ресенскиот Версај, еден од највелелепните објекти на Балканот, граден во неокласичен стил, кој на на времето му пркоси 109 години. Оштетени ќерамиди, трули штици, откриени делови од покривот, прокапени тавани и неупотребливи простории од најгорниот кат на дворецот кои нудат прекрасен поглед на Преспа. За првпат по 39 години, државата обезбеди средства за комплетно да се реновира покривот на овој импозантен архитектонски објект со раскошна естетска убавина, некогашен дом на иницијаторот на Младотурската револуција Нијази бег, а денес Дом на културата „Драги Тозија“. Делумна санација имаше во 2005 година. Сега за покривот, преку Министерството за култура се обезбедени 2,4 милиони денари (околу 40 илјади евра) со што ќе се реши горливиот проблем.

Во 1982 беше обновен покривот и освежено купето. Но, низ годините почна да прокапува и последниве години е прав хорор филм во поткровјето за кое годинава, за среќа, се обезбедени средства за реконструкција. Таваните горе почнаа да се ронат, протекуваше, имаше некои напори да се заштити. Но, не можеше. Неопходна е целосна реконструкција. Во делот каде што се сликите на Кераца Висулчева нема прокапено, туку во ходникот“, ни рече директорот на Домот на културата Васко Василевски.

Министерката за култура Ирена Стефоска најави дека покривот годинава ќе биде реконструиран.

Една од приоритетните градби од неокласичната архитектура во земјава, Сарајот на Нијази бег, по децениски проблеми, годинава ќе биде заштитен. За санација на покривот кој протекува , Министерството за култура одвои 2.4 милиони денари. Во некогашниот дворец, денеска заштитено културно наследство, се сместени Ресенската керамичка колонија, една од 10-те под закрила на УНЕСКО, како и постојаната поставка на доајенот на современото сликарство Кераца Висулчева“, објави министерката Стефоска на нејзиниот фејсбук профил.

Сарајот е објект што го одзема здивот со естетскската градба со вградени мермерни плочи на влезот и столбовите, украсни елементи на фасадата, пространа тераса, оригинален облик на покривот, видиковец на покривот, со големината, историјата, градините. Бил граден како дом на бегот, но Нијази немал среќа да живее во дворецот зашто бил убиен само една година по доградувањето на сарајот во 1912. Мегаломанскиот изглед од надвор се совпаѓа и со внатрешноста. Таа изобилува со големи ходници и многу простории со високи тавани кои во зима е тешко да се згреат. Во зградата со внатрешност на касарна има простор да се сместат еден куп културни организации, институции.

По ослободувањето тука беа сместени повеќе институции, потоа се одделија. Мое лично мислење е дека тоа беше погрешен чекор. Ако останеа заедно ќе беше понаку за животот на ова место. Денес сите сме расцепкани. Домот за култура на првиот кат и поткровјето, а спомен собата на Висулчева под Завод и музеј Битола и керамичката колонија на вториот кат“, вели директорот Василевски.

Домот „Драги Тозија“ се занимава со библиотечна, музичко-сценска, драмска и визуелни уметности, архитектура и дизајн. Годишно организираа по 50 културни настани, но пандемијата ги проретчи активностите. Сепак, иако нема многу настани и постетеност поради актуелната состојба објектот бара одржување, а инстутуциите имаат недостиг на кадар.

Немаме ни вработени кои би го одржувале објектот. Имавме своевремено договори со Министерството дека треба да се стават камери. Но, сега на моја добра волја е што го одржувме дворот, плаќаме еден работник кој е пред пензионирање. Огромен двор е, а и киното е под наша надлежност. Неопходно е да се вработат луѓе. Не е само проблем одржувањето, туку и делот на организирање на настани. Имаме четворица вработени, јас како раководител, еден во библиотеката, еден сметководител-книговодител и едно техничко лице“, вели Василевски.

Во иднина ходниците, а и просториите на Сарајот би можеле да се оплеменат со многу експонати и други материјали кои ја раскажуваат историјата и сегашноста на Преспа. Засега има моноксил, керамички производи и уште неколку други експонати. Во посебен дел се сместени вредните ликовни дела на Кераца Висулчева, по потекло од Костурско, која иако дел од животот го поминала во Бугарија, јасно укажувала дека е Македонка. Последните години од животот емигрирала во Македонија и на државата ѝ ги оставила сите ликовни творби. Во Сарајот се изложени 38 нејзини дела, меѓу кои и нејзиниот портрет на претседателот Киро Глигоров.

Во Сарајот за жал, нема спомен-соба за Нијази-бег, иако тоа низ минатото често провејувало како идеја. Познато е дека бил роден ресенчанец, па го носел прекарот Ресенли, со неговото одметнување во планина во 1908 започнала Младотурската револуција. Упатил прокламација до христијанското население за заедничка борба против султанот. Ресенчани раскажуваат дека благодарение на него го имаат не само Сарајот, туку и чаршијата.

https://sdk.mk/index.php/magazin/sarajot-na-nijazi-beg-vo-resen-star-eden-vek-po-39-godini-dobi-drzhavni-pari-za-tselosna-sanatsija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 04-Apr-2021 at 12:47
СЕ ПРОДАВА ТУРСКОТО ИСЛАХАНЕ ВО БИТОЛА СТАРО 120 ГОДИНИ, ГО НЕМА НА ЛИСТИТЕ НА ЗАШТИТЕНИ ОБЈЕКТИ



Транспарент со натпис „објектот се продава“ е поставен на пространата градба на некогашното турско ислахане, односно училиште за занаети и уметности од османлиско време, кое денес се нарекува стар Прогрес, зашто во СФРЈ таму беше сместена фабриката за чоколада и кекси. Сопствениците ја објавиле продажбата на интернет страниците со огласи, при што се наведува дека „се продава објектот на стар Прогрес, а има можност за продажба на делови приземје 1.523 квадратни метри, прв спрат 1.330 квадратни метри и подрум 559 квадратни метри“. Сопствениците ни потврдија дека објектот е во приватна сопственост и дека го продаваат, повеќе детали за тоа кога и како бил денационализиран не кажаа.

Ислахането старо над 120 години денес е во руинирана состојба. Стара и неодржувана фасада, столбови и тераса во распаѓање, искршени прозорци, ништо не е обновено со децении. Иако е една од повпечатливите градби во Битола од отоманскиот период, сепак ја нема во листите на заштитени објекти што можат да се најдат на интернет.

„Овој објект е единствен од свој вид кој е зачуван во Македонија. Скопското ислахане денес не постои, па битолското е еден редок бисер што државата треба да го стави под заштита и да го прогласи за културно наследство од особено значење“, вели историчатот Васко Гичевски.

Според истражувањата на Гичевски, кој е одличен познавач на историјата од турско време во Македонија, на територијата на Османлиска Македонија биле изградени само три ислахани: во Битола (1894-1899), Солун (1865) и Скопје (1895). Севкупно, на целата територија на Османлиското царство ги имало 34.

Битолското ислахане било изградено кога валија на Битолскиот вилает бил Абдул Керим Паша.

„Училиштето било отворено во 1899 година. Тука се грижеле и ги образувале јетимите, односно сираци. Во суштина, оваа образовна институција била и сиропиталиште и училиште. Образованието траело пет години. Покрај сираците, учеле и сиромашни деца, а настава можеле да посетуваат и децата на имотни родители, но за тоа требало да платат одредена школарина. Објектот го проектирал беледискиот (општинскиот) инженер Хараламбо, а стручен соработник му бил извесен Тодор Михајловиќ“, вели Гичевски.

Објектот се состои од приземје и кат, со впечатлив влез од страната на патот, изведен со неколку столбови и балкон. Училиштето располагало и со простран двор. Било подигнато со донации од граѓаните на Битола. Во ова училиште се изучувале занаети, па така е забележано името на Петар Црномаровиќ, кој предавал дрводелство. Се изучувале уште чевларскиот и шивечкиот занает. Училиштето во континуитет функционирало до 1912 година, кога со доаѓањето на српската власт било затворено. Објектот потоа бил предвиден за царинарница. По Втората светска војна, објектот долг период служел како погон на Фабриката за кондиторски производи „Прогрес“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-prodava-turskoto-islahane-vo-bitola-staro-120-godini-go-nema-na-listite-na-zashtiteni-objekti/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 04-Apr-2021 at 13:55
Уште ни се провлекува низ општеството една глупава премиса дека сите приватници се некакви си злобници само затоа што имаат куповна моќ да стопанисуваат со објект од културно значење. Уште тоа глупаво комуњарско сваќање дека државата е тука да го штити културното наследство, иако баш заради државата пропаѓа се што е под државна капа. Мора културна лустрација, да нема овакви залагања од медиумски работници кои креираат јавно мислење. Ова пропаднало beyond-repair состојба заради државната "грижа", и сега ако го поправи некој нечини зашто е приватно, ако го сруши за друг обејкт ете како тоа се дозволило да биде срушено. А одговорност никаде за сите што оставиле 100 години ова да пропадне. Најздравје да му е на тој што ќе го купи и ако сака нека го срамни со земја, ако сака нека го реновира од темел и да си го ужива како палата.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 04-Apr-2021 at 15:38
Како мислиш оставиле 100 години да пропадне? Па сигурно за време на Југославија не било во ваква состојба кога било фабрика? Сѐ вклучувајќи ја и „државата“ почнува да пропаѓа во 91-ва. Се согласувам дека нашава држава во оваа состојба во која што е сега нема способност за оддржување на културно-историски објекти. Така да, подобро да го нема отколку да се распаѓа.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7655
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 04-Apr-2021 at 16:43

по оваа логика треба да се срушат 90% од објективе во земјава... па новите да скапат, па пак да се срушат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 04-Apr-2021 at 18:08
А што да се прави? Да се чека стари градски куќи да се распаднат, т.е. физички да се срушат покрај некој минувач, па сопствениците да можат да ги продадат и да градат згради на атрактивни локации? Ова е праксата во Куманово. До сега колку стари куќи заминаа во заборавот на времето и на нивно место никнаа зградурни без никаква естеткса вредност. Кога веќе сме неспособни како нација да го зачуваме историското наследство барем нека се изгради нешто што друго од корист. А за рушење на ова што се гради 20 години, тоа тешко. Не мрда овој народ од место во тој план барем уште 50 години.

Edited by JovanOdGjorche - 04-Apr-2021 at 18:08
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7655
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 05-Apr-2021 at 19:56
Originally posted by JovanOdGjorche

А што да се прави? Да се чека стари градски куќи да се распаднат, т.е. физички да се срушат покрај некој минувач, па сопствениците да можат да ги продадат и да градат згради на атрактивни локации? Ова е праксата во Куманово. До сега колку стари куќи заминаа во заборавот на времето и на нивно место никнаа зградурни без никаква естеткса вредност. Кога веќе сме неспособни како нација да го зачуваме историското наследство барем нека се изгради нешто што друго од корист. А за рушење на ова што се гради 20 години, тоа тешко. Не мрда овој народ од место во тој план барем уште 50 години.
доста дискутабилно... која е улогата на културно-историското наследство тогаш?
мора некако државата да го регулира тоа како сопствениците се грижат за секој аспект на објектите што ја засегнува нивната околина
инерртноста на државата и граќаните во овој поглед не значи дека треба се да се продаде за евтини пари кој како стигне, мора негде да се повлече линија
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 18-Apr-2021 at 16:28
Originally posted by stef4o

СЕ ПРОДАВА ТУРСКОТО ИСЛАХАНЕ ВО БИТОЛА СТАРО 120 ГОДИНИ, ГО НЕМА НА ЛИСТИТЕ НА ЗАШТИТЕНИ ОБЈЕКТИ



Транспарент со натпис „објектот се продава“ е поставен на пространата градба на некогашното турско ислахане, односно училиште за занаети и уметности од османлиско време, кое денес се нарекува стар Прогрес, зашто во СФРЈ таму беше сместена фабриката за чоколада и кекси. Сопствениците ја објавиле продажбата на интернет страниците со огласи, при што се наведува дека „се продава објектот на стар Прогрес, а има можност за продажба на делови приземје 1.523 квадратни метри, прв спрат 1.330 квадратни метри и подрум 559 квадратни метри“. Сопствениците ни потврдија дека објектот е во приватна сопственост и дека го продаваат, повеќе детали за тоа кога и како бил денационализиран не кажаа.

Ислахането старо над 120 години денес е во руинирана состојба. Стара и неодржувана фасада, столбови и тераса во распаѓање, искршени прозорци, ништо не е обновено со децении. Иако е една од повпечатливите градби во Битола од отоманскиот период, сепак ја нема во листите на заштитени објекти што можат да се најдат на интернет.

„Овој објект е единствен од свој вид кој е зачуван во Македонија. Скопското ислахане денес не постои, па битолското е еден редок бисер што државата треба да го стави под заштита и да го прогласи за културно наследство од особено значење“, вели историчатот Васко Гичевски.

Според истражувањата на Гичевски, кој е одличен познавач на историјата од турско време во Македонија, на територијата на Османлиска Македонија биле изградени само три ислахани: во Битола (1894-1899), Солун (1865) и Скопје (1895). Севкупно, на целата територија на Османлиското царство ги имало 34.

Битолското ислахане било изградено кога валија на Битолскиот вилает бил Абдул Керим Паша.

„Училиштето било отворено во 1899 година. Тука се грижеле и ги образувале јетимите, односно сираци. Во суштина, оваа образовна институција била и сиропиталиште и училиште. Образованието траело пет години. Покрај сираците, учеле и сиромашни деца, а настава можеле да посетуваат и децата на имотни родители, но за тоа требало да платат одредена школарина. Објектот го проектирал беледискиот (општинскиот) инженер Хараламбо, а стручен соработник му бил извесен Тодор Михајловиќ“, вели Гичевски.

Објектот се состои од приземје и кат, со впечатлив влез од страната на патот, изведен со неколку столбови и балкон. Училиштето располагало и со простран двор. Било подигнато со донации од граѓаните на Битола. Во ова училиште се изучувале занаети, па така е забележано името на Петар Црномаровиќ, кој предавал дрводелство. Се изучувале уште чевларскиот и шивечкиот занает. Училиштето во континуитет функционирало до 1912 година, кога со доаѓањето на српската власт било затворено. Објектот потоа бил предвиден за царинарница. По Втората светска војна, објектот долг период служел како погон на Фабриката за кондиторски производи „Прогрес“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-prodava-turskoto-islahane-vo-bitola-staro-120-godini-go-nema-na-listite-na-zashtiteni-objekti/


ИСЛАХАНЕТО ВО БИТОЛА СЕ ЗАШТИТУВА КАКО СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА, ОТКАКО САКАМДАКАЖАМ.МК ОБЈАВИ ДЕКА СЕ РУИНИРА И ПРОДАВА

Завод и музеј Битола го става ислахането, објект од османлиската архитектура стар 120 години, во списокот на објекти под привремена заштита по објавениот текст на САКАМДАКАЖАМ.МК дека се продава и дека објектот е руиниран. Увид врз состојбата на ислахането по повод 18 Aприл, Меѓународен ден на спомениците и локалитетите, изврши министерката за култура Ирена Стефоска, која најави дека дефинирањето на режимот на заштита на објектот ќе зависи од ревалоризацијата која е во тек.

„Онаму каде што пишува ‘објектот се продава’ нека се допише ‘објектот е заштитен’. Битолското и солунското ислахане се последните два сочувани објекта на Балканот од изградените седум подигнати во османлискиот период , во текот на 19 век, со донации од имотното месно население. Имале исклучителна улога да ги вдомат напуштените деца, сирачињата , децата кои подале рака за корка леб, давајќи им занает , токму во овој објект многу деца израснале во почитувани луѓе“, рече министерката.

Таа додаде дека, за жал, војните, времето и негрижата се отсликани на ислахането. За тоа како некогаш изгледало денес на вратата беше поставена фотографија од браќата Манаки, која во Архивот ја пронајде долгогодишниот истражувач на нивното дело Роберт Јанкуловски. Овој објект кој некогаш бил занаетчиско училиште во турско време, денес има стара и неодржувана фасада, столбови и тераса во распаѓање, искршени прозорци, ништо не е обновено со децении. Ислахането веќе подолг период е во приватна сопственост и газдите сега го продаваат.

Директорката на Завод и музеј Битола, Мери Стојанова, рече дека за ислахането е извршена валоризација, но досега објектот немаше статус на посебно заштитено културно добро.

„Некогашното занаетчиско училиште од аспект на заштитата овој објект од одамна е интегриран и претставува интегрален дел на секторската студија која се однесува на културното наследство на Битола. Покрај оваа студија, каде е евидентирано ова добро, во 2016 година од страна на стручните лица беа изработени заштитно-конзерваторски основи на предметниот потег, во коишто е вклучено и ислахането. Со тоа е извршена валоризација на овој објект во рамките на целината. Тоа значи дека во овој контекст објектот нема статус на посебно заштитено културно добро“, рече Стојанова.

Таа додаде дека со цел унапредување и редефинирање на статусот на овој објект како посебен споменик на културата , од страна на стручните лица од Завод и музеј, а во соработка со Министерството и Управата за заштита на културното наследство веќе е започнат процесот за негово ставање под привремена заштита до моментот на негова конечна реализација и ревалоризација која ќе го дефинира заштитниот статус на овој објект.

Запрашана доколку објектот се продаде, новите сопственици што ќе можат да изменат од него, таа одговори дека „заштитата на еден објект не е врзана за неговата сопственост, туку со конкретниот објект“.

„Со режимот на заштита ќе бидат конкретно предвидени сите зафати кои може и мора да бидат испочитувани во режимот на негова заштита“, рече Стојанова.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/islahaneto-vo-bitola-se-zashtituva-kako-spomenik-na-kulturata-otkako-sakamdakazham-mk-objavi-deka-se-ruinira-i-prodava/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 10-Jul-2021 at 09:27
ПРОБИШТИП ОТВОРИ МУЗЕЈ ЗА РЕТКИ МИНЕРАЛИ ОТКАКО ДРЖАВАТА СЕ ОТКАЖА ОД ПРОЕКТОТ ЗА ГЕОПАРК ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА



Ниту новоотворениот Музеј за ретки минерали во Пробиштип не може да го врати проектот за формирање геопарк долж осоговскиот масив, што уште пред неколку години беше поддржан од УНЕСКО. Овој регион изобилува со рудно богатство. Пред четири години, проектот помпезно беше најавуван и дури се покрена иницијатива за номинација на геопаркот пред УНЕСКО, но таа лани била повлечена. откако од проектот се откажале и државата и општините во кои би се простирал.

Една од главните причини за тоа беше што експлоатацијата на рудното богатсво ќе беше загрозена ако дојдеше до формирање на геопаркот, што, според планот, требало да ги опфаќа Пробиштипскиот и Кратовскиот Регион.



По пропаѓањето на идејата за геопарк, Општина Пробиштип го отвори првиот Музеј за ретки минерали во државата, што се реализираше во соработка со Министерството за локална сампоуправа и Центарот за развој на Источно-Планскиот Регион (ЦРИПР).

„Нашата земја изобилува со богати рудни наоѓалишта и ретки минерали. На просторот од 110 квадратни метри се изложени 250 експонати на ретки минерали од пробиштипските рудници. Но, Музејот ќе биде од отворен карактер, па во него ќе може да се најдат и ретки минерали од целиот осоговски масив, како што се рудниците Саса во Македонска Каменица и Тораница во Крива Паланка, кои располагаат со каолинит и зеолит“, вели градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.

Центарот за развој на Источно-Планскиот Регион сериозно се зафатил со овој проект, затоа што се работи за вредно рудно богатство и за минерали од кои некои датираат од пред повеќе од еден век.

„Пробиштип е децениски колекционер на вакви минерали. Некои од ретките досега биле чувани во просториите на управната зграда на рудникот или во Домот на културата. Изграден е во центарот на Пробиштип и е во форма на кристал од минерал. Вкупната инвестиција изнесува 9,2 милиони денари, од кои 40 отсто се финансирани од Општина Пробиштип. Музејот ќе има туристичко, но и образовно значење“, вели раководителката на ЦРИПР, Зуица Ангелова.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/probishtip-otvori-muzej-za-retki-minerali-otkako-drzhavata-se-otkazha-od-proektot-za-formirane-geopark-vo-istochna-makedonija/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 11-Jul-2021 at 17:04
Албанскиот театар отворен, се чекаат резултатите од истрагите за долгата реконструкција

Албанскиот народен театар во Скопје во саботата вечерта ги отвори вратите за јавноста во реновираната зграда, по реновирањата кои траеја седум години, и беа проследени со дебати, обвинувања и сомнежи во врска со тендерските постапки и трошењето на средствата за кои имаше истраги од релевантни институции. Директорот на албанскиот театар, Адем Карага, им се заблагодари на сите што помогнаа во реконструкцијата на објектот, вклучително и на оние кои критикуваа затоа што, како што рече, тие служеле како мотивација за подобрување.

Голема благодарност до институциите кои помогнаа во реализацијата на оваа иницијатива што сега е реалност. Им благодарам и на медиумите што ја следеа работата на нашата куќа, исто така им благодарам и за критиките што беа мотивација за подобрување -изјави Адем Карага, директор на „Албански театар“ – Скопје.

Реконструкцијата на албанскиот театар започна на 12 јануари 2014 година. Додека траеше реконструкцијата, театарската група играше во други објекти. Првично, реконструкцијата на објектот беше најавено дека ќе заврши есента 2015 година. Првата компанија што беше избрана за објектот „Ламоне Мореда“ банкротираше. Продолжи Шенција, компанија чија сопственост во Италија не може да се утврди. Роковите за реконструкција постојано се пролонгираа. Во меѓувреме, се отвори и истрага. Специјалното јавно обвинителство, отвори предистражна постапка, а паралелно истрагата отвори и Обвинителството. Беше извршена ревизија и од поранешната членка на корупција Слаѓана Таева, која потврди дека несоодветни лица ги воделе тендерските постапки за санација на објектот. Покрај тоа, истрага отвори и финансиската полиција но засега нема официјални информации до каде е постапката.

https://alsat.mk/mk/albanskiot-teatar-otvoren-se-chekaat-rezultatite-od-istragite-za-dolgata-rekonstruktsija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #631 Posted: 29-Jul-2021 at 10:01
СТРУГА ЌЕ ЈА ИЗГУБИ НАЈСТАРАТА И НАЈАВТЕНТИЧНА КУЌА ВО ЧАРШИЈАТА ОТИ СОПСТВЕНИЦИТЕ НЕ САКААТ ДА ЈА ЗАШТИТАТ



Најстарата автентична куќа во струшката чаршија, Куќата на Ќатовци, која со години се распаѓа, не може да се заштити оти еден од сопствениците не дава согласност за тоа. Од Завод и Музеј Охрид велат дека во ваква состојба, при нарушени имотно-правни односи, не можат да преземат никакви мерки освен преговори со сопствениците да се согласат за заштита, реставрација и конзервација на куќата.

„Завод и Музеј не е во можност да ги започне процедурите за ставање на куќата под заштита. Тоа значи да се разработи детаљна техничка и фотодокументација на целиот објект, снимање на фасади, ентериери и слично. За тоа мора да има согласност од сите сопственици на куќата. За жал, во случајов има интерес од еден од сопствениците и ние сме спречени да извршиме снимање и да изготвиме решение за заштита на куќата“, вели Мишко Туткоски, директор на Завод и Музеј Охрид.

Изградена пред околу 150 години, Куќата на Ќатовци претставува белег на градот, но поради лошата состојба денес е опасност за минувачите. Чардакот на објектот, белег на вредна староградска архитектура по која градот е препознатлив, секој момент може да се сруши.

Туткоски вели дека заштитата на градбите кои претставаат вредно културно наследство е спора оти фалеле и луѓе и пари. Од вкупно 12 во Струга, досега се конзервирани и заштитени само шест автентични староградски куќи-споменици на културата.

„Ние не можеме повеќе. Реално, треба поголем капацитет на луѓе и финансиски средства. Кога би се реставрирала една куќа годишно, Струга за само неколку години би ги имала сите објекти заштитени реставрирани и конзервирани“, додава Туткоски, кој по заштитата на куќите на Миладиновци, Малески и Коџоман, најави дека ќе се конзервира зградата на Народна одбрана следната година.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/struga-ke-ja-izgubi-najstarata-i-najavtentichna-kuka-vo-charshijata-oti-sopstvenitsite-ne-sakaat-da-ja-zashtitat/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #632 Posted: 29-Jul-2021 at 12:09


Струга одамна е отидена по ѓаволите, а богами и Охрид е на пат да ја стигне.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #633 Posted: 25-Aug-2021 at 16:54
Покривот на НУБ ,,Св. Климент Охридски‘‘ ќе протекува уште една зима - санација од следната година



Националната библиотека ќе треба да преживее уште една зима без да се поплави и прокисне до конечна санација на покривот. Архитекти и градежни инженери веќе направиле проверка на проектот за поправка на покривот но пари годинава не се предвидени за оваа установа. Министерката повика на свесност за овој импозантен објект и побара сите општествено одговорни компании да помогнат за ревитализација на библиотеката не само однадвор туку и на внатрешниот простор.

По изборите во октомври ќе се санира една од читалниците за што се одобрени средства оваа година.

Во установата инаку во моментов се снимаат сцени за нов филм на Теона Митевска и Лабина Митевска.,

За време на обиколката немаше посетители, дел од просториите се нефукционални. До септември работи во една смена за читатели.

https://sitel.com.mk/pokrivot-na-nub-sv-kliment-ohridski-kje-protekuva-ushte-edna-zima-sanacija-od-slednata-godina
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #634 Posted: 25-Aug-2021 at 16:56
(ВИДЕО+ФОТО) Руините во НУБ: Се бараат донации за спас на симболот на македонскиот идентитет









https://360stepeni.mk/video-foto-ruinite-vo-nub-se-baraat-donatsii-za-spas-na-simbolot-na-makedonskiot-identitet/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #635 Posted: 02-Sep-2021 at 14:36
КОНЗЕРВАЦИЈАТА НА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ ПОЧНУВА СО НАСОЧУВАЊЕ НА ВОДИТЕ КОН ДРУГ КАНАЛ

Почнува првата фаза на конзервација и реставрација на Скопскиот аквадукт, културно наследство од 6. век, кој на 20 април беше прогласен за споменик од особено значење и со тоа добива највисок степен на заштита. Процесот го најавија денеска министерката за култура Ирена Стефоска, директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов и директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје, Коле Чапкановски.

„Најпрвин се почнува со активности околу каналот, односно водите што некогаш овде биле во изобилие, ќе ги насочуваме кон другиот канал. Следна постапка е зајакнување на столбовите“, рече Чапкановски.

Според Костов, ќе се работи на повеќе сегменти, ќе бидат инволвирани повеќе стручни лица од различни области, архитекти, конзерватори, историчари и останати.

Стефоска кажа дека Скопскиот аквадукт е еден од последните на Балканот кој е зачуван во целост. За жал, додава, не можеме да се пофалиме дека е тоа по наша заслуга.

„Затоа го нареков ремек-дело на старите градители коешто им пркосело на вековите, на природните непогоди, на војните и на луѓето. Сега имаме шанса тоа да го исправиме. Тоа и го правиме. Имаме обврска, Аквадуктот да го промовираме пред светот кој ја препознава вредноста на овие споменици и ги става на туристичките мапи како атрактивни дестинации. Но, пред тоа, неговата вредност треба да ја промовираме дома зашто, за жал, имам впечаток дека повеќето знаат каде се наоѓа ‘Сити мол’, но, не знаат каде е овој древен водовод и што тој претставува. Некој можеби ќе рече: ‘Тоа и го спасило’. Но, убедена сум дека од денеска Аквадуктот ги добива заслуженото внимание и грижа“, рече Стефоска.

https://sdk.mk/index.php/kultura/konzervatsijata-na-skopskiot-akvadukt-pochnuva-so-nasochuvane-na-vodite-kon-drug-kanal/
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 119
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #636 Posted: 17-Sep-2021 at 15:02
На местото на некогашниот руиниран Офицерски дом, денес во Битола беа отворен и вратите на реставрираниот објект со културно-историско значење, кој го врати својот архитектонски сјај и екстравагантна внатрешност. Заврши реставрацијата на Домот, а увид изврши и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, чиј кабинет исто така беше вклучен во спроведувањето на проектот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-otvori-renoviraniot-ofitserski-dom-vo-bitola/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #637 Posted: 17-Sep-2021 at 15:07
СЕ ОТВОРИ РЕНОВИРАНИОТ ОФИЦЕРСКИ ДОМ ВО БИТОЛА





На местото на некогашниот руиниран Офицерски дом, денес во Битола беа отворен и вратите на реставрираниот објект со културно-историско значење, кој го врати својот архитектонски сјај и екстравагантна внатрешност. Заврши реставрацијата на Домот, а увид изврши и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, чиј кабинет исто така беше вклучен во спроведувањето на проектот.

„Офицерскиот дом во Битола е еден од најзначајните културно-историски објекти во Битола кој е во централното градско подрачје, а кој долги години беше запуштен, даваше лоша слика за целата околина. Се заложивме за негова реставрација, а не рушење и градење на нов објект. Денес сите можеме да се убедиме во неговата убавина и импозатност. Реставриран е целосно по сите стандарди, почитувани се неговите историски специфики“, рече вицепремиерот Битиќи.

Покрај тоа што е набавен оригинален лустер сличен на балскиот, кој пред неколку години кога објектот беше оставен без грижа падна и се уништи, поставени се и десетици светлечки тела од кристал со 200 светилки кои ја осветлуваат внатрешноста на објектот. Долната сала е поплочена со мермер, обновени се витражите на прозорците и вратите, поставен е автентичен паркет изработен како стариот со техника на интарзија во концертната сала и друго.

Објектот е во надлежност на новооснованата јавна установа Културно-информативен центар, под која е и Киното „Манаки“.

Нашиот Офицерски дом е со вратен сјај каков што му доликува, подготвен за низа настани кои ќе сведочат за пулсот на Битола. Во овој дом ќе се случуваат културни настани, музејски поставки, презентации на достигнувања, дебати, венчални церемонии, промоции и се̍ она што претставува наше битисување. Не беше лесно, ни едноставно од она време кога јасно кажавме ‘не’ за негова продажба. Подготвувањето на комплетната документација и апликација од страна на Општината, пред да дојдам јас како градоначалничка беше одбиена. Следуваа измени на истата и нов процес на аплицирање, а на тоа се надврза имплементацијата“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Реконструкцијата на објектот и неговата околина чини 59 милиони денари (околу 960.000 евра), од кои 53 обезбедени од проектот за локална и регионална конкуретноста преку ЕУ фондови, а Општината учествуваше до 5,9 милиони денари од својот буџет. Исто така, Општината инвестираше и во обезбедувањето на инфраструктурата околу Офицерскиот дом, како и партнерно и хортикултурно уредување со вкупна инвестиција од 850.000 евра

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-otvori-renoviraniot-ofitserski-dom-vo-bitola/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #638 Posted: 21-Oct-2021 at 20:10
Originally posted by stef4o

(ВИДЕО+ФОТО) Руините во НУБ: Се бараат донации за спас на симболот на македонскиот идентитет



https://360stepeni.mk/video-foto-ruinite-vo-nub-se-baraat-donatsii-za-spas-na-simbolot-na-makedonskiot-identitet/


почнале да ја потсредуваат Универзитетска библиотека, новата директорка е на позиција три месеци и веќе има видливи промени. Видов и дека на нивната фб страница побараа предлози од своите читатели за новитети што би се примениле и вовеле во работењето.

Реновирана една од читалните:

За сè има вторпат
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #639 Posted: 21-Oct-2021 at 20:17
Ехх, значи се можело нели? Ова изгледа повеќе од пристојно за толку стар објект. И зошто некој се однесувал така со објектот и институцијата, која му е целта?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 340
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #640 Posted: 22-Oct-2021 at 21:19
Офицерскиот дом во Битола, од Твитер:







Edited by Џоле - Yesterday at 10:35
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.