build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Колектори и пречистителни станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Колектори и пречистителни станици
    Posted: 14-Nov-2020 at 12:49
ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ВТОРОНАГРАДЕН ВО ИЗБОР НА ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ

ЈП „Водовод и канализација“ за проектот изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје ја доби втората награда во изборот за одржливост на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Проектот ја освои втората награда во категоријата климатска обнова и одржливост во конкуренција со 47 номинации, од кои вкупно 16 компании од 11 земји од светот беа избрани за добитници на овогодинешните награди.

„Навистина сум горд и среќен што по 15 години, од кога постои самата идеја, токму сега, во овој период, почна реализацијата на овој капитален, еколошки проект, чија вредност и значење се потврдени со освојување на втората награда на ‘Sustainability Awards 2020’, доделена од страна на ЕБОР. Испишуваме нови страници во историјата на Град Скопје и оваа награда е само уште една потврда за нашите заложби, посветеност, професионалност и поставување на нови стандарди не само во работните процеси туку и во општеството и во заштитата на животната средина“, вели директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

За изградба на пречистителната станица во тек е тендерот за избор на фирма изведувач кој, како што објаснуваат во претпријатието, треба да биде завршен до крајот на годинава. Станицата ќе биде со капацитет од еквивалент на 500.000 жители, ќе овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите, а ќе делува и на намалување на загадувањето на реката Вардар, подобрување на условите во животната средина, а воедно и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Скопје. Со изградбата на пречистителната станица, до 2025 нашата држава ќе има над 90% прочистени води што е еден од критериумите кои треба да се исполнат при отворање на преговорите со ЕУ.

Изградбата на пречистителната станица чини 136 милиони евра, а парите се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/proektot-za-prechistitelnata-stanitsa-vo-skopje-vtoronagraden-vo-izbor-na-evropskata-banka-za-obnova-i-razvoj/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Oct-2020 at 17:31
Со изградба на пречистителната станица ќе ги исполниме европските стандарди кои ќе бидат побарани од нас при отворање на преговорите со ЕУ

Актуелна тема во последниов период е почнувањето на пристапните разговори на земјава со Европската унија, а услов за тоа се многу реформи, директиви, зелени сценарија и регулативи кои треба да се исполнат. Компаниите веќе ги насочуваат своите активности кон таа цел и се повеќе се стремат кон исполнување на европските стандарди.

Пречистителната станица за третман на отпадни води - Скопје е еден од најголемите капитални проекти кои се преземаат во таа насока. За повеќе инфромации за ПСОВ – Скопје, разговараме со Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Г-дине Весковски, можете ли да ни кажете нешто повеќе за овој капитален проект?

Весковски: Ова не е само капитален проект, туку и проект кој е од големо значење за општеството во целина, и, што е можеби најважно за заштита на животната средина преку третман на отпадните води, кои прочистени ќе се пуштаат назад во природата.

Идејата за овој проект постои од многу одамна, но неговата реализација се случува токму сега. Како што знаеме, на крајот на минатата година се потпишаа договорите со ЕБОР и ЕИБ. Каков е интензитетот на активностите за реализацијата на проектот за ПСОВ – Скопје?

Весковски: Пречистителната станица за отпадни води – Скопје ќе биде со капацитет од еквивалент 500.000 жители и е еколошки капитален проект, чија вредност е процената на околу 136 милиони евра. Тој ќе овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите, а ќе делува и на намалување на загадувањето на реката Вардар, подобрување на условите во животната средина, а воедно и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на град Скопје.

Со изградбата на пречистителната станица, ние како држава ќе имаме над 90 отсто прочистени води, што е еден од критериумите кои треба да се исполнат при отворање на преговорите со ЕУ. Проектот како таков е препознаен и тука кај нас, но и во Европа, а доказ за тоа е неговото вклучување во Акциониот план за Зелен Град од страна на Град Скопје и поддршката која ја добивме и ја добиваме од Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, Град Скопје, ЕБОР, ЕИБ и ЕУ Делегацијата.

Да, идејата за реализација на овој проект, постои многу одамна од пред 15 години. Лично јас сум навистина горд и среќен што по 15 години, токму сега, во период кога сум на чело на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се отпочнува неговата реализација. Тој по завршување на изградбата ќе биде предаден во сопственост на јавното претпријатие и ќе им служи на граѓаните на Скопје уште долги години.

Што се однесува до почетокот на реализацијата, таа започна со потпишување на договорите за заем и грантовите, односно со обезбедување на финансиските средства од страна на ЕИБ и ЕБОР, на крајот на минатата, 2019 година. Но, подготовките од наша страна се започнати малку порано, од 2018 година, откако со одлука на Влада, ЈП Водовод и канализација - Скопје стана промотор на проектот. Оттогаш започна целата приказна за конечна реализација на овој капитален објект.

Кои се активности беа потребни пред официјалниот почеток на проектот?

Весковски: Искрено многу работи, кои можеби не се видливи за јавноста и јавноста не ги знае. Како ЈП Водовод и канализација – Скопје, ние, вложивме многу ресурси, капацитети и инвестициски чекори за реализација на овој проект. Поставивме нови технолошки стандарди за модернизација на процесите за третман на отпадните води. Формиравме проектна единица – тим од експерти и инжинери кои посветено работат во областа на третман на отпадните води. Подготвивме технички планови за реконструкција на водоводната и канализациската инфраструктура за задоволување на потребите на ПСОВ Скопје. Успеавме да воспоставиме постојана комуникација со сите засегнати страни на овој проект, која низ годините само се продлабочуваше и се зацврсти.

Во соработка со Град Скопје се спроведуваат активности за експропријација на земјиштето наменето за изградба на пречистителната станица за отпадни води – Скопје, а во однос на тоа Град Скопје исто така ја презема обврската за усогласување на ДУП – от и за изведба на инфраструктурните активности со кои ќе се овозможи пристап до самиот објект. По потпишување на договорите, и официјално започна имплементацијата на развојните фази за реализација на проектот – ПСОВ – Скопје и денес сме тука, подготвени за да се соочиме со сите предизвици и чекори кои не очекуваат во периодот што следува.

Дел од развојните фази веќе ги споменавте. Дали може да ни кажете до каде е текот на работите во моментот?

Весковски: Да, најчесто пошироката јавност го гледа и оценува крајниот производ, но и информираноста на јавноста и сите чинители во општеството е навистина многу важно. За таа цел, нашето претпријатие, редовно и транспарентно известува за текот на развојните фази. Имено, во изминатиот период прво беше објавен Општиот повик за овој проект, на 3 мај 2019, а на 24 јуни 2020 беше отворена и објавена Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води - Скопје за град Скопје.

Првичниот предвиден рок беше продолжен со цел излегување во пресрет на интересите и барањата на заинтересираните апликанти и истиот заврши на 01 октомври 2020 со јавно отворање на поднесените апликации. Во одредениот период беа поднесени 12 апликации, кои во моментот се во процес на евалуација.

По завршување на евалуацијата на апликациите поднесени за претквалификација, во финална фаза на разгледување ќе влезат најмалку 3 а најмногу 8 апликации од кои ќе биде избран понудувачот кој ќе го реализира проектот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води - Скопје за град Скопје.

Бидејки станува збор за многу сериозен проект со долгорочни цели во иднина следат уште две фази на развој на пречистителната станица и тоа во првата фаза се предвидува обезбедување на пред-третман и биолошки третман на отпадните води која треба да се заврши до 2030 година, а втората фаза отстранување на азотот и фосфорот од отпадните води што завршуваат во реката Вардар, која треба да се реализира најдоцна до 2045 година.

Г-дине Весковски, што за Вас претставува овој проект?

Весковски: Јас, лично, почнувањето на овој проект го гледам како испишување на нови страници во историјата на Скопје. За мене тоа не е само капитален проект, туку проект во кој се спојува општествена одговорност, грижата за заштитата на животната средина, климатски акции, можност за создавање на услови за подобар живот и средина за нас и за идните генерации. Навистина сум горд што сум тука и дел од оваа значајна приказна.

https://faktor.mk/intervju-veskovski-so-izgradba-na-prechistitelnata-stanica-kje-gi-ispolnime-evropskite-standardi-koi-kje-bidat-pobarani-od-nas-pri-otvoranjeto-na-pregovorite-so-eu
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Oct-2020 at 16:13
12 ФИРМИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ОД 136 МИЛИОНИ ЕВРА

Дванаесет фирми доставиле апликации за претквалификација на тендерот за изградба на пречистителна станица во Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека сите апликанти кои до истекот на крајниот рок поднеле само електронска апликација, се обврзани најдоцна до 14 октомври да ја достават апликацијата и во печатена форма. Потоа комисија ќе ги разгледува пристигнатите апликации, по што компаниите кои ги исполнуваат техничките квалификации ќе учествуваат на јавно наддавање.

„До крајот на годинава очекуваме дека ќе го имаме изведувачот и да се стартува со градежни работи за реализација на овој капитален проект за Скопје. Пречистителна станица за отпадни води за нас претставува мотивација и поттик да продолжиме да работиме со вложување на сите капацитети и ресурси не само за целите на нашето претпријатие, туку и за доброто на сите граѓани, за заштита на животната средина, за подобрување на условите за живот за нас и за идните генерации “, вели директорот на „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

Според планираното, Скопје до 2025 година треба да ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар.

Средствата во висина од 136,73 милиони евра, се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/12-firmi-zainteresirani-za-izgradbata-na-prechistitelnata-stanitsa-vo-skopje-od-136-milioni-evra/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2277
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Aug-2020 at 10:26
За изградба на 136 милиони вредната прочистителна станица се заинтересирани 50 компании

Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, па наместо на 17 август 2020 година истиот истекува на 1 септември 2020 година во 12 часот по локално време. Од ЈП „Вововод и канализација” – Скопје информираат дека до сега околу 50 компании појавија интерес за преземање на документите за аплицирање.

(...)
– Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за Реконструкција и Развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за изградба на пречистителна станица на град Скопје. Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, ЈП „Вововод и канализација” – Скопје работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина – информираат од ЈП „Вововод и канализација” – Скопје.

(...)

plusinfo.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Jul-2020 at 22:22



конечно после децении Скопјани Пак Ќе Се Капат Во Вардар
Централна Пречистителна Станица Трубарево
истата се очекува да биде изградена до 2025 година

140,363 m3/day wastewater treatment capacity

https://www.eib.org/en/projects/pipelines/all/20170232

https://www.eib.org/attachments/registers/89013885.pdf

може поубо да ја насадиле подоле од вливот на Маркова Река во Вардар
така утре полесно би се зафатиле отпадни води од Батинци и Драчево
а саставот тогај ќе бидне и атрактивно место за Туризам


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jun-2020 at 15:20
СКОПСКИ „ВОДОВОД“ ГО ОБЈАВИ ПОВИКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВРЕДНА 136 МИЛИОНИ ЕВРА

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ја почна постапката за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје во вредност од 136 милиони евра. Утре, јавното претпријатие ќе ја објави поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројката. Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат до 17 август, кога повикот ќе биде затворен.

„Веднаш потоа компаниите кои ги исполнуваат техничките квалификации ќе учествуваат на јавно наддавање, со што наесен очекуваме дека ќе го имаме изведувачот и ќе се стартува со градежни работи за реализација на овој капитален проект за град Скопје. Со овој проект уште еднаш ги потврдуваме заложбите за унапредување на условите за живот на граѓаните како и инвестирањето во висококвалитетна животна средина“, вели директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

Според планираното, Скопје до 2025 година треба да ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар.

Средствата во висина од 136,73 милиони евра, се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopski-vodovod-go-objavi-povikot-za-izgradba-na-prechistitelna-stanitsa-vredna-136-milioni-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-Jun-2020 at 11:34


https://meta.mk
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 555
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-May-2020 at 23:13
Зашто побогу се нафаќаме на тие пречистителни станици кога едноставо оперативно неможеме да ги опслужиме, ниту капацитивно, персонално, општествено, финансиски, никако. Од една страна ја имаме Македонската вистина на несвесност и негрижа за животна средина и ова го праиме од што мора ете, европска унија не тера, 5ка на раче ќе ни пишат. Брдо пари се истураат и перат по тој основ и пак ништо на крај. Па една цефка бре да неможе да се опслужи. За среќа имаме поволна географија во повисоките делови па брзи реки па не е тоа голем проблем. Од друга страна го имаме европското искуство со овие пречистителни станици кои се решение смислено за рамничарска средна европа со спори и плитки реки и замирисани градски канали, каде едноствано нема друго решение и ова мора да биде стандард. За Македонија ова е и не нужно да го има баш во секое село, треба каде тоа е лесно да се изведе а би опфаќало голем број жители како поголемите градови, ама Охрид како заштитен регион едноствано мора да го има.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-May-2020 at 23:00
Толку од ентузијазмот дека ќе го средат колекторот и пречистителната станица. Интересен факт испуштен од новинарите во видеото (дали од неинформираност или незаинтересираност) е дека сметката на јавното претпријатие креирано пред неколку месеци е блокирана.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-May-2020 at 12:40
Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради на крајот на 2021 година

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е планирано да почне да се гради на крајот од 2021 година. За капиталниот објект што ќе биде лоциран во близина на селото Трубарево во следните два месеци треба да се објави постапка за предквалификација за избор на најдобар понудувач за изведување на градежните работи, а веќе е објавена постапката за предквалификација за избор на надзорот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“- Скопје, кои се јавуваат како инвеститор во овој проект.

„Откако ќе се завршат постапките за предквалификација за избор на понудувачи за надзор и изведба на работите на проектот, следува фазата на објавување на Меѓународниот повик за избор на најдобри изведувачи во двата сегмента“, велат од ова јавно претпријатие.

Избраниот изведувач на пречистителната станица ќе треба да ја изготви и проектната документација за идниот објект, во кој ќе се собираат и прочистуваат фекалиите на над половина милион жители на главниот град. Скопските градски власти досега успеале да изградат околу 60 отсто од колекторските системи по левиот и десниот брег на реката Вардар, кои ќе овозможат одведување на скопските отпадни води до идниот објект во Трубарево.

Проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е со вкупна вредност од 136 милиони евра. Владата на крајот од минатата година ги потпиша договорите за заем со Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка, а се обезбедија и неповратни средства од 11 милиони евра за изградба на објектот од двете банки.

Идната пречистителна станица за отпадни води во Скопје треба да биде изградена до крајот на 2026 година доколку се следи предвидената динамика на изведба од пет години. Овој објект треба да овозможи подобрување на квалитетот на речните води на Вардар во Скопскиот регион, кои во моментов се наоѓаат во најниските хемиски и бактериолошки класи за квалитет на водите. Една од главните причини за лошиот квалитет на овие води е директното испуштање на фекалиите од скопските домаќинства и компании како непречистени во Вардар.

https://meta.mk/prechistitelnata-stanicza-za-otpadni-vodi-vo-skopje-kje-pochne-da-se-gradi-na-krajot-na-2021-godina/
Back to Top
ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Mar-2020
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Mar-2020 at 01:37
Originally posted by ironm


Јас се сомневам во комплетноста на проектот (земено за 2020 година) и мислам дека има потреба од ревидирање.Додека мнозинството пречистителни станици во Мк се предимензионирани (според мене), бидејќи со иселеничките текови тешко дека ќе го достигнат лимитот, скопскава ниту во моментов не опфаќа доволно број жители, а да не зборуваме за долгорочноста на инвестицијата гледано 10-15 години однапред колку би пораснал градот. Не знам точно од која година е проектот, но со оглед на тоа колку долго се бараат финансии, претпоставувам е најмалку 6-7 години.Според тие податоците од влада што ги постираше Џоле пред некое време пишува дека капацитетот ќе е за 600к жители, а во оваа последнава табела пишува опфатено население од 467к жители во 2020, а има проекција и за 2015 година (што ја потврдува староста). Како е можно да се проектира опфатено население од 518к жители во 2045 година? Со самото тоа се сомневам и во проекцијата за потрошувачка на вода, почнувајќи од (не)стручноста за предвидување на климатските промени, па се до диво приклучени (бидејќи не се знае ни точниот број жители) и дополнително загуби во мрежата.
skopje ke dostigne vrv na ziteli okolu 2030.
Back to Top
ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Mar-2020
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Mar-2020 at 01:35
skopje ke dostigne vrv na ziteli 2030nekde.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Mar-2020 at 01:52

Всушност според овој линк, пречистителна станица веќе има и во Драчево:
https://vodovod-skopje.com.mk/mk-MK/68/%D0%A1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC_%D0%B7%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D0%B2%D0%BE_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5.aspx


Посебна целина претставува и канализациониот систем од населбата Драчево која располага со сопствена пречистителна станица, а е во склопот на одржување и експлоатација на ЈП Водовод и канализација-Скопје.


Но не можам да ја најдам...

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Mar-2020 at 01:41


daci, ти благодарам за деталниот одговор.


Originally posted by ironm

скопскава ниту во моментов не опфаќа доволно број жители, а да не зборуваме за долгорочноста на инвестицијата гледано 10-15 години однапред колку би пораснал градот.

Можеби си во право, но треба да се вкалкулираат и помалите пречистителни станици кои ќе опфатат дел од населението.

Веќе постои една таква кај Волково (капацитет за 20.000 жители):
42° 1'32.82"N 21°21'41.40"E

А планирани се слични мали пречистителни станици и кај Сарај и кај Драчево. Можеби има и некоја друга што сум ја пропуштил додека пребарував.


Edited by Cloverstack - 05-Mar-2020 at 02:41
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Mar-2020 at 00:35
Originally posted by Cloverstack


daci, дали гледано од градежен аспект има некакво објаснување/оправдување зошто толку се завлечкаа прекопите на булеварите каде што поминуваат главните колектори?

Се сеќавам кај ФОН траеше прилично долго, а од другава страна кај Ново Лисиче веќе легендарно се завлечкаа... (мислам веќе има околу пола година како е пресечен булеварот)

Секако дека не е исто да се постави кабел и да се постават цевки со дијаметар од 2 метри, ама пак во суштина се сведува на:
- копање ров
- поставување на цевки
- враќање на претходната состојба

Зошто оваа процедура во случајов трае со месеци?



Има , првото е дека АСНОМ по цела должина се копаше, што на него што покрај него, но подобро е да е затворен отколку отворен булеварот/ улицата .

Втората причина е плаќањето и предвидената динамика, никој нема да брза доколку му се дадени 6 месеци да постави 2м цефка ,а воедно и плаќање во рок од година дена после завршување.

Третото е дека 100% наишле на многу инсталации што не биле предвидени во проектот (како и секогаш кај нас бидејќи не се знае што има на 50 цм во длабочина а не пак на неколку метри), а потоа за сите преработки се потребни нови проекти и барања кои со бирократијата и плаќањата одземаат многу време , само за споредба за една најобична интервенција од улица и булевар во Мк ти бараат милион елаборати и дозволи па да поднесеш до сообраќајна и ако они ти одобрат тогаш градот ти одобрува, но што е најинтересно сообраќајна сама кажува кога, а не ти кога можеш и сакаш. Процедура од најмалку 3 месеца.

Четвртото кое е највеќе од градежништво е дека секој прекопан простор повеќе од 50 цм длабочина , откако ќе се обработи и затрупа потребно е добро да се набие и да отстои најмалку една дождлива сезона (околу 6 месеци) за природата да си го направи своето и потоа повторно да се дополни и набие па да се асфалтира или бетонира, доколку сакаш квалитет. Ова може да се примети и на најобичните прекопи за оптика и кабли кои биле одма затрупани и закрпени, после одреден период пропаѓаат.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Mar-2020 at 22:38
Јас се сомневам во комплетноста на проектот (земено за 2020 година) и мислам дека има потреба од ревидирање.

Додека мнозинството пречистителни станици во Мк се предимензионирани (според мене), бидејќи со иселеничките текови тешко дека ќе го достигнат лимитот, скопскава ниту во моментов не опфаќа доволно број жители, а да не зборуваме за долгорочноста на инвестицијата гледано 10-15 години однапред колку би пораснал градот. Не знам точно од која година е проектот, но со оглед на тоа колку долго се бараат финансии, претпоставувам е најмалку 6-7 години.

Според тие податоците од влада што ги постираше Џоле пред некое време пишува дека капацитетот ќе е за 600к жители, а во оваа последнава табела пишува опфатено население од 467к жители во 2020, а има проекција и за 2015 година (што ја потврдува староста). Како е можно да се проектира опфатено население од 518к жители во 2045 година?

Со самото тоа се сомневам и во проекцијата за потрошувачка на вода, почнувајќи од (не)стручноста за предвидување на климатските промени, па се до диво приклучени (бидејќи не се знае ни точниот број жители) и дополнително загуби во мрежата.


Edited by ironm - 04-Mar-2020 at 22:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Mar-2020 at 17:37

daci, дали гледано од градежен аспект има некакво објаснување/оправдување зошто толку се завлечкаа прекопите на булеварите каде што поминуваат главните колектори?

Се сеќавам кај ФОН траеше прилично долго, а од другава страна кај Ново Лисиче веќе легендарно се завлечкаа... (мислам веќе има околу пола година како е пресечен булеварот)

Секако дека не е исто да се постави кабел и да се постават цевки со дијаметар од 2 метри, ама пак во суштина се сведува на:
- копање ров
- поставување на цевки
- враќање на претходната состојба

Зошто оваа процедура во случајов трае со месеци?

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Mar-2020 at 10:05
Десната мислам дека е готова, затоа АСНОМ кон Лисиче е многу долго време затворен , бидејќи на целата траса се работеше, сега моментално се работи на последните метри кај ОКТА во Ново Лисиче на бул Србија, но не сум сигурен долниот тек пред железничкиот мост дали е готов бидејќи одамна не сум бил натаму.

Од една страна добро е што градскиот татко не се фали со волку важен проект кој е започнат од неговиот претходник ,како предуслов да се добијат финансии за Прочистителна станица, но од друга страна е многу глупо што граѓаните не се информирани и само тресат глупости околу прекопите на двете страни на Вардар на бул Србија.

Скопје конечно со ова ќе може да го решава најгорливиот проблем, загадувањето од фекалии.

Но, нели секогаш има но, мислам дека треба еден вака поопширен проект за помала станица да се направи во Северо Западниот дел на градот бидејќи не мислам дека капацитетот на оваа станица која во иднина би се градела ќе ги задоволи потребите на Скопје, а не пак со растот на долг рок.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Mar-2020 at 02:05

Слабо има официјални или медиумски информации за скопската пречистителна станица, но имам впечаток дека е при крај изградбата на главниот колектор од левата страна на Вардар.

Штета што овој голем проект поминува речиси неприметно. Бев љубопитен па еве ископав по нешто од студијата за финансирање, за подобра ориентација што се гради и како ќе функционира.


1




2




3




4




5




6






Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Dec-2019 at 12:39



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.139 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.