build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Климентов Универзитет на Плаошник

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 22-Aug-2010 at 22:00
Обновени темелите на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник

Со пригодна свеченост, синоќа, беше означен почетокот на научно-наставната и културолошка дејност во рамки на комплексот Светиклиментов универзитет на Плаошник.

Обраќајќи се пред присутните, премиерот Никола Груевски истакна дека кога се зборува за Свети Климентовиот универзитет, тоа значи дека се зборува за најсветото нешто без кое нема напредок. – Тоа значи да се зборува за нашата духовна и световна историја од крајот на деветтиот и почетокот на десеттиот век, кога на овие простори функционирала просветна и културна институција која е позната како најстар универзитет во Европа и пошироко. Првиот словенски универзитет , предводен од Свети Климент Охридски, просветител- чии ученици низ сите словенски земји ја ширеле словенската писменост и наука, истакна Груевски. 

Одлуката на Владата на Република Македонија да го возобнови комплексот Светиклиментов универзитет, е поттикната од желбата да се оддаде должно признание на Свети Климент, како еден од најголемите словенски просветитиели и епископи, додаде премиерот.

Иницијативата значи заокружување на една монументална културно-просветителска и историска содржина и исклучителен културно-историски простор, кои заедно се од капитално значење за македонскиот народ. Овој потфат има специфична културно-историска мисија, да изведе хронолошки спој на светеклиментовиот дух и современото време, да го спои црковното со световното живеење и работење, токму овде на Плаошник во Охрид, во близина на светиклиментовата црква „Свети Пантелејмон“ и Самоиловата тврдина, рече премиерот Груевски.

За 20 дена на просторот кај Плаошник, ќе отпочне да се гради комплексот- Климентов универзитет, осмислен како мултимедијален, високообразовен наставно научен центар во кој ќе бидат сместени Св. Климентовата книжевна академија и македонскиот институт за хуманистички науки со мисија да обезбедува континуирано проучување на цивилизациите, културите и религиите кои постоеле на овие простори во минатото.

Ќе бидат изградени 14 објекти за конаци, Богословски факултет, Свети Климентова библиотека, галерија на икони, музеј на Плаошник, Св. Климентова конзерваторска школа, академија и 7 депанданси на светски универзитети. Ќе претставува центар на современ научно просветен процес кој ќе треба да ги задоволи потребите на македонскиот и регионалниот образовно научен живот.

http://ohridnews.com






Edited by Makedonij - 22-Aug-2010 at 22:01
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-Aug-2010 at 22:07
Ovoa go zaslediv na net pa mi se čine deka bi moželo da stoji tuka?

ГОРНА БЕЛИЦА Е СЕДИШТЕ НА КЛИМЕНТ, А НЕ ПЛАОШНИК


Стружани инсистираат да се каже вистината за свети Климент Охридски, за тоа каде најмногу престојувал, од каде ја раководел епархијата и каде ги подготвувал своите ученици за да го шират христијанството: Плаошник во Охрид

Непобитно е дека свети Климент Охридски најмногу материјални траги оставил во Струга и во Струшко

пишува: Виктор Цветаноски

Главното седиште на свети Климент Охридски и неговиот универзитет не бил на Плаошник во Охрид, туку во манастирот во Горна Белица и други места на Струшко. Ваквите тврдења беа изнесени уште во 1966 година од струшкиот хроничар Петар Чакар по повод 1.050-годишнината од упокојувањето на светецот, а неодамна одново се актуализирани во книгата „Белички светости“ на д-р Стојан Ристески. Тезите на Чакар дека светецот оставил многу повеќе траги во Струшко отколку во Охридско, изнесени во фељтонот „Горнобеличкиот прв Климентов манастир“, објавен во весникот „Нова Македонија“, ги надградува Ристески со нови факти кои, според него, ги уриваат повеќевековните заблуди околу дејноста на светецот и просветителот. 


ЕНТУЗИЈАСТИ Горнобелички ентузијасти настојуваат да и' го вратат стариот сјај на црквата на Светиклиментовиот манастир: Јоне Кленко, Паско Настоски, Иљо Дуноски и д-р Стојан Ристески со камбаната на црквата

ТРАГИ „Тоа дека свети Климент Охридски најмногу оставил материјални траги во Струга и во Струшко преку стари храмови и бројни топоними е непобитно. Така, прво е манастирот ’Свети Климент‘ на Беличка Планина. Седум-осум километри подолу од него, во селото Вишни, има стара црква ’Свети Климент‘. Во Струга маалото околу црквата ’Свети Ѓорѓија‘ се вика Светиклиментова Маала. Откај исток на Црн Дрим до селото Калишта тој простор се вика Светиклиментово (или само Климентово) Блато. На тој простор, на околу 2 километра од Мостот на поезијата кон Калишта, лево од патот бил потопен манастирот ’Света Богородица‘ во кој, според народното предание, се вели дека престојувал свети Климент и во него имал дел од неговиот универзитет. Реката што се протегаше откај ’Цареј кладенци‘, минуваше низ Светиклиментовото Блато, врвеше низ Струга, се вика Климетица“, ја образложува својата теза Ристески.

Истовремено посочува дека во струшкото село Мислешево има стара црква која, исто така, го носи името на големиот христијански просветител, во Волино има месност што се вика Манастирот Свети Климент, а североисточно на десната страна од реката Сатеска се наоѓа селото Климештани. И делницата на патот Виа Игнација, кој минувал крај манастирот во Горна Белица, поради светецот била наречена Света Долина.

„Вакви стари траги нема во Охрид и во неговата околина. Со слично нешто не може да се пофали и ниедно друго место што се врзува со месноста Кутмичевица и со епископијата на свети Климент, која некои без малку ја врзуваат од Родопите до Јадранското Море. Овој траен историски спомен сам по себе зборува дека главната дејност на свети Климент Охридски се одвивала на струшкото подрачје, а што тоа останало во сенка на Охрид е поради неговата улога на државен и архиепископски план. Ако свети Климент Охридски не бил на струшкиот терен, од каде се неговите неизбришливи, длабоки траги? Тие се непобитен доказ каде да се бара првото доаѓање на свети Климент Охридски во Кутмичевица и местото на неговата епископија“, заклучува д-р Ристески, пензиониран професор од Охрид и истражувач на македонското минато.

ЕПИСКОП Тој вели дека за првиот Климентов манастир во Горна Белица пишувал и епископот Николај во книгата „Охридски пролог“, но дека преку неговите укажувања и укажувањата на Петар Чакар се минало премолчено тогаш и оттогаш до денес. Петар Чакар во 1966 година, по повод 1.050-годишнината од упокојувањето на свети Климент, ќе побара: „Се' додека не се спроведат темелни проучувања, па и археолошки ископувања од се' уште зачуваниот Климентов манастир во Горна Белица, кој всушност може да се смета за прв Климентов манастир во Македонија, би било избрзано да се изведуваат заклучоци како што е оној: дека во црквата на манастирот ’Свети Пантелејмон‘ е откриен гробот на св. Климент, кој заедно со црквата си го изградил сам. Дотолку повеќе што не е откриен само еден, како што се пренесувало во преданието, туку се откриени два-три гроба. Можеби тој единствен гроб, Климентовиот, е токму во горнобеличкиот Климентов манастир, основан од него“, пишува Чакар во фељтонот во „Нова Македонија“.


Црквата на Горнобеличкиот манастир е со нов покрив, а фотографијата е направена минатата година

Како дошол свети Климент во Струшко и зошто токму во Горна Белица го изградил својот прв манастир? Според Ристески, патот на просветителот не е докрај расветлен поради тоа што не било зачувано првото житие за него. Житијата на Теофилакт и на Хоматијан што се користеле како главен извор за неговиот живот и дејност биле пишувани два-три века по неговата смрт и биле скратен и изменет препис на словенското житие. И во двете житија немало конкретни податоци како во житијата на неговите учители Кирил и Методиј. И токму поради тоа во науката имало контрадикторности за животот на светецот и големиот христијански просветител. „Не се знае точно кога и каде бил роден свети Климент. Се претпоставува дека бил роден во Солунската тема (меѓу Солун – Охрид – Струга). За неговите родители се вели дека биле благородни и богати. Единствени се научниците дека свети Климент Охридски им бил ученик на солунските рамноапостоли. Со свети Кирил бил во Хазарската мисија (ок. 860)“, вели д-р Ристевски.


Фотографија на партизани со петокраки на капите снимена ведаш по војната пред
црквата на Светиклиментовиот манастир во Горна Белица

ЦАР Притоа, тој објаснува дека светото име го добил по римскиот епископ Климент, кој од царот Трајан бил протеран во Украина. Поради тоа што и таму го ширел христијанството, во 101 година бил осуден на смрт и фрлен во Црно Море. Моштите ги пронашол свети Кирил во денешното пристаниште Одеса и ги извадил од морето. Ги носел со себе за време на Моравската мисија, а потоа му ги предал на папата во Рим. Во чест на наоѓањето на моштите на римскиот епископ Климент, најдобриот ученик на солунските браќа, нивни придружник и соработник од мали нозе, го добил неговото име.

По смртта на Методиј во Рим, Климент пристигнал во тогашната бугарска престолнина. Оттаму во 886 година од цар Борис бил испратен во Кутмичевица, област што зафаќа поширок простор околу Охридско Езеро. Најпрво пристигнал во тогаш најголемиот град Мегалополис (Голем град), кој подоцна од Словените бил прекрстен во Главеница. Градот се наоѓал на местото на денешното струшко село Враништа и имал повеќе од 10.000 жители. Свети Климент не случајно го избрал токму овој град. Според преданијата, во него апостол Павле ја изградил првата црква на Балканот.

„Не може да се замисли дека свети Климент не знаел за тоа што го сторил апостол Павле во Мегалополис (Голем град) во крајот во кој се испраќа за свештеник и учител на христијанството. Напротив, добро бил информиран за тоа, живеел со тој култ, со култот за првата христијанска црква на Балканот и по истиот пат на апостол Павле – Виа Игнација дошол во Главеница. За монасите е планината – манастирот, а не градот. Затоа по кусо задржување и молење во Светипавлевата црква ’Света Богородица‘, се повлекол во Беличка Планина. Таму во близина на Светипавлевата црква, близу патот Виа Игнација, го подигнал првиот христијански манастир во Македонија, кој го посветил на некој светител, но на кој не се знае, па до денес е познат исклучиво под неговото име. Оттаму ја ширел духовно-просветната дејност во бројни објекти во струшкото подрачје“, смета д-р Ристески.

МИТРОПОЛИТ Според житието на Теофилакт, свети Климент по осумгодишна работа, од царот Симеон бил поставен за епископ на Драгвиста или Велица. За тоа каде се наоѓала таа епархија има бројни спротивставени мислења. Се смета дека најблиску до вистината се тврдењата дека седиште на епархијата била Главеница, каде што свети Павле ја изградил првата црква на Балканот. Во прилог на ваквото мислење оди и едно искажување на бугарскиот митрополит Софрониј, кој за време на една прослава истакнал дека Климент бил ракоположен за епископ на Дремвица (Дебрица) и Белица, во северозападна Македонија. Ако се земе предвид тогашна етногеографска Македонија, ќе се види дека Белица се наоѓа токму во нејзиниот северозападен дел.

Д-р Ристески во поткрепа на тоа дека седиштето на светецот било во манастирот во Горна Белица посочува дека Светиклиментовиот манастир се издржувал од имот на селата: Вевчани, Октиси, Долна Белица, Враништа, Ложани, Мислешево, Мороишта, Орман, Кулин, Чифлик, Далјанот и Беличка Планина. „Нели сите тие месности се во близина на Беличкиот манастир, а не на ’Свети Пантелејмон‘ во Охрид“, заклучува тој.

Стружани инсистираат да се каже вистината за свети Климент Охридски, за тоа каде најмногу престојувал, од каде ја раководел епархијата и каде ги подготвувал своите ученици за да го шират христијанството. Јован Негриески, пензиониран новинар, кој прочитал многу работи за големиот христијански просветител, вели дека вистината може да се дознае само тогаш ако се извршат поопстојни ископувања и истражувања. Тој верува дека со тоа ќе се отстранат многувековните заблуди околу светецот за неговото дејствување во Охридско-струшкиот регион.

Првични истражувања во Кралска Југославија

Ватикан ја крие големата тајна

Големата тајна за свети Климент ја крие Ватикан, пишува Петар Чакар, тврдејќи дека Горнобеличкиот е прв Климентов манастир во Македонија. Во 1936 година во Струга пристигнале тројца научници од Ватикан, еден археолог и двајца историчари на уметноста. Дошле по препорака на загрепскиот бискуп и биле гости на тогашниот управник на царинарницата во Струга, Драгутин Немец, инаку Хрват. Нивна цел била да истражат каде се наоѓала првата црква на Балканот што ја изградил апостол Павле. Според материјалите што ги имале со нив, црквата се викала Црква на кралевите и била изградена во античкиот град Мегалополис, кој се наоѓал на Охридското Езеро, и во кој многу векови подоцна било седиштето на епископскиот стол на Климент Охридски. Италијанците со себе имале и карта на која биле обележани локациите каде што требало да истражуваат. Меѓутоа, само што почнале со работа, биле спречени од власта на Кралска Југославија, зашто немале дозвола за ископувања.

Пред да си заминат, Италијанците на својот домаќин Немец му дале некои основни податоци за локациите од времето на свети Климент. Предизвикан од тврдењата на неговите гости, заедно со тогашниот градоначалник на Струга, Боже Шаин, решил да провери колку има вистина во она што им го раскажувале. Ангажирале работници и ископувале на три локации во месноста Климетица кај Струга. На нивно големо изненадување, на сите три места нашле цели или делови од плочи и големи камења со разни орнаментски шари, фризеви и крстови. Плочите и камењата биле пронајдени на дното во самото калиште.

„Наодите не само што значат потврда на легендите, според кои токму тука се наоѓал оној голем универзитетски град од кој излегле 3.500 завршени ученици на Климентовиот универзитет, како што е наречено неговото училиште, туку тие значат и факт дека во ватиканската библиотека постои таква литература, како што е Римскиот асиманов кодекс од 9 век, каталогот на Ѓуканжа и други, каде што несомнено има драгоцени податоци за животот и дејноста на Климент“, подвлекува струшкиот хроничар.

Желбата на горнобеличкиот монах

Пеш до Ерусалим и назад

Во манастирот „Свети Климент“ во Горна Белица имало и монашки живот се' до 1961 година. Горнобеличани се сеќаваат на последните двајца монаси Гаврил и Саво од семејството Ѓоргоновци. Постариот, Гаврил, кој бил роден во 1848 година имал голема желба да го посети гробот на Исус Христос и откако собрал малку пари, тргнал пеш за Ерусалим. Поминало многу време, а него го немало, па соселаните помислиле дека некаде по пат дал душа. На нивна голема радост, се појавил еден ден исцрпен, но среќен што го посетил Божјиот гроб. Објаснувал дека на пат се задржал толку многу поради тоа што до Ерусалим патувал пеш од каде што, исто така, морал да се врати пеш, поради тоа што немал пари за превоз. Починал во 1936 година на 88-годишна возраст. Неговиот гроб е на јужната страна на манастирската црква.

http://www.globusmagazin.com.mk


Edited by Makedonij - 22-Aug-2010 at 22:08
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-Aug-2010 at 23:55
Конкурсни трудови, учесници на БИМАС 2010:

1


2


3

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 23-Aug-2010 at 08:32
Applause
Mene samo prviot mi se sviga, no i taj e kako kopija na Berovskiot Hotel Manastir!
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 23-Aug-2010 at 08:50
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/promoviran-pochetokot-na-dejnosta-na-sveti-klimentoviot-univerzitet

Промовиран почетокот на дејноста на Свети Климентовиот универзитет

22.08.2010 - 20:33 | Македонија
Да се зборува за Свети Климентовиот универзитет значи да се зборува за најсветото нешто за нашата световна и духовна историја од крајот на 9 и почетокот на 10 век кога на овие простори функционирала просветна и културна институција која во историската наука е позната како најстар универзитет во Европа и воопшто прв Словенски универзитет, истакна премиерот Никола Груевски на свесвеченоста на промовирањето на почетокот на научно наставната и културолошка дејност во рамките на комплексот на Свети Климентовиот универзитет.на Плаошник.




За 20 тина дена тука треба да отпочне да се гради комплексот Свети Климентовиот универзитет каде е предвидено да бидат изградени 14 објекти за конаци,богословскиот факултет ,Свети Климентовата библиотека ,галеријата на икони ,музеј на Плаошник ,Свети Климентовата конзерваторска школа ,академија како и 7 депанданси на светски универзитети.

Оваа иницијатива на владата на Р.М. значи едно заокружување на една монументална културно-просветителска и историска содржина кои се од капитално значење на македонскиот народ.

Инаку вчера вечер во катедралната црква во Света Софија во Охрид се одржа и поетски портрет на годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2010 година лауреатот Љубомир Левчев.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3635
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 23-Aug-2010 at 10:14
ВО СЕПТЕМВРИ, НА ПЛАОШНИК, ПОЧНУВА ДА СЕ ГРАДИ

Климентовиот универзитет ќе никне за две години

На овој простор е предвидено да биде сместена Свети Климентовата книжевна академија, галерија на икони, теолошки центар, а ќе се основа и Македонски институт за хуманистички науки каде ќе се проучуваат цивилизациите кои постоеле тука во минатото


За дваесетина дена ќе отпочне да се гради комплексот "Свети Климентов Универзитет" на Плаошник, во кој ќе бидат сместени повеќе културни и научни центри. Проектот ќе се реализира до 2012 година, најави премиерот Никола Груески на завчерашната свеченост по повод возобновувањето на првиот словенски универзитет.
- Овој потфат има специфична културно-историска мисија, да изведе хронолошки спој на Светиклиментовиот дух и современото време, да го спои црковното со световното живеење и работење, рече Груевски.
На овој простор е предвидено да биде сместена Свети Климентовата книжевна академија, галерија на икони, теолошки центар, а ќе се основа и Македонски институт за хуманистички науки каде ќе се проучуваат цивилизациите, општествата, културите, уметностите и религиите кои постоеле тука во минатото. Со тоа, како што рече Груевски, овој комплекс ќе биде реконструкција на Светиклиментовото дело, но и ќе преставува центар на еден современ наставно-научен процес.
За изградбата на конаците, Богословскиот факултет, Светиклиментовата библиотека, галеријата и многу други содржини ќе бидат потрошени уште 9 милиони евра, со што целата инвестиција би чинела 18 милиони евра.
Свеченоста беше надополнета и со промоција на книгата "Охрид Суб Специе Аетернитатис" авторско дело на Елизабета Димитрова и Паско Кузман.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска рече дека книгата е вистински предизвик за секој што сака да се запознае со градот, кој претставува лулка на европската цивилизација, но и еден значаен чекор во презентирањето на богатата културна ризница пред домашната и странската јавност.

Сузана Вренцовска

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=120961839C418A45AEFBC07B2EF23044
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 04-Sep-2010 at 03:25
Градот Охрид ја поддржа изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник

Охрид, 3 септември 2010 (МИА) - Охридските советници на посебна седница денеска изгласаа согласност за отстапување на корисничото право врз земјиште на локација во стариот дел на градот, отстапувајќи го правото за стопанисување со земјиштето кај Плаошник на Министерството за култура, со цел што поскоро да отпочне изградбата на Светилиментовниот универзитет.

Во писмо што Државниот правобранител на Република Македонија и Заводот за заштита на културните споменици и Завод и музеј - Охрид го испратиле до Советот на општина Охрид било побарано од градските власти по итна постапка да ги регулираат имотно-правните односи за локацијата Плаошник, со цел идната седмица да биде поставен камен-темелникот на новиот Светиклиментов универзитет.

Иако сопственик на земјиштето на Плаошник е Република Македонија, правото да стопанисува со земјиштето беше кај општинското Јавно претпријатие „Охридски комуналец“, кое правото на користење со одлуката на Советот го отстапува на Министерството за култура, така што се регулираат имотно-правните односи неопходни за старт на изградбата на најавениот Светиклиментов универзитет.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, независно забелешките за неприоритетно трошење на државните пари, истакна дека локалната власт не само што ќе ја поддржи секоја инвестиција во градот, во случајот универзитетот на Плаошник, туку и активно ќе помогне за нивна реализација. аб/рп/18:40

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76663886&lId=1
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 05-Sep-2010 at 20:17
3тиот предлог ми е најблиску до добар. 
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 05-Sep-2010 at 23:58
Мене не ми е јасно која е потребата тој комплекс да се напика баш таму. Па сите предлози закачени погоре изгледаат како да ќе ја изедат црквата! ОК ќе беше да се уфрлеше нешто малечко и дискретно, што програмски ќе го збогати тој простор, без да ја засени црквата и без да го нагрди пејзажот, ама ова?!
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 07-Sep-2010 at 13:43

Почнува градба за возобновување на Светиклиментовиот универзитет

Денот на независноста на Македонија е одбран за поставување камен-темелник на комплексот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид. Осветувањето, утре во 11 ч., ќе го изврши неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, со митрополитите г. Тимотеј и г. Агатангел. На почетокот на градбата на комплексот ќе говори и премиерот Никола Груевски.
Комплексот се најавува како мултимедијален, високообразовен наставно-научен центар, во кој ќе бидат сместени Светиклиментовата книжевна академија и Македонскиот институт за хуманистички науки со мисија да обезбедува континуирано проучување на цивилизациите, културите и на религиите кои постоеле на овие простори во минатото. Ќе бидат изградени 14 објекти за конаци, Богословски факултет, библиотека каде што за почеток ќе има 100.000 книги, галерија на икони, музеј каде што ќе бидат презентирани сите пронајдени артефакти, конзерваторска школа, академија и седум депанданси на светски универзитети. Ќе претставува центар на современ научнопросветен процес кој ќе треба да ги задоволи потребите на македонскиот и на регионалниот образовно научен живот.
Археолошките и реставраторските работи на Плаошник се при крај, со тоа градбата на комплексот може да почне, најавува Паско Кузман, раководител на проектот и директор на Управата за заштита на културното наследство.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=CC978FE113A6614A804C21D81675CB0B
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 07-Sep-2010 at 23:25

Originally posted by Mr.Edmund

Мене не ми е јасно која е потребата тој комплекс да се напика баш таму. Па сите предлози закачени погоре изгледаат како да ќе ја изедат црквата! ОК ќе беше да се уфрлеше нешто малечко и дискретно, што програмски ќе го збогати тој простор, без да ја засени црквата и без да го нагрди пејзажот, ама ова?!


Се сложувам со забелешката.

Иако не е совршен, и прилично контрастно изгледа во однос на околинава, сепак мислам дека 3тото решение ќе беше најдобро. Можеби за спрат понизок и со комбинација дрво-стакло, или така нешто. Имам гледано објекти градени на запад кои иако со современи материјали сепак не ја нагрдуваат околината (не мислам на бунгалови и слично ). 

Ова што ќе го градат ко цел град ми изгледа.. дефинитивно ќе го нагрди Охрид, а којзнае, можеби и Унеско ќе се повлече после тоа. 



Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 08-Sep-2010 at 09:23
Ima li konecno nekoj asalen render kako kje izgleda seto ova?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 08-Sep-2010 at 12:59
Нем рендер сеуште, има некоја макета. Малку личи како деца по ОТП да ја правеле, ама ќе заврши работа да видиме ориентационо како планираат да изгледа. Неколку работи не ми се јасни, барем додека не излезе некој асален рендер. Што е со куполите на објектот. Дале ќе бидат стаклени? Веројатно не планираат да направат куполи со ќерамиди, ако оваа бојата кафеава треба да биде некоја претстава за ќерамиди во макетава. Оваа портата дали е некоја археолошка ископина што треба да се рестварира? Што е со споменикот на Свети Климент? Ставиле макета за споменик непропорционална со останиот дел од комплексот. Можно е да е некое постаро фигуриче па им се нашло тука да го залепат само. Не пазат воопшто на едноставни работи, а сега само проблем ќе си направат кај стрвни медиуми што едвај чекаат да почнат да шират приказни за стометарски споменик.


МИА фото


Edited by lslcrew - 08-Sep-2010 at 12:59
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 08-Sep-2010 at 13:02
Па, од таа фигура за споменикот може да се претпостави дека и другите макети не се сразмерни ) Се зезам, најверојатно се. Меѓутоа со куполиве, повеќе ми личи на амам отколку на конак. Како и да е, се засенува црквата комплетно.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 08-Sep-2010 at 13:56

На Плаошник започна нова ера на духовното

Охрид, 8. септември 2010 (ИНПРЕС)

На просторот каде Св. Климент Охридски го создал ремек делото на средновековната охридска книжевност и пофалното слово за светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј ќе бидат лоцирани бројните објекти кое се дел од комплексот на возобновениот Св. Климентов универзитет.

Токму денес на денот на одбележувањето на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, во Охрид се удрија темелите на универзитетот, а целосниот проект се очекува да биде заокужен во 2014 година.

Како што рече на свечениот чин  премиерот Никола Груевски, со возобновувањето на овој универзитет  Охрид станува центар и на древното и на модерното.

- Време е да го возобновиме Св. Климентовиот универзитет и Охрид да го има и она древното и новото. И модерното и она што датира од пред многу векови, она што го нарекуваме прв универзитет во Европа, она со што сите ние ќе се гордееме, не само Охрид, туку цела Македонија. Овој простор ќе може да го посети секој научен работник, да престојува тука секој турист, секоја граѓанин на Република Македонија. Тоа е наша заложба која ја почнуваме денеска, на денот на независноста, 8-ми Септември, истакна премиерот Груевски.

Возобновувањето на комплексот Св.Климентовиот манастир на Плаошник докажува дека делото на светителот и патрон на градот Св.Климент непрекинато ќе претставува непресушен вруток  на цивилизациски пораки и вредности. Овој комплекс е дело на македонскиот народ и македонската држава, рече на свеченоста Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

- Овој комплекс ќе значи еден расадник на научната мисла, на културата, на духовниот и световниот живот. Со ова правиме еден многу позитивен чекор и е за сите во Македонија, рече Кузман.

Со чинот на поставувањето на камен-темелникот на Св.Климентовиот манастир на Плаошник, се пренесува енергијата на старите градители и ктитори. Охрид, жариштето на историјата и културата со овој комплекс добива нов културолошки сјај. Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канчевска - Милевска посочи дека станува збор за капитален проект на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, како резултат на многуте истражувања и процесот на реставрација на целокупниот лоокалитет.

- Овде на просторот на првиот славјански универзитет во светот, првото академско лечилиште за телото и душата на луѓето од Велика и Кутмичевица, археолошкиот локалитет Плаошник започнува нова ера на духовното егзистирање на Охрид и на Република Македонија. Ова е нова страница од житието на славјанската култура, подвлече Канчевска - Милевска.

На површина од околу 7.800 метри квадратни ќе се изградат вкупно 23 објекти, во кои влегуваат манастирскиот конак, Св. Климентовата библиотека со конференциска сала, административна единица на Богословскиот факултет "Св. Кирил и Методиј" Охрид, споменик на Св.Климент, резиденцијален објект на Македонската православна црква и други објекти во четири комплекси.

На реализацијата на археолошките истражувања досега работеа археолози, архитекти, уметници, конзерватори, реставратори, националата установа завод и Музеј Охрид и сите други институции од областа на културата на Македонија.

Проектот е на проектантскиот тим на „Идеја Плус" Скопје и раководителот Тања Нацевска. Пред осветувањето на камен-темелникот за изградба на универзитетот на Плаошник, утринава во 9 часот се служеше света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение со митрополитите дебарско-кичевски и брегалнички, Тимотеј и Агатангел.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=57EC2C586985DB469B927E500B71BD73
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 08-Sep-2010 at 17:20
Што да кажам, агресија врз културното наследство, иницирана од оние кои треба истото да го штитат  Bash
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 08-Sep-2010 at 18:46
Previous
http://www.ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/09/08/14-13-00_3745/08092010522.jpg


http://www.ohridnews.com
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 08-Sep-2010 at 19:02
Два рендера, од некој друг конкурсен труд.






Edited by lslcrew - 08-Sep-2010 at 19:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 08-Sep-2010 at 21:37

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=27365

Има неколку нови рендери и агли од макетата. Што треба да се тие страничните делови на рендерот што се гледаат на 0:05. Дали се тоа некои стаклени делови?

Во однос на ова со комуналиите, сметам дека треба комплексот да биде ослободен од комуналии. Всушност треба да може и централната власт да носи одлуки за ослободување од комуналии кои ќе бидат обврзни за понискит еинстанци на власт кога се во прашање објекти од државно значење. Треба воопшто да се уреди дополнително законски ова прашање, а не секој поедини случај да биде импровизација на општинските власт со одлуки за ослободување, или па за политичка борба за префрлање средства од еден во друг државен џеб да се создаваат временски гапови, вакви правни вакуум простори и адреналински ситуации. Особено не е во ред што од Општина Охрид доаѓаат вакви работи во ситуација кога Охрид е во фокус на државната грижа и треба да биде среќна општината што добива ваков комплекс. Поедноставно кажано треба да го пречека на црвен килим наместо да му наплаќа влезница. Мислам дека и градоначалникот е свесен дека нема туку така да му легнат милион евра на сметка, ова е можно да е само воспоставување некоја "почетна преговарачка позиција" за издавање градежна дозвола. Така иде тоа кај нас во ситуација кога општините имаат отворени карти да си изиграваат полиси.


Edited by lslcrew - 08-Sep-2010 at 21:42
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 08-Sep-2010 at 22:03
вечен оган? навистина не можам да разберам ниеден филм во кој се влезени луѓево Crazy

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.