build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на МКЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Реконструкција на МКЦ
    Posted: 16-Sep-2009 at 11:14

600.000 евра за реновирање на МКЦ

Комплетното уредување на МКЦ ќе започне во јануари 2010 година, а директорот Момировски најави сериозна филмска програма со новиот селектор на "Синедејс" Владимир Блажевски, како и нови копродукции на Градскиот театар

Младинскиот културен центар во Скопје целосно ќе се реновира со пари добиени како грант од 600.000 евра од ИПА европскиот фонд. "Се менува комплетната физиономија на МКЦ, покрив, фасада, санитарии", вели директорот Борис Момировски, кој ни рече дека минатата година, преку локалната самоуправа, тие со својот проект за реновирање конкурирале пред ИПА фондот и, по одобрениот проект, определена е француска фирма како консултант, која ќе ги спроведува активностите. Момировски вели дека партнер во овој проект е Градот Скопје со 4 милиони денари за опремување на Дансинг салата.
Градбата се очекува да почне со стартот на 2010 година и предвидено е да трае 3 месеци. Момировски вели дека програмските работи во МКЦ не стивнале цело лето.Таму се вршат подготовките на трите филмски екипи на најновите македонски филмови. Момировски најавува сериозна филмска програма, по критиките кои ги доби минатата година околу проблемите што се случуваа со "Синедејс". Така, вели тој, МКЦ останува во мрежата на европски кина кои се поддржани од "Еуроимаж", зашто ќе се одржат сите фестивали предвидени за афирмација на европската кинематографија. "Програмската недела во 'Фросина' ни е поделена, па од четврток до недела ни се термини за кино, а почетокот на неделата е за продукцијата на Градскиот театар", ни рече Момировски. Тој најави дека нов селектор за "Синедејс" е режисерот Владимир Блажевски.
Во септември МКЦ го има МОТ, за кога се најавува и сериозна музичка програма.

http://vest.com.mk/?ItemID=472074E21F5F8D45A5851DAB6FE3AABA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Sep-2009 at 11:22
Ме радува што објектов ќе се реновра. Таков објект на одлична локација. Можеби и не толку руиниран, но сепак заслужува реконструкција. Што се однесува до проект ми се допаѓа. Де факто Скопје добива нов објект. А во однос на донацијата, се работи за една прилично висока сума што се доделува од страски фондови. обично се мењаат прозори или се лепат плочки по вц-иња. Но ова мислам дека е еден од првите позитивни работи што ќе ги осетиме од тие ИПА фондови.

Но една работа со овој објект ме засегала од секогаш. Мислам дека МКЦ никогаш не успеа да избаци квалитетна програма. Понекогаш ако се случи некоја свирка и толку е. Може би некогаш кога ги немало сите деншни начини на забава, па може би тогаш успевало да биде некој културен центар за млади. Денска мислам дека тешко успева за зграби барем мал дел од таргетната популација. Ова го кажувам од аспект на искористеноста на објектот за што сметам дека објектот сега слабо ги користи капацитетите.

Имаше една идеја од Јанко Илковски МКЦ и Домот на АРМ да ги заменат обејтктите. Односно ова да стане дом на АРМ, а сегашниот дом на АРМ да биде МКЦ што и вака логично кога ќе се размисли е добра идеја пошто се работи за стог центар што сигурно ќе анимира повеќе популација него што сега.


Edited by lslcrew - 16-Sep-2009 at 20:43
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Sep-2009 at 12:36
kade e tocno lokacijata posto ne mozam da se orientiram?!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Sep-2009 at 12:38
41°59'47.04"N 21°26'33.71"E
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Sep-2009 at 14:50
Одлична вест  Cheers
Барем колку што може да се суди според тие малите сликички, проектот ветува.



Edited by Cloverstack - 16-Sep-2009 at 20:23
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Sep-2009 at 15:32
lsl идејата на јанко без увреда, е прилично глупава и неверојатна, а и како е можно некој да трампа објекти, посебно што се под различно владеење од градски и државни власти, а и кога би било можно би чинело многу скапо.
Дека објектов плаче за реновирање нема потреба да се дискутира. Само би било уште поубаво кога во поширок опфат околу него (не само во рамките на парцелата) би се уредил просторот, патеките, кејот исл.
Само не ми е познато од каде се излезени рендерите. Дали некој знае дали имало конкурс или нешто во тој стил (јавна набавка!?!)на тема реконструкција на објектов затоа што јас до сега не сум слушнал за ова?
Убаво би било да се распише конкурс за млади архитекти и уметници (пр. до 35 години), со што би се создал дел од градот што би имал еден поавангарден и побунтовен амбиент, а целата енергија би произлегувала од самиот објект на МКЦ - сепак е младински центар - нешто како просторот во и околу центарот Помпиду во Париз. Со оглед на тоа што денеска на тој простор дефилираат разноразни сомнителни фаци и такозвани пријателки на ноќта, единствено младите би можеле поинаку да го анимираат овој дел од градот (што колку и да не личи, ама е во сам центар на Скопје), а да не е тоа кафич или турбо-фолк фазон на забава како кејот и паркот, туку нешто покултурно и попрогресивно...веројатно во минатото тоа било и идејата, ама штета што никогаш не се реализирала....

MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Mar-2010 at 01:08

МКЦ по стара траса со нова фасада

Секој новоименуван директор во Македонија, во јавна или национална установа, најпрвин наместо со уметниците „се спријателува“ со судските извршители расчистувајќи долгови, па дури потоа, програма, активности, настани, вели директорот Стевковски

Нов фестивал за креативен документарен филм МАКДОК, музички фестивал „Фестивал за млади и не баш млади“, мултимедијални проекти, концерти, голема јубилејна прослава на фестивалот „Млад отворен театар“ и реновирање на Младинскиот културен центар. Вака новоименуваниот директор на МКЦ и поранешен директор на Културно-информативниот центар, Златко Стевковски, ја најавува програмата за годинава. Тој вели дека насоката во која ќе се движи МКЦ годинава е веќе трасирана од претходната структура, односно во рамките на планираното во текот на минатата година, но има и простор за измени.

- Се' уште е прерано да говорам за посериозни измени, но доколку ги има, ќе бидат единствено и само за подобрување во позитивна насока. Неблагодарно и несериозно е пред се' кон уметниците со кои е преговарано изминатиов период и нивните подготовки за ангажман и претставување во рамките на активностите во МКЦ, едноставно да им кажете: „Сега има нов директор, се' што претходно сте договарале не важи“ - рече Стевковски.

ГОЛЕМИ ДОЛГОВИ

МКЦ изминативе години се соочуваше со финансиски проблеми и огромни долгови што ги наследи и поранешниот директор Борис Момировски, а кои сега преминуваат во „наследство“ на Стевковски. Тие проблеми неколкупати го ставија под знак прашалник одржувањето на фестивалот „Синедејс“ и влијаеја на целокупната програма.

- Не е некакво откритие дека МКЦ се соочува со финансиски долгови изразени во милионски суми денари. За жал, секој новоименуван директор во Македонија, во јавна или национална установа, најпрвин наместо со уметниците „се спријателува“ со судските извршители расчистувајќи долгови, па дури потоа, програма, активности, настани - вели Стевковски.


Во јануари годинава требаше да почне најавуваната реконструкција на покривот и фасадата на МКЦ со 600.000 евра добиени како грант од ИПА-европскиот фонд кои МКЦ ги оствари преку Град Скопје, аплицирајќи во ноември 2008 година. Стевковски вели дека наскоро следува „голема обнова“.


- Ќе се повикам на минатото искуство. Во КИЦ, од каде што пристигнав, исто така затекнав руинирани галерии. На почетокот од мојот мандат истите, благодарение на несебичната донаторска помош, целосно беа реновирани и трансформирани во елитни галериски простори, но притоа немаше фанфари, свечено сечење ленти, камери. Го претпочитам истиот принцип и сега. Наскоро следува „големата обнова на МКЦ“, прва, воопшто од самата изградба на установата - рече Стевковски.

Стевковски вели дека нема да има поголеми трансформации во организациската структура на МОТ и дека се договараат подробностите за следното јубилејно 35. издание на фестивалот.

- МОТ се организира буквално 365 дни. Со официјалното затворање на фестивалот, веќе се договараат нештата. Претставувањето на нашите креативни уметници надвор од Македонија, а со самото тоа и во Македонија, е една од основните мисии на овој фестивал. Тврдам одговорно, 35. издание на МОТ ќе биде повеќе од достојно на јубилејот. Тоа го прифаќам како морална обврска кон се' и кон сите што досега оставиле дел од себе и биле непосредни или посредни чинители во создавањето, растењето, историјата на МОТ - рече Стевковски.

За првпат во дејствувањето на МКЦ, годинава ќе се случат и два фестивала. Едниот е фестивал за креативен документарен филм МАКДОК, кој ќе се работи заедно со продукциската куќа „Гужва“, а вториот е музички фестивал насречен „Фестивал за млади и не баш млади“. Покрај овие манифестации, Стевковски најавува и мултимедијални проекти, перформанси, изложби, рецитали и концерти со класична музика, како и музички компакт-дискови.

Градски театар Скопје, кој работи во рамките на МКЦ, годинава ќе има две премиери. Првата премиера е според текстот „Госпоѓица Јулија“ од Август Стриндберг, чија премиера е закажана за првата половина на јуни.

- Претставата е замислена како средба помеѓу натуралистичкиот театар и танцот, која се одвива во два испреплетени простора, физички и материјално. Тоа се просторот на драмата на Стриндберг и апстрактниот простор на танцот. Како и лани, така и во оваа година Градски театар Скопје продолжува со потрагата и истражувањето во новиот театарски израз - рече Стевковски.

До крајот на мај треба да се случат и три концерти на кои ќе настапат „Вардиазеи“, „Блек харт позешн“ и „Грант харт“ од Соединетите Американски Држави. Последните ќе настапат заедно со „Крипл и Казино“ од Хрватска и „Хахаха“ од нашата земја.

СКОПСКИОТ ФИЛМСКИ ВО „МИЛЕНУМ“

Од крајот на декември минатата година МКЦ е задолжен за програмата на киното „Милениум“, кое се врати во живот по пауза од неколку години. Стевковски вели дека е потребно да се врати имиџот на „Милениум“, а се планира и набавка на дигитален проектор. Најавува дека годинава Скопскиот филмски фестивал се враќа во „Милениум“.

- Скопскиот филмски фестивал е светла точка во киноживотот на скопјани. Освен „Милениум“, ние ја понудивме и салата „Фросина“, како алтернативен простор или, пак, репризен за одредени филмски настани. Истовремено, во „Милениум“ очекувајте го и првпат фестивалот „Синедејс“, се разбира и во старата локација и премиерите на сите македонски филмови годинава, толку очекувани и насушни за нашата култура и за нас - рече Стевковски.

Киното „Милениум“ важеше за најатрактивен кинопростор во земјава. Последниве години постоеја неколку неуспешни обиди да заживее киното, а повремено просторот беше користен за премиери на домашни филмови.

- Почнавме со детските киновикенди, со цел создавање кинопублика. Засега сме задоволни, иако не очекувавме за толку краток период да го доближиме тој простор кон најмладите. Преговорите со дистрибутерските куќи за носење на големите холивудски блокбастери за цела година се во завршна фаза. Така, скопската, македонската публика, филмофилите ќе може да се насладуваат на најголемото платно, најдобриот проектор и најквалитетниот филмски избор во Македонија. „Милениум“ нема да ги затвори вратите за европските филмови доколку процениме дека истите се квалитативно издржани за прикажување. МКЦ секогаш имал слабост кон европскиот филм, а во киното „Фросина“ секоја недела се прикажува по еден европски филм - вели Стевковски.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=4B9944AC3F6CC143BF2BEE8001839663&arc=1



Edited by Cloverstack - 30-Mar-2010 at 01:13
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Sep-2010 at 09:44

МКЦ ќе се модернизира


Младински културен центар, во својата четиридецениска историја, првпат ќе биде целосно обновен и ќе се трансформира во установа според сите светски стандарди

 
 
%20  
Објектот на Младинскиот културен центар врз кој речиси четири децении не се направени некои посериозни реновациски зафати, за околу година и пол се очекува да осамне комплетно подновен. Проблемите во зградата, која потекнува од 1970 година, се многубројни: од застарените грејни инсталации, девастирани санитарни јазли, нефункционални прозорци, до протекување на покривот на неколку точки. Од санацијата на покривот во 1980-тите години, досега ништо покрупно не е направено во поглед на реновирањето на зградата.

Поради ваквата ситуација, раководството на Младинскиот културен центар најавува комплетно реновирање на објектот, кое ќе чини околу 600 илјади евра и кое се очекува да почне наскоро, а би траело околу 12-18 месеци.

Автор на идејното решение за новиот изглед на МКЦ е проектантското биро БИЛД.

- До крајот на годинава очекуваме да почне процесот на реконструирање на фасадата, покривната конструкција и концертната сала на Младинскиот културен центар, со средства од програмата на ИПА-фондовите во рамките на ЕУ. За оваа намена, од споменатата програма веќе се издвоени околу 600.000 евра за реконструкција на установата - вели Златко Стефковски, директор на МКЦ.

Градот Скопје минатата година веќе даде средства во висина од четири милиони денари со кои е набавена најсовремена техничка опрема, која ќе биде имплементирана во реконструирањето на концертната сала. Таа ќе добие нов под со изолација, нова бина и аудио и видеоопрема, кои ќе одговорат на потребите и барањата на кој било музички бенд. Годинава градот предвиде средства во висина од два милиони денари, за реконструкција на ентериерот на установата, а во 2011 година следуваат дополнителни осум милиони денари за истата намена.

Што се однесува до содржините што ги нуди МКЦ, еден од носечките пунктови секако е театарската продукција, која би ги промовирала современите сценски естетики.

Една од новите заложби е фестивалот МОТ да прерасне и во продуцент на театарски претстави. Идејата почна со копродукциската претстава „Кралот е мртов“, со која се отвара годинашниот МОТ со повеќе партнери од Франција, Словенија, Романија, Луксембург и МОТ како македонски претставник. Друг проект што ќе има своја премиера во октомври е претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на Деан Дамјановски во продукција на МКЦ.

- Стандардите на постојните репертоарни театри во Скопје се модел на театар што нас не нé интересира. Ние мораме да создаваме театарска естетика во духот на „Младиот отворен театар“ како еден од најголемите фестивалски брендови во Југоисточна Европа. Токму алтернативниот театар е нашето поле за дејствување - вели Стефковски.

Со осовременувањето на објектот се очекува тој да блесне во некогашното светло и повторно да стане свртувалиште на македонската авангарда.

- Јас не мислам дека публиката е замината од МКЦ. Прашањето е дали во моментов има алтернатива и авангарда во Македонија. МКЦ не може да направи авангарда преку ноќ - категоричен е Стефковски.




Проекторот во планетариумот е антикварен

- За проекторот во планетариумот, кој датира од раните 1970-ти, веројатно во догледен период конечно ќе имаме можност добро да заработиме на тој начин што ќе ни го откупи некој музеј за древни и трајни вредни нешта - вели Стефковски.

За потребите на планетариумот МКЦ веќе набави сферно огледало, а ставени се проектори, кои се дел од неминовната дигитална технологија. Секогаш кога има интерес од одредена група ученици или возрасни, планетариумот е отворен.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91810939316&id=16&prilog=0&setIzdanie=22086
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Sep-2010 at 16:00
- За проекторот во планетариумот, кој датира од раните 1970-ти, веројатно во догледен период конечно ќе имаме можност добро да заработиме на тој начин што ќе ни го откупи некој музеј за древни и трајни вредни нешта - вели Стефковски.

А да го изложат самите како приказ на сопствената историја на МКЦ?

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 18-Sep-2010 at 16:13
Де бе младен, не дека буквално ќе го продаваат, туку ова е кажано како шала да се долови староста на системот.
Back to Top
shule View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shule Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Sep-2010 at 17:28
Не е баш јасно кажано. Ако се ослободи МКЦ од проекторот, дали ќе постои планетариумот? Современа опрема за планетариум не е баш ефтина. А набавка на сферно огледало не кажува ништо. Тоа може да се набавено на пример за нов телескоп кој би се конструирал, не мора да е дел од проекциона опрема. Да не испадне на крај како пто се има случувано и порано, кога ќе се смири градежниот виор да се утврди дека Македонија е без планетариум?

Друга приказна е дека планетариумот како таков е импровизација и треба посебна зграда да се изгради за проекции.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Dec-2010 at 14:53
Здраво Шуле, да не бидеме толку скромни, чуј се со директоров ако сакаш и јас ќе ти најдам контакт, па дај ургирај за некоја донација од Холандија и така си во можност да пробаш ако ништо друго, навистина ќе биде греота да останеме скоро единствена земја на балканов без панетариум... инаку идејата на јанко и те како држи вода, со оглед дека МКЦ нит го заживеал нит ќе го заживее то простор, просто никому не му е успат, нит пак во близна минуваат многу автобуси кои претежно ги користат младите... вака како андерграунд место со своја историја во ред е да продолжи да живее а и ќе продолжи со оглед дека еуроимаж бадијала не фрла камен, но факт е дека  од сто филмски викенди што ги имам окапано таму бројот на посетителите беше едноцифрен секоја недела! друга работа што е пропуштена со реконструкцијава е употреблив и корисен паркинг простор кој што сега е смешно мал заради што пак цела улица однапред се блокира кога има некој настан

Edited by Cloverstack - 28-Dec-2010 at 16:01
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Feb-2011 at 13:22
ПОЧНА РЕНОВИРАЊЕТО НА МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

Деновиве почна големата реконструкција на Младинскиот културен центар во Скопје, и се очекува реновирањето да заврши најдоцна до 1 септември годинава.

Во наредниве шест месеци  ќе се изврши реконструкција на покривот, на фасадата и на тоалетите. Изведувачи на работите се ГЛОБОЦКИ ДОО во соработка со БОНОР Инжењеринг ДООЕЛ и Вентилтраид- интернационал ДООЕЛ, фирми избрани во веќе спроведената постапка на јавна набавка.

За реконструкција на Младинскиот културен центар обезбедени се околу 33 милиони денари (533.000 евра). Со цел сеопфатна реконструкција на МКЦ од Буџетот на Градот Скопје во изминативе три години беа потрошени околу 8 милиони денари, а само во 2011 година се планира, за реновирање на ентериерот и влезното фоаје, да бидат потрошени околу 7.000.000 денари. Со ова вкупната инвестиција за реконструкција на МКЦ ќе изнесува околу 49.000.000 денари.

Градежните зафати нема да влијаат врз одржувањето на редовната програма на МКЦ и врз традиционалните манифестации коишто се одвиваат во тековната година.

Средствата за реконструкцијата се обезбедени од Европската комисија и од Буџетот на Град Скопје преку програмата ИПА – развој на локална инфраструктура. За оваа намена Град Скопје од Буџетот издвои околу 85 % од вкупната сума финансиски средства планирани за реновирање на една од културните установи во негова надлежност, додека преостанатите петнаесеттина проценти ги обезбеди преку ИПА програмата.

Младинскиот културен центар постои од 1972 година и во овие 4 децении не се направени некои поголеми реконструктивни зафати.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3995&mid=482&tabId=1&tabindex=0

Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Feb-2011 at 11:05
ne me raduva posebno noviot izgled, megutoa podobro otkolku da sedi ruina vakva
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Feb-2011 at 21:44
Originally posted by Max


инаку идејата на јанко и те како држи вода, со оглед дека МКЦ нит го заживеал нит ќе го заживее то простор, просто никому не му е успат, нит пак во близна минуваат многу автобуси кои претежно ги користат младите...


Идејата на Јанко бурекџијата не да не држи вода,туку нема врска со здрав памет.Како тоа да се менува МКЦ со Дом на АРМ?МКЦ-место со традиција,место со своја историја,место на млади,слободоумни луѓе и оние кои така се чувствуваат да се пресели во простор на војска?!
Идејата на тој Јанко е врв на дебилизам.МКЦ-Дом на млади е таму од секогаш,има своја традиција и таму треба да си остане.Идеално место,строг Центар(300 метра),едино што му фали е реконструкција која ете се најавува.
Back to Top
Дарко View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дарко Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Sep-2011 at 08:48
ПРИ КРАЈ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА МЛАДИНСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

Новата сезона во подновени простории




Повеќе нема да имаме ситуација во која публиката на „Синедејс“ ќе треба да се покрива со јакни или ќебиња - вели Стевковски


Младинскиот културен центар во ново руво ќе ја пречека новата сезона. При крај се големите градежни зафати кои во последните шест месеци се одвиваа во целата зграда. Подобрен покрив, нова фасада, санирани тоалети, систем на затоплување и ладење во салата „Фросина“. Во вакви услови директорот на Младинскиот културен центар, Златко Стевковски, најавува богата нова сезона, каде што главен акцент ќе биде ставен на меѓународните фестивали „Млад отворен театар“ и „Синедејс“.



Нема веќе ќебиња

Реконструкцијата на зградата почна на 14 февруари, а ја финансира Град Скопје со помош на ИПА-програмата на Европската комисија.

- Сакавме да стигнеме до почеток на септември. Сепак, до отворањето на МОТ ќе ги имаме. Се реконструираа вецеата, покривот. Таков голем зафат немало во последните четири децении. Ќе најавам само дека повеќе нема да имаме ситуација во која публиката на „Синедејс“ ќе треба да се покрива со јакни или ќебиња зашто веќе затоплувањето е решено и можеме да имаме непречена киноприкажувачка дејност, а и да имаме полна програма и во најладните месеци - вели Стевковски.

Ова ќе биде убава најава за идната година, која е јубилејна за институцијата и одбележува четири децении постоење. Веќе се затворени програмите за „Млад отворен театар“ и за „Синедејс“. Стевковски најавува дека и на двата фестивала ќе има исчекор напред и ќе го донесат најактуелното во театарската и во филмската уметност.

- „Синедејс“ одбележува десет години. Фестивалот поминал низ секакви периоди, денес е најважно што го зачувавме, но уште поважно е да го унапредуваме. Им ветувам на филмофилите дека ќе ги имаме сите актуелни европски филмски остварувања што царуваа по филмските фестивали. Алмодовар, Полански, Фон Трир се само дел од нив. „Синедејс“ годинава ќе трае 10 дена за симболично да ја одбележеме годишнината. Ветувам само дека и годинава ќе освојуваме алтернативни простори и цел град ќе биде сцена - рече Стевковски.

„Синедејс“ ќе биде отворен на 11 ноември, а за програмата повторно ќе се погрижи германскиот селектор Бернд Будер, човек со големо искуство на европските фестивали и соработник на фестивалите во Берлин, Карлови Вари и други.

МКЦ сега го стопанисува киното „Милениум“. Стевковски вели дека треба уште многу да се работи за публиката да ја врати подзаборавената навика на одење во кино.

- Блокбастерите ни се веќе купени за новата сезона. Досега ги имавме „Пиратите од Карибите“, „Црниот лебед“. Ќе ја зајакнеме и европската агенда во „Милениум“ и се надеваме дека ќе влезе во мрежата на „Еуроимаж“. Од некои филмови сме задоволни, но факт е дека пиратеријата ужасно н` напаѓа. Навечер прошетајте во која и да сакате населба и ќе видите дека насекаде има тезги, а и интернетот дава голема слобода дома. За мене, киното како медиум е исто како и театарот. Ако сакате да погледнете убава претстава, сигурно нема да ја гледате на телевизија. Но со добро озвучување и 15 метри платно зарем нема да ви биде убаво? Сите дома имаме убави телевизори, ама тоа не е исто - смета Стевковски.



Нема пари за Градскиот театар

Театарската дејност во МКЦ, која во последните неколку години беше под капата на Градскиот театар, во иднина ќе постои, но не како институција. Стевковски вели дека било комплицирано и скапо за одржување.

- Едноставно немавме буџет за тоа, не треба некој да се обвинува. Скопје има четири национални театри, Детски театар и не сакавме да биде уште една установа која ќе изискува буџет, а нема да имаме доволно пари. И во иднина ќе правиме претстави, во соработка со продуценти и актери кои ќе доаѓаат со идеи. Од театарски претстави не се откажуваме, сцената е тука, имавме 3-4 премиери последната година. Под поимот театар подразбирам луѓе постојано вработени, со кадар и екипа. На пример, Градот за лани ни дал 800.000 денари за четири премиери. Не треба да се занесуваме дека така се прави театар. Идејата била убава, ама во вакви времиња е тешко да се формира институција - смета Стевковски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=68E9F1DA439F594D97D67427FC7495C6

Edited by Дарко - 14-Sep-2011 at 08:49
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Sep-2011 at 09:58
MKC e eden od moite omileni objekti vo Skopje, generacii i generacii studenti pominale bezbroj koncerti, filmovi i pretstavi vo ovoj objekt. Jas licno tamu go imam slaveno i docekot na noviot milenium. Zatoa se raduvam na ova renoviranje i se nadevema deka pozitivnata energija na objketot nema da iscezne.
Bi bilo epten ubavo nekoj ako pominuva pokraj MKC da napravi nekoja fotka.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Sep-2011 at 10:09
Фотки од пред 2-3 недели

1


2


3


4


5


6


7

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Sep-2011 at 11:04
Благодарам Кловер. Ми се допаѓа она што го гледам на сликите. Незнам само дали во реставрацијата се опфатени терасата и зеленилото од напред.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Sep-2011 at 11:30
Јас бев пред 2 дена во МКЦ и можам да кажам дека работите се на идентично ниво. Не знам дали ќе бидат готови наредниве денови, односно дали за отворањето на Млад отворен театар ќе биде комплетно пуштена(има сеуште градежни машини пред МКЦ а вработените во бистрото не знаеја кога ќе се пушти). Мене ми изгледа дека има уште за работа однадвор, а одвнатре ништо и не е променето во МКЦ, бар во делот на кино Фросина(внатрешниот дел беше делумно реновиран минатите години).

Инаку реконструкцијата му даде живот на објектов, како само добро ќе изгледа однадвор




Edited by Cloverstack - 21-Sep-2011 at 23:31
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.