build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ново Лисиче

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ново Лисиче
    Posted: 03-Oct-2009 at 21:51
Не знам колку сте запознаен со тие муабети. Требало порано послеземјотресот да се прави булевар кроз Водно и позади да биде населба денешно НОВО ЛИСИЧЕ али шта чеш то ти је. Дали тие планови биле на Кензо или не сепак постоеле и планот да има булевар продолжение на Видое Смилевски Бато и да продолжува право да се спојува со автопатот ама денес да им рушиш куќи на тие ќе биде лудница, ма да го гледам тој булевар на планов



Edited by pbanks - 04-Oct-2009 at 16:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Oct-2009 at 03:56
А уствари која е поентата да се гради населба позади водно од ранг на Ново Лисече кога веќе на неколку километри од центарот имаме бришани простори кои се створени за такви локации. Не викам дека не треба, но да биде кога ќе му дојде време. Населба не се прави поради скеч туку поради потреба. Пресудниот фактор е економичноста, а тука не е задоволена. Кога ќе биде рентабилно ќе се направи сигурно.
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Oct-2009 at 11:13
Originally posted by lslcrew

А уствари која е поентата да се гради населба позади водно од ранг на Ново Лисече кога веќе на неколку километри од центарот имаме бришани простори кои се створени за такви локации. 


Дозволи да те просветлам ЛСЛ. Ти пишав и кус историјат у нишката за Реонски центар коа те прашував за мапата не знам дали си прочитал. Ново Лисиче порано било све ниви. Поради фактот што е такво земјиштето, меко е и е неповолно за згради. Пола згради веќе пропаѓаат.Кулите кај мене у НЛ едната т.е. пропаќа, мојата зграда прошаѓа се глеа од напред ѕидот е цел изместен а позади зградана е веќе клапната. Ти ги зборам ова од фактот што уште во пост земјотресниот период се правеле такви планови. Пола планови ма какви пола бре, све ова што го гледаш на ГУП Транспорт мапата тоа све требало да се направи, донесени се во Македонија 1.3 милијарди долари за да се санира градот и Бог да го види да се крсти у него. Прости малце политика знам дека не е место ова за таква намена. Татко ми 60тите години коа бил во Белград вели "Нови Белград бил една огромна нива ништо ама буквално ништо немало" 1971 година татко ми оди да служи војска во Дедиње горе лепенка со Тито и вика одеднаж гледам Нови Белград населба и пол па и Маракана напраена нови булевари со петљи со триста нишани и Загреб исто така се има направено. Ти текнува она Зошто Скопје кога може Белград Зошто СКопје кога може Загреб. Скопје требало да биде отворен град за цел свет ама драгиот Тито како што и пишува на Стара Железничка станица ете ние ќе го изградиме Скопје и Лазар Колишевски аха разумеме друже Тито. Дали му било страф да не го убие УДБА дали бил глуп бог знае а и сеа тоа не е битно. Извинете уште еднаш за политика и разни глупости ама ете сакав да ви укажам на некој работи.
И уште една работа. Скопје било планирано за максимум 400 000 народ ама да го имавме и законот као Љубљана друга песна ќе се пееше.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8830
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Oct-2009 at 14:21


Многу политика, многу маалски муабети, ич аргументи. Ако не го запалеше Пиколомини Скопје сеа ќе беше поголемо од Лондон и поубаво од Лондон работава.

Истиве прикаски се вртат со децении наназад но никој не става прст на глава да помисли дали работите се навистина такви. Дали навистина постои некако фамозен закон за Љубљана или едноставно се работи за паметна децентрализирачка политика (и изразито висока свест за колективно добро и за квалитетен живот кај луѓето во Словенија). Дали се работи за некакви си 1.3 милијарди ЕУР или се работи за донации во материјали, инженерска експертиза итн со кои овој наш град е изграден после земјотресот. Дали се работи за УДБАшка конспирација која му дава предност на Нов Белград или Нов Загреб пред Скопје или за наша неспособност да реализираме правилно урбанистички планови и да правиме кардинални грешки во нашиот однос со околината во која живееме (нешто што BTW денес го потврдуваме како една наша висока специјалност). Дали се работи навистина за тонење на згради или е тоа маалски муабет. И доколку навистина има тонење на зградите дали се работи за грешки во инженерингот или навистина се соочуваме со изградба на "најтешкото земјиште на светот". Нешто што искрено е смешно да се каже во доба кога луѓе градат цели вештачки острови и градат структури кои се вон паметот на секакви локации.

Сума сумарум, форумов не ја носи ултимативната вистина за тоа "како треба да биде" но за 2 и кусур години колку што постои мислам дека се натрупа завидно количество на материјали и аргументи за барем сите да си го дигнеме резонирањето и критичката мисла на едно повисоко ниво. Би ти препорачал како имаш време и интерес да ги листаш нишкиве верувам дека ќе најдеш многу корисни информации.


Edited by pbanks - 04-Oct-2009 at 14:26
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Oct-2009 at 15:03
И ја имам слушано муабети дека требело Велес да се дислоцира до Свети Николе, па муабетов не го пласирам како врвна вистина! Зашто е шпекулантски.

Е сега не дека тврдам дека немало такви Екс-Ју-гомнарии, ги имало сигурно и убеден сум и дека во добар дела имало од оваа политика што ја кажа. Но сепак мене прашањето ми беше да ги ставам на кантар Ново Лисиче и населба позади водно и да ги споредам со сите предности и маани. Што бараме да градиме нова населба преку седум рида и седум реки кога во градот имаме празни ниви. Па немора да е само Ново Лисиче, еве го и расадник, ене ги оние ливадите кај злокуќани, ене го петровец. Све е ова бришан простор за развој на градот! Затоа и реков дека кога ќе биде исплатливо изградба позади водно тогаш ќе биде и тунел и куќи и згради.

А мза бвројкава од 1.3 милијарди прв пат слушам. Со сите инфлации и промени во вредноста денеска овие пари имаат вредност од ~7,2 милијарди долари, што е огромна пара, не само за градов него ние и цела патна мрежа да ја изградиме.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Oct-2009 at 15:24

   

за да не бара душан по нишките еве една информација која оди во негов прилог http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=114&PID=33705#33705 и јас се сложувам дека сме биле ограбени но тоа ти е кога делиш иста куќа со десет браќа, некој мора да се кити како главен заради преставителност, иста е ситуацијата и во МКД денес во однос на останатите градови, но со една разлика што тогаш не ограбиле од милостината која светот ја испратил за нашата мака... но ова не треба да ни биде денес оправдување за тоа што немаме ни усул ни осет околу оправање на ситуацијата...

малку офтопик, но кога веќе ја разврзавте, да ја надополнам дигресијата, што е до зградите во ново лисиче, да, таму луѓе навистина тонат неколку згради, втората од дуплексот сивиот дом друга на ќошот сега кај новата последна петка, трета е кај стадионче тоа комплексот, исто и новата кај детскиот парк спроти реонски... но за тоа никој не е крив, геолозите убаво сугерирале што и како е ситуацијата, но тогаш се затерал проектот за НЛ наволеј па и некои работи биле заборавени. колку што знам само овие згради што тоанат не се врзани со заедничките скривници помеѓу останатите згради кои формираат солидна мрежа во НЛ, може најуникатна во цела МКД од станбените населби, затоа и другите згради се стабилни а овие ги голта песокот доле, за сиви дом колку што се сеќавам пристап до скривница имаат во отворената шахта во паркчето.

во основа на овој план цело скопје е во аут посебно што е полно со подземни води кои не се резултат само на вардар туку и на остатоците од некогашното море на овие простори кое подоцна се задржува како катланосвко езеро а потоа и блато, кое денес е вештачки пресушено. а на најголем удар на овие подземни води се неврзани објекти кои се најкритични во карпош, кај скопјанка и кај ново лисиче... 2. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=562&PID=34129#34129 1. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=209&PID=34068#34068  

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Oct-2009 at 15:37
Малку избегавме со дискусијава во урбани автопати, амам ај барем да довршиме.

Незнам каква улога има мрежата од скривници во однос на статиката, но тешко дека може да плеќи да носи цела зграда и да нема искривувања. Јас од она што го имам видено низ Ново Лисиче, само се приметува испрекршени шеталишта и тоа видно посестени за скоро цела скала на раздалеченост од две соседни згради. А за причините секако дека е водата. Јас колку што сум слушал тука е трупано накнадно со земја што наводно била од некои  гробишта па демек и коски наоќале после тоа. Е сега за геологијата не знам многу но знам дека скоро сите подлоги си имаат некој период на стабилизација, односно после колку години иузградениот објект врз таква подлога ќе завземе конечна позиција. За песок таквиот период е 0 односно кога ќе се изгради нешто врз песок останува така, но за земја, за глина и некои слични почнви имаат периоди скоро деценија. Е сега може да претпоставам дека Ново Лисиче пропаќало прошлата деценија и дека сега ја има завземено оваа положба и дека нема веќе да пропаѓа, дека ова му е конечната форма. Но со ова водите кога се присутни незнам како идат рачуниците. А башка за подземни води знам дека исклучително влијаат на здравје, а некој сатистички податок за НЛ немаме. Или беше тоа само за проточни?!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Oct-2009 at 15:53

статистика тешко и дека ќе најдеш, но постоењето на подземни води во НЛ го потврдува стадиончето кое е на другиот крај од населбата, а сепак е преплавено, јасно ова е најдлабоко вкопан објект во НЛ но геолошките проби сигурно дале негативна оцена за евентуални подземни води... но вода е вода и таа нормално е да се движи, па денес ја имаш тука утре не, затоа и ваков калабалак од вториот линк погоре. 

а она за скривниците го извлекувам како дополнителен заклучок според фактот дека ова потонатите згради колку што знам се единечни со по еден влез и без пристап до централните скривници до кои се стигнува директно подрумски преку останатите згради т.е. врзани се во еден систем, а и може закачиле и некоја екстра водна жила, па и тоа да е основен фактор, но без поконкретни испитувања на овие претпоставки и ќе останеме. инаку факт е дека врзани ламели т.е. поголема зграда со неколку влеза 2 или 4 како што е во случајот со останатите непотонати згради во НЛ гарантира стабилност, ете и стадионче тоне но заради тоа платформата помеѓу ниските згради таму истите се ок, освен што плочниците им се испукани или скалите подраздвоени



Edited by Max - 04-Oct-2009 at 16:27
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8830
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Oct-2009 at 16:23
По предлог на Макс, муабетов доби своја нишка.

Сепак да предупредам, муабетот продолжува да биде максимално маалски и паушален и доколку така продолжи има да летне целиот топ тан. Се надевам дека некој постручен ќе ја збогати дискусијава барем во делот за статиката инаку другите теми кои се зачнати се комплетно безпредметни.

Ако веќе не може да шириме информации, да не шириме дезинформации по секоја цена. Сепак статика и хидродинамика се прилично прецизни дисциплини а не работа на вкус или слободно размислување. Едно е да коментираме дали некоја фасада ни се допаѓа или не, друго е да глумиме ескперти за земјиште или интегритет на структури а да не сме професионално потковани или да приложуваме барем елементарна аргументација (со постоечки примери во најмала рака на кои може да се повикаме).

Се ова што се изнакажа за води, песок, гробишта, врагови... Со цела должна почит но мене ми личи на празен муабет, барем на начинот на кој се дискутира и анализира.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Oct-2009 at 16:42

панкс тоа со коските на лсл е пуштање вода, додека она што велам јас дека некој од единечните згради во стариот дел на НЛ навистина тонат подржувајќи ја размислата на душан тоа е точно! впрочем за скривниците и статиката само претпоставувам на што може тоа тонење да се должи и зошто тоа не е случај со останатите згради кои сепак факт е дека се блокови и дека се меѓусебно изврзани, ова зборам за 3 до 9 катните згради во НЛ, додека кулите мислам дека немаат воопшто гајле иако се единечни... 

патем ова тонење не оди во метри туку во сантиметри и е забележливо само по поголеми испукувања на приземните скали од влезовите евентуално...

инаку мислам дека нелогично и неправилно се имаат префрлено ваквите јасни факти за зградите кои тонат во стариот дел со озборувањата за новите зградите во реонски центар т.е.новиот дел на НЛ, за тоа еве и еден демант од самите инвеститори, но и од општината, иако грчев алудира на тоа и дека можно е да постојат и заврзлами...

ЗГРАДИТЕ ВО НОВО ЛИСИЧЕ НЕМА ДА ПОТОНАТ

Во населбата „Ново Лисиче” на булеварот „Видео Смилевски Бато” има околу 10 нови згради. Некои од нив се на четири ката, а некои на осум. Изградени се пред шест години, а некои од нив пред три.

Зградата во која неодамна се всели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, е изградена на стабилно тло, вели инжинерот Владо Трајановски, вработен во ТИМ инженеринг, една од фирмите кои ги граделе зградите.

Зградата во која се вселила министерката е само една од комплексот згради кои се наоѓаат во Ново Лисиче и за кои неодамна во медиумите беше напишано дека тонат и дека не се безбедни.

Владо Трајановски тоа го негира и вели дека ги направиле сите испитувања пред да ги градат зградите.

- Извадивме 18 илјади кубика шут и потоа дупките ги пополнивме со песок. Потоа направивме статичка анализа за безбедноста на земјиштето, сеизмичка издржливост и еколошка одржливост на идните станбени градби. Испитувањата покажаа дека местото е адекватно и ги исполнува сите услови за изградба.

Местото каде што се наоѓаат зградите порано било мочуриште. Во медиумите беше напишано дека пред да почне изградбата на станбените објекти дупките биле исполнети со шут, за да се израмни теренот и да може да почне изградбата. Поради тоа се појавија шпекулации дека земјата е многу мека, новите згради не се безбедни и можат да потонат.

Од општина Аеродром велат пред издавање на одобрение се следат сите чекори предвидени со Законот за општа управна постапка и дека се почитува целата процедура за добивање дозвола за градење.

-Општина Аеродром апелира да не се крева паника дека зградите во Ново Лисиче, односно реонскиот центар „Аеродром” тонат, бидејќи за тоа во Општината не постојат официјални информации од граѓаните, ниту пак има докази кои потврдуваат дека земјиштето на таа локација тоне - вели Димитар Крстевски, од одделот за односи со јавност.

Жителите на Ново Лисиче велат дека тоа се само шпекулации и дека биле информирани само од весниците.

- Да, имам прочитано за тоа, но тоа се само шпекулации, мислам дека некој сака само да профитира од тоа. Еве до мојата зграда моментално се гради нова, прашајте и ќе видите дека таков проблем нема.- вели Миле Јуруковски, еден од станарите.

Живко Милчевски кој пред четири години се вселил во новоизградените згради вели дека најпрвин се информирал и се уверил дека зградите се стабилни па потоа се вселил.

- Не верувам во такво нешто, мислам дека дупките ги пополнија со песок. Тоа се само празни муабети. Да не беа стабилни зградите, немаше министерката за внатрешни работи да се всели тука - вели Милчевски.

До самите згради има и куќи. Постарите жители од куќите не веруваат дека може да се случи такво нешто, бидејќи теренот го испитувале веќе подолго време.

-Точно е дека тука имаше мочуриште и децата порано фаќаа риби, но околу две години доаѓаа екипи кои го истражуваа и го чистеа теренот, па затоа мислам дека нема никаква опасност земјата да потоне - вели еден од жителите од соседните куќи.

Според Законот за градење, барателот треба да приложи задолжителни прилози на проектна документација до изведувачот. Обврска на секој изведувач пред да почне со изградбата, е да ги провери сите геомеханични својства на земјиштето на кое се гради станбениот објект.

Архитектот Мирослав Грчев вели дека составот и носивоста на земјиштето се испитува со посебни сонди, а се утврдува и дали има подземни води. Тој рече дека ако одговорите на овие барања ги нема во проектот тогаш станува збор за фалсификуван проект, кој се темели на претпоставени параметри.

Стојан Митевски вели дека позади неговата зграда има дел во кој има вода и сеуште не е исчистен.

-Прочитав за тој проблем, но не верувам дека може да се случи такво нешто, еве може и самите да видите дека во оваа населба сеуште се гради. Ќе видиме останува времето да покаже - вели Митевски.

Филип Нацоски http://www.vs.edu.mk/attachments/344_Зградите%20во%20Ново%20Лисиче%20нема%20да%20потонат.doc



Edited by Max - 04-Oct-2009 at 16:46
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Oct-2009 at 16:55
А добро еве и да има води! И во НЛ и во ННЛ. Не ли може да се направи некој дренажен систем ниц цело маало, па после и така е вардар во близина и да се испушта водата во вардар. Не мислам на сиистем како за стадион, таман работа, за нешто како автосферска канализација но на малку подлабоко и во близина на критичните локации.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8830
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Oct-2009 at 16:57
@Макс не викам дека можеби не е така, нити повикувам да не дискутираме околу ова, но да не се сведе сепак се на нагодувања па и на изјави на жители (кои најчесто се исто така маалски експерти и лупаат на памет).

Значи целта на статиката е да донесе конструктивна стабилност каде сите товари (статички и динамички, хоризонтални и вертикални) ги држи во еден баланс. Изборот на конструктивни елементи, споевите меѓу нив, димензионирањето на истите доаѓаат како резултат на овие статички пресметки. Секако во предвид се зима и интегритетот на подлогата, водите итн. Целата комбинаторика е далеку покомплексна од тоа дали зградите се поврзани меѓу себе со заеднички скривници.

Еве еден прост пример каде медо, како стручњак на ова поле детектира проблем на место каде што повеќето од нас не би ни ни помислиле дека би можело/требало да има проблем. (од нишката за МИДА)

Originally posted by medo

Сликано на 14.9.2009.



Сакам да истакнам еден проблем за кој се надевам дека проектантот на објектов обрнал внимание, а ревидентот го верификувал решението. Се работи за столбовите кои се гледаат на сликава, а го обиколуваат постоечкиот објект. Тие се слободни, не се поврзани со никакви греди меѓусебе (ако не ме лаже видот). Ваквите столбови, со оваа височина (некаде над 10 m), се особени чувствителни на извивање. Се надевам дека во проектот тие се анализирани и димензионирани на извивање. Во спротивно може да видиме како по одредено време од изградба на објектот ќе се извијат како што се витка свеќа при покачена температура.


Зборуваме за прилично прост конструктивен систем во примеров погоре, замисли колку покомплексен е еден станбен блок во НЛ исповрзан со големо подземје одоздола.

Значи не викам дека не треба да се дискутира за ова, ниту пак дека тврдењава од погоре не се точни. Интересно би било доколку се точни да дознаеме што поточно се случува и каде е направен превидот.

Сепак не гледам ништо спектакуларно во тоа дека наслебата се наоѓа на песочно тло или врз подземни води. Како што реков на планетава има такви грандиозни градежни примери градени во услови многу потешки од оние што ги нуди теренот во НЛ да тој дел од дискусијата би бил дури и безпредметен.


Edited by pbanks - 04-Oct-2009 at 17:16
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Oct-2009 at 17:13

панкс зградите се помасивни и бараат појаки темели и појака статика особено ако земјиштето е мочурливо, што незначи дека на такво тло не се гради или пак утре не можат да се јават проблеми, ваквите ситуации лесно се решаваат, проблем е искривување како кај кулата во пиза, е веќе тоа е беља но она што последно чув дека и тоа веќе не е фрка едноставно од кај не искривениот дел извлекуваат внатрешно земја и кулата се стабилизира, но ваквите тонења во НЛ евентуално би можеле утре да предизвикаат нарушување на степенот на асеизмичност на овие згради, кои во нормални услови не би имале никаква фрка статички... единствено што треба да сторат засегнатите е да ги викнат изиис за ревизија на ситуацијата и изработување на проект за санација доколку е потребно

Originally posted by lslcrew

А добро еве и да има води! И во НЛ и во ННЛ. Не ли може да се направи некој дренажен систем ниц цело маало, па после и така е вардар во близина и да се испушта водата во вардар. Не мислам на сиистем како за стадион, таман работа, за нешто како автосферска канализација но на малку подлабоко и во близина на критичните локации.

доколку ја истерале идејата за кајак канал на детската улица, можеби проблемот со подземните води ефикасно и долгорочно ќе бил решен, но мислам нема никаква фрка околу овие тонења истите се минорни и кај помал број објекти а може да се осигураат додатно во темелите, пак да се разбереме тука не станува збор за огромни тонења, но с тои она што велиш дека како чаре треба и може да се преземат некои мерки како би се дренирало накнадно тлото доколку се утврди поголемо количество подземни води, ако ништо друго ова треба да се има во предвид доколку се оди на качување на нивото на вардар што го истакнува како куриозитет на Стефче еден од неговите противкандидати на локалните избори, првиов линк

Originally posted by Max

2. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=562&PID=34129#34129

1. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=209&PID=34068#34068

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Oct-2009 at 17:34
Јас прашањево го поставив воден од една слична ситуација кај мене во близина што ја имаше. Во близина на фабриката за цемент Усје има едно маало со куќи. И тука жителите имаа долгогодишен проблем со едно мочуриште. Потрупувано, па каналчиња, свашта, па и подругми ваљда им се полнеле и знам дека сега прен некое време скоро е решен проблемот од кога е изградена атмосферската канализација што ја пуштаа прошлата недела. А за водата се сборешен дека порано имало некое мочуриште, па нешто наводно имало некои езера кај Усје порано (не овие сега што се) и слични муабети. Така да сигурно постои начин и за НЛ да се реши проблемот.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Oct-2009 at 18:49
и кај усје сигурно има нешто чим се прават големи вирови, имам заглавено еднаш таму, се излажав личеше ко да е мал вир но излезе пола метар вода, па тоа калои од земјениот пат, среќа истапкана земјата инаку заглавив во тиња, што пак ми се има случено во горно лисиче по земјениот пат кон драчево, ееј со трактор ме вадеа од тоа нивите, какви патешествија  LOL 

инаку во НЛ е мислам поозбилно, особено што порано кај трафостаницата било вадено песок за автопатот, но и за западната магистрала, но и за самите згради во НЛ од таму е црпено песок, а и бетонската база на маврово спроти аеродром била позајмиште за песок... гранит имал обврска да ја затрпа дупката што и скрпено го извел со ѓубре и градежен шут, но само замачкале очи, таму сеуште има голема дупка кај трафостаницата, кај што е предвиден сега фудбалскиот тренинг центар.

мене ме интересира дали воопшто има некој современ хидролошки елаборат за подземни води во скопје!? за вакво нешто немам чуено, туку и да го има сигурно нема да го направат јавен, имајќи предвид какви паничари сме како јавност!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Oct-2009 at 19:07
Градечниот шут не само што не е лошо решение, туку е може би и најдоброто решение за атрупување вакви мочуришта. Се работи за барут сува материја што може доста да упие, а и после тоа нема голем период на стабилизација што апсолутно го прави погоден и да се гради врз него.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Oct-2009 at 19:20
не реков дека не е, градежниот шут е идеално решение, но гранитовци го искористија само за да го закопаат ѓубрето со кое претходно колку толку ја пополнија дупка... а за градење врз него тоа незнам, можеби е можно но мора претходно да се осигура изведувачот дека геомеханиката на тлото е ок, да биде добро истампониран ваквиот слој
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Oct-2009 at 19:45
Дека има подземни води има да ја напоиш цела Африка. Не знам дали сте биле порано уште пред да се направи игралиштето кај сивите кули??? Тука порано беше мочуриште и тоа големо. Ај ќе ставам слика на фото букет кје ви покажам. А зошо толку мочуришта има се должи на фактот што порнао овој дел се користел за ископување песок у време на ЈНА. И не сум Душан, Душко сум
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Oct-2009 at 19:50
http://s822.photobucket.com/albums/zz145/Dule_04/?action=tageditmany
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Oct-2009 at 19:50
http://s822.photobucket.com/albums/zz145/Dule_04/?action=edit&current=n1364110756_107919_4065.jpg
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.