Доградба и надградба на зграда |
Post Reply | Page <123> |
Author | |
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #21 Posted: 22-Feb-2010 at 11:53 |
За жал имаш погрешен пример за нешто добро направено! Зградата е поранешна „железничка колонија“ која на сите четири агли ги има овија станови (поткровја сигурно не се) Еве ти ја истата зграда од 10-2009 год |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
milana
Newbiе Joined: 29-Mar-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #22 Posted: 29-Mar-2010 at 14:06 |
Здраво на сите,
Дали може некој со сигурност да ми одговори како е според последниот закон за градење, колку станари од една зграда ( во проценти) се доволни за да се изврши надградба, и во колку може изградба со согласност на само еден дел од станарите, тогаш дали останатите станари кои што не дале согласност имаат право законски да застанат на патот и да не дозволат продолжување на градбата. Благодарм однапред |
|
Baze
Senior Member Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
Quote Reply #23 Posted: 29-Mar-2010 at 15:39 |
Па зависи дали зградата има повеке влезови, ако има повеке влеза треба да се провери дали секој влез е на посебна маркица или цела зграда е на една маркица, ако секој влез е на посебна маркица тогаш секој влез може да си гради оделно без да чека дозвола од друг влез, но тогаш градбата ја губи естетиката па дури и нејзината статика. Ако секој влез е посебна градежна парцела тогаш ке треба 50% плус еден стан за потпис за изградба (согласност), или ако е на цела зграда тогаш ке треба 50% од сите станови плус еден стан. Ако прашањето е колку може да се изгради на зградата ке треба да го погледнете деталниот урбанистички план за вашиот дел кај што е зградата и да пороверите колава е дозволена висина до венец и доградување на зградта значи дали за зградата е дозволена доградба и надградба. Ако се соберат доволно потпис значи 50% плус еден стан останатите станари кој не се согласуваат со изградбата може да интервенираат во општина па дури и на суд, но праксата покажала дека тие приговори не се прифакаат значи единствениот изговор ке биде неможе еден или повеке станари да го кочат квалитетниот начин на живот на поголемоит број согласени станари, така да тоа ке падне во вода, пресудно е мнозинството.
Значи треба согласност од 50% плус еден стан.
Неможат да ги попречат работите за понатамошна градба, единствено откако ке се најде инвеститор инвеститорот да не им гради на нив, зависи каква спогодба ке се постигне например ако му дозволите на инвеститорот горе над зградта да направи кат и поткровје се разбира според дуп-от и во негова сопственост да се становите, он за сметка на тоа може да ви изгради балкони по цела должина на зградта и да се добие поголема квадратура се разбира бесплатно но загрозувајки ја естетиката и статиката. на зградта Edited by Baze - 29-Mar-2010 at 15:44 |
|
Baze
Senior Member Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
Quote Reply #24 Posted: 15-Aug-2010 at 17:14 |
Здраво. Ме интересира дали некој имал искуство и како го средил следниов "мал" проблем. Накратко...Зградата во кој што живеам јас и сум дел од претседателството на куќниот совет, преку дуп за моето маало на мојата зграда дозволено е да се изврши доградба и наградба и тоа доградба од 3 метри по должина на зградата значи проширување на балконите и искрено кажано адаптирање на станбен простор со оставање на балкони по вертикали се разбира, и надградба од кат и поткровје со тоа што моментално зградата е пр+4+потк. а ке биде пр+6+потк и висина до венец од 22 метри. После ова следуваа неколку тендери за барање на изведувач кој со прифаќање на одредени услови ќе изврши доградба и наградба на зградата без притоа станарот да не плати ништо а он ги добива во владение двата ката кој ќе ги изгради. За да не бидам осудуван зошто се прави сево ова еве ги и условите кој се побараа а воедно и се прифатија: Плаќање на сите давачки кон државата, данок на земјиште и откупот, ставање на лифтови, против пожарна мрежа, реновирање на влезовите, доградба од 3 метри по должина на становите, изработка на Фасада која ке е одбрена од к.совет и станари, новата наградба да е 1 метар оделена од постоечката зграда и притоа никако да не се врзе со зградата ( во разговрои со архитекти и статичари рекоа дека тоа е изводливо со пуштање на столбови од страните и нивно премостување и окрутување но не со постоечката градба, за плочата од надградбата да не лежи на зградата ) статички проект одобрен од изис и уште некој помали работи, електрика водовод и канлизација, топлински подстаници и сл. Мината година успеавме да најдеме изведувач кој се согласува со нашите барања и притоа беше подготвен да инвестира. Но единствениот проблем на кој закочи целата работа е следне: На маркицата од дупот за зградава се бара паркинг со број на места 39, сметано по принципот стан - паркинг место 1:1 на сопствена парцела, но на сопствената парцела нема место за изградба на толку паркинг места не е толку голема, а освен тоа они бараат и паркинг места и за веќе изградениот дел а не само за надградбата каде што е логично да се бара само за тоа, затоа што во законот се вели за нова градба да се обезбеди паркинг место, во нашиов случај нова градба се само тие два ката а за нив ќе може да се направи паркинг за 8 автомобили. Инаку ние имаме паркинг за нашата зграда која бил направен уште кога се направила зградата. Во разговори со луѓе од општината главниот на урбанизам вели дека нема потреба да се обезбеди паркинг за цела зграда (стариот и новиот дел) него само за доградбата т.с 8 места, додека неговата заменичка тврди дека треба да се обезбеди за цела зграда т.с 39, не сме против паркинг но изгледа некој незнае да го толкува законот зошто да правиме паркин кога веке го имаме, треба да направиме само за догрдбата на сопствена парцела а не уште еден пракинг на сопствена парцела, или ке треба да го откупиме и тој паркинг кој е пред зградата а е на општината и го направила уште во 60-те.
Законот е јасен и концизен кога е во прашање нова градба и услови за добивање на дозвола за градба, но не пишува ништо за надгрдбите. Дали некој знае како е во пракса ова изведено или да познава некој дел од закон каде што се и надградбите. Сево ова со доградбата и надградбата го правиме за да се подобри квалитетот на животот во зградата а не да го расипеме нејзиниот изглед, придобивки, ќе нема кров што тече, ке има лифтови за да можат да се движат стрите лица до горе, инсталацијате е стара па ке се избегне ризик од пожари (инаку едниот влез веке се запали од инсталцијата во влезот кај електричните табли од осигурачите) на кровот има азбестни плочи, нема ни противпожарна инсталција. Нескаме да се расипе изгледот на зградта туку да се подобри. И во тоа е проблемот општинта и незнаењето од толкување на законот. Секое мислење е добродојдено ако има нешто дополнително пишете ми приватно писмо и ке се слушнеме. Па повелете со вашите постови.
|
|
filipstef
Newbiе Joined: 24-Mar-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #25 Posted: 24-Mar-2014 at 17:32 |
Здраво живо на сите,
Нов член на форумот но само во форма на регистриран член, досега многу пати се имам навраќано и имам читано доста корисни и интересни теми. Моето конкретно прашање се однесува на доградба на стан лоциран на ул. Партизански одреди, зборувам за зграда од оние стари (градени 1970) 5-то катници што се простираат низ Партизанска (од Лептокарија до мостот горе). Станот е на 5-ти спрат, и би сакал да направам доградба, односно станот да го направам дуплекс и да извадам уште 2-3 соби горе. Реално има плоча пред покривот, и знам за тоа дека ми треба 50% + 1 стан согласност за ваков зафат, но она што ме интересира е од кај да почнам? Немам никакво градежно искуство, во сосема друга индустрија сум, па затоа би прашал какви цртежи и планови ми се потребни за да може некој да ми каже што реално е можно да се направи? Најмалку би сакал да се наруши статиката или сигурноста на зградата или сл. па би сакал да ми посочите (ако некој има знаење) од кого и каква информација да барам? Вака од око гледано, гледам дека веќе некои становви во другите такви згради имаат направено нешто бидејќи нивните станови и кровив делуваат повисоко, но немам конкретна информација. Ако има луѓе што помагаат, би бил благодарен за било какви информации. поздрав, Филип |
|
Baze
Senior Member Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
Quote Reply #26 Posted: 25-Mar-2014 at 13:24 |
Ах, заради таа лична мегаломанија изгледот на зградите во Скопје е искасапен.
|
|
stratus
Senior Member Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 754 |
Quote Reply #27 Posted: 25-Mar-2014 at 19:20 |
потполно се согласувам
|
|
filipstef2
Newbiе Joined: 26-Mar-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #28 Posted: 26-Mar-2014 at 15:31 |
@Baze, @stratus
Муабетов ви е да му умре козата на комшијата. Сосема разбирливо е градот да се развива и да расте, да се менуваат потребите за живеење. Доколку постои соодветно зацртана стратегија, план за како треба да се извршат доградби изгледот на зградите може да се разубави, а не уништи. Немате никакви информации што точно ќе се прави а судите, глупо е тоа. Ако ништо друго прво прашајте, што како, па по деталите судете. Секој има право на свое мислење, ама необјективни, неиздржани коментари како вашите не помагаат на никој. Ако имате информација за што точно се прашува, одговорете и помогнете, ако не не пуните тема со глупости и не терајте оф-топик постови. п.с. Од некоја причина неможат да се логирам на првиот user што го креирав - filipstef - па затоа морав да отворам нов. Им се извинувам на администраторите за создавање дупло корисничко име, ама немав друго чаре, слободно направите merge или избришете го првиот. |
|
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2648 |
Quote Reply #29 Posted: 26-Mar-2014 at 18:57 |
Ако имаш дозвола за градба и ако тоа е легално во смисла на катастар, т.е. надградбата да не ти е дивоградба, терај слободно, без разлика дали тоа му се допаѓало некому или не.
|
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2599 |
Quote Reply #30 Posted: 27-Mar-2014 at 00:40 |
А што па само нагоре, земи и напред и назад уше 4-5 соби, ич да не ти е гајле.
|
|
Baze
Senior Member Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
Quote Reply #31 Posted: 27-Mar-2014 at 22:55 |
Добро ај вака да му објасниме на човеков да не лута на страна...
Е сега вака... Ако креваш горе уште две соби над постоечкиот кров истите направи ги со лесна металана конструкција користејки ја како плоча и греди за новиот кров, бетонски столбови и нова плоча само ќе натежне над зградата... ако зградата е пред 65 години не прабувај да градиш оти системот на градба бил поразличен и таа конструкција и темели теско дека ке издрси товар од усте еден спрат... е сега проблем е кога ти ќе кренеш нагоре ќе те види и комшијата па и тој ке посака да крене и така цел кров ке го отстраните и ке добиете уште еден спрат од дополнителна тежина, ако се сложат сите да градат горе еден спрат тоа најдобро ќе биде ако го направите со нови носечки столбови покрај фасадата и на тие нови столбови да се постави плоча која ке го носи новиот спрат и истата да не е врзана за постоечката конструкција на зградата... ако правис само ти нема да има дополнителна тезина, зависи кој начин ќе го избреш и дали кровот е рамен т.с. по вадење на салонитните табли дали има плоча на која што ке поставиш само ѕидови и кров со дрвена конструкција. Види во општината во дупот за твојата зграда дали има маркичка за кревање на уште едн спрат т.с. дали планерите и имаат доделено нова висина на венец... ако нема општинарите ќе го сметаат како дивоградба и ке те урне ако те пријави некој комсија од инает... Треба согласност од влезот или зградата 51% зависи од моделот на уредувањето (дали секој влез е на разлицна маркица или на една) и според законот бидејки кровот е заедничка површина т.с. сите станари поседубааат од него една идеална половина што ги прави сопственци исите ке треба да подмачкаш нешто во влезот плочки нова инсталација или врата влезна за да ти потпишат дека се откажуваат од иделаната сопственост од таа површина најлошо ќе биде ако ти бараат пари за откуп затоа што секој станар кој ке понуди подобри подароци ќе може да го добие и да гради... прашање !!!!!!!!!! |
|
stefan_skopje
Newbiе Joined: 27-Jul-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #32 Posted: 27-Jul-2015 at 17:16 |
Вака изгледа мојот проблем.
Моите соседи сакаат да направат доградба на тераса и една соба. Се работи за руска зграда во Карпош и сите останати редови и руски згради во околината ваква надградба имаат веќе направено. Е сега, сите кои досега направија ваков тип на доградба тоа го сторија без дозвола за градба и дополнително само ги легализираа градбите. Од општина ги информирале дека добивањето на одобрение за градба за ваква доградба е комплицирано, но изводливо технички а временски и финансиски не е изводливо баш. Моментално Законот за легализација на дивоградби имаше важност до јуни 2015 година, но голема е шансата дека ќе се продолжи овој рок. Сега најдоа фирма и сакаат доградбата да ја направат на диво па после тоа да се легализира. Дали некој од форумов има искуство со вакви доградби во Карпош, градежни инспекции и се што би било релевантно за моето прашање? Ви Благодарам. |
|
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3612 |
Quote Reply #33 Posted: 30-Jul-2015 at 22:18 |
се што ќе биде кренато после донесувањето на законот нема да може да се легализира, но законски нема никаква забрана за доградба на старите згради, треба само да се испочитуваат условите и ето доградба |
|
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3612 |
Quote Reply #34 Posted: 13-Aug-2015 at 18:12 |
еве норми за ориентација колку и како може да се надградат и прошират старите згради, нормално кои инвеститорите гледаат максимално да ги искористат, се прашувам дали и ниските згради во нас.Аеродром и нас.НЛ ќе дочекаат градежен апдејт освен досегашните плагини на поткровјата
Edited by Max - 13-Aug-2015 at 18:13 |
|
stefan_skopje
Newbiе Joined: 27-Jul-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #35 Posted: 16-Mar-2016 at 20:39 |
Пријатели една молба до вас. Би ве замолил доколку имате да ми предложите некоја градежна фирма која би работела во Скопје на доградба на тераси на 4катна зграда, (се работи за доградби на сите 4 ката во еден ред, вертикала). Се работи за доградба со уредна документација, со добиено одобрение за градба. Дел од фирмите не се нафаќаат за вакви помали изведби па затоа ми треба совет од некој поискусен кај да се обратам. Можете и да ми пишете во порака, да не испадне фаворизирање на некои компании. Ви благодарам
|
|
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #36 Posted: 16-Mar-2016 at 21:23 |
За таква надградба најдобро е да се распрашаш во населбите каде што се вршени таквите надградби, како што се руските згради во Кисела Вода, Автокоманда, Карпош и Тафталиџе, врз кои се вршени такви надградби. |
|
stefan_skopje
Newbiе Joined: 27-Jul-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #37 Posted: 30-Mar-2016 at 16:57 |
Обично тие што изведуваа доградби низ населба беа нерегистрирани фирми па тука е проблемот
|
|
ivica.m
Newbiе Joined: 13-Apr-2020 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #38 Posted: 13-Apr-2020 at 11:11 |
Здраво на сите, нов сум на сајтов и можам да кажам одличен сајт и од помош, сакам да прашам ако дозволите:
- се работи за зграда од 62 годиште на ул.Петар Делјан 11, Кисела Вода, близу до општината, има два влеза, во едниот влез е извршена доградба накај улицата за некаде од 2м, сега сакаме да извршиме доградба и нашиот влез, прашањето ми е кои документи ми се потребни да отпочнам со процедурата, дали треба согласност од сите станари, бидејќи некои не се заинтересиран или 51 % од станарите, уште кои други документи ми требаат освен согласноста од станарите (прашувам бидејќи комшијата од другиот влез што работел на тоа не е распложен за помош)? Однапред ви благодарам на секој што ке ми биде од помош! Edited by ivica.m - 13-Apr-2020 at 11:13 |
|
ivica
|
|
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #39 Posted: 22-Apr-2020 at 20:28 |
за да ги проширите тераси треба чинам цела вертикала да е согласна, 51% е за надградба на мансарда, конечно прашај во општина зошто пошто-пото си менуваат локални регулативи надлежните ... исто некаде прерипуваат надворешно станои со столбои има примери и до/близу Центар каде сепак комшијата на тоа се согласил а несакал да учествува или неможел кога на другите им се сонило ... мое мислење е ова да си го искористите исто за вметнување и Пожарникарски Скали покрај терасите за тоа чинам нема да имате големи главоболки а Ужасно се исплати наместо внатре во влез за Не Дај Боже да си се евакуирате одма од спунт, уште в среде ако се кружни скалите да стаите една Шипка и ич нема да згрешите ... претходно убо разгледај ја нишката за Сеизмологија т.е. подвлеченото во линков и не штедете на материјал за темелење или армирање угоре, а доколку може да си дозволите стаете си и изолација на новата фасада, чунки на тоа и сте обврзани сега со Законо За Енергетска Ефекасност ... интересно е дека и ситна марка-бетон (или лоша изведба) утре може да предизвика напукнување и да си чукате глаи како тоа да го санирате, затоа уште еднаш не штедете, сепак живеете и во заеднички колективен Дом т.н. Зграда ... |
|
vlad
Newbiе Joined: 09-Sep-2019 Online Status: Offline Posts: 2 |
Quote Reply #40 Posted: 07-Jul-2020 at 12:55 |
Дали некој има точни информации за тоа што се е потребно и која е процедурата за да се добие дозвола за изведба на доградба односно проширување на балкон во станбена зграда. Пребарував и никаде не можев да најдам јасно дефинирана процедура за отпочнување на оваа постапка. Ми требаат информации од типот на:
- Краток опис на целосната процедура - Kои документи и барања треба да се поднесат во општина Аеордром - Дали само станарите од мојата вертикала треба да се согласни за проширувањето на балконите или 51% од сите станари - Дали потписите од станарите кои што се согласуваат треба да бидат заверени на нотар |
|
Post Reply | Page <123> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |