build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 154155156157158 324>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #3101 Posted: 02-Feb-2013 at 18:58
Originally posted by fichot



За вториот. Налепување на (квази)неокласични фасади врз постоечки модерни објекти од нашето блиско минато е за тебе почит кон историјата? Тоа е бришење на историјата.



Ми наметнуваш ставови кои воопшто не сум ги рекол.

Под оддавање почит кон минатото и историјата мислев на спомениците и музеите, а не на фасади. Еднинствено што реков околу фасадите е дека ми се допаѓа како изгледа реконструирана зградата на Пелистер и цела таа линија по должина што е сеуште во реконструкција. Особено навечер. Неспоредливо со претходниот изглед. А за неа не ни мислам дека има којзнае какво историско значење. Нејзиниот изглед можеби да беше и солиден но за некое друго место, не за на самиот плоштад.



Edited by HugoGoulding - 02-Feb-2013 at 19:03
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #3102 Posted: 02-Feb-2013 at 20:08

Еден, ама ЕДЕН збор не е промашен во текстот на Србинот. Вистината ја опишал баш каква што е, но вие како осетлива дебељуца сте “увреѓени“ и живеете во убедување дека ви завидуваат на витката става. Неќете да видите дека тој воопшто не е злонамерен туку СК2014 едноставно тера на смеење-плачење-неверица и  “трансфер блама“. Ако читате внимателно би приметиле дека на места ја исмејува и својата држава и народ. 

Прво Бугарите не чинеа, криво им било, сега и Србиве почнаа да не чинат, веројатно треба да дојде некој од Уганда да ни се смее за да се прашате што е работава. 

"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3103 Posted: 02-Feb-2013 at 20:13

Па ни во однос на спомениците не постои никаква оправданост за манијата која го зафати Скопје и на овој план.

Од неколку причини:

1. Преголема густина

2. Застрашувачки цени

3. Работени ко од калап, особено постментите, и лоша естетика

4. Нешто што се надоврзува на 3-то... Никаква поврзаност со одрени настани, случувања во тековите на времето, односно многу кратка временска рамка на нивно поставување, односно многу кратки интервали помеѓу поставување, а притоа без некаква особеност околу нивното поставување.... Едноставно, просто... Поставени при неприроден тек на настаните... да не речам... насадени... паднати од небо... никнати од земја... Сим‘с.... И поради тоа.... тие повеќе претставуваат декорации, обични предмети за исполнување и ‘‘разубавување‘‘ на просторот, отколку било какво реално и искрено оддавање почит и спомен на одредени личности од историјата...

без да навлегувам во политичките и историските, па дури и психолошки особености поврзани околу некои споменици...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3104 Posted: 02-Feb-2013 at 20:21

@fossil се согласувам со спомениците дури имав и намера да отворам тема за тоа како според нас би требале да бидат лоцирани веќе изградените споменици. Во моментов не сум во можност да направам една графичка анализа но еве ако има интерес може да се отвори и таква тема, бидејќи факт е дека спомениците не само што се збиени, се гушат еден со друг , намалувајќи си го меѓусебно значението, туку не се ни тематски поставени а често се несоодветни со просторот и буквално личат на паднати од небо. 


Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #3105 Posted: 02-Feb-2013 at 20:29
@ kenzo_fan
 
секој што постојано коментира по темава чинам сакал ил нејќел бива здраво искомплексиран,24/7 ова чинело ова нечинело итн. цело време меѓусебни бљувотини,аман те бре луѓе има ли крај ова паѓање во трансоини,кому не му чини аирлија кому му чини уште повеќе!
 
секој има критериум но факт е дека и секое чудо три дена,а потоа откако ќе пројде некое време пополека и работите ќе слегнат,нормално е дека тендерски не ни може подобро да се очекува дека може да помине една ваква возобнова на градското јадро!
 
патем текстот и навистина си е на место односно токму укажува претопот од нбрм кон центар и на недокваканоста на спомениците додека за зградите вели ето би ги сварил доколку и кејот е среден т.е. здравје кога ќе биде готов проектот,додадени се палми,сопствено толкување историја и јасно балкански сеир и ето га вистината е дека за смешно малку пари цела метропола е преуредена,инаку за спомениците се криви самите уметници кои колку што се сеќавам изјавуваа дека испод чест им е да се јавуваат на тендер бреј егото ќе им го накршеа ако случајно не ги избереа,па затоа и пројде на мала врата цела оваа штампарија но ко што реков што незначи дека утре не би можело истата да се корегира!
 
 


Edited by +Protagorist - 02-Feb-2013 at 20:31
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #3106 Posted: 02-Feb-2013 at 20:52
Tekstot na "gorniot komsija" e gore-dolu na mesto. Se gleda deka covekot ne e nekoj nepismen kopuk, ami dosta inventiven, obrazovan a boga mi i duhovit.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3107 Posted: 02-Feb-2013 at 20:53
Originally posted by Мартин

Originally posted by kultuzin


Добар или лош Скопје 2014 го ивади градот од анонимност на Балканот а и пошироко. Толкаво внимание Скопје немало да се соберат сите години од послеземјотресно Скопје, нема толку фотографии, видеа, дискусии и медиумска застапеност.

П.С. Само на овој форум секој втор пост е поврзан со Скопје 2014. 


Се е тоа ОК, но кога на кантар ќе ги ставиш од една страна зголеменото внимание кое го добива Скопје и на друга газењето преку буквално секакви урбанистички, процедурални, градежни и да не набројувам уште какви се норми, па и не сум баш сигурен дека зголемената посетеност и внимание треба да биде нешто на кое ќе гледаме позитивно. Баш напротив, цената која Скопје ќе ја плати поради овој проект е многу голема и последиците ќе се чуствуваат уште многу години во иднина. Инаку, нормално дека еден толкав проект ќе привлече толкаво внимание, кога веќе од корен го менуваш изгледот на централното градско подрачје, но тоа ништо не кажува за квалитетот на истиот.
можеби единствениот квалитетен коментар во целава оваа мешаница од културно-историски филозофии Applause
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #3108 Posted: 02-Feb-2013 at 20:59
Originally posted by +Protagorist

@ kenzo_fan
 
секој што постојано коментира по темава чинам сакал ил нејќел бива здраво искомплексиран,24/7 ова чинело ова нечинело итн. цело време меѓусебни бљувотини,аман те бре луѓе има ли крај ова паѓање во трансоини,кому не му чини аирлија кому му чини уште повеќе! 

Текстот на патеписецот е веројатно чудо за три дена, ама НИЕ ќе се давиме далеку подолго во бљувотината СК2014.

Кога сме кај комплекси, еве ги овде опишани чии се, од каде произлегуваат и  до каде не донесоа: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6271AF0FEFD60644ABC182DE5A4168AE


"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #3109 Posted: 02-Feb-2013 at 21:33
 
факт е дека така се размислувало и за брутализмот кога го истовариле па ето сега скопјани се навикнаа на него,проблемот е што во моментов како држава економски не сме кадарни за подобро а оваа шминка колку и да нечини посекако е подобра него студениот и сив формализам кој преовладуваше последниве две три децении,а кој ето почна да се кити уште пред две децении со троа покубистички торти од типот на еуросандард,телеком,јукан а ко цреша на тоа заврши стара-нбм
 
така ако споредуваш центарот на скопје има неколку слоја а меѓу кои ето се пробива и овој нео-институционалниов,кој иако е претоарени тендерски посекако го дефукусира народ од други споредни појави како отанизирани куршлузи и сл. а кои во случај на вакум по медиумите и те како квалитетно се рециклираат што пак долгорочно ни 3 милијарди евра не го оправаат,вака доколку истрае власта со проектов посекако ќе спакува туристички бренд а што ќе привлече вака или онака доста туризам во скопје,односно ќе почне да се амортизира цела апатија која ни се сервира од медиумите заради брзото непенетрирање во еу!
 
проблемот кај масите е што строго површно им приоѓаат на појавите кои ги опкружуваат,што е во ред,но на основа на тоа да се промовира омраза е веќе тоа не ја бива,ок е сеир и спорење ставои но спуштање капаци и омаловажување тоа не ја бива,бар поартикулирано ако ништо друго,да не морализирам престанете да анализирате ко мали деца!
 
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3110 Posted: 02-Feb-2013 at 21:42
брзањето за остварување на овој проект се базира највероватно од фактот што нарачателите на овој проект ја имаат власта и во владата ,и во парламентот и во општината Центар,што искрено тешко дека некогаш ќе се понови за било која власт
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3111 Posted: 02-Feb-2013 at 22:23
Originally posted by HugoGoulding

Originally posted by fichot



За вториот. Налепување на (квази)неокласични фасади врз постоечки модерни објекти од нашето блиско минато е за тебе почит кон историјата? Тоа е бришење на историјата.



Ми наметнуваш ставови кои воопшто не сум ги рекол.

Под оддавање почит кон минатото и историјата мислев на спомениците и музеите, а не на фасади. Еднинствено што реков околу фасадите е дека ми се допаѓа како изгледа реконструирана зградата на Пелистер и цела таа линија по должина што е сеуште во реконструкција. Особено навечер. Неспоредливо со претходниот изглед. А за неа не ни мислам дека има којзнае какво историско значење. Нејзиниот изглед можеби да беше и солиден но за некое друго место, не за на самиот плоштад.


Извини, но тука е темата за проектот како целина, а особено претходните 1-2 страни муабетот беше баш околу фасадите. И нормално, да, нова кола од салон подобро ќе изгледа од некоја од отпад.
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #3112 Posted: 02-Feb-2013 at 23:41

Originally posted by +Protagorist

факт е дека така се размислувало и за брутализмот кога го истовариле па ето сега скопјани се навикнаа на него

По не знам кој пат да повториме:

Брутализмот е современ правец во времето кога се градел во Скопје. Барок (неокласицизам, историцизам или која било друга колоквијална варијација со која се опишува СК2014) не е современ правец во денешно време.

Брутализмот во Скопје е реализиран после меѓународен конкурс, распишан заради штета причинета од елементарна непогода, не затоа што некому не му се свиѓало како изгледа па решил да го разубави по свое, како што се прави денес. Исто така постоела објективна итност да на огромен број раселени луѓе им се врати изгубениот град. Денешната итност произлегува од што? Резултатите на таа постземјотресна обнова не чинат поради недоследната реализација, за која не ни е крив ни Танге, ни брутализмот како стил туку нашиот примитивен плукни-залепи менталитет, кој од тогаш до денес како да се уназадил уште толку наместпо да еволуира, за што доказ е СК2014 и сите урбанистички промашувања вон овој проект на кои секојдневно сведочиме.


Originally posted by +Protagorist

проблемот е што во моментов како држава економски не сме кадарни за подобро

Молам? Тебе ти се чини  потрошеното  малку, она, САМО ТОЛКУ можеме? 

Originally posted by +Protagorist

а оваа шминка колку и да нечини посекако е подобра него студениот и сив формализам кој преовладуваше последниве две три децении,а кој ето почна да се кити уште пред две децении со троа покубистички торти од типот на еуросандард,телеком,јукан а ко цреша на тоа заврши стара-нбм

 Свесен ли си ти со тие пари какво можеше да се направи Скопје?  Тука да те потсетам на реакциите/ужасот кој го предизвика хотел Амбасадор пред 20 години со Статуата на Слободата на кров. Како приватен објект никој не можеше да му ја забрани, но реакциите беа до една негативни, дека тоа е врв на кичот, сите се фаќавме за глава, гарантирам вклучително и идните поддржувачи на СК2014. Кој се надеваше дека цело Скопје ќе стане такво.

 
Originally posted by +Protagorist

доколку истрае власта со проектов посекако ќе спакува туристички бренд а што ќе привлече вака или онака доста туризам во скопје,односно ќе почне да се амортизира цела апатија која ни се сервира од медиумите заради брзото непенетрирање во еу!
 
Треба туризам? Пошто не прашуваме за цена кога го правиме Скопје туристичка атракција, а немаме ни морални скрупули при тоа, еве еден предлог: нека се легализира марихуана и отвори ред лајт дистрикт, па ќе дојдат сто пати повеќе туристи него овие што доаѓаат да ни се смеат, во чии очи сме отприлика вакви:
 

 
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #3113 Posted: 03-Feb-2013 at 00:03

Да, само разликата е во тоа што оваа книга што се отвара ја знаат само Туркменистанците таму какво значење има и што е. Александар го знаат и марсовците на Марс, а по некоја "случајност" ние сме единствени кои после 2500 години го носиме името на таа древна цивилизација.

За жал вакви импотентени примери и споредби не се нешто неочекувано од страна на некои... луѓе.

Edited by HugoGoulding - 03-Feb-2013 at 00:10
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #3114 Posted: 03-Feb-2013 at 00:22


Hugo, zalam no ne sme edinstveni koi go nosime imeto na taa drevna civilizacija. Patem receno ovaa tema treba da ja ostavime na naukata a ne na ura da kreirame nesto novo koe ke vazi samo vo nasite granici!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3115 Posted: 03-Feb-2013 at 00:34

ех... да беше само Александар...

Зборуваме за +30 споменици и споменични целини луѓе... на површина od 0.5 km² (Мал Ринг)... или споредбено... површина (малку) помала од населбата Јане Сандански во Аеродром... 

настрана спомениците кои не се наоѓаат во Мал Ринг...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #3116 Posted: 03-Feb-2013 at 00:47
Originally posted by Denko



Hugo, zalam no ne sme edinstveni koi go nosime imeto na taa drevna civilizacija. Patem receno ovaa tema treba da ja ostavime na naukata a ne na ura da kreirame nesto novo koe ke vazi samo vo nasite granici!


Која друга држава се вика Македонија и кој друг народ себе си се нарекува Македонци, извини? Страшно.

Да не навлагме во други теми, те молам. Преиспитај се убаво пред да пишуваш вакви срамни коментари.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #3117 Posted: 03-Feb-2013 at 00:57
Аз бех в Скопие за последно през месец май ,миналата година.Тогава не бех много возхитен от обектите на Скопие 2014 , сега съм още по-малко возхитен.
Кога ги гледам тия колони , арки , тиа куполи , огради и мрамори се сещам дека истото се гради и у България. Това са къщите и градбите на криминалците , циганските барони и мутрите в Бг. и на таа архитектура си вика ,, мутробарок,,.
Но докато во България таа кичерия и липса на вкус е приватно дело , во Македония е държавна политика.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #3118 Posted: 03-Feb-2013 at 01:00
Originally posted by HugoGoulding

Originally posted by Denko



Hugo, zalam no ne sme edinstveni koi go nosime imeto na taa drevna civilizacija. Patem receno ovaa tema treba da ja ostavime na naukata a ne na ura da kreirame nesto novo koe ke vazi samo vo nasite granici!


Која друга држава се вика Македонија и кој друг народ себе си се нарекува Македонци, извини? Страшно.

Да не навлагме во други теми, те молам. Преиспитај се убаво пред да пишуваш вакви срамни коментари.
Hugo, ako ne ti e poznata taa tema ne ni trebase da ja nacnuvas.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3119 Posted: 03-Feb-2013 at 01:02

@Hugo

Се викаме Македонци (и државата Р. Македонија) затоа што живееме на територија на регионот Македонија, кој за жал денес е нецелосен. 

Но тоа не значи дека сме директно и екслузивно поврзани со Александар или тогашните Македонци... 




Edited by FoSsiL - 03-Feb-2013 at 01:02
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3120 Posted: 03-Feb-2013 at 01:04
Originally posted by Cloverstack

Луѓе баталете историја и геополитика, сериозно.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 154155156157158 324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.733 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.