build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 236237238239240 325>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4741 Posted: 30-Sep-2014 at 17:23
Мислам дека непотребно се препукувате во име на членови. Дискусијата преминува во оффтопик.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4665
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4742 Posted: 30-Sep-2014 at 17:28
Не е мое да ја објаснувам „демократијата“ на форумот, но имам претстава како ја сфаќаме со оглед на тоа дека сум тука веќе 6 години. Кога слушаме жалопојки кои викаат „не ми дозволувате да се искажам“, мислам дека не треба да си правник за да знаеш дека петтиот амандман од американскиот устав не е напишан за нашиот форум. Ете во минатото истиот корисник ни се појавувал три пати (beTon, Мах, по најново +Protagorist), и после едно блокирање како beTon, сепак реши да си го промени стилот и да се врати, а сега тој е еден од најголемите доприносители на овој форум во многу интересни теми.

Наше беше само да го упатиме корисникот maks дека со таков стил на изразување, каде повеќе се прозиваат членови отколку да се искажуваат критички мислења, долго нема да опстои на форумот. За волја на вистината, после неколку апели, мислам дека малку се потсмена. Инаку сите можеме да напишеме пост од 400 збора, но работата е колку работи се кажани во него, а колку се само начкрапани без никаква суштина. Јас сакам да го читам maks, ама не ме интересира на кој му е поголем.

Поздрав.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4743 Posted: 30-Sep-2014 at 17:29
Originally posted by Z|evzek

Originally posted by гитардемон

Originally posted by Z|evzek

Не ве сфакам зошто му се ставате на членот ако има различно мислење од вас? И јас за многу нешта не се сложувам со maks, но не сметам дека на било кој начин го уништува форумот. Напротив тој воведе ново гледиште со кој ја збогати нашата дискусија ! Остајте го членот на раат ...


Многу напишано малку кажано не ми е баш поим за конструктивна дискусија. Воедно, по 100-ти пат, форумов не е „бастион на демократијата“. Си има правила, кој не ги почитува, нека си оди на Кајгана.
Чим според тебе на форумов нема место за демократија, тогаш важи само едно правило [кој нема мислење како твоето, му лета глава (block) ] ?! Барем јас не сум приметил maks да ги нарушува правилата на форумот. За навреди, пцовки и провокации не дискутираме, затоа што произлегубваат и од двете гледишта("страни'') па на никому ништо. Гледам дека сте му се ставиле за тркалото и бродовите. Ако на човек му се допаѓа новото министерство за финансии па и другите објекти од Скопје 2014, немора да значи дека подржува баш се од истиот!
другар, иди на нишкава, и слободно прочитај си ги правилата
во секоја демократска држава имаш и закони кои треба да се почитуваат... и тоа важи за сите, тоа што направиле пропуст за нечиј пост, не значи дека ти треба да направиш пуздер од форумов
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=179

меѓудругото, навистина ти е бесполезно да коментираш сега за демократија, кога на форумов е дозволено се... да те видам да коментираше глупости во првите две-три години од постоењето на форумов, ќе ти беа бришени инстантно постови уште пред некој друг член да реагира на нив


Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #4744 Posted: 30-Sep-2014 at 17:59
Originally posted by zabegan


Originally posted by Z|evzek

Originally posted by гитардемон

Originally posted by Z|evzek

Не ве сфакам зошто му се ставате на членот ако има различно мислење од вас? И јас за многу нешта не се сложувам со maks, но не сметам дека на било кој начин го уништува форумот. Напротив тој воведе ново гледиште со кој ја збогати нашата дискусија ! Остајте го членот на раат ...


Многу напишано малку кажано не ми е баш поим за конструктивна дискусија. Воедно, по 100-ти пат, форумов не е „бастион на демократијата“. Си има правила, кој не ги почитува, нека си оди на Кајгана.
Чим според тебе на форумов нема место за демократија, тогаш важи само едно правило [кој нема мислење како твоето, му лета глава (block) ] ?! Барем јас не сум приметил maks да ги нарушува правилата на форумот. За навреди, пцовки и провокации не дискутираме, затоа што произлегубваат и од двете гледишта("страни'') па на никому ништо. Гледам дека сте му се ставиле за тркалото и бродовите. Ако на човек му се допаѓа новото министерство за финансии па и другите објекти од Скопје 2014, немора да значи дека подржува баш се од истиот!
другар, иди на нишкава, и слободно прочитај си ги правилатаво секоја демократска држава имаш и закони кои треба да се почитуваат... и тоа важи за сите, тоа што направиле пропуст за нечиј пост, не значи дека ти треба да направиш пуздер од форумовhttp://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=179меѓудругото, навистина ти е бесполезно да коментираш сега за демократија, кога на форумов е дозволено се... да те видам да коментираше глупости во првите две-три години од постоењето на форумов, ќе ти беа бришени инстантно постови уште пред некој друг член да реагира на нив
Стварно не те сфакам зошто ми ги постира правилата, ама ок ... Нигде не спомнав за немање демократија на форумов, ама ок ... Браво за форумот во првите две-три години од постоење, од тогаш и го следам... А сега малце за maks ! Членот не пишува глупости, до некаде добро ги аргументира своите ставови, не напиња на секоја можна нишка и не пишува по 10 поста на ден. Самите членови го бараат неговото различно видување, па дури и потсеќа на тебе zabegan само нели од обратната страна ... Застанав во негова одбрана поради постот на членот погоре ! Уште еднаш ќе повторам, maks не го уништува форумот(како постот на членот погоре) напротив го надоградува ! Ја почитувам одлуката на BOJAN, нема повеќе да пишувам во име на било кој друг член, со што моето учество ќе заврши со овој пост
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #4745 Posted: 30-Sep-2014 at 18:04
Да разбиеме малце монотонија



Edited by Z|evzek - 30-Sep-2014 at 18:06
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #4746 Posted: 01-Oct-2014 at 00:05
хииихииихи све се деси тачно како шо предупредив од старт дека ќе му се нафрлат на човекот ко бесни волци зашто е со друго мислење од нивното.....
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4747 Posted: 01-Oct-2014 at 00:42
Originally posted by СК

хииихииихи све се деси тачно како шо предупредив од старт дека ќе му се нафрлат на човекот ко бесни волци зашто е со друго мислење од нивното.....
чисто ме изненадува фактот што ти и зевзек сте единствени адвокати кои излегоа во истиот момент кога некој коментар беше упатен лично и надвор од било која дискусија... обично ве има повеќе, за жал
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4748 Posted: 01-Oct-2014 at 11:36
Гледам овде некои сакаат да го релативизираат Панорамското тркало и чергарските бродови. Како можеш нешто да релативизираш кога се наоѓа во центар, на самиот плоштад и тоа веднаш до симболот на градот - Камениот Мост? И да сакаш, не можеш. Тие панаѓурски привезоци ќе се наоѓаат на секоја разгледница.

Еве како изгледаат градовите низ цела Европа со нивните најзначајни обележја:
































Edited by phenomenon - 01-Oct-2014 at 11:51
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
MartiniMKD View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote MartiniMKD Quote  Post ReplyReply #4749 Posted: 01-Oct-2014 at 12:29
Првично бев еден од најголемите подржувачи на СК 2014 но како одминуваше време почнаа да ставаат глупости налик панорамски тркала, врби, галии, рингишпили поради кои и самите спомен обележја кои беа сместени крај нив повеќе наликуваа на некакви си орнаменти од луна парк него ли на вистински споменици со културно историско значение.

За еден споменик вистински да биде валоризиран треба да се почитува неговиот простор и опкружување.

Наместо тоа проектантите на СК2014 како да гледаат како на секој можен начин да се исмејат да се потсмејат и да го урнат тој нивен простор инкорпорирајќи во него најразлични глупости на кои местото им е во циркус и луна парк а не до споменик со културно историско значение.

Edited by MartiniMKD - 01-Oct-2014 at 12:33
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4750 Posted: 01-Oct-2014 at 13:49
Od čisti linii so elegantno popolnet prostor nema ni@to podobro
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4751 Posted: 04-Oct-2014 at 22:47




Back to Top
maks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Sep-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote maks Quote  Post ReplyReply #4752 Posted: 06-Oct-2014 at 10:30
Зборуваш за реакции без емоции.Во случајов ги има, оти од другата страна има само static'(шум).
Значи тркалото би било на место доколку не беа „фавелите“?
Како да реагираш на ваков одговор ?А потоа се коментира дека немало дебата.
Ајде луѓе, извадете ги ставовите ама за овдешните просторни релации.
Велите, ништо нечини, нема воздух, повеќе загадување! Зошто не се осмелите да кажете гласно(доколку знаете или некој ,,читнал,,) дека комплексот Градски Ѕид беше првично замислен да го пропушта студениот воздух од Водно. Притоа идејата беше долните приземни партии на зградите да бидат оставени отворени, значи само со растерот на столбови. Но, тие се затворија со дуќани. Подоцна се случи и наслебата Капиштец(проектирана од државно претпријатие за градба!). Значи бизнис и личните интереси секогаш го диктирале просторниот развој на овој град. Што е сега поразлично?
Она за што цело време говорам е : Погледнете прво назад за да знаете што ви се случува пред вас на патот. А со оглед на тоа што овој проект е тука да остане, мислам деке е конечно време да се придонесе со конструктивни расправи и предлози кои можеби некој од нив(проектантите конструкторите урбанистите политичарите) го чита , па може и така од вашите удобни столчиња ќе издејствувате некаква промена.
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!
Back to Top
maks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Sep-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote maks Quote  Post ReplyReply #4753 Posted: 06-Oct-2014 at 10:40
Само ќе кажам, ЖАЛНО е што, поради искажан став, со искрена доза на емоции за просторот кој ве опкружува да дојдете во ситуација да читате за сопственото отстранување. И само и само, заради тоа што човек говори со факти. Не за СК 14 како ,,збирштина од гипс и стиропор,, ами како проект кој го видоизмени главниот град. Наметна поинаков светоглед, ја реогранизира просторната матрица на Скопје. Ја вади на виделина нашата детска болест, а тоа е мегаломанијата и сл.
Ништо од тоа не е тема на интерес за дебата, освен како ,,модерните линии се фенси,, а ,,барокот,, е одвратен.
Овде се работи за нешто многу подлабоко и посуштинско од сето погоре наброено. Овде се работи за нашиот простор и она што го оставаме за идните генерации да го подобруваат. Реков и ќе повторам, соочете се со фактот, метаболизмот како пристап, бетонскиот брутализам како форма во грамадни димензии, предимензионираноста на просторот како соцмодернистички памфлет, се минато. Парадокост е уште поголем, ако во равенката го ставите и општествениот систем-капитализмот, чија основна цел бил и ќе остане профитот и профитабилноста. Архитектурата е меѓу првите слики кои се менуваат во ваква приказна.
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #4754 Posted: 06-Oct-2014 at 10:43
Проектот "Скопје 2014" во трка за светска награда на Филипс
6.10.2014 - 10:36:00
    

City People Light наградата е создадена во 2003 година од страна на Philips и LUCI (Меѓународна заедница за урбано осветлување) за награда на градовите кои прават обид за преуредување на урбаната околина преку осветлување и изнаоѓање начини за максимизирање на енергетската ефикасност, подобрување на одржливоста и функционалноста на градовите за жителите и посетителите.
Oваа година градот Скопје е во трка за оваа награда во конкуренција со уште неколку светски градови меѓу кои и: Лион од Франција, Толедо од Шпанија, Пула од Хрватска и Сеул од Кина. Вашиот глас за Скопје може да го дадете на следниот линк.
Организаторите на натпревот велат дека амбициозниот проект Скопје 2014 му го вратил идентитетот на Скопје срушен по земјотресот во 1963 година и истовремено го ставил главниот град на светската туристичка мапа.
Проектот city.people.light е наша инспиративна иницијатива за да демонстрираме како животот може да биде сменет преку светлината. Тоа е моќна идеја преземена од имагинација на професионалците за светло - велат од Филипс објаснувајќи ја идејата за ваквиот натпревар.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1180404181/proektot-skopje-2014-vo-trka-za-svetska-nagrada-na-filips
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4755 Posted: 06-Oct-2014 at 10:58
Maкс, како не разбираш дека Тркалото не е во ред на Плоштад. Може да е во ред да биде во Сарај, но на плоштад не може никако да биде во ред. Исто како што не може театар и опера да градиш во Визбегово или гробишта во Центар? Го сфаќаш ли проблемот? Или еве, новиот театар што е. Идат луѓе на претстава во одела и жените во свечени тоалети, а веднаш до нив, на градската плажа другите се само по гаќи и градници. Тебе како естета, дали ти е тоа нормално?

Originally posted by maks

Зборуваш за реакции без емоции.Во случајов ги има, оти од другата страна има само static'(шум). Значи тркалото би било на место доколку не беа „фавелите“?
   Како да реагираш на ваков одговор ?А потоа се коментира дека немало дебата.


Тркалото не само што не е во ред бидејќи не му е местото на Плоштад, туку не е во ред што за него ќе се одвојат 18 милиони евра, а за реконструкција на Главната железничка станица во Македонија 6 пати помалку. Дали тоа е во ред, според тебе? Одговори, па да продолжиме со дебата.

И пак ќе те прашам, зашто упорно се тврдиш да го избегнеш одговорот:

Дали наместо Панорамското тркало и останатите панаѓурски тракатанци ќе беше подобро да се изгради надвозник над пругата кој ќе ги поврзе директно населбите Кисела Вода и Аеродром? Со тоа ем ќе се спасат граѓаните од непотребно кружење или откај Транспортен центар или откај Булевар Србија, ем немаше повеќе да има потреба да се изложуваат на опасност поминувајќи ја пругата на диви премини.

Дали сметаш дека е во ред во центарот на Скопје да имаш 4 моста преку Вардар збиени во 400 метри, а да немаш мост помеѓу Ново Лисиче и Маџари спрема Кванташкиот пазар или автомобилски мост помеѓу Карпош и Злокуќани?

И да не ги заборавам многу потребните мостови кои требаше да се изградат над железничките премини во Маџари, Хиподром, Кондово, мост над пругата помеѓу Драчево и Долно Лисиче, мост над пругата во Волково...

Или овие мостови не се битни, битни се само тие во Центар, нели? Така ли е?

Можеш ли макс, можеш ли да одговориш на ова? Јас се сомневам, а ти?

Edited by phenomenon - 06-Oct-2014 at 11:23
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
maks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Sep-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote maks Quote  Post ReplyReply #4756 Posted: 06-Oct-2014 at 20:20
Моето лично мислење е дека приказната со тркалото ја прелива чашата . Но, јас во овој случај само го надбљудувам просторот и релациите кои се создаваат во него. Така се анализираат нештата, дали се тие луцидни или не, одлучува времето, не јас и ти. Оттука незнам зошто се инспирира токму мене да ме посочиш за одговор на оваа твоја дилема. Конечно пишав стопати погоре, се работи за национален и државен интерес(така може да се толкуваат сите овие потези). Конечно, за 10 години од сега, некоја друга власт ќе стави еден дрворед со јапонски цреши и сето ова ќе биде најприродната иконографија на Скопје.
Само и само , оти тие што требале да реагираат,седеле дома пред својот pc  и викале ,да ова не е мојот град и држава повеќе, јас ќе си одам што побргу.
Сите мои размисли и идеи за дејствување ги изложив во претходните постови. Жал ми е што не се спуштам на нивото на расправа од типот: црно- бело, гипс картон, социјални трансфери и сл.
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4757 Posted: 06-Oct-2014 at 21:14
кој сака нека гласа за `најдоброто осветление` за ск2014.мислам дека и тие што го подржуваат и тие што го мразат овој проект треба да гласаат.ипак никој од надвор не гласа за другиот


http://www.peoplechoiceaward.eu/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4758 Posted: 07-Oct-2014 at 01:19
Originally posted by maks

Зборуваш за реакции без емоции.Во случајов ги има, оти од другата страна има само static'(шум).
Значи тркалото би било на место доколку не беа „фавелите“?
Како да реагираш на ваков одговор ?А потоа се коментира дека немало дебата.
Ајде луѓе, извадете ги ставовите ама за овдешните просторни релации.
Велите, ништо нечини, нема воздух, повеќе загадување! Зошто не се осмелите да кажете гласно(доколку знаете или некој ,,читнал,,) дека комплексот Градски Ѕид беше првично замислен да го пропушта студениот воздух од Водно. Притоа идејата беше долните приземни партии на зградите да бидат оставени отворени, значи само со растерот на столбови. Но, тие се затворија со дуќани. Подоцна се случи и наслебата Капиштец(проектирана од државно претпријатие за градба!). Значи бизнис и личните интереси секогаш го диктирале просторниот развој на овој град. Што е сега поразлично?
Она за што цело време говорам е : Погледнете прво назад за да знаете што ви се случува пред вас на патот. А со оглед на тоа што овој проект е тука да остане, мислам деке е конечно време да се придонесе со конструктивни расправи и предлози кои можеби некој од нив(проектантите конструкторите урбанистите политичарите) го чита , па може и така од вашите удобни столчиња ќе издејствувате некаква промена.
како прво, кажуваш нешто и после само една реченица си контрадикторен сам на себеси... бизнис и лични интереси отсекогаш го диктирале развојот на овој град, ама со Ск2014 и со нашите предлози магично ќе престанат? Question
и сеуште не ми е јасно зошто се збори за предлози кога се збори за Ск2014... за предлози може да збориме кога се работи за нов простор на кој му е потребна урбанизација и до тој заклучок е дојдено со барем некаков сериозен пристап
како да нудиш алтернативно решение за проект кој воопшто не треба да постои? зошто да нудиш решенија кога треба да е доволна сама научна аргументација дека не треба да постои тој проект? наместо некој како професионалец да се изјасни зошто го прави тој проект и како ние да го прифатиме, треба ние да му изнаоѓаме алтернативи за неговиот проект кој тој го форсира и не дозволува ни барем да биде видоизменет ако веќе мора да го гради
еднаш барем во сите овие проекти, некој нека даде оправдание и одговор на критиката, наместо да ги бутка критичарите кон правдање, како некои штетници... така да, наместо прашање повеќе би сакале одговор... затоа што подобро е да стагнира градов, отколку да се деволуира со катастрофални проекти
како и да е, аргументација и поддршка на своите решенија со аргументи е потребна од двете страни, а не само од критичката
и пак ќе те прашам нешто на што не ми даде конкретен одговор, како, на кој начин и преку што ние треба да ги издејствуваме нашите идеи? досега, поврзано со Ск2014 и со општиот развој на градов, постоеле протести, предлози, проекти и секакви алтернативи, ама ништо од тоа (а имаш и на форумов, и ако те мрзи да го пролисташ ќе ги побарам тие решенија и ќе ги препостирам тука)... и еве, како поупатен, не ни повторувај како папагал како тоа ние сме требале да издејствуваме нешто, туку покажи ни го светлиот пат до предизвикувањето промени во урбанистичкиот развој на градов

еве конретно за тркалово кога веќе се фативте за него и двајцата, мој предлог е дека кога веќе е проект кој „мора“ да постои и се одбиваат секакви негови негирања, алтернатива е да се премести тркалото на друга локација... доколку мора да е на мост на Вардар, да биде некаде поместено накај градскиот парк (и таа локација е вредна затоа што нуди поголем радиус и квалитет на погледот од тркалото)... тркалото може да биде и со помали димензии и дизајнерите да се погрижат да биде што е можно помала пречка (со поскромна структура и накитеност) за „скајлајнот“ и панорамите на градот... е жими тоа што не сум архитект и не можам да понудам конкретен дизајн, ама идеите се тука
и сега што?


Edited by zabegan - 07-Oct-2014 at 01:21
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4759 Posted: 07-Oct-2014 at 01:33
Originally posted by gjoko

кој сака нека гласа за `најдоброто осветление` за ск2014.мислам дека и тие што го подржуваат и тие што го мразат овој проект треба да гласаат.ипак никој од надвор не гласа за другиот


http://www.peoplechoiceaward.eu/
од сите објекти и простори во Скопје кои се осветлени, како промотивни се избрани редицата објекти кои кога ќе пораснат сакаат да бидат знамиња...
и тоа пази, ставени се во натпревар со интерактивни проекции, светслосни скулптури и анимација на објекти

еве тука наместо шаренилото без поента на објектите од Ск2014, можеше да биде ставена уличната светилка во форма на столна лампа и илуминацијата на катната гаража кај бивши цветен пазар, ако ништо друго, барем како дел од групата... сигурно ќе добиеа дупло гласови од тоа што го има во моментов
одвратна ми е помислата дека овие торти од сега па натаму ќе се форсираат во промоцијата на градов и земјава и на нив ќе трошиме време, и покрај тоа што и без нив имаме што да промовираме, и што за истите нема природен интерес


Edited by zabegan - 07-Oct-2014 at 01:41
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #4760 Posted: 07-Oct-2014 at 06:56
This is it!!!



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 236237238239240 325>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.936 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.