build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје 2014
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 245246247248249 324>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4921 Posted: 15-Jan-2015 at 20:53
оградите се истите од кога се раскопа плоштадот

Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #4922 Posted: 22-Jan-2015 at 19:00
http://plusinfo.mk/vest/12150/caushevski-spremil-barokno-zdanie-i-za-puik

Чаушевски спремил барокно здание и за ПУИК

Со барокни елементи ќе биде новото здание што ќе се изгради на зелената површина помеѓу Македонска опера и балет и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, а во кое ќе биде сместена администрацијата на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, (АДСДП или некогашно ПУИК), потврдува директорот, Цветко Гроздановски.

Изгледот на идниот објект го изработи архитектот Жарко Чаушевски чиј труд беше второнаграден на конкурсот што го распиша акционерското друштво. Архитектот доби награда од 200.000 денари и можност да се реализира неговиот проект затоа што конкурсот заврши без прворангиран труд.

Фирмата на Чаушевски е вклучена и во изработката на основниот проект по кој ќе се изведува изградбата. Акционерското друштво деновиве склучи договор со „Архитектоника“ за изработка на идеен проект, проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации, проект за подготвителни работи и основен проект за новото здание. Договорот е во износ од 140.000 евра, а документацијата треба да се изработи во следните четири месеци.

По изработка на основниот проект, вели Гроздановски, ќе биде распишан тендер за фирма изведувач која би била ангажирана за изградба на објектот. Градежните работи се очекува да почнат летово или на почетокот од есента.

На парцелата до идното здание на АДСДП и до барокното Министерство за надворешни работи, во план е да се издигне новото седиште на Народна банка на Република Македонија, кое ќе биде во истиот неокласичен стил. Од спротивната страна на улицата во финална фаза е административниот објект кој ќе го користат државни институции и Факултетот за драмски уметност, а на чија фасада исто така има барокни мотиви. Во непосредна близина на двата испланирани објекта во зеленилото се модернистичките Македонска опера и балет и Универзитетска библиотека. Директорот вели дека акционерското друштво го избрало идејното решение на Чаушевски за објектот да се вклопи во околината.

Според маркичката зацртана на овој простор, се предвидува градежна парцела од 1.547 метри квадратни, објект со приземје, седум ката и поткровје, и изградена површина од 10.179 метри квадратни.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4923 Posted: 23-Jan-2015 at 00:08
супер, тука ќе имаме уште еден квази-административен објект, а ФДУ ќе биде сместено на 50 километри од театарот, во објект кој го дели со тотално неповрзана институција, одма до црква, која мора да се гледа од плоштад
урбанизам до даске

можда откако ќе му стават ќерамиди и на МОБ, таму ќе се премести владата...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #4924 Posted: 23-Jan-2015 at 23:35
Во меѓувреме, соросоидите Бизнис Инсајдер наместо да пишуваат на историско обновеното Скопје 2014 они јадат гомна за најдобрата економија во Европа...

П.С. го постирам тука за да може да се направи полесно компарација помеѓу приоритетите на Државата... Скопје 2014 vs. Иднината на народот



Edited by martind - 23-Jan-2015 at 23:37
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4925 Posted: 24-Jan-2015 at 17:38
Срамота, срамота! Цел свет не не разбира нас. Еве и јас читам разно-разни организации за почитување на човековите права и на слободата на медиуми. Сите продадени души на СОРОС. А не да седнат и да погледнат „Јади бурек“. Таму вчера беше гостин што ги знае сите параметри, индикатори и варијабли за развојот на Македонија, вклучувајќи го тука и „Скопје 2014“.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4926 Posted: 24-Jan-2015 at 19:41
od denes

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4927 Posted: 24-Jan-2015 at 20:39
абе што се буните, зарем не гледате дека на листава погоре сме на 18 место во најдобри економии од најлошите Stern%20Smile
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4928 Posted: 19-Feb-2015 at 22:54


една идеа


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4929 Posted: 27-Feb-2015 at 15:32
По последниве политички „бомби“, каде што на аудио снимки убаво се слуша гласот на семоќниот Архитект како нарачува промена на ГУП-ови и ДУП-ови, ако некој ми каже дека проектот Скопје 2014 е осмислен од архитекти и целта му е да ги прошири хоризонтите на македонската архитектонска мисла - или како и да беше, ќе го истегнам за уши и ќе му залепам неколку жешки преку муцката! Постепено се разобличува и се демаскира начинот на кој се спроведоа многу погубни урбани политики со краткорочен ефект и далеку подолготрајни последици кои потоа ние ќе мораме да ги исправаме. Под „ние“ мислам на луѓето што нема да избегаат од оваа земја и ќе мораат со свои пари да ги лекуваат последиците од нечии комплекси, лудило и неизживеаност, но и од нечиј простаклук, насилство и кичерајски вкус. Сите што од петни жили го бранеа овој проект сега треба да замолкнат и глас да не им се чуе до крајот на нивниот беден живот! А допрва уште пикантерии ќе излегуваат на виделина.

Edited by Џоле - 27-Feb-2015 at 15:33
За сè има вторпат
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #4930 Posted: 27-Feb-2015 at 15:48
Potpolno go podrzuvam tvoeto mislenje.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4931 Posted: 27-Feb-2015 at 15:49
Originally posted by Џоле

По последниве политички „бомби“, каде што на аудио снимки убаво се слуша гласот на семоќниот Архитект како нарачува промена на ГУП-ови и ДУП-ови, ако некој ми каже дека проектот Скопје 2014 е осмислен од архитекти и целта му е да ги прошири хоризонтите на македонската архитектонска мисла - или како и да беше, ќе го истегнам за уши и ќе му залепам неколку жешки преку муцката! Постепено се разобличува и се демаскира начинот на кој се спроведоа многу погубни урбани политики со краткорочен ефект и далеку подолготрајни последици кои потоа ние ќе мораме да ги исправаме. Под „ние“ мислам на луѓето што нема да избегаат од оваа земја и ќе мораат со свои пари да ги лекуваат последиците од нечии комплекси, лудило и неизживеаност, но и од нечиј простаклук, насилство и кичерајски вкус. Сите што од петни жили го бранеа овој проект сега треба да замолкнат и глас да не им се чуе до крајот на нивниот беден живот! А допрва уште пикантерии ќе излегуваат на виделина.
за жал, колку и да е политички „проектов“, го изградија архитекти, инжињери и останати уметници, кои имаат завршено образование во тие сфери
дури и Алберт Шпер кој градел во потполно политички цели, имал архитектонски и урбанистички визии и иновации во своите дела, и барем носел со себе концепт и идеологија
а на оваа нашава групација Чаушевски - Валентина, која им беше визијата? во кој филм се ставија? ...и немој некој да ми каже дека ради пари било, затоа што очигледно пари се прават на многу начини и со оглед на нашава транзициска бљувотина, тезгаџиско работење натака и навака е премногу популарно

...комплекси, комплекси, и само коплекси... ништо чудно Чаушевски ова да го прави чисто ради инает и ради некоја мала расправија со колеги


и не ни требаат бомбиве за да знаеме како и зошто на секои 24 часа се менуваат ГУП-ови и ДУП-ови

Edited by zabegan - 27-Feb-2015 at 15:59
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 558
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #4932 Posted: 27-Feb-2015 at 16:58
Originally posted by Џоле

По последниве политички „бомби“, каде што на аудио снимки убаво се слуша гласот на семоќниот Архитект како нарачува промена на ГУП-ови и ДУП-ови, ако некој ми каже дека проектот Скопје 2014 е осмислен од архитекти и целта му е да ги прошири хоризонтите на македонската архитектонска мисла - или како и да беше, ќе го истегнам за уши и ќе му залепам неколку жешки преку муцката! Постепено се разобличува и се демаскира начинот на кој се спроведоа многу погубни урбани политики со краткорочен ефект и далеку подолготрајни последици кои потоа ние ќе мораме да ги исправаме. Под „ние“ мислам на луѓето што нема да избегаат од оваа земја и ќе мораат со свои пари да ги лекуваат последиците од нечии комплекси, лудило и неизживеаност, но и од нечиј простаклук, насилство и кичерајски вкус. Сите што од петни жили го бранеа овој проект сега треба да замолкнат и глас да не им се чуе до крајот на нивниот беден живот! А допрва уште пикантерии ќе излегуваат на виделина.


Брат,се тоа се знаеше,сега само го гледаме директно.

Уште кога почна серијата на решенија од типот каде прво се поставија уметнички скулптури па после се вадеа за да се стават историјски скулптури...беше јасно дека тука нема никаква идеја,никаква концепција...

Edited by kiriOK - 27-Feb-2015 at 16:59
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #4933 Posted: 27-Feb-2015 at 17:03
Originally posted by Џоле

По последниве политички „бомби“, каде што на аудио снимки убаво се слуша гласот на семоќниот Архитект како нарачува промена на ГУП-ови и ДУП-ови, ако некој ми каже дека проектот Скопје 2014 е осмислен од архитекти и целта му е да ги прошири хоризонтите на македонската архитектонска мисла - или како и да беше, ќе го истегнам за уши и ќе му залепам неколку жешки преку муцката! Постепено се разобличува и се демаскира начинот на кој се спроведоа многу погубни урбани политики со краткорочен ефект и далеку подолготрајни последици кои потоа ние ќе мораме да ги исправаме. Под „ние“ мислам на луѓето што нема да избегаат од оваа земја и ќе мораат со свои пари да ги лекуваат последиците од нечии комплекси, лудило и неизживеаност, но и од нечиј простаклук, насилство и кичерајски вкус. Сите што од петни жили го бранеа овој проект сега треба да замолкнат и глас да не им се чуе до крајот на нивниот беден живот! А допрва уште пикантерии ќе излегуваат на виделина.


Е Џоле Џоле на тоа ли ниво падна да коментираш на овој форум монтирани материјали од странски служби помогнати од домашни кодоши. На тие т.н. Бомби не им е место на форумот.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 719
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #4934 Posted: 27-Feb-2015 at 17:06
Предлагам, од денес сите оние што ќе го пофалат СК14, да се банираат!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4935 Posted: 27-Feb-2015 at 17:43
Originally posted by kultuzin

Originally posted by Џоле

По последниве политички „бомби“, каде што на аудио снимки убаво се слуша гласот на семоќниот Архитект како нарачува промена на ГУП-ови и ДУП-ови, ако некој ми каже дека проектот Скопје 2014 е осмислен од архитекти и целта му е да ги прошири хоризонтите на македонската архитектонска мисла - или како и да беше, ќе го истегнам за уши и ќе му залепам неколку жешки преку муцката! Постепено се разобличува и се демаскира начинот на кој се спроведоа многу погубни урбани политики со краткорочен ефект и далеку подолготрајни последици кои потоа ние ќе мораме да ги исправаме. Под „ние“ мислам на луѓето што нема да избегаат од оваа земја и ќе мораат со свои пари да ги лекуваат последиците од нечии комплекси, лудило и неизживеаност, но и од нечиј простаклук, насилство и кичерајски вкус. Сите што од петни жили го бранеа овој проект сега треба да замолкнат и глас да не им се чуе до крајот на нивниот беден живот! А допрва уште пикантерии ќе излегуваат на виделина.


Е Џоле Џоле на тоа ли ниво падна да коментираш на овој форум монтирани материјали од странски служби помогнати од домашни кодоши. На тие т.н. Бомби не им е место на форумот.


Еден кандидат за воспитни заушки веќе се јави! Има ли други!

Шегата на страна, Култузин, но ако после сево ова ти продолжиш да веруваш во прикаските на владејачкава гарнитура, која стои зад овој проект (да се вратиме на темата), тогаш проблемот е во тебе.

Јас тие т.н. „бомби“ ги коментирам само како цврст доказ за начинот на кој се спроведе овој проект што остави - повторувам - долгорочни последици кои ние, граѓаните на оваа земја што нема да побегнат во странство, ќе мора да ги исправаме на наш трошок. А „главниве фаци“ од снимките ќе си избегаат некаде во странство (ако не успееме да ги затвориме дотогаш) и ич нема да им чуе за нас и за пустошот што го оставија зад себе.
За сè има вторпат
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #4936 Posted: 27-Feb-2015 at 18:34
Originally posted by Џоле

По последниве политички „бомби“, каде што на аудио снимки убаво се слуша гласот на семоќниот Архитект како нарачува промена на ГУП-ови и ДУП-ови, ако некој ми каже дека проектот Скопје 2014 е осмислен од архитекти и целта му е да ги прошири хоризонтите на македонската архитектонска мисла - или како и да беше, ќе го истегнам за уши и ќе му залепам неколку жешки преку муцката! Постепено се разобличува и се демаскира начинот на кој се спроведоа многу погубни урбани политики со краткорочен ефект и далеку подолготрајни последици кои потоа ние ќе мораме да ги исправаме. Под „ние“ мислам на луѓето што нема да избегаат од оваа земја и ќе мораат со свои пари да ги лекуваат последиците од нечии комплекси, лудило и неизживеаност, но и од нечиј простаклук, насилство и кичерајски вкус. Сите што од петни жили го бранеа овој проект сега треба да замолкнат и глас да не им се чуе до крајот на нивниот беден живот! А допрва уште пикантерии ќе излегуваат на виделина.
Потпис!
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 116
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #4937 Posted: 27-Feb-2015 at 19:35
Off topic
Сепак не е сменет ДУП и ГУП, општината излегла со некое соопштение...

Edited by mackomk - 27-Feb-2015 at 19:36
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4938 Posted: 27-Feb-2015 at 19:43
Мислам дека никој не се ни сомневаше дека самата идеа за проектот е нарачка `одгоре`,но сепак завршниот проект го прават архитекти.Нормално по желба.

Е сега ќе ви откријам една работа која ја знам многу одамна(од преслушаните разговори ):Тимот што го правеше видеото за Ск2014 ,нормално работејќи по нарачка,кога ја допрецизирале визуелизацијата додавале по некој елемент по нивно мислење,мислеќи дека е сепак тоа само општа идеа која треба да се доработи.Но нивно општо изненадување,тие детали подоцна ги виделе во живо изградени на лице место.

колку се запрепастиле нема потреба од објаснување.

Сепак и уште на почеток и сега го имам својот став-тоа што мис е свиѓа во проектов го подржувам сеуште,другото нормално не.Неможи све во исти кош да оди
Back to Top
Clint Eastwood View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Aug-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Clint Eastwood Quote  Post ReplyReply #4939 Posted: 27-Feb-2015 at 20:06
И јас го подржувам проектот како "проект", иако сметам дека некои работи можеа да се направат многу подобро и поосмислено. Исто така во потполност се сложувам со kultuzin дека овде на "петардите" не им е место, бидејќи тука уште многу работи не се на чисто.
no signature
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4940 Posted: 28-Feb-2015 at 02:18
не ни требаат ни бомби, ни петарди за да знаеме дека Ск2014 не почитува никакви стандарди на урбано планирање, дека не почитува правни и технички процедури, системи и хиерархија за донесување на урбанистички план, и дека воопшто не го почитува урбанистичкиот план како сериозна институција која има директно влијание на многу работи
а исто така следува и несмасното раководење и следење на самиот прогрес на Ск2014 (што е и скоро невозможно, затоа што не е стандардизиран и унифициран проект, туку нафрлање на идеи со секој нов ден) каде што имаш започнување на 500 проекти одеднаш, префрлање финансии од еден проект на друг, нереални буџети (за кои не се знае од каде се снабдуваат и во кои броеви), нереални распони на рокови, сомнителни или неадекватни компании кои ги (не)реализираат проектите, неартикулирано узурпирање и уништување на јавни простори при изградба, и така натаму...

и да не збориме колку само Ск2014 не почитува основни демократски норми, односно треба да ги молиш да ти ги објаснат основите зошто и како сакаат да изведат нешто (а не дај боже да ти презентираат детали), а после тоа па воопшто не треба ни да се понадеваш да влијаеш на тоа како граѓанин или стручно лице не целата работа
и таа недемократија не е присутна само кај простата раја, туку и кај луѓето кои треба да го проектираат и изведуваат потфатот, односно во конкурсите, тендерите и апсолутната автократија во органите кои треба да регулираат

ама ич не ми требаат бомби, кога ми е оставен толкав огромен простор за сомнежи и критики, кои може да ги поставувам како факти, кога не ми е сервирана транспарентноста за која се пожалив погоре...

и не намеравам да оправдувам огромни проекти во стил на поддршка, само затоа што заради нив се поплочила улица и се сменила урбана опрема... таму некако слаби сте ми со логиката
да критикуваме детално и посебно за секој проект, да, може, ќе најдеме и позитивни, и негативни страни, ама ако збориме за СК2014 како појава, тогаш не...

Edited by zabegan - 28-Feb-2015 at 02:20
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 245246247248249 324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.828 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.