build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 322323324325>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6461 Posted: 12-Mar-2019 at 18:47
„При тоа, бројот на домашни туристи е зголемен за 2,6 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 2,7 отсто.“

Претпоставувам дека најголем удел во намалувањето има економската криза во Турција.

Инаку градовите пред сѐ се наменети за луѓето кои живеат во нив, а потоа за туристи. Чуму повеќе туристи ако Скопје е предмет на потсмев и град во кој центарот е претворен во физичко олицетворение на психопаторството, наместо пријатно собирно место на локалците, сите скопјани, како и одморџии?!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6462 Posted: 12-Mar-2019 at 19:38
Да де, еве гледам новава градска власт баш сака да го направи Скопје подобар град од секој апсект. Се фалат на Facebok со бојадисување огради.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6463 Posted: 12-Mar-2019 at 21:09
Да сакаше, Дрисла ќе беше полна со градежен* отпад. Мислењето на Пановски, со кое целосно се согласувам, е само една страница наназад. Предметот на СЈО сѐ уште е во предистрага, работната група на Владата исчезна, градоначалниците не го спомнуваат Скопје 2014. Во нормална држава овој расипнички и противуставен проект немаше да постои, во полунормална ќе беше срушен. Во ненормална си стои сред град и цел свет му се исмева.

* отстранети згради, не остатоци при градба.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #6464 Posted: 12-Mar-2019 at 21:42
Јас знам многу туристи кои не се потсмевале на Скопје 2014. На туристите повеќе им смета ѓубрето по улиците, хаосот во сообраќајот отколку Скопје 2014.

Пред некој ден го шетав градот. Нема ниту еден проект кој моментално се работи. Најнеспособната локална власт до сега.

Edited by Kid_A - 12-Mar-2019 at 21:51
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6465 Posted: 12-Mar-2019 at 21:57
Originally posted by Kid_A

Јас знам многу туристи кои не се потсмевале на Скопје 2014. На туристите повеќе им смета ѓубрето по улиците, хаосот во сообраќајот отколку Скопје 2014.

Пред некој ден го шетав градот. Нема ниту еден проект кој моментално се работи. Најнеспособната локална власт до сега.

Точно.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6466 Posted: 13-Mar-2019 at 09:25
Менувањето на споменици меѓу Скопје и Атина е најдоброто нешто што може да му се случи на македонскиот главен град од целокупниот процес на помирување меѓу двете земји. Такви грдосии од споменици, од типот на Филип, Александар и Олимпија, ретко кој би можел да ги земе во свои раце, а пак ако добиеме врвни дела од познати уметници, тогаш ние сме само во позитива!
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #6467 Posted: 13-Mar-2019 at 11:07
Kid_A и skopskodete релаксирано отвораат build.mk да ги прочитаат сопствените пофалби за проектот Скопје 2014 и да го отпочнат денот патриотски - онака како што прават вистинските Македонци. Наеднаш здогледуваат пост од BOJAN којшто тврди дека спомениците на нашите предци, чии гени гордо ги носиме преку 2.000 години, се грдосии и дека би биле во позитива ако ги размениме со ... не сакам ни да ги спомнам.

skopskodete не можејќи да го издржи соочувањето со реалноста чувствува како притисокот му достигнува 180 со 130 и полека почнува да се расплакува гледајќи го портретот на Груевски кој стои обесен во дневната соба, веднаш до Тајната вечера. Му навираат солзи додека помислува на сите милионски тендери за Скопје 2014 и сите тендери за непредвидени работи, а не можејќи да ги преболи тендерите за фарбање ограда од моменталната влада. Се обидува да се смири барајќи парче леб, но... нема никаде. Зарем е можно си вели после толку тендери. Наеднаш му текнува на чоколадите што Груевски му ги подари неодамна пред да замине за Будимпешта на кампување.

Во меѓувреме Kid_A не верувајќи во прочитаното започнува да се тресе од нервоза. Се чини му падна шеќерот. Не може да сфати како е можно најголемото културолошко достигнување во оваа бруталистичка отоманска вукојебина да биде растргнато и распродадено од предавниците. Се прашува себеси: како ќе дојде сега некој турист воопшто во Македонија? Зарем некој би бил доволно ненормален да ги посети Шар Планина, Галичник, Струга, Охрид, Хераклеја, Стоби, Кокино, и многу други? Не... сигурен сум дека не е можно некој да ги посети, бидејќи пред Скопје 2014 само кучиња скитници одеа таму. Тресењето на телото е неиздржливо, мора да внесе шеќер што е можно побрзо. Бара од чоколадите на Груевски, но не може никаде да најде. Дури ни во кенефот. Се потсетува дека чоколадите беа делени само на тие со повисок ранг во партијата, а тој ... тој сеуште не го положил испитот за борба со пацерите! Чекај... се потсетува дека во долното шкафче под телевизорот имаше нешто благо. Трча дотаму и задишено го отвора, претурајќи низ содржината како зависник, не можејќи да го издржи притисокот. Наеднаш го здогледува таблетот и забележува дека во прелистувачот му се отворени Курир и Република. Прави рифреш. Шеќерот полека започнува да му се враќа во нормала.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4665
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6468 Posted: 13-Mar-2019 at 11:35

WIN!!!!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #6469 Posted: 13-Mar-2019 at 11:43
Originally posted by ironm

Kid_A и skopskodete релаксирано отвораат build.mk да ги прочитаат сопствените пофалби за проектот Скопје 2014 и да го отпочнат денот патриотски - онака како што прават вистинските Македонци. Наеднаш здогледуваат пост од BOJAN којшто тврди дека спомениците на нашите предци, чии гени гордо ги носиме преку 2.000 години, се грдосии и дека би биле во позитива ако ги размениме со ... не сакам ни да ги спомнам.

skopskodete не можејќи да го издржи соочувањето со реалноста чувствува како притисокот му достигнува 180 со 130 и полека почнува да се расплакува гледајќи го портретот на Груевски кој стои обесен во дневната соба, веднаш до Тајната вечера. Му навираат солзи додека помислува на сите милионски тендери за Скопје 2014 и сите тендери за непредвидени работи, а не можејќи да ги преболи тендерите за фарбање ограда од моменталната влада. Се обидува да се смири барајќи парче леб, но... нема никаде. Зарем е можно си вели после толку тендери. Наеднаш му текнува на чоколадите што Груевски му ги подари неодамна пред да замине за Будимпешта на кампување.

Во меѓувреме Kid_A не верувајќи во прочитаното започнува да се тресе од нервоза. Се чини му падна шеќерот. Не може да сфати како е можно најголемото културолошко достигнување во оваа бруталистичка отоманска вукојебина да биде растргнато и распродадено од предавниците. Се прашува себеси: како ќе дојде сега некој турист воопшто во Македонија? Зарем некој би бил доволно ненормален да ги посети Шар Планина, Галичник, Струга, Охрид, Хераклеја, Стоби, Кокино, и многу други? Не... сигурен сум дека не е можно некој да ги посети, бидејќи пред Скопје 2014 само кучиња скитници одеа таму. Тресењето на телото е неиздржливо, мора да внесе шеќер што е можно побрзо. Бара од чоколадите на Груевски, но не може никаде да најде. Дури ни во кенефот. Се потсетува дека чоколадите беа делени само на тие со повисок ранг во партијата, а тој ... тој сеуште не го положил испитот за борба со пацерите! Чекај... се потсетува дека во долното шкафче под телевизорот имаше нешто благо. Трча дотаму и задишено го отвора, претурајќи низ содржината како зависник, не можејќи да го издржи притисокот. Наеднаш го здогледува таблетот и забележува дека во прелистувачот му се отворени Курир и Република. Прави рифреш. Шеќерот полека започнува да му се враќа во нормала.
Ќе беше ова мислење на место да беше напишано пред две години. Денес изгледа по малку тажно.

Знаеме дека најголем проблем со СК2014 се начичканите објектите на места на кои не треба да има објекти. Фасадите можат да се сменат, а ако се земе предвид квалитетот и самите ќе паднат за 5-10 години.

Ќе биде крајно лицемерно после оправдувањето дека бетонот што требаше да биде споменик на Мајка Тереза е прескапо да се отстранува, да се зборува за отстранување на други споменици. Но од друга страна, хипокризијата е најголема одлика на сегашната влада.


Edited by Théoden - 13-Mar-2019 at 11:44
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #6470 Posted: 13-Mar-2019 at 12:00
Си ја промашил поентата - зборувам за воздигнувањето на Скопје 2014 на ниво на најголемо достигнување во македонската култура и историја (од секаков тип). Ако сметаш дека единствен проблем на Скопје 2014 е начичканите објекти, тогаш веројатно си ја промашил и улогата на проектот. Сарказам не е за секого.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6471 Posted: 13-Mar-2019 at 15:23

Наместо аргументи, ги нападна ад хоминем, па и прича со Груевски си направи. Во меѓувреме, Народна банка и Мајка Тереза се градат.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6472 Posted: 14-Mar-2019 at 13:43
ironm, ниту ме интересира Груевски, ниту ДПМНЕ, а ни малку сакам да имам портрет од Груевски во дневна соба, но ти можеш слободно да си правиш сценарија за филмови, гледам те бива.

Edited by skopskodete - 14-Mar-2019 at 13:51
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7245
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6473 Posted: 19-Mar-2019 at 00:27
дечки, 2019 година е, сериозно уште ги правите муабетиве за туристите?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4978
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6474 Posted: 25-Apr-2019 at 13:18
Се демонтираат канделабрите од центарот на Скопје (ФОТО)



Корисник на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледаат возила со натоварени канделабри за кои се тврди дека се демонтирани од центарот во Скопје.

Коментарите на граѓаните се чудење за ваквиот однос на актуелната власт кон урбаната опрема за улично осветлување.




https://skopjeinfo.mk/se-demontiraat-kandelabrite-od-centarot-na-skopje-foto

Edited by stef4o - 25-Apr-2019 at 13:19
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6475 Posted: 25-Apr-2019 at 14:10
Нешто поради папата или трип на Шилегов?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6476 Posted: 05-Aug-2019 at 19:33
Што стана со работнава група, извештајот итн. итн? Или кусогледоста, мрзата и неправото се полесни од долготрајното планирање, активноста и воспоставувањето правда?

ИЗВЕШТАЈОТ ЗА „СКОПЈЕ 2014“ СОДДРЖИ ТЕШКИ ПРЕКРШУВАЊА НА ЗАКОНИТЕ, ВЛАДАТА СЕ ВАДИ НА СЛОЖЕНОСТА НА ПРОЕКТОТ

Jan 4, 2019

- Што покажаа анализите на институциите за овој прескап и контроверзен урбанистичко-скулпторски зафат? Прекршувања на закони и Устав, на уметнички, архитектонски и урбанистички стандарди, ненаменско трошење на буџетски пари, фалсификати – и „Порта Македонија“ била прикажана како скулптура.

-Професорот Мирослав Грчев вели дека не може да и прости на оваа влада што толку лесно влегла во барокната зграда на Илинденска бб.

-Портпаролот на владата Миле Бошњаковски вели дека „Скопје 2014“ е сложен проект, каде се преплетуваат одговорности на неколку институции.

Пишува: Светлана Унковска

(...)

И „ПОРТА МАКЕДОНИЈА“ Е ПРИКАЖАНА КАКО СКУЛПТУРА

(...)

СЕ КОНСТАТИРА И УПАД ВО ИДЕНТИТЕТСКИКОТ КОРПУС НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

(...)

НЕРЕГУЛАРНОСТИ И ЗА СПОМЕНИЦИТЕ НА „ГЕМИЏИИТЕ“, „ЦАР САМОИЛ“ И „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

(...)

ВЛАДАТА ИЗГУБЕНА ВО СЛОЖЕНОСТА НА ПРОЕКТОТ

(...)

ГРЧЕВ: НЕ МОЖАМ ДА И ПРОСТАМ НА ОВАА ВЛАДА ШТО ТОЛКУ ЛЕСНО ЈА ПРИФАТИ И БАРОКНАТА ЗГРАДА И ВЛЕЗЕ ВО НЕА

(...)

Тој смета дека треба да бидат реконструирани и фасадите со кои се уништени многу модерни згради, а во првобитна состојба да се вратат и оние згради кои се споменици на културата. За новоизградените објекти што во голем дел поради неквалитетот почнуваат да се распаѓаат вели дека треба да се остават со време самите да се уништат, а потоа да се одлучи што ќе се прави со нив, дали некои да се реконструираат во нормални објекти а другите дополнително да се реши што ќе се прави. Грчев е лут е на оваа власт и за тоа што оставила некои од проектите и натаму нормално да функционираат.

(...)

СЈО ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ГОДИНИ ВОДИ ИСТРАГА ЗА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“

(...)

http://inbox7.mk/archives/5875

Edited by Staro Skopje - 05-Aug-2019 at 19:38
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6477 Posted: 05-Aug-2019 at 19:53
Нека изградат нешто, па ако сакаат нека рушат после...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4978
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6478 Posted: 20-Oct-2019 at 15:49
Скопје 2014 под мраз од 2017



Во строгиот центар на главниот град, во периметар помал од километар сѐ уште „зјаат“ карабините на неколку објекти што требало или да се подигнат или да се реновираат во она што народски се нарекува барок како дел од проектот „Скопје 2014“.

И покрај големите очекувања и скромните ветувања дека новата власт ќе се справи со контроверзниот проект и по заклучоците на Работната група за „Скопје 2014“, која, само за пример, ги прогласи речиси сите споменици за дивоградби, се чини дека власта „закочи“ по пресметките дека поевтино е ништо да не се прави, отколку да се руши или да се пренаменува.

Објектите од „Скопје 2014“ што ги градат приватници се соочуваат со други проблеми, меѓутоа и нивниот перформанс заедно со безидејноста и неодлучноста на власта придонесуваат центарот на градот и понатаму, години со ред да изгледа како градилиште, кое не се знае „на каде тера“.

Несудената „барокница“ пред ГТЦ



Неколку години, градежен работник не се качил по скелињата што сѐ уште се зацврстени за зградата на ЕВН, една од најрепрезентативните точки во центарот на Скопје. Ја извадија старата стаклена фасада, по која беше препознатлива кулата, и тука застанаа со работата оставајќи ја заштитната метална ограда долу на земјата.

Австриската ЕВН ја дели зградата со државното ЕЛЕМ – денес преименувано во препознатливото ЕСМ, Електрани на Северна Македонија.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ ја замисли кулата како највисока барокна атракција и, согласно нејзината желба, тогашното ЕЛЕМ и австриската ЕВН најдоа изведувач. Фирмата што го изгради најголемиот дел од „Скопје 2014“, „Бетон“ требаше да ја преслече и оваа зграда во барокно-бело.

Интервенцијата почна во 2013 и новата фасада требаше да биде готова некаде во 2015 година, меѓутоа рокот се проби. По пожарот следната година и по промената на власта, се стопираше реновирањето и сопствениците на објектот, тогашното ЕЛЕМ и ЕВН, решија дека веќе не сакаат барок и се откажаа од кулата.

При крајот на 2018 ја дадоа на продажба, меѓутоа никој не сакаше да ја купи. Цената не се дозна, а од ЕВН денес тврдат дека една од причините зошто имало оглас е и „испитување на реалната цена “. Оттаму за БИРН велат дека нов оглас сѐ уште нема.

Иако зградата е половина на ЕВН и половина на поранешното ЕЛЕМ – а сега ЕСМ, австриската компанија таму користи само дел од приземјето како архива, додека ЕСМ сѐ уште е во објектот. Таму е дирекцијата на оваа државна компанија, и покрај тоа што ЕСМ има цела нова барокна зграда, изградена како дел од „Скопје 2014“ лоцирана спроти Старата железничка станица.

Од ЕСМ велат дека новиот објект нема соодветна документација зашто за време на градбата се правеле измени што не се внесувале во проектот.

„Зградата е градежно комплетирана, но не може да се употребува. Не може да се изврши технички прием“.

Новиот сѐ уште нефункционален објект, според потпишаните договори, ја чинеше државата околу 17 милиони евра.

Иако зградата е половина на ЕВН и половина на поранешното ЕЛЕМ – а сега ЕСМ, австриската компанија таму користи само дел од приземјето како архива, додека ЕСМ сѐ уште е во објектот. Таму е дирекцијата на оваа државна компанија, и покрај тоа што ЕСМ има цела нова барокна зграда, изградена како дел од „Скопје 2014“ лоцирана спроти Старата железничка станица.


„Зградата е градежно комплетирана, но не може да се употребува. Не може да се изврши технички прием“.

Преговори за излупената „Пелагонија“

Триумфалната порта на скопскиот плоштад ја дели кулата на ЕВН од уште една „излупена“ зграда, на која, исто така, не се работи со години. Зградата на „Пелагонија“ е речиси во истата состојба како онаа на ЕВН. И околу неа сѐ уште стои металната ограда и веќе подолго време се гледаат белите градежни блокови што биле под оригиналната фасада.

Градот Скопје под капата на Коце Трајановски ја извади старата фасада со идеја да ја замени со барокна, како и повеќето згради на потегот по улицата кон Рекорд.

Се најде изведувач, меѓутоа договорот беше раскинат зашто рефасадирањето не се одвиваше според договорената динамика. Трајановски распиша нов тендер, меѓутоа неговиот наследник Петре Шилегов не го потпиша договорот.

„Раката да ми се исуши ако го потпишам“, рече Шилегов на стартот од мандатот и најави враќање на автентичниот изглед на зградата.

Со оглед дека сѐ уште нема решение, БИРН се обрати до градските власти.

„Градот разговара со сопствениците на објектот, со цел заемно надминување на состојбата“, велат од кабинетот на Шилегов.

Покрај фасадата на „Пелагонија“, Шилегов во наследство го доби и Панорамското тркало, кое го сведе на пешачки мост, кој, исто така, сѐ уште се гради.



Она што требаше да биде тркало од речиси 20 милиони евра, сега ќе биде висечки мост за пешаци. Сите четири бетонски столбови ќе се урнат и со тоа коритото на реката Вардар ќе биде ослободено.

„Градежните работи се во завршна фаза“, тврдат од градот.

На терен може да се види дека столбовите сѐ уште се во Вардар и проѕирната оградата не е поставена.

Крајната цена на мостот би била околу 13 милиони евра, од кои 10 ги исплатила претходната гарнитура на Коце Трајановски.

„Мериот 2“ тоне во судските лавиринти



На самиот плоштад, во линија со белиот хотел „Мериот“, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко сѐ уште ги гради Офицерскиот дом и деловната зграда, комплекс познат како „Мериот 2“ зашто и во него ќе има хотел од оваа позната светска франшиза.

Офицерскиот дом е доведен до карабина со поставени прозорци, а другиот сѐ уште не е подигнат до дозволената висина од 29 метри, таму штрчат челичните конструкции во висина. Сега нема работници и градежни активности и меѓу двата објекта надвиснува кран. Се гледа дека работата престанала при поставување на стиропорните фасадни блокови.

Двете згради, всушност, се последните од проектот „Скопје 2014“ што не се подигнати и, за разлика од другите објекти од овој потфат, тие уште на стартот беа замислени како инвестиција на приватници.

Според првичните најави, на Градот Скопје ќе му припадне делот од Офицерскиот што се наоѓа на вториот кат и официјално сопственик на тој простор ќе биде државата.

Таму треба да има влезен хол, матичар со архива и со служба, просторија за подготовка на младенците, голема сала за состаноци, три работни кабинети, од кои едниот за градоначалникот на Скопје, и сала за свечени приеми.

Од фирмата на Самсоненко „СИС-инвест“ за БИРН велат дека привремено е попречена градбата поради стечај, кој, како што тврдат тие, бил предизвикан од непостоечко побарување и чија цел била само да се нанесе штета.

Адвокатот на Самсоненко поднел кривична пријава за овој случај.

„Оставаме судот и обвинителството да ги завршат овие постапки, кои, за жал, се одвиваат со низа пропратни небулози и одолжувања“, тврди фирмата инвеститор.

Поради стечајот, Самсоненко не успеал да добие и кредит од Бугарија.

Офицерскиот дом е со рок за изградба до 2022, додека соседниот деловен комплекс до 2023 година.

Мајка Тереза“ чека идеи



Уште едно градежно плашило оковано со скелиња и обраснато со треви и со грмушки е недоградената скулптурална композиција „Мајка Тереза“, која ја блокира самата улица меѓу „Мериот“ и градбите на Самсоненко. Подигната е само портата, на која зад скелињата може да се видат релјефи врз бела фасада.

Работната група за „Скопје 2014“, формирана од актуелната власт, заклучи дека и споменикот на „Мајка Тереза“ е дивоградба, меѓутоа владата одлучи да не се руши. Поевтино било да се пренамени.

Последната информација за неговата судбина е дека во февруари, Министерството за култура добило задача да објави конкурс на кој би се нашла идеја за пренамена.

Меѓутоа, конкурсот сѐ уште не е распишан. Од Министерството за култура, за БИРН велат дека тоа ќе го направат на почетокот од следната година.

Споменикот требаше да го гради Субрата Рој, меѓутоа откако пропаднаа неговите инвестиции во Македонија, објектот вреден околу пет милиони евра падна врз грбот на Министерството за култура.

Министерството за БИРН открива дека потрошило 2,9 милиони евра за она што досега е изградено.

https://prizma.mk/skopje-2014-pod-mraz-od-2017/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6479 Posted: 12-Feb-2020 at 23:20


Trump’s Bizarre Plan to Make Architecture Classical Again

(...)

That flow may soon be reversed. As first reported by Architectural Record and confirmed by The New York Times, the Trump administration is considering an executive order that will direct that U.S. government buildings with budgets greater than $50 million be designed in classical and other traditional styles. A draft document retains Moynihan’s ringing phrase about “dignity, enterprise, vigor, and stability,” but stipulates that “the classical architectural style shall be the preferred and default style.” All federal courthouses and federal buildings in and around Washington, D.C., would have to follow the work of Greek and Roman architects and their emulators in subsequent centuries. The late-20th-century Brutalist and Deconstructivist styles, meanwhile, would essentially be banned from the federal projects covered by the order. The restriction would apply to renovation and expansion projects as well as new buildings.

(...)

https://www.theatlantic.com/ideas/archive/2020/02/trumps-plan-make-architecture-classical-again/606286/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4978
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6480 Posted: 27-Feb-2020 at 17:37
Шилегов: Ќе има одговорност за ова лудило



Деновиве, скопскиот градоначалник Петре Шилегов најавува дека сериозно ќе се зафати со решавање на спомениците од проектот „Скопје 2014“. Тој денеска и на својата фејбук-страница напиша дека штетите од невремето од кое настрадаа повеќе фасади на згради од проектот „Скопје 2014“, се причина повеќе за оние кои се сомневалe дали треба да се реши „Скопје 2014“.

– Да се разбереме. „Скопје 2014“ мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите. И да, конечно ќе има одговорност за ова лудило – пишува Шилегов.

Запрашан зошто токму сега тоа го прави, Шилегов одговори дека има моменти врзани со проектот „Скопје 2014“ кои во последно време ги става во фокусот на јавноста. Според него, првиот момент е исклучиво правно-политички.

– Со носењето на Законот за Јавно обвинителство конечно во државата се обезбедија услови да се продолжи истрагата за проектот „Скопје 2014“ од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Тоа беше стопирано и знаете дека повеќе од две години имавме сериозна битка и во Собранието да биде обезбедена правдата. Сега се создадени правни услови за прогон на сторителите на овој брутален чин врз нашиот град, но и со сериозни индиции за криминален чин. Очекувам дека ќе продолжи правната разврска и решавање на проблемот со „Скопје 2014“ и од друга страна конечно да се разрешат некои дилеми што ги имаше за носење на политичка одлука како да се постапува – објасни Шилегов.

Моите очекувања се дека новата Влада ќе се врати кон оригиналните начини на решавање на овој проект, а тоа е да се послушаат советите од работното тело што беше формирано од страна на Владата и оваа дивоградба, бруталното силување на Скопје конечно ќе се санира на соодветен начин – уверен е Шилегов.

Тој додаде дека природата во средата вечер на чуден начин покажала колку малку е потребно да се уништат материјални добра и да се загрози здравјето на луѓето при ветер од времетраење од 4 до 5 часа со брзина од над 70 километри на час.

Шилегов се надева дека новата Влада ќе изнајде материјални средства да ги извади и бродовите од коритото на Вардар.

https://www.vecer.press/шилегов-ќе-има-одговорност-за-ова-луди/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 322323324325>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.887 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.