build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 325326327328>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6521 Posted: 04-Oct-2020 at 14:26
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6522 Posted: 06-Oct-2020 at 01:23

краток поглед кон иднината:
годината е 2090та, Грчев и Вангел сеуште се главни фактори при дебати за архитектура и урбан развој
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6523 Posted: 20-Oct-2020 at 06:45
Општина Центар или Министерство за култура? – Кој треба да ги руши Триумфална и Мајка Тереза?



https://tv21.tv/mk/opshtina-tsentar-ili-ministerstvo-za-kultura-koj-treba-da-gi-rushi-triumfalna-i-majka-tereza/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6524 Posted: 22-Oct-2020 at 21:23
леле човече аман, или рушете ги или не ги рушете, дај да го поминеме ова и да се занимаваме со нешто побитно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6525 Posted: 22-Oct-2020 at 21:29
Ова го фураа како главна тема го издигнаа на највисоко ниво пред месец дена па полека спласнаа работите поточно се изгубија во ингеренции и некои правни лавиринти како и секогаш па сега ептен ретко по некој портал повторно го поттикнува прашањето. Исто и за Универзална и други слични теми актуелни се едвај 10-15 дена и после наеднаш спласнуваат дури некои паѓаат и во заборав. Слободно нека си одлучат што ќе прават и нека постапат веќе еднаш ако имаат намера да рушат ако не тогаш најавиве веќе не се интересни.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6526 Posted: 02-Dec-2020 at 18:34
ДА НАПРАВИМЕ ПАРК СО СПОМЕНИЦИТЕ ОД „СКОПЈЕ 2014“, ОД ОСТАВНИНАТА НА МАЛИОТ ДИКТАТОР, КАЖА ШИЛЕГОВ

Градоначалникот Петре Шилегов не се откажува од намерата спомениците од проектот „Скопје 2014“ да се отстранат, но сега предлага да се направи мементо парк и таму да се дислоцираат. Според градоначалникот Шилегов ваков парк може да се направи на местото на дивата депонија во Општина Ѓорче Петров, која неодамна беше исчистена и на тој начин просторот ќе се заштити од повторно уништување.

„Мораме да биде внимателни, да не предизвикуваме нови поделби и револт во општеството. Треба да имаме меѓусебна почит без разлика дали некому му се допаѓа ‘Скопје 2014‘ или не. Скопје не е град како што сега изгледа центарот, ниту бил, ниту некогаш ќе биде. Но, мора да почитуваме дека некои луѓе сакаат тоа да го гледаат и со ваков парк ќе им го овозможиме тоа. Да не бидеме брутални во отстранувањето туку да имаме еден општествен помирувачки процес“, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција за заедничка инспекциска служба со скопските општини.

Шилегов посочи дека ваков мементо парк има направено во Будимпешта, Унгарија, каде се поставени сите статуи од комунистичкиот период на Унгарија од 1949 до 1989. Во паркот има статуи на Ленин, Маркс и Енгелс, како и на неколку од унгарските комунистички водачи.

„Зошто и ние да не направиме еден парк со оставнината на еден мал диктатор“, рече Шилегов.

Шилегов кажа дека Град Скопје во моментов работи на отстранување на четири споменици кои се донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадици и Крушоради, а не се платени на леарницата.

Од целиот проект „Скопје 2014“ кој сегашната власт како тогашна опозиција жестоко го критикуваше отстранет е само споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој Град Скопје го тргна од пред комплексот судови во март 2018.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/da-napravime-park-so-spomenitsite-od-skopje-2014-od-ostavshtinata-na-maliot-diktator-kazha-shilegov/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6527 Posted: 02-Dec-2020 at 20:27
Не сфаќа дека темава контраефект може да има. Споменици ќе трга при историско негирање до 1944. Интересно.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6528 Posted: 02-Dec-2020 at 21:39
Може тоа и е намерата. Еве за китењето на плоштад во криза изговорот е дека "несмеело на децата да им се одзема радоста" а у суштина радоста само за некој со тендер за китење. Така и тука, умешност е тоа во политиката да се спроведе задна намера под некое емотивно пласирање на алтернативен изговор.

Да спомениците треба да се дизперзираат по плоштади и кружни текови во други населби и градови, најчесто оние места кои се најмногу поврзани со ликовите, на пример Гемиџии во Велес, АСНОМ или Карпош во Куманово (каде плоштадот сеуште се вика Југославија), Цар Самоил во Прилеп, Охрид или Струмица, по тој терк да иде преселувањето. Ама ова не е период за тоа, друг пат, сега за да нема сомнеж не треба да се чепка моментално додека не се реши ова со Бугарија, кое се надевам нема да се завлечка со години.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6529 Posted: 02-Dec-2020 at 22:07
Последниот пасус добро говори за тоа колку се брзи...само еден споменик е отстранет а милион најави има за рушење и преместување 3-4 години па веројатно така ќе остане и сега,искрено не верувам дека ќе отпочнат со таков потфат,цела година им пројде и со галиите па ете ги сеуште стојат. Ако навистина сакаа досега можеа многу работи да се променат и да не се изнаоѓаат изговори во мораториуми,гуп и дуп,правни лавиринти итн итн. Само периодично пуштаат по некоја вест која кружи недела-две и ништо повеќе.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #6530 Posted: 03-Dec-2020 at 06:20
На Шилеговача сега му текна на некој месец пред истек на мандат, каде нити еден капитален проект не изгради...бар тоа што дојде на бран на антиСкопје02014 незадоволство да го испоштуваше и да корегираше нешто од проектот, ни тоа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6531 Posted: 03-Dec-2020 at 11:36
БОГДАНОВИЌ ЧЕКА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА СТЕФОСКА ДА КАЖЕ ШТО ЌЕ СЕ ПРАВИ СО ПОРТАТА И СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА

Општина Центар чека Министерството за култура да каже дали ќе се избришат маркичките за споменикот на Мајка Тереза и Порта Македонија од новиот Детален урбанистички план (ДУП) Мал ринг. Општина Центар, каде се работи на изработка на новиот план, испратила писмо до Министерството официјално да им одговорат каков е нивниот став за овие објекти и што ќе се прави со нив. Градоначалникот Саша Богдановиќ бара министерката Ирена Стефоска да даде став по ова прашање, бидејќи тие објекти се под надлежноста на Министерството за култура.

„Испратени се писма во неколку институции, бидејќи станува збор за комплексен план, не само за одговорности и надлежности на Општината, туку и на државата и на Град Скопје. Очекуваме соодветни одговори од нив за да знаеме како да постапиме со објектите кои не се под наша надлежност, како што се Портата Македонија, споменикот на Мајка Тереза и галиите во Вардар“, вели Богадновиќ, кој се надева дека до крајот на декември ќе ги добијат одговорите, со што планот ќе биде затворен од нивна страна и предаден на одобрување во Град Скопје и Министерството за транспорт и врски.

Во однос на галиите одговор треба да се добие од Град Скопје, за што градоначалникот Петре Шилегов вели дека тој останува на ставот дека тие треба да се избришат и да се урнат, за што е почната постапка. Иако Шилегов најавуваше дека есенва две од трите галии ќе се тргнат од Вардар тие не се чепнати, бидејќи како што објаснува, сè уште траат судските постапки по жалбите на сопствениците.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bogdanovik-cheka-ministerkata-za-kultura-stefoska-da-kazhe-shto-ke-se-pravi-so-portata-i-spomenikot-na-majka-tereza/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6532 Posted: 07-Dec-2020 at 18:42
Богдановиќ ја чека Стефоска, а таа го чека него – никако да се договорат за Триумфална порта и куќата на Мајка Тереза



https://mk.tv21.tv/bogdanovik-ja-cheka-stefoska-a-taa-go-cheka-nego-nikako-da-se-dogovorat-za-triumfalna-porta-i-kukata-na-majka-tereza/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6533 Posted: 22-Dec-2020 at 22:58
Треба ли коментар?

Originally posted by BBC


US President Donald Trump has issued an order that future federal buildings across the country must be "beautiful", and preferably built in a classical Greek, Roman, or similar style.


Trump order: New federal buildings must be 'beautiful'

Edited by гитардемон - 22-Dec-2020 at 22:58
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6534 Posted: 15-Mar-2021 at 08:35
ШИЛЕГОВ ТРИ ГОДИНИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРОДАДЕ КОЊИТЕ НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ЗА „СКОПЈЕ 2014“

Град Скопје не може да ги продаде коњите липицанери што ексградоначалникот Коце Трајановски ги купи за разгледување на проектот „Скопје 2014“. Двата липицанери Монтоја и Сигојно беа купени во 2013 од Грција, а кочијата беше набевена од Полска и чинеа вкупно околу 40.000 евра.

По доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов проектот беше укинат и коњите од тогаш стојат во штала кај бараките на ЈП „Паркови и зеленило“, на крајот од Градскиот парк. Вработени во претпријатието се грижат за нив оти обидите да се продадат се неуспешни.

„Имавме два обида да ги продадеме ама никој не ги сака. Цената по која ги нудевме за еден коњ беше 18.000 евра, а кочијата и целата опрема 5.300 евра. Сега повторно чекаме да се направи проценка, да ја спуштиме цената и да се обидеме пак да ги продадеме“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Неколку пати коњите и кочијата изминативе три години биле изнајмувани за свадби за младенците со кочијата да одат на венчавката или за фотосесија.

Град Скопје пред три години проектот или турите со пајтонот низ Плоштад ги укина бидејќи не биле рентабилни. Годишно за работата на пајтонот и за двата липицанери од буџетот на Град Скопје како субвенции се одвојувале 100.000 денари. Од кога почнал со работа пајтонот па до крајот на 2017 година за него биле потрошени 10,7 милиони денари, а остварениот приход од наплата на карти бил само 1,2 милиони денари.

[URL= ]https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shilegov-tri-godini-ne-mozhe-da-gi-prodade-konite-na-kotse-trajanovski-za-skopje-2014//URL]
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #6535 Posted: 30-Mar-2021 at 23:27


Edited by kiriOK - 30-Mar-2021 at 23:28
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6536 Posted: 08-Jun-2021 at 07:00
(ВИДЕО) Четири години по смената на власта, шајка не му фали на „Скопје 2014“ – зошто?



https://360stepeni.mk/chetiri-godini-po-smenata-na-vlasta-shajka-ne-mu-fali-na-skopje-2014-zoshto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6537 Posted: 13-Jun-2021 at 16:39
Ревизијата на контроверзниот проект „Скопје 2014“ остана во заборав

Ревизијата на контроверзниот проект „Скопје 2014“ остана во заборав. Иако Владата вети дека ќе ги отстрани дивите споменици од скопскиот плоштад, тоа не се случи. Советникот на премиерот Зоран Заев за урбанизам и градежништво Мирослав Грчев, кој е координатор на работната група за разгледување на проектот, вели дека надлежните институции немаат политичка волја да постапуваат според нивните елаборати.

Архитектите велат дека поставувањето на спомениците на плоштадот е направено надвор од сите стандарди и направени се бројни правни прекршоци. Тие инсистираат на тоа дека треба да се отстранат илегалните споменици.

„Овој проект создаде контексти од историска, градежна, урбана, културна и политичка природа. Архитектонскиот и урбаниот стил на зградите не соодветствува на реалноста што постои во овие краишта со векови и не е наменета за соодветно зеленило во просторите на плоштадот. Големата густина на објектите на многу кратко растојание едни од други создаде средина со голем број објекти во област со мала површина”.

Министерот за култура во 2017 година формираше работна група за ревизија на проектот „Скопје 2014“. Работната група во елаборатите препорача отстранување на околу 30 споменици и 16 фасади на разни градби во барокен стил.

https://alsat.mk/mk/revizijata-na-kontroverzniot-proekt-skopje-2014-ostana-vo-zaborav/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14159
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6538 Posted: 12-Jul-2021 at 12:07
Фото репортажа од состојбата на зградите и спомениците од овој проект, една деценија подоцна (мора да се посети линкот, не може да се копираат сликите):

https://prizma.mk/raspaganeto-na-skopje-2014/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6539 Posted: 13-Jul-2021 at 09:56
Originally posted by Џоле

Фото репортажа од состојбата на зградите и спомениците од овој проект, една деценија подоцна (мора да се посети линкот, не може да се копираат сликите):

https://prizma.mk/raspaganeto-na-skopje-2014/










https://www.facebook.com/prizma.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6540 Posted: 23-Jul-2021 at 11:19
https://prizma.mk/nedoizgradeniot-barok-od-skopje-2014/?fbclid=IwAR3u9FYLXDYuWQaGxhlvxGjiGzAXJx18Dh4RKPst4yBomejMHiC16e1_R_k

11,5 години поминаа откако првпат се појави идејата на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ да направи интензивна и офанзивна „градска градежна хирургија“ во срцето на Скопје. Изгледаше неостварливо и многумина не веруваа дека ќе се реализира. Проектот „Скопје 2014“, по кој македонската метропола беше прогласена за европска престолнина на кичот уште се гради.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 325326327328>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.031 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.