build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кеј на река Луда Мара - Кавадарци

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кеј на река Луда Мара - Кавадарци
    Posted: 28-Dec-2009 at 01:11

Се скротува и разубавува Луда Мара

Се уредува и разубавува Кејот на реката Луда Мара, која Кавадарци го дели на два дела. Според информациите од локалната самоуправа, левата страна од кејот ќе биде шеталиште, а десната ќе биде за велосипедистите и ролеристите. Работниците деновиве работат турбо, а кавадарчани се задоволни од новиот изглед што и' го даваат на Луда Мара. Надлежните велат дека уредувањето на кејот има две функции - естетска, но и корисна, бидејќи со интервенциите ќе се скротат водите на реката, која може да полуди кога е невреме. За новата руба на Луда Мара, Кавадарци реши да ги потроши европските пари што ги доби како награда за најдобар проект.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=58946A57EEC4C3429A319768AF21DEF6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Dec-2009 at 01:14
Биваше ли ова со коцки да го редат?! Па за некоја година ќе се деси у таква водена околина да неможе да се натапкаат и легнат убацо коцките и што ако некоја се откачи (а ќе се откаче) па после од тука ќе почне да се одкажуваат една по една. И што ако се соберат после на купче на некој "џеб"?! Имам доста сомнеж дека ова, ај што вака не личи, него и не ми изгледа како логично решение. Ако може некој нека прати слика од река што е вака досега регулирана па да ми го разбие сомнежов!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Feb-2010 at 01:52

Фуере прошета крај Луда Мара

Евроамбасадорот Ерван Фуере завчера се прошета по новоизградениот кеј на реката Луда Мара во Кавадарци и беше задоволен од тоа како локалната самоуправа ги потрошила европските пари што ги доби како награда за најдобар проект.

Со реконструкцијата на коритото на реката што го дели градот на два дела, општинарите велат дека постигнале две цели. Го разубавиле градот, но и ги скротиле водите кои знаат да бидат и премногу диви. (С.Д.)


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A27FDB427F4FC4FB8BC03227D54A9B3

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Feb-2010 at 02:11
хм , мостов нема ограда ? којзнае ај постари нема опасност за нив ама деца и тоа како може да настрадат минувајки го мостот 
www.realmadrid-mk.blogspot.com
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Feb-2010 at 03:59
закон мост, јасно треба некоја исто минималистичка ограда, но во секој случај како форма е екстра појава, иако малку бидејќи е метал и баш не се вклопува со каменото корито на реката! вакви мостови најдобро ќе беше да имаше на вардар, по еден од страните на камениот мост и пријатно, наместо тоа мостот-око и мостот на цвеќето, и од другата страна мостот за театарот... ќе легнеа доволно корисно за да се зачува визурата на камениот мост, а воедно да се направи пристап до новите објекти! но тоа е тоа без дебата и со комисиска одговорност на двајца без тројца, повеќе од јасно е каков проект ќе победи на конкурс! 
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Feb-2010 at 10:31
http://ec.europa.eu/enlargement/archives/ear/tenders/main/documents/TD_06MAC0106004_ReportClarificationMeeting.pdf


Привршуваат градежните работи на кејот

Посочени неколку пропусти, кои изведувачот ИМАКО ќе треба да ги отстрани. Претставници на Канцеларијата на Европската Унија во Скопје надлежни за проектот изградба на Кеј во Кавадарци, во придружба на надлежни лица од секторот за комунални работи на Локалната Самоуправа Кавадарци извршија обиколка на градилиштето кое е во завршна фаза.

Комисијата за време на едночасовната обиколка на целокупното градилиште констатираше неколку пропусти во изградбата како и мали отстапувања од планот. По посетата беше направен записник каде се внесени сите забелешки, а во наредниот период изведувачот „Имако“ ќе мора да ги отстрани до предавањето во употреба на  кејот. Во тек е постапка за довршување на преостанатите 130 метри на делот од пешачкиот мост до мостот  „Белка“. Пари ќе се обезбедат од фондот за води  по што за многу кратко време целата должина на регулираниот градски кеј од „Дрвениот мост“ до мостот „Белка “ ќе биде ставен во функција на граѓаните. Инаку постои можност да се доградат дополнителни педесеттина метри на почетокот од новиот Кеј кај старата детска градинка.

Иако недоизграден, новиот кеј е прекрасно шеталиште кое масовно го користат сите категории граѓани.

Деновиве фирмата „Горан“ од Кавадарци која ги изработи клупите и корпите за отпад, ја финишираше и изградбата на првиот   пешачки мост со кој се премостува малото односно внатрешното корито на реката. Според планот на потегот од мостот кај јаворот до мостот „Белка“ каде завршува шеталиштето ќе бидат изградени уште два мали пешачки моста.

Пред:





После:








http://www.kavadarci.gov.mk




Edited by Makedonij - 28-Feb-2010 at 16:35
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-May-2010 at 22:55
Свечено ставен во функција новиот кеј во Кавадарци

Во присуство на амбасадорот на Европската Унија во Македонија Ерван Фуере, министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи и градоначалникот Александар Панов, денес во Кавадарци беше пуштен во употреба реконструираниот кеј на реката Луда Мара во должина од околу 2 километри. Со овој проект покрај средување и облагородување на просторот се изврши и регулација на коритото на реката чии води неретко знаат значително да надојдат. Изградбата ја помогна Европската Унија со 250 илјади евра, пари кои општината ги доби како награда за најдобар проект, додека локалната самоуправа учествуваше во финансирањето со 40 илјади евра.

Главен изведувач беше гостиварската фирма Имако, а во изградбата и поставувањето на урбаната опрама учествуваа и локални фирми, меѓу кои и Метал Инвест која со своја механизација бесплатно изврши голем дел од земјените  работи. Се најавува скоро довршување и на преостанатите 1.309 метри низводно од мостот Белка, со пари од Фондот за води во висина од 65 илјади евра. По завршување на работите ќе биде воведен видео надзор и бесплатен безжичен интернет, како и разни забавни содржини за младите.



http://www.build.com.mk/?p=3229
Back to Top
^Strela^ View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ^Strela^ Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-May-2010 at 21:17
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-May-2010 at 23:10


Многу убаво  Cheers

Фали само уште хортикултурно уредување, ама претпоставувам секако не планираат да ја остават земјата онака.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-May-2010 at 23:26
Мене ми фалат огради инаку убаво е уредено... Навистина е чудно покрај ваков тесен кеј, да нема огради, туку тротоари...
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-May-2010 at 16:26
Напишано од Wishmaster on Недела, 09 Мај 2010 13:05   

Синоќашното 20 минутно невреме ја здиве Луда Мара. Брзиот тек и татнежот од цефките кои ја носат водата од атмосферските канализации во реката создаваа застарашувачка атмосфера.Еве како тоа изгледаше низ слики

 

 

 

 

 

http://kavadar4e.com

Edited by Makedonij - 24-May-2010 at 16:27
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-May-2010 at 23:41

кејот без трева и дрвца не го бива па мајка јана нека е, ич не е по мој вкус.....а и течението на реката не е уредено стручно јас како шум. инг. доволно стручно можам да констатирам дека хидроинжинерот не си ја знае работта или па немало таков профил у гостиварската фирма шо ја изведи регулацијата......Bash


по течението нема прегради за запирање на талогот, тоа е прво и основно и оние скалила јак слободно така ке ги наречам не се никаква пречка за ерозивните дејствија на водата....при поголеми води 50 или 100 годишни јас се обложуам дека ќе го нема и ова шо е така речено направено, а и до сеа се виде неколку пати како реката донесе камења големи и со пречник над 60 см, нека се запрашат стручните зашо е тоа такаApplause

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Jun-2010 at 09:01
Дали ке го сметаме проектот за завршен....?

Официјално пуштен во функција градскиот кеј
Вторник, 04 Мај 2010 15:16

secenje_lenta_kejotКавадарци денес и официјално го доби во употреба реконструираниот кеј во должина од околу 2 километри . Проект со кој покрај средување се изврши и регулација на речното корито на реката Луда Мара. Изградбата на новото градско шеталиште ја помогна Европската Унија со 270 илјади евра, а во финансирањето општината учествуваше со 2,5 милиони денари. Во функција објектот го пуштија амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

На свеченоста во пресрет на 60 годишнината од формирањето на унијата и пуштањето во функција на кејот , Евроамбасадорот Фуере потенцира дека симболично реката Луда Мара ги поврзува Кавадарци и Македонија со Европската Унија. “Хидроинжинерите велат дека изградбата на кејот е еден од начините за смирување на реката, па така покрај естетика имаме и функција“ рече градоначалникот Панов.

Градежните работи ги изврши гостиварската фирма “Имако“, а во изградбата и поставувањето на урбаната опрама учествуваа и локални фирми.

Кејот за кавадарчани стана привлечно место каде го поминуваат слободното време и имаат можност да се рекреираат, а од локална самоуправа најавуваат покривање на речното кроито со безжичен интернет и воведување на многу забавни содржини за младите.

Пред денешната церемонијаза пуштање во употреба на градскиот кеј градоначалникот Александар Панов приреди прием во неговиот кабинет за евро амбасадорот Ерван Фуере. Ангел Данов


http://www.ktv41.com.mk


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Jun-2010 at 10:48
Супер е кејот ме потсеќа малце на кејот во Струга,иако струшкиот малце по малце се уништува.
 
Браво за Кавадарци Applauseсе надевам што поскоро и Скопје ќе добие тоа што го заслужува.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Jun-2010 at 12:16
Originally posted by Makedonij

Дали ке го сметаме проектот за завршен....?

Веста е стара околу еден месец, но испуштено е да се каже дека претстојат уште работи. Ѕирни ја оваа вест:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=867&PID=64514#64514

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 06-Jun-2010 at 00:09
Ohno Damed, i miss that. Se izvinuvam.....Thumbs%20Up
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Jun-2010 at 01:48
1


2


3


4


5

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 03-Jul-2010 at 08:05
Сме го испуштиле овоа, пред изборни ветувања на градоначалникот за тој проект....
 
Проект: Речно корито
-
Уредување на кејот на реката со шеталиште и стази за велосипеди и ролери.




ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Nov-2010 at 08:41
Еве нешто материал пред обновата...и од целиот проект...

http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs174.snc1/6530_106726875641_99665190641_2255898_1345274_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs174.snc1/6530_106726880641_99665190641_2255899_8316346_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs174.snc1/6530_106726885641_99665190641_2255900_7941711_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/hs136.snc3/18372_265167170641_99665190641_3394046_5228318_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/hs156.snc3/18372_265167180641_99665190641_3394047_1057555_n.jpg

фб
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Nov-2010 at 20:17
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash2/hs457.ash2/73082_462342038393_833523393_5460981_5857670_n.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.062 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.