build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автобуски постојки и терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 03-Nov-2016 at 20:51
Originally posted by ehrlich

Јас навистина не знам што е ругањето на хартиените возни редови. Во Кајзерслаутерн, град од 100.000 жители (нешто поголем од Битола во наши рамки) имаше скромни автобуски станици со обичен хартиен автобуски ред, на кој ги пишува возните редови на ТАА станица со времето на ТАА станица, не како што ЈСП извади кога тргнувал автобусот од почетна станица, или како што пишува на интернет, или како што има на апликација.

Нас, патниците на ЈСП, не не интересира кога тргнал од почетна, туку кога ќе биде тука.


Секаде си има хартиени возни редови. Нели гледаш дека на памет зборат. Колку да се каже нешто. Поради желба да критикуваат се глупират а често не ни знаат што сакале да кажат.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 03-Nov-2016 at 21:45
Originally posted by ehrlich

Јас навистина не знам што е ругањето на хартиените возни редови. Во Кајзерслаутерн, град од 100.000 жители (нешто поголем од Битола во наши рамки) имаше скромни автобуски станици со обичен хартиен автобуски ред, на кој ги пишува возните редови ......


Истите тие возни редови се уште постојат и се актуелни... во Битола.    
Сите градски автобуси во БТ се немачки, па откако им помина ЕУР стандардот за Германија, се рециклираат кај нас.


Патем, нема попрактична работа од возен ред залепен на постојката на кој си пишува кога поминува автобусот на таа постојка. Исто така на секоја постојка треба да има и мапа на сите линии... прегледна! Нема нешто покорисно кога си прв пат во некој град, не знаеш ни јазик, нити како се вика сајтот на јавното претпријатие, нити имињата на населбите во тој град.
А системот на ЈСП каде го пишува само времето на тргнување од терминал е најглупиот систем воопшто, кој никаде го немам сретнато друго место. Не би ме изненадило да е македонски бренд.

Edited by hcitrS - 03-Nov-2016 at 21:45
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 08-Nov-2016 at 00:19
Па никој не рече дека воопшто несмее да има возен ред на постојките.Збориме од практичен и технолошки аспект, само што некој не дочитува што се дискутира

Модерни дисплеи со сите корисни информации ќе ни дојдат добро веќе од кога се купија нови автобуси и се воведуваат новини во плаќањето на билет.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 09-Nov-2016 at 17:09

Нова автобуска станица и три катни гаражи ќе се градат во Охрид


Охридската локална самоуправа најави реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти од интерес на градот, како што е нова автобуска станица и повеќе катни гаражи низ градот.

9 ноември 2016| 16:35




   

379866-ohrid-nudi-bogata-ponuda-na-alternativen-turizam

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска пред медиумите појасни дека изградбата на автобуската станица била условена од обезбедувањето на протебната документација.

– Деновиве е издадено правосилно одобрение за градба на автобуски терминал со компатибилни класи на намени. Со издавањето на овој документ се исполнуваат сите потребни услови за отпочнување со изградба. Согласно одредбите од договорот и одобрението за градба рокот за изградба на Автобуската станица е четири години, за кој период Охрид конечно ќе добие современа автобуска станица, достојна за еден туристички центар, информираше тој.

Тој најави дека во тек е обезбедувањето и документација за изградба на три катни гаражи, што би се граделе зад хотелот „Ривиера“, кај Спортскиот центар „Билјанини извори“ и кај градскиот пазар.

Што се однесува на реализираните проекти, Бакрачески информира дека досега се инвестирани 179 милиони денари во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација и одржување на улици со вкупна површина од 130.860 метри квадратни и дополнително уште пет кружни токови. Изградени се нови линии за атмосферска и фекална канализација во должина од 12.570 метри во вредност од над 89 милиони денари, а поставени се водоводни линии во должина од осум километри, во вредност од 25 милиони денари.
http://kurir.mk/republika/opstini/nova-avtobuska-stanitsa-i-tri-katni-garazhi-ke-se-gradat-vo-ohrid/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 10-Nov-2016 at 01:24
A be oti zaboraviv na ohridskite postojki. Ne znam dali ima sliki vo nishkava, no definitivno najdobri vo drzhavava. I mislam deka imaa haertieni vozni redovi, ili barem karti na gradot, ne se sekjavam.
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 303
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 14-Nov-2016 at 11:52
Новите постојки се убави, ама тоа не го менува фактот дека автобуската станица во Охрид е на ниво на селска станица. Жив срам за најголемиот туристички бисер во Мк.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 27-Aug-2020 at 15:50
Во скопската општина Аеродром поставена прва еко автобуска постојка во земјава од страна на Халкбанк







Во скопската населба Аеродром, на едно од најфреквентните места во главниот град, Маратон Груп ја постави првата еко автобуска постојка по нарачка на Халкбанк АД Скопје, како дел од иницијативата HalkEco. Постојката, лоцирана пред трговскиот центар Бисер е опремена со зелен и воедно одржлив покрив чија функција е природно прочистување на воздухот. Ова е прва и засега единствена автобуска постојка од ваков вид во земјава.

„Поставувањето на оваа еко постојка е дел од активностите на Халкбанк АД Скопје како придонес за заштита и зачувување на животната средина. Овие цели ги промовираме и се изразени преку целокупната HalkEco платформа, чиј дел е и апликацијата, а е во насока на поттикнување развој на здрави животни навики, зголемување на физичката активност, подигање еко свест и одговорно однесување кон околината“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

„Поставувањето на оваа еко постојка е дел од активностите на Халкбанк АД Скопје како придонес за заштита и зачувување на животната средина. Овие цели ги промовираме и се изразени преку целокупната HalkEco платформа, чиј дел е и апликацијата, а е во насока на поттикнување развој на здрави животни навики, зголемување на физичката активност, подигање еко свест и одговорно однесување кон околината“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

https://faktor.mk/vo-skopskata-opshtina-aerodrom-postavena-prva-eko-avtobuska-postojka-vo-zemjava-od-strana-na-halkbank
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 27-Aug-2020 at 17:57

не е поставена нова еко-постојка туку е нашлапана оригиналната со реклама и на стреата е ставена малце тревичка, што ќе се исуши во наредниот месец
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.