build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје - отворен или затворен град

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 646
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 14-Dec-2010 at 16:49
Тоа сто се слуцува не само со скопје туку и со другие градови е историски процес. Такви тенденции на миграција на населениот кон најголемиот град го имаат доѕивеано сите големи градови во Европа, мегу нив Лондон, Париѕ... Кај тие општества тој процес се одвивал пред 1 или 2 века. Тоа се вика економска густина на едно подрачје, пред некој ден зборував за тоа. Кај другите градови популацијата растела од 35 до 40% од целото население во дрзавата. Значи Скопје ке достигне ако веке нема достигнато 800000 или 900000 па потоа полека да опага.
Никаква административна пречка не мозе да го спречи овој процес. За зал нема врацанје, 250000 е идеал, но кој ке ги истера лугето, решение е инвестиции во инфрастгруктура и поврзување со приградските населби кои би примиле дел од мигрантите
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 14-Dec-2010 at 17:15
Се согласувам до точка со Ненад. До нас зависи како ќе ни бидат оргнизирани работите. Јас искрено сум разочаран од ова што го имаме денес.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 14-Dec-2010 at 17:24
Јас сум еден од оние кои се против тоа идеализирање на помало Скопје, напротив сум за (по)големо Скопје. Сум за рамноправен развој но најпрво треба да се размисли што ние очекуваме од него и колку нашите желби се реални.

На пример, доколку човек живее во Америка се знае дека доколку сака сериозно да се занимава со информатички технологии, врвна цел треба да му биде да си го најде местото во силиконската долина. Доколку чека силиконската долина да дојде кај него, во малото гратче во преријата во Канзас тоа нема да се случи и може цел живот да кука како Сан Франциско неприродно нараснал додека не се стимулирала канзашката провинција.

Значи, мора да се идентификува кои развојни гранки се реални, природни и одржливи за македонските градови и подрачја. Во Струмица, тоа е очигледно земјоделието, во Охрид тоа е туризмот и така натаму. Тие гранки треба сериозно да се подржат и да се усмери и миграција Скопје => остаток на Македонија за секој кој сака да има иднина во дотичните гранки, но никако не смеат да се прават вратоломии за по секоја цена да се расели Скопје и насели Мариово на пример.

Дополнителен, вештачки стимул може да се даде со релокација на дел до јавната администрација во некој град, но генерално не сум склон кон таа опција бидејќи мислам дека јавната администрација, особено за мала земја како Македонија треба да е ефикасна, концентрирана и ефтина.

Друга работа е што Македонија сеуште се гледа себеси низ призмата на демографијата со која располагаме а не како држава која треба, може и мора да привлекува имиграција особено ако сме решени еден ден да бидеме дел од еден отворен систем како ЕУ. Скоро во Словенија беше избран првиот црн градоначелник (мислам дека беше на Копар) а во Полска само што беше избран првиот црн парламентарец. Нив ги давам само како примери, но Македонија треба да научи да привлекува луѓе да се доселуваат тука и да го стимулираат развојот и во малите градови но и во Скопје. Дали се работи за британски пензионери кои бараат ефитина и топла дестинација за да ја минат староста, луѓе од третиот свет кои бараат подобра шанса и за кои можеби и Македонија е прилика или нешто друго... Се треба да се биде на маса.

Скопје пак треба од петни жили да се се труди да нарасне како економски центар, да ја консолидира позицијата на голем и битен град и да се се труди тоа да го надгради. Од таа причина ја отворив и темата за глобални градови, да ги дискутираме начините и можностите за такво нешто.

Немојте да имате илузија дека големината нема значење. Љубљана можеби е статистички мал град, но реално нејзината метро регија привлекува огромна дневна миграција која ги храни сите тие силни компании лоцирани таму и  го овозможува нејзиниот статус на битен глобален град и многу битен регионален град.

За тоа треба да се има цели, стратегија и посветена работа. Во тој контекст секогаш ми паѓа Велес прв на памет. Велес е град што никако неможе да се оправи од распадот на СФРЈ и падот на градот како индустриски центар. До сега 100 пати требаше да се направи план да се надгради железницата до таму, да има достапен транспорт буквално на 15 минути во текот на целиот ден што ќе овозможи дневна миграција во двата правци, ќе стимулира вработување на Велешани во Скопје но и преселба на Скопјани во Велес (каде со скопскте примања сепак ќе ни биде доста поисплатливо да купиме стан, плац и да ги покриваме тековните трошоци).


Edited by pbanks - 14-Dec-2010 at 17:30
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 646
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 14-Dec-2010 at 17:32
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 646
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Dec-2010 at 17:50

Прво да се извинам за фонтот во мојот претходен пост, постојано менувам компјутери па ми се поткрадна грешка при менувањето на истиот, а и пишував на пауза па не обратив внимание. Многу интересна е оваа тема, најдов време и да ги ѕирнам останатите постови, а вниманието ми го одвлече говорот на проф. Силјановска

Професорката на Правниот факултет, Гордана Силјановска, рече дека им се лутиме на Грците што така не' нарекуваат, но факт е дека Скопје е Македонија, а Македонија е Скопје. Отвореноста подразбира градот да биде отворен за разни комуникации со други градови, регионот или со светот. Но, се случил парадокс. Откако кон метрополата биле припоени и други општини, со цел да се урбанизираат, се случило спротивното - Скопје се рурализирало.

- Скопје е слика на политичка моќ. Граѓаните никогаш немале влијание, туку на ноќни сеанси, со политички критериуми, на градот беа припоени три, седум, десет општини. Отсуството на регионална политика за рамномерен развој нужно води кон егзодус и девастација на Македонија. Сите патишта водат кон Скопје - рече професорката Силјановска.

Акцент беше ставен на тоа дека градот не го уништи земјотресот во 1963 година, туку социјалниот земјотрес во 1990 година. Луѓето не можеле да бидат запрени да доаѓаат во потрага по работа. Силјановска ги прозва министрите, кои работат во Скопје, да се вратат во своите градови и од нив да направат Македонија, затоа што етичка обврска (?!) им е да ги развиваат градовите од кои доаѓаат, а не да остануваат во метрополата.


Какви глупости! Не личи на еден професор да тропа вакви работи од ракав! Барем може да се прочита нешто пред да дојде на трибина. Дали таа има намера да гради политика кариера, бидејки говорот на тоа ми упатува. Се сложувам со тоа дека не е проблемот што Скопје има толку жители. Многу градови во светот се борат да донесат луге. Проблемот е што тој не е подготвен да прими толку луге. Наместо да се крева галама дека градот е загушен, треба да се бара начин да им се овозможи на тие луге пристоен живот и работа. Како што реков тоа е еволуција на градовите, само проблем е што нас тоа предоцна ни се случи. 

Помина времето кога во социјализмот се градеа фабрики во внатрешноста. денес никој приватен инвеститор, (будејки државата се тргна од пазарот и не гради фабрики) нема да отвори погон некаде каде нема сообракајници, обучена работна сила, близина на пазарот итн. Тоа може да се случи само ако таксите и даноците во помал град значително се помали од големиот град. 

Исто така, мислам дека Љубљана не може да се споредува со СК, не мислам дека таа станала забранет град со декрет, туку паметните политичари и урбанисти во Словенија изградила инфраструктура која ја поврзува со околните помали места, таму ги намалила таксите, а ги зголемила во Љубљана, а тоа овозможило да не е проблем на пр од Птуј да се доага на работа во главниот град. Тоа е рецептот. Овде на форумот најдувам попаметни мисли и решенија од многу професори во Мак.


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 14-Dec-2010 at 18:01
Ама, пбанкс. Македонија е 2 милиони. Скопје е ненормално да биде над милион. И да биде нормално, сепак прво треба да се обезбедат услови, па потоа да се зголеми. Вака ништо не правиме. Кога се шетам низ град... Не е тоа што треба да биде. Некако ми создава чуство на незадоволство. Не зборувам за луксузи. Зборувам за неопходни работи кои му се потребни на еден град. Па и немора да е град. Се работи за многу мали работи, кои дали ние навикнати не ги забележуваме, но во секој случај не е тоа што треба реално да биде.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 14-Dec-2010 at 18:54
Originally posted by nenad

Исто така, мислам дека Љубљана не може да се споредува со СК, не мислам дека таа станала забранет град со декрет, туку паметните политичари и урбанисти во Словенија изградила инфраструктура која ја поврзува со околните помали места, таму ги намалила таксите, а ги зголемила во Љубљана, а тоа овозможило да не е проблем на пр од Птуј да се доага на работа во главниот град. Тоа е рецептот. Овде на форумот најдувам попаметни мисли и решенија од многу професори во Мак.


Да си жив и здрав, тоа е магичната тајна на Љубљана, ништо повеќе Cheers

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-Dec-2010 at 19:02
Originally posted by FoSsiL

Ама, пбанкс. Македонија е 2 милиони. Скопје е ненормално да биде над милион. И да биде нормално, сепак прво треба да се обезбедат услови, па потоа да се зголеми. Вака ништо не правиме. Кога се шетам низ град... Не е тоа што треба да биде. Некако ми создава чуство на незадоволство. Не зборувам за луксузи. Зборувам за неопходни работи кои му се потребни на еден град. Па и немора да е град. Се работи за многу мали работи, кои дали ние навикнати не ги забележуваме, но во секој случај не е тоа што треба реално да биде.


Покажи ми каде постои тоа правило каде дефинира соодност на град:држава?

Колкава е Атина спрема Грција. Уште подобро, бидејќи се работи за поголема земја, колку е (Атина+Солун+Патра) спрема Грција.

Погледни ги балтичките главни градови. Особено Талин и Рига и спореди ги со Естонија и Латвија.

Едноставно, не ја гледам населеноста на Скопје како клучен проблем, туку континуираната неодговорност на властите и неследењето на трендовите и потребите. И понатаму сакаме да глумиме мало градче составено од маала, но едноставно не сме тоа, голем град сме и треба да се однесуваме како таков. Затоа властите треба да престанат целиот градски развој да го туркаат низ призма на некакво идеализирано идилично Скопје од нивната младост, туку да се зафатат со реализација на крупни проекти кои ќе го доведат градот на место и ќе овозможат предуслови за развој. Доволно е да ги прочитаат постовите на Андреј ЛЈ и имаат полни раце работа за следните 20 години.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Dec-2010 at 20:00
Теоријата на затворен град доаѓа од кругови кои се одговорни да одгоорат на потребите на своите граѓани во сообраќајници, во железница и својата немоќ ја пополнуваат со вакви теории. не се тие виновни што не одговориле на потребите, не се бара грешката кај себе, туку граѓаните се криви што се доселиле. Тоа не проаѓа, ниту па теоријата дека Скопје е проектирано на триста илјади. немам ли денеска урбанисти што ќе го препроектираат градот според потребите. И конечно веќе со Велес незнам сега како има возови и колку е статистиката на патници Скопје-Велес, но мора да се стимулира создавање некоја метрополитен зона, иако сме далеку од тоа со Велес, со изградбата на автопатот према Штип ја гледам како идеја во тој правец.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4882
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 14-Dec-2010 at 20:08
Добра идеја, тоа што рече за оддалеченоста на Велес нема толку голема врска, колку што има врска малиот број на населени места меѓу Скопје и Велес, и малиот број на жители во тие малку места. Единствен приближен пример на „метрополитенска зона“ во Македонија би рекол е Тетово-Гостивар, и сите селца покрај стариот пат. Но таму економскиот бенефит не бил причината, бидејќи економски бенефит од таа англомерација воопшто нема, и покрај тоа што селата имаат по барем 3000 жители, пак се зафрлени и закржлавени. Можеби во иднина.

А што се однесува до темава, најголем фактор за бројот на жители на Скопје се животните услови во остатокот на државата, колку и да е парадоксално.

Edited by гитардемон - 14-Dec-2010 at 20:09
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 14-Dec-2010 at 20:21
Originally posted by lslcrew

Теоријата на затворен град доаѓа од кругови кои се одговорни да одгоорат на потребите на своите граѓани во сообраќајници, во железница и својата немоќ ја пополнуваат со вакви теории. не се тие виновни што не одговориле на потребите, не се бара грешката кај себе, туку граѓаните се криви што се доселиле. Тоа не проаѓа, ниту па теоријата дека Скопје е проектирано на триста илјади. немам ли денеска урбанисти што ќе го препроектираат градот според потребите. И конечно веќе со Велес незнам сега како има возови и колку е статистиката на патници Скопје-Велес, но мора да се стимулира создавање некоја метрополитен зона, иако сме далеку од тоа со Велес, со изградбата на автопатот према Штип ја гледам како идеја во тој правец.


Мене оваа теорија никогаш не ми била јасна и прилично сум убеден дека се работи за уште една чаршиска теорија.

Како проектираш град за 200 или 300 илјади луѓе? Дали Токио некој го испроектирал за 35 милиони луѓе колку што е денеска? Град е динамична работа и динамиките околу неговиот развој со премногу комплексни за некој да му одреди точна бројка туку така.

Не гледам каде отиде кон Штип сега, Скопје си има природна зона на гравитирање со Тетово, Куманово и Велес. Инфраструктурата е во голема мерка веќе тука, се што треба е користење на таа инфраструктура како што треба.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 14-Dec-2010 at 20:33
Па не го сместив јас, реков дека во тој правец го толкувфам патот до Штип, ппатно до Свети Николе. Ова практично и ќе го создаде првиот јазел посериозне на автопати во оној траголник околу Аеродромот и прво место во Македонија каде посериозно се чувствува она што на пример е цело околу големите градови, на пример околу Солун, некои сервисни и деловни центри, лесна и средна индустрија, а со јазелот Велес јасно читливо е каде е развојот на државата лоциран. Треба да се одговори и предвидат овие текови, а не да се толкуваат како нус појави. Нормално не викам дека никаде на друго место нема да има развој, но овој дел оваа област е веќе вопсоставена и го држи првото место.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Dec-2010 at 20:44
Точно, пбанкс. Јас немам ништо против Скопје да биде голем град. Но мислам дека сепак треба да се има некоја насока и стратегија за развој на самиот град, но и на државата. Неможам да правам споредба со други градови и држави, поради многу поразлични услови и критериуми, зошто е тоа така, можности, гео-социјални положби итн. Едноставно секој град си има своја приказна.

Јас сум да си ја зачуваме нашата. Нека расте Скопје, ама со мерка.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 15-Dec-2010 at 00:26
Originally posted by Andrej_LJ

Јас мислам дека и бројката од 860 000 е сериозно преувеличување. Прво толкав е Загреб, а кога си во него разбираш дека станува збор за сериозно поголем град од Скопје. Второ со волку неразвиена патна и никаква шинска инфраструктура мислам дека на градот ќе му се случеше колапс од невидени размери и тоа секојдневно, по пола ден. Трето ако навистина е толкава бројката (секој 2,5 жител на Македонија да живее во Скопје), тоа значи дека е веќе крајно време да се превземаат мерки и тоа сериозни! Со тоа мислам на конечната поделба на Македонија на области, при што следните градови би биле областни центри: Тетово, Охрид, Битола, Куманово и Штип, исклучиво кон кои би гравитирале соседните градови и население и не кон Скопје. Сметам дека за држава од 2 милиона, апсолутниот максимум за долг, одржлив и релативно ефтин развој е градот да не превишува 500 000 жители. Односно 25% од населението да живее во истиот, не 35-45% како што е во моментов. Ако мене ме прашате Скопје би требало да биде колку Љубљана, но тоа е невозможно, така што би било пожелно процентот на жители на главниот град да падне под 25% од вкупното население на државата. И тоа не со рестриктивни туку со стимулативни мерки на развивање на горенаведените обласни градови (за почеток), а подоцна и на целите региони.


Значи вака Загреб е град со слична распространетост како Скопје поточно, запад исток и наместо север постои Нови Загреб или Југ.
За Загреб можам да кажам дека не се слагам дека е каде каде поголем град пред се самиот центар на градот е претесен во споредба со центарот на Белград е нула тоа може добро да се види на Гугл земја. Во никој случај Загреб не е поглем од Скопје посебно не во површина туку некои 50.000 во жители но целта нека не биде компарација бидејќи Загреб со својата инфраструктура е европски и модерен град, град со кој Скопје ја губи битката.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 15-Dec-2010 at 01:00
Прво, да нагласам дека споредбата на Скопје и Загреб ја сметам за тотално непотребна и несоодветна, меѓутоа ги разбирам неколкуте наши членови кои сметаат дека има потреба од некакво „докажување“, предизвикано што од локалпатриотизам, што од сличната конфигурација (исток-запад), што од (до некаде, според мене малце) заедничката историја и развој.

Затоа седнав и направив една „инженерска“ споредба, за да нема шпекулации


Скопје (лево) и Загреб (десно)

Од сликата се гледа дека и двата града се поставени во правецот исток/запад (како што веќе спомнаа некои наши членови). И двата града имаат планина/рид, а од спротива обиколница. Ако ги земеме обиколниците како граници, може да се види дека Загреб е подолг (Ракитје-Сесвете во споредба со Сарај-Инџиково), и тоа доста  е очигледно, додека Скопје е за нијанса поширок (Радишани-Сопиште во однос на Медвешчак-Нови Загреб Исток). Во површина, колку што можев да измерам, а ги мерев само населените места, Загреб е некаде околу 1,23 пати попростран од Скопје, а во население не завлегувам, иако ми се чинат точни оние податоци дека Загреб е за 50тина илјади поголем.

Се на се, Загреб победува, а на Скопје му останува, како утеха, шансата за подобра патна инфраструктура (системот на рингови е далеку поурбан од чудната мрежа на Загреб, според мене).
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 06-Jul-2011 at 17:49

Метрополата може да колабира од пренаселеност

Сите во Скопје, Скопје за никаде

Скопје с` помалку може да ги опслужи своите жители и посетители - од година на година станува с` потесен, а луѓето с` помногубројни. Инфраструктурата колабира, сообраќајот е пред парализа, а метежот во институциите како никогаш да не бил поголем. Центарот с` повеќе наликува на мравјалник, небаре е средиште на повеќемилионски град. Се наметнува прашањето колку точно жители има Скопје? Има ли периоди кога бројката го достигнува фамозниот милион? За по колку жители нараснува годишно?

Парадоксално, никој од надлежните не го знае одговорот на овие важни прашања затоа што нема институција која е задолжена да води таква евиденција. С` се сведува на прогнози и процени врз основа на искуствата на сличните градови. Од Институтот „Политеја“ на една од дебатите што ја организира неодамна на тема: „Скопје град од отворен или затворен тип“, посочија дека според нивни неофицијални податоци во една академска година градот има над еден милион луѓе. Но ова никој не може да го потврди, иако евентуалната потврда е од исклучително социјално и економско значење.



Вишок се 130.000 скопјани

Според последниот попис на населението од 2002 година, бројот на жители во Скопје е 506.926. Тоа е бројката на граѓаните што имаат жителство во Скопје, но не е и реална бројка на луѓе во градот. Таа е далеку поголема од половината милион поради дневните, неделните и месечните миграции на граѓаните од внатрешноста. Резултатите од пописот не се одраз на реалната слика и поради тоа што голем број граѓани со години живеат во Скопје и воопшто не мигрираат, а по лична карта се водат како жители на други градови.

Во Државниот завод за статистика, како најповикана институција за оваа проблематика, немаат прецизна бројка за бројот на жители во главниот град во одреден момент, а не располагаат ниту со податоци за миграциите на населението.

- Последните процени на населението се направени за 2009 година. Според нив, Скопје брои 530.258 жители - велат од одделението за информирање при Државниот завод за статистика.

Во Министерството за внатрешни работи велат дека не може да се утврди колку жители има во градот врз основа на издадени лични карти.

- Со ваквата евиденција не се опфатени малолетните лица, а секојдневно има и лица што умираат - вели Лиза Бендевска, портпарол во СВР Скопје.

Според нивните податоци, минатата година биле издадени 140.046 лични карти, додека во периодот од 1 јануари досега се издадени 81.675. Лани престојувалиште во Скопје пријавиле 300 граѓани, годинава заклучно со мај - 78 граѓани.

Професорот по урбана социологија на Филозофскиот факултет, Илија Ацевски, вели дека е незамисливо за метропола да нема центар или некаква дирекција во која ќе се слеваат и регистрираат податоците за тоа колку жители навистина има, колку од нив привремено престојуваат и колку доаѓаат само на работа.

- Скопје ја носи таа карактеристика уште од времето на земјотресот во 1963 година. Мора да постои евиденција за тоа колку луѓе во одреден период влегуваат и излегуваат од градот, како и независна дирекција, завод или институт, кој ќе ја води. Порано тоа на одреден начин го правеше Заводот за урбанистичко планирање, но сега такво нешто нема. Во Скопје има 25 проценти повеќе луѓе, односно за 150.000 повеќе од постојното население. Треба да се напомене и дека се претпоставува дека 20.000 луѓе воопшто не се регистрирани во градот, за нив не се знае ништо, а живеат тука - вели Ацевски.

Тој смета дека Скопје се гради и развива без добар план, а последиците од тоа ќе се почувствуваат за 5 до 10 години.

- Скопје мора да се ослободи од минимум 20 отсто од населението, што значи од околу 130.000 граѓани. Тие треба да се дислоцираат од центарот. Ако продолжи вака, Скопје полека ќе почнува да достигнува бројка од милион граѓани, што ќе претставува огромен товар на градот. Ќе нема чист воздух, ќе нема брз сообраќај, ефикасен јавен градски превоз итн. Тогаш ќе ни се случи и нешто друго. Богатите ќе почнат да бегаат на периферијата од градот, додека оние што немаат такви можности ќе останат да се задушуваат во Дебар Маало, Кисела Вода - вели Ацевски.



Шанса и за другите градови

Според него, еден од начините да се стопира приливот на луѓе во Скопје е граѓаните да се пренасочат надвор од градот, така што ќе се создадат услови за работа и во други населени места. Ацевски го посочи и добропознатиот и многу експлоатиран пример со словенечката метропола Љубљана, која со децении го задржала приближно истиот број на жители (околу 300.000) со тоа што станала затворен град за доселување, со добри инфраструктурни врски со остатокот од Словенија.

Архитектот Владимир Поповиќ вели дека проблемот со пренаселувањето на Скопје влече корени од пред неколку децении.

- Ние се натпреварувавме Скопје да биде трет град по големина во поранешна Југославија по број на жители. А немаше потреба од сето тоа. Во периодот од 1970 до 1980 година во Скопје се доселија илјадници луѓе, што требаше да се задоволи со инфраструктура, зеленило и с` останато - вели Поповиќ.

Според архитектот Мартин Пановски, проблемот на Скопје не е во пренаселеноста, туку во тоа што градот е нерамномерно населен.

- За Скопје како целина, збир на повеќе општини, не може да се каже дека е пренаселен град, туку дека е нерамномерно населен. Делови се со енормна густина, како Чаир и Центар, а делови со мала густина. Во општина Центар на еден квадратен километар во просек има повеќе жители отколку во мегаполисот Токио. Како второ, имате концентрација на речиси сите државни институции во центарот на градот, вклучувајќи ги тука не само административните, туку и културните, образовните, спортските... Сето тоа е сместено на приближно пет квадратни километри - вели Пановски.

И тој го дели мислењето дека треба да се посвети поголемо внимание на социјалниот, економскиот и културниот развој на сите градови во Македонија.

- Ако сите градови се добро поврзани меѓу себе, Скопје нема да има толкава густина на население како денес - вели Пановски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=68DBE659086F4549B9671E3EADD03C31
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 01-Feb-2015 at 07:11

заклучот на alexgizh дека Загреб е попростран не е на место, бидејки за соодветен аршин не треба да го земе Инџиково него Петровец, единствено што Петровец не е поврзан желеѕнички ко Сесвете, а доколку ова се случи и заради ТИРЗовите и заради аеродромот сигурно цел овој простор и брѕо ќе се пополнува, таман ЛРТ да пуштат та и елитни населби ќе почнат да редат, впрочем цело скопско поле има потенцијал за ова односно ширејки се претежно кон Куманово односно евентуален иден мегалополис Ку'Ско'Те [1][2]

затворањето на Скопје треба да се прави преку соодветно отварање на другите градови, а освен економски и инфраструктурно а во последно време и институционално ова може да се потикне и рурално евентуално со државни субвенции за рурални реемигранти а уште повеќе за нови емигранти [3][4][3] а ова дополнително би го стимулирало наталитетот, а ако ништо друго би имале подисперзирана демографија

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 01-Feb-2015 at 12:13

http://gup.skopje.gov.mk/SkopjeGUP/map_full.jsf

што вели pbanks кој очекувал дека Токио ќе крене така и дека тоа би можел да го спречи, но истото важи и за Балкан, затоа пак инфраструктурната недоносеност и економската успореност ова го регулираат, а бидејки реформски истите прилично се штимаат, прашање на време е кога Скопје ќе почне урбано и демографски да експлодира

и во нишката за ГУПот и во оваа главниот акцент за скопскиот рзвој паѓа на инфраструктурата, та самото нејзино некомплетирање односно неажурноста на институциите индиректно ја запира скопската центрифуга, која пак доколку се е под конец и проточно ќе повлече со себе доста народ и од Србија односно би се отвориле и нови индустриски зони, особено доколку бидне кинеската иницијатива за брза балканска пруга [1]


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 01-Feb-2015 at 23:33

дефинтивно со тоа најавата за финансиски центар Скопје ќе се отвори ко печурка по дожд [1] прашање е што потоа, кај ни е крајот, зошто воопшто да размислуваме ограничено, вака комотно можеме да очекуваме обединување со Тетово и Куманово и тоа во првата половина од овој век, ако до тогаш светската екоомија опстои а со тоа и ова нашиот финанските хаб
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 27-Feb-2015 at 19:16

31.12.2014 - Село фали, во Скопје живеј
Ги собувме опинците на перифериите, купивме „папуци“ во приградските населби и се накалемивме во центрите на градовите ...


Мегалополисите во централизираните држави ја вшмукуваат политичката, економската и културната моќ и го узурпираат правото на опстанокот на внатрешноста, немилосрдно откорнувајќи и сметувајќи сѐ што е квалитетно оттаму, пред сѐ капиталот и човечките ресурси. Таа вообразеност на големите градови е само едниот брег на огромниот јаз, кој со децении се продлабочува и проширува преку нарамномерниот развој и фаворизирање на градските агломерати во однос на малите населби.

Трендот на миграција во големите градови или странство е феномен што секаде ги следел процесите на индустријализацијата, а сега и глобализацијата, на сметка на деаграризацијата. Моментално бројот на жители во градовите на светско ниво е 45 отсто и би пораснал на 61 отсто до 2060 година, а во Европа, од сегашните 73 ќе, се покачи на 83 отсто. Една од главните причини за настанокот на градовите е рајата да се собере на купче, да е при рака за контрола и за манипулација, поевтино да живурка, за максимално да се експлоатира. Познат е некогашниот случај, а сегашен бумеранг, со африканските робови во Америка и во Европа.

Со галопирачка брзина Македонија ја преселивме во Скопје, ја осиромашивме и упропастивме Републиката, препуштајќи ја провинцијата на коровите, сиромаштвото и заборавот и оставајќи ја без шанси за опстанок и за закрепнување. Притоа не сме ни свесни оти плаќаме скап данок на запретување во загаденост и пренаселеност, па силуваната инфраструктура и социјалните фондови стенкаат од лавинскиот доток.
Од малите места заминува сета памет. Кога однемува услови да се опстане или барем пристојно да се живее во родното место, се бара друго, во кое се очекува полесно да се работи и заработи. Тоа важи и за лекарот и учителот и берберот и инженерот и чистачот на чевли и собирачот на секундарни суровини. И едните и другите во Мариово, Цер и Бигла и Горно Коњско нема кого да лекуваат, даскалуваат, потстрижуваат, нема луѓе, нема ни контејнери за собирање отпад.

На најголемиот број студенти не им паѓа на памет по завршеното школување во универзитетските центри да се вратат во родниот крај. Оти? Оти тој град те имагинира и ти го крева прагот на чувствителност на друго, покомфорно ниво.

На анкета во Србија на прашањето зошто го напуштате родното место, како прв услов навеле немање работа - 51 отсто, мала заработувачка - 22, неможност за школување - 14 отсто и друго. Уште поинтересно е прашањето дали во родното место оставате куќа и имот, на кое со „да“ одговориле 75 отсто од испитаниците. Од нив, 81 отсто одговориле дека не гледаат перспектива во родното место. Што мислите, какви се резултатите кај нас?

Во Скопје е, велат упатените, три четвртини од финансиското богатство на оваа земја. Сите патишта водат во Скопје, оти и најситна услуга мора да е со скопски мур (печат). Ако тоа не е така, патарините кон Велес и Гостивар ќе бидат технолошки вишок, пајак-службата ќе нема што да работи, полицајците ќе бадијалчат да најдат кола што не е со СК-таблички и да ја казнат. Тоа е огромен провинцијален арач што се слева во државниот и скопскиот буџет.

На село животот изгледа порелаксирано, понезависно и поспокојно. Иако на многумина им одговара мало и мирно место, повеќето се приспособуваат на брзиот живот со градски шмек и метеж со урбан стил, при што ги трампат кислородот за смог, комоцијата за стутканоста, врзаноста и сопнатоста во градот, со сите негови ограничувања, но и предности.

Проблем е што таа миграција е без рикверц. Многу е извесно родното место да ги дочека „евентуалните повратници“ како губитници, па затоа не ни помислуваат на поврат ни по пензионирањето. Освен тоа, никој не сака да се врати во инфраструктурно погрозни услови. Но стагнацијата на заработувачката и зголемувањето на режиските трошоци (сиромаштијата), а најмногу потребата за воздух и спокој, веќе го најавуваат обратниот процес.

Македонија се метрополизира во Скопје, а мигрира по целиот свет. Јас ги сакам Смојмирово и Галичник, Блатец и Коњско еднакво со Скопје и Дубровник, Виена и Утрехт, Копенхаген и Лондон, Денвер и Сан Франциско и секогаш би се вратил секаде.

Во 1981 година, по одработената обврска за стипендирањето во фабриката за автобуси ФАС „11 Октомври“, го напуштив Скопје. Дали згрешив или не ја погодив тогаш - не знам, ама знам дека сега тешко да ја погодиш каде било.
Секој донесува одлука во зависност од сопствените желби, очекувања, можности и условите што се нудат. Малите места и Македонија можат да воскреснат исклучиво со потенцијалот и со трудот на младите. Но засега големите места и гурбетот се попривлечни. Секоја одлука е добра, а ќе е исправна доколку е резултат на амбициите и интуицијата во кои верувате и шансите што можете да ги зграпчите.

ПС: Нека ви се напомош претстојните празници и годината нова, па каде и да сте.

Авторот е енергетичар-екологист
Автор: Љупчо Гаштеовски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1230141526452&id=13&setIzdanie=23361

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.