build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3021 Posted: 07-Sep-2022 at 16:48
СО УЛИЦАТА ГИ АСФАЛТИРАЛЕ И ШАХТИТЕ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕНТАР ГЕРАСИМОВСКИ ВЕТИ ДЕКА ВО ИДНИНА ЌЕ ГИ КАЗНУВА ИЗВЕДУВАЧИТЕ

Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација. Откако со месеци оваа улица во скопски Капиштец каде изминатиот период изникнаа куп згради стоеше раскопана, деновиве почна да се асфалтира. Како што раскажуваат жителите, заедно со улицата асфалт бил ставен и на шахтите.

„Откако се побунивме како тоа со асфалт ги затвораат шахтите, работниците го раскопаа и го фрлија во шахтите. Нека ни каже некој како се вади асфалт од шахти“, велат граѓани на улицата.

По реакциите на граѓаните, денеска на терен излезе градоначалникот Горан Герасимовски и општинските служби кои вршеа чистење на сливниците.

Герасимовски на револтираните граѓани им кажа дека Општината ќе биде строга и ригорозна со казнување доколку во иднина повторно се случат недоследности во работата на изведувачите како затрупувањето на шахтите во овој случај.

„Во моментов општинските служби ги чистат сливниците како превентива за евентуални можни поплавувања од обилни дождови. На улицата се изведуваат активности пред поставувањето на вториот и финален асфалтен слој. Со оглед на тоа дека во околината се градат неколку нови згради и мојата цел како градоначалник е да се стави крај на прекопувањето нов асфалт затоа сега екипи од јавните претпријатија работат на поставување на подземна инсталација, во моментов се прават приклучоци за водовод. Ова можеби одзема време и носи нервоза кај жителите но е решение во иднина улицата да не се раскопува при евентуални потреби и на околните згради во градба“, рече Герасимовски пред жителите на улица „Козара“.

Тој пред граѓаните апелираше за трпение за да се заврши целата работа. Исто така ги извести граѓаните дека веднаш штом екипите од Јавните претпријатија ја завршат работата во својот домен, Општина Центар најдоцна за една недела во зависност од временските прилики ќе го постави вториот и финален асфалтен слој. Во таа една недела општинските служби ќе направат подигање и нивелирање на сливниците, шахтите и капаците за водовод.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-ulitsata-gi-asfaltirale-shahtite-gradonachalnikot-na-tsentar-gerasimovski-veti-deka-vo-idnina-ke-gi-kaznuval-izveduvachite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3022 Posted: 28-Sep-2022 at 12:51
Реконструкција на улицата „Димо Хаџи Димов“ и промена на атмосферска канализација
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата ул. „Димо Хаџи Димов“ во општината Кисела Вода каде едновремено се гради и нова атмосферска канализација.
- Градот Скопје ја реконструира улицата Димо Хаџи Димов, на потегот од раскрсницата со улицата „Антон Попов“ до улицата „Народни Херои“, која е една од најфреквентните улици во општината Кисела Вода. Барањето за реконструкција е истакнато како децениски проблем од страна на жителите кои редовно транзитираат по овој дел на градот, при што со проектот дополнително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Улицата Димо Хаџи Димов целосно се реконструира во вкупна површина од 6520 м2 на должина од 800 метри, се заменуваат оштетените рабници, се нивелираат шахти и сливници, планирано е и соодветно хортикултурно уредување. Истовремено Град Скопје инвестира и во нова атмосферска канализација во должина од 900 метри, а се врши и целосна реконструкција на водоводната мрежа – изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес конференција за медиумите.





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3023 Posted: 01-Oct-2022 at 14:57
ул.Пролет,кога ја реновираа 2012-та имаа пилот проект двете раскрсници кај Феријален и кај Анхоч да ги поплочат со ситни гранитни коцки како замена за лежечки полицајци.Но за кратко време им се појавија проблеми,односно коцките за брзо време се разместија па во неколку наврати ја затвараа улицата за да ги санираат но еве и до ден денес безуспешно.

Деновиве кај Феријален има голема ударна дупка







Исто така има и големи вдлабнатини па цела раскрсница и при најмал дожд е полна со вода.

Целта со коцкиве воопшто не е постигната многу често се вози пребрзо,мачкините окца се искршени.
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2194
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #3024 Posted: 01-Oct-2022 at 17:21
Kockata ne e nekoj nov trend. Taa se koristi isklucivo za pesacki zoni i kako "spomenik na kulturata" na nekoja kultna ulica! Iako ne e kocka vo prasanje no kultna ulica i klasicen primer za takva ulica koja treba da e zastitena so zakon e "Bulevar Sv. Kliment Ohridski". Namesto Bulevarot da se restavrira vo svojot avtetticen izgled, Koce-ruralni, na sezonska rabota vo Grad Skopje, trajno go osakati!
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 424
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #3025 Posted: 03-Oct-2022 at 22:45
Остај ти Коце, Даниела Арсовска највеќе го осакати градот до сега со тоа што ги стопираше сите инфраструктурни проекти и ги заглави истите во проблеми.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 766
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3026 Posted: 04-Oct-2022 at 01:17
Originally posted by stef4o

ул.Пролет,кога ја реновираа 2012-та имаа пилот проект двете раскрсници кај Феријален и кај Анхоч да ги поплочат со ситни гранитни коцки како замена за лежечки полицајци.Но за кратко време им се појавија проблеми,односно коцките за брзо време се разместија па во неколку наврати ја затвараа улицата за да ги санираат но еве и до ден денес безуспешно.

Деновиве кај Феријален има голема ударна дупка







Исто така има и големи вдлабнатини па цела раскрсница и при најмал дожд е полна со вода.

Целта со коцкиве воопшто не е постигната многу често се вози пребрзо,мачкините окца се искршени.


Не е набиена воопшто подлогата, се гледа баш дека кај шо врват тркалата на колите се набива и пропаѓа па "средниот" дел што е меѓу тркалата губи контакт со страничните коцки, се крева и лабавите парчиња се разместуваат. Ако ја пуштаат истата група мајстори да поправа, не ќе видиме решение

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.766 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.