build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 157158159
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3161 Posted: 26-Jan-2025 at 15:46
Козара трипати се асфалтираше и пак се „исече“ за приклучоци на новите згради



Шест месеци се реконструира улицата Елисие Поповски и уште е „при крај“, а Козара која едвај доби нов асфалт пред две години, почна да се прекопува за да се поврзат новите згради со парно.

При крајот на минатото лето почна реконструкцијата на улицата Елисие Поповски во Капиштец, која граѓаните ја очекуваа подолго време затоа што беше во многу лоша состојба. Сега, на средина од зимата, жителите веќе се нервозни што работите сѐ уште не се докрај завршени. Како што велат, останаа уште тротоарите.

Асфалтираа уште пред Нова година, ама тротоарите ги оставија, па пеш може да се оди само по улица, затоа што од едната страна на голем дел нема тротоари и се паркираат коли. Донесоа и материјали, бекатон плочки се наредени во должина на улицата, само уште да се решат да ги наместат. Не ми е јасно зошто толку бавно одат работите. Цел месец не видовме работници, па вчера повторно се појавија и почнаа нешто да редат. Можеби се ближи крајот конечно – реагира Александар, жител на населбата.



Од Општина Центар тврдат дека реконструкцијата е при крај.

Реконструкцијата на улицата треба да заврши за една недела. Причина за пролонгирањето е проблемот со паркираните возила, кои го попречуваат и го отежнуваат финиширањето на градежните активности – објаснуваат од Општината.

Потегот што се реконструира е долг 700 метри и се протега од Клиничкиот центар до Заводот за рехабилитација. На оваа улица во минатото имаше изградба на повеќе објекти, па асфалтот беше многу оштетен и улицата полна со прекопи и дупки.

Една улица под Елисие Поповски е „популарната“ Козара, позната по градежната офанзива што се случуваше на неа во изминатите десетина година, во која од некогашните двокатни куќи израснаа згради на 7-8 ката. Поради постојаната изградба и градежна механизација што поминуваше по неа, улицата беше во ужасна состојба.



Поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ на барање на граѓаните реши да ја реконструира, а обновата пак се спроведе пред две години во мандатот на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

И кога беше најавена реконструкцијата и денес, остана нејасно зошто воопшто се планираше и се спроведе обнова во услови кога истовремено беа во изградба, а неколку згради сѐ уште се градат. Јасно беше дека по нивното завршување, на новиот асфалт ќе се прават прекопи за зградите да се поврзат со системите за вода, струја, парно.

Во врска со реконструкцијата и приклучоците за инсталациите, на улицата ќе бидат оставени отвори (т.н. изводи), на кои подоцна би се приклучиле водоводните, топлински, електрични и кабелски мрежи. Со изводите, нема да има потреба од повторно прекопување на улицата – тврдеа од Центар пред четири години најавувајќи ја реконструкцијата.

Според она што деновиве може да се види на Козара, очигледно не се спровела оваа идеја, затоа што новиот асфалт поставен пред две години е исечен и на улицата има огромна дупка за зградите да се поврзат со топлификацискиот систем. Прекопот што сега е направен, ќе се затрупа и делот ќе се асфалтира, но до некое идно реконструирање на улицата ќе остане како „белег“. Веројатно еден од низата други кои ќе следуваат за идните поврзувања на новите згради.

Инаку, оваа улица беше конечно завршена после две неуспешни претходни асфалтирања. Работите ги вршеше фирмата „Гама градба“, која при првото асфалтирање ги затрупа сливниците и шахтите, па ги откопуваше откако жителите жестоко реагираа, потоа постави асфалт под нивото на шахтите, а по второто асфалтирање по првиот обилен дожд се појавија оштетувања на улицата. Третиот пат беше конечно успешен. За целото тоа време граѓаните се жалеа и реагираа, трпејќи ја со месеци бучавата и смрдеата на улицата.

И сега среде улицата има нова дупка, која го отежнува сообраќајот и им пречи на жителите од една од зградите да влезат во гаража.

https://www.slobodenpecat.mk/kozara-tripati-se-asfaltirashe-i-pak-se-iseche-za-prikluchoci-na-novite-zgradi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3162 Posted: 01-Feb-2025 at 19:59
ВИДЕО+ФОТО | Поради петочната молитва сообраќаен хаос на булеварот „Гоце Делчев“ кај УКИМ











Булеварот Гоце Делчев во центарот на Скопје е познат по постојаниот сообраќаен метеж во текот на работните часови од неделата, но вистински хаос се создава за време на петочната пладневна молитва во џамијата „Кебир Мехмед Челеби“, близу влезот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Џамијата, поставена веднаш до главниот паркинг за влез на кампусот на УКИМ, традиционално секој петок на пладне одржува неделната молитва „Џума“, каде се собираат верниците – муслимани.

Вербата и религијата е нешто свето, бесценето и за почит, но каде е почитта на верниците кои одат на молтитва кон останатите граѓани секој петок напладне? Луѓето со цел навреме да стигнат на молитва, ги оставаат своите автомобили на десната лента од булеварот „Гоце Делчев“, по пешачките патеки и тротоари, по уличните островчиња, на улицата за влез на универзитетскиот паркинг, буквално насекаде.

Екипата на Слободен печат отиде на терен за да го провери овој проблем, зборуван постојано и го забележа целиот сообраќаен хаос.

Со ова несовесно однесување и неодговорно паркирање, сообраќајот за автомобилите кои во пладневните часови поминуваат одовде е во постојан колапс и хаос, а насекаде паркираните автомобили енормно го отежнуваат сообраќајот за влез и излез од паркингот на УКИМ.

Да не ги забораваме и автобусите на ЈСП, кои иако имаат малку линии што сообраќаат преку овој булевар, сепак се заглавуваат и стојат во место, а воедно и возачите не можат прописно да застанат на автобуската постојка – и таму има паркирани автомобили.

Овие работи влеваат огромен бес и разочарување кај возачите и студентите – пешаци. Пешаците чарето го наоѓаат со спонтани пешачки патеки, кои водат низ лавиринтот од паркирани автомобили.

Возачите, пак, имаат две опции – или целосно менување на траекторијата на возење барајќи други опции преку кои ќе се пристигне на посакуваната дестинација, или, пак, помирување со реалноста на ситуацијата и „кревање рачна“ сѐ додека не се расчисти сообраќајниот хаос.

Во прилог можете да ја погледнете фотогалеријата од вчерашниот хаос на гореспоменатата локација, што ја направи екипата на „Слободен печат“. Ваквата состојба се повторува секој петок околу пладне.

https://www.slobodenpecat.mk/videofoto-poradi-petochnata-molitva-soobrakjaen-haos-na-bulevarot-goce-delchev-kaj-ukim/
Carpe diem
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 97
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #3163 Posted: 02-Feb-2025 at 10:54
Кандахар не е рамен на Скопјево права џамахирија сме!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3164 Posted: 12-Feb-2025 at 19:26
Тротоарите во Скопје се претвораат во паркинзи -реткост ли е безбедното движење на пешаците?



Лесно и безбедно движење по тротоарите на Скопје станува реткост, особено на споредните улици од градот. Мајки со деца во колички, ученици и луѓе кои се движат со помагала се принудени да се движат по коловизите додека ги забоколуваат автомобили, бидејќи тротарите не им се достапни оти се претворени во паркинзи.

„Ова е просторот на тротоарите кој што е оставен за граѓаните, па затоа тие се повеќе се движат по улиците, носејќи се во опасност. “

Со ваков проблем најчесто се соочуваат жителите на Карпош каде не постои зонско паркирање, па оние кои ги анкетиравме движењето на споредните улици го опишуваат како постојан стрес, оти стравуваат за безбедноста, како за себе, така и за блиските...

Градоначалникот Стевче Јакимовски вели свесен е за состојбата и инфраструктурно како општина се обидуваат да го намалат овој проблем, но решението го гледа во законски измени со кои за секој стан ќе има гаражано место. Воедно како проблем ги посочи и несовесните граѓани кои живеат во куќи, велејќи дека при гаражи, паркираат на улиците..

Во најголем дел гледаме да поставиме столпчиња, барем едната страна, десната страна да биде слободна за пешаците, особено за најмладите жители. Апел до министерот за транспорт да го смени законот кој ќе биде во интерес на сите граѓани, значи не може да се изврши продажба на стан без со станот да оди заедно и гаражното место, тогаш автоматски ќе ги намалиме овие проблеми.

Состојбата е слична и во О. Кисела Вода, каде тротоарите се достапни за пешаците само кога нема возила на нив...

„Таргетираме локации, каде што ќе може и во перспектива да овозможиме паркирања за граѓаните, но во меѓувреме, во урбаниот дел за прв пат после толку години во К. Вода имаме инспектори за домовување, кои што интензивно работат на тоа да извршат проверка на гаражите, особено во урбаниот дел, каде што веќе имаме и постапување и со казни, но и со опомени, во делот каде што се пренаменети истите за некоја друга дејност која не е согласно закон.“

Сепак и градскиот паркинг повеќе е фокусиран на зоните, па пајак службите наместо да ги расчистуваат непрописно паркираните возила од тротоарите, тие ги отстрануваат прописно паркираните во зоните, кои наместо да им ставаат „шепа“ или казни како ПОЦ, тие ја користат целата механизација... Упативме прашања до нив околу тоа зошто е ваква состојбата во главниот град, но до емитување на вестите одговор не добивме...

https://kanal5.com.mk/trotoarite-vo-skopje-se-pretvoraat-vo-parkinzi-retkost-li-e-bezbednoto-dvizhenje-na-peshacite/a684369
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3165 Posted: 13-Feb-2025 at 19:21
Граѓаните се жалат на големи дупки на скопските улици и булевари



Ова е сликата на дел од главните и споредни улици низ македонската метропола.

Голем дел од граѓаните реагираат за како што велат, лошата состојба во која се наоѓаат улиците. Велат, поради таквата слика, честопати ги оштетуваат своите автомобили.

Улицата 808, која пак се реновираше пред две години, е посебен предизвик за луѓето кои циркулираат во овој дел на Автокоманда, каде има повеќе приватни фирми и претрпијатија.

Цели кратери откорнат асфалт, и шахти високи неколку сантиметри, поради кои мора внимателно да се движите. Од тешки товарни возила, до автомобили – сите делат иста мака.

Неколку стотина метри по оваа улица, на местото каде што има знаци поради реновирање, поставена е гума – за предупредување дека тука има отворена шахта.

Ништо подобра не е сликата на булеварот Александар Македонски, каде секојдневно сообраќаат илјадници возила.

Вака изгледа дел од булеварот Александар Македонски во Автокоманда. Крпениците на повеќе места и одронатиот асфалт претставуваат опасност за сите учесници во сообраќајот.

Иако се обидуваат, луѓето тешко можат да ги избегнат нерамнините на асфалтот по овој булевар на влезот на Скопје.

Надлежноста за одржување на дел од булеварите и улиците ја има ЈП „Улици и патишта“ во соработка со Град Скопје. Иако испративме прашања зошто во ваква состојба се улиците, до ова информативно издание не добивме одговор.

https://kanal5.com.mk/gragjanite-se-zhalat-na-golemi-dupki-na-skopskite-ulici-i-bulevari/a684668
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3166 Posted: 17-Feb-2025 at 12:55


Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 893
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3167 Posted: 17-Feb-2025 at 13:52
Ама сепак судијата е крив. Нјалесно е да се окриви некој друг, од тоа и си патиме 35 години. Ретко некој да собере храброст да си ја признае сопствената вина и да понесе одговорност и да се промени.

Лошо е ако некој вози напиен, ама ЈАС после 3 чаши ракија немам гајле, другите шо имат нека не влегват в кола оти се опасни...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3168 Posted: 11-Mar-2025 at 19:29
На новиот асфалт нови крпеници, иако за обновата на „Козара“ се потрошија повеќе од 150 илјади евра



Прекопи, паркирани возила, колони автомобили кои преку оваа улица се приклучуваат на Васил Ѓоргов, сето тоа ја претвора оваа улица во сообраќајно тесно „грло“ особено во часовите кога луѓето одат или се враќаат од работа. Од Општина Центар велат дека приклучувањето на новоизградените објекти кон комуналната инфраструктура е законска обврска.

Улицата Козара во Капиштец е веројатно една од улиците во центарот на Скопје чии жители постојано имаат проблеми. Најпрво поради постојаната изградба на згради кои ги заменија семејните двокатни куќи со големи дворови, потоа поради лошата состојба на коловозот кој се оштети токму од механизацијата потребна за изградбата, а потоа и по неколкуте реконструкции на улицата. Сега, улицата, чија обнова успеа дури од третпат, повторно се прекопува за да се поврзат новите објекти.

Проблемите на граѓаните кои тука живеат со ова не завршуваат. Имено, оваа улица е исклучително фреквентна, таа ја поврзува улицата Елисие Поповски со Васил Ѓорѓов, преку која се оди накај центарот на градот. Речиси е непроодна особено во часовите кога луѓето одат или се враќаат од работа, кога се претвора во тесно сообраќајно „грло“ – од една страна се паркирани возила, од друга страна се копа за инсталации, па по неа едвај се поминува.

Ужасно е! Секое утро ми треба најмалку 15 минути да излезам од подземната гаража за да се вклучам во сообраќај. Или е блокиран излезот со возила или не може да се излезе од постојаните прекопувања. Навистина не ми е јасно, зошто ја реконструираа кога сега пак ќе се направи „крпеници“ поради прекопите. Можеа да причекаат сѐ да се доизгради, оти како што гледам, се гледа конечно крајот, па да се реконструира. Вака, џабе фрлени пари. Улицата е хаос – реагира жител на Козара.

Улицата реши да ја реконструира поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ на барање на граѓаните, а обновата пак се спроведе пред две години во мандатот на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

И кога беше најавена реконструкцијата и денес, остана нејасно зошто воопшто се планираше и се спроведе обнова во услови кога истовремено беа во изградба неколку згради, а некои сѐ уште се градат. Јасно беше дека по нивното завршување, на новиот асфалт ќе се прават прекопи за зградите да се поврзат со системите за вода, струја, парно, иако пред четири години од Општина Центар тврдеа дека на улицата ќе бидат оставени отвори (т.н. изводи), на кои подоцна би се приклучиле водоводните, топлински, електрични и кабелски мрежи. На тој начин не би имало потреба од повторно прекопување на улицата. Повеќе од очигледно е дека таа идеја не се спровела.

Проектот за реконструкција на улицата Козара, заедно со уште шест други улици, е распишан во 2021 година, пред одржувањето на локалните избори. За сите овие улици се спроведоа јавни набавки и беа потпишани договори, кои согласно законските обврски беа реализирани.Изведувачот за наведената улица беше три пати враќан за таа да биде реконструирана согласно проектната документација – објаснуваат од Општина Центар

Реконструкцијата на улицата, како што велат оттаму, согласно проектната документација, чинела 9.438.346 денари, односно нешто повеќе од 150 илјади евра.

Од Центар додаваат дека новоизградените објекти мора да се приклучат на комуналната инфраструктура.

Приклучувањето на новоизградените објекти кон комуналната инфраструктура е законска обврска, што подразбира и соодветни приклучоци. Инвеститорот има обврска улицата да ја врати во првобитна состојба – велат од Центар.

https://www.slobodenpecat.mk/na-noviot-asfalt-novi-krpenici-iako-za-obnovata-na-kozara-se-potroshija-povekje-od-150-iljadi-evra/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3169 Posted: 12-Mar-2025 at 15:59
По улицата кај МКЦ се вози по крпенки, дупки и испакнати „коцки“, надлежните „заборавиле“ да ја подноват











Малку коцка, малку асфалт, па и тој во сите бои поради пополнувањата на дупките по коловозот низ годините. Вака некако изгледа улицата Кеј Димитар Влахов покрај реката Вардар, која е една од ретките и најстарите улици во Скопје, каде сѐ уште има делови од калдрма, поставена пред повеќе од половина век.

Улицата, попозната како „коцката“ започнува од исклучокот од булеварот Крсте Мисирков и води покрај Македонската академија за науките и уметностите и Младинскиот културен центар, а потоа продолжува зад објектот каде се врши сликањето за лични документи и останати услуги на МВР. Локацијата среде центарот на градот, но и локацијата на овие институции ја прави улицата Кеј Димитар Влахов навистина фреквентна, по која дневно минуваат стотици автомобили и товарни возила.

Распространета во должина од 800-тина метри, улицата започнува со асфалтен пат, а возејќи кон МВР и бензиската на „Макпетрол“, дел од патот долг неколку стотина метри е обложен со калдрма, а потоа повторно продолжува асфалтот до нејзиниот крај.

Екипата на „Слободен печат“ на терен забележа дека активното сообраќање по оваа улица предизвикало оваа коцкеста подлога за попушти, со што некои делови од неа се повеќе испакнати од останатите, правејќи ја вистински предизвик за автомобилските амортизери и гуми.

Асфалтираниот дел од улицата, пак, очигледно подлегнал на бројни генерациски „крпења“ од страна на надлежните претпријатија, бидејќи долж целата улица можат да се забележат некои понови, но и постари додадени слоеви асфалт што се разликуваат од оригиналната подлога.

– Секоја стара дупка е пополнувана со нов асфалт, кој со текот на времето и поради неговиот квалитет попуштил со што се направила нова нерамнина што повторно морала да биде пополнета со нов слој асфалт. Тоа е „магичен круг“, дефинитивно треба целосно да биде обновена оваа улица – вели минувач кој работи во една од околните институции и секојдневно се движи по оваа улица.

Веќе неколку години Димитар Влахов е дел од мрежата на зонско паркирање на „Градски паркинг“, но зонското не ја опфаќа целата улица, затоа што од „пасошкото“ на МВР до бензиската пумпа ги нема препознатливите табли кои потсетуваат дека за паркирање треба да се плати.

Поради тоа, наидовме на десетици возила паркирани долж пешачката патека, меѓу кои се најде и еден товарен камион, а некои од возилата беа паркирани и среде улица или поткачени на тротоарот. Овој тип на паркирање среде пешачка патека го отежнува движењето на пешаците, со што се принудени да ги заобиколуваат паркираните возила на пешачката патека и да пешачат по коловозот.

Испративме прашања до ЈП „Улици и патишта“ и до Град Скопје како надлежни за оваа улица, дали постои план за целосна реставрација на Димитар Влахов и за отстранување на делот со калдрма. Побаравме одговор и зошто не се поставени столпчиња на тротоарот зад МВР, кои ќе ги оневозможат луѓето кои си ги паркираат своите автомобили среде пешачката патека да го узурпираат движењето на пешаците, но за жал, одговор не добивме.

Земајќи предвид дека поголемиот дел главните улици и булевари во Скопје денес се целосно обновени, асфалтирани, донекаде исполнувајќи ги европските стандарди, прашање е до кога граѓаните ќе го чекаат Град Скопје целосно да ја реконструира и улицата Кеј Димитар Влахов, сместена во срцето на градот, наместо постојано да ги пополнува дупките од асфалтот, решение кое за жал има привремен ефект без траен резултат.

https://www.slobodenpecat.mk/po-ulicata-kaj-mkc-se-vozi-po-krpenki-dupki-i-ispaknati-kocki-nadlezhnite-zaboravile-da-ja-podnovat/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3170 Posted: 15-Mar-2025 at 19:06
ГРАД СКОПЈЕ БЕЗ НАЈАВА ПОЧНА ДА ГО МЕНУВА АСФАЛТОТ НА НАЈФРЕКВЕНТНАТА УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ



Од денеска, екипи на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје го менуваат асфалтот на улицата Димитрие Чуповски во најстрогиот центар на градот. Затворена е една коловозна лента, каде се отстранува стариот и се поставува нов слој асфалт.

Иако станува збор за најфреквентната улица во Скопје, немаше најава од Град Скопје за реконструкцијата. Не се знае до кога ќе траат градежните работи и дали ќе се работи само за викенд кога нема голема фреквенција на возила.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-bez-najava-pochna-da-go-menuva-asfaltot-na-najfrekventnata-ulitsa-vo-tsentarot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3171 Posted: 23-Mar-2025 at 15:45
По реакциите на граѓаните, од Аеродром тврдат дека улицата во Мичурин ќе се обнови



Откако „Слободен печат“ објави дека граѓани алармират дека улицата Симеон Кавракиров е небезбедна затоа што на неа нема никаква хоризонтална ниту вертикална сигнализација, од Општината велат дека работат на проект за целосна реконструкција на улицата.

Општина Аеродром планира да ја обнови улицата Симеон Кавракиров во населбата Мичурин. Така велат оттаму откако „Слободен печат“ објави дека граѓани од населбата алармират дека улицата е небезбедна, особено за пешаците затоа што на неа со години речиси да нема никаква хоризонтална ниту вертикална сигнализација.

Се работи на проект, кој ќе биде аплициран до Владата на одобрување и веднаш по добиено одобрување ќе се пристапи кон комплетна реконструкција на улицата Симеон Кавракиров, велат од Аеродром без да прецизираат кога очекуваат тоа да се случи.

Загрижени жители од Мичурин укажуваат дека на улицата Симеон Кавракиров има само два пешачки премини, едниот лоциран кај семафорите близу кафаната „Рулет“ и другиот во близина на основното училиште „Блаже Конески“. Поради нивната оддалеченост, како што тврдат, повеќето граѓани улицата ја минуваат непрописно, каде што ќе стигнат и со претрчување, со што се загрозува нивната безбедност.

Тие посочуваат дека на двете раскрсници на улицата во минатото имало пешачки премини, но тие не се обновени со децении, а нема ни вертикална сигнализација за пешачки премин и пропишана брзина на движење.

Друг проблем со кој се соочуваат жителите, кои велат дека оваа улица „плаче“ за реконструкција, е непрописното паркирање по тротоарите, поради што пешаците, сакале или не, мора да се движат по улица. Се жалат дека на улицата е слабо и уличното осветлување.

Решение на сите овие проблеми би била реконструкција на улицата за што од Општината тврдат дека веќе се работи проект.

https://www.slobodenpecat.mk/po-reakciite-na-gragjanite-od-aerodrom-tvrdat-deka-ulicata-vo-michurin-kje-se-obnovi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3172 Posted: 07-Apr-2025 at 18:23
Сообраќајниот режим на улицата „Владимир Полежиновски“ на потегот од Универзална сала кон улица „Рузвелтова“ е сменет и на тој дел во тој правец таа е сега еднонасочна.
Поставени се соодветни знаци за обврзно движење, како и забрана за движење од правец на „Рузвелтова“.







https://www.facebook.com/bunjakovets
Carpe diem
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 130
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #3173 Posted: 08-Apr-2025 at 09:22
Очекував влезот за новите згради во Треска да биде од Рузвелтова па преку Владимир Полежиновски. Вака малце чудно, освен ако не пробиваат друг влез од Рузвелтова.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #3174 Posted: 08-Apr-2025 at 11:37
Треба низ комплексот да се пробие ул. „Борка Талески“, мислам дека и од тој нов сегмент треба да има влез.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 157158159

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.055 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.