чекај ова озбилно е вака испроектирано, изведено и пуштено у промет <<<<
можеби тоа се некакви депоа на фотката погоре, до толку ли нема новинар да побара одговор од проектантот, изведувачот, па и власта, бивша ил сегашна ..
можеби ова е соба за притвореници, онака да ги дрма клаустрофобија пред распит, мислам не ме чуди да е ова на мвр и обвинителство досетка, скопско кривично и се ет можно ..
Речиси како и сите објекти од Ск2014, за да се запазат некоја квази
архитектура ала барок и рококо (воглавно за надворешноста) трпи
внатрешноста на објектот. Влезовите на таквите објекти (читај судови) во
странство се пространи, а овој е целосно спротивно на тоа. Нема многу
голема внатрешна површина со оглед на големината на објектот, има тесни
соби/канцеларии/судници. Има премногу(би можел слободно да кажам
ненормално) тесни ходници. Но за утката да биде најголема, таваните на
објектот се многу ниски. Слушнав дека во некои делови на објектот има и
тавани високи околу 2 метра. Варираат, но се ужасно ниски. Ми се чини
дека се збореше за некакви проблеми со вентилационите систем, па токму
поради тоа морало да се намали висината на таваните и да се стеснеле
пред се ходниците. Ќе цитирам човек кој што работеше на една фаза на
објектов што мисли за истиот - Пљукни залепи.
Не е многу познато дека голем број на наши министри се членови на литературниот кружок „Кафка фан клуб - Скопје„, па ете, суптилно му оддале чест не големиот писател.
Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев очекува новата зграда на судот да биде отворена на 31 март- Денот на правосудството. На денешната средба со новинарите, Џолев рече дека се чека да завршат процедурите во Катастарот и да се добие употребната дозвола.
Новиот барокен објект во кој требаше да се пресели Кривичниот суд, веќе пет години зјае празен. За него се потрошија 11 милиони евра, но судењата се уште се оддржуваат во старата зграда, во претесни судници, во кои најчесто нема место за сите странки, па дел од нив рочиштата ги следат стоејќи на нозе.
Поголемите судења, особено оние за кои има медиумски интерес, пак, се оддржуваат во судница на Врховниот суд, како на пример за случајот „Диво Насеље“, бидејќи судниците во Кривичниот суд, освен една, се премали за да во нив се сместат повеќето обвинети, нивните адвокати, роднини и јавноста. Токму и затоа беше неопходна изградба на нов објект, бидејќи се губи драгоцено време во чекање на слободна судница.
Темелите на новата зграда беа удрени во 2010 година, а тогашниот премиер Никола Груевски вети дека зградата ќе биде завршена за 18 месеци. Тој дури посочи дека ефикасноста во работењетот, меѓу другото, била поврзана и со просторните и работните услови на судиите и судската администрација. Тогашниот министер за правда, Михајло Маневски, пак, се пофали дека до тогаш никој не вложил повеќе средства и напори за подобрување на работните услови на судиите. Но, од неговите фалби се сменија уште неколку министри за правда, а судот уште не е сефтосан. А, за да работата тргне со среќа, камен темелникот беше осветен и од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
Но, и по пет години и потрошени милиони, објектот се уште е празен. Лани во март, тогашниот министер за правда Аднан Јашари истакна дека од нивна страна се завршени сите постапки и формалности и дека од претседателот на Судот зависело кога ќе се преселеле. Од Основниот суд Скопје 1, пак, тогаш ни одговорија дека се уште не можат да влезат во новите простории, бидејќи во тек биле набавките на компјутерската опрема.
Новата зграда на Кривичниот суд е лоцирана кај новата катна гаража и комплексот судови. И оваа зграда, како и останатите од проектот „Скопје 2014“ е преплатена, бидејќи лично од Груевски беше најавено дека ќе се изгради за 8,3 милиони евра, пари обезбедени од Светска банка и државниот буџет, но цената се зголеми за дополнителни 2,7 милиони евра. Цената се билдаше на добро познатиот начин, со склучување на анекс договори.
Судот е проектиран на 10 нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје.
Предвидени се 74 судски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни од кои една за 200 лица за случаите на организиран криминал и една за 100 лица. Обезбеден е простор за архиви, шалтер сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, репрезентативна судница и канцеларии, судски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци, и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила. Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 метри квадратни.
Главен изведувач на објектот беше градежната компанија „Гранит“ од Скопје.
Изгледа конечно дојде денот да се пушти во употреба кривичниот суд, а го отвора ни помалку ни повеќе екс премиерот
Груевски в понеделник ќе му направи сефте на новиот кривичен суд
Експремиерот Никола Груевски заедно со 21 останат обвинет во случајот на СЈО „Титаник“ ќе ѝ направат сефте на новата зграда на кривичниот суд. Првото судско рочиште за овој предмет е закажано за понеделник и е предвидено да се одржи во една од големите судници во новиот објект, кој утре ќе биде пуштен во употреба со свеченост. Камен-темелникот на новата зграда на кривичниот суд беше поставен во 2010 година, а меѓу присутните беше и тогашниот премиер Груевски, кој заедно со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ги фрлија првите лопати.
Барокната зграда која почна да се гради во 2010 година има десет нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје. Изградбата на објектот беше поддржана со приближно 8,3 милиони евра заем од Светска банка. Новиот објект има 74 судиски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни судници од кои едната ќе биде со капацитет за 200 лица за случаи на организиран криминал и една за 100 лица. Обезбеден е простор за архиви, шалтер-сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, судиски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила. Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 квадратни метри.
Се расипа озвучувањето во новиот суд, „Титаник“ се пресели во старата зграда
Откако судот даде пауза за да се одлучи за барањето за изземање на обвинителите, судењето за предметот „Титаник“ не можеше да продолжи како и до сега во најголемата судница во новиот Кривичен суд.
Се расипа озвучување, па по речиси 30 минути безуспешни обиди да се поправи, судиите одлучија рочиштето да продолжи во старата зграда на Кривичен.
Вкупно 21 обвинетит, судиите, адвокатите и новинарите се префрлија во старата зграда.
Затнати цевки на тоалетите, неисправни ПП-апарати и аларм кој се вклучува без причина, се само дел од проблемите кои се појавија во новоотворената барокна зграда на Кривичниот суд, која пред само два месеци официјално беше пуштена во употреба. Па, поради низата проблеми, наместо судиите да се преселат во новите канцеларии и судници, тие сѐ уште судат во старите, а во новата зграда засега се употребуваат само две судници.
Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека од Министерството за правда чекаат решавање на проблемот, бидејќи зградата беше под нивна надлежност.
-Се утврди дека цевките во тоалетот се полнети со бетон, поради што почна да се рушат дел од зидовите околу цевките. ПП-апаратите не функционираат, а сѐ уште не можеме да ја пронајдеме компанијата задолжена за нивниот сервис, истакна претседатлот Џолев.
Инаку, додека јавноста ги следи судењата во новата зграда, цело време ги иритира еден звук, кој доаѓа од намалениот аларм, кој без причина се вклучува, па само се намалува звукот, бидејќи и да се исклучи, повторно во секој момент може да изненади.
Исто така, проблем се и недоволниот број на штекери, или нивната лоша поставеност, поради што обвинителите од СЈО, за да го вклучат лаптопот, од дома си носат продолжен кабел.
Неодамна беше објавена и фотографија од која се гледа дека на еден од катовите е направен и балкон, но за да се излезе на него нема врата, па доколку некој сака тоа да го стори, ќе мора да скокне од прозорецот.
Новиот барокен објект, за кој беа потрошени 11 милиони евра, пред да биде пуштен во употреба цели пет години зјаеше празен.
Темелите на новата зграда беа удрени во 2010 година, а тогашниот премиер Никола Груевски вети дека зградата ќе биде завршена за 18 месеци. Тој дури посочи дека ефикасноста во работењетот, меѓу другото, била поврзана и со просторните и работните услови на судиите и судската администрација. А, за да работата тргне со среќа, камен темелникот беше осветен и од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
Судот е проектиран на 10 нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје. Предвидени се 74 судски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни од кои една за 200 лица за случаите на организиран криминал и една за 100 лица. Обезбеден е простор за архиви, шалтер сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, репрезентативна судница и канцеларии, судски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци, и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила. Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 метри квадратни.
Главен изведувач на објектот беше градежната компанија „Гранит“ од Скопје.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum