![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2014 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 329> |
Author | ||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
па и рекорд и воопшто цел центар треба да ги освежат фасадите! е сега дали и на рекорд може патинирање да, зошто да не, има една мала зградичка таа предземјотресната со бурекџилницата и цвеќарата веднаш до путник т.е. мат, која беше арпаџик како опкружување, но ја исфасадираа класично пред една деценија та и сега е бомбона, иако грдо ја накитија со еркондишни... http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=456&PID=50091#50091 во продолжение може и тоа стамбената да се покрие онаа во која беше форум, а и од карши таа баш над рекорд може да се подосвежи бар со некој орнамент, таа си е добра каква што е но може пример над некогашен рубин кармин тој дел да тера како некој орнаментиран претоп... а на ул МКД има мислам доста за пеглање, пример бест вестерн хотелот е катастрофа... како и да е, доколку се тера со парцијални решенија за секоја фасада посебно ќе биде патинирањево карикатура, како што бидна и со ѕидот кај моб, затоа е потребно бар тука да се истера сеопфатен проект околу фасадирањево, иако баш тука што и да се закачи нема да боде толку очи како што е случај покрај вардар каде има широка визура... |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
добро бе луѓе како зборите за фасадиве како да префарбуваат некој автомобил
како прво оние фасади кои се осудени на „некој стил“ како прво немаат врска со тој „стил“ и се направени да имаат онаква фасада каква што проектирале кога ја проектирале целата зграда, ги приметивте ли 3д анимациите за овие фасади? немаат никаква врска со постоечките фасади на објектите, доколку навистина се сериозни да реализираат вакво нешто, барем според мене би било проблематично... и не мешајте баби и жаби, едно е реставрација на стара зграда (на пр. во некои екс ју земји ја враќаат пластиката на зградите која била тргната за време на комунизмот) а друго е да ставиш комплетно нова фасада на зграда, а тоа да биде некој изумрен стил... |
||
![]() |
||
Vahr ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Има ли нишка во форумов за новата зграда на Агенцијата за Електронски Комуникации... таа новата карши Атхивот т.е. Судот. !?
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Таа округлата нели?
![]() Се уште нема нишка, бидејќи сеуште е т'нко со информации, ама сигурно ќе добие. Ако располагаш со нешто сподели ![]() |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Не округлата. Округлата е обвинителство. Се работи за онаа пред комерцијална што е вцртана.
|
||
![]() |
||
Vahr ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
не не мислам на ротондата ... т.е. паноптикумот .. пуф
страшна работа е таа градба т.е. ке биде... туку мислам на таа со ја збутаа на крај кај стопанска банка... 7.13 маркица. Имаме ли нешто за неа или само на визуализацијата ја има ? |
||
![]() |
||
ArchiTechTone ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 280 |
![]() ![]() |
|
Колку што знам, кога излезе видеото, конкурсот за тој објект уште траеше. Не знам дали има резултати...
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Еве ставовите нека стојат и овде:
|
||
![]() |
||
Anti-NGO ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Нема потреба од од "зацрвенување" и потенцирање на делот каде се набележани фрустрациите на неизбраните архитекти. Ова му доаѓа како потврда на Првиот Њутнов закон. Колку е телото помасивно и потромо, поголема е инерцијата. По дури и си даваат за право да оценуваат од политички, историски и културен аспект. Јас првпат слушам дека имало такво здружение. Испаѓа дека кога тоневме во жива кал, царуваше урбаната мафија, а плоштадот личеше (и сеуште личи) на аеродромска писта се беше добро за ова здружение на нереализирани архитекти, а сега кога некој гради нешто, се нешто им смета. Типичен македонски комплекс. |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Вниманието ми го одзема онаа ставка каде што се вели дека треба објектите да се стопираат во оваа фаза до кајшто се. Неможам да сватам која е целта, дали мислеле да понудат други проекти кои треба да се надоврзат на тоа што досега е направено?
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
@ Anti-NGO
Ете јас мислев дека има потреба од потенцирање на тој дел, ако не друго за да се издвои како еден вид „заклучоци“ од текстот. Те молам немој да се обидуваш да наметнуваш правила за уредување на текст. Инаку во текстот се набележани ставовите на асоцијацијата која очигледно претставува убедливо мнозинство кај фелата, наспроти Вангел Божиновски, Јован Стефановски Жан, Коста Мангаровски, Слободан Живковски и уште неколку опортунисти, на кои им беше овозможено (низ проблематични и нетранспарентни процедури) архитектонски да не вратат во 19 век. И навистина време е да се престане со овие две тотално ступидни тези: - добро е да се гради колку за да се гради, без разлика што и како се гради - никој нема право да критикува макар и лоши работи, затоа што и до сега не чинеле работите А ако критиката кон Скопје 2014 е само „типичен македонски комплекс“ како што велиш, тогаш обиди се да пронајдеш барем еден светски авторитет во архитектурата кој ќе даде позитивно мислење за таа помија. Како што спомна и професорот Токарев (патем, негова специјалност се овие изумрениве стилови што се повампирија кај нас и тоа толку неспретно), ситуацијата е токму обратна. Па побогу, и величина како Норман Фостер се изјасни како што се изјасни за Скопје 2014. И тој ли има „типичен македонски комплекс“??? Edited by Cloverstack - 12-Mar-2010 at 01:54 |
||
![]() |
||
ebivetre ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 183 |
![]() ![]() |
|
DENESNA NOVA MAKEDONIJA - ZA VASIL ILJOV SE NADEVAM NEMA POTREBA DA OBJASNUVAM KOJ E I KOLKU E DOKAZAN. LICNO ISKLUCITELNO MNOGU GO CENAM!
„Скопје 2014“ комплекс со естетски вредности Возбудливиот проект е историска шанса на македонизмот, можеби единствен зафат во современата македонска архитектура, кој ги почитува најкреативните традиционални дострели на македонската и македонистичката архитектонска мисла Почнувајќи од 1965 година, распишани се повеќе меѓународни, републички и локални архитектонско-урбанистички конкурси за уредување на централното градско подрачје на Скопје и за дефинирање и обликување на централниот градски плоштад. Многу експерти од различни области вложиле исклучителна позитивна енергија и знаење достојни за почит. Честопати субјективни и објективни причини биле непремостлива пречка за соодветна реализација на многу наградени идејни решенија. Проектираната инфраструктура и волуменско-просторна композиција за град од 180.000 жители веќе предизвикува сериозни проблеми за нормалниот крвоток на Скопје, кој надминува реална бројка од 650.000 жители со секојдневен инвазиски бран од околу 150.000 гости. За реализација на исклучително важниот проект на Владата и на општината Центар за концептуално внесување крајно неопходни нови архитектонско-градоградителски и естетски содржини за семантичко дополнување и обликување на сликата на градот и одделно на централното јадро на Скопје, на најтранспарентен начин се ангажирани околу 2.000 различни експерти од областа на проектирањето и соодветни степени на ревидирање и усвојување на конкурсните решенија и нивната проектантска разработка. Тоа придонесе за нов квалитет во третманот и организацијата на просторот во современата македонска архитектура, базирана на достоинствено почитување на континуитетот на македонската архитектонска традиција, која на широка врата го врати најпозитивното препознатливо искуство на македонизмот во современата македонска архитектура. Скопје има континуитет на живеење најмалку 7.000 години. Суптилната архитектонска семантика, која е инспирирана од најуспешните реализации на македонската архитектура, ќе биде не само македонски „мемориски архив“ во просторот, туку ќе го презентира и националниот идентитет на македонскиот народ. Многу окупатори, антимакедонисти и наводни „валоризатори“ се обидувале намерно целосно да го уништат или апсолутистички наметнувале своја тоталитарна концепција на организација и обликување на просторот. Таа била проследена со вандалска самоувереност на уништување на затеченото македонско архитектонско и културно наследство. Така, на пример, Римјаните уништиле повеќе македонски градови и села, а потоа граделе градови низ светот со македонски координантен систем и македонски градоградителски принципи; Латините ја опљачкале Македонија и само во Цариград срушиле повеќе од 10.000 цркви; во Горниот и Долниот град од Скопската тврдина, т.е. во историското јадро на Скопје се срушени околу 20 цркви и на многу нивни локации се изградени џамии на султани, паши и бегови. Во војната од 2001 година се запалени или уништени 65 цркви и манастири. Денес, кога Македонија е самостојна и независна држава, со огромен научен и стручен потенцијал, има суверено право да реализира сопствени грандиозни проекти дури и во време на светска криза. Еден импозантен тим од врвни македонски интелектуалци, користејќи ги историските, природните, географските карактеристики, почитувајќи ги создадените вредности, како и подобрувајќи ја сообраќајната поврзаност и инфраструктура, создаде креативни, инвентивни и оригинални решенија за функционална и просторна структурираност на сеизмички стабилни, изводливи и економични објекти со современ третман соодветен на функциите, со нивно внимателно и соодветно дооформување на постоечкиот и успешно воспоставување на нов македонски архитектонско - уметнички контекст околу Јустинијановиот камен мост, мостот „Гоце Делчев“, мостот „Око“, „Мостот на уметноста“, мостот на ул. Моша Пијаде. Возбудливиот грандиозен проект „Скопје 2014“ е историска шанса на македонизмот, можеби единствен зафат и пресврт во современата македонска архитектура, кој ги почитува најкреативните традиционални дострели на најеминентните остварувања на македонската и македонистичката архитектонска мисла. И кој е продукт на најсовремени методи на проектирање и традиционално обликување на просторот и објекти во просторот, создавајќи достоен скопски и македонски архитектонско-урбанистички комплекс со највисоки естетски вредности. Авторот е советник - конзерватор Автор: Васил Иљов |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
Прво, добро е шт конечно се јави ААМ, иако не знам што чекаа досега, по мене тие трбаа први да се јават со реакција. Се согласувам со се што е потенцирано со црвените букви. Второ, јас не знам кој е Васиљ Иљов, но неговиот текст ми личи на политички памфлет. Премногу се врзува плоштадот со идентитетот, навистина не разбирам зошто се запнати, дали така се мисли полесно да се протирка целиот проект (каде се сомневам некој дебело ке заработи). Јас сум Македонец, знам кој сум и не ми теба никаков плоштад или улица или зграда за да се убедам во тоа. Мислам дека тоа прашање некако се натура и накрајот ке излезе дека ние навистина имаме проблем со идентитетот. Тоа влече корени од тоа што ние сме млада држава, стално сме биле во состав на некоја поголема држава, сме биле заедница со своја положба но сме немале свои државни и политички институции низ кои би се остварувал тој наш колективан идентитет. И сега кога конечно станавме самостоен субјект се нудат некои приказни и симболи, кои сами по себе не се лоши, но се користат и злоупотребуваат од дневната политика која во одсуство на јасен план, стратегија и визија како да ја модернизира државата, за да го држи народот во некоја квази дебата со крајна цел тој да биде отргнат од учество во реалното водење на општеството. Скопје 2014 е созададено точно со таа намена. |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
интересно е чуството да минеш низ новиот центар, невообичаено ново, дури и архивот делува подобно! дефинитивно ќе добиеме ново руво и тоа за смешно малку пари! пак ќе повторам позитивно сум изненаден што власта се одважи да ја затвори целосно стилски визурата во центарот, во спротивно доколку не се оди до крај и смело ќе добиеме карикатура од плоштад каде ќе се измешаат невклопливи стилови кои и сега нешто многу не се вклопуваат кон плоштадот како што е случај со магос... но тие визури ќе бидат покриени па и ќе се направи една подобна стилска целина од плоштадот! навистина не им требаше мостот око, ниту тоа претераниот број скулптури на едно место, а уште помалку обелискот и капијата кај стоилко, па и тоа ѕидот кај моб е вишок, но сметам дека конечно ќе добиеме нов центар со ново руво! колку и тоа некому да му изгледа грдо или нападно! ~ аам нормално е да се навредени бидејќи никој не ги изесапил, но тоа како што доста пати досега имам нагласено е пред се нивна вина бидејќи со ништо и никако не успеале досега да се наметнат како авторитет кој ќе мора безусловно да биде консултиран за каков и да е урбан проект, и самите тие немаат активни координативни тела за спецична област од својот еснаф, просто функционираат како мекотелна тајфа! ~ иљов не е далеку од вистината за Македонизмот, меѓуто заборава дека Македонизмот не промовира узурпирање туку ослободување! ослободување ќе беше да се истераше дебела јавна дебата! сепак свесен сум дека такво нешто немаше да помине ни брзо ни со лезет туку ќе се завлечкавме во недоглед, а и посекако на крај проектот доколку се тераше со меѓународен конкурс како што е ред и на што укажува и аам ќе беше и далеку поскапа опција но и прилично неостварлива, со оглед дека ќе ја заглавевме на сите нивоа, политички, институционално, општински итн. на крај непотребно ќе се кренеше прашина и во однос на етикетата антиквизација заради што и дополнително ќе си припукавме во нога како што и досега го тераа тоа рафално сите изботирани политичари! иљов на почетокот укажува јасно дека функцијата ја надминува формата, но патем потенцира дека оваа форма е наш архетип кој и денес ќе внесе свежина во просторот, да може ќе се сложев доколку самиот проект ск-14 како идејно решение се разработуваше бар едно две три години од цела фела рамноправно, ниту меѓународен тендер ниту домашна елита туку сеопшт косензус како дадената тематика за патинирање на плоштадот и неговата околија да се изведе најефективно! сепак таквата дебата кај нас ќе се претвореше во лакрдија а од ново руво ќе добиевме само нереализирани ветувања! сепак во иднина останува доста простор за рокади на доста нереализирани или пренатоварени муабети како скулптурите и педестриалните мостови, а за ова капијата искрено мислам дека воопшто и нема да види бел ден! |
||
![]() |
||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека иницијтивата на ААМ иако сигурно задоцнета, е добредојдена за развивањето на јавната дебата. Сепак се работи за кремот од архитектонската фела, која секако дека мора да си го каже своето мислење, било тоа да им се допаднало на луѓето позади Скопје 2014 или е. Па го оцрнуваме токму периодот на комунизмот кога никој и за ништо не се прашувал, а во втората децинија од 21 век промовираме едноумие. Во контекст на ова наеможам да разберам, зошто а повеќето подржувачи на проектот Скопје 2014 им смета јавната дебата и јавната критика? Зошто побогу се мора да се врзува во политичка конотација?
Ги ценам ставовите на сите, но не се согласувам со Мах дека со ефтини пари ќе сме добиеле многу. Сиромашниот два пати плаќа, така и ние. Цело време правиме крпеници, па крпеници на крпениците, и само ние сме убедени дека создаваме историја која е веќе стара 2000 години.
|
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
никако ова ниту од блиску не историја! единствен моемнт според мене кој стои во одбрана на идентитетот од цела проекција се Црквата и споменикот на Александар! се друго е шминка за така речи во еден здив се стокми центарот и заличи нешто покомпактно... што е до средства те уверувам и ова е многу за наши услови, цела среќа што се установи зад кои застана централната власт, инаку и сто плана да изспеглавме немаше докрај да ја истераме! може и претерувам но сметам дека за нши услови и те како оваа проекција ќе внесе нова свежина во умртвениот град, народ посекако ќе ја ползува, капак еве веќе и чаршија се разработува а доколку квалитетно се среди и плоштадот Карпошо Востание кај Свети Димитрија тоа дополнително истата и турбо ќе заживее, мора да се култивира одкрај докрај цел потег од стера железничка се до чаршија, што и се случува според плановите и најавите, и сето тоа колку и некој грдо да го доживува сега сметам дека со лезет ќе го прошета кога ќе биде целосно заокружена оваа иницијатива! јас се плашам колку општината ќе има капацитет и околу фасадирањето на останатиот дел од мал ринг за каде има најава, но воедно скептичен сум дека ќе успее да се надмине себеси и партерно се да испегла како што треба! од овој аспект особено уште веднаш мора да се наметне аам како фактор за консултации, па ако не можат да интервенираат во веќе започнатите проекти можат особено да допринесат на овој план! |
||
![]() |
||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
|
Прво за настанов - генерално, закаснета и непотребна реакција, посебно што другата страна не и паѓа на памет да послуша некаква домашна стручна организација - кога тонеме во економија и меѓународна политика, што па во напредуваме во култура и архитектура, да си тонеме рамномерно...единствено што можеше раководството на ААМ да побара како призната членка на светската асоцијација на архитекти поединечни мислења од некои други членки или од самата светска организација да дадат мислења за состојбава (не дека многу ќе се потресат, ама да има црно на бело), затоа што се изначитав овде еден тон глупости за повиканоста и елоквентноста на ААМ од страна на нашите истакнати форумски „зналци“ (интересно најактивни во темава????)
Авторот е исто така автор на стеснувањето на Камениот мост и предизвикувач на унаказувањето на истиот со рушењето на автентичната стражарска кула... ....
На сите повеќе ни личи дека исфрустрираниот во случајов е тој што му дојдоа петте минути (партиски), во кои ако на сила не го направеше ова ѓубре со партиски ветар во грбот, немаше линија да повлече во животот како архитект... Ја на наполнивте темава со страни, а еден единствен издржан аргумент не дадовте за „проектов“....само јадење трици за тоа што некој напраил претходно... |
||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
||
![]() |
||
se_manda ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2007 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
|
БАРОК ЛИ Е ОВА ИЛИ ПАНАЃУР Барокот не може да ги реши прашањата на историските дисконтинуитети и хендикепи, но може да изроди нови комплекси. Можеби тоа стои во основата на идејата за Скопје 2014. Пишува: Дејан Буѓевац „Улогата на архитектурата е да слави. Таму каде што нема што да се
слави, нема ни архитектура“, забележал Лудвиг Витгенштајн. Тука може и
треба да се спомене и психоаналистичката дијагноза на еден Жижек.
Според него, градењето споменици (како „инвестирање во минатото“) не е
вистински позитивен однос кон минатото, како што и уништувањето на
спомениците од минатото не е вистинска негација на минатото. Според
Жижек, се работи за еден „беспомошен passage a l’acte“, една чиста игра
на неуспехот од ослободувањето од минатото. Целта на овие „инвестирања
во минатото“, според Жижек, е да не се промени ништо, односно да не се
случат вистинските промени кои му се потребни на општеството. ![]() ПОЛИТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА Не е ништо спорно, и нема ништо ново да се каже, ако се спомене дека архитектурата отсекогаш служела за конкретизирање на јавниот простор на одредена политичка идеологија или моќ. Употребата на архитектурата во демагошки и во популистички цели е вештина стара колку и самата архитектура. Нејзиното симболичко значење отсекогаш било круцијално во настанувањето на одредени стилови и движења во историјата на архитектурата. Во прашање е една традиција која ги креирала т.н. општи правила во создавањето на стилското и доминантното „расположение“ на градбите (Милош Бобиќ). Зависноста на архитектите од (не)вкусот на (политичките) инвеститори и на општиот културен контекст во даден историски момент, отсекогаш била силна што влијаело, пробивот на новите идеи и визии да биде побавен, отколку во другите творечки и уметнички дисциплини. Зависноста на архитектурата од заткулусните политички игри и мешетарења е најдобриот пријател на традиционалниот и на догматскиот академизам. Одликите на „академизмот“ се најчесто резултат на политичката инструментализација на архитектурата, фрустрирачкиот вкус на општествените и на културните идеолози, на ригидниот и неразбирливиот однос кон поинаквото и на индивидуалното, плакатното доживување на архитектурата... РЕАЛНО ВРЕМЕ Намерата наречена „Скопје 2014“ е тотално разминување со реалното време и со опкружувањето во кое се случува. Тоа е суштествениот момент на овој проект. Вака предвиден, овој архитектонски проект, кој се темели исклучиво врз пактот со актуелниот диктат на владејачката политичка моќ, сосема е сигурно дека ќе биде запишан во историјата на архитектурата како опасна политичка, но и безначајна архитектонска вредност. Ќе претставува најбанален пример на поистоветување на архитектурата со политичката идеологија. Проектот „Скопје 2014“ има само една цел, освен огромната финансиска игра – демагошко освојување на простор за поборниците и следбениците кои прекинале да се однесуваат со реалното време и со ориентацијата кон иднината. Нивната „барокно-антиквизаторска“ непредвидлива ориентација која силно заговара унитарна и индентификациона „реинтерпретација“ на одредени архитектонски и уметнички „стилови“ во некаква си провинциска „постмодерна синтакса“, значи само едно - спротиставување и одбивање на сите можни современи, граѓански, демократски залагања и дискусии во нашето општество. Општество во кое владее диктатурата на иритирачка, вулгарна и само лична „дизнификација“ вовлечена во сите пори на животот, а во архитектурата до крајност и недвосмислено. Едноставно, „Скопје 2014“ е во целосен расчекор со реалностите на градот. Овој проект се сместува како „неснослива вечност“ во нашиот град, без надеж дека некогаш ќе се интегрира во целината на градот. „Скопје 2014“ е лошо симулирана презентација на историјата, „празна пародија“; проект кој копнее да стане тотален простор – некој вид на минијатурен град со огромни, вознемирувачки димензии. Со овој проект, ние дефинитивно присуствуваме на исчезнувањето на сензибилитетот на стабилен изглед: со „Скопје 2014“ се затвора кругот на дведецениската конфузна дерегулација на архитектурата, а се потврдуваат лошите и сурови импровизации кои немаат никаков однос едни кон други како единствени меродавни форми на заедништво, односно, се потврдува архитектонското насилство и немањето граѓанското чувство за јавен интерес. Проектантите на „Скопје 2014“, очигледно, не разбрале дека суштината на Скопје е во неговата базична модерност (колку и да е поништена и провинцијализирана во последниве две децении), односно во неговата секогаш, актуелно современа, и само, современа недовршеност. Скопје, како недовршен град, со една архитектонска одговорност која подразбира дефинирани процеси, концепции, создавања и реализации кои одговараат на модерната свест и актуелната реалност, може да доживее квалитетна архитектонска и технолошка „рамка“ на функционирање. НЕВОЗМОЖНА КРИТИКА Втор проблем на овој проект, ако може да се каже проблем, е што тој не овозможува и не толерира никаква критика. Во проектот нема што да се анализира и да се критикува. Самата претстава, односно самата визија за централното градско подрачје е толку несфатлива во својата архитектонска и естетска намена, што не останува ништо друго, освен огромна ненадминлива провалија меѓу квалитетната, отворената и добронамерната критика и апсолутистичката и брутална/исклучива идеја на проектот изедначен на равенка „Скопје 2014“ = национален идентитет. Тука, едноставно, не постои можност за конструктивна опсервација. Да не ги заборавиме и сега веќе легендарните конструкции „барок – хеленизам“ (пардон, македонизам), или неверојатната споредба со Ајфеловата кула во однос на (не)прифаќањето на „нови“ архитектонски решенија!! Или, изјавите на бранителите на „Скопје 2014“ дека „на некого можеби нема да му се допадне проектот, но на други ќе им се допадне“, дека се работи за „стилски конфликти“; или дека е во прашање различно толкување меѓу традиционалистите и модернистите... “. Проект тежок стотини милиони евра, проект кој се развива со молскавична брзина и во огромни димензии, проект со несогледливи последици за Скопје - сведен на ниво на (не)допаѓање! Во овој проект нема стилски конфликти, има само несносливо количество на измислена истористичка архитектура, која не претставува ниту континуитет, ниту дисконтинуитет. На Скопје му треба стрплива урбана стратегија, најсодветен сообраќаен концепт, современ бескомпромисен дискурс, „естетика што произлегува од најсовремените технолошки системи, од ниско-енергетскта архитектура, од ова време на информатичко општество“. (Михаил Токарев). На Скопје му требаат урбанисти, архитекти, планери, историчари на уметност, уметници, кои ќе знаат да одговорат на мултифункционалните потреби и на трасформациите кои му се случуваат во неговото егзистирање. На Скопје му треба културен, а не само багерски зафат. На нашето општество и на Скопје, ако нешто му е потребно, тоа се вистински, граѓански промени, а не изградба на Потемкинови села, фасади зад кои треба да се скрие огромната беда на реалниот живот. http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=885E465FCC34A14889F2C8E73610DB4F |
||
![]() |
||
ebivetre ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 183 |
![]() ![]() |
|
"Авторот е исто така автор на стеснувањето на Камениот мост и предизвикувач на унаказувањето на истиот со рушењето на автентичната стражарска кула... "
Kameniot most ne e stesnet ako se ima predvid negoviot originalen izgled, a ne onoj od pred 50time godini, sto znaci deka toj e rekonstruiran! A avtenticnata strazarskata kula e reizgradena od originalnite delovi. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 329> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |