build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Турски театар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 30-Nov-2021 at 13:54
Скоро месец дена откако повторно го формираа градилиштето единствена активност се поставените скелиња на дел од северната страна спрема булеварот

Од предниот дел нема никаква активност



...



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 09-Nov-2021 at 11:21
Некое инфо што го најдов на нивниот веб сајт

---------------------------------------------------------------
НОВАТА ЗГРАДА НА НУ ТУРСКИ ТЕАТАР

Објектот на Турскиот Национален Театар во Скопје е замислен да функционира како културен центар за приближување и промовирање на турската култура и традиција кон секојдневниот живот на градот и државата. Затоа тој претставува комлексна целина која во себе го интегрира театарот со сродни функции како што се: галерија, мала сала, национален ресторан, културен инфо центар и слично, со цел да се овозможи зголемен интерес за посета на објектот.
Објектот „Турскиот Национален Театар во Скопје“ е проект на Владата на Република Македонија, преку Министерството за култура на Република Македонија и институцијата Турски Национален Театар, кој се јавува како Инвеститор.

УРБАНИСТИЧКИ УСЛОВИ
Локацијата предвидена за иградба на Турскиот Национален Театар е дел од интегрален урбан блок кој е сместен помеѓу ул. Кузман Јосифовски Питу на северо- исток, Страшо Пинџур на југо-запад и потегот меѓу булеварите Крушевска Република, на северо-запад и Никола Карев, на југо-исток. Локацијата, според новиот ДУП, е предвидена   да   биде   високофреквентна.   Сместена   меѓу   четири   булевари,   во непосредна близина на строгото централно градско јадро, таа има реален потенцијал да прими ваков објект од јавен интерес, со потенцијал да стане културолошки фокална точка за околниот урбан простор.

Парцелата за градба на објектот на Турскиот Национален Таетар има неправилна ортогонална   форма   а   градежнаталинија,   регулационата   линија   и   линијата   на парцелата не се поклопуваат. Градежните линии се дефинирани со нумерички вредности дадени од три страни на парцелата,   кон североисток, југоисток и северозапад. Од страната на новопредвидениот булевар „Страшо Пинџур“ за кој во моментот на   изработка   на   овој Основен проект нема   податоци за   нивелети, градежната линија е определена графички, според постоечките станбени објекти, кои се наоѓаат југоисточно и северозападно од предметната локација.
За објектот на Турскиот Национален Театар е определено да се искористи дел од целата површина за градба, кој според Основниот проект изнесува 2058 м2,    или
48,35% од планираните 4261 м2. Формата на графичкиот отсечок има прекршена „Г“ форма со ортогонални правци, геометриски и метрички дефинирани во графичките прилози Ситуација и Партерно решение.
Приклучоците кон градската инфраструктура се дефинирани според Согласности издадени од надлежните органи.
Колскиот и пешачкиот пристап до објектот на Турскиот Национален Театар е исклучиво од северо-источната трака на булевар “Страшо Пинџур”, со приоритетен приклучок на автомобили од правецот југоисток - северозапад.
Бидејќи пристапната сообраќајница “Страшо Пинџур” во моментот на изработка на Проектот не е изведена, пристапот до објектот ќе виде од постоечкиот паркинг на југозападната страна на локацијата.
Паркирањето е решено во границите на парцелата, како подземно (на второто подземно ниво на објектот, на кота -6,80м) и надземено паркирање на ниво на партер. До подземните паркинзи се доаѓа преку дефиниран пристап со влезно-излезна рампа,

ФОРМА
Базичната форма на објектот е определена со урбанистичките параметри изразени преку површината за градба и котата на завршниот венец. Поради набиената проектна програма, архитектонската структура во целост го исполнува зададениот габарит. Композицијата на масите, на ниво на првостепена пластика, до котата на главниот венец е разиграна само со исфрлената каскада на катовите во однос на приземјето. Петтата    фасада,    со    повлечените   поткровни    кубуси   ги   следи   функционалните одредници, кои произлегуваат од намената на објектот.
Архитектонскиот израз е пронајден во примената на современи градежни материјали кои го обвиткуваат објектот – стакло и метал, софистицирано аплицирани во форма на двојна структурална фасада, која е геометриски и колоритно третирана со транскрипција на елементи карактеристични за ориентот.

ФУНКЦИЈА И СОДРЖИНА
Распределбата на функционалните содржини е произлезена од намената на објектот и специфичните услови на локацијата. Функционално, објектот е решен на 7 нивоа - 5 надземни и 2 подземни. Поради ограничувачките параметри на локацијата, понудено е неконвенционално функционално решение во кое службениот и јавниот    простор сеиспреплетуваат    низ    целиот        волумен,     без      вообичаената функционална поделба на блокови. Службениот дел на театарот (просториите за глумци и администрација), техничките простории и магацините се целосно подредени на функцијата, со логични комуникации кои ги поврзуваат по хотизонтала и вертикала. Бројот на вработени во театарот не е дефиниран со Проектната програма, но според бројот на канцелатии и други работни места дефинирани во графичкиот дел, е проценет        на    35        уметници        (глумци,     режисери    и     слично),    20    вработени    во администрацијата и 35 луѓе вработени како технички персонал (кој е во функција на одржување        на        објектот    и    техниката,        припрема        и        следење        на      претставите). Планираниот број на вработени, според таа проценка, изнесува околу 90 луѓе.
Двете сали имаат вкупен капацитет од сса 450 посетители.
Ресторанот за надворешни гости има вкупен капацитет од 80 посетители.

Публика
Централнит хол е интегративен елемент на содржините наменети за публика. Тој врзува три ката во импресивен волумен во кој доминираат скалишните каскади и го реализира јадрото на идеата на авторот за транскрипција на турското „Памук-кале“ во геометриски артикулиран архитектонски простор. Зедно со репрезентативните скали, холот гради специфичен просторен однос со содржините на објектот во кој се вткаени елементи од турската традиција, пејзажот и култура, како и односот на традицијата кон релациите отворено-затворено и внатре-надвор. Во дискретна позиција, прислонети од десна страна кон големата сцена, се наоѓаат и помошни скали за публика со мал патнички лифт, кои се наменети за лица со специјални потреби. Две скалишни вертикали, наменети за евакуација од подземните нивоа, функционално ги поврзуваат паркинзите со партерот. Тие имаат директен излез кон надвор, но и можност за пристап преку контролирана зона – едните во службениот дел, а другите во централниот хол за публика.

Персонал
Вертикалните комуникации кои ги врзуваат службените содржини, сместени се во периферните делови на габаритот. Тие ги тангираат виталните содржини во објектот и обезбедуваат движењето на глумците, сценските работници, техничкиот персонал и администрацијата да се одвива дискретно и непречено до местата на случување – сцените. Опремени се со скалишни вертикали, лифтови или теретни платформи, зависно од намената во функционалниот склоп кон кој припаѓаат. Во централниот дел за глумци, под каскадите на т.н. памук-кале“ се наоѓа една кратка скалишна вертикала која го поврзува приземјето со првиот кат, како интерна комуникација наменета за уметниците, на патот до сцената.

Сали
Објектот има две сали - Голема тетарска сала и Мала сцена.
ГОЛЕМА САЛА - капацитет од 329 места
Функционално е проектирана како сала со кубичен волумен и линеaрано поставени седишта. Овој тип е доминантен модел за помали тетарски сали. Правоаголната форма со партер во еден сегмент е одлична база за проектирање на квалитетна
акустика во сите позиции на гледалиштето. Следствено на потенцијалот на објектот да прерасне во мултимедијален и културен центар, Големата сала е функционално планирана да биде искористена (освен за примарната намена) и како аудиториум за предавања, семинари, прес-конференции и слично, што ќе и овозможи да функционира рентабилно во текот на денот, неделата или годината. Главната сцена ја пратат задната и двете помали бочни сцени. Таа е модуларно третирана со соодветна сценска технологија и овозможува флексибилност во поставките на сценографијата. Сценската технологија која се однесува на сценскиот простор и гледалиштето се предмет на разработка во посебен проект.

МАЛА СЦЕНА - флексибилен капацитет, проценет на max. 120 места за посетители.
Со својот облик, функионалното решение и волуменската позиционираност во објектот
е рамноправена со Големата сала, по својата употребна вредност и практична примена. Воглавно е наменета за помали, камерни тетарски перформанси, но може да се користи и како аудиториум за предавање, семинари, прес-конференции и слично, што дава можност за рентабилно функционирање како повекенаменски простор. Опремена е со горна и долна сценска техника, со што по потреба би се менувала формата на аудиотриумот, а просторот би се прилагодувал на потребите на претставата или активностите кои ќе бидат планирани да се одвиваат во неа. Со пристапот од центрелниот хол, Малата сала е целосно независна од Големата. Ова решение дава можност двете сали да се користат истовремено. Од друга страна, распореденоста на фоајеата по нивоа, создава услови делот за публика да се најде истовремено во функција и на двете сали, без да биде загрозена нивната сепаратност во функционирањето.





http://www.turktiyatrosu.mk/nov-teatar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 27-Oct-2021 at 11:24
Денешна фотка,јужната и западната страна се целосно оградени,сите дивопаркирани возила и минибуси се отстранети и во тек е оградување на северната страна и источната во делот кон булеварот врпочем како и што си беше оградено додека Бетон ги вршеше работите пред 4 години

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 25-Oct-2021 at 17:27
По 4 години застој,денес приметив помала група работници кои подготвуваа повторно оградување на просторот и веројатно наскоро ќе биде извршено чистење на депонијата која изминативе години беше создадена во внатрешноста.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 16-Oct-2021 at 09:51
ПО СЕДУМ ГОДИНИ ОТКАКО ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ, ТУРСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ФАСАДА И КРОВ ЗА 3,8 МИЛИОНИ ЕВРА









Откако пред четири години беше изградена карабината, Турскиот театар од Скопје ги врши подготовките за оформување на градилиште и почеток со изградба на фасадата и кровот од новиот објект кој се изгради близу Железничката станица во Скопје, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорката Несрин Таир. Изградбата на карабината почна на 23 јуни 2014, а беше завршена и примопредадена на 15 јуни 2017.

Театарот почна да се гради во 2014, како еден од капиталните проекти на тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ со премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Според тогашните најави, карабината на театарот ќе ја финансира Министерството за култура, а за втората фаза пари ќе даде Турција.

Носител на изградбата и инвеститор е Турскиот театар. Карабината е завршени за сума од 301.092.183,00 денари (скоро 5 милиони евра) со вклучен ДДВ.

Министерството за култура во целост ги префрли потребните средства, а инвеститорот Турски театар ги исплати сите побарувања во врска со изведбата на новиот објектот до фаза карабина на изведувачот ‘Бетон Скопје АД – Скопје’“, вели Таир.

Реализацијата на фазите фасада и кров од проектот се предвидени во Годишната програма на Министерството за култура за инвестиции во културата за 2021, а од Буџетот на Македонија за 2021 за оваа намена обезбедени се 19.000.000 денари (околу 310.000 евра).

„Имено, поради повеќегодишниот прекин на изградбата на објектот, Турски театар побара од одговорниот проектант на анексот на Основениот проект да направи анализа на Основниот проект за деловите – фасади и кровови на објектот (да се проверат проектните решенија за фасадните облоги и кровните слоеви и покривачки системи и материјали во смисла на нивна актуелност и можност да бидат изведени во целост и со матeријали и системи според упатствата во проектот). По направената анализа од страна на последниот потпишан Одговорен проектант на Анексот на основниот проект на Турски театар – Скопје, препорачано е да се продолжи со изведба на објектот на НУ Турски театар – Скопје според важечкиот Основен проект чии решенија се комплексно поврзани во меѓузависен систем кој е актуелен и реален“, вели Таир.

По доставената информација од Министерството за култура, Владата и Министерството за финансии дале согласност и донеле одлука за обезбедени пари за повеќегодишна јавна набавка за изведба на фазата на фасада и кров на објектот, со што ќе се доведе објектот до една затворена функционална целина до степен на затворена карабина. По донесената одлука на Владата, Театарот спровел јавни набавки за изведба на предвидените градежни работи и за стручен надзор над изведбата.

По овие јавни набавки склучени се договори со Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје АД Скопје, за стручен надзор со вредност од 724.520,00 денари (околу 12.000 евра), и со групата на понудувачи составена од Градежно, проектантско, трговско друштво „Универзал-Балкан ДОО увоз-извоз“ Скопје, и „Актива ДОО“ Штип, за изведба на предвидените работи на фасада и кров во вредност од 230.416.351,51 денари (околу 3,8 милиони евра). Овие суми се однесуваат на повеќегодишна исплата со фактури.

Изведбата на работите ќе биде во текот на 2021, 2022 и 2023 година.

Таир рече дека во зависност од условите за работа, динамиката и можностите за преземање на обврските изведбата на работите би можела да заврши и порано, односно во текот и до крајот на 2022. Во наредната фаза ќе ги подготвуваат документите за инасталациите кои по технологијата на изведба треба да бидат следни за изведба.

Театарот треба да има осум нивоа, од кои пет надземни и три подземни. Планирани се две сцени, малата со капацитет од 150 седишта, и голема со 329 седишта. Во рамки на театарот треба да има и галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала. Автор на идејното решение е архитектот Виктор Михајлов. Михајлов е автор и на објектот на Филхармонијата.

Турскиот театар е основан во 1950, а прва претстава била „Сомнително лице“ во режија на Абдуш Хусеин. Турскиот и Албанскиот театар со години заедно функционираа во Театарот на народности во Старата чаршија. Во 2014 почна реконструкцијата на таа зграда, и ансамблите на двата театара се преселија во Театар Комедија, каде сѐ уште функционира Турскиот театар.

https://sdk.mk/index.php/kultura/po-sedum-godini-otkako-pochna-da-se-gradi-turskiot-teatar-vo-skopje-ke-dobie-fasada-i-krov-za-3-8-milioni-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 06-Oct-2021 at 07:14
Фирмата што ќе ја реконструира Универзална го доби милионскиот тендер и за Турскиот театар: Кој прави фасади за над 5 милиони евра

Фирмата Универзал Балкан ДООЕЛ го доби милионскиот тендер за изведба на фасада и за облагање на кровот на Турскиот театар во Скопје. Ова градежно проектантско трговско друштво треба да ја заврши работата за безмалку 3,8 милиони евра, а договорт го добива заедно со уште еден изведувач – штипското друштво за градежништво, инженеринг и трговија „Актива“. Толку пари ќе им префрли Националната установа Турски театар.

Договорот е склучен вчера, а според одредбите станува збор за рамковна спогодба која трае три години, период во кој треба да се заврши објектот. Истата фирма годинава ја ангажираше и Град Скопје, кој за реконструкцијата на фасадата и кровот на Универзалната сала треба да и исплати речиси 1,8 милиони евра.

Универзал Балкан ДООЕЛ инаку стои како носител на набавката во системот за јавни набавки, а компанијата од 2008 година наваму извршувала објекти на јавни установи само два пати и тоа се само овие две, фасадите и кровот на Универзална сала и на Турскиот театар. За овие два ќе изврши работи вредни околу 5,8 милиони евра.

Во случајот со Турскиот театар во договорот е предвидено да се објавуваат поединечни јавни набавки за сите работи, сите со суми кои не треба да ја надминат рамковната.

Турски театар е инаку проект на Владата, а сопственик е Националната установа Турски театар. Изведувачот треба да направи три типа фасадни облоги, додека кровните површини ќе се реализираат на три нивоа. Треба да бидат применети два типа на кровни обвивки, а тоа се зелен кров и кров со лим. Во договорот се наведени сите детали за тоа како треба да се направат овие работи.

Инаку договорот кој град Скопје го склучи со Универзал Балкан беше објавен во јуни годинава. Компанијата повторно се јавува со штипскиот изведувач Актива. Тој договор вреди близу 1,8 милиони евра.

https://faktor.mk/firmata-shto-kje-ja-rekonstruira-univerzalna-go-dobi-milionskiot-tender-i-za-turskiot-teatar-koj-pravi-fasadi-za-nad-5-milioni-evra-
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 23-Aug-2021 at 17:08
Ова е вест од ноември 2020

---------------------------
Продолжува изградбата на Турскиот театар во Скопје



Планирани се средства за продолжување на изградбата на Турскиот театар во Скопје, изјави на прес-конференција министерката за култура Ирена Стефоска која го презентираше Предлог – буџетот за 2021 година за културата, кој изнесува 3 милијарди 276 милиони 430 илјади денари (53 милиони евра).

Турски театар-Скопје годинава одбележа седум децении постоење на сцената на Театар Комедија, каде што работи во изминатите неколку години, затоа што објектот што за овој ансамбл се гради пет години во близина на Железничката станица е карабина и далеку од конечна реализација.

Во јули 2015 година беше поставена темел- плочата на театарот, а на тоа му претходеше решавање на имотно-правни прашања и расчистување на теренот. Турски театар со децении функционираше зедно со Албанскиот театар во некогашниот Театар на народностите на Бит-пазар. Поранешниот заеднички објект му е предаден на Албанскиот театар и беше реконструиран од темел. Додека траат градежните работи , ансамблот на Турскиот театар своите претстави ги изведува на сцената на „Комедија“.

Идејни автори на зградата на Турскиот театар се Виктор Михајлов и Александар Наумчески. Тоа ќе биде модерен објект кој ќе го краси Скопје и ќе биде на 8 нивоа од кои 5 надземни и 3 подземни. Турскиот татар ќе биде современ технолошки објект кој ќе располага со две сцени со вкупен капацитет од над 450 гледачи. Малата сцена ќе биде со површина од 180 м2 и максимален капацитет до 150 посетители, а големата сцена во објектот ќе располага со гледалиште со капацитет од 329 седишта. Покрај основната фунцкија на објектот, планирано е во негови рамки да има и изложбена галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала.

https://pressingtv.mk/magazin/prodolzuva-izgradbata-na-turskiot-teatar-vo-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 23-Aug-2021 at 16:56
Објава од јуни годинава,местово од ден на ден е се полошо,станува се поголема депонија,јавно WC а во последно време збиралиште и на бездомни лица.Исто така има и див паркинг каде дневно во кал и прашина паркираат 50-тина возила и минибуси па следствено паркингот напред на ПОЦ стои полупразен.
Ако немаат намера во догледно време да го доградат барем нека го оградат посоодветно или нека ги соѕидаат сите влезови бидејќи е и доста опасно има оставени јами/окна за скали и лифтови кои се длабоки и по 5-10 метра тотално необезбедени.


----------------------------------------------------------
Новиот објект на Турскиот театар со години со години го загрозува животот на околните станари



http://sitel.com.mk/

Edited by stef4o - 23-Aug-2021 at 17:02
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 13-Jun-2021 at 10:47
Ова се претвори во голема депонија,пред 2 месеца ги бутнаа тарабите или паднаа од некој силен ветер и сега се шара со графити и написи,се користи како јавен тоалет и секој ден има се повеќе отпад.
Денешни фотки









Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 893
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 17-Feb-2021 at 11:40


27 000 000 денари предвидени за Турски за 2021 од Министерство за култура.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 03-Feb-2021 at 14:16
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 28-Jan-2021 at 22:38
Да, но твојот пример се однесува на индивидуални лица, секако дека во дворот никој не може да им забрани да цртаат карти или да вејат знамиња. Дури и тој културен центар може е финансиран од државата, но може да се обложиме дека општината во која припаѓа тоа село не го користи унгарскиот како прв јазик. Сообраќајните знаци во таа општина сигурно не се напишани првин на унгарски, па на српски. Тоа е фундаменталната разлика каде што кај нас има држава во држава...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 28-Jan-2021 at 10:23
Originally posted by Marxentric

Почнувам и јас да верувам дека ние не ја контролираме својата држава. Во Струга, каде што се уште во градот бројчано има највеќе Македонци, сепак на општинската зграда Рамче си решил да ставил огромна табла на албански, а под неа со 5 пати помал фонт на македонски.
Не сфаќам дали е тоа дел од некој договор или едноставно нашите партии немаат осет за националните прашања и се замаени само како да дојдат до фотеља.
Не ми смета да има дво/тројазичност, но нека се спроведува според закон и ред. Еве во Пустец населението е 99% македонско, па пак на таблите прв јазик е албанскиот, ако не се почитуваат закони, еве им шанса да применат реципроцитет, како изговор пред шефовите од ДУИ.
Повеќето држави кај што малцинството е доминантно во некои општини, или го ставаат јазикот на тоа малцинство на второ место, или воопшто не го прифаќаат како службен, а ние тука изиграваме некој модел со т.н. унапредено користење на јазик, кое патем е дескриминирачки кон мнозинскиот и државен јазик. Такво нешто има само во Финска, каде што во некои региони прв јазик е шведскиот, а втор финскиот, но тие региони се помалку од 1% од финската огромна територија, а и луѓето кои живеат таму не шкртаат табли туку имаат далеку повисоко цивилизациско ниво, од овој народец тука.


Не си сосем во право, кога бев во Војводина пред некои пет години, во село со чисто етнички Унгарци, насекаде се вееше само унгарското знаме и натписите беа на унгарски јазик, дури си имаа некој свој културен центар/спомен дом, каде се изведуваа само унгарски театарски претстави, свиреа унгарски бендови итн. итн. Освен тоа, шетајќи низ северот на Унгарија во неколку наврати наидов на влезна порта на куќа каде со ковано железо беше нацртана картата на „Голема Унгарија“. Што сакам да кажам со ова - национализмот секаде е ист, националистите се истото срање, една Унгарија, која цивилизациски и неколку нивоа пред нас пак си боледува од истата болест, само што таму агресијата е помала, а и луѓето се помалку агресивни споредено со овдешниве, но се помалку агресивни зашто таму сепак функционира правната држава, колку-толку.

Ова што се случува кај нас е олицетворение на најпримитивниот национализам, но со тоа треба да се справат државните институции, а не да биде оставено на некои НВО збирштини што лапаат пари во европски фондови и прават фестивалчиња за соживот.
За сè има вторпат
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 28-Jan-2021 at 00:01
Почнувам и јас да верувам дека ние не ја контролираме својата држава. Во Струга, каде што се уште во градот бројчано има највеќе Македонци, сепак на општинската зграда Рамче си решил да ставил огромна табла на албански, а под неа со 5 пати помал фонт на македонски.
Не сфаќам дали е тоа дел од некој договор или едноставно нашите партии немаат осет за националните прашања и се замаени само како да дојдат до фотеља.
Не ми смета да има дво/тројазичност, но нека се спроведува според закон и ред. Еве во Пустец населението е 99% македонско, па пак на таблите прв јазик е албанскиот, ако не се почитуваат закони, еве им шанса да применат реципроцитет, како изговор пред шефовите од ДУИ.
Повеќето држави кај што малцинството е доминантно во некои општини, или го ставаат јазикот на тоа малцинство на второ место, или воопшто не го прифаќаат како службен, а ние тука изиграваме некој модел со т.н. унапредено користење на јазик, кое патем е дескриминирачки кон мнозинскиот и државен јазик. Такво нешто има само во Финска, каде што во некои региони прв јазик е шведскиот, а втор финскиот, но тие региони се помалку од 1% од финската огромна територија, а и луѓето кои живеат таму не шкртаат табли туку имаат далеку повисоко цивилизациско ниво, од овој народец тука.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 27-Jan-2021 at 22:23
Мене најмногу ме иритира тоа што почнуваат проекти кои уште од сам почеток се прилично несигурни во поглед на имотно-правни односи,судски спорови меѓу фирми(ќерки фирми) и изведувачи и подизведувачи. Само во централното градско подрачје се дозволи во карабини со години да стојат и да го нагрдуваат просторот 10-тина објекти кои уште долго ќе го нагрдуваат просторот.
Конкретно за театаров тешко дека преку министерството ќе оди изградбата во иднина бидејќи нивниот буџет од година во година е се помал а бидејќи има и некаков судски спор чинам дека и ТИКА не сака да се вмешува додека не излезе начисто работата.А плус рекоа дека и тоа што досега е изведено во голема мера отстапува од проектот така да во блиска иднина нема многу да се помести работата така да ќе си остане и див паркинг и место за диво вселување и натрупување отпад.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 27-Jan-2021 at 19:05
Дури и најлибералните по национали прашања ќе им прекипе една ситуација што се случува. Знам дека офтопик и не мис е меша баш политика, ама еве една од причините зашто турската заедница заслужува театар во МК. А воедно и хипокризијата на албанските политичари. По која логика албанскиот е втор, а турскиот трет јазик? Или јазикот на заедницата треба да е прв, и нема проблем со тоа, согласно праксата на албанските политичари и фактото дека е народносна инсититуција. Или логиката е дека македонскиот е прв, па после јазикот на народносната институција. Јас стврано не гледам никаква логика за овој распоред, па дури не гледам ни логика за мешање, impersonation, со влучајов. Како да постои обид и турската заедница да се зароби и тоа под брендот турска. И тоа е малку, една малцинска заедница, па сега и втората по ред во државава да се зароби.


Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 27-Jan-2021 at 18:04

За ваша информација, веќе одамна постои НУ Турски Театар.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 27-Jan-2021 at 17:51
Функционираше едно време "театар на народностите" од кој другите народности освен народноста ДУИ беа истиснати на улица. Дали во склоп освен албанска и Турска сценаимаше и друга, незнам. Ама пошто тој театар остана да биде само албански, може е добро овој да биде новиот театар на народностите, па зашто во него да има Бошњачки, Ромски и слично.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 27-Jan-2021 at 16:45
Добро, некогаш имињата се само номинални. Ако објектов има театарска сцена и банкет сала, нека си се вика „турски театар“ колку заради „чест и почит“ кон „братскиот турски народ“, и понекогаш може да си има претстави на турски кога доаѓаат театри на посета од Турција, но во меѓувреме може си биде репрезентативен објект кој ќе може да се изнајмува за разни пригоди и претстави, но ќе си припаѓа на МНТ. Само името да му биде турски театар, како што на сред Холивуд има кинески театар, но реално нема никаква врска со Кина.

Е сега доколку се формира народна институција „Турски театар“ со директор, благајник, секретар и сите тие други партиски газолижачки функции, тогаш имаме проблем.

Албанскиот театар кај нас функционира како дел од МНТ, или си е посебна институција доделена на браќата од ДУИ?

Edited by гитардемон - 27-Jan-2021 at 16:47
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 27-Jan-2021 at 15:29
8000 турци има во Скопје, они почнале да им градат театар мислиш станува збор за Измир.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.578 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.