![]() |
![]() |
![]() |
Езеро Треска |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Author | |
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Како бе може толкаво езеро и таква природа да се запустат? КАКО!?
Еден споменик помалку ќе беше доволно... |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЕЗЕРОТО ТРЕСКА ЧЕКА ИНВЕСТИТОР ОТКАКО ЗЕМЈИШТЕТО ОКОЛУ НЕГО ОД ЗЕМЈОДЕЛСКО Е ПРЕНАМЕНЕТО ВО ГРАДЕЖНО
![]() ![]() ![]() Во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје изградено е езерото Треска. Со површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи, во 80-тите и 90-тите, функционираше како главно излетничко место за Скопјани, особено во летните месеци. Околу езерото кое е длабоко од 1,6 до 3 метри се наоѓаа бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, спортски терени, како и камп за приколки и трејлери. Езерце Треска живееше само 20 години. Во 1998 година поради загаденост на водата затворено е за капење и оттогаш почнува неговото пропаѓање. Денеска, дваесетина години откако е затворено, комплексот околу езерото е целосно уништен. Погледот кон кањонот Матка кога ќе влезете во некогашниот спортско-рекреативен центар, веднаш се заборава од руинираниот и пропаднат комплекс. Рестораните, бунгаловите, летните тераси, тоалетите се искршени и разурнати, гардеробите и тушевите ги нема. Просторот е обраснат со трева до колена бидејќи со години никој не го одржува зеленилото. Ѓубре има на сите страни и дополнително кучиња скитници го развлекуваат низ патеките. Единствено нешто што низ годините го направило езерото поубаво се дрвјата, кои сега се израснати, со големи крошни и прават длабоки сенки. Водата во езерото од 1998 година е прогласена за бактериолошки неисправна, но и покрај тоа затекнавме десетина деца како се капат. Подолу пак, двајца посетители се сончаа, други дојдоа да ловат риба, а имаше и неколку граѓани кои се шетаа околу езерото. И покрај очајната состојба во која се наоѓа комплексот, голем дел од камперите кои со години имаат приколки и оваа летна сезона се тука. Во Треска има околу 550 приколки, а од нив речиси 300 секоја сезона се отворени. „Гледате колку очајно изгледа некогашниот бисер на Скопје, а ние плаќаме повисока цена. Плаќаме 12.000 денари за цела сезона, а не добиваме ништо од Општина Сарај. Не се коси тревата, ѓубре не се собира, еве денес ни е празник оти дојдоа камиони да зачистат. Тоалетите се во ужасна состојба, ние самите одржуваме едно веце. Да дојде санитарна инспекција ќе го затвори кампот“, ни рече Ацо Гиновски кој 32 години од мај до септември е во својата приколка на езерото Треска. Вели дека состојбата до пред 7 години кога комплексот беше под надлежност на Град Скопје и го одржуваше ЈП „Паркови и зеленило“ била подобра. Имало чуварска служба, се одржувало зеленилото, се собирало ѓубре. „Се ежам секој пат кога влегувам на главната врата и гледам во што прерасна езерцето кое е на секој од нас бидејќи, ние граѓаните дававме пари со самопридонес за да се изгради. Кога ќе се собереме со комшиите кампери навечер, плачеме кога се присетуваме како беше некогаш. Сите ресторани и кафулиња беа полни, детски џагор и смеа насекаде, немаше место пешкир да постелеш на плажата. Тоалетите беа чисти, со сапун, тоалетна хартија, дури и машинки за бричење имаше поставено. Навечер исто така беше полно со народ, се вртеа кругови околу езерото како на некогашното корзо“, вели Ацо. Камперите велат дека од секој градоначалник, од секоја нова власт слушаат ветувања дека туристичкиот комплекс ќе го вратат повторно во функција. „Слушаме Турци ќе го зеле, па потоа ни велат имало инвеститор од Саудиска Арабија, ама тоа се само зборови. Еве гледајте 20 години поминаа откако е затворено за капење и секој ден сѐ повеќе и повеќе се уништува. Толку пари дадоа за плажи и споменици во центарот на градот, како не им текна тука да ги вложат тие средства“, вели Ивица кој со своето семејство 30 години е кампер на Треска Езерото Треска со одлука на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година е предадено во владение на Општина Сарај. Сите градоначалници најавуваат дека со странски приватен партнер ќе го вратат во функција комплексот. Но тоа никако да се случи. Владата предводена од СДСМ лани дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево кое се наоѓа околу езерото, го пренамени во градежно, за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план. Тогаш од Владата рекоа дека оваа одлука е донесена за да може во овој дел од предградието на главниот град да се вцртаат маркички и да се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам, со што воодно ќе се врати во функција и езерото. Градоначаникот на Општина Сарај Блерим Беџети вели дека Деталниот план од Општината е изработен и предаден на одобрување во Град Скопје. Очекува дека летово ќе ги добие сите позитивни мислења за да може да се почне постапката за враќање во функција на езерото. Очекувам дека до крајот на неделата од Град Скопје ќе добиеме позитивно мислење за планот. Такви се најавите од таму. Со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов имаме исти размислувања во врска со овој проект. Потоа треба да оди на одобрување во министерствата за животна средина и транспорт и врски и на крај на усвојување во Советот на Општина Сарај. Не би сакал сега да споделувам детаљи во врска со содржините кои се предвидени со нашиот предлог план. Штом се усвои ќе го презентирам на јавноста. Секако дека ние сами како Општина не сме во можност д,а инвестираме, па затоа ќе бараме приватен партнер. Има заинтересирани инвеститори кои постојано се јавуваа и се интересираат до каде е планот“, вели Беџети. Во врска со изјавите на камперите дека Општината не го чисти ниту одржува комплексот Беџети вели дека секој има право на свое мислење. „И јас се жалам дека не го плаќаат надоместокот за користење на просторот“, додава Беџети. И градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својата предизборна програма и кампања ветуваше дека на скопјани ќе им го врати повторно езерото Треска и ќе биде изградена пречистителна станица за да биде водата чиста и безбедна за капење. Шилегов сега вели дека со овој проект и идната инвестиција, просторот ќе биде уреден и вратен во функција. Потсетува дека минатата власт го дала Езерото на Општина Сарај и сега локалната власт си ја тера постапката. „Пред две години реонот на езерото Треска беше прогласен за туристичка зона, за да може да привлече повеќе инвеститори со цел да го облагородиме тој простор. Во тек е изработка на Детален урбанистички план во Општина Сарај за овој дел, нешто што досега го немало. Во рамки на тој урбанистички план ќе се предвидат содржини и ќе се одвива инвестиција која ќе гарантира дека езерото Треска ќе биде вратено во целосна функција, во спортско-рекреативна, но и туристичка“, вели Шилегов. А. АНТЕВСКА https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/ezeroto-treska-cheka-investitor-otkako-zemjishteto-okolu-nego-od-zemjodelsko-e-prenameneto-vo-gradezhno/?fbclid=IwAR12-gxfIUHJ_WxgZHqvbwQc_PHCHE4ac9j6irP5bXkto_BvIvXh3niNNIE |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
паметен предлог но галиите каде, во езерцето треска или во реката Треска, е сега Панорамското тука би било полезет наместо градски парк, но тука нема да биде толку исплатливо ко во градски парк, но и во градски парк олкаво ко што е нарачано нема да биде толку исплатливо, за него единствено кале му е мајката, со што калето ќе биде и поатрактивно, но и чаршијата, па и цел град, единствено ќе треба да се потсреди чаршија од птичја перспектива, бар оној дел кај старите згради на Битпазар итн. аква парк може да има и тука и кај СРЦ-БТ, а зошто не и кај СРЦ-Сарај, но тука е штета да не биде елитно место за секакви манифестации, него плажери рашетани по гашти, она да има каде и постари сограѓани и туристи да одморат нозе после скиткање по Матка, впрочем ез.Треска како комплекс е изграден заради титова посета на Скопје, а гпГранит наместо за две го изградил за една година, со две градилишта во акција, 6-то и 7-мо градилиште ем Механизација ... најлезет би било да начекаме од еу некое европско во кајак, па цел овој потег да се среди и со нови езера за веслање во сите дисциплини, само би требало на сето ова да се надоврзат и Матка и Козјак како езера, односно се спојат некако инфраструктурно, пример жичница од Треска до и над Матка, а потем до Козјак, или пак само туристички монореил од брана до над Матка а потем конекција со велоавтопат до Козјак, евентуално на полпат вело-мост преку Матка и назад кон ез.Треска уште еден вело-автопат ... како звучи oва вело автопат мислиш ќе чини тешки милиони, 1 km of Danish highway costs up to 100 times more than 1 km of the Danish bicycle highway [1] иако не би било ефтино доколку ваквиот пат би одел преку Сарај и састав по кеј натака, но и кон Водно преку Свети Пантелејмон, на крај и да бидне ова, секогаш ќе биде фрка за грѐдски автобуси со вeло приколки ... |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Езерото Треска е идеална локација за ново планираниот луна парк. Јас би одел и понатаму и би го префрлил аква паркот од СЦ Борис Трајковски како и Панорамското ткало ако веќе е нарачано. Сето тоа со едно уредено езеро, паркче и по некој кафич/ланџ бар би бил еден атрактивен забавен центар каков што Скопје нема. Дури и за галиите кои слушаме дека ќе одпловат од вардар би се нашло место тука.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
фотографии на Александар Колов
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
![]() чим имаш приколка таму, кажи порибено ли е езерцето сега, последен пат кога бев 2009та бев со рибаско друштво ... а што велиш за хепенинзи од секогаш било гајба, само што порано озвучувањето зорт за млади ... спомнав во нишката за авто-рингои дека и тука околу езеро може да легне еден добар, но да биде само за ревијални настани, додеката стазата во останато време да се кориати за трчање и бициклизам, вака пак може да се трасираат вело патеки и до СРЦ Сарај а потем преку састав по кеј до СРЦ БТ ... сигурно и тука ќе паркираат во догледно време некој туристички резорт, само треба за вакво нешто најнапред дуп од опптина Сарај, а потем и државен ангажман да се најде инвеститор по мерка ... во кој случај останува проблемот со приколките тука, но што би можело да го решат о нивна преадаптација во бунгалови, кои додека не се сопствениците таму да мораат да ги рентаат ... од овој аспект евентуално е дискутабилен Манастирот кај Матка во случај како опптество да се надраснеме и на оние служби кои нинго чистат Скопје од вампири да им ослободиме простор за што полесна интервенција [1] колку и ова да ви звучи недоносено, е уверувам ќе дојде ден кога ќе речете во животот Аирлија имало спас некаде од светов и во што истиот се претвора сестрано ... можеби дрќавата со време требаше тука да им направи меморијален центар на егејците, и ним да им остави поголем постор за интервенции, колку што се сеќавам сите здруженија од Егејот своите годишници ги тераа тука на Треска, она пукнало треснало не се даваме нит во Вардарска Македонија ... |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Јас на Езеро Треска би увезол чехинки како туристки по тоа приколките. Тоа би било нешто...
Инаку да, како доживотно сврзан со Сарај, можам само да кажам дека местово е феноменално за формирање на доживотни дешавки, би било идеално да се санира сосе езерото и со затворени објекти во зимски период. Јас би направил Вудсток од местово, ако мене некој ме прашува. Место лабаво и chill, без некој елитистички набој. И приколките да останат ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Пред околу еден месец го посетив езерото, па да го споделам моето мислење. Тоа место има огромен потенцијал ако го земе некој сериозен инвеститор. Мештаните не би биле проблем зашто приватникот ќе си најми обезбедување и ќе се реши тоа на лесен начин. Инфраструктурата во комплексот е мошне запуштена, на пример, малите базени се оштетени, кабините за преслекување, туш кабините, оние мали ресторанчиња што постоеја, сето тоа е искршено, расклопено, однесено. Тревата не е искосена... Кога бев таму, работеше само еден угостителски дуќан, класична кафеана. Имаше доста луѓе, претежно рибари, зашто езерото беше полно со вода. Мислам дека не се потребни големи пари за да профункционира, а летно време и тоа како добро му дошло на Скопје уште едно место за разладување и рекреација.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Не се секирајте. Немам никакви информации, но типувам дека ќе слушнеме некој невероватен инвеститор на бел коњ „Алтаноглу резортс“ или „Краснии Азов“ како е живо заинтересиран за вложување во Македонија.
![]() ![]() |
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Само да ве потсетам дека и да има економски интересет и изводливост, треба да се реши проблемот со локалното население кое ќе врши отпор тврдејќи дека дел од локацијата што го опфаќа комплексот им припаѓа ним.
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
За езерото Треска не може да се има воља, ако некој од власта во него не гледа пари. Визија за да се направи нешто повредно се нема, а ветувањата само се повторуваат со години наназад.
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
За езерото Треска можеше да има светла иднина само ако се имаше малку воља.
Аква-паркот кај Александар-Палас, ново планираниот луна парк во гратски парк, гратската плажа, дури и бродовите на кеј, да се изградеа околу ова езеро, и истото соодветно хортикултурно да се уредеше, Скопје ќе добиеше една одлична дестинација за релаксација и забава, на одлична локација, на патот кон Матка и надвор од центарот. Сигурен сум оти ќе беше и добро препознатлив регионален центар. Тие пари и така ќе ги потрошиме или веќе ги потрошивме. Која е логиката за локација на новопланираниот луна-парк да е во центар. |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Од општина Сарај не може многу да се очекува. Затоа според мене одлуката на градот да го префрли езерото во надлежност на општина Сарај беше погрешна и еден вид бегање од одговорност. Апсолутно се согласувам дека треба да се вложи повеќе енергија и знаење за да се рестартира оваа езеро. Загреб го има Јарун, Белград Ада Циганлија а Скопје нема ништо. Патем и на Матка треба повеќе да се поработи на хигиената и на паркинзите.
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Еден од постарите архитекти (повоена генерација) од Скопје ми вели дека инвестицијата во Езеро Треска е на врвот на пропаднати инвестиции за градот во изминативе децении. Колку најави имаше дека ќе се најде инвеститор за оваа дестинација. Да бидам искрен, местово плачи за концерти на отворено во лето, а за да работи во зима му требаат објекти на затворено. Жално е што Општина Сарај и Град Скопје не се грижат за развој на ова место. Заедно со Кањон Матка, Езеро Треска може да ја препороди оваа општина во која има многу невработени.
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Незнам дали ова е соодветна тема бидејќи не најдов тема за Езерото (и одморалиште) Треска :
Владата одлучи – езерото Треска преминува во сопственост на Сарај23/11/2013 // Пред 5 часа // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај ![]() Рекреативниот центар Треска преминува во сопственост на општината Сарај, одлучи Владата. Езерото Треска кое е изградено во 1978 година, а комплексот зафаќа површина од 45.000 квадратни метри, дел како зелена површина, дел за езерото, објави Алсат. Рекреативниот центар е затворен во 1989 година, а со неговото реактивирање се очекува да се вработат најмалку 110 лица. „Истовремено на истата седница, Владата на Република Македонија ја
обврза општина Сарај да подготви детален урбанистички план за овој
центар и препорача да започне постапка за добивање дозвола од
Министерството за животна средина и просторно планирање за управување со
водите, односно за управување со езерото“, рече Мухамет Хоџа, портпарол
на владата, јавува Алсат. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Ines ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Oct-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Предлагам овој простор на езеро Треска да се претвори во Јапонска градина (што би му дошло како ботаничка градина за кое би се наплаќало влезница), со евнтуално некој дел за јапонска бања со посебен дел за нашите домашпни јакузи,а посебно за обичен народ и за ова би можело да се побара помош од јапонската амбасада...
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Ines - 24-Oct-2012 at 09:59 |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Додека не се расчитат проблемите што ги наметнува населениоте од с. Глумово никогаш нема да може езерото треска да функционира како добро уредено и одржувано излетничко и кампинг место.
Имено и последниот пат кога имаше обид за ова локалното население упорно го буткаа делот од оградата што е спрема селото и се бунеа дека нивно право е да го користат тој простор како на пример за пасење на добитокот под изговор дека неговиот дедо и татко таму го пасел нивниот добиток. |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Изработка на Физибилити студија за оправданост на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција, управување и одржување на СРЦ “Езеро Треска“ и базен “Сарај“. Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа. Понудите да се достават најдоцна до: 31.08.2012 во 10.00 часот https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieRPP.aspx?EntityId=4476db02-ed2d-4b06-8d2b-baac1c8e6a2a&Level=2 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |